Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-libraryb33nkrtou7lr0vvWwkN

590 работници и над 500 машини на терен: Коридор 8 и 10 ќе донесат целосен автопат од Скопје до Охрид

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски, информира дека изградбата на делницата Гостивар–Букојчани претставува сериозен инженерски зафат во сложен планински предел, со силна динамика на терен.Според него, од вкупно 31 километар, активно се работи на 11 километри, со реализација од речиси 59 проценти на таа секција. Работите, како што посочи, не запреле ниту во зимски услови.Во моментов се градат четири моста и еден натпатник, а мостот на седмиот километар е во зав

Македонија | пред 8 месеци

media-library2avp58hubadj8qns0eD

Апсењето нa принцот Ендру ја потресе британската монархија: најголема криза по речиси еден век

Братот на британскиот крал Чарлс Трети беше уапсен, додека полицијата изврши претрес на два кралски имота, а медиумите непрекинато ги анализираа деталите од сексуалниот скандал чии последици стигнаа до самите порти на Бакингемската палата. И покрај драматичните случувања, членовите на кралското семејство ги продолжија своите јавни обврски – кралот присуствуваше на отворањето на Лондонската модна недела, кралицата Камила беше на пладневен концерт, а принцезата Ана посети затвор.Одлуката да се про

Свет | пред 8 месеци

media-libraryo08hvg44ujne4RRzEtq

Навики од детството преку кои незабележливо се гради отпорноста

Отпорноста не се учи на часови – таа се гради постепено, низ секојдневни ситуации на кои често и не им придаваме големо значење. За многу претходни генерации, времето по училиште било идеално токму за тоа: не преку организирани активности, туку преку слобода, несогласувања и снаоѓање без постојан надзор од возрасните, пишува „YourTango“.Денешните деца растат под поинакви притисоци, но погледот наназад покажува дека токму неструктурираното слободно време силно влијаело врз емоционалната стабилнос

Магазин | пред 8 месеци

media-libraryc7chamekibtn0TX14z7

Хороскопски знаци што најтешко се снаоѓаат со технологијата

Во свет што се менува побрзо од кога било, каде паметните телефони стануваат продолжение на нашата рака, а вештачката интелигенција веќе извршува секојдневни задачи, некои луѓе едноставно тешко се снаоѓаат со технологијата. Како да се родени во погрешен век, а според астрологијата, причината можеби се крие токму во хороскопскиот знак. Додека едни без напор ги користат најновите уреди, за други и обичниот далечински управувач претставува вистинска загатка. Астролозите тврдат дека наклонетоста или

Магазин | пред 8 месеци

Hrvatska-policija

Пронајдено тело на брегот на реката Купа во Хрватска

На брегот на реката Купа, во близина на градот Озаљ во Хрватска, вчера во попладневните часови било пронајдено тело на засега непознато лице. Пријавата до полицијата ја поднеле граѓани, по што на местото на настанот бил извршен увид, соопшти Полициската управа Карловац.Од полицијата информираа дека следува натамошна криминалистичка истрага со цел да се утврдат сите околности поврзани со случајот. Телото ќе биде испратено на обдукција, која треба да го утврди точниот причинител на смртта, како и

Свет | пред 8 месеци

media-library6so3vhq4bqsu5gZX52S

(Видео) Сообраќајка на автопатот Тетово – Гостивар, сообраќајот во целосен прекин

Денеска во 13:01 часот се случи сообраќајна несреќа на автопатот Тетово – Гостивар, при што е причинета материјална штета на возила.На местото на настанот интервенираат полициски екипи кои вршат увид за утврдување на причините за несреќата.Поради сообраќајката, патот кон Гостивар во моментов е во прекин.Засега нема официјални информации за евентуално повредени лица.

Македонија | пред 8 месеци

media-librarypinaq9vv1e5u3Ce2AG3

Бремената партнерка ја онесвестил од тепање, па ја заклучил во соба: Обвинение за 21-годишник од Свети Николе

Основното јавно обвинителство Свети Николе поднесе обвинение против 21-годишник за нанесување телесна повреда при семејно насилство, како и за противправно лишување од слобода, информираат од обвинителството.Според обвинението, на 19 и 20 февруари во семејната куќа во Свети Николе, обвинетиот при вршење семејно насилство ја ограничил слободата на движење и телесно ја повредил неговата бремена девојка, со која живеел во семејна заедница.Тој, според наводите, најпрво ја навредувал, а потоа започна

Македонија | пред 8 месеци

50-evra

Двајца молдавски државјани обвинети за кражба на над 177 илјади евра од банкомати

Општинското државно обвинителство во Чаковец поднесе обвинение против двајца државјани на Молдавија поради кражба на повеќе од 177.000 евра од банкомати на подрачјето на Меѓимурје во текот на минатата година.Според обвинението, 35-годишен и 25-годишен осомничен во периодот од 5 јуни до 3 октомври 2025 година одзеле пари од четири банкомати во сопственост на различни банки. Обвинителството ги товари дека со алат за провалување насилно ги отворале банкоматите, по што поврзувале преносен компјутер

Свет | пред 8 месеци

sneg

Нападнал малолетник по фрлање снежни топки, денеска полицијата го гони кривично

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Х.С.(59) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „насилство врз дете“, информира Министерството за внатрешни работи.Според пријавата, на 22 јануари 2026 година во Гостивар, пријавениот физички нападнал малолетник. Инцидентот се случил откако малолетникот, заедно со повеќе други малолетници, фрлале снежни топки кон возила, при што едно од нив го погодило пријавениот.По цел

Македонија | пред 8 месеци

media-libraryu2c0m9v4n7h1bsWS6d5

Семејни драми во Свети Николе и Делчево: Момче тепало партнерка, брат шамарал сестра

Две одделни пријави за семејно насилство се евидентирани во текот на 20 февруари во Свети Николе и Делчево, информира Министерството за внатрешни работи.Во 17:00 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода Р.А.(21), по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 34-годишна партнерка и ѝ ги одзел мобилниот телефон и клучевите од возилото. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.Истата вечер, во 18:30 часот

Македонија | пред 8 месеци

media-librarybgp5hpdr72lgfGlTF86

Девојка нападната во Центар, инцидент во Градски парк и малолетник претепан во Арачиново

Три одделни случаи на физички напади се пријавени во текот на 20 февруари во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.Во 14:50 часот во СВР Скопје, М.К.(24) пријавила дека на подрачјето на Центар била физички нападната од А.Р.(45), двете од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.Истата вечер во 20:20 часот, Д.Ј.(47) од Скопје пријавил дека околу 14:30 часот во Градскиот парк бил физички нападнат од едно лице со тврд предмет. Полицијата презема мерк

Скопје | пред 8 месеци

kidnapiranje

Киднапирање и закани со оружје во Тетовско, приведени три лица, едно е во бегство

Три лица се лишени од слобода, а по едно лице се трага, по пријава за насилство и закани со огнено оружје во тетовското село Гајре, информира Министерството за внатрешни работи.Според пријавата, на 20 февруари 2026 година околу 20.00 часот, З.И.(39) од село Гајре бил пресретнат од Л.М. и 16-годишно малолетно лице, кои излегле од патничко моторно возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки. Тие, според наводите, насилно го внеле во двор од куќа сопственост на Л.М., каде што му упатиле закани со

Македонија | пред 8 месеци

soobrakjajka-izletano-vozilo

Едно лице загина: „Сеат ароса“ излетал од патот кон Берово

Триесет и четиригодишен возач го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случила ноќеска на регионалниот пат на излез од Виница кон Берово, информира Министерството за внатрешни работи.Според информациите, на 21 февруари 2026 година околу 00.20 часот во ОВР Виница било пријавено дека патничко возило „сеат ароса“ со винички регистарски ознаки, управувано од М.М.(34) од село Крушево, виничко, излетало надвор од коловозот.Во несреќата возачот починал на местото на настанот, а смртта била конст

Македонија | пред 8 месеци

media-libraryd42hc4gcsq0pfRapTpX

Жан Митрев: Трансплантацијата мора да стане рутинска пракса во Македонија

Д-р Жан Митрев ја изрази својата целосна поддршка за иницијативата за заживување на трансплантацијата во Македонија, нагласувајќи дека станува збор за заложба што ја носи повеќе од 26 години, уште од почетоците на неговата професионална кариера.На јавната панел-дискусија „Органодарителство во Македонија“, одржана во Битола, Митрев истакна дека крајната цел треба да биде трансплантацијата да стане рутинска и секојдневна медицинска практика во земјава. Според него, прашањето не е само медицинско,

Македонија | пред 8 месеци

media-librarybpp7dojh8ugi8CfC5R9

СДСМ обвинува за партизација на правосудството и молк за 161 тендер

Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, обвини дека судството и обвинителството се ставени под, како што наведе, директна контрола на премиерот Христијан Мицкоски, оценувајќи дека правдата во државата се урива, а институциите се партизираат.Фрчкоски тврди дека власта го сменила јавниот обвинител за да постави лице под своја контрола, при што јавно била елиминирана кандидатката Ленче Ристоска, и покрај тоа што, според него, добила максимални оценки од Советот на јавни обвинители. Тој пос

Македонија | пред 8 месеци

media-library517bg4486n4gfVonK4X

Николоски: До крајот на 2029 ќе се вози по автопатот Гостивар–Букојчани

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, изјави дека изградбата на автопатот Гостивар–Букојчани се одвива со силна динамика и дека очекува до крајот на 2029 година граѓаните да возат по оваа делница.Тој заедно со премиерот Христијан Мицкоски, времената вршителка на работите во Амбасадата на САД, Никол Варнс, како и со претставници на институциите, извршија увид во изградбата на делницата, која е дел од западното крило на Коридор 8.Според Николоски, се работ

Македонија | пред 8 месеци

media-library5stgsih1rtbedllZtkN

Ана Чупевска по изјавата на Мицкоски за Ристоска: Изгледа некои премиери го помешале Обвинителството со сопствен избор на "мис"

Функционерката на СДСМ, Ана Чупевска, реагираше на јавните изјави на премиерот поврзани со изборот на обвинители, оценувајќи дека извршната власт не смее да си зема за право да утврдува кој е „подобен“, а кој не за гонење криминал.„Изгледа некои премиери го помешале Обвинителството со сопствен избор на ‘мис’, па почнаа јавно да оценуваат кој е ‘подобен’, а кој не“, наведува Чупевска во својата реакција.Таа посочува дека во демократски систем премиерот нема надлежност да ги бира обвинителите спор

Коментари | пред 8 месеци

media-libraryp8ge4oaborhu5jClFYo

Владата ќе ја интензивира изградбата на инфраструктурните коридори

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека за Владата изградбата на автопатската инфраструктура претставува стратешки приоритет, оценувајќи дека ваквите проекти ја зајакнуваат поврзаноста, логистиката и геостратешкото значење на државата.Тој посочи дека географската местоположба на земјата треба да се искористи како предност и дека позицијата на раскрсница во регионот е стратешки капитал. Според него, како членка на НАТО, државата преку реализација на ваквите коридори придонесува за зголемена отпо

Македонија | пред 8 месеци

media-library7idjh85vq4vc3y0pQnY

Филипче: Булингот не доаѓа од Европа, туку од ВМРО и Мицкоски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски, оценувајќи дека, како што наведе, единствениот „булинг“ врз македонскиот народ го вршат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.„Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања. Преку 70 проценти од граѓаните сакаат членство во ЕУ, а тој зборува за ‘булинг’ и ‘прва и втора лига’“, наведува Филипче во реакцијата.Според него, проблемот не е во односот на Европск

Македонија | пред 8 месеци

media-libraryd9tsornl7qob43Q5SHJ

Уапсен бискупот на Линколн поради сомнеж за сексуален напад

Бискупот на Линколн во рамки на Англиканската црква, Stephen Conway, е уапсен поради сомнеж за сексуален напад, откако била поднесена пријава до националниот тим за заштита при Church of England.Полицијата на округот Lincolnshire Police потврди дека 68-годишен маж бил приведен во рамки на истрага што е во тек, по наводи дека машко лице било сексуално нападнато во периодот меѓу 2018 и 2025 година.Бискупот на Линколн претставува висок црковен лидер, одговорен за надзор над црквите и свештенството

Свет | пред 8 месеци

media-libraryi74sgg7bee2a9a5IPKE

11 возачи пијани зад волан во Велешко, две лица лишени од слобода

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на ноќта меѓу 20 и 21 февруари 2026 година, во периодот од 21.00 до 03.00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спровела акциска контрола на подрачјето на СВР Велес, односно ОВР Кавадарци.Во рамки на контролата изречени се вкупно 20 мерки за сторени сообраќајни прекршоци. Од нив, 11 возачи биле санкционирани и исклучени од сообраќај поради управување моторно возило под дејст

Македонија | пред 8 месеци

media-library439d2gh00u939iRZvnh

(Видео) Од Врховен, преку судија и Владата до Судскиот совет: како, според Катевеновски, течела постапката за негово разрешување

Поранешниот судија на Врховниот суд, Ристо Катевеновски, во гостувањето во „Претрес со Ландов“ изнесе теза дека неговото разрешување во 2020 година било иницирано по дојава од колега судија, кој во Владата најверојатно открил дека не сакал да ја потврди пресудата за поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска во предметот познат како „мерцедесот на Груевски“.Катевеновски наведе дека формално бил разрешен за предмет поврзан со бизнисменот Сеад Кочан, но посочи дека не бил разре

Македонија | пред 8 месеци

media-library8efr0v38m0cl0TYuBya

Тренчева-Боте: Дали институциите ја препознаваат силата на ноќната економија?

Креаторката на музичката платформа „Терапија“, Слободанка Тренчева-Боте, отвори јавно прашање дали институциите во земјава ја разбираат суштинската улога и потенцијалот на ноќната економија како дел од урбаниот и економскиот развој.Со долгогодишно искуство во ноќниот живот и културната сцена, таа посочува дека додека светските метрополи креираат стратегии околу ноќната култура и ја третираат како важен сегмент од урбаната политика, кај нас, како што наведува, борбата сè уште се води на терен, бе

Коментари | пред 8 месеци

media-librarytd89qso8222p1uMqAoD

(Видео) Функционери од Владата на СДСМ осомничени за преносот на марихуаната од Македонија кон Србија

Функционери од Владата на СДСМ се опфатени во истрагата како учесници во преносот на марихуаната од Македонија кон Србија, а откако беа фатени 4 тони. Ова го потврди премиерот Христијан Мицкоски кој одби да соопшти детали во интерес на истрагата.„Во интерес на истрагата не би одел чекор понапред. Тоа што го имав да го кажам за овој случај го кажав. Има функционери, но од претходната Влада, има фирма сопственост на поранешен претседател на СДСМ во Ново село, односно негов син“, рече Мицкоски.Пост

Македонија | пред 8 месеци

media-libraryioovbm7hcgn3cjstmsc

Пожар во Трговскиот центар во Кочани, станарите избегнаа поголема трагедија оти дистрибутер видел дека гори, сведочи Крстевски

Поранешниот вршител на должност градоначалник на Кочани, Венко Крстевски, информираше дека денеска во станбено-деловниот комплекс Трговски центар, станбен блок А со 96 станови, избувнал пожар од угостителски објект, при што станарите поминале со зачадени домови и, како што наведе, огромен стрес.Според неговата објава, пожарот не се проширил благодарение на навремената интервенција на Територијалната противпожарна единица, а клучен бил и фактот што дистрибутер на стока го забележал огнот во кујна

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања