Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

w_55971908

Комисијата за заразни болести одлучи, нема да има нови рестриктивни мерки

Утринава Комисијата за заштита на населението од заразни болести по разгледувањето на моменталната епидемиолошка состојба одлучи дека нема да има воведување на дополнителни рестриктивни мерки како заштита од коронавирусот во Македонија.Утринава по изложувањето на епидемиолошката состојба од страна на претседателот на Комисијата, доктор Жарко Караџовски, не се дискутирало за нови мерки и било заклучено дека главниот државен фокус треба да биде ставен на имунизацијата на населението.Значи и понатаму се дозволени свадби на отворено и затворено, а заштитна маска се носи само во затворени простории. Нема да се бара задолжителен ПЦР тест за сите што влегуваат во земјава од земји со висок ризик каде делта варијантата е рапидно распространета.Министерот за здравство, Венко Филипче пак, досега беше на став дека нема потреба од воведување на нови мерки, посочувајќи дека вакцинацијата е единствениот лек за пандемијата.

Македонија | пред 4 години

benzine

Од полноќ бензинот поскапува

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,04% во однос на Одлуката од 12.7.2021 година.Овој раст на цени на светските берзи го достигна нивото со кои се исполнија условите да се намали акцизата за 2,00 денар за литар за ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) согласно Уредбата со законска сила за дополнување на уредбата со законска сила за примена на законот за акцизите за време на вонредна состојба, велат од Регулаторна комисија.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денар/литар.Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 2,00 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 12.7.2021 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 61,00 ден/литар.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,299 ден/кг и сега ќе изнесува 38,018 ден/кг.Од 20.7.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 72,50 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 74,50 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 61,00 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 63,50 (денари/литар)Мазут М-1 НС 38,018 (денари/килограм) 

Македонија | пред 4 години

1-2-1

Поставени посебни контејнери за одлагање на органски отпад за време на Курбан Бајрам

И годинава, по повод празнувањето на верскиот празник Курбан Бајрам, ЈП „Комунална хигиена“ на повеќе локации во Скопје постави посебни контејнери во коишто граѓаните ќе можат да го одложат органскиот отпад.Во периодот од 19 до 21 јули ќе се постават 17 специјални садови наменети за одлагање на органскиот отпад.Град Скопје и ЈП „Комуналан хигиена“ апелираат до верниците својот органски отпад да го одлагаат исклучиво во поставените садови, затоа што неговото фрлање на јавни површини може сериозно да го загрози јавното здравје и да ја загади животната околина.Контејнерите за одлагање органски отпад ќе бидат поставени на следниве локации:1. Општина Шуто Оризари (автобуска станица на последна 19-ка; кај маркет Харбин; до подвозникот; во близина на Хамдипашината џамија; кај Спортскиот центар)2. Општина Бутел (во близина на џамијата Фетах Ефенди; во близина на џамијата Бедр - Бутел 1)3. Општина Гази Баба (во близина на џамијата Сингелиќ; стадион Гази Баба)4. Општина Чаир (поранешна локација на ЈПХКС; во близина на ресторанот Фа-Фа; во близина на новата џамија во Чаир; во близина на Теќето во Дуќанџик; кај поранешното седиште на Скопското муфтиство на Кале)5. Општина Сарај (кај старата општина Сарај; во близина на џамијата во средно Нерези)

Скопје | пред 4 години

sudenje-plazevi-vodno

„Плацеви на Водно“ се одложува: Одбраната бара да се преведат доказите

Денешното рочиште за предметот „Плацови на Водно“ на кое обвинетите требаше да се изјаснат дали се чувствуваат за виновни или не и одбраната да ги даде своите воведни зборови се одложи.Од Основниот кривичен суд во Скопје велат дека причините за одложувањето се што одбраната барала на македонски да се преведат доказите кои се доставени на англиски јазик и тоа што еден од адвокатите кој по службена должност е назначен за бранител и во ТНТ е зафатен со рочиште по тој предмет.Судењето треба да продолжи за точно еден месец – на 19 август.Обвинителката Лиле Стефанова најави голем број сведоци и докази за случајот „Плацови на Водно“, односно начинот на кој експремиерот Никола Груевски ги трошел парите наменети за партијата. На обвинителна клупа седнаа бизнисмените Јордан Камчев и Ненад Јосифовиќ, мајката на Камчев, Ратка Камчева, кумот од првиот брак на Груевски, Ристо Новачевски и ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков. 

Македонија | пред 4 години

koronasvadba

Денеска ќе заседава Комисијата за заразни болести - можни нови рестрикции!

Комисијата за заразни болести денеска ќе одржи состанок на кој ќе бидат изнесени нивните ставови и мислења врз основа на анализите кои ги прават.Властите уверуваат дека состојбата со коронавирусот е стабилна, но можно е денеска членовите на Комисијата за заразни болести да донесат одлука за забрана на веселби во затворен простор.По свадба и по семејна веселба во Тетово нагло порасна бројот на новозаразени.Ќе се разгледува можноста за позасилени контроли на границите, за воведување на мерка за влез во земјава само со негативен ПЦР тест или потврда за вакцинација.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Отстрането соборено дрво во паркот "Билјанини извори", после вчерашното невреме

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески на својот ФБ профил објави ЕКО ИНФО. Во објавата градоначалникот пишува:Отстрането соборено дрво во паркот "Билјанини извори", после вчерашното невреме;✅Чистење на несоодветно депониран зелен отпад кај "Сараиште";✅Чистење на дива и обрасната вегетација во кругот на поранешната Касарна;✅Двосменско чистење и одржување на плажите;✅Редовно подигање на отпад и метење на јавни површини.

Македонија | пред 4 години

skolo-3

МОН: Од септември првоодделенците ќе учат по нова наставна програма

Од септември првоодделенците ќе учат по нова наставна програма за што привршува подготовката на материјалите за учење. За предметот природни науки во тек е печатење на нов материјал на чија изработка работеа авторките: Билјана Лазареска, Биљана Стојановска, Соња Кирковска, и Нела Слезенкова Никовска.“Создадовме прекрасен материјал кој ќе биде интересен и возбудлив за учениците, бидејќи тие се најсреќни во училницата кога изведуваме експерименти и кога имаат пред себе наставен материјал кој е шаренолик и богат со илустации”, вели авторката Билјана Лазареска.Според Лазареска содржината на материјалот е разбирлива за учениците, а целта е преку активности и игри да се воведуваат во наставната материја и да ги разберат аспектите на родова еднаквост, интеркултурализмот, инклузијата, заштитата на животната средина, почитувањето, правата и слично.“Се надеваме дека овој учебник ќе овозможи еден поинаков пристап во наставата и ќе ги зголеми компетенциите на знаења, способности, вештини и ставовите. Ќе им овозможи на учениците учење со разбирање кое помага во развој на критичкото размислување и креативноста, што е и целта на самите реформски процеси”, вели Лазареска.Имплементацијата на новата Концепција, која МОН ја изработи во соработка со Бирото за развој на образование, стартува од новата учебна година во прво и четврто одделение за што се развиваат и изработуваат материјали за учење кои се целосно усогласени со новите наставни програми. Промените ќе се прават етапно, а целосната имплементација на реформата во деветолетката се очекува да заврши за 5-6 години.Новите материјали за учење се изработуваат во координација со БРО, а исто така материјалот го разгледува и рецензентска комисија и универзитетски професори, велат од министерството.

Македонија | пред 4 години

uploads_thumbs_resize_800x420_360322

Приведено лице поради кражба на пари од возило

На 18.07.2021 од полициски службеници од СВР Скопје лишен е од слобода Џ.Б.(48) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека околу 09.45 часот на ул.„Војдан Чернодрински“, на паркинг простор пред деловен субјект, извршил кражба на пари од товарно возило „мерцедес“, со кумановски регистарски ознаки, сопственост на З.М.(41) од с.Черкези, кумановско.Џ.Б. е приведен во Полициска станица Бит Пазар, кај него се пронајдени дел од одземените пари и вратени му се на З.М.. За настанот е известен дежурен Јавен обвинител и по документирање на материјалот ќе следува поднесок.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

И денеска променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, чести електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени. УВ=7.Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 30 степени.Во вторник ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Локален развој на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе има претежно во планинските подрачја. Од среда следува стабилизирање на времето.

Македонија | пред 4 години

zemjotres

Земјотрес со јачина од 3,5 степени во Албанија, почувствуван и во Македонија

Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала вчера ја погоди Албанија, а беше почувствуван и во југозападните делови од Македонија.Земјотресот се случил на 160 километри југозападно од Скопје, во 12 часот и 21 минута по полноќ.

Македонија | пред 4 години

goran-balev

Д-р Балевски: 5 лица побараа помош од ударот од гром - ниту едно лице не е хоспитализирано

Попладневното невреме ги вознамири Охриѓани и гостите. Посебно информациата дека гром удри на плажата „Оревче“ предизвика немир.Директорот на Општата болница од Охрид, д-р Горан Балевски за Скопје 1 вели по несреќата само 5 лица побарале помош во хируршкиот блок при Општата болница.„Пациентите кои побараа помош се со мали изгореници и се жалат на зуење во ушите. Истите ги прегледаа и соодветно згрижија дежурните доктори при општа болница поточно хирург и доктор од уво нос и грло. Пациентите се добро. Ниту едно лице не е хоспитализирано“, вели Балевски.Инаку денеска околу 15 часот Охридско - струшкиот регион го зафати силно невреме.  Слично време ќе преовладува до вторник.

Македонија | пред 4 години

orevce

По удар на гром на плажата „Оревче“ во Охрид, 13 лица побарале помош во болница

Денеска околу 15 часот на плажата „Оревче“ во Охрид од удар на гром повредени се вкупно 13 лица,  информираат од СВР Охрид.На лице место дошла и Брза помош, а пет лица се однесени во болница со полесни изгореници здобиени од ударот на гром, а останатите кои во болница отишле сами се пожалиле на претрпен страв, како и тахикардија, уплав и зуење во ушите. Најголем дел од нив се Битола и Ресен.

Македонија | пред 4 години

Foto-12

Претседателот Пендаровски и сопругата Ѓоргиевска присуствуваа на „Галичка свадба“

Претседателот Стево Пендаровски, заедно со сопругата, Елизабета Ѓоргиевска денеска присуствуваа на 47. издание на манифестацијата „Галичка свадба“, што се одржува под негово покровителство. За време на викендот, беа одржани традиционалните свадбарски обичаи и адети кои изобилуваат со автентични носии, изворни песни и ора, карактеристични за мијачкиот фолклор.[caption id="attachment_132245" align="alignnone" width="1024"]  [/caption]Честитајќи го склучувањето на бракот на годинашните младенци, Катерина Илиевска и Филип Бундовски, кој е по потекло од Галичник, претседателот Пендаровски и сопругата Ѓоргиевска им подарија „галичка пафта“ со мотив од галичка носија и им посакаа долговечен и хармоничен заеднички живот исполнет со многу љубов, здравје и среќа.[caption id="attachment_132244" align="alignnone" width="1013"]  [/caption]Манифестацијата „Галичка свадба“ со своето опстојување придонесува да се негуваат единствените свадбарски обичаи и ритуали, на жителите од овој крај, да се сочуваат изворните песни, ора, и надалеку познатата галичка носија изработена со филигрантска прецизност и точност на терзиите.[caption id="attachment_132242" align="alignnone" width="1024"]  [/caption]Oфицијалниот почеток на годинешната Галичка свадба беше означен вчера со поставување на свадбарското знаме и симболичниот чин на „фрлање три пушки“ од куќата на зетот, a свеченоста заврши денеска со испраќањето на тајфата Мајовци.

Македонија | пред 4 години

w_56089446

Регистрирани нови 21 случаи на Ковид -19, нема починати

Министерството за здравство информира, дека во последните 24 часа се направени 3.358 тестирања, а регистрирани се 21 нови случаи на Ковид-19: од Скопје – 13, Тетово – 5, Гостивар, Струмица и Дебар – по 1 лице.Регистрирани сe 2 оздравени пациенти од: Скопје – 2 лица.Не се регистрирани починати пациенти, соопшти министерството.Направени се 3.358 тестови преку: ИЈЗ-63, ЦЈЗ Скопје-36, ЦЈЗ Битола-60, ЦЈЗ Прилеп-56, ЦЈЗ Тетово–13, ЦЈЗ Куманово–26, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-4, Институт за микробиологија–16, Жан Митрев (Филип Втори)-65, Авицена-200, Биотек-144, Систина-51, лабораторија Лаор-238, Синлаб-3, Ремедика-14, Плодност–47, Генеа–3, Никоб лаб-707, ВФВ Медикал-14,Ели Медика-6, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.592.Досега во земјата се направени вкупно 930.540 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.922, бројката на оздравени пациенти е 150.170, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 265.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Скопје 68756, Активни 99Куманово 8890, Активни 13Прилеп 8329, Активни 4Тетово 7335, Активни 83Битола 6310, Активни 4Велес 5474, Активни 0Гостивар 5196, Активни 15Кавадарци 5155, Активни 2Охрид 5023, Активни 13Штип 4962, Активни 2Струмица 4126, Активни 4Струга 2985, Активни 4Кочани 2793, Активни 1Кичево 2602, Активни 13Гевгелија 2196, Активни 1Неготино 2184, Активни 0Свети Николе 1525, Активни 1Ресен 1234, Активни 0Крива Паланка 1227, Активни 0Радовиш 1162, Активни 1Берово 1032, Активни 1Делчево 973, Активни 0Дебар 945, Активни 4Виница 886, Активни 0Пробиштип 789, Активни 0Валандово 667, Активни 0Богданци 494, Активни 0Крушево 490, Активни 0Демир Хисар 400, Активни 0Демир Капија 396, Активни 0Кратово 377, Активни 0Македонски Брод 359, Активни 0Пехчево 269, Активни 0Македонска Каменица 249, Активни 0Дојран 132, Активни 0фото: Архива

Македонија | пред 4 години

Kadri-selman

Георгиески објави видео за Селман од DW: Ќе продолжиме да ги мотивираме и цени вредните работници

Кадри Селман со својата креативност и неуморна работа е една убава и позитивна приказна од нашиот Охрид.💚Секоја чест и почит!➡️Локалната самоуправа ќе продолжи да ги мотивира и цени ваквите вредни работници, напиша на својот Фб профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Видеото може да го погледнете на овој линк. 

Актуелно | пред 4 години

koronasvadba

Уапсени сопственици на кафеана поради свадба со 200 гости

Ноќеска полицијата уапсила тројца сопственици на кафеана во Тетово, бидејќи организирале свадба со околу 200 гости.Во угостителски објект во Тетово од полициски службеници уапсени били С.Т.(26), М.Г.(26) и Н.П.(26), сите од Тетово, сопственици на објектот.Тие постапувале спротивно на здравствените прописи за време на епидемија и во објектот организирале веселба со околу 200 гости, информираат од МВР.

Македонија | пред 4 години

uploads_thumbs_resize_800x420_360322

Приведено едно лице, пронајдено украдено возило

На 17.07.2021 по преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистички работи Ѓорче Петров приведен е Е.Х.(34) од Скопје, поради тоа што истиот ден од паркинг покрај пазарчето во Ѓорче Петров одзел патничко моторно возило „југо 45“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Т.П.(65) од Сарај.Возилото е пронајдено во с.Рашче и вратено на сопственикот и со ова е целосно расчистено кривично дело по член 242 од Кривичниот законик „одземање на моторно возило“. По документирање на случајот против Е.Х. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 4 години

ceca

(ВИДЕО) Документарецот за криминалното минато на „Светлана Ражнатовиќ – Српската мајка“ повторно достапен на Јутјуб!

Поради наметнатото вето од „Светлана Ражнатовиќ – Српската мајка“, ова не е интегрална верзија на емисијата за неа. И покрај некои „музички корекции“ кои ги направила продукцијата и музички делови кои се отстранети од видеото заради, нема да бидете во загуба – стои во новата објава на документарниот филм на Јутуб.Што се правела Цеца, од финансиски криминал, до насилства, и вмешаност во атентат на премиерот на Србија, како и богатството кое го стекнала и наследила од нејзиниот сопруг, воен злосторник Жељко Ражљатовиќ Аркан и привилегиите кои ги овозможила мафијата и криминалците, до наговорување на криминалците од Земунскиот Клан да го киднапираат сопственикот на ТВ Пинк Жељко Митровиќ.

Магазин | пред 4 години

pozar-strumica

(ФОТО) Голем пожар во Струмичко во фабрика за столови во Струмичко

Во 03:00 часот утринава во с.Ново село во Струмица интервенирала Протипожарната со 4 ПП возила и 10 пожарникари спасители. Тие гаснеле запалена пилана со погон за производство на столови.– Денес (недела) 18.07.2021 година во 03.00 часот во с.Ново Село, ТППЕ Струмица со 4 ПП возила и 10 пожарникари спасители интервенираше на гаснење на запалена пилана со погон за производство на столови. Пожарот е целосно локализиран и ликвидиран околу 06.00 часот. Причинета е голема материјална штета, пишува во Фејсбук статусот на Пожарникари – Струмица.

Македонија | пред 4 години

Islamisti-dzihadisti-islamska-drzava-ISIS-2

Македонската влада врати 4 борци на ИСИС и нивните семејства

Во текот на вчерашниот ден, на 17 јули 2021 година, во доцните вечерни часови, Владата на Република Северна Македонија, успешно го заврши процесот на репатријација на државјани на Република Северна Македонија од Сирија и Ирак за 4 мажи - странски терористички борци, 5 жени и 14 деца. Процесот е спроведен согласно обврските на Република Северна Македонија кои произлегуваат од меѓународното право, меѓународното право за човекови права, меѓународното хуманитарно право, стандардите и резолуциите на Советот за безбедност при Обединетите нации.Против четворицата странски терористички борци, по претходно обезбедени докази од страна на Министерството за внатрешни работи – Бирото за јавна безбедност, и во координација со Агенцијата за национална безбедност, поднесени се соодветни кривични пријави во согласност со националното законодавство. Поради нивна недостапност на органите на прогонот, за истите имаше распишано меѓународни потерници, а во нивно отсуство, определена е мерка притвор, со решение на надлежен суд.Репатрираните жени и деца ќе подлежат на четиринаесет дневен здравствен карантин на доброволна основа и неопходни лекарски прегледи, согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, со цел заштита на јавното здравје. Во наредниот период, надлежните служби ќе работат на обезбедување докази за можно учество во инкриминирани дејствија, за секој случај поединечно. Со исклучување на можноста за нивна вклученост во дејствија кои подлежат на казнено - правна одговорност, почитувајќи го во целост начелото на доброволност, ќе отпочне процесот на нивно рехабилитирање, ресоцијализирање и реинтегрирање во заедницата, односно во општеството.Сите мерки и активности кои се преземаат од страна на институциите се базираат на обврските од Националниот план и процедурите за реинтеграција, ресоцијализација и рехабилитација на повратници од странски војски и членови на нивните семејства, усвоени од страна на Владата на Република Северна Македонија, а за чија координација и имплементација е надлежна Канцеларијата на Националниот координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам.Република Северна Македонија, како членка на НАТО и Глобалната коалиција за борба против ИСИС, во соработка со нашиот стратешки партнер САД, останува посветена во примената на највисоките стандарди во борбата против насилниот екстремизам и тероризмот, со цел осигурување на безбедност, сигурност, стабилност и просперитет на највисоко ниво за граѓаните на нашата земја и пошироко во регионот.

Македонија | пред 4 години

bojan-stojanoski

Стојаноски: Ниту еден од амандманите кој се за суштинските проблеми на граѓаните на Ѓорче Петров не е прифатен

Заврши амандманската расправа за предлог ребалансот на буџетот за 2021 година.Поднесов неколку амандмани со суштински проблеми на граѓаните на Ѓорче Петров, кои без исклучок ги ветуваше и СДСМ во нивните програми.Ниту еден не ми беше прифатен.СДСМ се грижи за граѓаните само пред избори, напиша на својот ФБ профил Бојан Стојаноски Пратеник во собранието и Претседател на Општински Комитет на ВМРО - ДПМНЕ Ѓорче Петров.📌 Средства во висина од 33.000.000 денари за нова сала за гимнастика "Партизан" во Ѓорче Петров, на местото на постоечката, бидејќи старата сала за гимнастика е во многу лоша состојба, при што постои реална можност да се наруши здравјето на гимнастичарите и вежбачите.📌 Да се обезбедат средства за изградба на тениско игралиште во ООУ„Димитар Поп Георгиев-Беровски“ во општина Ѓорче Петров;📌 Средства во висина од 20.000.000 денари за изградба на нова училишна спортска сала во ООУ „Димитар Поп Георгиев-Беровски“, подрачно училиште во населено место Хром, општина Ѓорче Петров;📌 Средства во висина од 300.000.000 денари за изградба на нова детска градинка во населено место Ново Село и Дексион;📌 Средства во висина од 188.000.000 за изградба на нов мост на реката Вардар и поврзување на населено место Даме Груев, општина Ѓорче Петров со булеварот Илинден;📌 Средства во висина од 25.000.000 денари за изградба на нов објект на СУГС Кочо Рацин, во општина Ѓорче Петров, како би се обезбедиле нормални услови за одржување на настава;📌 Средства во висина од 400.000.000 денари за изградба на уште една Регионална депонија во Скопје, како би се намалило енормното загадување на почвата и амбиенталниот воздух во Скопскиот регион. На тој начин би се решил постојаниот проблем со депонијата во населеното место Ново Село, во општина Ѓорче Петров и Скопскиот регион;📌 Средства во висина од 100.000.000 денари за уредување на кејот и речното корито на реката Лепенец во регионот на општината Ѓорче Петров;📌 Средства во висина од 50.000.000 денари за изградба на фекална канализација во населено место Волково и Орман, во општина Ѓорче Петров.ВМРО - ДПМНЕ заедно со граѓаните ќе најде начин да ги реши овие проблеми.Од октомври новата локална власт предводена од ВМРО - ДПМНЕ ќе понуди нов, модерен, урбан концепт кој ќе ги реши сите клучни проблеми на граѓаните.

Македонија | пред 4 години

avtobus-izletan

Македонски автобус излетал од патот кај Нова Градишка на враќање од Германија

Автобус на ЕуроБус од Струга, кој патувал од Германија кон Македонија, утрово на автопат во близина на Нова Градишка, Хрватcка излетал од патот, пренесува ТВ Шења.Неофицијално телевизијата дознава дека возачот најверојатно заспал.Според информациите, од судирот, некои патници се здобиле со полесни телесни повреди, додека автобусот е сериозно оштетен.фото: newz24live.com 

Македонија | пред 4 години

paraglajder

Параглајдерист повреден во Крушево – итно пренесен во болницата во Прилеп

41-годишен жител на Швајцарија се здобил со повреди при пад со параглајдер во околината на прилепско.Полицијата соопшти дека вчера во 16.08 часот во СВР Битола било пријавено дека во Клиничка болница Битола за укажување на лекарска помош бил донесен со телесни повреди А.М.(41) од Швајцарија.Тој бил со престој во Крушево, а паднал со параглајдер на местото викано „Рибник“, во атарот на с.Новоселани, прилепско.

Македонија | пред 4 години

dik

Компанијата „Дермалог“ е избрана за набавка на терминали за отпечатоци од прсти, трае постапката за жалби

Државната изборна комисија (ДИК) ја избра германската компанија Дермалог на тендерот за набавка на техничката опрема за спроведување на локалните избори со отпечаток од прст. Претседателот на Комисијата, Александар Даштевски денеска на прес-конференција соопшти дека таа компанија имала најдобра понуда, ги исполнила условите и дека имала најдобри апарати.– Вчера беше избрана компанија која ќе ја обезбеди техничката опрема за спроведување на изборите со отпечаток на прст. На 1 јули заврши постапката по јавната набавка за биометриска индентификација на гласачите со отпечатоци од прст и се пријавија четири компании. Евалуацијата на компаниите заврши вчера и по завршување на постапката Комисијата за јавни набавки ми предложи една компанија за која донесов одлука да биде избрана, информираше Даштевски.Одлуката, како што кажа, е ставена на веб-страната на Бирото за јавни набавки.Рокот за достава на техничката опрема, како што информираше Даштевски е 60 дена.-Испораката ќе биде на два пати. Првиот пат ќе биде околу пет отсто, некаде околу 200 апарати и ќе биде извршена обуката. И после тоа о статокот само да се наполни, за што ќе треба неколку дена, рече Даштевски.Локалните избори во земјата е предвидено да се одржат во втората половина на октомври.

Македонија | пред 4 години

w_56803994

Денеска регистрирани нови 19 лица заразени со коронавирус, починати нема

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.667 тестирања, а регистрирани се 19 нови случаи на Ковид-19 од кои 8 во Скопје, 5 во Тетово, два во Куманово и по еден во Гостивар, Кочани, Гевгелија и Дебар.Регистрирани сe 9 оздравени пациенти петмина од Тетово и четворица од Скопје.Во изминатите 24 часа не се регистрирани починати пациенти.Направените 3.667 тестови се преку ИЈЗ-93, ЦЈЗ Скопје-27, ЦЈЗ Битола-46, ЦЈЗ Прилеп-45, ЦЈЗ Тетово–17, ЦЈЗ Куманово–29, Судска медицина-5, ГОБ 8-ми Септември-9, Институт за микробиологија–10, Жан Митрев (Филип Втори)-89, Авицена-189, Биотек-153, Систина-103, лабораторија Лаор-196, Синлаб-38, Ремедика-11, Плодност–40, Генеа–8, Никоб лаб-730, ВФВ Медикал-13, Ели Медика-12, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.804.Досега во земјата се направени вкупно 927.182 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 155.901, бројката на оздравени пациенти е 150.168, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 246.Според епидемиолошките анализи во моментот, дистрибуцијата по градови е следна:Скопје 68743, Активни 88Куманово 8890, Активни 13Прилеп 8329, Активни 4Тетово 7330, Активни 78Битола 6310, Активни 4Велес 5474, Активни 0Гостивар 5195, Активни 14Кавадарци 5155, Активни 2Охрид 5023, Активни 13Штип 4962, Активни 2Струмица 4125, Активни 3Струга 2985, Активни 4Кочани 2793, Активни 1Кичево 2602, Активни 13Гевгелија 2196, Активни 1Неготино 2184, Активни 0Свети Николе 1525, Активни 1Ресен 1234, Активни 0Крива Паланка 1227, Активни 0Радовиш 1162, Активни 1Берово 1032, Активни 1Делчево 973, Активни 0Дебар 944, Активни 3Виница 886, Активни 0Пробиштип 789, Активни 0Валандово 667, Активни 0Богданци 494, Активни 0Крушево 490, Активни 0Демир Хисар 400, Активни 0Демир Капија 396, Активни 0Кратово 377, Активни 0Македонски Брод 359, Активни 0Пехчево 269, Активни 0Македонска Каменица 249, Активни 0Дојран 132, Активни 0фото: Архива

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања