Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

devojka

ВИДЕО: Тепаше девојче сред Куманово, па беше претепан со боксови и бараше помош

На социјалните мрежи се објави видео на кое се гледа како момче сред Куманово тепа девојка.Во објавата пишува:Карма у Куманово брзо стиза кд сакаш да тепаш девојче.Свака част за дечка у белу маичку, кој и да е.

Македонија | пред 4 години

koronavirus-1

Регистрирани 15 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.550 тестирања, а регистрирани се 15 нови случаи на Ковид-19, од кои 10 се во Скопје, по два во Куманово и Дебар и еден во Тетово.Исто така, регистрирани сe 6 оздравени пациенти, петмина од Скопје и еден од Тетово.Во изминатите 24 часа не се регистрирани починати лица.Направените 2.550 теста се преку: ИЈЗ – 120, ЦЈЗ Скопје – 34, ЦЈЗ Битола – 40, ЦЈЗ Прилеп – 16, ЦЈЗ Тетово – 5, ЦЈЗ Куманово – 24, ГОБ „8 Септември“ – 8, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 62, „Авицена“ – 147, „Биотек“ – 95, „Систина“ – 66, „Синлаб“ – 145, „Ремедика“ – 5, „Плодност“ – 23, „Генеа“ – 3, „Никоб лаб“ – 465, „ВФВ медикал“ – 11, „Ели медика“ – 1, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) –-вкупно 1.280.Досега во земјата се направени вкупно 935.282 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 155.965, бројката на оздравени пациенти е 150.243, на починати е 5.488, а бројот на активни случаи изнесува 234.Според епидемиолошките анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:Скопје 68.777, Активни 92Куманово 8.895, Активни 17Прилеп 8.328, Активни 1Тетово 7.344, Активни 74Битола 6.310, Активни 2Велес 5.474, Активни 0Гостивар 5.199, Активни 16Кавадарци 5.156, Активни 1Охрид 5.023, Активни 4Штип 4.963, Активни 3Струмица 4.126, Активни 3Струга 2.985, Активни 4Кочани 2.794, Активни 2Кичево 2.604, Активни 7Гевгелија 2.196, Активни 1Неготино 2.184, Активни 0Свети Николе 1.525, Активни 1Ресен 1.234, Активни 0Крива Паланка 1.227, Активни 0Радовиш 1.161, Активни 0Берово 1.032, Активни 1Делчево 973, Активни 0Дебар 947, Активни 5Виница 886, Активни 0Пробиштип 789, Активни 0Валандово 667, Активни 0Богданци 494, Активни 0Крушево 490, Активни 0Демир Хисар 400, Активни 0Демир Капија 396, Активни 0Кратово 377, Активни 0Македонски Брод 359, Активни 0Пехчево 269, Активни 0Македонска Каменица 249, Активни 0Дојран 132, Активни 0

Македонија | пред 4 години

Osmani

Османи: Прво ДУИ не може да ја напушти сопствената Влада, ова е Влада на ДУИ

За ДУИ е прифатлив кој било датум за локалните избори за кој ќе се договорат политичките партии, изјави шефот на дипломатијата и член на ДУИ Бујар Османи. Запрашан дали ДУИ размислува да ја напушти Владата ако нема поддршка од СДМС на локалните избори, Османи вели нема такво нешто.-Прво ДУИ не може да ја напушти сопствената Влада, ова е Влада на ДУИ. Така да, мислам дека тој, таа матрица дека ДУИ е влезена е погрешно. Ова е влада на ДУИ и не може да излезе од сопствената Влада. Нема такви ситуации, разговараме со коалициските партнери во однос на постигнување за можноста за соработка на овие локални избори. Имавме добро искуство на изминатите локални и тоа дава доверба кај двете страни дека е тоа добро и за граѓаните и за политичките партии и за државата, посочи Османи.

Македонија | пред 4 години

dete

Деветгодишниот херој Никола е донор на матични клетки за трансплантација кај сестра му

Денеска го запознав деветгодишниот Никола, голем херој и инспирација за сите нас. Тој е донатор на матични клетки за неговата сестра на која и е потребен третман со трансплантација на матични клетки, напиша на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.Министерот во објавата додава:Процедурата афереза на периферни матични клетки, во која донатор е дете, се изведува за прв пат кај нас на Клиниката за хематологија со помош на Клиниката за педијатрија. Со оваа соработка меѓу двете Клиники се отвора можност и педијатриски пациенти да бидат лекувани со најсофистицирани медицински интервенции. Сега пациентите нема да патуваат во странство, а и децата ќе може да спасуваат животи на членови на нивните семејства. На Клиниката за хематологија, во период од 3 години се реализирани над 150 трансплантации, од кои 6 хаплоидентични трансплантации, 20 трансплантации од несроден донор, најсложени интервенции заради кои во минатото пациентите беа праќани за третман во странски центри.Резултатите од третманот со овие интервенции се идентични со оние од европските центри за трансплантација и се пријавуваат во базата на Европската група за трансплантација на матични клетки (ЕБМТ) во која членува и тимот за трансплантација на клиниката од 2003 година. За оваа заложба, посветеност и екпертиза му честитам на медицинскиот тим предводен од проф. д-р Ирина Пановска Ставридис и на шефот на Одделот за трансплантација на матични клетки д-р Александра Пивкова Вељановска.

Македонија | пред 4 години

Katica-Janeva-Reket-Boki-13-skopje1mk

9 години затвор за Јовановски, 7 за Јанева - Апелација ја потврди првостепената пресуда за „Рекет"

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Рекет“, донесе одлука со која жалбите на обвинетиот Бојан Јовановски од Скопје, обвинетата Катица Јанева од Скопје и на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди, соопштија денеска од Судот.Информираат дека вака донесената одлука ќе биде објавена во целост на веб страната на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите.Бојан Јовановски-Боки 13 и Катица Јанева беа прогласени за виновни во случајот „Рекет“ во јуни лани. Јовановски доби затвор од 9 години за делата примање награда за противзаконито влијание и за перење пари, а Јанева 7 години за злоупотреба на службената положба и овластување.Покрај затворските казни, во пресудата има одлука и за конфискација на запленетите работи од Јовановски, меѓу кои имаше 70-тина вреќи брендирана облека, уметнички слики, мебел.

Македонија | пред 4 години

Fizibiliti_zadolzuvanje_07202021003

Одржана јавна расправа за оправданоста од долгорочно задолжување на општина Охрид

Денеска во Општина Охрид беше одржана Јавна расправа во врска со Физибилити анализата на оправданоста за долгорочно задолжување на општината, во насока на намалување на долгот и враќање на финансиската стабилност.На расправата се дискутираше за придобивките и ризиците од ваквиот начин на раздолжување, кои беа дадени во физибилити анализата и за сите детали од досегашниот процес на раздолжување, врз основа на Законот за финансирање на единиците на локална самоуправа. -Раздолжувањето на општината, беше еден од најважните приоритети на кои бевме исклучително посветени во текот на изминатите две години и благодарение на поддршката и помошта од Владата на Република Северна Македонија, долгот на општината е намален за повеќе од една милијарда денари. Во 2017 година, долгот на Општина Охрид изнесуваше 1.573.036.905 денари, а во моментот вкупниот долг на изнесува околу 470.000.000 денари. Продолжуваме со процесот на раздолжување во согласност со сите финансиски препораки и релевантни експертски анализи и се надевам дека ќе успееме да оствариме евидентен успех. Тоа ќе биде една добра основа за развој и напредок на општината, на сите полиња, потенцираше меѓудругото градоначалникот Константин Георгиески, во своето излагање пред присутните.Претходно, согласно законската регулатива, Физибилити анализата на оправданоста за долгорочно задолжување на општината беше јавно објавена, со цел граѓаните да бидат консултирани и да може да се вклучат со искажување на свои ставови, мислења и предлози за издржливоста на одлуката за раздолжување, по пат на кредитно задолжување од деловна банка.

Актуелно | пред 4 години

studencisko-blato

Нуредини: Студенчишко Блато под привремена заштита

Додека трае постапката за прогласување на локалитетот Студенчишко Блато за заштитено подрачје во категоријата парк на природата, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, согласно Законот за заштита на природата, донесе Решение за негова привремена заштита. Привремената заштита на подрачјето ќе се применува до денот на влегувањето во сила на Законот со кој ќе се прогласи Студенчишко Блато за заштитено подрачје, а кој е завршна фаза на изработка. Во меѓувреме, Студенчишко Блато е прогласено за водно живалиште од меѓународна важност според Рамсарската Конвенција.Согласно Решението за привремена заштита на Студенчишко Блато, за времетраењето на привремената заштита на подрачјето нема да се спроведуваат активности од постоечкиот ГУП на градот Охрид во делот на Урбана Заедница – УЗ 17, Урбан блок – У.Б 17.1, како и изработка и донесување на урбанистички планови и урбанистички проекти, урбанистички проекти за партерно уредување на просторот, спровдување на постапкa за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, спроведување на постапка за трајна пренамена на земјоделско во градежно земјиште, одлагање на шут и комунален отпад, употреба на хемиски заштитни средства и минерални ѓубрива за земјоделски активности, доделување на нови или продолжување на постоечките концесии согласно прописите за концесии и јавно приватно партнерство, прописите за градежно земјиште, како и прописите од областа на лов и риболов и проширување или изградба на нови патишта, соопштија од министерството.извор/фото: агенции

Македонија | пред 4 години

Popis_2021

Арсовски: Со засилено темпо продолжуваат подготовките за теренскиот попис во септември

Портпаролот на Владата на Република Северна Македонија Душко Арсовски на денешната редовна прес-конференција информираше за заклучоците и одлуките донесени на 88-мата седница на Владата и одговараше на теми од интерес на јавноста и новинарите.На почетокот од прес-конференцијата портпаролот Арсовски соопшти дека со засилено темпо продолжуваат подготовките за спроведување на теренскиот попис во септември. Во тек е пријавувањето на кандидатите за реонски попишувачи и инструктори. Само во текот на првиот ден, вчера, се пријавија 640 кандидати. Во сите 50 пописни реони има пријавено кандидати и за попишувачи и за инструктори. Конкурсот ќе трае до 5 август по што ќе следи тестирање на кандидатите и конечен избор кој треба да се направи најдоцна до 15 август по што ќе следи обука.Арсовски укажа на важноста од спроведување на оваа статистичка операција. Учеството во пописот е одговорност на секој граѓанин кон државата. На тој начин секој од нас придонесува кон држава базирана на податоци, а не на претпоставки. Податоците од пописот се доверливи и заштитени.Исто така информираше и дека Владата на последната седница го утврди текстот на Предлог-законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци.Извозот на сув цвет од канабис за медицински цели веќе почна, но сега со предлог-законското решение попрецизно се регулира овој извоз и се воведува нова давачка од дополнителни 10 проценти од приходот на компаниите за производство на медицински канабис, пари кои ќе одат во специјален фонд. Целта е граѓаните да видат јавно добро. Затоа ќе биде поддржан фондот за ретки болести, фондот за медиуми за продукција на содржини од јавен интерес, како и на програмските приоритети во спортот, културата, граѓанскиот сектор. Од специјалниот фонд ќе биде поддржана и работата на новопредвидената Агенција за контрола на одгледувањето и екстракцијата на канабис и производство на канабис и препарати од канабис за медицински и научни цели.Одговарајќи на новинарско прашање портпаролот Арсовски посочи дека овој предлог-закон се носи со европско знаменце бидејќи во текстот се транспонирани повеќе рамковни одлуки и директиви на Европскиот парламент и Европскиот совет за усогласување на оваа дејност со регулативата на ЕУ, како и со повеќе конвенции на ОН што го уредуваат ова прашање.Одговарајќи на новинарско прашање за декриминализацијата на канабисот за лична употреба, Арсовски посочи дека со новите законски решенија ќе се допрецизираат овие прашања.Арсовски информираше и за одлуката на Владата од последната седница за затворање на дивите депонии и ѓубришта во 18 општини од Источниот и Североисточниот Регион со која се опфатени и над триесеттина диви ѓубришта.Портпаролот информираше дека Владата донесе и Одлука за утврдување на статус на стратешки инвестиционен проект на Друштво за трговија и услуги „Зока енерџи солушн увоз“ од Неготино.Станува збор за инвестиција проценета на над 336 милиони евра чија цел е заштита на животната средина, намалување на загадувањето и подобрување на добросостојбата и условите на живеењето преку преземање на собраниот отпад од надлежните комунални претпријатија, третирање на отпад и производство на електрична енергија од обновливи извори со примена на иновативна технологија.Исто така многу важна придобивка од оваа инвестиција е што благодарение на овој начин на организирано прибирање на комуналниот отпад ќе се затворат сите диви депонии, кои, всушност, ги прават најголемите штети за животната средина.На новинарско прашање за изборот на стратешки инвеститор, портпаролот Арсовски посочи дека Законот за стратешки проекти има цел да поттикнува, привлекува и да создава услови за спроведување на стратешките инвестиции во Северна Македонија, се во насока на зголемување на економскиот пораст, вработувањата и примена на нови технологии и иновации.„За секој странски инвеститор да може да изведе проект во Северна Македонија мора да отвори своја компанија во земјата, таков е и овој случај, за специјална намена, дополнително стратешкиот инвеститор ќе достави банкарска гаранција до Владата во висина од 10 милиони евра која може да се изврши на прво барање и е гарант дека инвеститорот ќе има сериозни причини да го заврши проектот. Од друга страна проектот ќе биде финансиран од „Рајфајзен банк“, кои се наоѓаат во рангот на најголемите 5 банки во светот и ќе биде граден од реномиран ЕПЦ контрактор, тоа се оние компании кои изведуваат до клуч на рака еден ваков вид на проекти“, посочи Арсовски.На новинарско прашање за реализацијата на капиталните инвестиции портпаролот истакна тие се движат во позитивна насока и несмалено темпо, при што Арсовски како пример го наведе Министерството за транспорт и врски каде во првиот квартал се искористени над 15%, а во вториот веќе над 30% од предвидениот буџет за капитални инвестиции за таа намена.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Обвинение за тренерот по џудо заради полови дејствија врз деца​

Основното јавно обвинителство Прилеп до надлежниот суд поднесе Обвинителен акт против едно лице на возраст од 46 години кое го товари за сторени кривични дела – Обљуба со злоупотреба на положбата, за кое за две оштетени се гони за продолжено кривично дело по член 189 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик и за две оштетени по член 189 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Обвинетитот како тренер по џудо, од февруари до декември 2020 година, во Прилеп и на други места, заради задоволување на полови страсти, со злоупотреба на својата положба ивршил полови дејствија врз деца кои наполниле 14 години – четири ученички кои му биле доверени заради тренирање и воспитување.Заедно со обвинението надлежниот јавен обвинител до Судот достави и посебен предлог за продолжување на веќе определената мерка притвор за обвинетиот.​

Македонија | пред 4 години

plaza-19

Општина Охрид: Приватните сместувачки и угостителски објекти имаат право да стопанисуваат со плажите пред објектите, само во согласност со склучените договори со локалната, на слободните плажи има ред...

Приватните сместувачки и угостителски објекти, кои се лоцирани во првата крајбрежна зона на Охридското Езеро имаат право да стопанисуваат со плажите пред објектите, само во согласност со склучените договори со Општина Охрид, во кои е утврдена површината за поставување на урбана опрема.Вакви договори се склучени со сместувачките капацитети: вила „Свис“, хотел „Холидеј-М“, хотел „Орце Николов“, хотел „Аквалина“, хотел „Силекс“, хотел „Лагадин“, хотел „Мизо“, хотел „Десарет“, хотел „Инекс Горица“, хотел „Гранит“, хотели „Метропол“, угостителските објекти „Бонанаца“, „Егоист“, „Голден бич“ и автокамп „Љубаништа“. Правните лица кои се сопственици на овие сместувачки и угостителски објекти, плаќаат надомест на Општина Охрид, врз основа на површината за поставување на урбана опрема, која е наведена во склучените договори. Договорите се активни од 03.07.2021 до 30.09.2021 година.Со цел да се спречи узурпирање на поголем простор и поставување на лежалки, маси, столици и реквизити надвор од договорената површина за поставување на урбана опрема, инспекторите од Одделението за инспекциски надзор при Општина Охрид спроведуваат редовни контроли на плажите.Ја информираме јавноста дека ваквите контроли ќе бидат континиурани во текот на целата летна сезона и ќе бидат во координација со Државниот пазарен инспекторат. Редовни контроли ќе се спроведуваат и на слободните плажи кои не се издадени под концесија и за кои нема договори за поставување на урбана опрема, со цел да се превенира диво поставување и издавање на реквизити.Ваквите активности се спроведуваат заради воведување на ред во стопанисувањето со брегот на езерото и да се обезбеди повеќе слободен простор за жителите и туристите, кои одмараат на крајбрежјето.

Актуелно | пред 4 години

restoran

Во пожар целосно изгоре ресторан во Желино

Во пожар кој се случи денеска во раните утрински часови целосно е опожарен ресторан во Желино. Шест пожарникари од Територијалната противпожарна единица Тетово веднаш се упатиле на местото со две противпожарни возила, при што гаснењето на огнот траело нешто повеќе од три часа.– Во Територијалната противпожарна единица во 4 часот и 8 минути беше пријавено дека има пожар на стариот пат од Тетово кон Желино. Од наша страна веднаш е излезено на лице место и беше утврдено дека гори ресторан. Имаше и плински боци кои претставуваа опасност. Интервениравме и пожарот беше локализиран во 7 часот и 20 минути. Повредени нема, а причинета е голема материјална штета, информира Ука Алити, командир на Територијалната противпожарна единица Тетово.

Македонија | пред 4 години

carovska

Од септември повисоки стипендии за учениците

Во просек за 11 % се зголемуваат ученичките стипендии кои ќе се исплаќаат со стартот на новата учебна година. Со владината одлука којашто е донесена во понеделникот наместо досегашните од 2.200 до 2.970 денари на месечно ниво учениците ќе добиваат стипендија во висина од 3.500 денари. Вкупниот годишен износ кој ќе се распределува за оваа намена од речиси 87 милиони денари се зголемува на 97,8 милиони денари, а ќе бидат опфатени 3.100 ученици.Ова го изјави министерката за образование и наука Мила Царовска по средбата со средношколските и студентските здруженија кои ја поздравија одлуката за зголемување на износите и воведување на нови стипендии.„Заедно со претставниците на средношколците и со работната група МЛАДИ-МОН изминатите десет месеци работевме на анализи и план за зголемување на ученичките стипендии со цел да го стимулираме нивниот труд, знаења и успеси, но и да ги поттикнеме да се запишуваат во дуалните паралелки кои заедно со стопанските комори, компаниите и локалните самоуправи ги воспоставивме во средните стручни училишта. Политиката на стипендирање е проширена, како од аспект на видовите на стипендии, имаме повеќе нови категории за да се опфатат што повеќе млади, но и значително зголемени износи за голем дел од постојните, за да навистина ја почувствуваат материјалната поддршка од државата“, рече Царовска.Министерката истакна дека фокусот на уписните политики е средното стручно образование кое се покажува како дефицитарно и нуди просперитет за младите, затоа најбројна категорија се стипендиите за ученици што ќе се запишат во дуални паралелки во четиригодишно стручно образование, но и ученици што ќе се запишат во тригодишно средно стручно образование.„Поголема категорија се и стипендиите за социјална поддршка, за да излеземе во пресрет на учениците чии семејства имаат месечни приходи под она што значи оптимум за нормално живеење и функционирање“, рече Царовска.За сите видови стипендии ќе се објавуваат конкурси и заинтересираните навремено ќе бидат информирани за сите услови, критериуми и рокови за остварување на ова право.Министерството за образование и наука преку работната група МЛАДИ-МОН ќе продолжи да креира политики со кои се подобрува стандардот и условите за учење за младите.

Македонија | пред 4 години

dimitrov

Димитров: Ако македонскиот јазик е причина за тоа да не можеме да се приближиме кон ЕУ, тогаш така и нека биде

Проблематизирањето на македонскиот јазик не е во согласност со вредностите за кои се залага Европа како континент, каде што се негуваат јазичната и културната разновидност и каде што сите народи се третираат достоинствено и со почит, вели вицепремиерот Никола Димитров интервју за „Евроњуз“, со наслов: „Дали Северна Македонија ќе ги закопа идеалите на ЕУ?“Тој вели дека доколку македонскиот јазик е причина за тоа да не можеме да се приближиме кон ЕУ, тогаш така и нека биде. „Тогаш ЕУ и не е тоа што сме мислеле дека е – заедница на вредности“, вели Димитров.Осврнувајќи се на односите со Бугарија во контекст на ветото за отворање пристапни преговори со ЕУ, Димитров истакнува дека тоа оди на штета и на меѓусоседските односи и на кредибилитетот на Унијата.„Тоа што Бугарија го доведува во прашање правото на земјата да го обликува својот сопствен идентитет и историја создаде само горчина во една од најпроевропските земји на континетот. Дали проблематизирањето на македонскиот јазик е во согласност со она за што се залага Европа? Зарем Европа не треба да биде континент каде што се негуваат јазичната и културната разновидност и каде што сите нации се третираат достоинствено и со почит? Зарем прашањето за тоа кои сте и на кој јазик зборувате не е прашање што ги засега единствено и само тие на кои се однесува?“, вели тој.Во таа смисла Димитров нагласува дека почнувањето на преговорите е повеќе од заслужено поради пропуштеното време и преседаните на евроинтегративниот пат, но, пред сѐ, поради постигнатите резултати во приближување кон европските стандарди и покажаното лидерство и зрелост во решавање на проблемите.„Изгубивме генерации во чекалницата на ЕУ. Го почнавме нашиот пат кон Европа по Словенија и пред Хрватска. И двете земји станаа членки пред неколку години, а ние сè уште се бориме да ги почнеме пристапните преговори. И токму кога, конечно, го решивме прашањето со преспанскиот договор, опкружени со меѓународни признанија и ветувања за преговори со ЕУ, пред нас се исправа уште една планина“, вели Димитров.Сепак, тој вели дека и покрај последното разочарување, Владата останува посветена на остварување на аспирациите за членство во ЕУ и ќе продолжи активно да бара решение, но со истакнување одредени позиции од кои нема отстапување.„Ако постои политичка волја и лидерство во Бугарија, мислам дека можеме да најдеме европско решение, кое би било добро и за македонско-бугарското пријателство, и за европското ветување кон регионот и за Северна Македонија. Но, тука има едно „ако“ затоа што ние веќе сторивме сè што можевме. И, искрено, доколку мојот мајчин јазик, македонскиот, е причина за тоа да не можеме да се приближиме кон ЕУ, тогаш така и нека биде. Тогаш ЕУ и не е тоа што сме мислеле дека е – заедница на вредности“, вели Димитров.

Македонија | пред 4 години

kongres-sdsm

СДСМ: Анкетата на „Брима“ покажа дека граѓаните најмногу ни веруваат

Новата анкета изработена од агенцијата „Брима“ потврдува дека СДСМ е со најголема доверба од граѓаните, соопштија денеска од владејачката партија.„На прашањето: ‘Доколку денеска се одржат парламентарни избори, за која политичка партија ќе гласате’, 18,9 отсто од испитаниците одговориле дека ќе гласаат за СДСМ, а 16,3 отсто изјавиле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, понатаму следуваат ДУИ, Алијансата за Албанците, Левицата, Беса и ДПА“, се наведува во партиското соопштение, во кое се презенираат резултатите од анкетата.Од СДСМ порачуваат дека предвид треба да се земе и фактот дека Движењето Беса е дел од коалицијата „Можеме“, што според нив значи дека рејтингот на оваа коалиција е уште повисок и изнесува 22,8 отсто.Од владејачката партија посочуваат и дека нејзиниот претседател, Зоран Заев, според резултатите од истражувањето, останува политичар со убедливо највисок рејтинг и најголема доверба од граѓаните.„На прашањето: ‘Во кој политичар имате најголема доверба?’, 12,6 осто изјавиле дека тоа е Зоран Заев, а за Христијан Мицкоски се изјасниле само шест отсто од испитаниците. Повеќе од двојно е разликата во рејтингот помеѓу претседателот Заев и Мицкоски“, нагласуваат од СДСМ.Според нив, тоа е потврда дека граѓаните знаат оти со Заев се можни напредокот, развојот и интеграцијата.„Во споредба со исто истражување од ‘Брима’ спроведено во јули 2020 година, евидентен е растот на довербата кај граѓаните кон претседателот Зоран Заев од 3,1-процентен поен, а раст бележи и рејтингот на СДСМ, што покажува дека довербата од граѓаните постојано се зголемува“, велат од партијата.Повикувајќи се на резултатите од „Брима“, од СДСМ наведуваат и дека огромно мнозинство од македонските граѓани остануваат посветени на европската агенда.„На прашањето: ‘Што е подобро за нашата земја, да стане или да не стане членка на ЕУ?’, огромни 76,3 отсто од испитаниците одговориле дека е подобро да станеме членка на ЕУ, а само 19,8 отсто одговориле дека е подобро да не станеме членка на ЕУ“, стои во соопштението, во кое се додава дека ова значи оти нашите граѓани се силно поставени на европскиот курс, дека не гледаат алтернатива на ЕУ.Анкетата на „Брима“ била правена во периодот од 28 мај до 16 јуни, на терен, во домовите на испитаниците, преку ТАПИ-методот, при што се опфатени 1.194 испитаници. Маргината на грешка е плус минус 2,8 отсто, објаснуваат од СДСМ, нагласувајќи дека кога им била понудена, ја откупиле оваа анкета и со тоа стекнале право да ја користат и објавуваат.

Македонија | пред 4 години

izbori-02

Милошоски: Oчекуваме сите политички партии да го почитуваат уставниот и законски рок, 17-ти октомври прв круг локални избори во Македонија

На денешната прес конференција на пратеникот Антонијо Милошоски, на новинарско прашање во врска со изјавата на Зоран Заев за датумот на локални избори, истакна дека локалните избори не се определуваат по желба на било кој политичар, а ВМРО-ДПМНЕ очекува партии да го почитуваат законскиот и уставен рок на 17-ти октомври да се случи првиот круг од локалните избори.-Локалните избори не се определуваат за желбата на било кој политичар било и тој да е премиерот, локалните избори се одржуваат во точно определн термин според Уставот и законот, а Уставниот и законски термин за локални избори е 17 октомври првиот круг, посочи Милошоски.Тој рече дека се’ друго значи прекршување на Уставот и законите, внатрепартиските и меѓукоалиционите пресметки во ДУИ, СДСМ, БЕСА, и помалите коалицициони партии не треба да бидат проблем за државата и за граѓаните и не треба да бидат изговор за одржување на изборниот ден на 17-ти октомври.-Се друго би било неуставно и би можело да го загрози целиот изборен процес како незаконит и незаконито да им се продолжи мандатот на градоначалниците и советите на општините. ВМРО-ДПМНЕ очекува сите политички партии да го почитуваат уставниот и законски рок, а тоа е 17-ти октомври прв круг локални избори во Македонија, истакна Милошоски на прес конференцијата.

Македонија | пред 4 години

seca-drva-3

Нова измама со огревни дрва, уапсен маж од Зелениково

На 19 и 20.07.2021 ЕВР Аеродром и Драчево расчисти повеќе кривични дела – пет измами во врска со дрва и една кражба. На 19.07.2021 во 16.00 часот, поради сомнение дека ги сторил измамите, полициски службеници го лишиле од слобода Н.Д.(45) од с.Вражле, општина Зелениково, а на 20.07.2021 во полициска станица било извршено препознавање од оштетените, кои потврдиле дека тој е сторителот. Н.Д. ги сторил делата во текот на 2021 година на тој начин што одел кај оштетените и им нудел огревни дрва за ниска сума, а откако ќе ги земел парите заминувал и не им ги доставувал договорените дрва. Н.Д. извршил и кривично дело кражба на 08.06.2021 во хотел, при што оштетена била Б.В. од Скопје.Врз основа на судска наредба, бил извршен и претрес во домот каде престојувал Н.Д., а украденото е пронајдено и вратено на оштетената. По целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава, а од страна на судија на претходна постапка, му е одредена мерка притвор.

Скопје | пред 4 години

Нема фотографија

Пронајден кокаин, приведена жена од Кичево

На 20.07.2021 во 18.30 часот полициски службеници од ОВР Кичево, при контрола на патничко возило „БМВ“, со кичевски регистарски ознаки, кај сопатничката Ф.Р.(23) од Кичево пронашле кокаин. Таа е лишена од слобода и против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Ќучук: Следната година ќе организираме натпревар по историја со ученици од Бугарија и Северна Македонија

Плакета за придонес на филозофско-историскиот натпревар „Македонија и Бугарија - блиска и далечна“, доби европратеникот Илхан Ќучук кој воедно е и нов претседател на европските либерали. Тој е постојан известувач на Европскиот парламент за Република Северна Македонија и ваквите иницијативи честопати се поддржани од него, а оваа плакета е уште едно признание за неговиот придонес во меѓународните односи на земјата.- Исклучително важно е добрите примери и практики да ја добијат потребната поддршка од јавноста. Затоа ќе продолжам да ги поддржувам ваквите иницијативи, кои ќе ги зајакнат нашите добрососедски односи во иднина, рече тој за време на доделувањето на наградите.По доделувањето на наградите, европратеникот Илхан Ќучук и директорот на СУ „Вела Благоева“ Ангел Јанчев одржаа состанок на кој се договорија од следната година на конкурсот покрај студенти од Бугарија да учествуваат и студенти од Северна Македонија. Двајцата веруваат дека местото на Северна Македонија е во Унијата и ваквите заеднички иницијативи се чекор кон подобри односи во иднина меѓу земјите. Шампионите ќе добијат шанса да гостуваат на ЕП во Брисел. Целта на натпреварот е кохезија и добрососедски односи да се развиваат во иднина.Оваа година на конкурсот организиран од СУ „Вела Благоева“ во партнерство со Универзитетот во Велико Трново „Св. Свети Кирил и Методиј“ и под покровителство на Ќучук, учествуваа рекорден број учесници од целата земја. Победниците на конкурсот ќе добијат награда и ќе имаат можност да го посетат Европскиот парламент.

Македонија | пред 4 години

MVR-cevli

Пристигнаа 8000 пара чевли-МВР: Продолжува опремувањето на полицијата

Деновиве, во магацинот на МВР пристигнаа 8.000 пара чевли со тенок ѓон од италијанскиот производите „Гриспорт“, фабрика што инаку ги снабдува и полициите на повеќе земји од ЕУ. Вкупната вредност на набавката на чевлите со тенок ѓон изнесува 25.520.000 денари без ДДВ. Во насока на реализација на стратешките активности за континуирано подобрување на материјално-техничките услови за работа на полициските служби, Министерството за внатрешни работи постојано набавува униформи и друга опрема за полициските службеници, информираат од оваа институција.Додаваат дека Министерството за внатрешни работи преку италијанскиот „Гриспорт“ реализира набавка и на 10.000 пара чевли со дебел ѓон, а вкупната вредност на набавката изнесува 37.000.000 денари без ДДВ, како и 10.000 пара полувисоки чевли, набавени преку производителот „Дермал“ од БиХ, со вкупна вредност на набавката од 42.800.000 денари без ДДВ. Испораката на оваа опрема се очекува да биде реализирана во наредниот период. Наскоро се очекува испораката и на 2330 флуоросцентни елеци, 8000 маици, 8000 виндјакни, 20000 кошули.МВР потсетува дека нови униформи пред неколку месеци добија Единицата за брзо распоредување, Единицата за обука и поддршка и Интервентната полиција, а во изминатиот период беа обезбедени пловни објекти и мотоциклистичка опрема за полицијата.„Министерството за внатрешни работи продолжува со континуираните набавки на униформи и опрема за полициските службеници и во наредниот период, а продолжуваме и со реконструкција односно реновирање на полициските станици, за да се овозможат подобри услови за работа. Досега се реновирани 56 енергетски ефикасни објекти, а деновиве ќе бидат промовирани реновираните објекти во општина Ранковце и Старо Нагоричане“, потенцираат од министерството.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Градоначалникот го објави 24 часовното ЕКО ИНФО за Охрид

Чистење на ноноси од земја и камења во село Велгошти;✅Тековно одржување на јавни површини во Стар град;✅Активности за подигање на кабаст и зелен отпад од неколку локации;✅Уредување на зеленило во градски парк;✅Уредување на цветните аранжмани на кружните текови на булевар "Туристичка";✅Тековно чистење и одржување на плажите.

Актуелно | пред 4 години

jauleski

(ВИДЕО) Пратениците добија понуда со стековите од Мерко да прават пикник да струшката депонија

Откако струшкиот градоначалник Рамиз Мерко се пофали дека на депонијата во Струга може да се прави пикник, пратеникот Јован Јаулески од ВМРО-ДПМНЕ ги покани пратениците да одат заедно. Тој им рече дека можат да земат и од пилешките стекови на Мерко за јадење, а кои се плаќаат од општинската каса. Јаулески посочи дека Струга е ужасна кога депонијата се пали.„Кога во Струга се пали депонијата личи на сцени кога Сојузниците влегуваа во Берлин во Втората светска војна. Цел чад и смрдеа се спушта во градот во сред сезона и струшкото поле каде се одгледуваат градинарски култури и завршуваат директно на пазарот, а стружани ги купуваат. Има денови кога по цел ден гори и смрди и први на удар се жителите од Велешта, Враништа, Радолишта, Плитишта, жителите на нас. Ристо Крле итн., а Мерко, замислете, вели дека била толку добро одржувана што таму можело да се прави пикник. Ајде тогаш сите колеги, еве отворена покана, да отидеме на депонијата и да правиме пикник, Мерко ќе биде дарежлив и ќе даде од пилешките стекови за 300.000 евра кои годишно ги јаде во два струшки ресторани, па да видиме дали таму е достојно место да се прави пикник“, рече Јауелски.

Македонија | пред 4 години

GP-Tabanovce

На Табановце и Богородица се чека 45 минути

Авто-мото сојузот на Македонија утрината информриа дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.Според АМСМ на ГП Табановце и ГП Богородица се бележи зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање за влез и излез од државата е околу 45 минути.На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, велат од АМСМ.Според видео надзорот кој може да се следи на страната на „ЈП за државни патишта“. покрај граничниот премин Богородица, утринава поголема гужва се забележува и на ГП „Ќафасан“.АМСМ

Македонија | пред 4 години

filmski-festival

Од 21-ви до 25-ти јули во Охрид Четвртото издание на фестивалот на нов европски филм – Beach Film Festival

Четвртото издание на Фестивалот на нов европски филм – Beach Film Festival ќе се одржи во Охрид од 21-ви до 25-ти јули годинава.🎞️Проекциите во рамки на фестивалот ќе бидат на плажата "Горица 3", на бродот "Армада"и во Музејско-културниот центар "Лапидариум". Влезот на фестивалот е бесплатен.🎬Оваа културна манифестација се реализира со поддршка на Општина Охрид, Агенцијата за филм и Музејско Културен Центар "Лапидариум", напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Актуелно | пред 4 години

zaev-dhe-ahmeti-sot-do-te-bisedojne-per-ndryshimet-e-paralajmeruara-ne-pushtetin-ekzekutiv_5ce3d09a1efc1-750x405-696x376

Ахмети со ултиматум до Заев: Или поддршка за кандидатите на ДУИ, или предвремени парламентарни избори

Или поддршка од СДСМ за кандидатите на ДУИ во Тетово, Гостивар, Струга, Кичево, Чаир уште во првиот изборен круг или со локалните ќе има и предвремени парламентарни избори затоа што лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ќе ја растури владината коалиција. Ова Ахмети ќе го стави на маса пред владиниот партнер Зоран Заев на средбата која треба да се одржи неделава, вели за Плусинфо висок функционер од ДУИ, објави plusinfo.mk.Заканата следи откако прво, помалиот влади партнер Беса, неофицијално излезе со ултиматум дека ќе ја напуштат Владата ако Заев уште во првиот изборен круг за тие општини го поддржи Ахмети и откако лидерот на СДСМ денеска најави дека сериозно е во игра во Тетово и уште неколку општини битни за Албанците, да номинираат свои кандидати за градоначалници.Дали албанските партнери преку ултиматуми билдаат позиции пред дефинитивниот договор за настап на локалните избори или се сериозни во намерата да ја растурат Владата ќе биде појасно по средбата помеѓу Заев и Ахмети. Плусинфо веќе објави дека Заев, ќе биде на мака со албанските партнери за поддршката за локалните избори.Текстот во целост на: plusinfo.mk.

Македонија | пред 4 години

24062021_PVRSM_Zaev_od-Sobranie_2

Левица: Измените на законот за државјанство не се за усогласување со европското законодавство, туку за одржување на владеачкото мнозинство!

Владата го пушти Предлог-законот за измена и дополнување на Законот за државјанство во собраниска процедура со Европско знаменце.Со измените:се предвидува скратување на периодот за престој на одредена територија со цел стекнување на државјанство со природување;се укинува потребата исленик да го познава македонскиот јазик дококу бара државјанство со природување;им се овозможува на лица на кои како малолетни им престанало државјанството на Република Македонија со отпуст, да можат повторно да го стекнат тоа право ако до наполнети 25 години живот законски престојувале најмалку една година непрекинато во Република Македонија и ако поднесат барање за повторно стекнување на државјанството на Република Македонија, исе овозможува (По трет пат во нашата историја од 1991 година наваму!) лица кои биле државјани на СФРЈ да се стекнат со македонско државјанство, се вели во објавата од Левица.Во продолжение на објавата се додава:Во образложението на законот упатуваат на усогласување со:1. Конвенција за лица без државјанство од 1954 година2. Конвенција за намалување на стапката на лица без државјанство од 1961 година3. Европска конвенција за националност од 1997 година4. Конвенција на Советот на Европа за одбегнување на без државјанство во однос на државна сукцесијаКонвенцијата за лица без државјанство од 1954 година, во ниту еден свој дел не упатува на промена на постојното закондавство онака како што тоа е предвидено со измените кои Владата ги предлага. Имено, во конвенцијата се уредуваат збирни права на лицата без државјанство и притоа се прави јасна дистинкција во однос на правата на државјаните. Регулирано е правото на брак за кое се предвидува што е можно поповолни услови. Во однос на заштитата на индустриската сопственост, како што се пронајдоци, дизајни или модели, трговски марки, трговски имиња и права на литературни, уметнички и научни дела се предвидува изедначување со останатите граѓани. Исто така се гарантира слободен пристап до Судот, како и што е можно поповолни услови во врска со правото на здружување и заработувачка. Во однос на постапката за натурализација, Конвенцијата бара од земјите пристапнички да вложат напори за истата да може да биде што е можно поекспедитивна односно поедноставена, но никаде не се бара нејзино скратување во смисла на потребниот период на постојан престој. Впрочем, во членот 1 Конвенцијата јасно упатува на дефиницијата за терминот „лица без државјанство“, а такви по оваа дефиниција не се ниту едни од предметните лица опфатени со измените на законот за државјанство. Така ниту иселеник, ниту иселен малолетник кој барал отпуст од македонско државјанство што де факто значи дека морал да има стекнато друго државјанство, ниту државјани на СФРЈ на кои Македонија веќе двапати им даваше шанса (во 1992 и во 2004 година) да стекнат државјанство врз основа на сукцесија, не влегуваат во рамки на таа дефиниција и, дополнително, Законот за неевидентирани лица веќе им го овозможува ова право. Станува збор за генерални измени кои се однесуваат на сите категории луѓе, нема никакво усогласување, сите права на овие лица се обезбедени и гарантирани со други одредби од законот за државјанство и други закони, но апсолутно не со предложените изменети одредби.Конвенција за намалување на стапката на лица без државјанство од 1961 година, како надополнување на претходната Конвенција, ги доуредува правата и ситуацијата на лицата без државјанство. Имено, во членот 1, Конвенцијата пропишува можност за стекнување на државјанство на лице кое целиот свој живот било без државјанство и истото поднело барање за стекнување државјанство по пат на природување, но под услов лицето постојано да живеело на територијата на државата најмалку 5, а најмногу 10 години до моментот на поднесување на барањето. Ова значи дека и досегашниот закон кој предвидува услов 8 години е во согласност и во рамките на оваа Конвенција и како такво решение, Конвенцијата го одобрува. Дополнително, и оваа Конвенција се однесува на лица без државјанство, односно таа не ги препознава лицата опфатени во измените на законот, па за понуденото законско решение исто така не може да се тврди дека се усогласува со оваа Конвенција. Во претходните два наврати (1992 и 2004 година) на државјаните на СФРЈ им била дадена шанса да поднесат вакви барања кои и Законот и Конвенцијата ги познаваат, но најверојатно тие не ги исполнувале со законски и конвенциски одредби утврдените услови за постојан престој. Дефинитивно тука не станува збор за пропуст на државата, за сега и по трет пат да се дава таква можност, а впрочем доволно е да се видат примерите од соседството, каде во компаративното право на бившите ЈУ-републики ваква можност за стекнување државјанство по пат на сукцесија била давана само еднаш и тоа во периодот на осамостојувањето, а не по цели 30 години независност, што пак е крајно несериозно и налудничаво, ако дополнително се земе во предвид дека постојат институционални можности за исправање на грешките онаму каде можеби настанале при доделување на државјанство.Европска конвенција за националност од 1997 година, предвидува сет принципи на државјанството и тоа: дека истото не може да биде одземено; дека треба да се избегнува бездржавјанството; дека ниту брак ниту раскинување на брак помеѓу државјанин на држава-членка и странец не може да биде основа за одземање на државјанството; дека ниту промена на националноста од страна на еден од сопружниците за време на брак не влијаат автоматски на државјанството на другиот брачен другар и истите не смее да подлежат на никаква дискриминација. Овие принципи се веќе вградени во нашето законодавство, веќе постојат одредби во Законот за државјанство кои ја уредуваат и забраната за одземање на државјанство, случаите на бездржавјанство се соодветно третирани онака како што налагале двете претходно споменати главни конвенции кои ја уредуваат состојбата на бездржавјанство. Со измените никако не се подобруваат или подобро кажано, не се ни задираат овие принципи и не постои начин измените да можат на било каков начин да значат усогласување со оваа Конвенција кога истата веќе е целосно имплементирана до детаљ.Конвенција на Советот на Европа за одбегнување на бездржавјанство во однос на државна сукцесија содржи облигаторна одредба која предвидува лицата да можат да стекнат државјанство по пат на сукцесија, ако ВО МОМЕНТОТ НА ДРЖАВНА СУКЦЕСИЈА живееле на територијата на државата наследник или имале ефективна врска со таа држава. Значи, предложените измени ја заобиколуваат оваа одредба од Конвенцијата, бидејќи во измените се предвидува можност за државјанство на жители кои ДО 8 септември 1991 живееле во Македонија, притоа оставајќи широк простор за толкување со замената на зборчето ВО со ДО предвидено во Конвенцијата, кое не е случајно така напишано од врвни правници кои воделе сметка за лицето да може да ја докаже својата ефективна врска т.е дека во моментот на сукцесија живеело во државата наследник, во случајов Македонија, но не да подразбира и лице кое 30 години пред сукцесијата живеело извесен период во државата наследник да може да стекне државјанство. Предложените измени тоа го дозволуваат. Натаму не треба ниту да се дообјаснува оваа Конвенција, бидејќи не може да стане збор за усогласување, кога во самиот старт на воведните конвенциски одредби, измените на законот ја кршат истата.Сè на сè, дури и лаик по право би можел да ја забележи манипулацијата која СДСМ ја прави со пуштањето на овој рогациски закон во собраниска процедура. Целта е евидентна: да се задоволат барањата на албанските партии кои прават кворум за да може оваа преодна влада да преживее. Тука не станува збор за никакво грижа за граѓаните кои не се државјани, тука не станува збор за грижа за иднината на државата. Вакви манипулативни процеси на сериозни политички субјекти во иднина ќе подлежат на сериозни казнено-правни реперкусии.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања