Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-libraryck5tuapi60soeNeWn4s

Нормализиран сообраќајот кон Грција: Отстранета блокадата на ГП Евзони

Од синоќа во 21:00 часот е целосно отстранета блокадата за влез и излез во Грција, со што сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е нормализиран и се одвива без дополнителни ограничувања.На државните патишта сообраќајот генерално се одвива непречено, иако на повеќе локации коловозите се влажни, а видливоста е намалена поради појава на магла. На патниот правец Гајре – Попова Шапка видливоста се движи меѓу 30 и 40 метри, додека на планинскиот премин Пресека е намалена на 100–150 метри

Македонија | пред 11 месец

media-libraryj23sevel8h1mcCxwt5h

Македонскиот државјанин кој ја уби сопругата во Италија, не успеал да се самоубие

Бегството на 50-годишниот Назиф Муслија, маж со македонско потекло обвинет за бруталното убиство на неговата сопруга Саџиде Муслија во Пјанело Валесино ди Монте Роберто, траеше нешто повеќе од триесет часа. Трагедијата, која ја потресе италијанската јавност, се случи на 3 декември, а осомничениот беше уапсен вчера попладне во тешка состојба.Муслија, кој веднаш по убиството избегал со бел „смарт“, беше пронајден во шумски предел кај селцето Бракано ди Мателика, во провинцијата Мачерата. Лежел на

Свет | пред 11 месец

gaza-glad

Ал Џезира: Повеќе од 367 убиени во Газа за време на важечкиот мировен договор

Израелските сили продолжуваат со смртоносните напади низ Појасот Газа, иако мировниот договор за прекин на огнот е формално на сила 58 дена. Според извештаите на Ал Џезира, во периодот од 10 октомври до денес загинале најмалку 367 лица, а ранети се 950 жители на Газа.Во овој временски период се пронајдени и дополнителни 624 тела под урнатини – жртви кои биле затрупани за време на офанзивите на израелската војска врз територијата контролирана од Хамас.Од почетокот на војната, во октомври 2023 год

Свет | пред 11 месец

c8c0395d-fc13-4585-9165-dfae2cd4763a

Украина нема да се откаже од територии – на коцка е иднината на Европа, вели украинскиот командат на армијата

Откажувањето од украинска територија во било каков мировен договор со Русија е целосно неприфатливо – ова јасно го порача генерал Александар Сирски, командантот на украинските вооружени сили, во ексклузивно интервју за Sky News. Тој предупреди дека Москва ги користи мировните иницијативи, поддржани и од САД, само како „параван“ зад кој продолжува да се обидува со сила да освои нови позиции на фронтот.„Нашата основна мисија е да ја браниме нашата земја, нашиот народ и нашата територијална целина,

Свет | пред 11 месец

media-libraryhkb0c9l0m9i68L9KYiC

(Видео) „Дали судницата стана сцена за поезија?“, прашуваат родителите на загинатите деца во „Пулс“ по воведните говори на обвинетите

Со неизмерна болка на лицата, родителите на 63-те млади жртви од кочанската дискотека „Пулс“ повторно маршираа низ градот. Родителите прашуваат: дали судницата се претвори во „Струшки вечери на поезијата“? Дали зборовите, вештите интерпретации и правните конструкции треба да ја покријат смртта на нивните деца?Велат, две рочишта по ред гледаат исто сценарио: префрлање на одговорноста, бегство од фактите, избегнување на вина.„Гледаме како сите ја префрлаат топката еден на друг, а никој не застанув

Македонија | пред 11 месец

media-library2ifusclsdgrd7rOLJfI

(Видео) Македонскиот бoрец неприкосновен: седми триумф на Славески во БКФЦ, технички нокаут за 94 секунди

Македонскиот борец Горјан Гого Славески стигна до својот седми триумф во БКФЦ (бокс со голи раце), откако го совлада Џа Фар Форт со технички нокаут уште во првата рунда. Борбата траеше само една минута и 34 секунди, а Славески уште еднаш ја потврди репутацијата на еден од најдоминантните борци во организацијата.Славески ја отвори борбата агресивно, преземајќи иницијатива од самиот старт. Интензитетот на ударите го натера судијата дури четири пати да ја прекине рундата, пред конечно да процени де

Настани | пред 11 месец

Screenshot-2025-08-14-at-22.09.34

Националните паркови во САД го додадоа роденденот на Трамп како ден со бесплатен влез

Националната служба за паркови на Соединетите Американски Држави го додаде роденденот на актуелниот претседател Доналд Трамп – 14 јуни – на списокот на денови кога националните паркови може да се посетат без плаќање влезница. Истовремено, истиот датум се совпаѓа и со одбележувањето на Денот на знамето.Според измените што ги соопшти Националната служба, новата листа на денови со бесплатен влез повеќе не ги вклучува Денот на Мартин Лутер Кинг Помладиот и Денот на националната независност – Џунтинт

Свет | пред 11 месец

media-libraryfurrth0lpejo4qp4sOG

Русија пријави масивен украински напад со дронови

Руското Министерство за одбрана соопшти дека противавионските сили во текот на изминатата ноќ пресретнале и уништиле 77 украински беспилотни летала над неколку руски региони.„Дежурните системи на противвоздушната одбрана пресретнаа и уништија 77 украински дронови“, стои во соопштението што го пренесоа руските медиуми.Според истите информации, во Саратовската област биле уништени 42 дронови, додека во Ростовската област биле соборени уште 12.Нема информации за евентуални жртви или материјална ште

Свет | пред 11 месец

media-library8s23g2pfhvms01TtSdi

Трагедија во Алжир: 14 загинати и десетици повредени во превртен автобус

Четиринаесет лица загинаа, а триесет и четири се повредени во тешка сообраќајна несреќа кога автобус со патници се преврте на релацијата меѓу Бешар и Тиндуф, во крајниот југ на Алжир, соопштија локалните служби за цивилна заштита.Несреќата се случила во градот Тебелбала, околу 400 километри јужно од Бешар. На фотографиите што ги објавија локалните медиуми се гледа автобус превртен на покрив покрај патот, со значителни оштетувања на каросеријата.Претседателот на Алжир, Абделмаџид Тебун, изрази дл

Свет | пред 11 месец

peskov-putin1

Кремљ го поздрави новиот документ на Трамп: Русија повеќе не е директна закана

Кремљ ја оценува како позитивен сигнал промената во Стратегијата за национална безбедност на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, во која Русија повеќе не се наведува како „директна закана“, а документот дури повикува и на можност за соработка во сферата на стратешката стабилност.„Сметаме дека ова е позитивен чекор“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за агенцијата ТАСС коментирајќи ја изменетата американска стратегија, која претставува еден од клучните документи

Свет | пред 11 месец

media-librarymb6j72u6vh8c3bKC6th

Моќен потрес во ретко населениот регион меѓу САД и Канада

Моќен земјотрес со магнитуда од 7,0 степени вчера го погоди оддалечениот регион на границата меѓу американската сојузна држава Алјаска и канадската територија Јукон. Иако ударот бил силно почувствуван, не е издадено предупредување за цунами, ниту пак се пријавени материјални штети или повредени лица, пренесува „Гардијан“.Според Американскиот геолошки завод (USGS), епицентарот бил лоциран на длабочина од околу 10 километри, на приближно 370 километри северозападно од Џуно на Алјаска и 250 километ

Свет | пред 11 месец

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-08-1140PM

Топлотен бран од југ: до 20 декември без снег и без зимски услови

Во текот на целата наредна седмица, територијата на државата ќе биде под силно влијание на антициклон и релативно топла воздушна маса од југ, која ќе донесе значително повисоки температури од вообичаените за овој период од годината. Метеоролошките анализи на Метеоаларм укажуваат дека дневните температури ќе бидат повисоки за околу, а на места и за повеќе од 10 степени над декемвриските просеци, при што во некои региони ќе се искачат до речиси 20 степени.Утринските часови сепак ќе бидат постудени

Македонија | пред 11 месец

media-library1bp9d1kh2apmc8wk0og

(Видео) Возач во Романија прелета кружен тек и удри во возила, преживеа со тешки повреди

Возач на 55-годишна возраст во Романија со голема брзина влетал во кружен тек без воопшто да забави, по што автомобилот буквално прелетал преку централниот остров и удрил во возилата што се наоѓале во внатрешноста на раскрсницата, пренесуваат локалните медиуми.Екипите на противпожарната служба и итната помош веднаш интервенирале и успеале да го извлечат возачот од силно оштетеното возило. Тој бил пренесен во болница со полесни и средно тешки повреди.Според првичните медицински и полициски наоди,

Свет | пред 11 месец

media-librarylch30j4j7qkg90xNUnD

(Видео) Пожар проголта ноќен клуб во Индија: Најмалку 25 мртви, меѓу нив и туристи

Најмалку 25 лица, меѓу кои и четворица странски туристи, загинаа во катастрофален пожар што во ноќта меѓу сабота и недела го зафати ноќен клуб во Гоа, една од најпопуларните туристички региони на западниот брег на Индија. Во трагедијата, која се случила во селото Арпора, уште седум лица се повредени, од кои едно е во критична состојба. Според првичните информации, се сомнева дека пожарот избувнал поради експлозија на плинска боца, пренесува CNN.Полицијата соопшти дека меѓу загинатите најверојатн

Свет | пред 11 месец

media-libraryv569csl0tk2g6be9MOb

СДСМ одбива извинување: „На криминалци не се извинуваме“

СДСМ денеска реагираше на изјавата на директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, кој побара извинување од партијата поради обвинувањата дека неговата семејна фирма добила тендери вредни 5,5 милиони евра. Од опозициската партија категорично одбија да се извинат и најавија нови информации поврзани со случајот.„Граѓаните денеска ги видоа сите докази, факти и документи што ги објави Антикорупцискиот тим на СДСМ. Семејната фирма на Томовски го чисти буџетот — 5,5 милиони евра

Македонија | пред 11 месец

media-librarynbsgr5oe8ol881HSycf

Мицкоски е единствениот кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, денеска официјално потврди дека единствениот предложен кандидат за претседател на партијата на 18-тиот Конгрес е актуелниот лидер, проф. д-р Христијан Мицкоски.„Единствен предложен кандидат е професор доктор Христијан Мицкоски“, изјави Мисајловски, потврдувајќи дека партијата влегува во изборниот процес со единствена и јасна поддршка зад досегашниот лидер.Со ова, Мицкоски се очекува да го добие својот трет мандат како претседател на ВМРО-ДПМНЕ,

Македонија | пред 11 месец

media-libraryclpjkm1be1u1dpdGBbJ

Мицкоски: Историјата не е товар, туку темел на современата македонска државност

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на отворањето на денешниот 18-ти Конгрес на партијата што се одржува во спортскиот комплекс „Јасмин“ во Кавадарци, под мотото „Визија што гради држава – За генерацијата што доаѓа 2030“, се фокусираше на темата за државноста и историското наследство. Во своето обраќање, тој порача дека современата македонска држава не смее да се третира како симбол или формалност, туку како жива обврска која секоја генерација мора да ја носи со чувство на должност

Македонија | пред 11 месец

policija-alkohol

Алармантно: Возачи со алкохол зад волан уапсени низ пет градови

Повеќе лица од Битола, Велес, Куманово, Старо Нагоричане и Неготино се лишени од слобода откако биле затекнати како управуваат возила под дејство на алкохол, а дел од случаите вклучувале и опасно возење или предизвикување сообраќајни несреќи.Најпрво, на 5 декември околу 22:44 часот, на улицата „8 Септември“ во Битола, полицијата го уапсила Л.Ѓ. (47) кој со „опел“ се движел во спротивна насока. Дополнително, алкотестот покажал присуство од 0,59 промили алкохол.Во Велес, на 6 декември во 01:15 час

Македонија | пред 11 месец

media-libraryrdcpjq7imuphbcxNp4u

Апсење ноќеска во Аеродром: маж присилувал скопјанка на секс, ја снимал па уценувал

Маж од Неготино е лишен од слобода поради сомнение дека присилил жена од Скопје на полови дејствија, ја снимал за време на чинот и потоа ја уценувал со видеоматеријалот, соопшти Министерството за внатрешни работи.Според информациите од МВР, уапсен е 29-годишниот Р.М. од Неготино. Тој бил приведен на 6 декември околу 01:00 часот на подрачјето на општина Аеродром, откако 41-годишна скопјанка пријавила дека на 2 декември, во стан во Центар, ја присилил на полови дејствија и истовремено ја снимал со

Скопје | пред 11 месец

media-libraryaio7a80l57vdf2TAnSx

(Видео) „Да престанеме да бидеме публика во сопствената држава“, рече Мицкоски на конгресот каде бара трет мандат

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од конгресот на партијата, вели дека Македонија влегува во деценијата на зрелост, а дека оваа генерација треба да постави темелна линија дека државата може, знае и ќе успее.„Нашиот порив денес е повеќе од политиката. Тоа е повикот да престанеме да бидеме публика во сопствената држава, да престанеме да дозволуваме стравот, цинизмот или навиката да го определуваат нашиот пат. Македонија не смее да живее во дефанзива, туку треба да застане со достоинство и

Настани | пред 11 месец

ivica-tomovski

Директорот на СОЗР возвраќа: „Немам приватна фирма, клеветите се политички очај“

Директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, остро реагираше на денешните обвинувања од СДСМ дека семејна фирма поврзана со него добила тендери во вредност од повеќе милиони евра. Тој ги нарече наводите „класична политичка клевета“ и побара извинување, најавувајќи тужба доколку тоа не се случи.„Очигледна е намерата по секоја цена да се обвинува, клевети и жигосува. Тоа е нивниот стил и единствената сламка за спас,“ порача Томовски, додавајќи дека обвиненијата се обид да се

Македонија | пред 11 месец

500-evra

Британец мора да врати 28.640 евра по 11 години: земал повисока пензија а не пријавил

Пензионираниот британски државен службеник Дерек Ричи (63) се соочува со барање да врати 28.640 евра што ги примал во изминатите 11 години поради погрешена пензиска пресметка од 2014 година, објавија надлежните служби во Обединетото Кралство.Во писмото што му било испратено во март, институциите му се извиниле „за евентуалните непријатности“ и го информирале дека сумата може да ја врати со еднократен трансфер или преку рати, пишува „Гардијан“.Ричи веднаш побарал детално објаснување за начинот на

Свет | пред 11 месец

w_55031023

Калас: САД остануваат најголем сојузник на Европа, но ни недостига самодоверба

Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, изјави денеска дека САД остануваат најголемиот и најважен сојузник на Европа, но додаде дека Европската унија мора да развие поголема самодоверба во односите со Русија. Нејзините коментари доаѓаат по објавувањето на новата Стратегија за национална безбедност на САД, во која се наведува дека на Европската унија и дека ѝ недостасува јасна и самоуверена политичка насока.Документот, објавен на веб-страницата на Белата куќа, предлага САД да ѝ помогнат н

Свет | пред 11 месец

media-libraryqpfomcjjfi738VD2rEM

(Фото) И Тошковски објави дека добил опомена оти возел 51 км/ч наместо 50 км/ч: Се движев со приватното возило

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, утрово добил смс-порака за сторен сообраќаен прекршок забележан од системот „Безбеден град“, додека со своето приватно возило се движел кон Кавадарци, каде денеска се одржува партискиот конгрес на ВМРО–ДПМНЕ. Како што објави, системот регистрирал движење со брзина што ја надминала дозволената за само 1 километар на час.„Ова е најдобрата илустрација за тоа како треба да функционира државата. Системот важи и постапува еднакво кон сите и ако регистри

Македонија | пред 11 месец

media-libraryr1vic6cuii32bG6LFyg

(Во живо) Со „Заветна“ и „Ми заплакало селото Ваташа“ започна конгресот каде ќе се бира Мицкоски за претседател

Со партиската и државната химна, „Заветна“ и „Ми заплакало селото Ваташа“ започна конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, каде се очекува Христијан Мицкоски да биде по третпат да биде избран за претседател на партијата. Ова би бил последен мандат на Мицкоски, со оглед дека статутот не дозволува повеќе од три мандати. Конгресот се одржува во Кавадарци.Мицкоски веќе истапкна дека ВМРО-ДПМНЕ првпат по долго време влегува во конгрес без долгови и стабилна финансиска состојба. Тој во 2018 година наследи тешка состо

Настани | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања