Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

meso999

Агенцијата за храна направи 617 вонредни контроли пред Велигден, најдени 1 740 килограми небезбедна храна

Шестотини и седумнаесет вонредни контроли спроведоа инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) пред велигденските празници.„Кај 16 оператори со контролите утврдено е дека незадоволителни биле хигиенските барања за безбеднoст на храната и техничките услови во објектите. 4 од операторите не ги спровеле задолжителните здравствени прегледни на вработените или поседувале санитарни книшки со истечен рок на важност.Пет од операторите не биле регистрирани како оператори со храна

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-01-21-at-14.34.55

Трамп: Се надевам на брз договор меѓу Украина и Русија, и двајцата можат да заработат богатство!

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева оти договор меѓу Русија и Украина ќе биде постигнат во неделата што следи, во кратката порака објавена на неговата социјална мрежа.„Може да се надеваме дека Русија и Украина ќе постигнат договор оваа недела“, напиша тој.„Тогаш и двајцата можат да направат добар бизнис со растечките Соединети Американски Држави и да заработат богатство! додаде тој.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-03-23-at-10.27.11

Крстевски: Хаос во Кочани , школите и претпријатијата тонат во долгови, намалени плати на медицинарите кои кобната ноќ спасуваа животи

В.Д. градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски, кој беше избран по оставката на дотогашниот Папазов кој по трагедијата во дискотеката Пулс даде оставка и е дел од истрагата, на ФБ дава одговор на прашањето кое му го поставувале: Знаеш ли на што си се нафатил?”Еве го неговиот одговор:   „Општина Кочани еден месец БЕЗ Градоначалник и Секретар, општинските инспектори под мерки за претпазливост, финансиските служби под тотално непотребна репресија, лоша клима за работа.КЈП Водовод Кочани две недели

Македонија | пред 1 година

ukraina-

Украина: Русија 2.000 пати го прекршила примирјето

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија во неделата дека го прекршила Велигденскиот прекин на огнот повеќе од 2.000 пати, но исто така нагласи дека немало руски воздушен напад во текот на денот.„Од почетокот на денот, руската армија го прекрши примирјето што го прогласи (Владимир) Путин повеќе од 2.000 пати (...). Сепак, денеска немаше предупредување за воздушен напад“, рече Зеленски на Телеграм.Тој, исто така, предложи да се продолжи примирјето за триесет дена кога станува з

Свет | пред 1 година

90525679_10220922589797167_2192514228319944704_o

Воз удри во автомобил на преминот во Зелениково

Сообраќајна несреќа помеѓу воз и автомобил се случи вечерва во Зелениково.„На 20.04.2025 во 18.10 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Зелениково на железничкиот премин се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило “тојота”, управувано од Ж.М.К.(51) од Скопје и воз управуван од С.М.“, велат од МВР за „Скопје1“.До сега нема пријавено повредени лица.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2025-01-30-at-16.54.56

Украинците бесни поради наводниот план на Трамп за Крим: „Реган се превртува во гробот“

Веста дека САД размислуваат да ја признаат руската контрола врз Крим како дел од мировниот договор за ставање крај на војната во Украина, предизвика бурни реакции. Ваквиот потег, според аналитичарите, ќе му донесе голема победа на рускиот претседател Владимир Путин, кој илегално го анектираше полуостровот во 2014 година.Блумберг, повикувајќи се на неименувани извори, објави дека во американската администрација се разговарало за можна отстапка откако претседателот Доналд Трамп и неговиот државен

Свет | пред 1 година

zena-papa

Ватикан слави велигденска миса

Градот Ватикан денеска ќе го одбележи Велигден, најзначајниот момент на христијанскиот календар, со голема миса во црквата Свети Петар во Рим. Поради здравствените проблеми на папата Франциско, кој се опоравува од билатералната пневмонија, мисата се очекува да ја предводи високиот италијански кардинал Анџело Комастри, кој беше протоереј на базиликата Свети Петар од 2006 до 2021 година и генерален викар за Ватикан.Останува неизвесно дали Франциско ќе може да го даде традиционалниот благослов Urbi

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-04-20-at-09.02.21

Христос воскресе: Православните верници го прославуваат најголемиот христијански празник Велигден

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите.Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.Воскресението Христово е празник што ги спојува верата и традицијата, негувана од памтивек, а почнува на Величетврток уште пред изгрејсонце, кога домаќинките ги бојадису

Македонија | пред 1 година

brank

Бранка Костиќ-Марковиќ емотивно за Поп-Симонов: Толку знаење за многу работи, нека ти е вечна слава маестро

Бранка Костиќ-Марковиќ која е магистер по етномузикологија, речиси две децении новинар и музички уредник во ТВ „Телма“, а потоа уредник во издавачката куќа „Арс Ламина“, се прости со музичкиот великан Тоше Поп-Симонов.„Тоше, знам дека партал ќе ме направеше сега што те фалам. Но, не можам да ја премолчам твојата импозантна биографија што ја имав за проектот „Гитарџиски муабети“ што почнавте да го спремате со Мичо и Венко во 2021/2022 година, а што мораше да го откажеш заради предизвиците со здра

Коментари | пред 1 година

491808376_24731633113194005_5471069911869666760_n

Почина музичкиот великан Тоше Поп Симонов

На 63 годишна возраст почина музичарот Тоше Поп Симонов, македонски музичар, композитор и аранжер, познат по својата работа во областа на поп и етно музиката. Тој остави неизбришлива трага кога во прашање е македонската музика, а твореше од далечната 1980 година.Во раните 1980-ти, Поп-Симонов бил член на групата „Пост Скриптум“, од која подоцна произлегол култниот бенд „Бастион“, каде што свирел гитара заедно со Кирил Џајковски . Во 1991 година, тој бил продуцент и композитор на албумот „Бубачки

Македонија | пред 1 година

thumbnail_Ljutkov-15.11-2

Љутков им се извини на вработените во културата оти останаа без плати за Велигден

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, се извини на колегите кои Велигден ќе го дочекаат без плата.„Како ваш колега и министер за култура и туризам, сакам искрено и длабоко да Ви се извинам поради тоа што се случи - платите да доцнат и да не бидат исплатени пред Велигденските празници. Свесен сум дека тоа е голем проблем кој предизвика непријатност за Вас и Вашите семејства, уште повеќе што ова треба да се денови на радост и семејна прослава. Искрено жалам што дојде до ова доцнење и покр

Магазин | пред 1 година

Нема фотографија

Владимир Путин прогласи привремен прекин на огнот

Претседателот на Русија, Владимир Путин, соопшти дека стапува на сила велигденското примирје.Претходно руските медиуми објавија дека тој се сретнал со началникот на Генералштабот на Руската Федерација Герасимов.Според Владимир Путин, велигденското примирје ќе започне денеска во 18 часот. Како што наведе, прекинот на огнот ќе трае до полноќ на 21 април по московско време.Путин ги повика и претставниците на властите во Киев да „го следат примерот на Русија“.„Русија отсекогаш била подготвена за пре

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-04-19-at-12.11.15

(Видео) Со фотографии од загинатите чеда, родителите и семејствата маршираа и бараа правда за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

„Пулс од 2012 до 2025, истрага од 2025 до 2038, судење од 2038 до ???“, ова беше транспарентот со кој се предводеше протестот на родителите и семејствата чии блиски загинаа во дискотеката на смртта во Кочани. Тие маршираа низ градот, а пораките ги испратија преку транспарентите.„Стоп за селективна правда“, пишуваше на еден од нив, а на друг пак се додава: „Коруптивниот систем ни ги уби децата“.Претходно, вчера:

Македонија | пред 1 година

272199593_344069030885554_5891605361064624156_n

Познат идентитетот на лицата кои загинаа на патот Кичево-Гостивар - детали

На 18.04.2025 во 20.40 часот во ОВР Кичево e пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај место викано „Сеферов бунар“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од З.Д.(64) од Битола, патничко возило „форд“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(63) од село Горно Страгомиште, кичевско и патничко возило „опел“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Х.Е.(38) од Гостивар.„На местото на настанот починал

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-04-19-at-10.28.40

(Видео) Голема неприлагодена брзина е причината за вчерашната трагедија на патот Кичево-Гостивар, рече Тошковски

Голема неприлагодена брзина е причината за трагедијата која вчера се случи на патот Кичево-Гостивар, а во која загинаа три лица. Ова го соопшти министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.„Три лица го загубија животот. Според првичните информации кои ги добив, станува збор за огромна неприлагодена брзина од страна на еден на учесниците во сообраќајот, кој за жал, е починат. Бројот на сообраќајни жртви во оваа година во првото тромесечје е сличен како и бројот на жртви лани. Со тоа што можам

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-04-19-at-10.18.28

Нови услуги на МВР достапни на националниот портал uslugi.gov.mk

„Одличната соработка помеѓу Министерството за дигитална трансформација и Министерството за внатрешни работи доведе до тоа да нови две услуги се достапни за граѓаните електронски на Националниот портал за електронски услуги – uslugi.gov.mk“, велат од Министерството за дигитална трансформација и додаваат:Станува збор за многу користени потврди за моторни возила кои се употребуваат во прометот - Потврда за моментална сопственост на моторни возила за физички лица и Потврда за поседување на моторни в

Македонија | пред 1 година

raskopan-volkovo

(Видео) Автомобил се преврте на патот кон Волково, кој стои раскопан повеќе од половина година

Автомобил се превртел на патот од скопско Ново село кон Волково, кој стои раскопан повеќе од година и половина, а жителите велат и дека е небезбеден. Засега не е позната состојбата на возачот и евентуалните патници, а возилото излетало од патот во приватен двор. Не е познато ни која е причината поради која возачот изгубил контрола над своето возило и излетал.„Сообраќајка денес во Волково, човекот излетал од патот, пошто година дена е крш ненаправен со дупки и скршил ограда, и на кров е превртен.

Скопје | пред 1 година

ministerstvo-za-kultura-5

Вработените во културата ќе слават Велигден без плата, Министерството чека пресметки од колегите во Финансии

Вработените во културата останаа без плати за најголемиот христијански празник, Велигден.„За државата и институциите или е спорно усогласувањето со минималната плата, според КД за култура, или се спорни 10% според општиот колективен договор дадени пред 2 години на цел јавен сектор без исклучок. Иако и двете права законски им следуваат на вработените во културата беа пуштани спинови дека културните работници не ја заслужуваат платата што ја земаат, дека не работат ништо, се манипулираше со виси

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-39-6440PM

Поради Велигден, посебен режим на сообраќај во Скопје

По повод верскиот празник „Воскресение Христово-Велигден” (19.04.2025), Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај на одредени сообраќајници во централното градско подрачје на град Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром.Имено, утре во периодот од 18.00 часот па до завршувањето на настанот по повод верскиот и државен празник „Воскресение Христово-Велигден”, во центарот на град Скопје по потреба, за сообраќај ќе бидат затворени:– б

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-11-24-at-12.48.50

Николоски: Го завршуваме патот од Охрид кон Св. Наум. Граѓаните и туристите добиваат безбеден патен правец и поквалитетна туристичка понуда

„Ве информираме дека во завршна фаза е рехабилитацијата на магистралниот пат Охрид – Св. Наум во должина од 24,3 километри.Инвестиционата вредност за рехабилитација на овој патен правец е 11,6 милиони евра, средства обезбедени од буџет на ЈП за државни патишта“, вели министерот за транспорт и врски, Александар Николоски и додава:Со рехабилитација на оваа главна туристичка сообраќајна делница, ја подигнуваме безбедноста во сообраќајот и обезбедуваме квалитетна патна врска од Охрид до манастирскио

Охрид | пред 1 година

83A8C0E4-4AC5-468D-9103-997021EF4AC3_1_105_c

Се испитува дали некој од возачите бил алкохолизиран во несреќата кај Кичево, каде загинаа три лица

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кичево заедно со увидни екипи од МВР изврши увид на лице место на патот Кичево-Гостивар каде во сообраќајна несреќа меѓу три возила животот го загубија три лица, а осум се повредени.“Со цел утврдување на причините за несреќата подигнати се траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење. Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телата на починатите, како и за испитување на евентуално присуство на алкохол или други супстанции

Македонија | пред 1 година

brza-pomos-nokje-3

Ужасна несреќа вечерва: Три лица загинаа на патот Кичево-Гостивар

Во 20.55 часот е пријавено дека се случила сообраќајна незгода на патот Кичево-Гостивар, помеѓу Кичево и село Трапчин Дол во која учествувале три возила.„Според првичните информации три лица починале како последица на добиените повреди, а осум лица се повредени и дел од нив се пренесуваат во болницата во Кичево дел во Клинички центар Мајка Тереза во Скопје“, велат од МВР за „Скопје1“.Сообраќајот е во прекин во двата правци за сите видови возила.

Македонија | пред 1 година

viber_image_2025-03-18_13-58-16-740

Ексдиректорите на Пазарна пуштени од притвор, синот на газдата на „Пулс“ доби мерки откако го пуштија од болница; Штраус: Со добри дела и чиста намера се гради држава

Ексдиректорите на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски-Штраус и Анета Симеска-Димоска се ослободени од куќен притвор, ама останаа без пасоши. Тие се осомничени во предметот за дискотеката „Пулс“, односно дека со нивните дејствија овозможиле дискотеката да работи без да ги исполнува сите услови. Прво беа во ефективен притвор, па добија куќен, сега излегнуваат на слобода, по одлука на судот во Кочани, а по предлог на Обвинителството. Трајковски денеска објави фотографии од црквата св. П

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-04-05-at-12.09.46

Мајката на загинатиот Томас во „Пулс“: Живееме за да одиме на гробишта да си помуабетиме со нашите деца, правда мора да има

Јулија Златкова мајка на Томас Златков кој имаше 22 години и загина во дискотеката „Пулс“, испрати порака до правораздавачите. Со траорен статус укажа дека очекува правдата да излезе на виделина, но и дека како родители нема да дозволат виновниците да бидат неказнети.„На Велигден сум се заљубил! Има една таква песна…Велигден е тука, но нашите деца ги нема…..Престанаа да им чукаат срцата, ги закопавме во црната земја… Некои биле заљубени, некои требаше да се заљубат, некои од нив имаа и сопруги и

Македонија | пред 1 година

264426592_460370035476926_783367394729159426_n

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје

По повод верскиот празник „Воскресение Христово-Велигден” утре (19.04.2025), Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај на одредени сообраќајници во централното градско подрачје на град Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром.Имено, утре во периодот од 18.00 часот па до завршувањето на настанот по повод верскиот и државен празник „Воскресение Христово-Велигден”, во центарот на град Скопје по потреба, за сообраќај ќе бидат затворен

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања