Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Нема фотографија

Плажа “Оревче”, село Елшани и село Велестово, водата е микробиолошки неисправна за пиење

Според последните анализи кои ги направи Ццентарот за јавно здравје Охрид,квалитетот на водата за пиење од градски водовод Охрид кајко и села приклучени на градски и извори е следен:На ден 20.07.2021 година земени се примероци вода од мерните места:-Камп Св.Наум-водата е здравствено исправна-Црква Св.Петка во комплекс Св.Наум-водата е здравствено исправна-с.Љубаништа-водата е здравствено исправна-с.Трпејца- водата е здравствено исправна-камп Градиште-водата е здравствено исправна–плажа Оревче(земена вода од шанк)-микробиолошки неисправна(изолирани се:E.coli,Enterococcus,како и зголемен вкупниот број на колонии на 370Ц во 1 мл)-камп Елешец- водата е здравствено исправна-с.Елшани- (селски водовод)водата е здравствено исправна–с.Елшани–извор–микробиолошки неисправна(изолирани се:E.coli,Pseudomonas Aeruginosa,Enterococcus)–с.Велестово–извор-микробиолошки неисправна(изолирани се Enterococcus)Водоснабдувањето во с.Пештани се врши од градската водоводна мрежа-Охрид.Во с.Пештани ќе се зема примерок вода на 26.07.2021 година.До сега сите примероци вода што се земени од с.Пештани после извршените физичко хемиски и микробиолошки анализи покажуваат дека ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ Е ЗДРАВСТВЕНО ИСПРАВНА!!! Центар за јавно здравје Охрид

Македонија | пред 4 години

skopje-zemjotres

Скопје одбележува 58 години од катастрофалниот земјотрес

Скопје денеска со повеќе активности и манифестации ќе одбележи 58 години од катастрофалниот земјотрес во 1963 година, кога се разбуди во урнатини под кои 1.070 лица го загубија животот, а 3.000 беа повредени.И оваа година поради корона пандемијата одбележувањето ќе биде според строгите мерки протоколи.Традиционално, во 10 часот, пред Споменикот на жртвите од катастрофалниот земјотрес на Градските гробишта во Бутел, официјални делегации и претставници на институции ќе положат цвеќе.Општинската организација на Црвениот крст од Кисела Вода во соработка со Институтот за трансфузиологија ја организира традиционалната крводарителска акција. Акцијата ќе почне во 9 часот и ќе трае до 17 часот, во Дневниот центар за дарување крв во Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“.По повод годишнината од земјотресот, традиционално, и Град Скопје и јавните културни установи ќе организираат многубројни настани.Во Музејот на Град Скопје во 19 часот ќе се одржи поетско читање на Организацијата на жени на Град Скопје, а во 20 часот ќе се отвори изложбата „Колаж на еден разурнат град“.Во 9 часот ќе се организира „Скопска аванТУРА“ – Детска едукативна прошетка низ минатото на Скопје, а почетната точка ќе биде Феудална кула кај Домот на АРМ.Во 19 часот ќе се одржи и свеченото пуштање во употреба на новиот кеј „13 Ноември“, на кое ќе присуствува градоначалникот Шилегов. Ќе има и настап на Градски дувачки оркестар и изложба на отворено „Сигналитика на централното подрачје на Скопје“.Во Национална опера и балет во 20:30 часот, како дел од 42-то издание на „Скопско лето“, ќе се одржи балетската претстава „Сви марш на плес“ (Balkan Dance Project). Ќе учествуваат танчери од земјава, од Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина и Србија.Кореограф е Игор Киров, драматург е Горан Головко, музиката е на „Бјело Дугме“, а светло мајстор е Амир Ахиќ. Балетскиот ансамбл го сочинуваат: Бранко Митровиќ, Јакша Филиповац, Лука Живковиќ, Енди Шротер, Емир Фејзлиќ, Мојца Мајцен, Теодора Радивојевиќ, Зулејха Кецо и Ана Кузмановиќ.Програмата за одбележување на 26 јули ќе биде заокружена со централниот настан во 21 часот во Градскиот парк, каде што ќе се одржи концерт на Филхармонија и „Архангел“, насловен „Филхармонија и Архангел за Скопје“.Како дел од активностите на кандидатурата на Град Скопје за „Европска престолнина на културата за 2028 година“, назначени се две локации за легални ѕидови за слободно користење од уличните уметници за пишување и цртање графити, сликање мурали, тагови,… Локациите се потпорниот ѕид на улицата „Војвода Васил Чакаларов“ („Адолф Циборовски“) по „Реплек“, како и ѕидовите од двете страни на булевар „Гоце Делчев“ под поранешна Стоковна куќа „Мост“, денес Универзитет на Југоисточна Европа.Легалните ѕидови ќе бидат означени со табли со кои се потврдува слободата и безбедноста за нивно користење за креативен израз од страна на уличните уметници. Легалните ѕидови ќе бидат назначени и слободни за користење денеска, на Денот на солидарноста како сеќавање на катастрофалниот земјотрес во Скопје.Акцијата за цртање графити се организираше викендов, во соработка со Младинскиот културен центар.Катастрофалниот земјотрес во Скопје се случи на 26 јули 1963 година во пет часот и 17 минути, а помали потреси имаше до пет часот и 43 минути. Беа урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над 200.000 луѓе остана без покрив над глава.Од трагедијата на Скопје целиот свет беше вознемирен и ангажиран. Меѓународниот Црвен крст упати апел до сите национални организации да организираат исхрана за скопските деца. Интерпарламентарната унија упати препорака до сите парламенти и влади да помогнат во обновата на градот. Хуманитарните организации во многу земји пристапија кон собирање помош за Скопје. Така Скопје стана град на меѓународна солидарност.Обединетите нации веднаш по катастрофата презедоа активности за плански и долгорочно да му се помогне на разурнатиот град. Во времето кога екипи стручњаци на ОН почнаа да пристигнуваат во Скопје, во седиштето на меѓународната организација беше речено дека Скопје ќе биде споменик на човечката солидарност. На 23 септември 1963 година 35 земји побараа Генералното собрание да стави на дневен ред од своето заседание точка за преземање мерки по повод земјотресот во Скопје. По четири дена, на 27 септември, Генералното собрание и даде приоритет на меѓународната акција за давање помош на Скопје.

Скопје | пред 4 години

brza-pomos-3

Тешка сообраќајна несреќа на патот Охрид – Кичево, едно лице загина

Едно лице загина, а неколку се повредени во сообраќајна несреќа која се случила попладнево на магистралниот пат Охрид- Кичево, информираше полицијата.Според СВР Охрид, сообраќајката се случила околу 18.20 часот кај село Врбјани кога се судриле автомобили „голф“ и „тојота“. Возачот од “голфот“ починал на самото место, а има и неколку повредени. Идентитетот на настраданите ќе биде дополнително објавен. 

Македонија | пред 4 години

ahmeti-1

(ВИДЕО) Лидерот на ДУИ Али Ахмети главен на свадба во Зајас – покажа како се води орото

Претседателот на ДУИ Али Ахмети и пратеник во Собранието денеска е снимен во опуштено издание на свадба во Зајас како води оро и ужива во звуците на албанскиот мелос со зурли и тапани, веејќи го албанското знаме, традицонално украсено за свадбена веселба.Ахмети е главен гостин на свадбата на својот внук во Зајас.Видеото е објавено на социјалните мрежи од гости на споменатата свадба во Зајас од каде е родум Ахмети.-Кога срцето ти пее, а душата игра, пишуваше на една од објавите како опис за видеото со Ахмети, на кое покажа дека знае да се качи и на тапанот.Видеото може да го погледнете ТУКА

Македонија | пред 4 години

zlato-vo-torba

Гостиварец крадел злато од сестра си и го продавал

Полицијата го приведе М.А. (31) од село во Гостиварско, кој се сомничи дека во текот на изминатите два месеци, во повеќе наврати, од куќата на неговиот татко одзел златен накит во вкупна вредност од 50 до 60 илјади евра.Златото било сопственост на сестра му.

Македонија | пред 4 години

Mickoski-1

Мицкоски: Ќе им овозможиме на граѓаните сами да одлучат за каков проект да се потроши нивниот данок и ќе направиме децентрализација на институциите

Денеска сме тука во Охрид, продолжуваме со концептот да ги презентираме политиките Македонија за сите луѓе. Денес тука во Охрид ќе ја имам честа и задоволството да го претставам и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и иден градоначалник на Охрид, тоа е доктор Кирил Пецаков. Ќе зборуваме малку за актуелната политичка состојба, ќе зборуваме за два клучни проекта кои што ВМРО-ДПМНЕ планира да ги реализира и на локално, но и на централно ниво кога ќе ја преземеме владата се разбира од најкорумпираната политичка елита која што некогаш се појавила во независна Македонија, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.Мицкоски додаде:Првиот проект е мојот данок за мојот проект во мојата општина. Граѓаните ќе можат средствата кои што ги уплаќаат во данокот за имот практично во општинскиот буџет наместо тие средства да се трошат во непродуктивни трошоци, наместо да се трошат во скапо ручеци, патувања и други луксузирања, да можат да изберат за кои проект да ги потрошат тие средства и кој проект да биде реализиран.Еден проект кој што до сега во Македонија не бил запаметен и вториот проект кој што ќе го презентираме е етапното институционалното децентрализирање, односно по преземањето на власта имајќи предвид дека Охрид е колевка на културата не само во Македонија, бидејќи Охрид е на светот, планираме сите оние институции кои што се поврзани со културата и останатите да ги мигрираме од Скопје практично тука во Охрид, вклучително во крајна мерка и самото министерство за култура, така ќе постапуваме и со други градови и општини во Македонија, мигрирање на институциите, односно институционална децентрализација.Денеска малку повеќе ќе зборуваме овде во Охрид на таа тема, чувствуваме дека ќе биде интересно и ве поканувам да останете до крај на трибината ќе има што да слушните.

Македонија | пред 4 години

plazi

Георгиески за одлуката на УНЕСКО: За мене ова е нова енергија и мотив да продолжиме уште посилно во спроведување на решенија, кои ќе значат зачувување на статусот на светско наследство

Денешната консензуална одлука на Комитетот за светско природно и културно наследство на УНЕСКО за Охридскиот регион е вистинска потврда за нашите досегашни заложби, во исполнувањето на дадените препораки, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Градоначалникот во објавата додава:✔️Ова особено се однесува на успешните и сериозни активности кои Општина Охрид ги реализираше во делот на отстранување на бесправните градби, уредување на крајбрежјето и доследното почитување на одредбите од Планот за управување со светското природно и културно наследство.✊За мене оваа одлука е нова енергија и мотив да продолжиме уште посилно во спроведување на решенија, кои ќе значат зачувување на статусот на светско наследство, што веќе 40 години го поседува овој регион.📢Во името на граѓаните на Охрид, упатувам благодарност до Комитетот за дадената шанса, со уверување дека ќе ги вложиме сите напори за да покажеме дека знаеме да го чуваме и да грижиме за непроценливото богатство кое го имаме.

Македонија | пред 4 години

w_56102301

Денеска регистрирани 24 нови случаи на коронавирус

Во последните 24 часа се направени 4.133 тестирања, а регистрирани се 24 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 6, Тетово – 5, Куманово – 3, Прилеп и Кичево – по 2, Битола, Охрид, Струмица, Кочани, Радовиш и Дебар – по 1.Регистрирани сe 6 оздравени пациенти од: Скопје – 4, Тетово и Струмица – по 1.Не се регистрирани починати пациенти.Направени се 4.133 тестови преку: ИЈЗ-59, ЦЈЗ Скопје-38, ЦЈЗ Битола-84, ЦЈЗ Прилеп-39, ЦЈЗ Тетово–20, ЦЈЗ Куманово–25, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-10, Институт за микробиологија–0, Жан Митрев (Филип Втори)-90, Авицена-151, Биотек-119, Систина-59, лабораторија Лаор-516, Синлаб-5, Ремедика-9, Плодност–32, Генеа–12, Никоб лаб-732, ВФВ Медикал-20, Ели Медика-12, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2101.Досега во земјата се направени вкупно 953.144 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.078 бројката на оздравени пациенти е 150.276, на починати е 5.489, а бројот на активни случаи изнесува 310.

Македонија | пред 4 години

UNESCO-OHRID-2

Стефоска: Се обврзавме на засилена заедничка работа со Република Албанија во зачувување на статусот на Охридскиот Регион

Денеска, Комитетот за светско наследство на УНЕСКО на својата 44 сесија, која се одржува во Фуџу (Народна Република Кина), донесе одлука Природното и културното наследство на Охридскиот Регион да не биде впишано на Листата на светско наследство во опасност.Комитетот со оваа одлука го препозна и уважи напредокот на Република Северна Македонија и Република Албанија во насока на зачувување и на исклучителната универзална вредност на Охридскиот Регион.Со оваа одлука, Северна Македонија и Албанија се обврзаа да донесат заеднички стратешки план за рехабилитација на Регионот и дополнително да го подигнат нивото на билатералната заштита и управување со светското наследство. Двете земји  добиваат повеќе време за да ги исполнат препораките кои произлегуваат од реактивните мониторинг мисии и одлуките на Комитетот.„Остануваме впишани на престижната листана УНЕСКО. Но, ако целото крајбрежје, целото културно наследство, ако нашите Охрид, Струга и Дебарца не се впишани во нашите срца, бадијала е впишувањето или отпишувањето од која било листа“, вели министерката за култура и претседателка на Националната комисија на УНЕСКО, Ирена Стефоска.Министерката Стефоска порачува дека оваа одлука  е последен момент, последен аларм да се интензивираат активностите на сите засегнати страни со цел да се зачува статусот на Охридскиот Регион.Покрај засилената конкретна соработка со Албанија, во периодот кој претстои, Стефоска вели дека ја засилуваме соработката и координацијата со Центарот за светско наследство и советодавните тела на УНЕСКО, како и со Европската Унија и другите стратешки партнери со цел соодветна рехабилитација и управување со Охридско-Струшкиот Регион.

Македонија | пред 4 години

ohrid-Andrej

Нуредини: Охридското Езеро го задржува статусот на УНЕСКО

Охридското Езеро го задржува статусот на УНЕСКО, соопшти министерот за животна средина, Насер Нуредини по денешната сесија на Комитетот на УНЕСКО.Министерот Нуредини се заблагодари за одобрувањето на дополнителен период за завршување на започнатите работи и потполно исполнување на добиените препораки.„Посебна благодарност до Босна и Херцеговина и Руската Федерација за поддршката во овие заложби, како и на делегациите на Кина, Саудиска Арабија, Унгарија и Шпанија. Истотака благодарност до колегите од Австралија и Норвешка за континуираните пријателски совети и поддршка. Сепак, ова значи дополнителна одговорност, затоа сега е време навистина да работиме заедно и да се осигураме дека во иднина нема да се најдеме во ваква ситуација. Затоа ги поканувам сите чинители, приватниот сектор, локалната самоуправа, сите граѓански организации“, истакна Нуредини.

Македонија | пред 4 години

seca

Приведени две лица во беровско, вршеле нелегална сеча на дрва

Денеска (25.07.2021) во 12.00 часот на место викано „Шуманов Чукар“, атар на Берово, полициски службеници ги затекнале Д.В. и М.В. од с.Ратево, беровско, при нелегална сеча на букови стебла.За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 4 години

fekalii

Охрид SOS: Фекалиите што ги собрале од рестораните и тоалетите кај Св. Наум ги истураат во грмушки на помалку од 100 метри од плажа

Фекалиите што ги собрале од рестораните и тоалетите кај Св. Наум ги истураат во грмушки на помалку од 100 метри од плажа. На местото каде што е најчистата вода од охридскиот воден систем - изворите Св.Наум кои се жариште на биолошката разновидност, строго заштитена зона, се случува најгрозоморното загадување на водата која важи за света,се вели во објавата од Охрид SOS.фото од цистерната: off.net.mk

Слајдер | пред 4 години

skolo-izrael

МОН: Првачињата по општество од најрана возраст ќе учат за почитување меѓу себе и на повозрасните

Материјалот за учење по општество за прво одделение е осмислен да ги задоволи интересите на денешните деца како што се креативноста, љубопитност и истражувањето, вели Гликерија Илиоска, авторка на учебникот за прво одделение по предметот општество.“Богатството од илустрации, вежби, активности, кај дечињата поттикнува интерес за откривање на нови работи, истражување и искуствено учење, а со тоа води и кон развивање на повисоки мисловни операции, а не само репродуктивно повторување на факти и детали”, објаснува Илиоска.Според Илиоска материјалот за учење ги воведува учениците во истражување и стекнување знаења за себе, училиштето во кое учат, домот во кој живеат и средината која ги опкружува.“Преку овој материјал првачињата ќе учат како да се почитуваат меѓу себе и како да ги почитуваат разликите меѓу луѓето. Како да се однесуваат кон природата и животната средина, кон повозрасните, но и кон своите другарчиња. И сето тоа ќе го учат на лесен, едноставен начин преку игра и решавање проблемски ситуации”, вели Илиоска.Материјалот ги содржи основите за стекнување на знаења за родовата еднаквост, интеркултурното живеење, инклузијата и заштитата на животната средина во нашето општество и сето тоа е поткрепено со содржини кои ќе ги развијат социо-емоционални вештини на живеење.“Се надевам дека вака подготвениот материјал кај првачињата ќе поттикне желба за учење и откривање на светот во кој живеат”, вели Илиоска.Со стартот на новата учебна година стартува и имплементацијата на реформските процеси во основното образование кои треба целосно да се спроведат во следните 5-6 години. Учениците од прво и четврто одделение ќе учат по новата Концепција, со нови наставни програми и целосно нови учебници кои се веќе во фаза на изработка и печатење.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Претрес во Дебар, пронајдена дрога

На 25.07.2021 околу 00.30 часот на ул.„8-септември“ во Дебар, полициски службеници од Полициската станица Дебар го лишиле од слобода Н.И.(37) од Дебар затоа што кај него била пронајдена бела прашкаста материја. Подоцна, врз основа на судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени електронска вага со остатоци од марихуана, две дробилки со остатоци од марихуана и таблети со кафеава боја.Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 4 години

trotinet-3

(ФОТО) Вработените во МНР ќе користат електрични тротинети

Вработените во Министерството за надворешни работи (МНР) ќе користат електрични тротинети, како пример за одговорно однесување кон животната средина и проблемот со аерозагадувањето. Министерот за надворешни работи Бујар Османи, смета дека со вакви примери помагаат на околината и на природата.Османи денеска на својот фејсбук профил напиша дека практичноста од употребата на ваков тип на превозни средства се добива со едноставен преглед на локациите на државните институции, при што, според него, веднаш се забележува дека во дијаметар од 1-2 километри се наоѓаат 90 проценти од нив кои секојдневно се упатени на соработка, состаноци и координации.-Зелена дипломатија – новото нормално. За вакви секојдневни кратки дестинации, треба да се обидеме, колку можеме повеќе и колку ни дозволуваат околностите, да се користи велосипед, електричен тротинет, пишува Османи на ФБ.Тој додаде дека преку вакви примери, си помагаме себе си, ќе им ослободиме простор на другите, ќе ѝ помогнеме на околината и на природата, за да имаме почиста животна средина.

Македонија | пред 4 години

arsovski25072021

Арсовски: Стејт Департментот на САД нотира корупција и криминал на високи владини функционери

СДСМ имаат сериозен проблем со реалноста и без срам ја лажат јавноста. Криминалот и корупцијата во Македонија се на прво место и нивните креатори имаат име и презиме,Зоран Заев, Оливер Спасовски, СДСМ и цела криминална заевска булумента од Влада и правосудство. Дека ова е вака, нотирано е и во извештајот на Стејт Департментот на САД во кој се образложува и нотира за високо ниво на корупција и вмешаност на владини функционери. Македонија стана синоним за корупција и криминал, истакна Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Арсовски додаде:Законите за борба против корупцијата повремено слабо се применуваат и со нив селективно се гонат критичари на власта и ситни прекршители. Има сериозни обвинувања за корупција во полицијата, судството и во многу други сектори.Многу компании кои работат во Македонија, вклучително и американски компании, ја посочуваат корупцијата како проблем во доделувањето на јавни тендери и во правосудството, читат кој го пишува во извештајот на Стеј Департментот.Сите знаеме дека наместо вистинските криминалци се гонат новинари кои што се критички настроени кон власта, и сите знаеме за тендерите на Рашковски кој му беше најдобар другар и прв соработник на Зоран Заев каде што собрал милионски суми и ги наместил тендерите, вклучително и софтверот за академијата за судии и јавни обвинители каде што тој самиот можел да поставува кого сака.Тендерите на фамилијата на власт се насекаде. Доволен пример и показател е РЕК Битола кој што е класичен пример за испумпување пари преку тендери од страна на фамилијата на власт.Знаете дека и за тоа има пријавен случај за рекет во МВР, и нормално стои и тапка во место некаде во фијока.Корупцијата во Македонија која е на историско рекордно ниво ја потврди и Транспаренси интернешнал претходно каде сме на 111 место.Извештајот на Стејт департментот исто и како извештајот на транспаренси не е перцепција како што сакаат да кажат во владата, туку е болна и сурова реалност во која што не однесоа СДСМ.Освен што сме најкорумпирани во Европа, МВР на Спасовски успеа да не изрезили во цел свет и со тоа што подели 215 официјални пасоши со украден идентитет на најголемите нарко босови, мафијаши, убијци, терористи во Европа и светот.Дополнително, за реформите во МВР доволно говори што кадар на СДСМ и Спасовски поставен за началник на полицијата во Прилеп кој го има на илјадници слики со СДСМ, односно со Оливер Спасовски и Зоран Заев, беше уапсен од страна на ДЕА во акција за сузбивање на трговија со дрога. Тоа доволно кажува дека мафијата има своја држава и дека власта и мафијата е едно исто.Исто така полицијата беше посочена од страна на обвинителството како причина за пробивање на акцијата Планина, во која требаше да се разбие еден од најголемите нарко картел во државата.Да потсетиме дека имаше јавни изјави дека шеф на обвинителство најавувал апсења и барал камери неколку месеци однапред и тоа за одредени политички структури кои што не мислат како власта, што уште еднаш го покажува односот на државата кон граѓаните, односно селективноста која е нотирана и во извештаите кои што за жал ги читаме.Силувањето на законите и процедурите во Собранието кое е нотирано во извештајот е единствено за личен интерес на мафијата на власт и Зоран Заев. Последен пример е европското знаменце на законот за марихуана, само и само за да се збогати фамилијата на Зоран Заев.СДСМ очигледно се во тотална паника, штом после фризираните анкети, се обидуваат да ги фризираат и состојбите со криминалот и корупцијата кои што за жал метастазираа во Македонија и пак како што реков претходно сето ова има име име и презиме тоа е Зоран Заев и СДСМ.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

МНР проверува дали во автобусот кој излета од автопатот кај Славонски Брод имало македонски државјани

Портпаролката на Министерството за надворешни работи, Анеса Салиху за „360 степени“ ја потврди информацијата која ја добивме од Сообраќајната полиција во Славонски Брод дека автобусот кој утрото излета од автопатот А3 кај Славонски Брод е косовски а не македонски, како што објавија дел од хрватските медиуми.„Се случила голема трагедија. Според инфорамациите со кои располагаме, во несреќата животот го загубиле десет лица, а триесетина се повредени и се хоспитализирани. Увидот се уште трае и имајќи ја предвид состојбата, се уште не можеме да добиеме релевантно сознание дали меѓу патниците во автобусот имало и македонски државјани. Ја задолживме нашата амбасада во Загреб да ги преземе сите мерки и очекуваме од нив да не известат за ситуацијата“, вели Салиху.Началникот на сообраќајната полиција од Славонски брод Фрањо Галиќ вели автобусот патувал на редовната линија Франкфурт-Приштина. Според него, ова е можеби најтешката сообраќајна несреќа која ја видел досега. извор:  „360 степени“

Македонија | пред 4 години

marija25072021

Митева: Шилегов со лажни и популистички ветувања во предизборието не ја врати Треска на скопјани, ја претвори во елитна населба

Слушнавте што зборуваше Шилегов пред само неколку години, денес овде немаме пречистителна станица, немаме ноќен живот. Пред неколку дена, владиниот врв на чело со Шилегов присуствуваше на започнување со изградба на елитна, типска населба за домување токму на оваа локација, истакна Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Митева додаде:Согласно податоците станува збор за околу 142 парцели кои се продадени по цена од 71 денар за м2, додека во слободен промет или реалната цена во овој регион е околу 10 Евра по м2.Дополнително, говорите им се полни со зборовите зеленило, еколошка функционалност и паркови, а делата полни со бетонизација, дивоградби и новоградби.Токму во зеленилото над езерото Треска, на површина од 15 хектари ќе никнат овие 142 куќи. Штетата која ќе се направи врз зеленилото е помалку важна за нив, затоа што коалицијата СДСМ-ДУИ ќе ужива во скапа, елитна населба.Вака работи СДСМ, вака работи Шилегов, со популистички и лажни ветувања во предизборието, а додека владеат сами себе се побиваат со направените дела.

Скопје | пред 4 години

Нема фотографија

Косовски автобус се преврте во Хрватска, десетмина загинати, десетици повредени

Рано утрово кај Славонски брод дошло до тешка сообраќајна несреќа во која погинале најмалку 10 лица, пренесува хрватскиот портал индекс.хр.Во како што пренесуваат македонскиот автобусот  имало македонски државјани а според првата полициска информација станувало збор за три мрвти а потоа бројот на мртвите пораснал на 8, за потоа да јават дека изнесува 10.Началникот на сообраќајната полиција од Славонски брод Фрањо Галиќ вели дека е утврдено дека се работи за автобус со косовски регистерски ознаки кој патувал на редовната линија Франкфурт-Приштина. Според него, ова е можеби најтешката сообраќајна несреќа која ја видел досега. 

Македонија | пред 4 години

muc1

Георгиески: ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ доби сосема нов лик благодарение на посветеноста на локалната самоупава и Министерството за образование и наука

ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ доби сосема нов лик благодарение на посветеноста на локалната самоупава и Министерството за образование и наука.Изградена е нова современа спортска салаРеконструиран е покривот на училишната зградаПоставена е нова енергетски ефикасна фасадаПоставени се нови пвц прозорци Поставени се нови подови во сите училишни простории Реконстуирани се таваните Обновени се внатрешните ѕидови Поставено е ново осветлување Во моментот се изведуваат работни активности за реконструкција на спортските терени, а наскоро треба да започне обнова на подовите во ходничните простории и уредување на дворот пред влезот на училиштето, пишува во својата ФБ објава градоначалникот Георгиески.

Македонија | пред 4 години

1-1-1

Тетовец се обидел да нападне лекар

Тетовец е приведен откако синоќа се обидел да натепа лекар во Клиничката болница Тетово.„Ј.А.(43) во болницата се однесувал агресивно и се обидел физички да го нападне лекарот“, соопшти МВР.Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 4 години

zaev

Заев: Со ДУИ, БЕСА и ДПА заедно ќе настапиме на локалните избори

Граѓаните се светост и само тие определуваат кој треба да биде избран за градоначалник и затоа ние ги селектираме најдобрите можни кандидати, истакна премиерот Зоран Заев и прв човек на партијата на власт СДСМ, а во врска со амбиентот пред престојните локални избори. Заев нагласи дека СДСМ е фаворит во сите градови затоа што тоа го потврдуваат и анкетите.„Драго ми е што довербата кај граѓаните за сите наши потенцијални кандидати е голема и затоа сакаат да се кандидираат добри кандидати, звучни имиња, одговорни луѓе, докажани во професијата и тоа е една голема предност која што не прави фаворити на изборите. Покрај тоа што водиме по анкетите довербата е голема, се верува дека ќе победиме. Но, на крајот граѓаните одлучуваат. Јас можам да ви кажам заради тоа што сме коалициони партнери и со ДУИ, и со БЕСА и со ДПА, имаме коалиција, заедно ќе настапиме за локалните избори. Нормално деталите не можеме да ги кажеме уште оти не ги знаеме имињата, но дефинитивно ги знаеме принципите на коалицирање. Се знае во првиот круг одат сите, после тоа се поддржуваме, фер, така на граѓаните ќе им оставиме сами да ни кажат патот кој е, кој треба на крајот да биде избран во сите други градови“, рече Заев. 

Македонија | пред 4 години

zaev-ohrid

Заев и градоначалникот на Охрид Георгиески: Охриѓани добиваат безбедна улица, а младите од Охрид и регионот современо училиште за средно стручно образование

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, денеска, во придружба градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески и на пратениците направи увид во работите на реконструкцијата на спортската сала и спортските терени на Општинскиот електромашински училиштен центар „Св. Наум Охридски“, и ја пуштија во улицата „15-ти Корпус“ – една од најзначајните сообраќајни артерии на Охрид.„Станува збор за исклучително важна улица бидејќи таа e влезот во градот за сите оние што во Охрид пристигнуваат од Ресен, Битола, Прилеп и од другите градови од истокот и југоистокот на нашата земја. Улицата е од исклучително значење за жителите од овој дел на градот, како и за сите индустриски капацитети и фирми кои гравитираат во индустриската зона која се протега долж улицата“, нагласи премиерот Заев на настанот.Проектот за реконструкција опфати замена на атмосферската канализација и поставување на нов асфалт на коловозот и комплетното уредување на пешачките и велосипедските патеки од двете страни на улицата.За реализација на овој значаен проект Општина Охрид издвои 30 милиони денари од општинскиот буџет, а останатите средства во износ од 28 милиони денари се обезбедени од ЈП „Државни патишта“.„Охриѓани, но и нашите редовни гости кои пристигнуваат во Охрид од овој приод кон градот, многу добро се сеќаваат во каква руинирана состојба беше оваа улица. Ценејќи ги вистинските и приоритетните потребни на граѓаните, но и на фирмите кои гравитираат во овој дел на градот одлучивме да го реализираме овој голем проект“, рече градоначалникот Константин Георгиески.Тој најави дека паралелно со реконструкцијата на оваа значајна сообраќајница во завршна фаза е уште еден голем и сложен инфраструктурен проект, а тоа е реконструкција на улицата „Абас Емин“.На увидот на работите на реконструкцијата на спортската сала и спортските терени на Општинскиот електромашински училиштен центар „Св. Наум Охридски“ беше истакнато дека ова средно училиште доживеа речиси целосна реконструкција и обнова.Во 2019 година со поддршка на Министерството за образование беа обновени прозорците и дел од кровната конструкција, а во 2020 година беше завршена обновата на покривот и комплетно реконструирана фасадата со што училиштето доби сосема нов лик.Сега се во тек работите на реконструкцијата на спортската сала и на спортските терени и со тоа ова училиште го добива целосниот модерен и функционален училиштен центар со сите погодности за изведување квалитетна настава.„Ова училиште, како партнер на програмата за дуално образование има посебно место во нашиот образовен систем со оглед на фактот што за оваа новина во нашето образование посветуваме посебно внимание за да биде целосно и успешно имплементирана“, истакна премиерот Заев.Дополнително, Oпштина Охрид ги реновираше сите училници, кабинети и канцелариски простории, а со цел да се овозможи поголема функционалност на онлајн часовите за учениците од ова средно училиште беа набавени 20 нови десктоп компјутери.

Македонија | пред 4 години

w_56102301

Регистрирани 37 нови случаи на коронавирус

Во последните 24 часа се направени 4.264 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на Ковид-19: Тетово – 13, Скопје – 12, Велес – 3, Гостивар, Прилеп и Струмица – по 2, Охрид, Свети Николе и Делчево – по 1.Регистрирани сe 10 оздравени пациенти од: Скопје – 5, Кичево – 2 и Тетово, Струмица и Берово – по 1.Не се регистрирани починати пациенти.Направени се 4.264 тестови преку: ИЈЗ-96, ЦЈЗ Скопје-35, ЦЈЗ Битола-93, ЦЈЗ Прилеп-43, ЦЈЗ Тетово–17, ЦЈЗ Куманово–21, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-8, Институт за микробиологија–10, Жан Митрев (Филип Втори)-66, Авицена-223, Биотек-166, Систина-103, лабораторија Лаор-443, Синлаб-49, Ремедика-16, Плодност–51, Генеа–6, Никоб лаб-905, ВФВ Медикал-26, Ели Медика-7, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.880.Досега во земјата се направени вкупно 949.011 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.054, бројката на оздравени пациенти е 150.273, на починати е 5.489, а бројот на активни случаи изнесува 292.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 68801, Активни 104Куманово 8910, Активни 29Прилеп 8332, Активни 5Тетово 7372, Активни 93Битола 6310, Активни 0Велес 5478, Активни 4Гостивар 5204, Активни 21Кавадарци 5156, Активни 1Охрид 5024, Активни 5Штип 4964, Активни 4Струмица 4129, Активни 5Струга 2985, Активни 4Кочани 2795, Активни 3Кичево 2605, Активни 6Гевгелија 2196, Активни 1Неготино 2184, Активни 0Свети Николе 1526, Активни 1Ресен 1234, Активни 0Крива Паланка 1227, Активни 0Радовиш 1161, Активни 0Берово 1032, Активни 0Делчево 974, Активни 1Дебар 947, Активни 5Виница 886, Активни 0Пробиштип 789, Активни 0Валандово 667, Активни 0Богданци 494, Активни 0Крушево 490, Активни 0Демир Хисар 400, Активни 0Демир Капија 396, Активни 0Кратово 377, Активни 0Македонски Брод 359, Активни 0Пехчево 269, Активни 0Македонска Каменица 249, Активни 0Дојран 132, Активни 0

Македонија | пред 4 години

vakcina-vakcinacija-7

Од понеделник започнува закажување вакцинација во домашни услови

Од понеделник започнува закажување вакцинација во домашни услови. Граѓаните кои од здравствени причини не се во можност да дојдат на вакцинален пункт да се вакцинираат ќе можат тоа да го сторат во домашни услови. Закажувањето е преку јавување во здравствените домови или член од семејството, роднина, пријател, познаник може да им закаже домашна посета за вакцинирање со директно пријавување на пунктовите за вакцинација.Медицинските екипи се подготвени да одговорат на потребите на сите граѓани, напиша на својот Фб профил министерот за здравство Венко Филипче.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања