Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

market-pari

„Замисли влагаш у маркет и им викаш ја сум од Слупчане, сметкава макс. 3 илјадарки ќе ја куцаш, разбра“

Жителите на Слупчане ги условуваат екипите на ЕВН, за да им дозволат да влезат во селото. Наместо слободен пристап до трафостаницата, вработените во компанијата, тврдат дека се соочуваат со вербални и физички напади.Жителите им поставиле низа услови, а реакциите на социјалните мрежи се бројни.Жителите на Слупчане со неколку клучни барања - да им бидат отпишани долговите од милиони евра, да плаќаат максимално 3000 денари по домаќинство, без разлика колку струја ќе потрошат и верските објекти да н

Коментари | пред 3 години

image-191213

Денеска ќе биде промовирана поштенска марка „60 години од скопскиот земјотрес“.

Во рамки на одбележувањето на 60-годишнината од скопскиот земјотрес, денеска ќе биде промовирана поштенска марка „60 години од скопскиот земјотрес“.Промоцијата ќе се одржи во просториите на УНДП во Скопје, а на неа ќе се обратат постојаниот претставник на УНДП во земјава, Армен Григорјан и генералната директорка на АД Пошта на Северна Македонија, Бујаре Абази. Промоцијата се одржува во партнерство со АД Пошта на Северна Македонија.

Скопје | пред 3 години

avtopat-kichevo-ohrid-1

Охрид - Кичево стана автопат на смртта, вели Пецаков

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков гостуваше во „За или против“ на „Алфа“ и кажа дека граѓаните добиле нефункционален автопат до Охрид.Пецаков вели дека сите кои патуваат од Охрид кон Скопје и обратно знаат дека интензитетот на градба на автопатот е слаб.- Ова стана автопат на смртта затоа што многу луѓе загинаа во текот на изградбата. Добиваме лажни ветувања за тоа кога ќе заврши изградбата. Немаме речиси никаква комуникација со одговорните, а се трошат милиони евра. Јас се обидов да комун

Охрид | пред 3 години

Нема фотографија

Галичаните се жалат дека мечки им влегуваат во селото, бараат надлежните да дејствуваат

Расте бројот на мечки во Галичник, а животните влегуваат во селото.Месната заедица Галичник објави дека во повеќе наврати во изминатите години официјално се обратиле до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и до Државниот инспекторат за ловство укажувајќи на проблемот.Од тука велат дека дописи до институциите биле доставени и во изминатите години, со истите апели – надлежните да дејствуваат.Според нив, се работи за чиста среќа што досега нема повреда на населението, но ризик

Македонија | пред 3 години

marihuana2

Четворица членови на едно семејство во авто сервис продавале марихуана

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против четири лица за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Еден од обвинетите се гони и за кривично дело „неовластено изработување, држење посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.Како што соопшти Јавното обвинителство, четворицата обвинети, тројца мажи и една жена, роднински поврзани, во авто

Скопје | пред 3 години

SLOWFOOD

По вторпат се организира настанот „Вкусете го Охрид – локално“

Слоу фуд Охрид по вторпат ќе го организира настанот „Вкусете го Охрид – локално“ на 29 јули на плоштадот кај Долна Порта. Посетителите ќе може да вкусат охридски специјалитети приготвени на традиционален начин.Слоу Фуд-Охрид е дел од слоу Фуд Македонија и преку своите уникатни приказни полни со искрена љубов кон традицијата и локалниот идентитет, промовираат бавна храна наспроти трендот на брза неквалитетна храна.Слоу Фуд замислува свет во кој сите луѓе ќе можат да уживаат во храна која е добра

Охрид | пред 3 години

Нема фотографија

СДСМ: Укинато е спојувањето на концесиите за Иловица, ДПМНЕ со рудниците ја стави државата во судски лавиринти

Владата предводена од СДСМ донесе Одлука за престанок на одлуката за спојување на концесиите за рудникот за бакар и злато во Иловица.Од СДСМ преку соопштение утрово коментираат дека со тоа, Владата им излегла во пресрет на граѓаните од овој крај кои со години се противат на отворањето рудници во нивните населени места.Партијата обвинува дека правниот лавиринт околу рудниците во кој е заглавена државата е единствено поради неодговорноста на ДПМНЕ и владите предводени од оваа партија.„Во 2012 Влад

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Регистрирани се 18 случаи на злоупотреба на европски средства во Македонија, половина од сите во регионот

Власта на СДС и ДУИ е расадник за криминал, ОЛАФ регистрира 18 случаи на злоупотреба на европски средства вл Македонија, половина од сите злоупотреби во регионот, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.„Европската канцеларија за борба против измами ОЛАФ истражува 18 случаи на измама и злоупотреба на европски пари во Македонија, тоа е една половина од сите измами во земјите од Западен Балкан.Бројката на случаи ја потврди и евроамбасадорот во земјава.Наместо кај граѓаните и компаниите европските сре

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Слупчане и Оризари се се’ уште без струја – ЕВН бара да им се гарантира безбедноста за да можат да работат

Селото Слупчане и Оризари се се’ уште без напојување, по дефектот предизвикан од мештаните по упад во мрежата.Од ЕВН велат дека се’ додека не се создадат нормални услови за работа и се загарантира сигурноста на вработените на Електродистрибуција, нема да работат на санација на дефекти или да извршуваат редовни работни активности во овие села.Екипите на Електродистрибуција работеа цела ноќ на санација на дефекти. Нормализирано е снабдувањето со електрична енергија на селата: Ваксинце, Алешевце, Р

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-08-17-220511

Бугарски фудбалски клуб во Македонија со име Вардар не е реално, вели Маричиќ

Вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ во попладневното интервју за Канал 5 вели дека не е реално да се формира бугарски фудбалски клуб кој би настапувал во македонската лига со име Вардар - бугарски, додека за најавите за отворање бугарски телевизии во Македонија смета дека тоа е законски дозволиво.- Ние слушавме и дека јазикот треба поинаку да го викаме „Македонски 2“, отворање на телевизија се регулира со Закон за медиуми кој важи за сите јазици без разлика дали се бугарски или не. Тоа

Македонија | пред 3 години

20230726220751

„Леб и Сол“ одликувани со Орден за заслуги

Претседателот Стево Пендаровски вечерва на посебна церемонија на доделување Орден за заслуги за Република Северна Македонија, им ги врачи одличијата на поранешните членови на бендот „Леб и сол“ - Бодан Арсовски, Никола Кокан Димушевски, Влатко Стефановски и Гарабет Тавитјан.Македонија, но и публиката пошироко на Балканот, веќе 47 години ужива во музиката на „Леб и сол“, култна македонска џез и рок група која со својата работа ја испиша современата македонска музичка историја, но и многу стари из

Магазин | пред 3 години

361957025_669769151851490_4755744494835687994_n

(ФОТО) Змија на игралиште во Аеродром

Оваа година, како никогаш досега на социјалните мрежи се споделуваат фотографии од змии, кои излегле надвор од нивните живеалишта.Деновиве, таква една фотографија се споделува на Фејсбук. На сликата се гледа змија на детско игралиште за фудбал во скопската општина Аеродром.

Скопје | пред 3 години

Нема фотографија

Цело семејство продавало марихуана – дрогата ја чувале во автосервис во Ѓорче

Поднесено е обвинение против четири лица за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.Станува бор за тројца мажи и една жена, роднински поврзани, кои во автосервис во скопската населба Ѓорче Петров, неовластено заради продажба држеле 133,72 килограми марихуана.Од нив, како што информираат од Обвинителството, на 2 мај спакувале 99,6 килограми и ги подготвиле за неовластена продажба.Дрогата во кеси и картонски кутии ја ставиле во автомобил, а остатокот го оставиле во автосервис

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Мазнева има време за цвеќе, но не и за одговор – ќе ги врати ли комуналците на работа

За положувањето цвеќе испрати соопштение, за враќањето на работа на избрканите комуналци – молк. Со ваква тактика постапува директорката на јавното претпријатие „Комунална хигиена“, Косана Мазнева, додека избрканите и јавноста чекаат нејзина одлука дали ќе постапи по напатствијата на Државниот инспекторат за труд. Преку ПР службата на претпријатието се пофали дека оддала почит на жртвите од земјотресот, но на СМС пораката и повиците од „Макфакс“ не одговара.Дел од отказите кои ги подели, ги прав

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Жителите од Слупчане го оставија граничниот премин „Табановце“ без струја

Продолжуваат противправните активности на жителите на село Слупчане.Само пред неколку десетина минути повторно извршиле манипулации во мрежата и предизвикале дополнителен дефект поради што без снабдување остана граничниот премин „Табановце”.Од ЕВН ја потврдија информацијата и додадоа дека снабдувањето на граничниот премин е нормализирано.Макфакс

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Од Бучковски, преку Груевски и Ставрески до Бектеши – кој сè потпишувал за рудниците во струмичко

Еден месец откако ѝ предложи на Владата спојување на концесиите за рудници во струмичко без да ја извести јавноста за тоа, министерот за економија Крешник Бектеши денес во детали објасни зошто морал да предложи спојување. Со имиња и презимиња кажа кој сè потпишувал и давал позитивни мислења за отворање на рудниците за бакар и злато од 2005 година сè до пред еден месец, кога тој предложи, Владата изгласа спојување на концесиите, а вчера, по притисокот од јавноста и изјавите на некои министри дека

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Утре ветровито и значително посвежо време со температури до 30 степени

Времето во утринските часови утре ќе биде променливо облачно, во западните делови со локален дожд.Преку денот насекаде ќе биде сончево со мала до умерена облачност, ветровито и значително посвежо, информираат од УХМР.Ќе дува засилен ветер од северозападен правец, особено изразен долж Повардарието и во источните делови (на повеќе места со брзина над 60 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени.Во Скопје времето ќе бид

Македонија | пред 3 години

Sequence-01.00_01_05_06.Still001

(Видео) Што му направивме на Скопје: Пет култни места ги изградивме, па уништивме

На 60-годишнината од скопскиот разорен земјотрес, Ве потсетуваме каков град имавме, што беше изградено, а што денеска е опустошено.Плоштадот и зеленилото се минато, а местото е претворено во градилиште.Со години ги нема концертите во Универзалната сала, а објектот стои уништен наместо да е реновиран.Езерото Треска кое ги собираше младите и старите, сега е пустош и се спрема да стане приватна сопственост.Децата не можат да се радуваат на Луна паркот бидејќи беше ветена негова реконструкција, а од

Скопје | пред 3 години

Нема фотографија

(Видео) Шест села во мрак додека жителите на Слупчане блокираат и се разладуваат, а полицијата не овозможува влез за ЕВН

Шест села се без струја додека жителите на Слупчане го блокираат влезот на екипите од ЕВН. Млади, возрасни, пензионери – сите со часови стојат на улицата што води до селото, во кое се наоѓа главната трафостаница. На терен има и полиција, која го паркира возилото на тротоарот, но не овозможи влез за вработените на ЕВН, туку седи со жителите. Од ЕВН немаат намера да интервенираат сѐ додека не се создадат нормални услови за работа.„Кумановското село Слупчане и околните села Оризари, Ваксинце, Алеше

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Цевководот „Макарија“ експресно саниран, овој викенд ќе потече вода

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со градоначалникот на општина Росоман, Стојан Николов, и директорот на АД „Водостопанство на РСМ“ – Скопје, Локман Љимани, денеска изврши увид во завршните активности за санација на хаваријата на цевководот „Макарија“.Од Министерството за земјоделство велат дека овој викенд низ цевките ќе потече вода, а системот е саниран во најбрз можен рок.„Заедно со премиерот веднаш дојдов на увид на динамиката на одвивање на раб

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Вработените во МИА на предупредувачки протест ќе бараат зголемување на платите

Вработените во Мeдиумската информативна агенција (МИА) утре излегуваат на предупредувачки протест со барање за зголемување на платите.Предупредувачкиот протест ќе се одржи пред просториите на АД МИА со почеток во 11 часот, во траење од половина час, за време на паузата.Протестот се организира со поддршка на Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ) и Синдикатот на медиумските информативни агенции (СМИА).„Новинарите и медиумските работници од МИА веќе подолго време бараат

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Милошоски: По извршената контрола во Агенцијата за разузнавање, постои потреба од сериозно реформирање на безбедносните служби

Денес, како претседател на Комисијата за надворешна политика ги придружував колегите пратеници од Комисијата за надзор во посетата на Агенцијата за разузнавање, информира преку социјалните мрежи Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.„Од страна на Агенцијата за разузнавање ни беа презентирани безбедносните процени за состојбата во Косово и во БиХ. Главно прашање поставено од група пратеници беше кои биле сознанијата и преземените дејствија на Агенцијата за разузнавање во врска со скандалот во Грција з

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

„Успеавме, затоа што бевме заедно“: свечена седница во Собранието по повод 60 години од скопскиот земјотрес

Во Собранието на свечена седница се одбележа шеесетгодишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје на 26 јули 1963 година.На седницата, на која присуствуваше и министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, претставници од државниот врв, пратеници, претставници од Црвениот крст, верските заедници и дипломатскиот кор им оддадоа почит на семејствата што ја преживеаја оваа трагедија и им се поклонија на жртвите.Претседателот на Собранието, Талат Џафери, во своето обраќање п

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

МТСП: Работодавците од јавниот и приватниот сектор се должни да ги ослободат од работа бремените жени и лицата над 60 години

Во врска со примената на препораките на Владата поврзани со работењето за време на топлотниот бран, Министерството за труд и социјална политика во соработка со Државниот инспекторат за труд соопштува дека работодавците од јавниот и приватниот сектор се должни да ги ослободат од работа бремените жени и лицата над 60 години возраст.Препораките за приватниот сектор се однесуваат само на начинот на организација на работното време со цел заштита од директна сончева изложеност на работниците и избегну

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Слупчане го условува ЕВН: Простете ни ги долговите, највисоките сметки да бидат 3.000 денари, дајте ни бесплатни приклучоци за нови куќи

Жителите на Слупчане ги условуваат екипите на ЕВН за да им дозволат да влезат во селото. Наместо слободен пристап до трафостаницата, вработените во компанијата тврдат дека се соочуваат со вербални и физички напади. „Макфакс“ дојде до документот на жителите на Слупчане, испратен преку Општина Липково. Тој се состои од 14 точки, преку кои се бара за нив да не важат правилата што треба да ги почитува секој граѓанин, односно потрошувач. Простување долгови од илјадници евра, бесплатни приклучоци, но

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања