Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

655-402-bebe

23-годишна бремена жена од Скопје починала на Гинекологија „Чаир“ - бебето е извадено живо

23-годишна бремена жена од Скопје починала на Гинекологија „Чаир“. Таа била во осми месец од нејзината бременост, но според надлежните на Гинекологија била донесена со влошена здравствена состојба.Како што соопшти полицијата, вчера во СВР Скопје било пријавено дека околу 7:00 часот во Гинекологија „Чаир“ сo влошена здравствена состојба била донесена Н.М.(23) од Скопје, бремена во осми месец.Според пријавеното, кратко потоа таа починала во Одделението за интензивна нега, но било извршено породување и било извадено живо женско дете.Се преземаат мерки за расчистување на случајот, најавија од МВР.

Македонија | пред 4 години

saranda

Во Саранда извадена давеничка во бесознание на возраст од 15 години, ја спасил болничарот Јовица Ѓоргиев од Итната помош

Денеска на Градската плажа во Саранда, во Албанија, се случи инцидент. Имено, на плажата е извадена давеничка во бесознание на возраст од 15 години.Девојчето било извадено на плажата без знаци на живот и помодрено.На нејзина среќа, на плажата летувал нашиот болничарот Јовица Ѓоргиев од Брзата помош.Докторот по инцидентот се огласи на својот ФБ профил. Тој пишува дека според обуките на докторите во Брзата помош, тој извршил итна реанимација која била успешна, па девојчето се освестило. Потоа било преземено од медицинската екипа на Брзата помош во Саранда и е надвор од животна опасност.

Македонија | пред 4 години

zemjotres

Земјотрес со јачина од 3,2 степени регистриран во Македонија

Земјотрес со јачина од 3,2 степени по Рихтер беше регистриран во Македонија во 13:17 часот по локално време.Епицентарот е во близина на Мавровското езеро, на 23 километри од Гостивар.Според податците од ЕМСЦ потресот бил на длабочина од два километри.

Македонија | пред 4 години

vakcini-5

МЗ: Во земјава барем една доза вакцина досега примиле 27,5% од граѓаните

Министерството за здравство информира дека на територијата на цела држава барем една доза вакцина досега примиле 27,5% од граѓаните.Последните анализи покажуваат дека најголем процент на вакцинирани граѓани има во Кавадарци 43,5%, потоа следи Охрид со 42,9% и Гевгелија со 41%. Најмал процент на вакцинирани граѓани бројат следниве населени места: Дебар со 17,3% , Тетово со 17,1% и Кичево со најмал процент на вакцинирани граѓани 15,8%.Состојбата на вакцинирани граѓани во останатите градови е следна:Ресен 39,8%; Битола 38, 9%; Неготино 38%; Штип 37,2%: Пехчево 36%; Велес 31%; Демир Хисар 30,9%; Берово 30,9%; Скопје 30,8%; Валандово 30,6%; Прилеп 30,3%; Пробиштип 29,7%; Крушево 28,3%; Koчани 25,3%; Свети Николе 25,2%; Делчево 24,9%; Виница 24,5%;Крива Паланка 23,9%; Радовиш 23,2%; Струга 23,1%; Куманово 21,2%; Струмица 19,4%; Кратово 18,9%; Македонски Брод 18,2% и Гостивар 17,8%;Министерот за здравство др. Венко Филипче на денешната прес конференција за медиумите порача дека вакцините се ефикасни и безбедни и дека единствениот начин да не бидеме затворени и да се вратиме на старите навики е што поголем број на вакцинирани граѓани, само така може да се придонесе до создавање на колективен имунитет и совладување на пандемијата.

Македонија | пред 4 години

w_56102301

Регистрирани 21 нов случај на коронавирус во Македонија, едно лице почина

Во последните 24 часа се направени 3.219 тестирања, а регистрирани се 21 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 8, Тетово – 4,Куманово и Гостивар – по 3, Кавадарци, Кочани и Кичево – по 1.Регистрирани сe 14 оздравени пациенти од: Тетово – 8, Скопје – 5 и Гостивар – 1.Пријавено е 1 починато лице од Скопје (56г) во болнички услови.Направени се 3.219 тестови преку: ИЈЗ-128, ЦЈЗ Скопје-45, ЦЈЗ Битола-45, ЦЈЗ Прилеп-35, ЦЈЗ Тетово–17, ЦЈЗ Куманово–25, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 7, ГОБ 8-ми Септември-14, Институт за микробиологија–0, Жан Митрев (Филип Втори)-73, Авицена-215, Биотек-114, Систина-88, лабораторија Лаор-209, Синлаб-19, Ремедика-7, Плодност–41, Генеа–10, Никоб лаб-532, ВФВ Медикал-10, Ели Медика-12, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.573.Досега во земјата се направени вкупно 935.732 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.951, бројката на оздравени пациенти е 150.237, на починати е 5.488, а бројот на активни случаи изнесува 226.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 68767, Активни 87Куманово 8894, Активни 16Прилеп 8328, Активни 1Тетово 7343, Активни 74Битола 6310, Активни 2Велес 5474, Активни 0Гостивар 5199, Активни 16Кавадарци 5156, Активни 1Охрид 5023, Активни 4Штип 4963, Активни 3Струмица 4126, Активни 3Струга 2985, Активни 4Кочани 2794, Активни 2Кичево 2604, Активни 7Гевгелија 2196, Активни 1Неготино 2184, Активни 0Свети Николе 1525, Активни 1Ресен 1234, Активни 0Крива Паланка 1227, Активни 0Радовиш 1161, Активни 0Берово 1032, Активни 1Делчево 973, Активни 0Дебар 945, Активни 3Виница 886, Активни 0Пробиштип 789, Активни 0Валандово 667, Активни 0Богданци 494, Активни 0Крушево 490, Активни 0Демир Хисар 400, Активни 0Демир Капија 396, Активни 0Кратово 377, Активни 0Македонски Брод 359, Активни 0Пехчево 269, Активни 0Македонска Каменица 249, Активни 0Дојран 132, Активни 0

Македонија | пред 4 години

w_56211861

Заев: Избори на 31 октомври, од ВМРО ДПМНЕ му одговорија - согласно Уставот изборите треба да се одржат до средината на месец октомври

Премиерот Зоран Заев денеска на прес конференција истакна дека предлогот за одржување на локалните избори е 31 октомври, со цел истиот да не се совпадне со кампањата за Пописот.Тој вели дека сите политички партии треба да се изјаснат и доколку се согласат, тоа ќе биде вградено во Изборниот законик.Од партијата ВМРО-ДПМНЕ велат дека секогаш пред изборите партиите преговарале за датумот на одржување на изборите и за препораките на ОБСЕ и ОДХР.„Тоа што Заев денес изнесува датум за одржување на изборите без претходна консултација со останатите политички партии уште еднаш го потврдува фактот дека Заев стравува од одржување на локалните избори, стравува од судот на народот и бара начин истите да ги одложи. Исто така, Уставот е над се’ и во оваа држава Заев треба ја прекине праксата на кршење на Уставот на Република Македонија кој патем јасно утврдува дека мандатот на градоначалниците истекува пред датумот кој Заев го нуди како можен датум за локалните избори. Односно, согласно Уставот локалните избори треба да се одржат до средината на месец октомври“, се вели во ставот од ВМРО-ДПМНЕ.Од таму посочуваат дека доколку аргументот на Заев е одржувањето на пописот, тогаш може да се одложи пописот за месец ноември и со тоа ќе се испочитува Уставот.

Македонија | пред 4 години

20072021_PVRSM_Zaev_MZ_Filipce_Klinika-za-ortopedija_4

Филипче: Во Скопје 30% од граѓаните се вакцинирани

Премиерот Зоран Заев придружуван од заменик-претседателот на Владата за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, министерот за здравство, Венко Филипче и директорот на Клиниката за ортопедија на ТОАРИЛУЦ, д-р Александар Трајановски денеска извршија увид во завршени реконструктивни зафати на реновираното крило на Клиниката за ортопедија на ТОАРИЛУЦ.„Денеска сме тука за да одбележиме уште еден успех во серијата остварувања за подобар јавен здравствен систем во нашата земја првенствено во интерес на нашите граѓани заради грижата за нивното здравје и заради нашите доктори, професори и другите здравствени работници. Во изминатиот период, додека целиот наш здравствен систем беше ставен во првата линија на борбата против пандемијата со КОВИД-19, не престана и грижата за обновата на болничката инфраструктура и грижата за опремување на нашите здравствени капацитети со најдобрата и најсовремената опрема за врвни здравствени услуги за нашите граѓани“, истакна во својата изјава за медиумите претседателот на Владата Заев.Премиерот Заев исто така додаде дека претходно на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) беше направена комплетна реконструкција на операционите сали по сите светски стандарди. Дополнително се заменија и се надградија сите постојни инсталации за безбеден и непречен доток на медицински гасови, сигурна електрична и нова водоводна инсталација.Министерот за здравство, Венко Филипче истакна ова е уште една во низата на реновирања на одделенијата на хируршките клиники во објект изграден 30-тите години од минатиот век и во кој повеќе од 70 години не е извршено никакво реновирање на просториите.„Оваа клиника е позната по својата експертиза и искуство. Со години на ова одделение се лекуваат пациенти кои имаат малигни заболувања на коскениот систем, всушност и само тука тоа се прави. Реновирањето ги задоволува сите светски стандарди со новите апартмани за пациентите. Продолжуваме со реновирањето и на останатите делови на старите објекти се со цел задоволни пациенти“, додаде министерот Филипче.Министерот додаде дека единствен спас од пандемијата е вакцината.„Висок процент од новозаразените се невакцинирани, но има и вакцинирани, но со многу слаби симптоми“, рече министерот за здравство Венко Филипче.„Бевме свесни дека во еден момент ќе се соочиме со антиваксинална кампања исто како и пред две години кога беше епидемијата со морбилите. Тогаш за нецели шест месеци се сузби епидемијата кога воведовме забрана да се примаат децата во училишта и градинки без примена вакцина. Секаде во регионот ги следиме трендовите“, вели тој.Според министерот, вакцини има доволно, но потребна е имунизација на 80% од населението, за да се спречи ширење на вирусот. Од вчера почна и вакцинацијата на децаод 12 до 17 години и досега се имунизирани 500 адолесценти.Комисијата за заразни болести вчера не препорача нови мерки за заштита од Ковид-19, но Филипче вели дека се размислува да се воведат ограничувања од септември или октомври. „Не може да страдаме зашто некој не сака да се вакцинира. Светот треба да се отвори, не можеме дома да седиме“, вели тој.Директорот на Клиниката за ортопедија на ТОАРИЛУЦ, д-р Александар Трајановски потенцираше дека е од исклучително значење што докторите ја имаат максималната поддршка и од Владата и од министерот за здравство за сите свои потреби и дека со оваа реконструкција добиваме задоволни пациенти и задоволен медицински кадар.

Македонија | пред 4 години

Kabare-Bitola-5

Спектакуларно кабаре со 30 уметници се одржа во Битола

Со спектакуларно кабаре шоу во кое учествуваа над 30 уметници, пејачи и актери, во Битола започна со работа комплексот „Голд Фелициа“. Гостите уживаа во уникатната кабаре претстава која понуди разни уметнички точки и песни за сите генерации.- Комплексот доби гламурозно отворање какво што му доликува, а многубројните гости имаа прилика да се уверат во се она што истиот веќе може да им понуди, велат од „Голд Фелициа“.Покрај танчерите на сцената церемонијален мајстор беше Жарко Димоски, а го придружуваа пејачите Александар Тарабунов, Димитар Андоновски, Огнен Здравковски и пејачките Полина Тасева, Калина Велковска и Христина Јовановска.За кореографијата на танчерите се погрижи Илија Кардакоски а за изгледот на сите учесници модниот дизајнер Андреј Папаз.- Кабаре шоуто го најави и отвори просторот кој ќе биде наменет токму за тоа, музички изненадувања на кои им нема крај, секојдневни настани на кои ќе гостуваат популарни домашни и странски имиња, што особено ме радува, рече Димитар Андоновски, музички директор на целиот проект.Казиното е опремено со најсовремени слот машини, рулет и останати игри на среќа, „Голд Фелициа“ а во склоп на комплексот работи и ресторан со специјалитети приготвени од врвните готвачи.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Загина машинист во рудникот Суводол

На 20.07.2021 во 02.30 часот во СВР Битола било пријавено дека во рудникот „Суводол“, во одрон од земја, бил пронајден затрупан машинистот К.Т.(38) од Прилеп.Лекар од Итна медицинска помош Битола констатирал смрт, а увид извршила екипа од СВР Битола.На местото на настанот биле Трудов инспектор и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено на обдукција.

Македонија | пред 4 години

migranti

Притвор заради разбојништво врз мигранти​

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против лице на возраст од 21 година, државјанин на Пакистан поради основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот на 18.07.2021 година, околу пладне, во планинскиот предел на м.в „Под камен“, во атар на с. Лојане, општина Липково, во состав на група со уште девет НН лица, со употреба на сила и опасно орудие од друг одзеле туѓи подвижни предмети со намера противправно да ги присвојат. Осомничениот заедно со другите лица од групата пресретнале мигранти кои се движеле пеш во с.Лојане, по што упатувајќи закани кон оштетените започнале со метални шипки да ги удираат оштетените по главите и телата. Притоа од секој од оштетените одзеле пари во износ од 600 до 800 евра, а од дел од нив и златен накит кој оштетените го носеле со себе. Осомничениот заедно со други засега непознати лица од групата, ги задржале оштетените заканувајќи им се по живот, се до моментот кога биле откриени од страна на полициските службеници по што непознатите лица од групата се разбегале во непознат правец, а осомничениот бил фатен од полициските службеници.Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово до Судијата на претходна постапка при Основниот суд во Куманово поднесе Предлог за определување на мерката притвор против осомничениот, бидејќи постои основан страв дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците, како и оправдан страв дека може да се даде во бегство, но и да го повтори кривичното дело доколку се брани од слобода.Судијата на претходна постапка по спроведена постапка донесе Решение со кое на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Македонија | пред 4 години

kurban-bajram-2

Верниците од исламска вероисповед го слават Курбан Бајрам

Верниците од исламска вероисповед денеска го слават празникот Курбан Бајрам, вториот најголем празник на муслиманите по Фитр Бајрам.На првиот ден од празникот се изведува молитвата за Бајрам – Бајрам намаз, со која верниците бараат милост од Алах. Карактеристично за овој празник е принесувањето жртва – курбан, која има симболика на приближување кон Бога. Како курбан најчесто се принесуваат овни или телиња.Обичајот го изведуваат сите кои имаат можност, а тие кои принеле жртва, потоа им раздаваат од месото на сиромашните, соседите и на роднините.Курбан Бајрам трае три дена, а прославата почнува 70 дена по првиот Бајрам во годината, Фитр Бајрам, и го обележува денот кога е комплетиран светиот Куран.Со овој празник се крунисува аџилакот, кој важи за петти темел на исламот, кој е доказ за солидарност и благосостојба.извор/фото: агенции

Слајдер | пред 4 години

kanabis

Утврден Предлог-законот за опојни дроги

Владата на Република Северна Македонија на денешната 88-ма седница го утврди текстот на Предлог-законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции во кој се транспонирани повеќе рамковни одлуки и директиви на Европскиот Парламент и на Европскиот Совет за усогласување на оваа дејност со регулативата на ЕУ, како и со повеќе конвенции како што се Единствената конвенција за наркотични дроги на Обединетите нации од 1961 година со Протокол за дополнување од 1972; Конвенцијата за психотропни супстанции на Обединетите нации од 1971 година и Конвенција на Обединетите нации против недозволена трговија со опојни дроги и психотропни супстанции од 1988 година.Една од новините во предложените законски решенија, која произлегува од овие усогласувања, е формирање на Агенцијата за контрола на одгледувањето и екстракцијата на канабис и производство на канабис и препарати од канабис за медицински и научни цели која работите од својата надлежност, ги врши врз основа на начелата на законитост, стручност, професионалност, одговорност, ефикасност и транспарентност.Решенијата содржани во предлогот на законот, покрај тоа што се усогласени со правото на ЕУ и со меѓународните акти, содржат и сопствени национални решенија кои се во функција на регулирање и соодветна практична имплементација на предметниот закон што ќе обезбеди подобра контрола на опојните дроги и психотропните супстанции.Оттука, со предлог на законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции се овозможува извоз на сув цвет добиен со одгледување на канабисот за медицински цели така што на правните лица одгледувачи на канабисот им е овозможено веќе произведените количини на сув хербален производ како опојна дрога да ги пласираат на пазарите во Европа и пошироко при тоа почитувајќи ги меѓународните конвенции и европското законодавство што ја регулира материјата.Уште една значајна новина во Предлог-законот за опојни дроги е обврската на компаниите со лиценци за одгледување канабис во медицински цели да уплатуваат средства во висина од 10% од нето добивката остварена во тековната година на соодветна сметка во Буџетот на Република Северна Македонија.Средствата собрани на оваа посебна сметка ќе бидат наменети за проекти од јавен интерес како што се поддршка на фондот за ретки болести, поддршка на фондот за медиуми, како и на програмските приоритети во спортот, културата, граѓанскиот сектор, како и за поддршка на работата на новопредвидената Агенција.

Македонија | пред 4 години

ceca

Документарец за Цеца „Српска мајка“ тргнат од YOU TUBE

Документарецот „Српска мајка“, кој го обработува минатото на Цеца, апсењата и врските со српската мафија, избришан од ЈуТјуб за кршење на авторски права.Документарецот „Српска мајка“ емитуван на српската телевизија N1 го прикажа животниот пат на Светлана Ражнатовиќ Цеца од амбициозно 15-годишно дете од Житораѓе до „Мајка на нацијата“. По емитувањето, истиот беше објавен и на Јутјуб, а три дена подоцна, таа платформа го тргна документарниот филм.Но, тие не го сторија тоа самоиницијативно. Имено, корисникот „Цеца мјузик“ го пријави телевизискиот канал N1 за повреда на авторските права. Документарецот вклучува делови од нејзината венчавка со воениот злосторник Жељко Ражнатовиќ Аркан и бројни други снимки, така што алгоритмот што го користи Јутјуб навистина утврдил дека документарецот ги крши авторските права.Пред воопшто да се емитува емисијата, адвокатот на Цеца побара од N1, а потоа и од Аудио видео продукција ЈСП да не го емитуваат, велејќи дека во спротивно „Светлана Ражнатовиќ ќе биде принудена да поведе соодветни судски постапки за да го заштити нејзиниот лик и дело“. 

Магазин | пред 4 години

turisti3

Градоначалникот Георгиески им посака топло добредојде на холандските туристи

Денеска го дочекавме првиот авион од холандски туристи , со 171 туристи на кој што сакам да им посакам добредоје во нашиот прекрасен туристички Охрид. Во оваа туристичка сезона ќе следат чартер групи секој понеделник и петок се до 26 септември по од прилика ист број на туристи, рече во својата изјава градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.Притоа тој додаде , со ова ние правиме значаен чекор во зависност и споредба со претходната година кога немавме ниту еден чартер лет со холандски туристи. Со тоа покажавме дека борбта против пандемијата, заложбите, спроведувањето на мерките а и процесот на вакцинација беше на одлично ниво, а итоа го покажува дисциплинскиот број на новозаболени, што донесе таков предуслов да имаме странски туристи ова лето, Охрид е подготвен од било кога досега. Им посакувам среќно добредојде, убав одмор, да уживаат во природните и универзални вредности на Охрид како едно светско , природно културно богатство, истакна градоначалникот Георгиески.

Македонија | пред 4 години

bucava

Општина Центар издаде решенија за преземање мерки на два угостителски објекти поради бучава од гласна музика

Секторот за инспекциски работи на Општина Центар од почетокот на јули започна со акција за мерење на бучавата од гласна музика на угостителските објекти кои се наоѓаат на територија на општината.Изминатите два викенди овластените инспектори за животна средина беа на терен и заедно со претставници на овластена лабораторија за мерење на бучавата, вршеа засилени контроли во угостителските објекти.По извршените мерења, констатирани се повисоки вредности од максимално дозволените гранични во ноќен период, по 23:00 часот, а на два локали, (Мош и Макка), им се издадени Решенија за преземање мерки за намалување на вредноста на имисионото ниво на бучавата во животната средина.Општина Центар апелира до сите управители и сопственици на угостителски објект во Општина Центар, да се придржуваат до постоечките правилници, да имаат обзир кон жителите кои живеат во непосредна близина на нивните локали и да се придржуваат до Законот за заштита од бучава во животната средина.Во спротивно, за сите измерени надминувања на граничните вредности на бучава, ќе се преземат законски пропишаните мерки и ќе бидат изречен поригорозни санкции, во согласност со Законот за заштита од бучава во животна средина.

Скопје | пред 4 години

kruzen

(ВИДЕО) Новиот кружен тек во Струмица стана хит на социјалните мрежи

Видео од птичја перспектива се споделува на фејсбук од новиот кружен тек во Струмица.Специфицен по многу нешта. Имено самиот кружен тек не е воопшто добро центриран и автомобилите влегуваат во пешачкиот премин. Видеото од птичја перспектива може да го погледнете на овој линк. КРУЖЕН ТЕК – ЕДНА ПОИНАКВА ПРИКАЗНАПРОЕКТ наспроти РЕАЛНОСТПрикачуваме слики од проектот како требал да биде поставен кружниот тек и како градоначалник на СДСМ успеал да го “реализира”Што би рекле од СДСМ, “Чекор по чекор” или “од идеја до реализација”.Електрични столбови на сред пешачки патеки и несразмерно позиционирани кружни текови гледаме деновиве.До овој степен се неспособни, еден кружен тек не можат да погодат правилно позициониран.На сето ова СДСМ на следниве локални избори ги понуди скоро истите градоначалници по општините и град Скопје. И тоа значи во превод дека вакви промашени “ремек дела” можеме и натаму да очекуваме од оваа неспособна екипа.Овој кружен тек се наоѓа во Струмица. Не не исклучуваме можност дека вакви кружни “бисери” можеме да начекаме и во многу други општини.СДСМ 2021ва година. Срамота.Комисија за инфраструктура, урбанизам и транспорт.

Македонија | пред 4 години

prskanje-komarci

Денеска ќе се прска против комарци во Охрид

Теристичкото запрашување ќе се врши во периодот од 21:00 до 06:00 часот на територија на град Охрид и крајбрежниот појас на потег од село Подмоље до хотел „Парк“ и подножјето на планината Галичица (населба Билјанини извори), како и на потег од река Грашница, Коселска Река, крајбрежје од автокамп Љубаништа до комплекс Св. Наум.Потребно е пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на на пчелите.Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

Актуелно | пред 4 години

raka-2

Откако се самоповреди, на Клиника успешно му ја реплантираа десната рака

На Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија успешно е направена реплантација на десна подлактица .Утрово на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија го посетив 54 годишниот Џафер Алија, на кој му беше реплантирана десната рака. Пред месец ипол Џафер се самоповредил, си ја отсекол десната подлактица, работејќи со моторна пила и на Клиниката бил примен во тешка состојба. Сега пациентот се чуствува добро, неизмерна е неговата радост што десната рака повторно може да ја користи. Ваков вид операција на Клиниката нема направено изминативе триесетина години, за успехот им честитам на моите колеги лекари и целиот медицински тим. Оваа комплексна интервенција беше изведена од тим на стручни хирурзи и анестезиолози од Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија: доц. д-р Софија Пејкова, д-р Бисера Николовска, д-р Гордана Георгиева, Од Универзитетската клиника за кардиохиругија: д-р Мишел Андов, од Универзитетската клиника за трауматологија д-р Игор Мерџановски, од Универзитетската клиника за анестезија реанимација и интензивно лекување д-р Јасна Бушиноска. Тимот беше во постојана комуникација со проф. д-р Оскар Азман, пластичен хирург од Медицинскиот универзитет во Виена и визитинг професор на Медицински факултет во Скопје, напиша на својот ФБ профил министерот за здравство венко Филипче.

Македонија | пред 4 години

parking-holidej-in

Стојаноски: Шилегов да каже дали зад одобрувањето на изградбата на висококатниците кај Холидеј Ин се крие поддршката на Заев за втор мандат?

Со месеци институциите Општина Центар, Град Скопје и министерството за транспорт и врски молчат и не реагираат во однос на висококатниците кои треба да никнат тука на над 13.000 м2. Наместо да ги послушаат граѓаните, институциите водени од Шилегов, Богдановиќ и Бочварски си ја префрлаат вината, истакна на денешната прес конференција пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Бојан Стојаноски.Стојаноски додаде:Шилегов и Богдановиќ пред да дојдат на власт ветуваа ревидирање на сите детални урбанистички планови, воведуваа лажни мораториуми, за на крај да извршат невидена бетонизација на центарот на градот, во непосредна близина на реката Вардар.Не само што СДСМ и институциите водени од нивни кадри ја одмолчуваат бетонизацијата на Центар, туку и директно ја овозможија. Имено од 4.000 м2 површина која ја имале првично купено инвеститорите, СДСМ овозможи да докупат уште 9.000 м2 и тоа градежната парцела да го опфати буквално целиот регион на Ново Маало.Иако лажеа дека нема да дозволат бетонизација, на крај и Општина Центар и Град Скопје ги издадоа сите потребни дозволи за градба.Бетонизацијата е спроведувана директно од Шилегов, кој сега од Заев е награден со кандидатура за втор мандат за градоначалник на Град Скопје.Покрај тоа што Шилегов е неспособен како Заев, и спроведува тендери каде фирмите добитници книжат двојно повеќе пари од тоа што за истите работи плаќаат други општини и градови во регионот, дали Шилегов си ја заработил втората кандидатура со одобрување на висококатниците спроти Холидеј Ин?Шилегов да излезе и да каже, дали зад одмолчувањето и одобрување на градбата на висококатниците кај Холидеј Ин се крие поддршката за втората кандидатура од СДСМ? За чии интереси работи Петре Шилегов?Време е за отвореност и транспарентност. Шилегов да одговори, неговата работа треба да биде пред се за граѓаните. Но тој не успеа да се издигне над партијата. Време е тој да си замине, а со него и сите лажни ветувања и неработа. Време е за Македонија за сите луѓе!

Скопје | пред 4 години

Нема фотографија

Влада: Се укинува дополнителната акциза на дизел горивото, го штитиме стандардот на граѓаните

Сe укинува дополнителната акциза на дизел горивото со што граѓаните ќе плаќаат два денари пониска цена. Целта е да се заштити стандардот на граѓаните преку утврдена варијабилна акциза која зависи од цената на светската берза.Со измените што се направени во Законот за акцизите во април годинава се осигуравме да нема висок раст на цените на горивата, така што ставивме варијабилна маргина која е поврзана со цената на барел нафта на светската берза. Така, ако цената на нафтата на светската берза расте, оваа маргина ќе се намалува што ќе влијае на крајната цена на горивата кај нас, се вели во соопштението од Владата.Според законското решение дополнителната акциза од три денари кај бензините е предвидена доколку цената на светската берза е под 390 долари за тон, ако е помеѓу 390 и 590 долари за тон дополнителната акциза изнесува 2 денари и ако е над 590 долари за тон тогаш дополнителната акциза е 0 денари, односно се укинува.Кај дизел горивото и екстра лесното масло за домаќинство е предвидено дополнителна акциза од 3 денари ако цената на светската берза е под 400 долари. Дополнителна акциза од 2 денари е предвидена за дизелот кога на светската берза е меѓу 400 и 600 долари за тон и доколку цената на светската берза е над 600 долари таа изнесува 0 денари.Согласно законското решение создадени се услови за укинување на дополнителната акциза кај дизел горивото, за што Регулаторна комисија денеска ја донесе одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтени деривати и горива за транспорт. Претходно беа исполнети условите за укинување на дополнителната акциза кај бензините.Сите мерки што Владата ги презема се во насока на заштита на здравјето на граѓаните, на поддршка на стопанството, како и ранливите категории граѓани и се донесени во консултација со сите релевантни општествени чинители. Притоа особено се внимава во услови на пандемија која го зафати светот, соодветно да одговориме за намалување на последиците.Во таа насока се и мерките донесени во шесте пакети антикризни мерки, а во таa насока е и намалувањето на ДДВ кај електричната енергија за домаќинствата.Состојбата се следи постојано и доколку има потреба се реагира соодветно, се вели во соопштението од Владата.

Македонија | пред 4 години

219287612_358292569061225_4891172681064469210_n

Општина Аеродром: 420 граѓани ќе добијат субвенции за велосипеди

На јавниот повик за субвенционирање велосипеди во Општина Аеродром пристигнаа 423 барања, од кои 420 се прифатени, 2 одбиени поради нецелосни документи и 1 повлечено.Во текот на оваа недела ќе бидат изработени решенијата, по што ќе следува повратот на средствата во износ од 50 отсто од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3 000 денари, со вклучен персонален данок на доход.„Целта на овој проект е поттикнување на граѓаните што помасовно да го користат велосипедот како превозно средство, што ќе овозможи да се растовари сообраќајниот метеж, но и да придонесе за почист воздух и поздрава животна средина“, изјави градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин.

Скопје | пред 4 години

Нема фотографија

25-годишно момче од Тетовско, загина од удар од гром

Дваесет и петгодишно момче од тетовското село Долно Палиште синоќа загина од удар од гром, додека напасувало стадо овци.„Вчера (18 јули) во 19 часот и 25 минути во СВР Тетово било пријавено дека во месноста ‘Карабунар’, атар на тетовски Урвич, бил пронајден починат 25-годишниот Е.О. од тетовско Долно Палиште, кој бил усмртен од удар на гром“, информираа од полицијата.Смрт констатирал лекар по судска медицина, увид извршиле екипа од СВР Тетово и Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено на семејството.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Богдановиќ: Паднатото дрво на „Орце Николов“ покажа дека има болни дрвја

Денешната слика од паднатото дрво на улица „Орце Николов“ кај Соборниот храм во Општина Центар е само доказ за потенцијалната опасност од старите, болни и оштетени дрвја што може да предизвикаат последици и штети по граѓаните и учесниците во сообраќајот.„Паднатото дрво на ‘Орце Николов’ е доказ дека одредени дрвја претставуваат опасност и при мало невреме, како што се случи викендов во Скопје. Дрвото, кое навидум било здраво, очигледно имало оштетени корени и претставувало опасност како дрвјата за кои беше издадено решение за отстранување во втората фаза од реконструкцијата на ‘Орце Николов’. Акциите што ги спроведовме во изминатиот период за отстранување на осум дрва од оваа улица се само потврда дека нашите заложби се во интерес на жителите и нивната безбедност. Добро е што денешниот настан не го загрози животот на граѓаните и не е предизвикана материјална штета“, изјави Богдановиќ.Општина Центар останува на ставот дека старите дрвја треба да бидат отстранети во согласност со анализите на надлежните институции и да бидат заменети со нови висококвалитетни садници. Како локална самоуправа Општина Центар продолжува да работи посветено на зачувувањето на животната средина, одржувањето и обновувањето на јавното зеленило за зелен Центар.

Скопје | пред 4 години

w_56803994

Регистрирани 9 нови случаи на коронавирус

Во последните 24 часа се направени 1.973 тестирања, а регистрирани се 9 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 4, Тетово – 4 и Кичево – 1.Регистрирани сe 53 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 17, Тетово и Охрид – по 9, Кичево – 8, Битола, Прилеп и Кавадарци – по 2 и Куманово, Гостивар, Струмица и Дебар – по 1.Не се регистрирани починати пациенти.Направени се 1.973 теста преку: ИЈЗ – 117, ЦЈЗ Скопје – 0, ЦЈЗ Битола – 0, ЦЈЗ Прилеп – 0, ЦЈЗ Тетово – 0, ЦЈЗ Куманово – 0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 0, Судска медицина – 0, лабораторија во болницата во Козле – 0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ „8 Септември“ – 0, Институт за микробиологија – 0, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 77, „Авицена“ – 43, „Биотек“ – 72, „Систина“ – 60, лабораторија „Лаор“ – 0, „Синлаб“ – 0, „Ремедика“ – 0, „Плодност“ – 0, „Генеа“ – 0, „Никоб лаб“ – 426, „ВФВ медикал“ – 8, „Ели медика“ – 7, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.163.Досега во земјата се направени вкупно 932.513 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.931, бројката на оздравени пациенти е 150.223, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 221.Според епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови, Заболени(вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 68.759, Активни 85Куманово 8.891, Активни 13Прилеп 8.329, Активни 2Тетово 7.339, Активни 78Битола 6.310, Активни 2Велес 5.474, Активни 0Гостивар 5.196, Активни 14Кавадарци 5.155, Активни 0Охрид 5.023, Активни 4Штип 4.963, Активни 3Струмица 4.126, Активни 3Струга 2.985, Активни 4Кочани 2.793, Активни 1Кичево 2.603, Активни 6Гевгелија 2.196, Активни 1Неготино 2.184, Активни 0Свети Николе 1.525, Активни 1Ресен 1.234, Активни 0Крива Паланка 1.227, Активни 0Радовиш 1.161, Активни 0Берово 1.032, Активни 1Делчево 973, Активни 0Дебар 945, Активни 3Виница 886, Активни 0Пробиштип 789, Активни 0Валандово 667, Активни 0Богданци 494, Активни 0Крушево 490, Активни 0Демир Хисар 400, Активни 0Демир Капија 396, Активни 0Кратово 377, Активни 0Македонски Брод 359, Активни 0Пехчево 269, Активни 0Македонска Каменица 249, Активни 0Дојран 132, Активни 0фото: Архива

Македонија | пред 4 години

parking-mesta

(ФОТО) Се отстрануваат нелегално поставените препреки на јавни површини во Охрид

Се отстрануваат нелегално поставените препреки на јавни површини. Улиците се јавни површини, па неможе своја рака граѓаните да си зацртуваат паркинзи, пред објектите или пред живеалиштата.Општина Охрид на 2 јули објави апел до граѓаните кои узурпирале јавни површини сопственост на РСМ со поставување тврди сообраќајни препреки како што се рампи, синџири, „триаголници“ за забрането паркирање или други ознаки во најскоро време да ги отстранат истите.По апелот за кој охриѓани имаа доволно време да ги отстранат истите денеска екипи на надлежните служби на Општина Охрид, започнаа акција со која општината ги ослободува јавните површини.Од општината уште апелираат нелегалното поставување на сообраќајни препреки на јавни површини граѓаните да го пријават на адреса: inspektorat@ohrid.gov.mk

Актуелно | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања