Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

bremena-2

Бремена млада Ромка се жали на дискриминаторскиот однос од доктор во Мајка Тереза, не ја прегледал и се дерел

Млада Ромка, во осмиот месец од бременоста, се соочила со нееднаков и несоодветен третман од страна на лекар во Специјалната болница за гинекоогија и акушерство „Мајка Тереза“ во скопски Чаир – чекала три часа иако чувствувала мачнини, малаксаност и нагон за повраќање, а „добила само дрзок и дискриминаторски однос, заедно со нејзината мајка која ја придружувала“, обвинуваат од Иницијативата на жени од Шуто Оризари.„Аниса е 21-годишна Ромка во осмиот месец од бременоста. Поради тоа што чувствувала мачнини во желудникот и малаксаност, се обратила на ургентно во СГАБ „Мајка Тереза“-Чаир. Кога пристигнала, веќе чекале две пациентки кои имале породилни болки. Во меѓувреме дошле уште две пациентки кои не биле Ромки и не биле бремени. Специјалистот прво ги примил пациентките со породилни болки. Аниса очекувала дека таа е следна, но специјалистот ја повикал другата пациентка која дошла по неа и не била бремена, за да ѝ закаже термин за оперативен зафат. Потоа ја повикал за преглед и следната пациентка којашто не била бремена. На Аниса ѝ се влошила состојбата и едната од медицинските сестри, согледувајќи ја нејзината беспомошност, ѝ донела кесе за да поврати“, пишуваат од невладината организација на Фејсбук.По два часа чекање, лекарот ја повикал Аниса и ѝ рекол да почека бидејќи имал уште една пациентка за преглед.„По дваесет минути, докторот се вратил, а Аниса, изреволтирана од односот, со болка и треперлив глас му рекла:– „Извинете докторе, но воопшто не е коректно од Ваша страна што навремено не ме прегледавте, навистина ми е многу лошо.“Тој со дерење и заминувајќи од ординацијата ѝ рекол:– „Срам да ти е, цело време акам по скаливе нагоре-надолу, а ти вака зборуваш. Е сега, поради ова, ќе си го чекаш специјалистот да те прегледа.“Докторот излегол, Аниса почнала да плаче, а сестрите ја утешиле дека ќе ја прегледа друг доктор. Потоа се симнала докторката специјалист и откако завршила со прегледот, дошол истиот доктор кој не сакал да ја прегледа Аниса за да го потпише извештајот од прегледот. Во тој момент влегла мајката на Аниса, која револтирана со висок тон му укажала на некоректниот однос, по што тој ѝ се обратил со зборовите:– „Мрш стоко и излези надвор!“, велат од Иницијативата на жени од Шуто Оризари.Незадоволна од прегледот и неукажувањето на лекарска помош, Аниса се обратила во УГАК, на ургентно, каде што била соодветно примена и прегледана.Таа сега се чувствува добро, но е под лекарски надзор и е разочарана од искуството на клиниката во Чаир.Иницијативата на жени од Шуто Оризари најави дека ќе го пријави случајот кај надлежните органи, а тоа индивидуално ќе го стори и младата жена.„Сметаме дека е крајно време дискриминаторскиот однос со кој се соочуваат Ромките особено во здравствените институции, конечно да заврши, а грижата за здравјето на Ромките да биде еднаква. Правото на здравје мора да се почитува, особено во репродуктивниот период. Инаку, како може да се тврди дека се почитуваат човековите права во земјава?“, велат од невладината организација

Македонија | пред 4 години

Tabla

Доктор невролог фотографирал погрешна табла за „дерматовенерологија“, па го прераспределиле, директорот негира мобинг

Доктор Мирослав Гроздановски, невролог во поликлиниката Букурешт, во редакцијата на „Слободен печат“ се пожали дека откако минатата недела ја фотографирал спорната табла каде што одделението за „дерматовенерологија“ беше погрешно испишано, а потоа закачено во оваа здравствена установа, добил решение за прераспределба во друга поликлиника. Според него, самото тоа што ја фотографирал таблата, претставувало основ поради кој директорот на здравствен дом Скопје, доктор Виктор Исијановски го префрлил во друга институција.Директорот Исијановски, пак, за „Слободен печат“ комплетно ги негира овие наводи и тврди дека во другата поликлиника имало потреба од професионалец како неговиот колега, па затоа ја извршил прераспределбата. Текстот во целост на: „Слободен печат“ 

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Георгиески: Реконструираниот базен во Св. Еразмо, значително ќе придонесе за подобрување на условите за третман на пациентите

Специјалната болница за ортопедија и трауматологија "Свети Еразмо" е ризница на квалитет, хуманост и стручност веќе седум децении и е вистинска гордост за нашиот здравствен систем, напиша на својот Фб профил, градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Градоначалникот во објавата додава:✅Реконструираниот базен за физикална терапија значително ќе придонесе за подобрување на условите за третман на пациентите и е од големо значење за развојот на здравствениот туризам во Охрид.💙Искрено се радувам што преку заедничка соработка одлучивме средствата обезбедени преку грантовата шема за инвестициски проекти за одржлив и рамномерен регионален развој, да ги инвестираме токму тука.🤝Упатувам благодарност до Министерството за локална самоуправа, Швајцарската агенција за развој и соработка, Центарот за развој на југозападниот плански регион и до работните групи кои беа вклучени во аплицирањето и имплементацијата на проектот.➡️Се надевам дека и во иднина ќе можеме да реализираме вакви заеднички проекти кои се од големо значење за нашите жители и за целиот регион.

Македонија | пред 4 години

milososki

ВМРО ДПМНЕ ја поднесе резолуцијата во Собранието

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ денеска ја поднесе Предлог – резолуцијата за утврдување на македонските државни позиции по однос на евроинтеграциите и блокадите кои што се наметнуваат.„ Оваа Предлог-резолуција во онаа форма во која што веќе беше споделена со сите пратеници е предложена со цел да помине со најширок можен консензус. Цениме дека оваа Предлог-резолуција ќе ги зајакне и македонските дипломатски позиции, но исто така ќе влијае и како фактор на сплотување наместо поларизација внатре во македонското општество. Тоа што би сакал денес да го порачам и апелирам, согласно Деловникот секој пратеник има право да се придружи со свој потпис на ваква Предлог-резолуција од моментот кога таа е предложена“ изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.Тој ги повикува пратениците на СДСМ, ЛДП, Левица, Алијанса, ДОМ, Демократски сојуз и сите други пратеници, уште од денес да го стават својот потпис и да се придружат на оваа Предлог-резолуција, за утврдување на македонските државни позиции за евроинтеграции, за, како што рече, да не се дозволи блокадите и националните понижувања да станат предмет на преговори и „виткање на кичма“ во некој следен период.„ Се надевам дека пратениците и партиите кои што декларативно истакнаа дека ќе ја поддржат Предлог-резолуцијата таква каква што е, од денес па во следните неколку дена истата ќе ја потпишат и очекуваме претседателот на Собранието Џафери, во најскоро можно време истата да ја стави на пленарна седница за да можеме да се изјасниме, очекувајќи дека ќе имаме широк политички консензус“ порача Милошоски.

Македонија | пред 4 години

joveski

ВМРО ДПМНЕ: Јовевски е избор на Заев за Уставен суд, како награда за заштитата на криминалот на власта и селективната правда

Најавата дека шефот на обвинителството Љубомир Јовевски го подготвуваат за уставен судија е уште еден показател на трас-трас судството на Заев, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Во продолжение на истото од партијата додаваат:Јовевски беше и е главен политички егзекутор кој работи по диктат на Заев, кој како и во испробаниот метод со Добрила Кацарска, Заев го токми за уставен судија. Тоа е наградата за овие четири години селективно обвинителство кое го штитеше и заташкуваше криминалот на власта, а по нарачка на Заев отвораше политички процеси против неистомислениците на аболицираниот криминалец. Впрочем токму Јовевски беше шеф на обвинителството кога Заев беше ослободуван од очигледни криминали, кога не се отвораа предмети како снопчињата пари во чантата на Ден Дончев, случајот „Леонардо“, насилството на градоначалникот на Шуто Оризари и десетици други големи криминали.Доколку Јовевски стане уставен судија, тоа нема да биде поради неговата компетентност и авторитет, туку поради желбата на Заев од Уставниот суд да направи партиско дувло кое ќе му го штити криминалот и корупцијата која владее во секоја пора од неговото владеење.Заради ваквото обвинителство чиј шеф е Љубомир Јовевски Македонија е на дното во борбата против корупцијата во Европа и светот, и поради ваквото обвинителство чиј шеф е Јовевски Македонија е најкриминализираната држава во Европа, во која власта и криминалците се во синергија и коалиција.Со Заев и ликови како Јовевски нема правна држава, туку хибриден режим кој Македонија ја закова на дното по сите параметри во Европа.

Македонија | пред 4 години

ohrid1

Стартува летниот режим на сообраќај на територијата на општина Охрид

Од денеска стартува Летниот режим на сообраќај на територијата на Општина Охрид, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација на улиците каде што е воведено еднонасочно движење на возилата.Оваа година за прв пат е воведен посебен сообраќаен режим на улицата „Кирил и Методиј“. По оваа улица ќе се одвива еднонасочен сообраќај во правец од пресекот со улица „Гоце Делчев“ кон „Горна Порта“ и од „Горна Порта“ кон улица „Крум Точко“. Едната страна од улицата ќе може да се користи за паркирање на моторни возила согласно предлог мерките и издадената согласност од Министерството за внатрешни работи – СВР Охрид.Се упатува апел до граѓаните и туристите во целост да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, со цел да се овозможи поголема безбедност во сообраќајот во текот на летната туристичка сезона.Летниот режим на сообраќај ќе трае до 31-ви август 2021 година.

Македонија | пред 4 години

vakcina-kovid-fajzer

Филипче: Вакцинацијата на децата против ковид-19 нема да биде задолжителна

Вакцинацијата на деца, која е најавена од следната недела, кај нас нема да биде задолжителна, потенцираше денеска министерот за здравство Венко Филипче. Вакцината ќе биде достапна за деца од 12 до 16 години.„Некои земји го воведуваат вакцинирањето на децата против ковид-19 како задолжително, односно тие нема да ги примаат децата на училиште доколку не се вакцинирани. Кај нас нема да биде задолжителна вакцината против ковид-19 за децата“, рече Филипче.На новинарско прашање дали ќе го вакцнира својот син за да даде пример дека вакцините против коронавирус се безбедни за децата, Филипче истакна:- Да, се разбира. Директно ви одговарам, јас тоа ќе го направам, рече Филипче чиј син има над 12 години.

Македонија | пред 4 години

w_56102301

Регистрирани 19 нови случаи на коронавирус, нема починати

Во последните 24 часа се направени 2.518 тестирања, а регистрирани се 19 нови случаи на Ковид-19: Тетово – 11, Скопје – 8.Регистрирани се 4 оздравени пациенти од: Скопје – 2, Прилеп и Тетово – по 1.Не се регистрирани починати пациенти.Направени се 2.518 теста преку: ИЈЗ – 137, ЦЈЗ Скопје – 33, ЦЈЗ Битола – 35, ЦЈЗ Прилеп – 20, ЦЈЗ Тетово – 22, ЦЈЗ Куманово – 13, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 0, Судска медицина – 2, лабораторија во болницата во Козле – 0, УК Пулмологија со алергологија – 13, ГОБ „8 Септември“ – 7, Институт за микробиологија – 17, МАНУ – 0, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 43, „Авицена“ – 136, „Биотек“ – 163, „Систина“ – 58, лабораторија „Лаор“ – 115, „Синлаб“ – 16, „Ремедика“ – 14, „Плодност“ – 20, „Генеа“ – 10, „Никоб лаб“ – 553, „ВФВ медикал“ – 30, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.061.Досега во земјата се направени вкупно 900.165 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.760, бројката на оздравени пациенти е 150.118, на починати е 5.486, а бројот на активни случаи изнесува 156.Според епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 68.693, Активни 56Куманово 8.884, Активни 11Прилеп 8.328, Активни 5Тетово 7.274, Активни 34Битола 6.309, Активни 5Велес 5.474, Активни 2Гостивар 5.185, Активни 4Кавадарци 5.155, Активни 2Охрид 5.021, Активни 11Штип 4.960, Активни 0Струмица 4.123, Активни 6Струга 2.982, Активни 1Кочани 2.792, Активни 0Кичево 2.600, Активни 13Гевгелија 2.195, Активни 0Неготино 2.184, Активни 0Свети Николе 1.524, Активни 0Ресен 1.234, Активни 0Крива Паланка 1.227, Активни 1Радовиш 1.161, Активни 0Берово 1.032, Активни 3Делчево 973, Активни 0Дебар 942, Активни 1Виница 886, Активни 0Пробиштип 789, Активни 0Валандово 667, Активни 0Богданци 494, Активни 0Крушево 490, Активни 0Демир Хисар 400, Активни 0Демир Капија 396, Активни 0Кратово 377, Активни 0Македонски Брод 359, Активни 0Пехчево 269, Активни 1Македонска Каменица 249, Активни 0Дојран 132, Активни 0фото: Архива

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Градот Скопје го презентираше проектот за БРТ – системот за брз автобуски превоз

Што претставува БРТ системот на јавен превоз и зошто Градот Скопје го одбра токму овој модел на јавен транспорт како најдобро, најбрзо, најбезбедно и најисплатливо решение за Скопје беа главните прашања на кои одговори денешната презентација на системот за брз автобуски превоз во Скопје, што се одржа во хотелот „Хилтон“. На презентацијата присуствуваа градоначалникот Петре Шилегов, помошник директорот на ЕБОР, Ијан Џенингс, сообраќајниот експерт од областа на јавен градски превоз, Никола Крстаноски, сообраќајниот експерт за БРТ, Градимир Стефановиќ, генералниот менаџер на израелската компанија РОМ Транспортејшн, Моше Хирш, потпретседателот на Владата на Република Северна Македонија, Љупчо Николовски, претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, градоначалници и претставници од невладиниот сектор.- Воведувањето на БРТ системот на брз автобуски превоз во Скопје е еден исклучително важен и голем историски чекор напред во урбаниот развој на градот. Целта на денешната презентација е да се обидеме да креираме јасна претстава за јавноста, пред се за граѓаните како главни актери во урбаната мобилност, за тоа што претставува БРТ системот и зошто го одбравме токму овој модел на јавен транспорт како најдобро, најбрзо, најбезбедно и најисплатливо решение за Скопје како главен и најголем град во нашата држава. Со нас денеска се четворица врвни експерти со респектабилен меѓународен углед кои се можеби најдобриот избор на луѓе кои многу добро ја познаваат проблематиката на урбаниот јавен транспорт на патници, со огромно искуство во оваа област од повеќе различни градови во светот. Сакам да замолам внимателно да ги сослушаме со цел да можеме да развиеме една квалитетна интерактивна дискусија подоцна, која, се надевам, ќе расчисти многу дилеми кои се јавуваат во јавноста. Ќе бидам среќен ако успееме да отвориме што е можно повеќе прашања кои на стручно ниво ќе ни ги елаборираат експертите затоа што на крајот на денот овие прашања треба да бидат одговорени заради граѓаните. А, граѓаните имаат право да ги знаат сите информации за тоа на кој начин се развива градот во кој живеат и колку ќе се подобри квалитетот на живот со подобрувањето на урбаната мобилност преку воведување на БРТ во Скопје – рече градоначалникот Шилегов во своето воведно обраќање пред присутните на денешната презентација.Тој нагласи дека е горд што Градот Скопје почнува нова историја во јавниот транспорт кој ќе гарантира позитивно влијание во заштитата на животната средина и подобрувањето на квалитетот на воздухот.Според помошник директорот на Европската банка за обнова и развој од Лондон, Ијан Џенингс, ЕБОР секоја година вложува 250 милиони евра во развој на градски транспортни системи.ЕБОР и Град Скопје веќе соработуваа при набавката на 33 нови МАН автобуси на гас, изработката на акцискиот план за зелен град, како и на Студијата за оптимизација на мрежите на линии на автобускиот јавен превоз. Сега се радувам на соработката при воведувањето на БРТ во Скопје кој е еколошки проект, пристапен за сите граѓани. Ваков проект кој ќе го трансформира превозот во Скопје бара голема посветеност и соработка – рече Џенингс.За потсетување, со БРТ се воспоставуваат две линии со коридори резервирани само за ултра-еколошки автобуси - од Ѓорче Петров до Ново Лисиче, и од Бутел до Кисела Вода. Трасата со правец запад-исток е во должина од 12,8 км во една насока, со 21 станица, а трасата со правец север-југ е во должина од 10,4 км и 20 автобуски станици. Проектираната вредност за овие две рути е околу 70 милиони евра, што подразбира и набавка на возилата.

Скопје | пред 4 години

08072021_MZSV_AFPZRR_Press_1

Објавен нов повик од ИПАРД II, на располагање 9,6 милиони евра за проекти преку мерка 7

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Аријанит Хоџа, заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски денеска го најавија новиот повик од ИПАРД II програмата.Станува збор за Јавен повик за мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“ преку кој во наредниот период на микро и малите претпријатија на располагање им се 9,6 милиони евра за реализација на инвестиции во повеќе сектори.„Средствата од овој jавен повик се наменети за поддршка на инвестиции кои ќе придонесат за да стимулираме развој на економски активности во руралните средини и руралниот туризам. Вкупната финансиска поддршка во рамките на овој јавен повик изнесува 9.6 милиони евра, со можност во текот на јавниот повик, износот да се зголеми. Средствата се обезбедни со поддршка од 75% од ЕУ фондови и 25% национално ко-финансирање, а вкупните прифатливи трошоци на инвестицијата, нема да ја надминуваат границата од 65%. Со реализацијата на овој јавен повик, целосно ќе ги искористиме средствата кои ни се располагање од ИПАРД II Програмата“, изјави министерот Хоџа. Тој додаде дека искористувањето на финансиските средства од Европската Унија во земјоделството и руралниот развој, се на највисоко можно ниво од почетокот на ИПАРД Програмите кај нас. Ние застанавме на лидерското место помеѓу земјите од Западен Балкан, кориснички на ИПАРД. Европската Комисија по извршениот мониторинг, во последниот извештај за реализација на програмите за економски реформи ја издвои Република Северна Македонија како најуспешна. Ние го добивме највисокиот индекс на успешност во споредба со земјите од регионот, во однос на степенот на искористеност на ИПАРД II. Оваа година е трета по ред, во која имаме максимална искористеност и нема да враќаме неискористени средства.Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски, истакана дека главната цел на оваа мерка е поттикнување на вработувањата и зголемување на економската активност во руралните средини, преку развој и промоција на руралниот туризам, зачувување и развивање на занаетчиските активности и мотивирање на руралното претприемништво.„Приоритетни сектори кои се поддржани од оваа мерка се инвестициите во алтернативното земјоделско производство, инвестициите во производство на прехрамбени и не-прехрамбени производи, инвестициите во занаетчиските дејности, инвестиции во услуги за руралното население и инвестициите во руралниот туризам. Како корисници на мерка 7 се прифатливи и физичките и правните лица кои спаѓаат во рангот на микро и мали претпријатија. Висината на финансиската поддршка се движи од 1.500 до 1.000.000 евра, не вклучувајќи го данокот на додадена вредноста, а повратот на инвестициите е во висина до 65% од вкупните прифатливи трошоци. Проектираниот буџет за оваа мерка е 9.6 милиони евра, со можност за негова екстензија. Ова се сериозни средства кои ќе имаат директен импакт врз развојот на постојните, како и отварањето на нови мали и микро претпријатија кои се главните мотори на домашната економија“, истакна директорот на АФПЗРР, Бачовски.На последниот повик, преку мерка 7 склучивме 80 договори со вкупна поддршка од 8,5 милиони евра. Овие договори се зачеток на нови инвестиции во земјоделството, нови индустриски капацитети во руралните средини, нови сместувачки и угостителски комплекси кои ја збогатуваат лепезата на домашната туристичка понуда.Досега се веќе исплатени 30% од средствата на Програмата, а потпишани се договори за речиси 80% од средствата.Во тек се и активности за подготовка на новата ИПАРД Програма 2021-2027 или ИПАРД III, преку која се очекува Република Северна Македонија да добие за 60% повеќе средства во споредба со ИПАРД II.Ние сме лидери во регионот и од аспект на програмирање на новата ИПАРД III Програма, која очекуваме да биде проширена за дополнителни четири мерки. Веќе се започнати консултации по однос на програмскиот документ и предвидените мерки. Се очекува Европската комисија да ја усвои новата ИПАРД Програма 2021-2027 за нашата држава, во декември оваа година.Крајниот рок за поднесување барања е заклучно со 22 август 2021 година. Сите заинтересирани, потребната документација може да ја симнат од веб страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk.

Македонија | пред 4 години

pijan-1

65 санкции за возење под дејство на алкохол во еден ден

Во текот на вчерашниот ден (07.07.2021) спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 65 возачи.Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.

Македонија | пред 4 години

parking-holidej-in

Ќе никне првата од трите згради кај „Холидеј ин“, потпишана градежната дозвола

Фирмата „Фешн груп“ и Македонската православна црква (МПЦ-ОА) можат да почнат со градење на првата од трите кули кај „Холидеј ин“. Барањето за добивање градежна дозвола е станато правосилн, односно потпишана е градежна дозвола од градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ и сега инвеститорите немаат никакви пречки да почнат со градба.Градоначалникот Саша Богдановиќ за САКАМДАКАЖАМ.МК потврдува дека нема никакви пречки да се почне со градба кај „Холидеј ин“.„Нема жалби по однос на барањето за градењето за кое се платени комуналиите. Откако пропадна можност за суспензија на Деталниот урбанистички план за тој дел, не постојат никакви пречки да се гради и барањето за градба стана правосилно“, вели градоначалникот Богдановиќ.Текстот во целос на:  САКАМДАКАЖАМ.МК 

Скопје | пред 4 години

mkd-227838

Ременски прашува: Дали јавноста може да биде задоволна само со фактот што несовесните судии се разрешени?

Професорката и поранешна пратеничка Фросина Ременски коментира дека разрешувањето на судиите од тефтерчето на претходната власт е само површно, поентирајќи дека речиси никој од нив не бил соочен со кривична одговорност.Во продолжение дел од анализата на Ременски:„Судскиот совет го разрешил судијата Горан Бошевски за „несовесно и нестручно работење“. Пред него разрешени Јово Вангеловски, Лидија Неделкова, Софија Лаличиќ, Татјана Михајлова, Ристо Катавеновски, Владимир Панчевски и други – скоро сите за „несовесно и нестручно извршување на судската функција“, спомнати во еден американски извештај.Кога ќе се погледне оваа бројка на разрешени судии ќе добиете впечаток дека, се санкционира несовесната и нестручната работа на судиите кои низ тефтерчиња, црвени телефони, од некаков интерес не си ги почитувале начелата на работа во службата.Разрешувањето не е неважен, но не е и најважниот чин на „казнување“ за несовесноста и нестручноста на судиите кои треба да се симбол на правдата, независноста, самостојноста, стручноста, праведноста …Дали „несовесното и нестручно извршување на судската функција“ повлекува штети и какви се тие?Дали тоа „несовесното и нестручното“ резултирале со свесна корист за некого?Одговорите на овие прашања се суштински за разбирање на казната – разрешување со која најчество завршуваат постапките за одговорност на судиите.Дали Судскиот совет, предлагачот за разрешување на судија, Државното правобранителство или пак јавното обвинителство се имаат впуштено во анализа на „нестручноста и несовесноста на судијата“ со која предизвикале штети на државата, на страните во постапката – на граѓаните кои најчество ги плаќаат високите Стразбуршки казни од пресудите по жалбите на судовите и пресудите на судиите?Не – нема да најдете ниту една анализа со конкретни штети, ниту пак постапки поведени од Државното правобранителство или ЈО за несовесните и нестручни судии!Обвинителите како по правило си го штитат својот двор и „купуваат“ милост во случај да се најдат пред судиите за кои можат да постапуваат.Но, затоа граѓаните кои се оштетени од „нестручното и несовесно работење“ на судиите најчесто (по правило) ќе бидат упатени на приватни тужби и граѓански постапки кои во отсуство на аргументи и конкретно утврдени повреди на судската функција (не)даден од страна на Судскиот совет ќе бидат приморани да докажуваат „нестручност и несовесност“ на судија што е обврска на други органи!И тука, правдата и еднаквоста се покажуваат важечки за едните, а неважечки за другите!Ако го погледнете Кривичниот законик ќе видите дека постојат 8 кривични дела кои во битието и во именувањето го содржат зборот „Несовесно“ кое само по себе упатува на кривична одговорност и дела кои се гонат по службена должност.Несовесно лекување болниНесовесно вршење аптекарска дејностНесовесно вршење преглед на месо за исхранаНесовесно укажување ветеринарна помошПредизвикување стечај со несовесно работењеНесовесно вршење надзор над сообраќајотНесовесна изработка и преземање на воен материјалНесовесно работење во службатаВо ова последното дело би требало да влезе и „оценката“ за „несовесното работење во судската служба“, според кое би требало да се утврди дали и кој имал корист/штета од несовесното судско постапување!Но, ако го погледнете Законот за судовите, судската пракса и праксата на Судскиот совет (и на други институции), ќе видите дека само за судиите и дел за обвинителите „нестручното и несовесно работење“ се третираат на ниво на потешка дисциплинска повреда!Тоа не е случај за сите останати професии за чиишто припадници по основ на „нестрручно и несовесно работење“ одговорноста се утврдува во друга постапка.Дали јавноста е задоволна со разрешување на судиите од тефтерите?Дали јавноста може да биде задоволна само со фактот што несовесните судии се разрешени?Дали штетите од „нестручното работење“ треба да бидат грижа на засегнатите или пак на државата во нејзино и нивно име?Дали можете да се сетите на еден случај (освен за Владимир Панчевски) во кој против судија се водела кривична постапка за несовесно работење во службата или збоупотреба на службената положба и овластувањата?Дали ова се должи на здушната субкултура и симбиоза на солидатност помеѓу обвинителството и судот?Кои се лицата во предметите кои заради овие разрешувања се вратиле или ќе се врратат на почеток, а имаат корист?Дали тајмингот за разрешувања е погоден или не?Ако погледнете каква и колкава е одговорноста на јавните обвинители по примерот на судиите по истиот основ – „нестручно и несовесно работење“ ќе се фрапирате од податокот дека, Советот на јавни обвинители иако има/имало дебели основи за разрешување и одговорност на обвинители за многу сериозни работи, отсуствуваат разрешувања.Единствено беше разрешувањето на Државниот јавен обвинител Марко Зврлевски во август 2017 година “за нестручно и несовесно работење” што никогаш, ама никогаш не почна и не заврши со утврдување на одговорност за сите тефтер-постапувања за кои сите пратеници тоа лето гласавме за неговото разрешување.Закон за јавното обвинителство ќе ве шокира со одредбата (член 70 став 3) во која се вели дека, „За штетата што јавниот обвинител во вршењето на функцијата ќе им ја причини на граѓаните или на правни лица со незаконита работа е одговорна Република Северна Македонија“!И доаѓаме до апсурдноста на гребењето по површина на „реформите по Прибе извештајот“ кој станаа алфа и омега во тоа како треба, а не како не треба.Токму Прибе ја постави дијагнозата и за судството и за обвинителството и за безбедносните служби – им го најде заедничкиот именител – силното директно и индиректно влијание од олигархијата, криминалните структури и политиката!Но, оваа апсурдност е уште поголема ако се погледне фактот дека, СЈО што го презеде неработењето на ОЈО ГОКК, односно работењето под „разно“ (РО) на големи криминални случаи и притвори неколкуте највлијателни идентификувани во Прибе-дијагнозата – настрада во една организирана акција токму на тие структури кои никогаш не сакале и не сакаат независно судство и обвинителство!Реформската козметика во судско-обвинителската фела не подразбира „пудра-постапки“ за маскирање на модринките и бубулиците која по ново се вика „ветинг“, туку депилација на ладен восок – секој месец, секоја недела …, за да не никне влакно на таа фина површина која треба да свети од углед, а не да гребе од недоверба!За штетата што јавниот обвинител во вршењето на функцијата ќе им ја причини на граѓаните или на правни лица со незаконита работа е одговорна Република Северна Македонија во следно подолго писание …Живела револуција …, пишува Ременски.

Македонија | пред 4 години

direktorka-4

Охридско лето годинава со хуманитарен карактер - средствата од концертот „Танец и Ладо под ѕвездите“, ќе се донираат за здрвството

На 12-ти јули на Античкиот театар во Охрид, свечено отворање на фестивалот „Охридско лето“, со настап на Македонската опера и балет со проектот „Големиот Чајковски“, под диригентската палка на Бисера Чадловска. Годинава на Охридско лето во целата оваа ситуација на пандемија, ќе настапат повеќе од 500 уметници од 18 држави од светот. Затворањето на 61-то издание, ќе биде со Југословенскиот народен театар од Србија, на сцената на Долни Сарај во Охрид.За тоа како течат финалните подготовки за фестивалот, разговараме со директорката м-р проф. Наташа Поповиќ. Станува збор за охриѓанка која ја води најпрестижната културна манифестација во државава, фестивалот-бренд на Охрид и Македонија , прославеното „Охридско Лето“.М-р проф. Наташа Поповиќ студирала на престижниот „ Валпарезо јуниверзити “ во Чикаго на отсекот за пијано каде дипломирала и се стекнала со звање „ Пијанист “.Во 1991 година таа била во десетте најдобри студенти во Америка и ја добила „Претседателската награда за вонсериски достигнувања “ која и била врачена од тогашниот Претседател на САД Џорџ Буш Постариот. Во 1998 година таа се враќа во Македонија и работи како професор во средното музичко училиште „ Илија Николовски Луј “ во Скопје.Ohrid 1: Одбројуваме до почетокот на фестивалот „Охридско лето“. По минатогодишното ковид Охридско лето, што да очекуваме годинава?М-р проф. Наташа Поповиќ: Минатогодишното издание на фестивалот кое беше јубилејно и покрај пандемијата се одржа со беспрекорна организација, со исполнување на зацртаната програма. Сите протоколи беа испочитувани, така што немавме никакви проблеми. Се надевам дека и годинава, 61. Охридско лето ќе ја промовира и шири уметноста според планираното. Публиката може да очекува 40 фестивалски вечери исполнети со квалитетни концерти кои ќе ја величааат класичната музика, како и театарски претстави од најдобрите театарски ансамбли во регионот. Охридско лето, од почетокот до самото спуштање на завесата и годинава ќе биде успешна приказна која долго ќе се памети.Ohrid 1:  Што од годешната програма од музичкиот и дрмскиот дел е најспектакуларно?М-р проф. Наташа Поповиќ: Самото отворање на фестивалот ќе биде спектакуларно, во знакот на Големиот Чајковски. Најубавите дела на овој руски композитор, балетската трилогија „Лебедово езеро“, „Оревокршачка“ и „Заспаната убавица“, како и извадоци од балетот „Ана Каренина“ и операта „Евгениј Онегин“ ќе ги изведат балетските првенци, солистите, ансамблот и оркестарот од Националната опера и балет на Република Северна Македонија, под диригентската палка на Бисера Чадловска. Ќе биде тоа грандиозен проект кој ќе донесе повеќе од 90 уметници на сцената, па ги поканувам сите љубители на уметноста да го проследат спектаклот, на 12 јули, на Античкиот театар со почеток во 21 часот. И ова лето, цели 40 вечери ќе ја славиме уметноста која толку многу ни недостигаше во екот на здравствената криза која наметна ригорозни рестрикции.Ohrid 1:  Неодамна најавивте дека дел од програмата годинава ќе има и хуманитарен карактер?М-р проф. Наташа Поповиќ: Изминатата година сите извлековме многу добри поуки кои треба да ги имаме во предвид и натаму во работењето и воопшто, во секојдневието. Од пандемијата која за жал однесе голем број непроценливи човечки животи, научивме дека и во едно вакво динамично време кога сите брзаме некаде, мора да се свртиме кон себе и кон најближните, кон своите роднини, колеги и пријатели, да мислиме повеќе на нашето здравје и да се почитуваме едни со други. Во шпицот на пандемијата на сите ни беше тешко, но се чини најтешко им беше на здравствените работници кои деноноќно се бореа со коронавирусот, спасуваа животи, притоа оставајќи се првин себеси, а потоа и своите најмили во заден план. Затоа решивме годинава да направиме гест во знак на благодарност и почит до сите медицински лица кои се наши херои. Одлучивме концертот „Танец и Ладо под ѕвездите“ на Ансамблот за народни игри и песни „Танец’“ од Северна Македонија и хрватскиот Ансамбл на народни игри и песни „Ладо“ што ќе се одржи на 28 јули на Античкиот театар да биде од хуманитарен карактер. Средствата што ќе се соберат од продажбата на билетите ќе ги донираме во здравството.Ohrid 1: Охридско лето се одржува од 12 јули до 20 ти август. Но, за да се подготви сето тоа што ние ќе го следиме, макотрпно се работи цела година. Станува збор за многу познат фестивал во светски рамки. Како уметниците прифаќаат учество на ваков фестивал. Траба ли долго преговарање?М-р проф. Наташа Поповиќ: Во принцип, немаме проблеми во преговарањето за настап на фестивалскиот подиум . Охридско лето само по себе е бренд во меѓународни рамки и уметниците со задоволство ја прифаќаат поканата за учество. За нив е огромна честа и задоволството да концертираат на реномиран фестивал, а и нам како организатори ни е посебно драго што е така. Можеби понекогаш се јавува неусогласеност на агендата на уметниците што сакаме да ги поканиме со времетраењето на нашиот фестивал, но како што рековте, за да се подготви програмата треба макотрпна работа преку целата година. Затоа откако ќе заврши едно фестивалско издание, ние веќе започнуваме со припреми за следното. Можеби се чини дека Охридско лето живее од 12 јули до 20 август, но ве уверувам дека не е така. Преку целата година се прават подготовки, се договараат уметниците, се освежуваат сценските простори, се договараат помагателите за да можеме да имаме успешен фестивал.Ohrid 1:  Да се менаџира фестивал од ваков ранг како што е Охридско лето, да се одржи културна репутација и да се напредува во секоја смисла воопшто не е лесно. Дали токму ова за вас е и предизвик?М-р проф. Наташа Поповиќ: Да, за мене е предизвик но пред се е огромна чест, задоволство и истовремено одговорност да се менаџира една ваква Национална установа од областа на културата која е лулка на трајните уметнички вредности веќе шест цели децении. Одговорноста да се сочуваат трајните вредности и реномето на фестивалот е голема, но до мене стои тим кој неуморно работи на поставените цели и работни задачи.Ohrid 1:  Вие сте музичар. Музичките студии ги комплетиравте на конзерваториум во САД. Што знаењата и искуствата стекнати во Америка ви значат во работата тука? И дали како музичар имате настапувано на „Охридско лето“?М-р проф. Наташа Поповиќ: Охридско лето за мене од секогаш претставува посебна приказна. За Фестивалот знам откако знам за себе. Мојата мајка која е професор по флејта од најмали нозе ме носеше на концертите на фестивалот во црквата Света Софија. Уживав во врвната изведба на уметниците, понекогаш заспивајќи на столчињата.Сум била и учесник на фестивалот Охридско лето во рамките на Подиумот на млади. Затоа велам дека музиката тече во моите вени, музиката е мојата духовна храна без која не можам да живеам, таа е мојот микрокосмос околу кој се врти мојот живот.Музичкото образование го комплетирав во САД. Таму ги поминав завршните две години од средното музичко образование, таму го завршив високото образование, но и магистерските студии. Иако школувањето во САД е нешто што за мене е од исклучителна вредност и како човек и како музичар, секогаш велам дека никаде не е како дома. Америка останува мојот втор дом, но сакав стекнатото искуство да го применам и пренесам дома, во мојата татковина.Ohrid 1:  Што му недостига на фестивалот Охридско лето, но и на градот Охрид, а во функција на понатамошен раст и развој на фестивалското реноме. Дали затворена концерна сала би ги решила проблемите и „стегањето палци“ скоро секоја година да не заврне додека се очекува настапот на некој врвен уметник?М-р проф. Наташа Поповиќ: Како што е познато, фестивалот Охридско лето се одржува во стандардниот термин од 12 јули до 20 август, но ние, како Национална установа работиме во текот на целата година. Откако дојдов на чело на оваа установа, започнавме и со организирање концерти на класична музика и во текот на целата година. Интенцијата ни беше, да заживее културата во градот и во останатиот дел од годината, а не само во лето. Да, се сложувам, на Охрид му е потребна концертна сала која ќе има акустика, ќе биде направена според сите стандарди и ќе собира многубројна публика но да се надеваме дека ќе ја имаме за брзо време.Што се однесува до нашите концерти и театарски претстави, доколку се влошат временските услови, секогаш бараме алтернатива, најчесто Центарот за култура „Григор Прличев“. Но ако се работи за врвни популарни уметници за кои кај публиката има огромен интерес, може да се случи концертот на отворено да биде одложен токму заради неможноста да се реализира во дождливо време.Ohrid 1:  Може ли кратко за приватниот дел од животот. Вие сте сопруга и мајка на две деца. Дали некое од децата го наследи талентот од мама за музика?М-р проф. Наташа Поповиќ: Двете мои ќерки, Барбара и Партиција го имаат наследено талентот, најпрвин од нивната баба, а потоа и од мене. Поголемата ќерка Барбара е веќе во светот на уметноста. Таа студира оперско пеење и е трета година на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на примадоната Весна Гиновска-Илкова, но исто така одлично свири пијано.Помалата ќерка Патриција одлично свири виолина, но тоа нема да биде нејзината професија бидејќи нејзината замисла е да заплови во актерските води. Сепак е се уште рано за да падне одлука за идната професија бидејќи е ученик во втора година во Гимназијата „Јосип Броз-Тито“ во Скопје.Во секој случај јас сум пресреќна што и двете ја носат и негуваат уметноста во нивните души. Талентот го имаат, одлуката е нивни избор.Ohrid 1:  Што најмногу сакате да правите во слободно време. Има ли време за патувања, која дестинација ви е омилена?М-р проф. Наташа Поповиќ: Кога имам слободно време многу сакам да готвам. Уживам во кујната правејќи разно разни специјалитети но поголем наклон имам кон италијанската кујна. Патувања секогаш имало. По природа не сум мирен дух што седи само дома и во својата земја иако изминатиов период поради короната планираните патувања не се остварија целосно. Да, често патувам, а најмногу сакам да одам во САД и Италија. Во овие две земји ќе се навраќам секогаш дури сум жива.

Магазин | пред 4 години

Нема фотографија

Претрес во Тетово, пронајдени кокаин и екстази

Полициски службеници на СВР Тетово вчера (07.07.2021) од 14 часот и 30 минути до 16 часот, со судска наредба, извршиле претрес во домот на Н.А.(32) во тетовско Доброште, каде биле пронајдени кокаин, дигитална вага и МДМА (екстази). Н.А., кој претходно бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово, со соодветен поднесок е изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово, кој му определил мерка притвор од 30 дена.Н.А. се сомничи дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик и вчеравечер (7 јули) тој е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Скопје“ во Скопје за издржување на притворот.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Шеесетгодишник осомничен за задоволување полови страсти пред деца​

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Задоволување на полови страсти пред друг од член 190 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Шеесетгодишниот жител на село Миладиновци е осомничен дека на 3 февруари, на улицата „Беровска“, во Скопје вршел полови дејствија пред три деца кои не наполниле 14 години. Настанот го забележал сведок кој изреагирал и го избркал обвинетиот од местото.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и веројатност да го повтори делото.Наведените околности упатуваат на тоа дека нема услови за определување на поблага мерка за обезбедување негово присуство во текот на постапката, особено ако се има предвид тежината на предметното кривично дело и запретената казна од над 4 години затвор, оцени надлежниот јавен обвинител.

Скопје | пред 4 години

telo

Да се стимулира изучување на јазиците на другите заедници, одлучи Оперативното тело за развој на концептот за едно општество во Владата

На првиот состанок на Оперативното тело за развој на концептот за едно општество и интеркултурализами е заклучено дека има голем исчекор во делот на социјалната кохезија, за што голем удел има и Оперативниот план за „правична застапеност“ при вработувањата во приватниот сектор  Огромна е важноста од модификација и прилагодување на образовниот систем и стимулирање на принципот на изучување на јазиците на другите заедници, што би требало да се стимулираа со стипендии, како важен фактор во градењето на интеркултурализмот, објави 360stepeni.mk.Тоа е еден од заклучоците од првиот состанок на Оперативното тело за развој на концептот за едно општество и интеркултурализам, на кој биле презентирани постигнатите резултати и се разгледани состојбите и предизвиците во спроведувањето на Националната стратегија за развој на концептот едно општество за сите и на интеркултурализмот (2020-2022 година).Нагласена е и важноста на родовата еднаквост при вработувањето, особено во помалите етнички заедници и што поголема вклученост на младите, како што се посочува, не само како советодавен, туку и како имплементирачки фактор во креирањето на политики.Заменик-претседателот на Оперативното тело, министерот за правда Бојан Маричиќ. истакна дека ова Оперативно тело, како сложено меѓуресорско тело составено од 17 члена – претставници на државни институции и експерти, е резултат на исклучително важен ангажман во рамки на Националната стратегијата едно општество. Во него членуваат првиот вицепремиер Артан Груби, кој е претседател на Оперативното тело, како и министрите за образование и наука, Мила Царовска, за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, за култура Ирена Стефоска, за локална самоуправа Горан Милевски и Народниот правобранител Насер Зибери.извор:360stepeni.mk.

Македонија | пред 4 години

aida

Почина Аида Хоџиќ, советник во Општина Аеродром

Советничката во Советот на Општин Аеродром, Аида Хоџиќ почина.Веста на Фејсбук ја објави градоначалник, а од неа преку социјалните мрежи се простуваат голем број роднини и пријатели.-Другарка која Општина Аеродром сакаше да е уште поубаво место за живеење. Другарка, секогаш насмеана која сакаше на сите да им помогне. Ќе ни недостигаш Аида. Почивај во мир, напиша на Фејсбук градоначалникот на Општината, Златко Марин.

Скопје | пред 4 години

apasiev

Апасиев: Ако не повлечеме црвени линии за неколку децении ќе бидеме Курди на Балканот

Ако не повлечеме црвени линии за неколку децении ќе бидеме Курди на Балканот, изјави вечерва пратеникот Димитар Апасиев, претседател на Левица во емисијата „Само вистина“ на ТВ Канал 5.За нас црвените линии се унитарноста на Македонија, вели Аапасиев.„Значи да не се разговара за некаква идна федерализција или кантонизација. Секуларноста, тоа значи да се зауздаат верските заедници кои почнуваат да доминираат, следно е територијалниот интегритет да се гарантира, потоа идентитетот да се гарантира, значи име, јазик, култура и инсигниите, односно државното знаме, грб и химна. Ова е НЗС, зад кој што секоја македонска партија мора да го стави својот потпис, бидејќи во спротивно ние за неколку децении од сега ќе немаме држава, односно ќе бидеме Курди на Балканот“, вели Апасиев.Тој смета дека премиерот Зоран Заев и неговиоте слаби дипломати ги предизвикаа проблемите со Бугарија. Апасиев вели дека мора да се поништи Преспанскиот договор, а преговорите со Бугарија да се напуштат.„Треба да ги продолжиме преговорите со ЕУ, но мора да ги напуштиме преговорите со Бугарија. Во преговорите на маса се идентитетските одредници и затоа, потребна е резолуција за црвените линии. Мора да се зачува достоинството на народот. Ние ќе бидеме новата Турција, која триесетина години преговара со ЕУ. Светот е мултиполарен и има алтернативи. Кина за една деценија ќе стане најсилна економија…“, рече Апасиев.

Македонија | пред 4 години

apasiev

Треба да ги продолжиме преговорите со ЕУ, но мора да ги напуштиме преговорите со Бугарија, вели Апасиев

Треба да ги продолжиме преговорите со ЕУ, но мора да ги напуштиме преговорите со Бугарија, рече лидерот на Левица Димитар Апасиев. Според него, во преговорите на маса се идентитетските одредници и затоа, смета тој, потребна е резолуција за црвените линии. Тој останува на ставот дека мора да се поништи Преспанскиот договор.-Мора да се зачува достоинството на народот. Ние ќе бидеме новата Турција, која триесетина години преговара со ЕУ. Светот е мултиполарен и има алтернативи. Кина за една деценија ќе стане најсилна економија… – рече Апасиев на Канал 5, при што како можни алтернативи ги спомена БРИКС, Евроазиска унија, Движењето на неврзаните…

Македонија | пред 4 години

w_56803986

Вкупно 10 лица во земјава, заразени со Делта сојот

Уште кај четири пациенти потврден е делта сојот или познатиот индиски сој корона вирус, со што бројката на заразени во земјава со овој сој се искачи на десет лица.Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека последните четири случаи на заразени со индискиот сој биле денеска потврдени во лабораторијата во МАНУ и тврди дека немале премногу контакти.– Имаат патувано во странство. Тоа се две двојки и нема епидемиолошки ризик. Сега епидемиолозите ја вршат таа работа која ја вршеа на почетокот, индивидуални контакти, изолација итн, рече Филипче.Академик доктор Александар Димовски од Центарот за генетички инженеринг и биотехнологија при МАНУ вели дека повеќе е од јасно е дека само вакцинацијата спречува развој на тешка форма на болеста.-Нема потреба да правиме мерки што буквално ќе ја затворат државата. Тоа што знаеме е дека сите вакцини кои се користат сега спречуваат најтешка форма на болеста, хоспитализација и смрт во најголем процент, рече Димовски и упати апел до сите граѓани посебно тие што се во групи од ризик, повозрасни и со хронични заболувања да се вакцинираат, да се заштитат себеси и генерално да се врати ситуацијата во нормала.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Претрес во скопско, пронајдени стебла канабис и експлозивна направа

На 07.07.2021, од полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација и содејство со СВР Скопје - Единица за недозволена трговија со дрога и оружје лишени од слобода се Н.Р.(67) и З.Д.(33) од с.Страчинци, скопско. При претрес извршен со наредба од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје во дом и други простории кај двете лица, пронајдени се и одземени саксии со растенија канабис сатива и експлозивна направа од проектил со експлозивно полнење кал.15мм.Двете лица се приведени и по документирање на случајот, по насока на Јавен обвинител, против З.Д. ќе биде поднесена кривична пријава по чл.215, а против Н.Р. по чл.396 од Кривичниот законик.

Скопје | пред 4 години

joveski

Од Обвинителство би се преселил во Уставен суд, Јовески ќе си ја продолжи кариерата на државна сметка

Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески е можно да го засили Уставниот суд, односно да го пополни едно од трите испразнети места. Тој за “Фокус” потврди дека доколку пратениците го предложат, тогаш ќе ја прифати функцијата уставен судија.-Одлуката ја носат пратениците. Доколку нивен став е дека можам да придонесам со работното искуство во оваа значајна институција, ќе прифатам, ни изјави Јовески.Од неодамна во Уставен суд останаа уште 6 судии.Текстот во целост на: “Фокус”

Македонија | пред 4 години

Hristijan-Mickoski-23.02

Мицкоски: ДУИ барем еднаш да застане зад интересот на Македонците

Очекувам ДУИ да застане зад интересот на своите сограѓани и да ја поддржи резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за црвените линии во преговорите со Бугарија, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.-Очекувам ДУИ да ги надмине своите милитантни однесувања и барем еднаш да застане зад интересот на нивните сограѓани Македонците како мнозинска заедница. Вистински да застане зад новата агенда што ја најави, а тоа е зелената агенда, и наместо химната, знамето и грубото кршење на Уставот од страна на Талат Џафери, да имаме навистина еден вистински државнички и братски однос во државава. И наместо да ги гледаме нашите лични интереси и интересите на соседите од другите држави, да ги гледаме интересите на соседите тука внатре, во нашата Македонија, тоа се интересите на мнозинскиот, македонскиот народ, рече Мицкоски во интервју за „Вечер прес“ на прашањето дали очекува да најде заеднички јазик и обединување и со албанските партии.Очекувам ДУИ да застане зад интересот на своите сограѓани и да ја поддржи резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за црвените линии во преговорите со Бугарија, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.-Очекувам ДУИ да ги надмине своите милитантни однесувања и барем еднаш да застане зад интересот на нивните сограѓани Македонците како мнозинска заедница. Вистински да застане зад новата агенда што ја најави, а тоа е зелената агенда, и наместо химната, знамето и грубото кршење на Уставот од страна на Талат Џафери, да имаме навистина еден вистински државнички и братски однос во државава. И наместо да ги гледаме нашите лични интереси и интересите на соседите од другите држави, да ги гледаме интересите на соседите тука внатре, во нашата Македонија, тоа се интересите на мнозинскиот, македонскиот народ, рече Мицкоски во интервју за „Вечер прес“ на прашањето дали очекува да најде заеднички јазик и обединување и со албанските партии.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Општина Центар започнува акција за мерење на гласност во локалите - сите угостители да го почитуваат дозволеното ниво на бучава

Секторот за инспекциски работи, по големиот број на пријави на граѓаните на општината, започнува акција за мерење на бучавата во угостителските објекти, кафе-баровите и останатите локали.Во наредниот период, овластени инспектори од Општина Центар, со помош на инструменти за мерење на бучава, ќе вршат зачестени контроли во сите угостителски локали, а особено во оние за кои од граѓаните до општината има пристигнато најмногу пријави.Апелираме до кафе-баровите, рестораните и останатите угостителски објекти, како и до нивните управители и сопственици, да се воздржат од пуштање на гласна музика, да се придржуваат до постоечките правилници и да ги почитуваат законските решенија за дозволена гласност.Доколку инспекторите на терен констатираат надминување на дозволеното ниво на гласност и се констатира непридржување до пропишаните гранични вредности, ќе се изречат соодветни казни и санкции во согласност со Законот за заштита од бучава во животната средина.

Скопје | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања