Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Скопје1.мк

53142860_411043449706690_8987350093447299072_n

Николовски: Исплатени 5,5 милиони евра на над 26.300 земјоделци за субвенции за житни култури

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски заедно со државниот секретар на министерството и директорите на надлежните инситуции имаа работна средба со земјоделците од Тетово. На средбата министерот Николовски посочи дека се деновиве се изврши уплата на житните култури.„Ја продолжуваме праксата и нашето клучно ветување дадено пред граѓаните за редовна и навремена исплата на субвенциите. Вчера се исплатени 332 милиони денари или 5,5 милиони евра субвенции на над 26.300 земјоделци за субвенции за житни култури. Тогаш кога им се потребни овие пари ги враќаме назад кон земјоделците за повторно да ги вложат во новото производство оваа година“, изјави Николовски.Со земјоделците во Тетово министерот дискутираше за моменталните состојби во секторот и нивните предлози, и ги презентираше новите мерки од програмите за финансиска поддршка и рурален развој.Оваа година продолжува финансиската поддршка од 20 отсто повисоки субвенции за поледелските култури за земјоделците со развоен капацитет, и 10 отсто повисоки субвенции за грло добиток за истата категорија на земјоделци. Се олеснуваат критериумите за градинарството, односно засадената површина што се пријавува од оваа година ќе биде збирна за сите градинарски култури.На овој начин се намалува бројот на земјоделците кои претходно биле одбивани поради сложените административни процедури. Се воведува и нова мерка е за малите земјоделски стопанства под 1 хектар, која има за цел да направи раздвојување на развојните од социјално ориентираните мерки. Од оваа година 6.000 денари по хектар изнесува субвенцијата за земјоделците кои имаат до 0,5 хектари земја, а 12.000 денари за оние што имаат од 0,5 до 1 хектар земја. Преку оваа мерка се враќаат 130 милиони денари кај земјоделците.Освен националните програми, особено за развојот на сточасртвото/говедарството се и мерките од ИПАРД, кои се важни за модернизирање на земјоделството и за кои веќе се подготвуваат нови огласи.

Македонија | пред 7 години

mvr

Шест лица од Кина нелегално поминале граница

На  01.03.2019 година во 11,10 часот  во реонот на  с.Лојане мото патрола од ПС за ГН- Сопот при обид за нелегално поминување на државната граница од  Република Србија кон Република Северна Македонија затекнала шест лица  од Кина. Лицата се приведени во СВР Куманово за понатамошна постапка.

Македонија | пред 7 години

mickoski-za-pendaroski

Мицкоски за кандидатот на СДСМ:Пендаровски претставува лик кој што е дел од мнозинството на Заевизмот

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски  го кажа својот став за кандидатот на СДСМ за претседател Стево Пендаровски. Мицкоски вели:Пендароски претставува лик кој што е дел од мнозинството на Заевизмот. Не очекувавме ништо порзлично да се случи, тоа е онаа традиционална матрица, која што ја пустошеше Македонија 27, 28 години.Нема што да додадеме нити позитивно да коментираме, со кандидатот на Зоран Заев. Тој си го одбра на деспотки начин кандидатот . Правеше една парада, едно реално шоу кандидатот, објавуваа конкурси, па луѓето се пријавуваа. Имше пријавување од општинските организации и други поднесоја кандидатура, но на крај пресече деспотот .Го донесе својот поданик па ќе видиме како ќе завши. Јас сум убеден во честитоста и убедитоста на македонскиот народ да му го дадат својот прв удар на Заевизмот. Јас сум сигурен дека тоа ќе се случи на 21 април, а на 5 ти мај Р Македонија ќе добие претседателка и таа ќе биде претседателка на сите граѓани на Р Макдонија, истакна Мицкоски.

Македонија | пред 7 години

mvr1

По 4 дена потрага пронајден штитеник на ЈУ „Ранка Милановиќ“

На 02.03.2019 година во 02:00 часот е пронајден Ж.Р (19), штитеник на ЈУ „Ранка Милановиќ“, за кој на 26.02.2019 во Полициската станица Гази Баба било пријавено дека самоволно се оддалечил од домот. Од страна на полициските службеници лицето е спроведено во домот „Ранка Милановиќ“.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Пронајдена и вратена 17 годишната штитеничка од СОС Детско село

На 02.03.2019 во 00.10 часот е пронајдена и вратена М.С. (17) штитеничка од СОС Детско село, за која на 28.02.2019 во 23.30 часот во Полициската станица Гази Баба беше пријавено дека самоволно се оддалечила.

Македонија | пред 7 години

pistol-vperen

Жители на Шишево се карале, бркале со автомобили, пукале еден почина

На 02.03.2019 година околу 02 часот во СВР Скопје пријавено е дека во Клиничка болница „Систина“ од страна на С.Т. (24) од с .Шишево биле донесени со повреди А. А. (20) и Г. А. (36), сите од с.Шишево. Според пријавеното, тројцата се движеле со возило „БМВ“, а пред нив се движело возило „Мерцедес“, управувано од Е.Ш. од с.Шишево, со кого претходно имале расправии.Според пријавеното, на влезот во с.Шишево возилото „Мерцедес“ застанало до патот,а по него запрел и Г.А., кој го управувал возилото „БМВ“. Е.Ш. и Г.А. излегле од возилото и почнале да се расправаат, по што Е.Ш. со пиштол пукал кон Г.А., а потоа и кон А.А.. С.Т. ги пренел А.А. и Г.А. во болницата „Систина“, каде А.А. починал.Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

mvr

Починато лице најдено во атарот на с.Лабуништа

На 01.03.2019. во 17.40 часот во Полициската станица за граничен надзор Лабуништа од страна на граѓанин од с.Лабуништа пријавено е дека има починато лице во место викано Краста во атарот на с.Лабуништа.По овластување на јавен обвинител, извршен е увид и констатирано е дека се работи за С.Ф(28) од Клење, Република Албанија, кој работел како овчар, а кој, според првичните сознанија, паднал од карпест дел од висина од триесетина метри.Од страна на лекар констатирана е смрт, а јавен обвинител издал наредба за обдукција.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Договор куќа гради - Ахмети во 2014 го бојкотираше, сега го сака Пендаровски

„Пендаровски имаше највисок рејтинг на анкетите меѓу албанските гласачи, затоа се одлучивме за него“ – истакна синоќа на заедничката прес конференција Претседателот на ДУИ, Али Ахмети.Но, на новинарско прашање во што се разликува Пендаровски од 2014 година, кога го бојкотираа, до сегашниот Пендаровски, Ахмети вели дека тогаш пробале, но не постигнале договор, а сега имаат договор.

Македонија | пред 7 години

zaev-za-kandidat

Лидер открива: Заев признал дека партиски вработиле 28.000 луѓе, вработувањата оделе преку општинските!

Економски Лидер објави ексклузивна приватна кореспонденција, помеѓу премиерот Зоран Заев и виден член на СДСМ – стигна. Во автентичноста на разговорот, кој ни беше презентиран лично од разочараниот член на владејачката партија, редакцијата успеа да се увери на лице место, затоа што ни беше покажан лично од него, на телефонот на кој истиот се одвива, објави Lider.com.mk.Потоа, откако се уверивме дека се работи за разговор кој се водел, а од другата страна е телефонскиот број на премиерот Заев, решивме да направиме слики од истиот и да и го презентираме на јавноста.Разговорот е воден во втората половина од минатата година, а се однесува на партиски вработувања. Нашиот свиркач, тогаш од премиерот побарал да биде вработен, на што премиерот му одговорил дека вработувањата во државен сектор одат преку Општинските организации на СДСМ.Во овој наврат, тој му пратил една разголена фотографија од личност за која тврди дека е блиска до генсекот на СДСМ, Александар Кирацовски, а била вработена во одредена државна институција. На ова Заев му вели дека треба да се засрами и дека партијата партиски вработила дури 28.000 луѓе.Текстот во Целост на lider.com.mk

Македонија | пред 7 години

biban

Јадранка Бибан до Лекарска Комора: Вие не сте доктори туку најтешката болест на здравството во државата

Доктор Јадранка Бибан преку својот Фејсбук профил ја искритикува Лекарската Комора."Вие копилиња што се криете позади организација Лекарска Комора на Македонија, вие кои и името свое ви е страв да си го напишете, вие ли пробавте ДОКТОР ДА ЗАМОЛЧИТЕ??Од чиј газ ве испостраа и ве ставија да растурате цело здравство, мамичето ваше??Вие ли мене ќе ме замолчувате, да не си ја вршам мојата професионална должност?? Мислев дека сте вистина доктори па ве повикав јавно да се разбереме. Сега сум сосема сигурна дека вие не само што не сте доктори, туку сте најтешката болест на здравството во државава. Кој ви даде вас право цела лекарска фела да заебавате и уште некакви лиценци да делите? Уништивте се што беше хумано во здравството, уништивте цел лекарски еснаф, ја уништивте лекарската заклетва, ВИЕ ГО УНИШТУВАТЕ ЗДРАВЈЕТО НА ЛУЃЕТО!! Пробавте и мене да ме уништите? Можда можете да ми го уништите телото, мислејќи дека сте ме уќуткале, но вистината која ја кажувам никогаш нема да ја уништите. И таа ќе ве удира стално по тие тиквите празни што ги носите на рамена, стално ќе ве убива кога ќе ги трошите вашите валкани пари по скапи одмори и луксузни јахти.Со години ве толерираат стотици доктори кои се малтретирани и заплашувани, наместо да ве исекнат и да ве плеснат ко мрсул на тротоар.Овој пат вие не нагазивте на мина, нагазивте на нешто мнооогу појако, нагазивте на Д-Р БИБАН, КОЈА НЕ Е НА ПРОДАЖБА!!Ќе ја тераме до крај!!!", стои во објавата на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

davkova-brvenica-2

Силјаноска Давкова од Брвеница: Овие избори не смеат да се бојкотираат, иако за референдумот обратно велев

Вчера кандидатот за претседател на Република Македонија, г-ѓа. Гордана Силјановска Давкова оствари средба со жители на населеното место Брвеница. Г-ѓа. Силјановска Давкова од жителите од населеното место Брвеница беше дочекана како веќе претседател на Република Македонија. Пред насобраните жители г-ѓа. Силјановска Давкова искажа благодарност за убавата гостопримливост, дека и е мило што е меѓу граѓани кои ја прифаќаат како иден претседател на државата, и што ги подржуваат нејзините идеи како дел од кампањата за подобра и поубава Македонија.Овие избори не смеат да се бојкотираат, иако за референдумот обратно велев. Бидејќи не можете да дадете легиминитет на нешто што не е само нелигитимно туку и нелегално, спротивно на меѓународното право и на националното право, порача г-ѓа. Силјановска Давкова од Брвеница.Г-ѓа. Силјановска Давкова појасни на граѓаните дела очекувала по неуспешниот референдум, премиерот да поднесе оставка бидејќи тоа е европски ред. Така прават сите премиери кога нема да успее референдум, но тоа тој не го стори. Откако беа паднати на земја ден, два потоа си продолжија иако во законот за референдум и други форми на лично изјаснување има јасна одредба дека резултатот од референдумот мора во рок од 60 дена да се одрази на сите постапки и на донесувањето на акти, но тие си продолжија со промена на Уставот заборавајќи дека нивниот легиминитет извира од граѓаните кои рекоа не.На крајот од средбата г-ѓа. Силјановска Давкова порача дека со победа на избори, ќе победи и Македонија, ќе се стави крај на сите нерегуларности кои ги има сторено владата до самото свое стапување на власт.https://www.facebook.com/kandidat.za.pretsedatel/videos/249043362640473/

Македонија | пред 7 години

cabader1

Уапсен најбараниот платен српски убиец во Прага

Српско-унгарскиот државјанин, Чаба Дер (39), кој се бараше со меѓународна потерница поради ладнокрвното унбиство на зетот на еден од припадниците на криминалната Пинк Пантер, Небојша Марковиќ, е уапсен во Прага. Тој е еден од најозлогласените платени убијци, и покрај Србија , го бараат и Холандија и Хрватска. Минатата година го уби Хрватот со холандско државјанство, 62 годишниот Иван Сердарушиќ. Дер вегол во ресторанот кадешто седела жртвата и пред останатите гости му пукал во главата, а потоа избега.Убиениот Сердарушиќ бил редовен гостин во овој ресторан, а сопственикот изјавил дека лично не го познава.

Свет | пред 7 години

stevo-pendarovski-1

Пендаровски: Благодарност до СДСМ и лично до премиерот Заев

Исклучителна е честа да бидеш поддржан од претставници на сите етнички заедници, од 31 политичка партија, но, и од многу граѓани кои воопшто не се членови на политички партии.Посебна благодарност сакам да изразам до политичката коалиција, предводена од СДСМ и лично до премиерот Заев, кои направија политички потег без преседан, по пет години да ми дадат шанса повторно да влезам во трката за претседател, откако во 2014-та, сите ние, бевме предмет на брутален изборен инжинеринг.Почитувани граѓани, од вчера, ми дадовте голема политичка одговорност, која во месеците и годините што идат, имам намера, заедно со сите вас, да ја оправдам во целост, во интерес на подобриот и посреќен живот за сите во нашата земја.

Македонија | пред 7 години

rakija

98- годишна баба казнета затоа што варела ракија

Во Хрватска, 98 годишна баба, која живеела сама казнета затоа што варела ракија. На старицата немало кој да и ја објасни законската процедура за варење на ракија во домашни услови, пишува Ријечки Нови лист.На бабата одземени и се 54 литри ракија, а на лице место и била наплатена казна од 500 куни или 67 евра, како и дополнителна казна за во висина од 1.500 куни или (200 евра).Соседите велат дека не памтат некој да е до олку ригорозно казнет поради ваков прекршок.

Магазин | пред 7 години

edi-rama

Еди Рама: Без Албанците немаше да има Северна Македонија ниту Преспански Договор

„Во македонскто собрание се збори албански“. Вака премиерот на Албанија, Еди Рама го започна неговиот говор на централната седница на Вториот самит на дијаспората во Тирана.Во неговиот говор меѓудругото тој ги споредби настаните што се случиле во временски распон помеѓу првиот и сегашниот самит, истакнувајќи дека албанците тука сега живеат подобро и дека тоа што беше невозможно за македонскиот претседател, сега е реалнoст.-Не само што Албанците денес се подобро од вчера, туку и она што до вчера за македонскиот претседател беше невозможно за Албанците, денес е реалност, јазикот на Мајка Тереза стана официјален јазик во Северна Македонија.Без Албанците немаше да има Северна Македонија, без Албанците немаше да има Преспански Договор, без Албанците немаше да има Северна Македонија во НАТО и ЕУ, рече албанскиот премиер на што доби и громогласен аплауз од присутните.

Македонија | пред 7 години

51505985_2506183096064236_1721897855490195456_n

(ВИДЕО) Амди Бајрам собра 10.000 лајкови, ама пак се предомисли

Кандидатот за претседател од Сојузот на Ромите, Амди Бајрам  се откажа од претседателската трка, и ја дава својата подршка на заедничкиот кандидат на СДСМ и коалицијата и ДУИ, Стево Пендаровски.Исто така тој изјави дека успеал да собере 10 илјади лајкови на Фејсбук.https://twitter.com/FurkanSaliu/status/1101586195442790400?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1101586195442790400&ref_url=https%3A%2F%2Femagazin.mk%2Fvideo-amdi-ba-ram-sobral-10-il-adi-la-kovi-na-fe-sbuk-ama-se-otkazha-od-pretsedatelskata-trka%2F

Македонија | пред 7 години

DSC_0054

Силјановска се пофали дека се чувствува како студент додека шета низ Македонија

Кандидатот за претседател на Република Македонија, Гордана Силјановска Давкова утринава имаше обраќање во живо на емисијата „Македонски Корени“ од Сиднеј при што говореше за себе и за нејзините активности.Силјановска Давкова појасни дека таа е познат приврзаник на Сократовиот метод значи таа не само што ги прашува студентите туку и одговара на нивните прашања, можеби затоа неколку пати добила 5-ки на еваулација и била избрана за најинспиративен професор.-Значи никако не го подразбирам јас професорско студентскиот дијалог како едностран туку напротив од Аристотел до денеска велам дека тоа е терипатетичка школа од Платоновата Академија, нагласи таа.Силјановска Давкова дури и посочи дека според нејзе дебатата и е нешто природно, а интервјуто исто го сфаќа како природно. Дури деновиве кога оди по општините вели дека се чувствува како студент.

Македонија | пред 7 години

petar-bogojeski-1

Петар Богојески: На претседателските избори ќе се повтори се она што го гледавме во ’99

Петар Богојески, по објавата на консензуалниот кандидат за претседател на СДСМ и владината коалиција, на својот Фејсбук профил ја напиша својата прва прогноза за текот на претстојните претседателски избори:„Претседателски избори ‘19🇲🇰Од денес, до парламентарните избори ‘20:– ќе се повтори, се она што гледавме во ‘99;– поради НАТО, нема да се повтори ‘01;– неизвесно е само дали ќе се повтори ‘02;Истите идеолошки матрици, само сега, во променето пакување!Македонија ќе плати скапа цена, следните две години!“, стои во објавата на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

najcevska

Најчевска: Ќе гласам за Пендаровски, но неќам “татко на нацијата”

„Меѓу Стево Пендаровски и Ирена Стефоска, јас секогаш би ја избрала Ирена Стефоска за кандидат за претседател. Не заради тоа што е жена, туку заради тоа што има карактеристики заради кои отскокнува од Стево.Меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска, јас секогаш би го избрала Стево Пендаровски за претседател. Не заради тоа што е маж, туку заради тоа што има карактеристики со кои отскокнува од Гордана.И дајте бре престанете со тоа флоскулата “Татко на нацијата“ затоа што почнува да ми се повраќа.Јас не сакам да изберам pater familias туку сакам да изберам управувач кој ќе одговори на обврските дадени во Уставот на државата и кој ќе биде одговорен пред граѓаните за исполнувањето на зададените задачи“, напиша Најчевска на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

1780589kospils

Tаткото кој своите 4 деца ги фрли од прозор: Многу ги сакам, но со денови немав спиено

Случаојот со Јосип Роџак, 54- годишниот Хрват кој своите четири деца ги фрли од прозор на бетон го потресе целиот регион.Во текот на вчерашниот ден тој дал изјава за полицијата, а локалните медиуми веднаш објавија што кажал.„Јас многу ги сакам тие деца.Секогаш сум се грижел за нив и сум ги хранел.На сите им купив и мобилни и со нив играв игри. Кога ми кажаа дека наскоро ќе мора да се одселиме од куќата многу ме погоди, само за тоа размислував, око не можев да склопам.Односно воопшто не можев да спијам.Не знам што ми се сллучи и зошто го направив тоа“ рекол таткото монструм.Нему му е одреден притвор од 30 дена.Од полиција велат дека против него немале никаква пријава, но велат дека не им е јасно како Центарот за Социјална помош не побарал никаков надзор на децата кога знаеле дека имаат проблем во развојот, односно потешкотии во говорот.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Интервју со Џафери: Црногорските власти не се виновни за бегството на Груевски, со ВМРО-ДПМНЕ ја растуривме коалицијата бидејќи не беа храбри

Северна Македонија не може да ги обвинува институциите на Црна Гора за бегството на Никоа Груевски во Унгарија, бидејќи тој беше во тој момент за другите земји слободен човек, вели Талат Џафери, претседателот на македонското Собрание, за црногорски „Вијести“ по ратификувањето на пристапниот Протокол во црногорскиот парламент за членство на нашата земја во НАТО.За "Вијести" изјави дека клучот за крупни чекори кон Европската унија (ЕУ) и НАТО што е Северна Македонија ги направи во последно време е промената на власта, која претходно не сакала во процесот на интеграција и решавање на проблемите да тргне храбро и смело . Тој рече дека притисокот на Русија за приемот во НАТО не се чувствува во Северна Македонија, бидејќи, како што вели, тоа е завршена приказна."Не постои таков притисок и такво чувство дека некои ни прави притисок, бидејќи процесот е завршен, патот е отворен и бесмислено е да се зборува повеќе за притисок", рече Џафери.Како го коментирате фактот дека Никола Груевски во Унгарија, каде што побегна од издржување затворска казна низ Црна Гора? Дали мислите дека црногорските власти не се обиделе да го спречат, иако во тоа време не беше распишана потерница?- Ниту еден орган не може да сеобвини во смисла на спречување на бегството на Никола Груевски. Во формална смисла, тој бил слободна личност кога станува збор за други држави. Човек не може да бара одговорност од Црна Гора, бидејќи тој помина низ земјата како и секој друг граѓанин, не можеме да ги обвинуваме властите и институциите на Црна Гора, ниту на било која земјаВо случајот на Црна Гора, пред да се приклучи на тој сојуз, притисокот на Русија беше против пристапувањето. Дали е тоа случај и со Македонија, дали се чувствува ваков впечаток во вашата земја?- Не се чувствува притисок од таа страна, имајќи предвид дека постапката во врска со исполнувањето на предусловите за влез во НАТО е завршена, имаме промена на уставните амандмани и потпишувањето на ратификација од страна на Грција. Практично тоа го отвори патот за процесот на ратификација во земјите-членки. По тој повод, јас сум тука денес, Црна Гора ќе биде шестата земја која ќе го ратификува протоколот, имајќи предвид дека во хрватскиот парламент денеска ратификацијата беше првата точка на дневниот ред. Во зависност од земја до земја, постапките се различни и времетраењето на процесот на ратификација е различно. Се надеваме дека ова ќе биде завршено до крајот на годината и дека овој процес ќе биде заокружен на самитот на НАТО во Лондон. Нема таков притисок и нема такво чувство дека некои го врши, бидејќи процесот е завршен, патот е отворен и бесмислено е да се зборува повеќе за притисок.Црна Гора е еден од главните застапници за вашето членство во НАТО. Колку е корисна помошта на една мала земја во овој процес?- Географската големина не значи многу во овој процес и секоја поддршка е добредојдена. Ние немаме никакви импликации дека Црна Гора ќе го стори тоа. Потребна е поддршка од секој член, правата се еднакви и секој глас во НАТО е еднаков.Го решивте долгогодишниот спор со Грција, Северна Македонија може да се каже, има направено големи чекори во напредокот кон ЕУ, на раб на приклучување е кон НАТО. Дали мислите дека сето ова е резултат на клучните настани кои неодамна се случија во вашата земја и како последица на промена на долготрајниот режим?- Секако, речиси три децении, Северна Македонија работи на овој пат за пристапување во НАТО и во ЕУ. Ние бевме подготвени за членство во НАТО во Букурешт на самитот во 2008 година во пакетот со Албанија и Хрватска, но ние останавме надвор поради прашањето за името со Грција. Овие десет години ние работевме на процесот на помирување со своите соседи во преговорите, особено со Грција, како и усогласување со Бугарија.Со договорите со Бугарија во 2017 година и со Грција во 2018 година ги надминавме разликите и пречките и го отворивме патот до ЕУ и НАТО. На самитот на ЕУ во јуни минатата година и на самитот на НАТО, исто така, минатата година, добивме препораки за датум за преговори со ЕУ ​​оваа година, доколку има напредок во областите каде што се бара да работиме Во контекст на ЕУ, сега сме во скрининг процесот, кој треба да биде завршен до крајот на јули, и таму е предодреден пакет на закони од областа на безбедноста, владеењето на правото, медиумите и на државната служба. Првиот дел од реформските закони за безбедност завршија, сега сме во процесот на донесување закони од областа на владеењето на правото. Во Собранието пристигна и вториот пакет на законодавство за Управата за безбедност која станува нова агенција која се издвојува од Министерството за внатрешни работи и ќе биде под директна надлежност на ВладатаПресуден момент беше формирање на ново владејачко мнозинство?Во секој случај, бидејќи новата владејачкото мнозинство беше подготвена да влезе во преговарачкиот процес и усвојувањето на договорот со Бугарија и Грција, а со тоа интеграциите започнаа да одат напредСеверна Македонија важи за етнички и политички поделена држава, истото може да се каже и за Црна Гора. Можете ли да ја споредите оваа поделба во Црна Гора и Македонија?Не би рекол дека е поделена етнички и политички. Сигурно постои моќ и опозиција како во секоја демократска држава. Основниот постулат на поделба на власта на законодавна, извршна и судска власт, и нормално е дека општествата се мулти-партиски, постојат власт и опозицијата, односно постои група што работите ги гледа на еден начин и дека постои група која мисли дека треба да се размислува на друг начин, тоа е нормален процес во демократските општества. Во овој контекст, мислам дека сè е во ред, во смисла на различни мислења, така што повеќето граѓани решаваат на кој начин ќе се движи политиката и кои одлуки ќе бидат поддржани.Често се зборува за нестабилноста на Балканот, за враќањето во 1990-тите, за тензиите меѓу народите. Дали мислите дека во регионот можни се нови нестабилности, како оние од деведесеттите години?За разлика од 1990-тите, во 2019 година ситуацијата е сосема поинаква, имајќи предвид дека процесот се движеше напред во позитивна смисла. Балканот полека излегува од зоната која траеше со децении - дека Балканот е буре барут. На Балканот остануваат две точки кои треба да се решаваат билатерално, ова се односите меѓу Приштина и Белград и функционалниот статус на Босна и Херцеговина. Со тоа, Балканот ќе заврши со интегративниот процес.Колку на граѓаните во вашата земја им е тешко да се навикнат на новото име на државата? Колку името Северна Македонија е прифатено во општеството?Името се користи речиси две недели, не може да се каже дека е лесно да се помират и да се навикнат на новото име. Луѓето, како и да е, разбираат дека постои потреба од ново име. Исто така, ќе има отпор кон ова и ќе треба време и за луѓето и институциите да се навикнат на новото име.Долго сте биле во владата и коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ. Зошто одлучивте да се преместите од една коалиција во друга?Кога во 2002 година се трансформиравме од Ослободителната војска во политичка партија, нашите главни програмски определби беа процесот на интеграција и на внатрешните и надворешно дејствување. Работевме напорно за да го постигнеме тоа.  Кога формиравме коалиција со ВМРО-ДПМНЕ во 2008 година, тие ветуваа дека овој процес ќе продолжи. Кога не добивме членство во НАТО, постоеше разочарување во институциите и заостанување во интеграцијата. ВМРО ДПМНЕ не сакаше да ги реши проблемите со Бугарија или Грција, и ова беше проблем. На изборите во 2016 година, по кризата со масовното прислушкување, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ освои 51 места, а коалицијата на СДСМ освои 49 мандати. ДУИ доби 10 мандати и ние бевме клучна политичка сила која одлучи во која насока ќе оди земјата понатаму. Според Уставот, првиот мандат за формирање влада му припадна на Никола Груевски но во уставниот период не можевме да се усогласиме околу програмските прашања и стратешките определби.ВМРО-ДПМНЕ не прифати похрабро да влезе во преговарачкиот процес, што е една од причините зошто не формиравме коалиција. СДСМ се согласи дека процесот на преговори мора да е побрз. Бидејќи тоа е во интерес на Албанците што ги претставуваме, решивме да одиме во коалиција со СДСМ, по што ни се придружија  другите партии на етничките Албанци, и дојдовме до 67 места, од кои 62 се директно вклучени во владејачкото мнозинство

Македонија | пред 7 години

soobra-pred-resen-1

Сообраќајот од Охрид до св. Наум ќе се одвива отежнато

Поради изведување на градежни работи на регионалниот патен правец Охрид – Свети Наум, на делот булевар Туристичка во должина од 3.5 километри, сообраќајот ќе се одвива отежнато. На самото место ќе биде поставена сообраќајна сигнализација.Од денеска па во следните два дена, од 08:00 часот до 17:00 часот ќе се изведуваат градежни работи при поставување на индуктивни јамки за броење на возила на Автопат А1, делница Неготино-Демир Капија за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај, соопштуваат од АМСМ.

Македонија | пред 7 години

53604785_2270692896326214_4035434778923630592_n

ЈП „Комунална хигиена“ апелира до граѓаните да не создаваат диви депонии

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје седум пати во неделата, во три смени, го собираат и го транспортираат комуналниот отпад од скопските домаќинства и стопанските субјекти и истовремено ја одржуваат хигиената на јавните и сообраќајни површини, што подразбира нивно метење и миење. И покрај фактот што тоа не е наша примарна обврска, секојдневно расчистуваме диви депонии коишто настануваат како резултат на несовесното однесување на граѓаните. Неодамна влеговме и во дворовите на студентските домови и училиштата, каде што расчистивме огромни количества наталожен отпад, сѐ со цел цел хигиената и чистотата во градот да се подигне на највисокото можно ниво.Но, ниту една наша активност не е доволна без вашата поддршка!Доколку граѓаните својот стар мебел го одлагаат насекаде,  градежниот отпад го исфрлаат на јавните површини и свесно ги опожаруваат контејнерите, градот Скопје никогаш нема да стане достоинствено место за живеење.ЈП „Комунална хигиена“-Скопје апелира до граѓаните правилно да го одлагаат својот отпад, да не создаваат диви депонии коишто ја загадуваат животната околина, да не ги уништуваат садовите наменети за одлагање на отпадот и на тој начин да ја заштитат и  сочуваат чистотата и убавината на своето и нашето Скопје.

Скопје | пред 7 години

7-2

Димитров: Македонското малцинство во Грција е нивна работа!

Текстот на Би-Би-Си за постоењето на македонско малцинство во Грција е грчка „внатрешна работа и предмет на грчка дебата”, рече Никола Димитров кој гостувше на грчката телевизија СКАИ.-Живеев и го дишев Преспанскиот договор со месеци … понекогаш го гледам и во моите соништа. Така го гледам ченот 4 (3) од договорот, велејќи дека се согласуваме да не се мешаме во внатрешните работи на соседот. Текстот на БиБиСи и прашањата што ги покрена се нешто што се за грчкиот внатрешен политички дијалог, можеби тоа е прашање на меѓународните обврски, тоа треба да биде тема на грчка дебата- рече шефот на македонската дипломатија.

Македонија | пред 7 години

RSBSP_01

„Вози внимателно и јави се кога ќе стигнеш!“ Нова кампања на РСБСП за улогата на жената во безбедноста во сообраќајот

8 Март е меѓународен ден на жената, светски празник што секоја година ја обележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите. Денес жената е рамноправна со мажите на многу полиња на делување, дури и поделбата на машки и женски работи е сведена на минимум, или воопшто ја нема.Кога станува збор за сообраќајот, жената е рамноправен учесник во него како возач, мотоциклист, велосипедист, пешак, а бројот на професионални жени-возачи, секојдневно се зголемува. Според статистичките податоци пак, жените се побезбедни учесници во сообраќајот од мажите, помалку прават грешки со фатални последици и помалку страдаат во сообраќајни незгоди.Затоа, слободно можеме да кажеме дека, учеството на жената во сообраќајот во улога на дежурен едукатор (родител, сопруга, сестра, другарка...) кој неизмерно се грижи за своите најблиски, е најважната улога со која активно и рамноправно учествува во сообраќајот.„Вози внимателно и јави се кога ќе стигнеш!“, „Стави појас да не те мислам!“, „Вози полека и чувај се!“, „Немој да пиеш, не заборавај дека возиш!“, „Немој да зборуваш на телефон кога возиш!“Овие реченици добро ни се познати на сите. Сме ги слушале на секое излегување од дома, сме ги кажале на нашите блиски кога излегувале од дома. Грижата за здравјето и животот на најблиските, грижата за безбедноста, пружањето љубов и внимание, сепак остануваат примарна улога на секоја жена. Да внимаваме во сообраќајот толку - колку што таа се грижи за нас, многу нешта би биле поинакви кога станува збор за безбедноста во сообраќајот.Во чест на сите жени, а по повод празникот 8 Март, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата најавува нова кампања посветена на жените и улогата на жената за безбедноста во сообраќајот.Во склоп на кампањата ќе бидат реализирани едукативни настани за едукација на жените возачи, активности за подигање на свеста за поголема употреба на сигурносните појаси, едукативни активности за поголема и правилна употреба на детските седишта во автомобилот, оспособување на жените правилно да ги советуваат децата во сообраќајот и др. Кампањата ќе опфати и активности за подигање на свеста за почитување на жените како рамноправни учесници во сообраќајот.Кампањата ќе биде поддржана од јавни личности, ќе бидат организирани јавни настани во Скопје Сити мол и на плоштадот Македонија. Активности се предвидени и во образовните институции, на електронските и на социјалните медиуми, предвидени се отворени дискусии, предавања и сл.Целта на кампањата е да се сврти вниманието на јавноста, да се почитува мислата, зборот и советот на жената: „Чувај се себе и чувај ги другите учесници во сообраќајот! Биди одговорен и внимателен возач, почитувај ги сообраќајните правила и прописи. Секогаш и секаде!“РСБСП со апел до сите припаднички на понежниот пол да не престануваат да се борат за својата рамноправност, но и да не престануваат да се „борат“ за доброто на своите најмили, коригирајќи ги нивните постапки и давајќи им личен пример за повисока сообраќајна култура и побезбеден сообраќај. 

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања