Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

ribi-1

Рибокрадци од Албанија ја преминале границата и ловеле со мрежи во Охридското Езеро

Во текот на мај и јуни 2023 година полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро при Регионалниот центар за гранични работи „Запад“, самостојно, но и во соработка со СВР Охрид и инспектор по рибарство од Државниот инспекторат за земјоделство, во водите на Охридското Езеро и на копно реализираа 100-ина патролни контроли и мерки според Законот за рибарството и аквакултурата, со цел пронаоѓање лица што вршат незаконит риболов.Притоа полициските службеници во водите на езерото пронајдоа и од

Македонија | пред 3 години

298986487_5224357771007944_6859084214574052462_n

„Дрисла“: Градоначалниците на Кисела Вода и Аеродром да кажат каде го фрлале ѓубрето досега бидејќи немаат договор со депонијата

Од Јавното претпријатие „Дрисла“ ги повикаа градоначалниците на општините Кисела Вода и Аеродром, Орце Ѓеоргиевски и Тимчо Муцунски, да кажат каде го фрлале сметот досега бидејќи договорите со депонијата им истекле уште од март.Од Јавното претпријатие им порачаа на Ѓеоргиевски и Муцунски да бидат поодговорни кога даваат изјави и да престанат безочно да лажат, особено, како што велат, поради тоа што веќе e креиран сомнеж за извршување кривично дело од нивна страна против животната средина.„Имено,

Скопје | пред 3 години

239546065_329023809002064_5027592683148839403_n

СВР Тетово апелира локалите да внимаваат на јачината на музиката

Секторот за внатрешни работи Тетово, чии полициски службеници изминатиот викенд за прегласна музика санкционираа неколку угостителски објекти во Тетово, повторно апелира до сопствениците на кафулиња, дискотеки и други угостителски објекти да внимаваат на јачината на музиката што ја пуштаат во своите локали или свират музички групи.„Во спротивно, тие ќе се соочат со законски предвидените поднесоци и со парична глоба, која во согласност со член 8 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир

Македонија | пред 3 години

10433134416471a45fcdd6c969778040_v4_big

Владата на СДСМ и ДУИ државата ја прават директен учесник во немирите на северот на Косово и Метохија, вели Левица

Изминатите неколку месеци често сме сведоци на тоа како приштинските власти, на чело со Албин Курди, предизвикуваат нестабилност на северот на КиМ со тоа што спроведува репресивни политики вршејќи класично насилство над мирното српско население во КиМ, вели Левица.„Репресии врз населението кое се обидува да ги заштити своите основни права на северот од Косово и Метохија би биле тешко возможни доколку не постоеше империјалистичката маша на КФОР. Имено, во многу наврати припадниците на КФОР употре

Македонија | пред 3 години

samoil-kostadinovski

Истрага против уште едно лице за грабнување на внукот на Љубе Бошкоски

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека било вклучено во дејствија на кривично дело – Грабнување од член 141 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот на 3 март, заедно со уште две други лица против кои веќе се води истрага, учествувале во дејствија на грабнување на едно лице во Кисела Вода. Се преземаат дејствија за лишување од слобода на осомничениот.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Милионерот Каевски нека ги замоли во партија на следната средба со Данела да побараат од неа да го исчисти градот, вели опозицијата

„Каква какафонија се случува во СДС, сабајле градоначалникот од Центар, Горан Герасимовски, од редовите на СДС, согласен со останатите скопски градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ кои констатираа и беа едногласни дека во Скопје едвај ќе се справат со натрупаното ѓубре поради неработата на градската власт и ЈП Комунална хигиена, за сега Каевски да ги напаѓа општинските градоначалници, де факто вклучувајќи го во тоа и Герасимовски“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Дарко Каевски.– Милионе

Македонија | пред 3 години

53604785_2270692896326214_4035434778923630592_n

Вработените во „Комунална хигиена“ од вечерва се враќаат на работа

Од вечерва се враќаат на работа вработените во „Комунална хигиена“ во Скопје.Извршниот одбор на синдикалната организација при ЈП „Комунална хигиена“ одржа состанок и донесе одлука револтот на вработените да продолжи да го манифестира и да искористи други законски права што ги имаат со цел граѓаните на Скопје да не трпат поради игнорантскиот однос на менаџментот на претпријатието во однос на решавање на проблемите на вработените во „Комунална“.Како што рекоа претставниците на синдикатот, сите вра

Скопје | пред 3 години

srbija-odbrana

Посветеноста кон активната транспарентност продолжува и во иднина, поставивме златен стандард од кој не отстапуваме, велат од Министерството за одбрана

Министерството за одбрана уште еднаш ја потврди својата максимална отвореност, но и транспарентност кон граѓаните. И оваа, како и претходните две години, одбраната е лидер во активната транспаренентост, повторно со исполнети 100 % од предвидените критериуми за активна транспарентност според мерењето на Центарот за граѓански комуникации, информираат од оваа институција.Изминативе години, како што дополнуваат, процесот на активна транспарентност во Министерството беше поставен и формално, со носењ

Македонија | пред 3 години

Kovacevski_panel

Премиерот Ковачевски преводи владина делегација на Самитот на НАТО во Вилнус, Литванија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, на 11 и 12 јули 2023 година ќе учествува и ќе ја предводи делегацијата на Република Северна Македонија на Самитот на НАТО Алијансата, што се одржува во Вилнус, Литванија. Во состав на владината делегација се министерот за надворешни работи, Бујар Османи и министерката за одбрана, Славјанка Петровска.На 11 и 12 јули претседателот на Владата, Димитар Ковачевски ќе учествува на состаноците на шефови на држави и Влади член

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

За хаосот со ѓубрето во Скопје одговорноста е кај Мицкоски и градоначалниците на ДПМНЕ, вели Каевски

Поради неспособноста на ДПМНЕ и кадрите на Мицкоски Скопје со денови буквално се дави во ѓубре, вели Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ„Преполни контејнери, нехигиена и диви депонии.Погледнете зад мене, каде што шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски даваше изјава во Радишани.Купови смет, во близина на детска градинка, трговски центар, среде населба.Еколошка катастрофа која може да стане извор на зарази.Ова што Мицкоски и ДПМНЕ им го направија на скопјани и на Скопје е срамно и тажно

Скопје | пред 3 години

danela

Арсовска: Наместо како инфлуенсери да се фотографираат со нередот што го прават, нека фатат да работат

Градоначалничката Данела Арсовска ги нарече инфлуенсери своите колеги од скопските општини, кои вчера се фотографираа со општинските служби како чистат ѓубре. Им посочи дека првин направиле неред, па играле политички игри. Додаде дека нивна работа е првин да си ги исчистат населбите.„Коалицијата ДПМНЕ – СДСМ, наместо како инфлуенсери да се фотографираат на градските улици со нередот што го прават и политичките игри што ги играат, да се зафатат со работа и да престанат да си играат со нервите на

Скопје | пред 3 години

300806025_5548677575178409_2960506694749295287_n

За пет часа не можеме да го надополниме она што овие мафијаши го направија како штета за три дена, вели Арсовска

Не може да се среди за пет часа, нешто што не се средило три дена поради заложништвото на мафијашки структури, порача градоначалничката Данела Арсовска по забелешките дека градот и натаму се гуши во ѓубре. Директорката на „Комунална хигиена“, Косана Мазнева, посочи дека нема да остане општина каде контејнерите ќе остнаат полни. Двете се согласни дека постапуваат и работат за да се сервисираат сите потреби на граѓаните.„Нашето претпријатие три дена беше под целосна блокада. Територијата на Град С

Скопје | пред 3 години

danela

Арсовска: Фативме луѓе што трајно седат во Германија и примале плата, треба да се размислат сите што молчеле 30 години пред ова што се случува

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, со викање побара поддршка за директорката на „Комунална хигиена“, Косана Мазнева, на прес-конференција. Посочи дека Мазнева детектирала неправилности во претпријатието и постапила како ниту еден маж досега. Кога новинарите ѝ укажаа на Арсовска дека изразува нервоза, таа посочи дека е револт бидејќи Мазнева била нападната од јавноста и рече: „Тоа што застанувам остро против криминалот, не значи дека изразувам нервоза“.„Во целосна одбрана на Косана Маз

Скопје | пред 3 години

Naum-Stoilkovski-10.07.2023

Стоилковски: Директор на БЈБ, Сашо Тасевски, на домашна адреса има непријавена фирма за трговија со компјутерска технологија

Почитувани, денеска ќе претставиме уште еден сокриен семеен бизнис со адреса на избран и именуван владин функционер, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ„На денешната прес конференција го честитаме најновиот бизнис на директорот на БЈБ Сашо Тасевски, на чијашто адреса од неодамна има регистрирано компанија поврзана за информатичка технологија и компјутери.Очигледно човекот има многу време, па покрај директорувањето со полицијата, со најважниот инструмент за спречување на криминалот и к

Македонија | пред 3 години

marija10072023

Митева: Владата на Ковачевски расипнички ги троши народните пари, наместо да гради болници, плаќа казни за нивно не градење

Владата на СДСМ и ДУИ шест години е на власт, веќе се влезени во седмата година на владеење, а не мрднаа со прст за ништо во здравството, освен што сопреа проекти и плаќаат казни. Тоа е резултат на расипничкото владеење на Владата предвоена од СДСМ и ДУИ, вели Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.„Поточно, по раскинување на договорот за нов клинички во Скопје за што треба да се плати казна во сума која достига до 20 милиони евра, сега министерот за здравство известува дека се раск

Македонија | пред 3 години

kosana-mazneva

Мазнева: Работата на Комунална хигиена е вратена во нормала, а сметот се чисти

Директорката Косана Мазнева која раководи со „Комунална хигиена“ посочи дека ова претпријатие сега веќе работи нормално, без блокади. Работата, според неа, е вратена во нормала. Посочува дека блокадите биле да се наруши нејзиниот кредибилитет, како и кредибилитетот на Данела Арсовска која и даде директорска позиција.„Градската администрација и ‘Комунална хигиена’-Скопје, успешно се справи со блокадата на нашето претпријатие, од страна на мафијашките структури кои не дозволуваа ниту еден вработен

Скопје | пред 3 години

01

Дечиња од Гевгелија продаваат крофни и колачи за да соберат пари за лекување на малата Луна

Нина Нинковиќ од Нови Сад постави прекрасен пример за помладите генерации. Таа продаваше крофни за да собере пари за лекувањето на татко си, а сега неколку дечиња од Гевгелија се инспирираа од нејзината идеја.На свои штандови тие продаваат крофни, колачи и лимонада, а собраните средства ќе ги донираат за лекувањето на сограѓанката Луна.Поради асфикција на мозокот при пораѓај Луна Поп Костова се здобила со дијагнозата „Спастична церебрална парализа – квадриплегија“. Таа веќе година и пол се бори

Македонија | пред 3 години

toplo-vreme-768x556

Од среда пеколни температури

Под влијание на топол бран следува период на стабилно и многу топло време со значителен пораст на температурата. Од среда дневната температура во поголемиот дел од земјава ќе биде над 35 степени, а понекаде ќе надмине и 40 степени и ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури, информираат од УХМР.Утринската температура во Скопје и во јужните делови нема да се спушта под 20 степени.

Македонија | пред 3 години

Summerland-1

Се огласи Шилегов за проблемот со ѓубрето: Вожњава стварно бесплатна е

Екс градоначалникот Петре Шилегов, целата ситуација за состојбата со комуналното претпријатие се исмејува.Тој најпрво објави фотографија а потоа и искоментира:„Вожњава стварно бесплатна е …“, стои во објавата.

Коментари | пред 3 години

Ramiz-Merko-780x470-1

Мерко најдобро е како слободен граѓанин да се соочи со обвинението, вели Лога

Министерот за правда Кренар Лога вели дека струшкиот градоначалник Рамиз Мерко мора да ја докаже својата невиност „како слободен граѓанин“, а не како функционер, по ставањето на „црната листа“ на САД.Најмалку што може да направи е да сведочи од позиција на слободен граѓанин, вака министерот за правда Кренар Лога оценува дека градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, прогласен за „персона нон грата“ не треба да носи државни функции.Лога во емисијата „SummerClick“ на ТВ21 рече дека само прекинот на

Македонија | пред 3 години

aracinovo-3

Општина Арачиново последна на листата според Индексот на транспарентност

Просечната активна транспарентност на министерствата, на Владата и на општините за 2023 година изнесува 76 % (од максимално можни 100 %) и во однос на лани е подобрена само 3-процентни поени (од 73 на 76 %), покажува анализата на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) во редовното годишно рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност.Својата активна транспарентност годинава ја подобриле 54 % од институциите за разлика од лани кога се подобриле 81 % од институциите.Активна

Македонија | пред 3 години

17435997_1321462517933888_1706608406782984374_o

Османи ги загрозува евроинтеграциите на Македонија, треба да си поднесе оставка, велат од Демократски сојуз

Демократскиот сојуз оценува дека министерот за надворешни работи Бујар Османи, со претераните, необјективни и манипулативни ставови за внатрешно-политичките состојби, ги загрозува евроинтеграциските процеси на Македонија.„Прво, во јуни 2022 година Османи го прифати Францускиот предлог, Општиот став и Заклучоците на Советот на Европската Унија, без претходни пошироки стручни и политички консултации. Второ, консултациите што подоцна под притисок на експертите, невладиниот сектор и политичките парт

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-03-21-at-11.28.40

На Јанакиески му е засметан притворот во казната, велат од Кривичниот суд

Кривичниот суд посочува дека постапиле правилно во врска со случајот на Миле Јанакиески и неговата правосилна пресуда за „Титаник“. Посочуваат дека со признанието вина му е одредена казна, а во неа е засметано и времето поминато во куќен и во ефективен притвор.„Во донесената пресуда врз основа на признание на вина, како и во решение на Апелациониот суд – Скопје, со кое се потврдува првостепената пресуда, но и во наредбата за спровод од судијата за извршување санкции, е наведено дека во досуденат

Македонија | пред 3 години

jlldiz-veaposka-750x430-1

Веапоска: „Можеби до мојата смрт ќе има правда“

Случајот со родилката Јалдз Веапоска, на која ѝ беа извадени матката, бубрегот и јајчникот, повторно се одложи поради тоа што и вториот судија кому му е доделен предметот ќе се пензионира.„Ова е само купување време, првиот судија, кој го зеде мојот предмет, замина во пензија, ставија нов судија, го ставија Живко Аврамовски, но, како што кажа и самиот Аврамовски, тука заврши и неговото судење затоа што и тој ќе оди во пензија и дека ќе дојде нов судечки судија, кој ќе го земе мојот предмет“, вели

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Петковски: Со едно ѓубре ДПМНЕ и нивните неспособни градоначалници не може да излезат на крај

„Неколку дена Скопје се дави во ѓубре поради неспособноста на ДПМНЕ. Преполни контејнери, неисчистен смет, смрдеа… со еден збор целосен хаос. За скопјани, има опасност од зарази поради неисчистеното ѓубре“, рече Петар Петковски од СДММ.Според него, одговорност за тоа што Скопје тоне во ѓубре е директно кај Христијан Мицкоски и градоначалниците од ДПМНЕ.„Мицкоски бараше гласови од граѓаните за ДПМНЕ и за Арсовска и заедно ветуваа модерно Скопје. Но, скопјани добија загаден, нечист, нефункционален

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања