Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

8

„Чиста Преспа, моја Преспа“ го освежи Преспанскиот крај

Пред точно еден месец, на плажата Претор на 5-ти јуни со несекојдневна прес-конференција беше означен почетокот на кампањата „Чиста Преспа, Моја Преспа“. Целта беше да се исчистат нови депонии кои беа мапирани од страна на локалната заедница и невладиниот сектор, да се уредат плажите, а во исто време да се подигне свеста кај населението и туристите за еколошките предизвици.Во целата кампања активно беа вклучени и голем број на јавни личности кои беа поддржувачи на оваа акција. Меѓу нив, Марјана Станојковска, Ирена Споровска, Таско, Бомбакис, Миро Коцаров, Божидар Божиновски, Татјана Алексиќ, Вера Мештеровиќ, Маја Тино, Елена Велевска, а амбасадори на кампањата,, Чиста Преспа, Моја Преспа”, беа актерите Игор Ангелов и Владимир Тулиев.,,Не бев ни свесен дека оваа кампања ќе побуди толкав интерес. Особено сум горд што во овој еден месец во најобемната кампања спроведена кај нас, освен локалната самоуправа, се вклучија и голем број компании од бизнис секторот, децата, младите, но и највозрасните. Нема поголема среќа од тоа да ги видите своите сограѓани заедно во расчистување на својата Преспа”.- изјави градоначалникот на Општина Ресен, Живко Гошаревски.Колку за потсетување, во текот на првата недела се одржаа состаноци со над 50 субјекти од различни сектори. Потоа учениците во село Љубојно, Царев Двор и Подмочани, но и учениците и децата од градинките и училиштата во Ресен, беа едуцирани за голем број еколошки лекции, како компостирање, ефектот на стаклена градина, селектирање на отпад, заштита на животната средина.Во текот на следните три недели, започнаа поголеми зафати со тешка механизација за чистење и уредување на нашата Преспа. Беа исчистени болницата во Отешево, дворот и мониторинг станицата во Стење, депонијата во Коњско, плажата во Стење, патеката од Претор до Сливница, депонијата во Сливница, депонијата кај Царев Двор и депонијата на месноста Рудина.Најмасовната акција се случи кон крајот на минатиот месец, кога бизнис заедницата, граѓанските здруженија, спортските клубови, вработените во јавниот сектор, ЈКП Пролетер, волонтери и граѓани го исчистија Амфитеатарот и спортско рекреативниот центар во Ресен.Се исчисти и плажата Черти Камен во Отешево, се чистеше и речното корито на Голема Река, ренџерите ја исчистија патеката покрај туристичката населба Претор.На 27ми јуни Преспа чанти уживаа во одличниот настан MEET PRESPA каде освен традиционалната кујна, посетителите уживаа и во музиката на артисти од Македонија, Албанија и Грција. Пред крајот на кампањата,, Чиста Преспа, Моја Преспа” најмладите уживаа во претставата за деца со Маша и Медо, а свој настап имаше и Таско.,, Рековме дека за еден месец ќе им ја оставиме Преспа чиста на идните генерации и го исполнивме ветувањето. Остануваат уште делови од Преспа за чистење, па затоа двајца вработени ќе продолжат во создавањето на почиста Преспа. Сега е време за убава туристичка сезона и потсетување на нашиот слоган,, Ајдее заедно да ја направиме Преспа почиста, поубава и позелена”. Не заборавајте на овој слоган и практикувајте го секојдневно. - додаде градоначалникот на Ресен, Живко Гошаревски

Македонија | пред 4 години

07072021_PVRSM_sredba_SSM

Заев: Владата е на страната на работниците, социјалниот дијалог продолжува

Претседателот на Владата Зоран Заев денеска одржа работна средба со претседателот на Сојузот на синдикати Дарко Димовски и претседателите на неколку грански синдикати од јавниот сектор: Љубиша Каранфиловски на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, Миќо Стојановски на Синдикатот на работниците од сообраќај и врски и на Македонскиот полициски синдикат, Марјан Кицев, во присуство на Слободан Трендафилов од ССМ.На работниот состанок, остварен на барање на синдикалните лидери беше поздравена поддршката и изразениот слух на Владата за остварување на работничките права и постигнување на социјалниот дијалог во насока на социјално-економска поддршка на работниците.„Владата останува главен поддржувач на работниците и сметаме дека синдикалното организирање е здраво за државата, како сериозен коректив во функција на балансирање при уредувањето на работничките права, во јавните институции и приватниот сектор“, рече премиерот Заев, кој нагласи дека социјалниот дијалог продолжува.На темата за работничките права беше истакнат позитивен амбиент во однос на започнувањето на разговорите и преговорите за потпишување на новиот Општ колективен договор за вработените во јавниот сектор, а заклучок е дека е потребно следење на процесите и анализа за донесување најповолни решенија за исплата на К-15, односно регрес за годишен одмор за сите вработени во јавниот сектор.На средбата се разговараше и за унапредување на мерките за надминување на сивата економија, отворање нови работни места и подобар економски статус на сите работници, без разлика дали се во приватниот или јавниот сектор.

Македонија | пред 4 години

nagradi

Доделени наградите на СЕММ и ОБСЕ за најдобри новинарски трудови со инклузивно известување во време на Ковид-19

Советот за етика во медиумите (СЕММ) денеска, преку видео-обраќање на Фејсбук, ги соопшти наградите за најдобри новинарски стории за инклузивно известување за различностите во време на Ковид-19. Прво место, според едногласната одлука на 3-членото жири, освои сторијата на тема „Децата за кои не почна новата учебна година“ на авторката Ирена Каревска од редакцијата на 360 степени. Сторијата опфаќа мошне релевантна и содржајна тема поврзана со онлајн образованието за граѓаните под социјален ризик. Во нејзиниот фокус се системските аномалии коишто ги разоткри кризата, како и алармирањето на државата да ги преземе неопходните мерки во оваа сфера. Сторијата се одликува со силен новинарски и тимски ангажман, висок квалитет и урамнотеженост.Втората награда  на годинешниот конкурс на СЕММ ја oсвои сторијата со наслов „Коронавирус – борба низ иглени уши за работничките права“, на авторката Христина Ѓорѓиевска, а објавена на платформата „Види вака“. Со значителен новинарски и снимателски ангажман, мултимедијалната приказна на јавноста ѝ покажува со што се соочуваат текстилните работници и работнички за време на Ковид - кризата.Жирито одлучи на годинешниот конкурс трета награда да добие сторијата на тема „Трошна училница од 5 метри квадратни“ на авторката Арбана Ќерими, емитувана на ТВ 21. Новинарката, на едноставен, разбирлив и приемчив начин, го обработува прашањето за условите во коишто учениците со попреченост ја следат наставата, повикувајќи ги институциите на соодветен одговор.Освен награди за најдобрите стории, жирито одлучи да додели и две пофалници. Првата пофалница се доделува за сторијата со наслов „Самохраните мајки во пандемијата“ на новинарката Ана Зафирова, објавена на Дојче Веле. Жирито одлучи пофалница да ѝ додели и на новинарката Катерина Топалова, за сторијата „Штипјанец им гради куќи на сирмашните“, емитувана на МТВ.Со жирито претседаваше Љуљзим Хазири, а негови членови беа и Билјана Петковска и Драган Секуловски.„Ги повикуваме сите медиумски професионалци да станат сојузници при бранењето на човековите права, спречувањето понатамошна стигматизација, ставањето крај на ширењето дезинформации, разбивањето на гласините и стереотипите и охрабрувањето квалитетно и објективно известување за различноста, истакна Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје Клеменс Која.„Инклузивноста подразбира да им се даде глас на сите во медиумското известување Доколку публиката се препознава во известувањето таа ќе ја зголеми довербата во медиумите“, рече Марина Тунева, извршна директорка на СЕММ.Јавниот повик на СЕММ беше отворен за сите професионални новинари и редакции кои објавиле свои стории во медиумите во Македонија, во периодот од 1 мај 2020 до 1 мај 2021 година. На годинешниот конкурс се пријавија вкупно 41 новинарска сторија од 20 автори.Наградите се доделуваат со поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Македонија | пред 4 години

kola-grcija

(ФОТО) Оштетени македонски автомобили на Халкидики

И годинава македонски туристи, кои заминаа на одмор во Грција, се најдоа на мета на локалното грчко население, кое секоја година демолира автомобили на туристи од нашата земја. Инцидентот се случил на вториот крак на Халкидики, на плажата Портокали, Сарти. На автомобилот има изрежено и навредлив коментар „Цигано скопјани“, објави Инфомакс . извор: Инфомакс 

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Кузеска: Расте извозот, растат платите, економските политики на СДСМ се успешни и даваат резултати

По надминување на коронакризата, македонската економија денес е стабилна, развојна и се движи во добар правец. Доказ за тоа се официјалните економски показатели. Според последните податоци од Државниот завод за статистика, во првите пет месеци од оваа година, јануари – мај, бележиме раст на извозот од 58,2 отсто во однос на истиот период лани, истакна Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.Кузеска додаде:Покрај растот на извозот, бележиме и раст на индустриското производството, раст на просечната плата и пад на стапката на невработеност.Имаме историска стапка на невработеност од 16 отсто, а просечната плата за април 2021 година е за 10 отсто поголема во однос на истиот месец од 2020 година.Сето ова се показатели кои говорат за успешноста на економските мерки на Владата предводена од СДСМ.Како одговорна партија, постојано сме посветени на мерки и политики кои го унапредуваат животниот стандард на граѓаните и придонесуваат за засилен економски развој.Продолжуваме да работиме одговорно, во интерес на граѓаните, во интерес на домашната економија.

Македонија | пред 4 години

kucinja-kuce

Куче скитник касна учесничка на Преспа форумот во Охрид

Гостинка на „Преспа форумот за дијалог“ кој се одржа во Охрид била касната од куче скитник за време на престојот и завршила на Брза помош со преврска на раката.Станува збор за соработничката за истражување на универзитетот Оксфорд, Тена Прелец.Таа самата објави на Твитер дека ја каснало куче и завршила во болница при што објави и фотографија од повредата.

Македонија | пред 4 години

krazba-kradenje

Приведени четворица крадци, извршиле 33 тешки кражби и оштетувајќи ја инсталацијата на Телеком и Железници

Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево на 04.07.2021 ги лишија од слобода С.Д.(29), Ф.А.(36), Е.З.(49) и С.Д.(26), поради постоење основано сомнение дека се сторители на кривично дело „тешка кражба“, со што се расчистени 16 кривични дела, а се работи на документирање на уште 17 кривични дела, за кои исто така ќе има соодветни поднесоци, односно вкупно 33 кривични дела.Кај нив биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичните дела, меѓу кои електро мотори, кабли и метални делови, кои се во сопственост на Железници на Република Северна Македонија и Македонски телеком. Со лицата е извршен службен разговор, при што тие го појасниле начинот на извршување на делата, посочувајќи ги деталите и точните локации (ул.„Бојмија“, ул.„Владимир Комаров“, бул. „Јане Сандански“ и „Трета македонска бригада“), на кои во период од 12.05. до 01.07.2021 ги направиле делата, оштетувајќи ја инсталацијата на Македонски телеком, преку оштетување н а шахтите и сечење и крадење на бакарни кабли, притоа предизвикувајќи прекин на интернет, ТВ и телекомуникации.Од страна на Единицата за внатрешни работи – Одделение за криминалистички работи Аеродром и Драчево против лицата ќе следуваат соодветни кривични пријави.

Македонија | пред 4 години

IMG_7659

МВР: Потпишан Протоколот за спроведување нa Спогодбата за преземање на лица кои престојуваат без дозвола

Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Министерството за внатрешни работи оствари работна средба со амбасадорот на Француската Република во Република Северна Македонија Н.Е. Сирил Бомгартнер и директорката за меѓународна соработка на МВР на Франција, Софи Ат. Министерот Спасовски ги поздрави присутните и изрази благодарност за реализираната средба која, според него, ќе придонесе за натамошен развој на меѓусебните односи, особено во насока на уште поголемо унапредување на билатералната соработка, која и сега се одвива со голем интензитет.Денешнава средба беше искористена и за потпишување на Протоколот за спроведување нa Спогодбата за преземање на лица кои престојуваат без дозвола, за чие навремено усогласување во голема мерка се заслужни експертите на двете страни. Со неговото стапување на сила ќе се олесни справувањето со илегалната миграција, борбата со прекуграничниот криминал, но и заканите од тероризам, што е од големо значење за земјите кои се најпогодени од мигрантските напливи, а секако ќе ја олесни и постапката при преземање на лицата кои престојуваат без дозвола.Министерот Спасовски изрази благодарност во свое име за укажаната поддршка од Амбасадата на Француската Република и аташето за внатрешна безбедност на Министерството за внатрешни работи, пред сѐ за понудените и реализираните обуки, семинари и друг вид на поддршка, кои и покрај отежнатите услови поради пандемијата со ковид-19, се одвиваа непречено, како и за поддршката на нашите аспирации за членство во Европската Унија.

Македонија | пред 4 години

gradski-park

Дискотеките во Градскиот парк ќе работат и летово, градежните работи за забавниот парк ќе почнат наесен

Град Скопје одлучи летово да не ги урива дискотеките во Градскиот парк туку да им дозволи да работат уште оваа сезона. Уривањето е заради изградба на забавниот парк, кој според новиот план на градоначалникот Петре Шилегов, треба да биде проширен и на местото каде сега се наоѓаат летните дискотеки, објави СДК.МК.Одлуката за продолжување на закупот до 30 септември е донесена за да им се овозможи да ги надоместат финансиските губитоци поради ковид кризата и рестриктивните мерки.Од Градот велат дека градежните работи за изградба на забавниот парк ќе почнат наесен.Според проекциите на Градот, забавниот парк ќе биде готов во 2023, а ќе чини околу 12 милиони евра.Текстот во целост на: СДК.МК.

Скопје | пред 4 години

Нема фотографија

Гаши: Очекувам резолуција и за промена на формулацијата за албанскиот јазик во Уставот!

По предлог-резолуцијата иницирана од ВМРО-ДПМНЕ, очекувам македонските партии да предложат и резолуција со која ќе се промени формулацијата за албанскиот јазик во Уставот кој е дефиниран само како „јазик кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните, а кои не се мнозинство“, вели Африм Гаши, лидерот на партијата Алтернатива, која е во коалиција со Алијанса за Албанците, објави DW.com.„Не правете им го на други тоа што не сакате вам да ви го прават“, им порачува Гаши на Македонците и нивните политички претставници. Нагласува дека нема ништо против предлог-резолуцијата иницирана од ВМРО-ДПМНЕ, но смета дека идентична почит треба да се рефлектира и кон една од идентитетските компоненти на Албанците во земјата - албанскиот јазик.„Во принцип почитувам и поддржувам секој човек, следствено и секој народ, да се определи како што се чувствува и да го брани и негува својот етнички, културен, религиозен и јазичен идентитет. Но, истовремено тие кои се чувствуваат дека нивниот идентитет е загрозен во која било битна компонента, треба да знаат дека треба да го почитуваат и да им дозволат и на другите да го бранат својот идентитет во секоја своја димензија. Во вакви слични политички битки, кога на мета бил идентитетот на нашите сограѓани Македонци, сите граѓани од другите етнички заедници, а особено Албанците, застанале во одбрана и на страна на своите сограѓани, со кои ја делиме истата судбина и иднина и градиме заедничка држава. За време на тридеценискиот спор со Грција кој навлегуваше во идентитетската сфера, Албанците застанаа зад Македонците, но и сега, кога кулминираше спорот со Бугарија, Албанците повторно застанаа зад Македонците. Ние цело време покажуваме емпатија кон Македонците и така ќе продолжиме, но за жал тоа не е реципрочно“, вели Гаши.Текстот во целост на: DW.com.

Македонија | пред 4 години

1

AА: Мерко гради викендички во Ливадиште на земјиште на ЕСМ

Крајно алармантно бетонирањето на брегот на Охридското Езеро, Светско Наследство на УНЕСКО. Граѓаните пријавуваат за пет викендички на кампот Ливадиште кои што по се изгледа се градат од страна на градоначалникот и неговите блиски, на земјиште во сопственост на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ).  Заменик директорот на ЕСМ исто така е член на ДУИ, алармираат од Алијанса за Албанците.Овој нов криминал во урбанизмот и животната средина се случува само после една недела откако нивната партија го објави своето ребрендирање во зелена партија. Ја повикувам јавно Владата на Северна Македонија веднаш да ја запре оваа нелегална градба, додека, инспекторатот и обвинителството да обезбедат преземање на соодветни мерки против нарачателите, велат од АА.извор: Aлијанса на албанците

Македонија | пред 4 години

opstina

Општината објави Физибилити анализа за оценка на оправданоста за долгорочно задолжување

Општина Охрид објави Физибилити анализа за оценка на оправданоста за долгорочно задолжување на општината, согласно Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа.Граѓаните, своите ставови, мислења и предлози може да ги достават во електронски формат на официјалната електронска адреса на Секторот за финансиски прашања finance@ohrid.gov.mk најдоцна до 19 Јули 2021 година.На 20 Јули 2021 година (вторник), со почеток во 12 часот во големата сала на општина Охрид ќе се одржи Јавна расправа на која ќе се дискутира за придобивките и ризиците од ваквиот начин на раздолжување и заеднички ќе бидат разгледани мислењата и предлозите на граѓаните, напиша на сввојот ФБ профил градоначалникот Георгиески.Физибилити анализата може да ја прочитате на приложениот линк https://ohrid.gov.mk/%d1%84%d0%b8%d0%b7%d0%b8%d0%b1%d0%b8%d0%bb%d0%b8%d1%82%d0%b8-%d0%b0%d0%bd%d0%b0%d0%bb%d0%b8%d0%b7%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d0%be%d1%86%d0%b5%d0%bd%d0%ba%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d0%be%d0%bf%d1%80/?fbclid=IwAR3kwyjk6MFeZzqK8QyuIxN383G4ZOZ7X18vBbJLov1U5UunDh3h5Z769x0

Македонија | пред 4 години

06072021_Sednica-na-Vlada-2

Распределени 35,3 милиони денари од шестиот пакет

Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 86-та седница го разгледа извештајот за спроведениот јавен повик за финансиска поддршка на лиценцирани туристички водичи и донесе одлука да се одобрат 2.460.000,00 денари за 80 лиценцирани туристички водичи кои ги исполнија условите и критериумите утврдени во јавниот повик.Со оваа одлука на туристичките водичи ќе им биде исплатена еднократна финансиска поддршка во висина од 30.750 денари за надминување на последиците од ковид кризата опфатена во шестиот пакет мерки на Владата.Како дел од шестиот пакет анти-ковид мерки, врз основа на информацијата за спроведениот јавен повик за финансиска поддршка на компании - оператори од индустријата за организација на настани, Владата денеска донесе одлука на 33 економски оператори од оваа дејност што ги исполнуваат условите утврдени во јавниот повик, од вкупно 45 апликации, да им бидат распределени 15.443.661,00 денари.Од истата шеста програма за справување со последиците од ковид кризата, денеска е донесена и одлука за финансиска поддршка на регистрирани фотографски студија и фитнес центри со која на сите 184 правни лица од овие дејности кои аплицираа на јавниот повик, со оглед на фактот што сите ги исполнуваат условите, да им биде распределена предвидената финансиска поддршка од 11.924.820,00 денари.Владата денеска ја разгледа и информацијата за резултатите од спроведениот јавен повик за финансиска поддршка на регистрирани игротеки и приватни детски одморалишта, и донесе одлука за исплата на вкупна финансиска поддршка од 5.442.232 денари, за вкупно 73 правни лица кои ги исполнуваат сите услови од јавниот повик за правните лица од овие дејности.

Македонија | пред 4 години

balkanski-2

Георгиески: Фолклорните вредности се пренесувале од колено на колено и грижливо се чуваат и денес

Балканскиот фестивал на народни песни и игри е нашиот вечен трезор во кого грижливо се чуваат богатствата на песнопојната и играорната традиција, не само на македонскиот, туку и на многу други народи. Тие, фолклорни реткости со генерации се пренесувале од колено на колено, се преплетувале и надополнувале и правеле вистински филиграни кои им одолевале и им оддолеваат на сите притисоци на современото живеење.Шеесет годишната културна манифестација, препознаена и призната од УНЕСКО, во рамки на трите фестивалски вечери, низ играта и песната ќе ги шири универзалните вредности на фолклорот и интеркултурното разбирање на различните балкански народи.Убеден сум дека фолклорните ансамбли за гостите ќе приредат незаборавни моменти, а фолклорните уметници ќе понесат со себе, барем мал дел од магијата на вечниот Охрид, напиша во својата ФБ објава градоначалникот Георгиески.

Македонија | пред 4 години

dui

ДУИ не ја прифати резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ

ДУИ не ја прифаќа резолуцијата поднесена до собранието од ВМРО ДПМНЕ. На денешната средба со опозициската партија побарале сите партии да го усогласат текстот и по него да се гласа.Алијанса на Албанците и Алтернатива дополнително ќе заземат став откако претходно за ова ќе дискутираат партиските тела. Алијанса бара владејачките СДСМ и ДУИ да го усогласат ставот за резолуцијата да се донесе со консензус.Пратеникот во Собранието на Македонија, Јован Јаулески пред неколку дена го објави текстот на резолуцијата кој неговата партија ВМРО-ДПМНЕ го достави до Собранието.„Ќе поднесеме резолуција која што ќе ги дефинира македонските државни позиции за евроинтеграции и позиции (црвени линии) по однос на негирањата на македонскиот јазичен, културен или национален идентитет.Оваа резолуција мора да биде прифатена од сите политички партии кои Македонија ја чувствуваат за своја татковина и заеднички донесена бидејќи се работи за иднината на државата и нашето постоење.Секое негирање или отфрлање на овој документ кој не е само политички текст на ВМРО – ДПМНЕ ќе значи склоност кон ново предавство.Ако заеднички си ја заштитиме – Македонија ќе постои уште посилна и никој нема да ја користи како алатка за лечење комплекси“, вели Јаулески.

Македонија | пред 4 години

protest-11

ВМРО ДПМНЕ: Левица и Апасиев шират лажни вести, наместо да ужива во комодитетот на канцелариите, можеле да присуствуваат на седница на комисијата

Левица и Димитар Апасиев шират лажни вести во врска со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ во врска со Законот со кој се предвидува склучување на стратешко партнерство за изградба на автопати. Освен тоа што главната добиена задача на Левица е да го лепи неосновано ВМРО ДПМНЕ со СДСМ, освен тоа што професорот по право Апасиев денес покажа елементарно непознавање на правото и се посрамоти себе си, тие покажаа и дека неосновано, преку гол популизам ги трошат парите на граѓаните, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Во продолжение на истото се додава:Имено, Законот за кој реагираат е поднесен во скратена постапка од пратеници од мнозинството на власт. Во текот на вчерашниот ден на Комисијата за финансирање и буџет не се гласаше по однос на тој закон, туку истиот во рамките на скратената постапка е пренесен на одлучување на пленарна седница.А како ВМРО ДПМНЕ ќе гласа, Апасиев ќе види на самата пленарна лекција и ќе добие лекција за тоа како вистински се штитат националните интереси.Доколку пратениците на Левица имаа став по ова прашање можеле да присуствуваат на Седницата на Комисијата наместо од комодитетот на своите канцеларии да пуштаат соопштенија за медиуми.Глумењето опозиција, и помагањето на Заев, не е исто со делување како опозиција.

Македонија | пред 4 години

w_56089451

Регистрирани 16 нови случаи на Ковид-19, починати нема

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.873 тестирања, а регистрирани се 16 нови случаи на Ковид-19, од кои во Тетово – 4, Скопје и Струмица по 3, Куманово – 2 и по еден во Прилеп, Гостивар, Охрид и во Струга.Регистрирани се и 4 оздравени пациенти – двајца од Скопје и по еден од Куманово и Кратово.Во изминатите 24 часа не се регистрирани починати пациенти.Направените 2.873 теста се преку: ИЈЗ – 118, ЦЈЗ Скопје – 20, ЦЈЗ Битола – 30, ЦЈЗ Прилеп – 63, ЦЈЗ Тетово – 19, ЦЈЗ Куманово – 13, Судска медицина – 1, УК Пулмологија со алергологија – 1, ГОБ „8 Септември“ – 8, Институт за микробиологија – 14, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 65, „Авицена“ – 193, „Биотек“ – 138, „Систина“ – 80, лабораторија „Лаор“ – 122, „Синлаб“ – 63, „Ремедика“ – 15, „Плодност“ – 18, „Генеа“ – 1, „Никоб лаб“ – 457, „ВФВ медикал“ – 35, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.399.Досега во земјата се направени вкупно 894.904 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 155.732, бројката на оздравени пациенти е 150.104, на починати е 5.486, а бројот на активни случаи изнесува 142.Според епидемиолошките анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:Скопје 68.685, активни 55Куманово 8.884, активни 11Прилеп 8.328, активни 6Тетово 7.257, активни 18Битола 6.309, активни 5Велес 5.474, активни 2Гостивар 5.183, активни 2Кавадарци 5.155, активни 2Охрид 5.020, активни 10Штип 4.960, активни 0Струмица 4.123, активни 9Струга 2.982, активен 1Кочани 2.792, активни 0Кичево 2.600, Активни 14Гевгелија 2.195, активни 0Неготино 2.184, активни 0Свети Николе 1.524, Аактивни 0Ресен 1.234, активни 0Крива Паланка 1.227, активни 2Радовиш 1.161, активни 0Берово 1.032, активни 3Делчево 973, активни 0Дебар 942, активен 1Виница 886, активни 0Пробиштип 789, Активни 0Валандово 667, активни 0Богданци 494, активни 0Крушево 490, активни 0Демир Хисар 400, активни 0Демир Капија 396, активни 0Кратово 377, активни 0Македонски Брод 359, активни 0Пехчево 269, активен 1Македонска Каменица 249, активни 0Дојран 132, активни 0фото: Архива

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Судот го замрзна имотот на Рашковски и на неговите деца

Во рамките на истражната постапка што се спроведува во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, против четири лица, за злоупотреба на службената положба и овластување при спроведување на постапки за јавна набавка, предметниот јавен обвинител, со цел да не дојде до осуетување на намирувањето на оштетното побарување во текот на кривичната постапка, побара од Основниот кривичен суд – Скопје да определи привремени мерки за обезбедување на имотно-правно барање. Во предметот како оштетена се јавува државата со оштетно побарување во вкупен износ од 17.642.237,00 денари.Уважувајќи го барањето, судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје донесе Решение за привремена мерка со кое спрема едно од осомничените лица е определена привремена мерка – забрана за располагање со средства од сметка на која осомничениот како физичко лице има овластување да располага. Со истото Решение спрема две малолетни лица, на кои првоосомничениот во предметот е законски застапник, е определена привремена мерка – Забрана за оттуѓување или оптоварување на своите недвижности или стварни права кои врз недвижноста се запишани во корист на законскиот застапник, со прибелешка на таа забрана во јавна книга или да ги даде под закуп. Воедно, спрема едно правно лице во сопственост на трет осомничен судијата на претходна постапка определи привремена мерка – Забрана за отуѓување или оптоварување на движни ствари.Привремените мерки за обезбедување на имотно-правното барање ќе да траат најдолго до правосилно завршување на кривичната постапка или до поинаква одлука на судот.Во исто време претходно изречените мерки за обезбедување на осомничените се продолжени за нови 30 дена.​

Македонија | пред 4 години

010A8327

Почна да се снима „Кајмак“ на Манчевски

Денеска, во хотел Лимак, во Скопје, почна да се снима „Кајмак“, седмиот филм на најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски.Филмот ќе се снима пет недели на локации низ Скопје, во населбите Козле, Автокоманда, Центар, Лисиче...„Кајмак“ е црна комедија (или среќна трагедија) за две семејства, кои се пристојни на почетокот, а среќни на крајот, безмилосна критика на лицемерието и малограѓанштината.„Кајмак“ е европска копродукција во која поголем дел од финансиите доаѓаат од странство - 52 проценти од средствата доаѓаат од филмските фондови на Данска, Холандија, Хрватска и Бугарија, а 48 проценти од Македонија (од Агенцијата за филм на Северна Македонија). Македонската Радио Телевизија е копродуцент. Кајмак доби поддршка и од европскиот фонд Еуримаж, што е огромна потврда за вредноста на проектот. Во екипата се вклучени и филмски работници од Англија, Италија и Србија.Во текот на снимањето се очекува во Скопје да пристигнат и копродуцентите на филмот од Данска, Холандија, Хрватска и Бугарија.Режисерот Милчо Манчевски изјави: „Лето е преубава работа. Жешко лето е уште поубава. Жешко лето кога се снима најубава. Со ваков супериорен актерски тим и топ екипа му нема крај на меракот.“По сценарио и режија на Милчо Манчевски, во филмот играат: Камка Тоциновски, Сара Климоска, Александар Микиќ, Ана Стојановска, Симона Спировска, Петар Мирчевски, Филип Трајковиќ, Сашка Димитровска, Лазе Манасковски, Јасмина Василева, Дејан Лилиќ, Елена Кузманов, Крсте Роџевски, Ана Димитрова, Никола Ристески, Ангела Димитрова, Соња Михајлова, Александра Пешевска, Ѓорѓи Јолевски, Љиљана Богојевиќ, Сара Станиќ и други.Дански копродуцент на „Кајмак“ е Мета Луис Фолдагер Соренсен, продуцентка на филмовите „Антихрист“ и „Меланхолија“ на Ларс Фон Трир, како и на данскиот кандидат за Оскар „Кралската афера“ и на „Сопругата“ со Глен Клоуз. Холандски копродуценти се Изабела Депевег и Елс Вандерворст, која важи за една од најискусните холандски продуценти, со култни филмови како „Мандерлеј“, „Догвил“ и „Танчер во мракот“ на Ларс Фон Трир и „Сè е тоа за љубов “ на Томас Винтерберг. Хрватски копродуцент е Синиша Јуричиќ, а бугарски Иван Дојков. Извршен продуцент е Иан Прајор од британската Скала Продакшнс.Македонски продуцент на филмот е Банана филм. Продуцира Јане Ќортошев.Продукциски дизајнер е Дејвид Манс од Англија, директор на фотографија данецот Улрик Боел Бенцен, кастинг директор Милка Анчевска, костимограф Жаклина Крстевска, а дизајнер на шминка Марио Микисанти.Главни партнери на филмот се Алкалоид, и НЛБ Банка и Виза, а партнери на филмот се Окта, Тиквеш, Витаминка и Лимак. Филмот е помогнат од бројни домашни и странски поединци и компании.

Магазин | пред 4 години

dri

АлтернАтивА: „Еколошката такса“ на Владата е другото име на грабежот

Следејќи ги последните случувања во земјата, АлтернАтивА ја изразува својата длабока загриженост за преземените дејствија од Владата на Заев, кои постојано ја влошуваат и онака лошата финансиска состојба на граѓаните. Таква е и најавената одлука на Владата за таканаречената „зелена“ такса, која Владата се обидува да ја прошверцува во Собранието со измената на Законот за животната средина, ставајќи му на овој Предлог закон европско знаме, а со тоа воведувајќи му на граѓанинот такса од 3,5 денари за секој откупен литар на нафтени деривати, истакнаа на денешната прес конференција од Алтернатива.Во продолжение на истата додадоја:Тука мора да ги потсетиме граѓаните и јавноста дека од моментот кога Заев стана премиер, по изборите на 26 декември 2016 година, цените на нафтените деривати се овие: Еуросупер 95 – тогаш 67 денари – сега 71 денари; Еуросупер 98 – тогаш 69 денари – сега 73 денари; Еуродизел – тогаш 53 денари – сега 63 денари; екстра лесното масло за домаќинство – тогаш 42 денари – сега 62,5 денари; мазут - тогаш 28,8 денари / кг - сега 37,1 денари / кг). Ова значи дека, во текот на овие години на неговото владеење, цената на бензинот се зголеми за 4 денари, на дизелот за 10 денари, екстра лесното масло поскапил за 20,5 денари и мазутот за 8,3 денари. Овие зголемувања на цената на нафтените деривати не се должат на промените на берзата на светскиот пазар, туку се должат на зголемувањето на акцизата што оваа Влада го направи двапати во текот на овие години на власт. Она што вреди да се истакне и што загрижува е зголемувањето на цената на дизелот за 10 денари, бидејќи тоа влијае на поголемиот дел од населението, која поради финансиската состојба и пониските трошоци користат возила на дизел.И кога на овие веќе надуени цени ќе ја додадеме и „еколошката такса“ од 3,5 денари, ова станува неподнослив товар за граѓаните и економијата на земјата. Ова се докажува и со едноставна пресметка: ако во 2017 година резервоар од 60 литри по цена од 53 денари за литар чинеше 3,180 денари, по наметнувањето на зелената такса ќе чини 3,990 денари, односно 810 денари повеќе.Во овој случај, мора да нагласиме дека од таквата такса се очекува краткорочно зголемување на вкупните цени за 0,3%, додека на долгорочен план зголемувањето ќе биде до 0,9%, ова според домашните финансиски експерти.Сето ова нè принудува да ù се обратиме на Владата со прашањето зошто секогаш кога ù требаат пари, гаѓа по џебот на граѓанинот? Зошто за прибирање на средства не ги намалувате буџетските ставки за стоки и услуги и зошто не престанувате да крадете по тендери, кога само од овие две постапки ќе се обезбедат многу повеќе од овие 50 милиони што сте ги предвиделе за собирање, и тоа „случајно“во изборна година. Се чини дека воопшто не ви е грижа што со ваквите постапки го манипулиравте и осиромашувавте граѓанинот, кој и така е истрошен во ова време на пандемија.Ако сакате да ја следите ЕУ со еколошките такси, ве потсетуваме дека просечната плата во ЕУ е 2000 евра, додека во нашата земја е 460 евра. Затоа, прво ви препорачуваме да ја следите ЕУ во владеењето на правото и подигање на животниот стандард за граѓаните, а тек потоа нека се воведат зелените такси.

Македонија | пред 4 години

w_56803989

Четири потврдени случаи на делта сојот во земјава, за уште четири лица се чекаат резултати

Досега се потврдени четири случаи на делта-сојот во Македонија, а се чекаат резултати за уште четири граѓани за кои нема информации дали патувале надвор од земјава, изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.Тој потврди дека вчера било регистрирано уште едно лице заразено со индискиот сој на коронавирусот (делта), кое се лекува во Велес и има полесна клиничка слика.Во меѓувреме, се чекаат резултати за уште четворица пациенти кои се сомнителни на индискиот сој на коронавирусот и тие се лекуваат во Скопје. Еден од нив, како што рече Филипче, има потешка клиничка форма и е поставен на респираторна машина, а другите се стабилни.„Скринингот што се прави на тестовите во ИЈЗ и во МАНУ ја исклучува британската варијанта, што значи дека секаде каде што ќе се покаже дека не е британската варијанта, се прави секвенционирање на индискиот сој. До денеска приквечер ќе ги имаме резултатите за другите четворица пациенти“, рече Филипче.Доколку се потврди дека овие четворица пациенти се позитивни, во државава би имале осуммина заразени од индискиот сој. 

Македонија | пред 4 години

apasiev2

Левица: СДСМ и ДПМНЕ го одобрија скандалозниот закон за градење автопат без тендер

Во текот на вчерашниот ден, на Комисијата за финансирање и буџет, помина контроверзниот Предлог-закон, со кој се предвидува американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ да ги гради автопатите од Коридор 8 и 10 без тендер, со директна спогодба со Владата, се вели во соопштението од Левица.Во продолжение на истото од партијата додаваат:Власта планира граѓаните да ги задолжи за уште кредити, каде ексклузивитет добива компанија позната по високи цени, корупција и нетранспарентност, при што законот го носи во скратена постапка. Со оглед на тоа дека претседател на Комисијата за финансирање и буџет е пратеникот од опозицијата, Тимчо Муцунски, ваквата здружена зделка делува како уште едно задоволување на апетитите на таканаречените стратешки партнери и нивниот капитал. На самото потпишување на контроверзниот Меморандум помеѓу Владата и „Бехтел и Eнка“ пред неколку месеци присуствуваше и амбасадорката на САД, Кејт Брнз.Американско-турскиот конзорциум го следат низа коруптивни скандали, како тој во Романија каде проектот траеше 10 години, проследен со одложувања, спорови, меѓусебни обвинувања за уцени и корупција. Финалниот резултат беше за добиени 64% од парите, „Бехтел и Енка“ реализира 12,5% од договорот.Сепак, најдраматична е изградбата на автопатот за поврзување на Косово со Албанија, каде првичната цена од 300 милиони евра достигна висина од неверојатни 1.100.000 милиони евра! Очигледно, во овој случај се докажа премисата дека „која држава бомбардира, таа држава после ги добива договорите.“Во македонскиот случај, дека се работи за еклатантен пример на висока корупција, покажува и делот каде е предвидено делумно или целосно да не важи домашното законодавство. Заедничкото одобрување од страна на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ на ваков скандалозен проект покажува дека за овие две партии, единствените црвени линии се интересите на странскиот фактор и неговиот капитал.Јавниот интерес и добробитот на државата е од секундарно значење, секогаш кога истите ќе дојдат во контрадикција со геостратешките интереси на „стратешките партнери“.

Македонија | пред 4 години

policija-policaec-3

Претрес во Сингелиќ, пронајдена дрога, приведени три лица

На 05.07.2021 од страна на Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дроги,оружје и опасни материи во содејство со СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога и оружје беа лишени од слобода А.А.(61) Б.А.(22), Л.А.(21), сите од Скопје. Имено, при извршен претрес на дом и други простории, врз основа на судска наредба, на подрачјето на Сингелиќ во Скопје, кај А.А.(21) од Скопје, кој не бил затекнат дома, била пронајдена марихуана. Трите лица се приведени, додека за едно лице е распишана потрага.По комлетирање на целокупната документација за кривично-правниот настан од страна на СВР Скопје до надлежното Јавно обвинителство ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по чл.215 од Кривичниот законик.

Скопје | пред 4 години

vakcina-vakcinacija-7

Бугарската компанија ја прекинува вакцинацијата на македонски државјани на граница

По месец и половина откако ја започна вакцинацијата на граѓани на границата со Северна Македонија, бугарската компанија „Комак медикал“ ја прекинува работата на 31 јули, потврдил за МИА сопственикот на фирмата и лекар Милен Врабевски. Причина за одлуката, според Врабевски, е што државава обезбедила вакцини за граѓаните во различни градови во земјата. Досега сите што се вакцинирале со една доза, ќе можат втората да ја примат до 31 јули.Вакциналните пунктови на бугарската медицинска компанија работат во реонот на граничните пунктови Станке Лисичково-Делчево и Златарево-Ново село, меѓу двете држави и на жителите кои сакаа да се вакцинираат не им беа налагани ПЦР тестови за влез во Бугарија.Врабевски, за дописникот на МИА од Софија, вели дека вакцините што беа ветени од бугарскиот претседател Румен Радев за С Македонија, се уште не се доставени.извор: МИА

Македонија | пред 4 години

05072021_VRSM_84ta_Sednica_4

Владата ја разгледа информацијата за реформата на јавната администрација

Владата на Република Северна Македонија ја одржа 84-тата редовна седница која беше посветена на статусот на реализација на активностите на Стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 на предлог на Министерството за информатичко општество и администрација.На седницата беше разгледана анализата за хоризонталната функционална поставеност на министерствата и институциите која ја подготвија проектните експерти спроведена во рамките на двегодишниот ИПА проект „Поддршка кон државната реорганизација“, финансиран од Европската Унија.Структурираните оценки и мислењата во врска со анализата, која предвидува рационализација на бројот на институциите во државната управа, како и предлози за нивна поголема ефикасност, ќе бидат презентирани пред Советот за реформи на јавната администрација кој пак на Владата ќе ѝ ја предложи конечната верзија за реорганизацијата на органите на државната управа, агенциите и инспекциските служби, како една од најважните активности во процесот на пристапување во Европската Унија.На оваа седница Владата ја усвои и Информација за испраќање припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Зад хоризонтот 21“ (Beyond Horizon 21), во Република Бугарија, на која покрај земјата домаќин ќе учествуваат и припадници на армиите на Романија и Грција.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања