Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

Нема фотографија

Национален Блок „Не отворам врата“: Скандал, Груби со Илир Мета и Еди Рама договара албанската шпионска служба да ги собере матичните броеви на Албанци од Македонија во странство

Националниот Блок „Не отворам врата“ ја прашува марионетската влада во Скопје дали знае дека нивниот вицепремиер Артан Груби на средбите со Еди Рама и Илир Мета договара ангажирање на албанската шпионска служба да ги собере матичните броеви на Албанци од Македонија во странство и да ги запишат во пописот.Иако ова е во прилог на кампањата на Националниот Блок „Не отворам врата“ за непопишување на Македонците оти со попишувањето и на 100.000 и на 200.000 Албанци, никој нема да прифати попис дека нема Македонци во странство, сепак ја информираме јавноста за оваа активност на Груби која е безбедносно-интересна за Република Македонија и нејзината државна безбедност ако воопшто Македонија има безбедносна служба во интерес на народот и државата, се вели во соопштението од Националниот Блок „Не отворам врата“ .Во продолжение на истото од Националниот Блок,  додаваат:Да потсетиме, слична активност имаше и при фалсификување на пописот во 2002 година кога Албанците лажно беа прикажани дека се 25,17 отсто. Според тогашниот закон, со пописот требаше да бидат вклучени и македонски државјани кои се во странство не подолго од една година. Но ШИК - тајната полиција на Албанија, во координација со албанските партии во Македонија, ќе овозможат масовно попишување и на Албанци кои повеќе од една година се надвор од земјата, откако претходно успешно ќе организираат масовно собирање и донесување на нивните пасоши во земјата кои беа покажувани од член на семејството во земјата.Како резултат на таквото попишување, во 2002 беа добиени резултати надвор од секаква човечка логика. Споредбените податоци за периодот од претпоследниот попис од 1994 година, до последниот попис во 2002, значи за период од осум години, јасно го покажуваат фалсификуваниот попис од 2002. Така, од 86.615 лица колку што е зголемено населението во земјата за периодот 1994-2002, дури 67.979 се Албанци, а, само 2.000 Македонци, и 16.636 од другите малцински групи. Од овие податоци произлегува дека во периодот 1994-2002, годишно се раѓале по 8.500 деца од албанска етничка припадност, а само 250 од македонска, или сооднос, на едно родено македонско дете се раѓале дури 34 албански деца, што е надвор од здравиот разум. Дотолку повеќе, како е можно при пописот во 2002 за разлика од пописот од 1994, да има пораст на населението во 99% од општините со албанско население, а во над 90% од општините со македонско население да има намалување од околу 10%. Или, на контигент од македонско население од околу 1.300.000 жители се презентира прираст за осум години од само 2.000 жители, а кај околу 300.000 албанско население пораст од 68.000 жители.Но тогаш сите политички актери го признаа пописот. Затоа сега е потребно масовно непопишување и непризнавање на нелегитимниот попис кој ќе падне сам од себе, бидејќи, никој нема да прифати дека во Македонија и странство нема Македонци а има само Албанци, со што се отвора патот идната народна власт да направи реален и вистински. а не лажен и фалсификаторски попис.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Османи во седиштето на НАТО: Стоиме на ниво на задачата со нашето членство во Сојузот, придонесувајќи кон стабилноста на регионот, ширејќи ги НАТО вредностите

При самиот влез Османи испрати пораки за значењето и очекувањата од престојниот Министерски состанок.„Историски момент и за мене, и за Република Северна Македонија, за прв пат физички на масата на Министерскиот состанок во пресрет на нашата прва годишнина од полноправното членство во Алијансата.“ истакна Османи, реафирмирајќи го членството во НАТО како стратешки успех за земјата„Стоиме на ниво на задачата со нашето членство во Сојузот, придонесувајќи кон стабилноста на регионот, ширејќи ги НАТО вредностите, активно придонесувајќи за надминување на современите предизвици на Алијансата“, посочи Османи при самиот старт на дводневниот Министерски совет.Денешното учество на Османи на Министерскиот состанок на НАТО, претставува за прв пат физичко присуство на Министер за надворешни работи на Република Северна Македонија на овие состаноци како полноправна членка на Алијансата.фото: Министерство за надворешни работи

Македонија | пред 5 години

korona-2

За 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализирани 70 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 70 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 569 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 48 приеми.Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 3 примени пациенти и 2 биле примени на Инфективната клиника во тек на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 16 нови пациенти и 2 деца се хоспитализирани на Клиниката за Детски болести во Скопје.Во изминатите 24 часа дома се пуштени 33 оздравени пациенти.Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 277 пациенти.Во ГОБ 8 Септември има вкупно 123 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 117 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 16 лица. На Клиниката за Детски болести има 27 пациенти позитивни на ковид 19 вирусот и 10 на ГАК .Вкупно 569 пациенти потврдени и сомнителени за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 70 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Zugik-23.03

Жугиќ: Скопје тоне во смет, луѓе умираат од КОВИД, а Шилегов дава тендер од еден милион за партнерот на Мила Царовска

Петре Шилегов молчи и се крие, откако му додели тендер од еден милион денари на партнерот на министерката Мила Царовска, за вршење на услуги – снимање на зелени површини, за рана детекција за растителни болести.Во време кога секој ден десетици луѓе починуваат од компликации од вирусот, на Шилегов најголема грижа му се болестите на зелените површини. Истите оние зелени површини кои како градоначалник ги запостави и девастираше изминативе три ипол години, истакна Јелена Жугиќ, советник во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ.Жугиќ додаде:Граѓаните секојдневно се соочуваат со загуба на човечки животи, со стотици новозаразени секој ден, со поскапени режиски сметки и прехрамбени продукти, а Шилегов брутално се расфрла со парите на скопјани. Граѓаните се борат со финансиската криза, не ретко една маска се носи и по неколку дена, парите не стигаат и за средства за дезинфекција и за витамини и за поздрав начин на исхрана кој помага во зајакнување на имунитетот. Градоначалникот, „таткото” на скопјани Шилегов наместо да распише тендер, да набави заштитни средства и да ги подели бесплатно на ранливите категории граѓани, тој почитувани скопјани, дава еден милион денари на партнерот на Царовска за снимање на зеленилото од дрон?!?Скопје се гуши во смет! Парковите низ Аеродром се обраснати со трева и запуштени, Вардариште во Гази Баба е депонија скоро рамна на Дрисла, преполни контејнери во Кисела Вода и во Центар. Шилегов не знае како да ги заврши основните задолженија како прв човек во Скопје, но затоа знае точно како да ги потроши парите на граѓаните за апсолутно непотребни работи во овој момент.Во услови на пандемија, илјадници деца сеуште немаат соодветни уреди за да ја следат наставата од дома. Шилегов наместо да размисли како да им помогне и да пренамени средства за купување на таблети или лап-топ компјутери, тој распиша тендер за дронско снимање на зелени површини.Ја повикувам Државната комисија за спречување криминал да го испита случајот со тендерот за дронско снимање на Шилегов, каде добитник на истиот е да повторам партнерот на министерката Царовска. Одговорност мора да има.Петре Шилегов, твојата некадарност и негрижа нанесува непоправлива штета на скопјани и Скопје. Расфрлањето со нашите пари во услови на тешка пандемија, никогаш нема да ти го простиме!видео: ВМРО ДПМНЕ

Скопје | пред 5 години

policija-skopje-koronavirus-4

МВР затекна 13 лица за време на полицискиот час надвор без дозвола

Од 22.00 часот (22.03.2021) до 05.00 часот (23.03.2021) констатирано е дека 13 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие пак (22/23.03.2021) на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 365 прекршоци.Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

360-stepeni

360° во потрага по „Инвока гроуп“, фирмата што го изработила софтвер за мерење просечна брзина по нарачка на Рашковски, но не ја најаде!

„Охридска“ 37 е адресата која во Централниот регистар и во тендерските документи фигурира како седиште на „Инвока гроуп“, фирмата што лани изработила софтвер за мерење просечна брзина на возилата во сообраќајот и изрекување казни, по нарачка на Генералниот секретаријат кога со него раководеше Драги Рашковски.Во отсуство на детални одговори за набавката на софтверот вреден 81 000 евра, а и откако фирмата стана недостапна за нашата редакција, 360stepeni.mk тргна во нејзина потрага.Околу станбената зграда на улица „Охридска“ 37 во центарот на Скопје ништо не најавува дека тука има фирма за информатика и дигитален дизајн.Во неколку наврати ѕвоневме на стан број 17, кој се води како официјално седиште на „Инвока гроуп“, но попусто. Се обидовме да добиеме информации и од соседите.– Барам фирма „Инвока“. Дали е во оваа зграда?– Знаете која е адресата?– „Охридска“ 37/17– Ова е „Охридска“ 37, ѕвонете на стан 17.– Не можев да добијам никој, па се обидувам да дознам дали сум на вистинското место?– Немам информација дека во зградата постои било каква фирма, а не па… како и да ја кажавте, рекол еден од станарите преку домофонот на зградата.По уште неколку обиди да добиеме некој што слушнал за „Инвока гроуп“, налетавме на истиот глас. Овој пат со закани нѐ убедуваше дека тука нема таква фирма.– Значи, било каде да прекинете да ѕвоните, на било кој стан инаку ќе повикам полиција! Во зградата нема никаков натпис дека постои било каква компанија. Да си најдете начин да си ја најдете компанијата!Инаку „360 степени“ побара појаснување од Владата за изјавата на премиерот – на кој начин биле регулирани авторските права со Рашковски, но не добивме одговор. Освен што софтверот никој не го барал ниту го користи, паѓа во очи и тоа што во годишниот план за јавни набавки на Генералниот секретаријат за 2019 година оваа набавка не била предвидена, туку е дополнително додадена.Текстот во целост на:  360stepeni.mk 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

100 медиумски работници од Македонија благодарение на МАН, примија вакцина против КОВИД 19 во Врање

Денеска 100 медиумски работници од Македонија се вакцинираа против КОВИД 19 во Заводот за јавно здравје Врање, со вакцината на „АстраЗенека“. Вакцинацијата и ревакцинацијата беше одобрена на барање на МАН, Здружението на новинари на Србија преку кабинетот на Претседателот на Србија Александар Вучиќ.Вакцините и ревакцините за 100 медиумски работници се бесплатни.МАН организираше и автобуски транспорт од Скопје до Врање.

Македонија | пред 5 години

51982135_761934034192496_3837100924430450688_n-696x462-1

Сопственикот на „Дурмо Турс“: Што и да се случи со нас, тоа жртвите не ги враќа, што се случило знае само возачот Мануел Трифуновски

Сите поправки на автобусите на Дурмо Турс се вршеле во сервисот на станицата, каде за секое возило имало тетратка. Одговорно лице на сервисната гаража бил Ремзи Мифтари, но, тој не би можел да знае што е со некое возило, ако тоа не го пријави возачот. Секој професионален возач, бил должен да го провери возилото пред пат, изјави првообвинетиот Дурмиш Белули, на денешното рочиште за случајот Ласкарци, Објави ФОКУС.Во своја одбрана, сопственикот на „Дурмо Турс“ Белули рече, дека на никој начин не придонел за сообраќајната несреќа и дека за тоа не се чувствува виновен.– Јас жалам и чувствувам тага за тоа што се случи. Што и да се случи со нас, тоа жртвите не ги враќа. Го повикувам единствениот учесник во сообраќајната несреќа – возачот Мануел Трифуновски да каже што се случило. Без оглед кој ќе одговара, да каже. Само тој ја знае вистината, другото се претпоставки, изјави Белули.За автобуската несреќа што се случи на 13 февруари 2019 година кај селото Ласкарци, во која загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени обвинети се шест лица.извор: ФОКУС.фото: Архива 

Македонија | пред 5 години

tale

Почина Тале Герамитчиоски, поранешниот заменик-министер за образование

Вчера почина Проф. Д-р Тале Герамитчиоски. Роден 1962 година во Прилеп. Универзитетски професор. Доктор на науки. Дипломиран машински инженер.Основно образование и гимназија завршил во Прилеп.Октомври 1982 –февруар 1987 студира на Машинскиот Факултет во Скопје. Февруари 1987 год. ги завршува студиите со одбрана на дипломската работа “Конструктивни особености, програмирање и искористување на НЦ-глодалките инсталирани во Енергоинвест-11 Октомври-Прилеп” со одличен успех.Февруар 1987-октомври 1987 во Енергоинвест-11 Октомври-Прилеп ангажиран како инжињер -програмер на НЦ-машините во наменскиот погон на фабриката. Од 1.11.1987год. Техничкиот Факултет во Битола, е избран во звањето помлад асистент по предметите Машински елементи 1 и 2, и Основи на конструирањето (Билтен бр.7 од 1987год.).1987 – 1989 год. на постдипломските студии на Машинскиот факултет во Скопје, институт за Машински конструкции и ММВ-градба на возилата, на 2.11.1989 год. го одбранил магистарскиот труд под наслов “Прилог кон дефинирање на деформационо-напонската состојба на вратилата кај погонските механизми на дигалките”.Од 1.11.1990 год е избран во звањето асистент по предметите Машински Елементи 1и2, и Основи на конструирањето на Техничкиот Факултет во Битола.18.06.1993год. на Машинскиот Факултет во Скопје., ја одбранил докторската дисертација со наслов “Определување на промената на полето на напоните и интеракција на повеќе концентратори на напони кај степенести вратила оптоварени од торзија”.Од 1.10.1993 год. е избран во звањето доцент по предметите Машински елементи, Основи на конструирањето и Основи на машинство на Техничкиот Факултет во Битола. Во 1995 год. е избран за наставник по предметот Транспортни уреди додека за вонреден професор е избран во 1998. За редовен професор за прв пат е избран во 2002 година, а за редовен профессор по втор пат е избран во 2007 година.Член е на Друштвото за наука и уметност-Прилеп од 1990 год, на Друштвото за наука и уметност – Битола од 1994год, член е на GAMM-Gesellscaft fur angewandte mathematik und mechanik(Меѓународно здружение за математика и механика)со седиште во Германија од 1995год., на Друштвото за Механика на Македонија-Скопје од 1995 год.Во септември 2002 год е избран за пратеник во Собранието на Република Македонија, од ноември 2002 до август 2006 е Заменик Министер за образование и наука во Владата на Република Македонија, Член на Управниот Комитет за образование во Советот на Европа во Стразбур 2002-2006, Член на Државниот Комитет за НАТО интеграција на Р.Македонија 2003-2006. Во јули 2006-2008 година е избран за пратеник во Собранието на Република Македонија.Министерката за одбрана Радмила Шекеринска на својот фејбук профил напиша.„Засекогаш не’ напушти Тале Герамитчиоски, заменик-министер за образование 2002-2006 и пратеник 2006-2008, истакнат член на СДСМ и посветен работник во науката.Сочувство до неговото семејство. Тале ќе недостига во неговиот Прилеп, во универзитетската област во регионот и во државата, во Битола, на неговите студенти, на сите нас кои го познававме и соработувавме со него“ напиша Шекеринска.Фото: ФБ Радмила Шекеринска

Македонија | пред 5 години

korona1

Кочанец обвинет за употреба на фалсификуван ПЦР тест​

Против 46-годишен жител на Кочани Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлог за издавање казнен налог, бидејќи сторил кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 1 од Кривичниот законик.На 14 март, на граничниот премин на Меѓународниот аеродром Скопје, обвинетиот се обидел да излезе од државава употребувајќи лажна потврда за негативен ПЦР тест на коронавирус. Иако не се тестирал и знаел дека не поседува сертификат од наведената лабораторија, тој лажната исправа ја употребил како вистинска.Надлежниот јавен обвинител му предложи на Основниот кривичен суд Скопје за обвинетиот да изрече парична казна од 100 дневни глоби при што висината на една дневна глоба да бие определена на 20 евра во денарска противвредност.​фото: Архива

Македонија | пред 5 години

policija-skopje-koronavirus-4

Гостиварското обвинителство поведе постапка за четворица кои не постапиле според здравствените прописи

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе предлози за издавање казнени налози за четири лица кои го сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик и од Судот побара да им изрече парични казни во висина од по 100 дневни глоби.Обвинетите не ја почитувале забраната за движење на населението од 22:00 часот навечер до 5:00 часот наутро, односно не го почитувале полицискиот час .фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Едно лице загина, две се тешко повредени во судар на автомобил и комбе на патот Охрид – Кичево

Едно лице загина, а две се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот Охрид – Кичево.Според информациите на МВР, несреќата се случила, кај клучката за влез кон Славеј Планина, општина Дебарца, помеѓу автомобил „фолксваген бора“, со кичевски регистарски ознаки, управуван од С.И.(52) од Кичево, и товарно возило „цитроен џампер“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(29) од с.Долни Сарај, Скопско.На местото на незгодата починал возачот С.И., додека со тешки телесни повреди се здобиле сопатникот во возилото „фолксваген бора“, Д.К.(40) од Кичево и возачот Б.М.Повредените биле пренесени во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.Се утврдуваат причините за несреќата.

Македонија | пред 5 години

korona-4

ИЈЗ: Зголемување од 22.5% на бројот на смртни случаи од Ковид-19

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 15 до 21 март 2021, тестирани се вкупно 24.517 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 8,4% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 6.899 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со зголемување од 26,4% во однос на минатата недела.Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=3.441; 49,9%), со неделна инциденца – 557,1/100.000. Највисока неделна инциденца од 899,1/100.000 е регистрирана во Неготино (заедно со Демир Капија).Процентот на позитивност се движи од 23,4 до 32,3%, просечно 27,9%, 3% повеќе во споредба со минатата недела.Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=1.772, 25,7%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 (n=1.303; 18,9%), 40-49 (n=1.272; 18,4%), 50-59 (n=1.210; 17,5%) и 20-29 (n=864; 12,5%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=144; 2,1%) и 10-19 години (n=334; 4,8%). Најголемо процентуално зголемување во однос на претходната недела е забележано кај возрасните групи од 10-19 (33,1%), 50-59 (32,1%) и 40-49 (30,2%).По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 3.343 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со зголемување од 22,1% во споредба со минатата недела.Пријавени се 158 смртни случаи од 27 градови, 22,5% повеќе во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 135 лицa биле над 60 години, 19 лица на возраст од 50-59 години, три лица од возрасната група 40-49 години и едно лице на возраст од 30-39 години.Заклучно со 22.03.2021, вкупно се вакцинирани 6.704 здравствени работници со прва доза (4.002 – Pfizer/Biontech и 2.702 – Sputnik V) и 2.572 (Pfizer/Biontech) со втора доза на вакцина против КОВИД-19.Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 15 до 21 март 2021 година, како и кумулативната состојба со Ковид-19 во Република Северна Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/.

Македонија | пред 5 години

policija-4

184 санкционирани возачи во Скопје, 20 за брзо возење, 18 без возачка

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (22.03.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територијата на град Скопје изречени се вкупно 184 мерки, меѓу кои за некористење сигурносен појас 48, 20 санкции за возење повеќе од дозволената брзина, 18 за возење без возачка дозвола, пет за технички неисправни и нерегистрирани возила.Изречени се 10 санкции за користење мобилен телефон, четири за минување на затворен сигнал (црвено светло), 53 за непрописно паркирани возила.Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.фото: Архива

Скопје | пред 5 години

Dedo-i-vnuk

„Дедо и Внук“ на Илија Пиперкоски најдобар странски филм на престижниот Independent Film Awards во Лондон

По шест вредни награди на познати фестивали шурум светот, играниот филм „Дедо и внук“ на режисерот Илија Пиперкоски е прогласен за најдобарстрански филм на престижниотIndependentFilm Awards во Лондон.Лондонскиот независен филмски фестивал е британски филмски фестивал што се одржува секоја година во април. Со преку 1.000 пријавувања на филмови од повеќе од 50 земји, станува збор за еден од најреномираните фестивали на сцената. Се доделуваат признанија на филмови и сценарија од над 70 земји од целиот свет во над 20 категории, вклучувајќи играни и кратки филмови, документарци, студентски филмови, анимации, телевизиски реклами, музички видеа и натпревар за сценаристи.Претходно „Дедо и Внук“ ја освои наградата за најдобра режија на The Buddha International Film Festival, наградата за „Најдобар филм“ на Интернационалниот Филмски Фестивал во Париз, а доби и две признанија за извонреден придонес во светот на филмот (Outstanding contribution to the world of Cinema) од 4-th Dimension Independent Film Festival и уште една награда на TIFF -Tagore International Film Festival во категоријата играни филмови. Досега две награди за фотографија освои и Директорот на фотографија, Патру Паунеску.Режисерот Пиперкоски, кој го напиша и сценариото за филмот, раскажува прекрасна приказна, со која сите гледачи ќе можат длабоко да се идентификуваат – проблемите со здравството, политиката, корупцијата, но и обичните човечки приказни и односи момче-девојка, татко-син и дедо-внук. Во филмот играат:Салаетин Билал, Дејан Лилиќ, Даниела Ивановска, Горан Стојаноски, Благој Веселинов и други актери. Продуцент е Огнен Антовод „Дрим фактори“, во соработка со: „Пандорас бокс продукција“ и „Елиен филм“од Романија, и е финансиски помогнат од Агенцијата за филм на РСМ. Директор на фотографија е романецот Патру Паунеску, сценографијата е наВладимирЗафирковски, костимограф е Жаклина Крстевска, композитор ОливерТевчев, а монтажата ја направи Данчо Стефков.

Македонија | пред 5 години

brza-pomos-3

15 годишно дете прегазено на булеварот Партизански одреди, возачот побегнал

Синоќа, во 20 часот, на булеварот Партизански одреди во Скопје, возило „ауди“ удри во 15-годишен пешак од Скопје.Од МВР информираат дека возачот побегнал по несреќата.„Пешакот бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди. На местото на настанот извршен е увид од СВР Скопје. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.фото: Архива

Скопје | пред 5 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа патот Охрид - Кичево во близина на селото Арбиново, едниот автомобил е опожарен

Предмалку се случи тешка сообраќајна несреќа помеѓу две возила на магистралниот пат Охрид - Кичево во близина на селото Арбиново, општина Дебрца. Дознаваме дека едно лице е пренесено во специјалната болница за ортопедија и трауматологија Св Еразмо кај Охрид. Едно од возилата учесник во несреаќата е комбе во сопственост на дистрибутерска компанија од Скопје целосно. Комбето целосно изгоре како последица на пламенот кој избуивнал од како се судрило со друго патничко возило на магистралниот пат Охрид – Кичево.Од СВР велат дека во моментов се врши увид на местото на несреќата.Повеќе информации вечерва.

Македонија | пред 5 години

bojan22032021

Стојаноски: Заев го претвори пописот во маркетинг алатка на ДУИ

Заев го претвори пописот во маркетинг алатка на ДУИ.  Смртноста во Македонија од Корона епидемијата е меѓу највисоките во светот, а во услови без имунизација, заради реализација на политички договор за опстанок на режимот се турка неразумен попис!Режимот наместо да се грижи за граѓаните, наместо да се грижи за здравствениот бенефит на луѓето, трча по провизии и по политички маркетинг наместо по вакцини. Гајле му е на режимот што во опасност од пренесување на вирусот ќе доведе најмалку 50.000 домаќинства, истакна Бојан Стојаноски, пратеник во Собранието на Република Македонија.Стојаноски додаде:Граѓаните реално стравуваат од вирусот, затоа што режимот не обезбеди имунизација на населението. Граѓаните оправдано стравуваат од ваква неразумна операција среде пандемија. Режимот не може да обезбеди ниту доволен број на попишувачи од своите партиски штабови. Дури и меѓу нив владее страв од можна зараза.Внимавајте, 5.500 попишувачи ќе одат од дом во дом, при услови кога нема имунизација. Протоколите со кои што се фалат, до сега резултираат со речиси најголема ковид-поврзана смртност во светот.Зоран Заев додека лаже за вакцини турка политичка, а не статистичка операција, претворајќи го пописот во маркетинг - алатка на ДУИ. Заев мора веднаш да го стопира пописот и со тоа, во вакви услови ќе стопира смрт на најмалку 2400 луѓе.Се’ досега поврзано со пописот покажува дека станува збор за политички зафат, креиран без консензус во политиката и во општеството. Се досега укажува дека не станува збор за статистичка операција. Но. и дека при ваков вештачки набој режимот не може да го реализира посакуваното.Одложување на пописот е неминовност во вакви услови, а дури и многу поорганизирани демократски држави тоа го направија. Нема срам, нема политички коалициски договор кој што би имал предимство пред животот на граѓаните.Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен и за тоа веќе се информирани и домашната и меѓународната јавност. Остануваме на барањето веднаш да се стопира пописот со што ќе се застане на патот на можно пренесување на вирусот до најмалку 50.000 домаќинства.Бараме одложување на пописот за втора половина на септември, имунизација на население, задолжителна имунизација на попишувачи, а дури потоа вистинска статистичка операција.видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

sobranie-1

Влада: Опозициските пратеници да запрат со блокадата на Собранието, поради нив граѓаните не можат да ја добијат државната помош за Ковид кризата

Владата на Република Северна Македонија апелира до пратениците кои ја блокираат работата на Собранието да се повлечат од тој деструктивен начин на дејствување, бидејќи со тоа носат сериозни штети за граѓаните и за државата.Блокирани се дел од мерките од четвртиот и петтиот пакет за кои се неопходни законски измени за да се реализираат решенијата за одржливост на економијата, за спас на работните места и спроведување на грижата за никој да не биде изоставен.Во инклузивен процес, со консултација на сите засегнати страни до сега се насочени околу 1 милијарда и 300 милиони евра кон граѓаните и стопанството за да обезбедиме стабилна одржливост на економијата со потенцијал за ревитализација.Опозициските пратеници треба да прифатат дека станува збор за исклучително чувствителен момент и дека имаат одговорност пред граѓаните да се надмине оваа ситуација со деблокада на собранискиот процес. Пратениците треба час поскоро да ги усвојат законските измени за да се стават во функција мерките од анти-ковид пакетите кои се од исклучително значење за граѓаните и за стопанството.Во иста ситуацијата се ставени и други законски решенија со блокади од стотици или илјадници амандмани како што се Законот за административни службеници, Законот за високо образование, Законот за внатрешни работи, Законот за работни односи, измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита, Законот за културно наследство и Законот за јавен интерес во културата, Законот за Клинички центар.Владата на Република Северна Македонија апелира собраниската говорница да биде место за дебати, идеи и конструктивни амандмани за најдобри законски решенија во интерес на народот и државата.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

grubi

Груби се фали: Благодарение на апелот на влијателните Албанци само вчера регистрирани 23 илјади државјани на Македонија кои живеат во странство

Првиот заменик-претседател на Владата Артан Груби на својот профил на Фејсбук се пофали со успехот кој се постигнува на пописот во дијаспората, укажувајќи дека благодарејќи на мобилизацијата, бил прифатен апелот на влијателните Албанци и само изминатиот ден биле регистрирани 23 илјади државјани на Македонија кои што живеат во странство.Бројката на лица од дијаспората кои се попишале надмина сто илјади.фото: ФБ Артан Груби

Македонија | пред 5 години

marija22032021

Андоновска: Поразителни бројки, 30% од тестираните се заразени, 30 мртви на ден, полицискиот час на Филипче без ефект, потребни се протоколи

Поразителни резултати, 30% од тестираните во текот на изминатото деноноќие се заразени со КОВИД 19, дури 30 мртви поради корона за 24 часа, полицискиот час на Филипче не дава резултати, потребни се протоколи и систем кој ќе функционира.  Власта задоцни со сите мерки. Полицискиот час како таков не дава резултати, ниту ќе даде! Потребен е систем и протоколи кои ќе се применуваат и власт која ќе знае да ги спроведе.Сега имаме протоколи кои не се почитуваат, институциите се полни, нема систем. Граѓаните се тие кои ја плаќаат цената, истакна Марија Андоновска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Андоновска додаде:Владата и Филипче немаат план и тоа е загрижувачки и алармантно.Вакцинацијата која до сега требаше да биде во напредна фаза не е ниту почната за оние кои што сакаат да бидат вакцинирани. Филипче најавуваше вакцинација во февруари, сега сме крај на март, а вакцини нема. И сето ова ни се случува додека во регионот и светот масовно се вакцинира.И додека се им бега од контрола. Заразата се шири, единствено што им е во главата е политикантство, наместо да се грижат како да излеземе од оваа здравствена голгота, тие туркаат попис, кој ќе значи катастрофални бројки на заразени.Ваквите бројки ја прават државава рекордер по број на мртви, и на последно место по ефикасноста во справување со заразата.Потребни се оставки, оставка на Филипче, инаку ќе станува уште полошо. Државата нема време за неговите лаги. Потребна е акција.Власта нема разум и делува политички и за ситни политички поени. Од нивната желба за себе промоција народот умира. Доста е!видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

153488665_343768260222081_681460067295406671_n

Јоци за Мијалков: Мајка ми покојна многу го сакаше Мијалков, го сметаше за права мушкарчина. Кажа кога избега - ,,Шо знам...ако е лопов, бар е убав лопов

Мијалков можеше каде сака да оди и да шета, на крајот од денот до него е дозволено, единствено да биде - Александра Мијалкова.Љубов.Мајка ми покојна многу го сакаше Мијалков, го сметаше за права мушкарчина. Кажа кога избега - ,,Шо знам...ако е лопов, бар е убав лопов", напиша на ФБ новинарката Јорданка Ивановска Јоци.Јоци во објавата додава:Изгледа не грешела. Си има и он свои правила за почит кон фамилија, кои не смее никој да ги пречекори, макар и кога е на дно.Стариот Мијалков, татко му, на тетка ми и` помогнал во ,,Макотекс" кога имала мобинг од други шефови. А, не морал. Можел да ја одмине. Ама ете, помогнал кога ја видел со солзи.Тоа е.Живот, напиша Јоци на ФБ.извор: ФБ Јорданка Ивановска Јоци

Македонија | пред 5 години

popis

Казни до 300 евра за тие што ќе одбијат да се попишат

Пописот се спроведува и ќе се спроведе целосно безбедно, истакна денеска портпаролот на Владата на Северна Македонија, Душко Арсовски на заедничката прес-конференцијата со Јасмина Ѓоргиева од Државниот завод за статистика.Арсовски нагласи дека учеството во пописот е задолжително и претставува можност за секој граѓанин сам да придонесе во креирање на сопствената и заедничката иднина.„Учеството е задолжително. Кривично се одговара за поттикнување на бојкот на оваа најважна статистичка операција. За тие што ќе одбијат да се попишат ќе биде почната прекршочна постапка, а казните се до 300 евра“, истакна портпаролот Арсовски и посочи дека одложување не е опција.На прес-конференцијата, претставничката на Државниот завод за статистика, Ѓоргиева ги сподели најновите податоци, информирајќи дека во дијаспората значајно над очекуваното во последното деноноќие се самопопишале над 20.000 македонски државјани кои живеат во странство и вкупната бројка денеска до 09:00 часот изнесува 121.580 државјани.Повторно беше упатен повик до граѓаните кои живеат во странство да земат учество во Пописот 2021, нагласувајќи дека станува збор за едноставен, брз и безбеден статистички процес.Во однос на активностите во државата, Ѓоргиева соопшти дека викендов заврши дополнителниот конкурс за попишувачи и изрази задоволство од одѕивот, односно пријавени се над 2.600 попишувачи или околу 800 повеќе од потребниот број. Таа истакна дека започнуваат тестирањата, по што ќе се добијат финалните резултати и ќе се изготват решенијата за ангажирање на попишувачите.Таа истакна дека нема никаков застој и сè се одвива според планот и зацртаните рокови, во следните денови продолжува дистрибуцијата на материјалите за пописните комисии, а почнува и обуката на реонските инструктори. 

Македонија | пред 5 години

dut

Левица: Државниот универзитет во Тетово – дувло на непотизам, корупција и интелектуален криминал

Деновиве голем скандал го тресе Медицинскиот факултет при Државниот Универзитет Тетово (ДУТ). Имено, обелоденето беше дека на студентите при Факултетот за медицински науки им предаваат професори чии научни трудови се плагијати.Италијанскиот весник „Веритас“ во неодамнешен напис открива плагијат и копирање на научни трудови од страна на неколку уважени професори по медицина од Универзитетот во Тетово. Како што се наведува во истражувањето на „Веритас“, станува збор за научни трудови на: Емира Беџети, Неџбедин Беадини, Албулена Беадини, Шеќибе Беадини, Мирлинд Беџети, Дестан Халиди, Екрем Исмани, кои се очигледен плагијат, во голем дел директно препишан текст без да се наведат извори или пак да делата да бидат наведени во литературата, се вели во соопштението од Политичката партија Левица – сектор образование.Во продолжение на истото од Левица додаваат:Направена е анализа на спорните дела од страна на истражувачи и споредба со оригиналните текстови, при што е утврдено дека научните трудови на овие професори се целосен плагијат. Имено, во овие трудови, професорите-автори имаат украдено буквално цели текстови, во кои променети се само името, презимето и државата каде се објавува.Ова треба да биде аларм за целата јавност но и за академската заедница, дека во Македонија, додека се наметнуваат квази реформи во образованието, лица објавуваат квази-научни трудови без никаква одговорност и врз основа на тоа се здобиваат со академски звања и остваруваат други придобивки. Она што е најзапрепастувачки е тоа дека вакви лица не само што заземаат улога на педагози тие дури се и професори на високообразовните институции каде предаваат знаења на идни генерации, а некои од нив можеби се и „екпертите“ на кои се повикува министерката за образование Мила Царовска.Ова не само што го нарушува квалитетот на наставата, туку го доведува во прашање и кредибилитетот на високообразовните институции. Деградацијата на високото образование, недостатокот на контрола, финансиската мотивираност, непотизмот, партиските интереси, антиакадемизам, интелектуална мафија – се само некои од причините кои доведуваат до вакви случувања. Сепак, на крај најоштетени се студентите, кои не го добиват образованието кое го заслужуваат. А кое патем и скапо го плаќаат.Со цел да го прикрие скандалот, Ректорот на ДУТ го суспендирал Деканот на Медицинскиот факултет д-р Кастриот Хаџиреџа, откако претходно неуспешно се обидувал да изнуди оставка од него.Левица стои позади ставот дека за професори обвинети за плагијат треба да следи ПОНИШТУВАЊЕ и одземање на академското звање а воедно и престанок на договорот за работа.фото: левица

Македонија | пред 5 години

tepacka-strumica

ОЈО поведе постапка за 22 лица учесници во тепачката во Струмица

По поднесена кривична пријава од СВР Струмица, денеска Основното јавно обвинителство Струмица отвори предмет против 22 лица – учесници во тепачката која се случи на 18 март 2021 година.Од осомничените, 12 лица се пријавени за сторено кривично дело – Спречување на службено лице во вршење службено дејствие од член 382 , а останатите десетмина за сторено кривично дело – Насилство од член 386 од Кривичниот законик.Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица во континуитет презема дејствија за расчистување на настанот. Издадени се наредби за вештачење, за прибирање на медицинска документација и други материјални докази. Во насока на утврдување на фактите во предметот, ќе бидат сослушани осомничени и сведоци, односно повеќе лица кои можат да дадат податоци за настанот.​фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања