Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

apasiev

Апасиев: БЕСА има моќ да ја собори Владата на Заев! За да го избегне тоа, Заев го пушта контроверзниот Закон за државјанства со "европско знаменце"

БЕСА има моќ да ја собори Владата на Заев!За да го избегне тоа, Заев го пушта контроверзниот Закон за државјанства со "европско знаменце". Така ги купува Алијанса и Алтернатива - како бекап варијанта, во случај на гласање недоверба на Влада, напиша на својот ФБ профил пратеникот од Левица, Димитар Апасиев.Апасиев во објавата додава:Цената на тоа е нов етно-инженеринг и промена на демографската слика, преку нов процес на косоваризација на Македонија (и фалсификување на Пописот)! Ама, нема цена што зоти Заев не е спремен да ја плати за да се одржи на власт.p.s. Интересен ќе биде ставот по ова прашање на "граџанскиот центар" на ДОМ, ЛДП и ДС. Дали тие ќе го голтнат овој најнов антидржавен етношовинизам на СДС+ААА?p.p.s. А каде е ДПМНЕ у приказнава!? Е каде е де?

Македонија | пред 4 години

lisici

Тигрите апсеа во Дебар Маало - приведени 6 лица, одземени кокаин и оружје

На 16.07.2021 околу 23.30 часот полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција и САЕ „Тигар“, при преземени заеднички мерки и активности на подрачјето на Дебар Маало, пред угостителски објект ги лишиле од слобода Г.П.(34), Н.С.(35), двајцата од Скопје, бидејќи при преглед извршен кај нив биле пронајдени и одземени две ќеси со кокаин, наменет за продажба.На ул.„Боемска“ бил лишен од слобода и С.Г.(25) од Скопје, кој управувал патничко возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, затоа што при преглед и кај него е пронајден кокаин, а поради управување на возило под дејство на алкохол и наркотични супстанци, тој бил исклучен од сообраќај и изречена му е соодветна санкција.На истата улица се лишени од слобода и А.А.(24), Б.И.(20) и О.А.(23), сите од Скопје, кои се превезувале со патничко возило „БМВ“, со скопски регистарски ознаки, бидејќи при преглед биле пронајдени нож и дрвена палка. И кај нив биле констатирани сообраќајни прекршоци, кои биле соодветно санкционирани. Лицата се приведени и предадени на Полициска станица Центар и по документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Скопје | пред 4 години

Нема фотографија

Приведена гостиварка, пронајден кокаин

На 16.07.2021 во 21.30 часот од полициски службеници од СВР Тетово – ОВР Гостивар лишена е од слобода М.И.(27) од гостиварски Вруток, бидејќи при преглед кај неа, на ул.„Гоце Делчев“ во Гостивар, бил пронајден и одземен кокаин.Таа е приведена во полициска станица и по документирање на случајот, против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 4 години

20160610145505-1024x502

Откако Пендаровски го потпиша законот за стратешки инвеститор, од ДКСК велат дека ќе го оспорат пред Уставниот суд

Од Кабинетот на Претседателот вчера соопштија дека Пендаровски го потпиша Указот за прогласување на Законот за утврдување јавен интерес и номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и коридорот 10 Д (делница на автопатот Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија.– Законот е донесен со потребното мнозинство и притоа ниту еден пратеник или пратеничка група не гласале против. Сите институции и поединци кои имаат сомневања во однос на уставноста на Законот, можат да се обратат до Уставниот суд кој е единствена надлежна институција за оценка на уставноста на законите и другите општи акти, наведува Кабинетот на Пендаровски во соопштението.Претходно, претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Билјана Ивановска на прес-конференција информираше дека по извршена антикорупциска проверка, е утврдено дека овој закон, како целина претставува висок ризик фактор за корупција и судир на интереси и во суштина го суспендира правниот систем во државата, исклучувајќи примена на други закони во целост или делумно. Донесениот закон и примената на одредбите на законот во пракса, според антикорупционерите, ќе значи кршење на начелата врз кои се темели борбата против корупцијата и судирот на интереси.Како што најави Ивановска, ДКСК ќе бара од претседателот Пендаровски да не го потпише Указот, а доколку го потпише ќе биде даден на Уставен суд. Ќе ги користат, најави, сите алатки што се овозможени во системот да ги употребат во вакви случаи и нема да се откажат.

Македонија | пред 4 години

Bitcoin-Gold

Приведен скопјанец кој копал биткоини, одземени 7 мајнери за криптовалути

На 16.07.2021 во 14.30 часот од полициски службеници од Единица за внатрешни работи Ѓорче Петров на подрачјето на Ѓорче Петров е лишен од слобода В.П.(37), поради постеоње основи на сомнение за сторени кривични дела по чл. 235 и 236 од Кривичниот законик.При претрес извршен кај него, било констатирано дека врши кражба на струја, при што биле пронајдени и одземени 7 компјутери ‘мајнери’ за копање на криптовалути. Лицето е приведено, а по документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 4 години

ohrid-okreg

(ФОТО) Еко инфо за изминатите 24 часа за Охрид

Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески на својот ФБ профил објави како што пишува - ЕКО ИНФО-Чистење на окрек и алга на пристаниште и кеј "Македонија";-Подигање на градежен шут и кабаст отпад од неколку локации;-Обновување на цветни жардињери на булевар "Туристичка";-Тековно метење на тротоари;-Косење на обраснато зеленило на булевар "Туристичка" и кај спортско игралиште "Стобекс".

Актуелно | пред 4 години

struja

Молкот на Заев значи согласност со изјавата на коалицискиот партнер Морачанин дека струјата треба да поскапи, велат од ВМРО ДПМНЕ

Два дена реакции во јавноста за изјавата на коалициската пратеничка на Заев, Морачанин, дека цената на струјата требало да биде поскапа. Заев никаде го нема да им објасни на граѓаните дали се согласува дека народот треба да плаќа уште поскапа електрична енергија. Попусти се фалбите на СДСМ дека граѓаните нема да плаќаат поскапа електрична енергија, со намалувањето на ДДВ-то, кое по вина на власта се одолговлекуваше во Собранието. Граѓаните не треба да бидат излажани, законското решение е до крајот на годината, а со неспособното владеење на СДСМ народот го очекува ценовен шок, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Во продолжение на истото се додава:Храната е поскапа, инфлацијата е во подем, горивата се поскапени за 14 денари, сметките на граѓаните растат, платите не се доволни за нормална живеачка, а Заев без мака воведува и нови давачки, затоа што ја задолжи државата за дополнителни 2.4 милијарди евра, а тендерите во четири очи го испразнија Буџетот.Јавноста реагира за поскапата електрична енергија, а експертите предупредуваат дека со затворањето на РЕК Битола и недоволните производни капацитети, власта која појма нема од менаџирање со државните ресурси се обидува да го осуди овој народ да плаќа даноци, нови покачувања и измислени нови давачки.ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи оваа тажна реалност во која живее македонскиот граѓанин да продолжи. Со новиот концепт „Македонија за сите луѓе“ знаеме како и ќе се погрижиме да се продолжи животот на термоелектраните, што само по себе ќе обезбеди поголемо производство на електрична енергија која ќе биде поевтина за сите домаќинства.Власта не е способна на граѓаните да им обезбеди поевтина електрична енергија, но ВМРО-ДПМНЕ не само што ќе ја намали цената на чинење на струјата, туку и ќе обезбеди парите од покачената акциза да се вратат кај граѓаните.Време е да престане грабежот врз народот кој го прави Заев четири години, време е за Македонија за сите луѓе.

Македонија | пред 4 години

dete-siluvanje

Поведена постапка за гостиварец кој извршил обљуба на дете на возраст од 12 години - крвен сродник во права линија дете на возраст од 12 години

Основното јавно обвинителство – Гостивар донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Родосквернавење од член 194 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот на 15 јули 2021 година, околу 14:30 часот извршил обљуба со крвен сродник во права линија, дете на возраст од 12 години. Осомничениот ја пресретнал оштетената на пат и послужувајќи се со лага ја насочил да се движи кон блиската продавница. По патот, во близина на стадион, тој започнал да ја влече оштетената за рака и насилно ја внел во тоалетите на објектот, каде преземал дејствија со кои го извршил кривичното дело.Поради тежината на стореното кривично дело за кое е запретена казна затвор од најмалку 10 години, како и околности кои укажуваат на опасност од бегство, страв дека осомничениот ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоци, како и особени околности што го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело, обвинителството до надлежниот суд достави Предлог за определување на мерка притвор за осомниченото лице.Предлогот на обвинителството е прифатен и Основниот суд Гостивар со Решение на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

(ФОТО) Георгиески: Екипите на ЈП "Охридски Комуналец" непрекинато спроведуваат интензивни активности за чистење и уредување на јавните површини

Екипите на ЈП "Охридски Комуналец" непрекинато спроведуваат интензивни активности за чистење и уредување на јавните површини. Деновиве се изврши:➡️Косење и хортикултурно уредување на зеленилото во градскиот парк и на булевар "Туристичка";➡️Кастрење на обраснатото зеленило на патниот правец од Охрид до Лакочереј преку село Орман;➡️Чистење на дива депонија од кабаст отпад во село Трпејца;➡️Чистење на дива депонија во населба Воска;➡️Секојдневно одржување на јавната чистота на крајбрежниот појас од Охридското Езеро во две смени на потегот:▪️Плажа Горица 3;▪️Плажа Свети Стефан;▪️Плажи од Лагадин до камп Елешец;▪️Плажа Грашница;▪️Плажа село Пештани.➡️Секојдневно одржување на јавната чистота на локациите каде се изведува програмата на фестивалот "Охридско лето".

Македонија | пред 4 години

spasuvaci

(ФОТО) Георгиески: Тимови на спасители на вода од охридскиот Црвен Крст се ангажирани за безбедност на капачите и посетителите на сите плажите

Тимови на спасители на вода од охридскиот Црвен Крст се ангажирани за безбедност на капачите и посетителите на сите охридски плажи кои Општина Охрид ги уреди за слободно за користење.🏖️Почнувајќи од 13 јули тимовите на спасители секојдневно, во периодот од 11 до 19 часот вршат патролни обиколки со спасителен чамец на вода, со велосипеди или пеш на плажите во:➡️"Горица 3",➡️"Свети Стефан",➡️"Лагадин",➡️"Елешец", напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.📢Општина Охрид и Црвен Крст апелираат до сите посетители, корисници на капалиштата, до издавачите на пловни реквизити (педалинки, кајаци и сл.) да се придржуваат на препораките и мерките за безбедно одвивање на капење, спорт и рекреација.

Актуелно | пред 4 години

evra-falsifikat

Кривична пријава против две лица од Скопје и Валандово поради лихварство

Единицата за економски и компјутерски криминал до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против В.М.(45) од Валандово и А.М. од Скопје, поради основано сомнение дека сториле кривично дело „лихварство“, предвидено и казниво по чл. 260 од Кривичниот законик.Имено, второпријавениот, во својство на вработен во правно лице од Скопје, во периодот од 2018-2020 година во име и за сметка на подружницата на заложна куќа, иако знаел и бил свесен дека подружницата нема овластување за давање на пари на заем, бидејќи не поседува дозвола за овластување за кредитно посредување, на веб страна за купопродажба, во име на подружницата, поставил оглас за давање на заем на парични средства по различни основи, а како контакт го оставил својот телефонски број.Тој прво усмено договорил давање на позајмица на оштетените Д.Ј., Д.С., М.С., П.Р. и С.Р., а потоа и ги навел кон склучување на писмени договори со првопријавената, во својство на овластено лице за подружницата.Првопријавената, иако знаела дека правното лице не поседува такви овластувања, склучила договори за заем на парични средства со засновање на заложно право врз недвижен имот (хипотека) и анекси на договорите со оштетените. Имено, В.М. за дадените заеми во вкупен износ од 3.413.180 денари или 55.278 евра, на оштетените им пресметала паричен износ кој требало да биде вратен во висина од 5.571.579 денари или 90.155 евра, иако требала да им пресмета максимален паричен износ кој треба да го вратат од 4.282.060 денари, односно 69.289 евра.Со преземените дејствија таа, како заемодавач, пресметала камата во висина од 2.155.398 денари, односно 34.877 евра, иако максималната камата која можела да биде пресметана согласно највисоката законска казнена каматна стапка можело да изнесува 865.879 денари или 14.011 евра, со што се стекнала со несразмерна имотна корист во вкупен износ од 1.288.962 денари или 20.857 евра.

Македонија | пред 4 години

gruevski

Груевски: Ниту сум купувал, ниту сум продавал станови или земјишта, сѐ е валкана конструкција

Уште еднаш повторувам дека ниту сум купувал, ниту продавал земјишта или станови. Ниту сум зел пари од партијата за тоа. Сè е лага и валкана конструкција, тврди експремиерот Никола Груевски, азилант во Будимпешта, откако пет лица денеска седнаа во обвинителна клупа поради сомневања дека му помагале да купи земјиште на Водно од над 11 илјади квадратни метри.Освен Груевски, обвинети се бизнисмените Јордан Камчев и Ненад Јосифовиќ, мајката на Камчев, Ратка Камчева, кумот од првиот брак на Груевски, Ристо Новачевски и ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков. На Груевски, бидејќи е недостапен за органите на прогонот, денеска кривичниот суд одлучи да му се суди во отсуство.За случајот Груевски тврди дека е „театарска престава во режија на Зоран Заев а во изведба на обвинителството во кое самиот нарачува случаи и издава инструкции за оние кои ги одбрал да се пресметува со нив“. Според него, станува збор за „претстава темпирана да го сврти вниманието во предизборниот период“.„Се прашувам како тоа сум перел пари и сум го зголемил имотот кога и самите сведоци и лица кои давале изјави, колку и да биле притиснати и под тешки закани, дале изјава во обвинителството дека пред 10-11 години наводно некое трето лице им рекло да купат стан или земјишта кои тие ги купиле со свои пари и никогаш никој не им дал пари за истото. Таков е случајот со земјиште купено на јавна лицитација од некоја фирма во големина ако добро разбрав околу 2.400 мкв на Водно, еден стан од 60-тина метри квадратни и многу слично е со земјиште во Крушево кое било купено на јавна лицитација во вредност од 40.000 денари. Па така, и денес тој стан и тие земјишта се нивни имот, на оние што ги купиле, за кои дале свои пари и не примиле пари ниту од мене ниту од кој било, како што кажале во обвинителството.Чиј имот во овие случаи сака да запленува обвинителството? Имот кој ниту сум го купил, ниту платил како што тврдат самите оние кои давале изјави во обвинителството под големи притисоци да кажат дека претпоставуваат дека тие требало да бидат мои. Како тоа сум испрал пари ако никому не сум дал пари и никој не зел пари во овие случаи ниту од мене, ниту од некој друг? Како сум го зголемил имотот ако не сум купил имот? Ако и по 10 или 11 години подоцна тој имот си е на име на тие луѓе кои го купиле со нивни пари како што самите се изјасниле во обвинителството“, тврди Груевски преку статус на „Фејсбук“.Сепак, тој вели дека нема да дојде во судница за да го докаже ова.„Но ќе кажам, жалам што на моја кожа ја осетив репресијата на власта, како многу пати во историјата кога се судело на личности, меѓу кои и јас се препознавам, заради политички потреби, во случајот на Зоран Заев. Јас знам дека на овој човек му е потребен и овој случај за да приредува забава во која се игра со човечки судбини“, тврди тој.Според обвинението, Груевски е обвинет за делата „перење пари и за противправно стекнување и прикривање имот“. Неговиот кум Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ, Јордан (Орце) Камчев и Ратка Куновска-Камчева се товарат за „перење пари“, а првиот братучед на Груевски и поранешен директор на УБК Сашо Мијалков е обвинет за „помагање при кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело“.Според обвинението, Груевски, во периодот од 2006 до 2012 година, како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, дел од парите што биле давани како донации за финансирање на партијата не ги прикажал како примени донации, туку ги присвоил за себе. Станува збор за 1,3 милиони евра.Во средината на 2012, според обвинението, тој дознава дека физички лица кои се иселени од државата преку посредници продаваат земјиште од околу 11.000 квадратни метри на Водно и бара од Мијалков да му помогне да го купи ова земјиште, ама да се прикрие изворот на парите. Мијалков стапува во контакт со обвинетиот Ненад Јосифовиќ, кој бил сопственик на веќе регистрирана офшор фирма во Белизе, и се договорил оваа фирма да биде основач на домашна фирма која ќе биде употребена за да се купи земјиштето. На домашната фирма управител станува Ристо Новачевски, кум од првиот брак на Груевски.Откако била постигната согласност за купопродажната цена, според обвинението, во повеќе наврати на девизната сметка на скопската фирма, преку сметката на фирмата од Белизе парите се пуштаат во оптек, а Новачевски во својство на управител на фирмата со сопствениците на земјиштето потпишува договор за купопродажба за купување на шума со површина од 11.255 квадратни метри и за тоа плаќа 1,2 милиони евра.Во 2015 година се менува ГУП на Град Скопје – овие парцели се пренаменуваат во градежни, а и уделот на фирмата од Белизе се пренесува на име на Јордан Камчев и неговата мајка Ратка Камчева, а плацовите се делат на три дела.Освен ова, Груевски, според обвинението, како службено лице со намера да го прикрие имотот со кој се стекнал додека вршел државна функција, а кој ги надминува неговите приходи пријавени во анкетниот лист, дал непотполни податоци за недвижниот имот што го поседува, а фиктивно се водел на обвинетиот Новачевски. Па така, тој во анкетниот лист за имотната состојба не пријавил два стана во Скопје со површина од 38 и од 57 квадратни метри, градежно земјиште во Центар во Скопје со површина од 2.729 квадратни метри и две градежни парцели во Крушево.

Македонија | пред 4 години

D41-ZjHXoAAWYe3

Стефанова: Сите обвинети да бидат прогласени за виновни,имотот на Груевски да биде конфискуван

Во воведниот збор на обвинителката Лиле Стефанова за “Плацевите на Водно”, таа откри дека екс премиерот Никола Груевски на плацот на Водно сакал да гради куќа во барок, објави Фокус.мк.-Овој предмет можеби никогаш да не беше отворен, доколку не беа “бомбите”, кои беа и јавно објавени. Груевски беше премиер повеќе од 10 години. Во целиот овој период негуваше имиџ на лице кое е безимотно, живее во станот на својата мајка, нема возило и има само заштеда од плата. Е содржините од овие разговори, како основи на сомнение, упатуваа на сосема на друга слика и фактичка состојба. Тој поседува имот кој за својот мандат го стекнувал, но го запишувал на други имиња. Ова ќе го докажам со сослушување на сведоци кои купувале имот на име на фирми, специјално за таа намена.Ќе докажам дека во зградата во која живеел купил стан и го запишал на име на сведок кој ќе биде сослушан. Во 2009 го купил и четвртиот стан од истата зграда и го запишал на име на фирма. Во доказната постапка ќе изведеме материјални докази, од кои судот ќе се убеди дека Груевски во 2009 година за себе обезбедил плац од 2.700 метри квадратни, до резиденцијата на Вилма Трајковска. Ќе ги презентираме и проектите за куќата, која секако е во барокен стил, а требало да биде изградена. Обезбедил и два плаца во Крушево. Влијаел да се изменат закони, за да може да се продаваат шуми и земјоделско земјиште за да се градат викендици. Овие плацеви биле на име на неговиот кум, Ристо Новачевски, истакна обвинителката Лиле Стефанова.извор: Фокус.мк.

Македонија | пред 4 години

w_56089446

Регистрирани 18 нови случаи на коронавирус, нема починати лица

Во последните 24 часа се направени 3.470 тестирања, а регистрирани се 18 нови случаи на Ковид-19: Тетово – 8, Скопје – 4, Гостивар и Охрид – по 2, Радовиш и Дебар – по 1.Регистрирани сe 5 оздравени пациенти од: Тетово – 3, Скопје – 2.Не се регистрирани починати пациенти.Направени се 3.470 тестови преку: ИЈЗ-99, ЦЈЗ Скопје-37, ЦЈЗ Битола-31, ЦЈЗ Прилеп-37, ЦЈЗ Тетово–20, ЦЈЗ Куманово–17, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-6, Институт за микробиологија–16, Жан Митрев (Филип Втори)-75, Авицена-247, Биотек-193, Систина-60, лабораторија Лаор-148, Синлаб-19, Ремедика-7, Плодност–39, Генеа–4, Никоб лаб-747, ВФВ Медикал-30,Ели Медика-3, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.633.Досега во земјата се направени вкупно 923.515 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.882, бројката на оздравени пациенти е 150.159, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 236.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 68737, Активни 86Куманово 8888, Активни 11Прилеп 8329, Активни 4Тетово 7325, Активни 78Битола 6310, Активни 4Велес 5474, Активни 0Гостивар 5194, Активни 13Кавадарци 5155, Активни 2Охрид 5023, Активни 13Штип 4962, Активни 2Струмица 4123, Активни 1Струга 2985, Активни 4Кочани 2792, Активни 0Кичево 2602, Активни 13Гевгелија 2195, Активни 0Неготино 2184, Активни 0Свети Николе 1525, Активни 1Ресен 1234, Активни 0Крива Паланка 1227, Активни 0Радовиш 1162, Активни 1Берово 1032, Активни 1Делчево 973, Активни 0Дебар 943, Активни 2Виница 886, Активни 0Пробиштип 789, Активни 0Валандово 667, Активни 0Богданци 494, Активни 0Крушево 490, Активни 0Демир Хисар 400, Активни 0Демир Капија 396, Активни 0Кратово 377, Активни 0Македонски Брод 359, Активни 0Пехчево 269, Активни 0Македонска Каменица 249, Активни 0Дојран 132, Активни 0фото: Архива

Македонија | пред 4 години

cingo

(ВИДЕО) Ексклузивно: Познато зад кого ќе стои Црвенковски на локалните избори

Независната кандидатска листа за локалните избори „ОХРИД ПРЕД СЕ“, официјално започна со работа на 19.05.2021год. Тие како што велат од Иницијативниот одбор, основната цел на оваа граѓанска иницијатива останува активното и масовно учество на граѓаните, со тоа што нивните  предлози се дел од изборната програма за персонализација на изборната листа. Основна цел како што велат е Советот на општината да го претворат во место каде граѓаните реално ќе ги решаваат своите локални проблеми и совет кој нема да биде продолжена рака на градоначалникот и партијата на власт.На шпекулациите од јавноста изминатиов период дали поранешниот Претседател Бранко Црвенковски застана зад независната листа  „ОХРИД ПРЕД СЕ“, адвокатот Владо Чингоски признава:„Ќе бидам искрен. На почетокот беше само наша иницијатива, која потекна од поединци, за да може целосно да функционира советот, да го вратиме дигнитетот на Советот. После извесно време имавме и некои контакти од други политичари, не конкретно со господинот Црвенковски, кои ни ја дадоа поддршката, за на крај да имаме поддршка и од екс претседателот Бранко Црвенковски.Но таа поддршка е во рамките на неговите можности, повеќе е вербална, отколку било каква друга. Јас имав една средба со господинот Црвенковски, кога му ја образложив нашата програма. Разговаравме многу, особено околу работата на локалната самоуправа. Му објаснивме се и ја имаме неговата поддршка. Ова е вербална поддршка, но нас ни значи многу. Не само неговото име со кое застана зад оваа иницијатива, туку и од многу други политичари. Поддршка добивме затоа што објаснавме дека не сме за задоволување на лични интереси, туку бараме луѓе кои ќе го претставуваат Охрид“, вели Чингоски.

Македонија | пред 4 години

venko-filipce-5

„Твитер“ го блокира профилот на Филипче, од МЗ објаснуваат -погрешен код за верификација го ограничи твитер профилот

Утрово „Твитер“ го блокира официјалниот профил на министерот за здравство на Венко Филипче. Објаснување даде од Министерството за здравство.„Твитер профилот на министерот за здравство д-р Венко Филипче, утрово беше ставен на рестрикција од страна на „Твитер“, од причина што ненамерно при логирање беше внесен погрешен код за верификација. Оваа активност за социјалниот медиум беше причина истиот да го ограничи профилот, се работи на надминување на проблемот“,се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Случај „Планина“ – Обвинетите од Грчец признаа вина

По донесената наредба за спроведување на истражна постапка, седуммина припадници на т.н. група од Гази Баба, осомничени во предметот „Планина“, откако беа запознаени со доказите што Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ги прибави во текот на спроведувањето на предистражната и истражната постапка, го признаа извршувањето на кривичното дело за кое се товарат. Врз основа на признание на вина, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција склучи Предлог -спогодби со осомничените. Судијата на претходна постапка при Основиот кривичен суд – Скопје ги прифати Предлог – спогодбите и ги огласи за виновни за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори сите седум обвинети. Со пресуда на обвинетите им е изречена казна затвор во која се пресметува и времето поминато во притвор и тоа:-на осомничените А.Р. (31) и Е.С.(25) во траење од четири години и шест месеци;-на осомничениот А.И.(20) во траење од четири години и-на осомничените С.И. (22), А.К.Б.(19), Ф.А.(20) и Р.И.(21) во траење од три години.Во периодот од месец март 2020 година до месец март 2021 година сега осудените како повеќе лица, со умисла, се здружиле за вршење на кривични дела со преземање на временски меѓусебно поврзани дејствија. Искористувајќи исти прилики и други слични околности тие повеќекратно неовластено набавувале, држеле и продавале наркотична дрога и психотропни супстанции. А.Р. и Е.С. во повеќе наврати неовластено набавиле наркотичната дрога од НН лица, па откако кратко време ја држеле кај себе, ја предавале на чување на А.И., С.И., А.К.Б. и Ф.А. кои вршеле неовластена продажба. А.Р., Е.С. и А.И. имале воспоставени контакти со купувачи на подрачје на Градот Скопје и договорената количина и вид на наркотична дрога соодветно спакувана ја предавале на купувачите, а остварената корист од неовластената продажба во договорени делови меѓусебно ја распределувале.Согласно член 215 став 6 од Кривичниот законик, во корист на РСМакедонија, како предмети што се употребени за извршување и кои потекнуваат од кривичното дело, се одземени: едно патничкото моторно возило марка Volkswagen Golf – Голф, црна боја, 18 мобилни телефони, еден таблет, еден ланец со кралска плетка со жолта боја, една жолто сребрена алка, еден прстен со жолта боја, 2880 евра во банкноти во различни апоени, 157.300,00 денари во банкноти во различни апоени, 21 пакување кокаин со вкупна тежина од 10,08 грама и 1 пакување марихуана со вкупна тежина од 3,11 грама.Обвинетите се упатени на издржување на изречената казна, за двајца осомничени предметот е отстапен на надлежно постапување во ОЈО Скопје, а за останатите од групата во Грчец истражната постапка е во тек.​

Македонија | пред 4 години

IMG_7877

(ФОТО) Спасовски во посета на Пустец: Продолжуваме со интензивна поддршка во постојано унапредување на квалитетот на животот на Македонците во Мала Преспа

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и Амбасадорот на Република Северна Македонија во Тирана, Данчо Марковски, денеска, при посетата на Општина Пустец, Мала Преспа во Албанија, заедно со своите домаќини Васил Стерјоски, пратеник во албанскиот Парламент од партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) и градоначалникот на Општината, Пали Колефски, ја посетија градинката во склоп на заедничкото основно и средно училиште „Митре Колефски и Трајан Ѓоргијовски“, каде беше предадена донацијата од играчки, реквизити и подароци за најмалите жители на општина Пустец.Оваа донација наменета за најмладите, со заложба на министерот Спасовски, беше обезбедена преку генералниот директор на општествено-одговорната компанија „Витаминка“, Сашо Наумовски од Прилеп.Минатата година обновата на училиштето, која опфаќаше реновирање на училниците и инфраструктурно уредување на училишниот двор и дворот на градинката, беше завршена благодарение на личниот ангажман на премиерите на Република Северна Македонија, Зоран Заев и на Република Албанија, Еди Рама.Со денешната донација, пак, целосно е заокружен овој проект кој е од големо значење за општина Пустец.По предавањето на донацијата, министерот Спасовски одржа работна средба со градоначалникот Колефски, пратеникот Стерјовски и членови на Македонска алијанса за европска интеграција.На средбата уште една беше потврдена поддршката од министерот Спасовски и генерално од Владата за понатамошно унапредување на животот на Македонците кои живеат во Албанија.„На средбата разговаравме за можностите за реализација на нови инфраструктурни и комунални проекти од интерес на граѓаните на Пустец. Мојата комплетна поддршка, поддршката на целата Влада во насока на континуирано унапредување на квалитетот на животот на Македонците во Пустец продолжува. За таа цел, за дваесеттина дена планирано е да биде пуштен со работа и Граничниот премин Џепиште – Требиште, и тоа со 24-часовно работно време. Реализацијата на ова прашање на кое со години укажуваа жителите од Голо Брдо ќе биде од исклучително значење како од економски, така и од културен и политички аспект“, потенцираше министерот Спасовски во текот на денешната посета на Пустец.Претставниците од заедницата на Македонците во Албанија и градоначалникот Пали Колефски на работната средба уште еднаш изразија исклучително задоволство од отвореноста за соработка со Владата во изминатите неколку години, која што се одвива во континуитет, каква што во минатото немале со ниедна претходна влада, а успешното градење на пријателски односи ќе продолжи и понатаму во реализација на многу други проекти од заеднички интерес.

Македонија | пред 4 години

sudenje-plazevi-vodno

Адвокатот на Мијалков: Обвинението за „Плацови на Водно“ е апсурдно и без логика

Во Кривичниот суд во Скопје почна судењето за предметот Плацови на Водно, во кој првообвинет е поранешниот премиер, Никола Груевски. Покрај него, обвинети се и неговиот кум Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ и Јордан Камчев, неговата мајка, Ратка Камчева и поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков. Груевски се товари за перење пари и противправно стекнување и прикривање имот, Камчев, неговата мајка, Новачевски и Јосифовиќ за перење пари, а Мијалков пак, за помагање во ова дело.Адвокатот Sвонко Давидовиќ, кој го застапува ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков, вели дека не се должни да докажуваат невиност во предметот „Плацови на Водно“, но како што кажа, ќе докажуваат дека тврдењата на Обвинителството се апсурдни, нема елементи на вина, како и правна и човечка логика.„Треба да прашате врз што се темели обвинението. Перење пари е последица на едно друго кривично дело кое мора да му претходи. Обвинителството ниту го утврдува ниту го предлага, зборувам за мојот клиент Сашо Мијалков. Не може ниту да ги докаже неговата умисла и знаењето дека некој друг незаконито стекнал пари од партија, па му помогнал на тој начин што му предложил офшор компанија. Онака како што е напишано обвинението, не соодествува на законското битие перење пари, а ако го оставиме и претходно постоењето на друго кривично дело кое мора да претходи“, рече Давидовиќ.Тој смета дека обвинението за Мијалков е исконструирано.„Нема ни човечка логика во обвинението за мојот клиент. Еден министер за финансии, на премиер кој бил 10 години, навистина не му е потребен никој којшто ќе му обезбеди офшор компанија. Обвинителката само во воведниот говор си скока во уста па вика: ‘веќе знаел и имал офшор компании каде го вложувал дел од капиталот’. Така што обвинението е буквално исконструиран по однос на мојот клиент. Ако Обвинителството си дозволило да не ги обезбеди доказите на одбраната, да не ги даде и ескивира, ние принципиелно, кога веќе не сме ги слушнале сведоците, кога не сме имале можност да поставиме прашања, треба да ги добиеме доказите кои се по меѓународна правна помош. Никој не знае што има во тие докази. Коректно е според законот ние да бидеме известени“, додаде Давидовиќ.

Македонија | пред 4 години

Stojkova-Serafimovska-16.07

Серафимовска: Скандалозното носење на националната стратегија за заштита на културното наследство ја потврди несериозноста и некадарноста на власта да го заштити статусот на Охрид во УНЕСКО

На 25-ти мај оваа година, Управата за заштита на културно наследство објави Предлог - Национална стратегија за заштита и користење на културното наследство (2021-2025) и отвори таканаречена „електронска јавна расправа“ според која требаше да се пополни извесен формулар со забелешки кои ќе биде доставен до работното тело. Станува збор за исклучително важен стратешки документ според кој треба да се креираат идните стратегии, планови и проекти во областа на заштитата на културното наследство. Но сепак, повторно сме сведоци на еден нетранспарентен процес на изработка на еден ваков стратешки документ бидејќи со испраќање на формуларот расправата воопшто не е јавна, туку е еднонасочна и само навидум транспарентна, впрочем како и се друго од оваа Влада која под превез на ваквите „јавни расправи“ до сега донесе стратегии и закони кои се исклучително штетни за нас, граѓаните, истакна пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Велика Стојкова Серафимовска.Серафимовска додаде:Предлог Националната стратегија уште еднаш ја потврдува неспособноста на оваа Влада, бидејќи Работното тело, чии членови не се јавно објавени, самото констатира бројни недостатоци во системот на заштита кои, многу индикативно се истакнуваат токму во последниве четири години во кои владее СДСМ. Оценката вели дека не постои соодветна комуникација помеѓу надлежните институции, нема доволно финансии за заштита на културното наследство, нема доволно соодветни човечки ресурси за извршување на задачите во институциите, самите институции немаат соодветен простор и опрема за работа, како и многу други забелешки, со што уште еднаш се потврдува некадарноста на оваа Влада, поточно на ресорот култура во менаџирање на заштитата и користењето на културното наследство во Македонија. За тоа сведочат бројните археолошки локалитети кои сосема заборавени и без соодветна заштита и конзервација во изминативе четири години трајно се оштетуваат. За тоа сведочат обраснатите ранохристијански базилики и средновековни цркви, манастири и тврдини, за тоа сведочат неостварените празни ветувања за спас на Охрид и охридскиот регион кој најверојатно овие денови ќе биде впишан на УНЕСКО-вата листа на Светско наследство во опасност од една единствена причина, а тоа е неодговорно менаџирање на доброто. За волја на вистината и самата министерка Ирена Стефоска наместо да се засрами од овој светски скандал и веднаш да си поднесе оставка, таа само ја искара и ја потврди неспособноста на локалната и централната власт на која таа самата и припаѓа.Од предложените мерки и механизми како дел од Предлог националната стратегија може да се заклучи дека тимот кој работел на истата, особено во одредени сегменти покажува банално непознавање на материјата, законите и законските регулативи, правилниците и други подзаконски акти со кои се регулира заштитата на културното наследство. Очигледно е дека авторите на стратегијата не знаат или немале увид ниту на досегашната институционална поставеност па предлагале формирање на тела кои веќе постојат. Зборуваат за дигитализација и немање соодветна опрема, а средства за купување на опрема во овие институции немаше ниту во Буџетот за 2020, ниту во Буџетот за 2021 година. Зборуваат за евиденција и документација, а единствениот Национален систем на културно наследство не функционира од февруари, 2018-та година. Зборуваат дури и за отворање на Центар за дигитализација, а притоа целосно го занемаруваат финансирањето на веќе постоечниот Центар за дигитализација кој е и УНЕСКО-ов Центар од втора категорија за регионот на Југоисточна Европа. Зборуваат за зајакнување на човечките капацитети, а изминативе години токму тие вработија сериозен број на партиски членови во институциите од областа на заштитата. Зборуваат за некакво вмрежување на институциите, а и самите не ги знаат ингиренциите на истите. Зборуваат за заштита на културното наследство во кризни состојби, а за време на КОВИД-19 кризата Владата целосно го заборави овој сегмент кој претрпе сериозни последици.Предлогот Национална стратегија за заштита на културното наследство е всушност еден несериозен документ кој повторно покажува непочитување кон исклучително богатото движно, недвижно и нематеријално културно наследство во Македонија. Ваквиот однос уште еднаш ја потврдува агендата на оваа влада за обезличување на идентитетските маркери и обележја чиј носител е токму културното наследство.Таканаречената јавна расправа заврши на 21 јуни, а документот повеќе не и е достапен на јавноста. Не слушнавме никаква дискусија, па се очекува уште еден несреќен документ кој најверојатно ќе заврши исто како фамозната „Национална стратегија за културата (2018-2022)“ на Алаѓозовски која никако да почне со реализација, иако веќе дојде време за нова стратегија.ВМРО-ДПМНЕ секогаш покажува длабока почит кон културното наследство и неговата функција во општеството и заедниците. ВМРО-ДПМНЕ секогаш покажува дека знае како бидејќи ВМРО-ДПМНЕ почитува знаење, ум и разум, а не политиканство на штета на државата.Затоа, почитувани граѓани, време е за оставка.

Македонија | пред 4 години

tepa-zena

Гостиварец ја малтретирал својата неподвижна сопруга: Ја скубел и ѝ давал несоодветни лекарства за успивање

Основното јавно обвинителство Гостивар до надлежниот суд поднесе Предлог за издавање казнен налог против лице на возраст од 53 години, за сторено кривично дело – Повреда на семејни обврски од член 203 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.Обвинетиот во неутврден временски период со груба повреда на законските обврски, намерно навремено не пружил нега на неговата сопруга која е неподвижно лице. Обвинетиот не се грижел за одржување на личната хигиена на оштетената, не и давал лекарства и храна. Тој во неколку наврати ја скубел за косата и ја туркал по рацете и и давал несоодветни лекарства за успивање.Поради стореното кривично дело, Основниот суд Гостивар на обвинетиот му изрече казна затвор од три месеци која нема да се изврши доколку не стори ново кривично дело во рок од една година.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

„Зелен хуман град“ поднесува претставка за ДУП-от кај Холидеј Ин

Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ изработи претставка против незаконски издаденото одобрение за градба и незаконски применуваниот ДУП кај Холидеј Ин што ја адресираше до три надлежни инспекциски служби – Инспекциски совет, Државен инспекторат за градежништво и урбанизам и Државен инспекторат за локална самоуправа, соопштуваат од иницијативата. Тие претставката денеска и официјално ќе ја поднесат во Инспекцискиот совет.„На нашиот ФБ профил ги повикавме скопјани да ја поднесат истата претставка од своите електронски адреси. До овој момент електронски се поднесени над 80 претставки“, велат од „Зелен хуман град“.Спиред нив, Деталниот урбанистички план кој моментално се применува бил спротивен на одредбите од Генералниот урбанистички план на Скопје (2012-2022), со што велат се прекршувал членот 35 ст. (5) од Законот за урбанистичко планирање.„Во претставката е детално аргументирано од што точно произлегуваат востановените законски прекршувања, а наведени се и стручните аргументи од Елаборатот за суспензија што го изработија стручните служби во Општина Центар. Истовремено, не ги забораваме ни жителите од Ново Маало. За нив мора да се најде решение. За прашањето на новомаалци да се реши потребен е нов план со поинаку дефинирани парцели кои полесно ќе се реализираат“, реагираат од иницијативата.Од „Зелен хуман град“ бараат меѓународен конкурс за најдобро урбанистичко решение со цел да се одговори на сите потреби на локалното население.

Скопје | пред 4 години

struja

Морачанин вели струјата не треба да биде евтина, треба да биде скапа, граѓаните и одговорија: И ти треба да земаш плата од 200 евра, за да трошиш помалку

Маја Морачанин, претседателката на ДОМ, коалицискиот партнер на СДСМ, од собраниската говорница порача дека струјата не треба да биде евтина, односно дека граѓаните треба да плаќаат поскапа електрична енергија.-Мојот став е сосема поразличен. Јас сметам дека електричната енергија не требада биде евтина, затоа што ако струјата е евтина, тоа доведува до поголема потрошувачка, а ние треба да ја штедиме електричната енергија – порача Морачанин.На ова новинарот Кристијан Ландов преку социјалната мрежа ФБ и одговори:-И ти треба да земаш плата од 200 евра, за да трошиш помалку, ама секој месец лапаш 60.000. Е па тоа е, напиша Ландов на ФБ. 

Македонија | пред 4 години

izvrsitel

(ВИДЕО) Со тегнење и влечење полиција иселува 70-годишна жена од Карбинци, бидејќи извршител им ја зема куќата

Полицијата во текот на вчерашниот ден насилно го исели семејството на Ристе Бањоглав од Долни Балван, Карбинци. Приведена беше и неговата мајка, која е во поодминати години, оти не и дозволувала на извршителката да и ја земе куќата, единственото место кое го има за живеење, објавува 24мк.Пред шест години тој зел пари на заем од роднина, како залог ја оставил куќата. Како што вели тој дел од парите ги вратил за неколку месеци, но бил одбиен долгот што пораснал поради каматите да го плати на рати. За долг од 10.000 евра, Бањоглав ја изгубил куќата и трлото како и земјиштето под нив, а неговиот имот 18 пати одел на лицитација, вели тој во изјава за 24.мкРисте вели дека двојно го исплатил основниот долг , но се нашол помеѓу спрегата лихвар, нотар и извршител кој го прогонувал со години. Решение добил на 14 јули 2021 за да нема право да се жали до Апелација. Неговата мајка на чие име се води имотот одбила да го потпише документот со кој нивната куќа се предава на доверителот.

Македонија | пред 4 години

vila-versace

Безживотни тела на двајца мажи пронајдени во некогашната вила на Версаче

Безживотни тела на двајца мажи беа пронајдени во хотел на Флорида (САД), којшто некогаш беше вила во сопственост на модниот дизајнер Џани Версаче.  Телата ги пронашла собарката. Полицијата во Мајами Бич започна истрага. Причината за смртта, мотивите и идентитетот на жртвите сѐ уште не се откриени.Инаку, денеска се одбележува 24-годишнината од убиството на модниот дизајнер Џани Версаче. Тој беше убиен пред прагот на својот дом во Мајами Бич, 1997 година, од серискиот убиец Ендрју Кунанан.Вилата каде што беа пронајдени телата – „Каза казуарина“ е изградена 1930., а Версаче ја купи во 1992 година. Таа е хотел од 2015 година.

Магазин | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања