Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Скопје1.мк

grip

Пријавени 1.252 случаи со симптоми на грип

Во периодот од 28.01 до 03.02.2019 година, во Република Македонија пријавени се 1.252 случаи со симптоми на грип/ заболувања слични на грип, што е речиси двојно зголемување во споредба со минатата недела, велат од Институтот за јавно здравје.„Бројот на пријавени лица оваа недела е помал за 37,4% споредено со 5-та недела од минатата сезона, а во однос на бројот за 5-та недела од типичната епидемиска крива постои намалување од 62,7%.Оваа недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ пристигнати се 50 материјали за тестирање на грип, од кои 28 (56 отсто) позитивни за присуство на вирусот на грип – 24 Influenza A(H1N1)pdm09, два – Influenza A(H3) и два Influenza А несуптипизиран.Најголем број заболени (826) се пријавени во најголемата возрасната група од 15 до 64 години, а највисока инциденца од 91,6 на 100.000 жители е регистрирана кај децата од возрасната група од пет до 14 години.Оваа недела пријавени се заболени лица од 25 извештајни единици. Најголем број заболени се пријавени од подрачјето на Центарот за јавно здравје Струмица (176), а највисока инциденца е регистрирана на подрачјето на Подрачната единица Кратово (313,5 на 100.000 жители).Во сезоната 2018/2019 вкупниот број на заболени од грип изнесува 4.125. Споредено со истиот период од минатата сезона кога беа регистрирани 5.479 случаи, постои намалување на вкупниот број на пријавени случаи за 24,7 отсто.Според податоците добиени од Управата за електронско здравство, вакцинирани се 19.960 лица со бесплатни вакцини против сезонски грип (лица постари од 65 години со просечна, потпросечна пензија или без примања), односно 71,3 отсто од вкупниот број на набавени вакцини.Од категоријата на здравствени работници, вакцинирано е 801 лице или 4,1 отсто, нема вакцинирани бремени жени. Од вкупниот број вакцинирани, 14.095 лица или 72,9 отсто се со историја на хронично/и заболување/а, стои во извештајот на Институтот за јавно здравје“, велат од Институтот за јавно здравје.

Македонија | пред 7 години

Gavazova-1

(ВИДЕО) Сузана Гавазова ја промовираше новата песна на српски јазик

После песната „Хало“, која се покажа како вистински погодок, Сузана Гавазова продолжува со походот за освојување на српскиот и балканскиот музички пазар.Со првата песна и спот, Гавазова веднаш го привлече вниманието на балканската јавност, а тоа се докажа со многуте гостувања на српските и регионални ТВ канали во емисиите и шоуата на Прва, Гранд, Пинк, а и големиот број прегледи и коментари за „Хало“.Нашата пејачка не чекаше да помине долго време, па затоа повторно околу себе собра проверена екипа и повторно изненади со нов проект.Новитетот на пејачката е насловен „Намазана“ ( Намачкана ).Тимот кој работеше на оваа песна се Саша Диниќ и Ана Диниќ, а видеото го работеше “НН Медиа продукција”.Во спотот Гавазова е ултра модерно облечена и нашминкана, вкусно разголена и провокативна.Песната беше официјално промовирана во емисијата „Гранд Коктел“ во „Гранд продукција“, а во самата емисија Сузе отпеа и неколку убави стари македонски песни.Пред промоцијата на оваа нова песна и спот, нашата пејачка најави и две нови песни на македонски јазик, кои се очекува да бидат промовирани некаде околу Велигденските празници. 

Магазин | пред 7 години

talat-dzaferi-potpis

Денеска треба да се распишат претседателските избри

Претседателот на македонското Собрание Талат Џафери денеска треба да ги распише претседателските избори, за кои првиот круг треба да се одржи на 21 април, а вториот на 5 мај.Согласно Изборниот законик, не треба да поминат повеќе од 90 и не помалку од 70 дена од распишување на изборите до денот на нивно одржување. Мандатот на актуелниот претседател Ѓорѓе Иванов завршува на 12 мај.Кој точно ќе влезе во изборната трка за наследник на Иванов се уште не е познато. Ниту една од политичките партии досега нема конкретен адут за претседателските избори.

Македонија | пред 7 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Местото во НАТО ја гарантира безбедноста и носи инвестиции, економски раст и повеќе пари кај граѓаните

Со потпишувањето на Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО, нашата држава конечно го го добива своето место во најголемиот безбедносен сојуз во светот, велат од СДСМ.„Тоа е остварување на врвните национални и државни интереси. Загарантирана е безбедноста, заштитени се границите.Но освен безбедносните аспекти, влезот во НАТО позитивно влијае и врз економијата. Тоа е можност за нови инвестиции, нови работни места и зголемена конкурентност на македонската економија.Напредокот на Македонија во интегративниот процес и успехот на економските политики на Владата предводена од СДСМ веќе даваат резултати.Последните податоци од Државниот завод за статистика, покажуваат раст извозот во 2018 бележи од 21,8 отсто во однос на 2017 година.Податоците за трговската размена, покажуваат дека по Германија, Македонија најмногу тргувала со соседна Грција што докажува дека решавањето на 27 годишниот спор позитивно влијае и ја унапредува економската соработка меѓу двете земји.Растат платите, растат инвестициите и индустриското производство, а невработеноста опаѓаПо влезот во НАТО и придвижувањето на интеграцијата во ЕУ, овие параметри дополнително ќе се интензивираат, што ќе значи силна економија, повеќе пари и повисок животен стандард за граѓаните“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Осум сообраќајки во Скопје, три лица со телесни повреди

Три лица се здобиле со лесни телесни повреди во две од вкупно осум сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во шест сообраќајни несреќи е причинета материјална штета.Според податоците на СВР Скопје, полицијата од сообраќај исклучила 43 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, тројца кои управувале возило под дејство на алкохол и осум пред да се стекнат со право на управување моторно возило.Од сообраќај биле исклучени и шест нерегистрирани возила, а со специјалното возило „пајак“ биле подигнати 88 возила.Полицијата санкционирала и 117 возачи за не прописно паркирање, еден возач  кој не дал првенство на минување на пешаците, еден за неправилно престројување, тројца за не правилно престигнување, двајца за не поседување пропишана зимска опрема во возилата, 17 за не носење сигурносен појас од страна на возачите за време на управување на мототроно возило и 16 за користење на мобилен телефон од страна на возачите за време на управување на моторно возило.

Скопје | пред 7 години

metju-palmer

Османи: Македонија е партнер на САД, ЕУ и НАТО во заштита на западните вредности на балканот

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи во рамките на неколкудневна работна посета на Вашингтон, денес оствари средби со Заменик помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Метју Палмер, во американскиот Стејт Департмент.„САД се повеќе од стратешки партнер на Македонија, туку и веројатно најважниот пријател, со чие присуство и активно учество остварени за најважните пресвртни точки од независноста на земјата, чии успех неповратно е вграден и во изградбата на самата држава“ – истакна Османи, посочувајќи притоа и на самото осамостојување на државата, Рамковниот договор, територијалната организација, како и Договорот од Преспа чија имплементација финишираше непосредно пред оваа посета. Османи посочи и дека денешниот успех на потпишување на протоколот за НАТО претставува резултат токму на ова партнерство, за кое истакна дека очекувам да продолжи и во иднина.„Ја очекуваме поддршката на САД и во периодот што претстои кога ќе се финализираат главните настани со кои ќе се зацементира нашата западна ориентација – целосното членство во НАТО и почеток на преговорите за членство во Европската Унија.“ истакна Османи, реферирајќи притоа и за политичката состојба во земјата, за напредокот на земјата во исполнувањето на критериумите, преку имплементацијата на реформскиот План 18, како и за напредокот во односите со соседите.„Македонија веќе нема отворени политички прашања, и повторно го зазема централното место на Балканот, како главен партнер на САД, ЕУ и НАТО во промоција на демократските и западните вредности во регионот“ истакна Османи.Во рамките на посетата на Сенатот, Османи оствари средба и со Сенаторот Рон Џонсон, кој воедно е Претседавач и со Комитетот за домашна безбедност и владини прашања при Сенатот на САД. Сенаторот Џонсон го извести Османи за неговата иницијатива, заедно со сенаторката Џеин Шахин, до американскиот Сенат, со која се поздравуваат сите активности на Македонија и Грција во однос на имплементацијата на Договорот од Преспа. Во текстот на резолуцијата, која во драфт верзија му беше предадена на Османи, меѓу останатото, се препорачува на Советот на ЕУ во јуни оваа година да ја потврди одлуката за почеток на преговорите. Како што посочи сенаторот, текстот на оваа резолуција се очекува да биде финализиран и ставен на дневен ред на сенатот на почетокот од следната недела и истата да биде усвоена.Претходно Османи учествуваше и на традиционалниот молитвен појадок во организација на американскиот претседател, Доналд Трамп, а во неговата денешна агенда е и посета и на американскиот Конгрес каде Османи ќе оствари средба и со Конгресменот Стив Стилерс, кој до јануари оваа година ја вршеше функцијата Претседател на Националниот Републиканскиот комитет во Конгресот на САД. Централна посета на Конгресот ќе биде средбата со новиот Претседавач со Комитетот за надворешна политика во Конгресот на САД - Елиот Ејџел.

Македонија | пред 7 години

najcevska

Најчевска: Антикорупциска ќе ја водат кадри од претходниот систем, треба и Мијалков да го вратите на старата функција

„Антикорупциската комисија ќе ја водат докажани кадри од претходниот систем и кадри од доверба на владејачките партии. Браво. Сега навистина никој не може да ве обвини за реваншизам.“ - пишува на Фејсбук професорката Мирјана Најчевска за прворангиранте кандидати за антикорупционери.Бодовната листа е објавена, а веќе денес треба да се најде пред комисијата за избори и именувања на која , според рангирањето треба да се изберат претседател и шест членови.„Сега навистина никој не може да ве обвини за реваншизам.  За до крај да ја завршите работата мислам дека треба Мијалков да го вратите на неговата стара функција. Еве примам опклади дека од овој и ваков состав на оваа комисија нема да произлезе ниту еден случај со кој ќе биде засегнат било кој моќник.Имав право за Катето - чипка, имав право за нежното човече кое го седнавте во столицата на ЈО, имам и сега.  Не ве бидува дечки. Ништо не променивте. Напротив, со задоволство си влеговте во разгазените чевли на ВМРО-ДПМНЕ“, стои во објавата на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

boy-726021_960_720-620x350

8-годишно момче пронајдено на улица, мајката го исфрлила од дома

Случајни минувачи во Италија забележале 8-годишно момче кое лутало по улиците, и настанот го пријавиле во полиција.„Мајка ми повеќе не ме сака. Таа ме исфрли од куќата. Сега живее со друг маж, а јас ги барам моите роднини“, изјавило детето на полицијата.Полицијата ја пронашла неговата 38-годишна мајка која е државјанин на Босна и Херцеговина. Таа потврдила дека не го сака детето бидејќи сега живее со нејзиниот нов партнер. Исто така изјавила дека веќе некое време детето живее со неговите баба и дедо, а адресата на таткото не ја знае.Против двајцата родители е поднесена пријава поради напуштање на малолетно дете, додека грижата за момчето ја преземале надлежните социјални служби.   

Свет | пред 7 години

tuca-620x350

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Насилство пред училиште во Британија, 20 ученици нападнале девојче

Видео снимка од брутален напад во близина на училиште во Велика Британија ја шокираше јавноста. На него се забележува како 20 ученици напаѓаат девојче, додека група луѓе гледаат што се случува.Видеото е снимено со мобилен телефон во близина на католичкото училиште Кардинал Вајмс, истото е објавено на Снепчет, а потоа споделено е и на Фејсбук.Моментално се води истрага, а според последните информации никој не е уапсен.https://video.dailymail.co.uk/video/mol/2019/02/07/7452447156114768252/1024x576_MP4_7452447156114768252.mp4

Свет | пред 7 години

vreme

Сончево со умерена облачност, од следната недела промена на времето

Денес времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 3 до 13 степени.Во Скопје слично време со температура од -3 до 8 степени.За време на викендот времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Во понеделник ќе дува засилен јужен ветер, а попладне од запад ќе започнат врнежи претежно од дожд. Од вторник ќе биде постудено и врнежите ќе преминуваат во снег.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Сообраќајот се одвива по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се влажни, па поради ниските температури, карактеристични за вечерните и утрински часови постои можност и од појава на голомразица.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Пратеникот Владимир Ѓорчев од Вашингтон: Светот мора да ја чуе македонската вистина

Попладнево пратеникот Владимир Ѓорчев на социјалната мрежа фејсбук објави видео од Вашингтон од пред од Сенатот и Конгресот на САД. Тој видеото го наслови: Светот мора да ја чуе македонската вистина и македонските аргументи. Македонија ќе има подобра позиција со силни пријатели во светот.Поздрав од Вашингтон од Сенатот и Конгресот на САД, напиша Ѓорчев на ФБ.https://www.facebook.com/Press24mk/videos/422862878468837/Инаку ВМРО - ДПМНЕ ги објави имињата на пријавените кандидати за претседател.Меѓу позвучните имиња кои плицирале до партијата и ја очекуваат партиската подршката е и Ѓорчев.Владимир Ѓорчев е член на ВМРО-ДПМНЕ од 1996 година. Ѓорчев е избран за член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во 1997 година, истата година е именуван за член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. За првпат како член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ е именуван во 2004 година. Ѓорчев е долгогодишен пратеник во Собранието на Република Македонија, за првпат за пратеник е избран на изборите во 2006 година. Подолг период наназад ја извршува функцијата меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

nijagara-2

Спектакуларна глетка - замрзнаа Водопадите на Нијагара

Спектакуларна Глетка – вистинска зимска бајка. Дел од Нијагарините Водопади замрзнаа. Студениот бран што го погоди западот и североистокот на САД од Нијагарини Водопади направи фантастична ледена глетка.Прекрасните водопади се претворени во мраз.Туристите кои ги посетуваат водопадите во последните денови не пропуштаа да се фотографираат покрај оваа убавина.

Свет | пред 7 години

Policija-620x350

(ВИДЕО) Пукање во близина на холандската централна банка

Холандската полиција пукала во маж во Амстердам во близина на Централна банка, по голема полициска акција.Сведоците велат дека се слушнало пукање околу 19:15 часот по локално време.Од полицијата велат дека примиле повеќе повици во врска со лице кое било наоружано. Кога осомничениот и се приближил на полицијата, тие пукале во него. Тој починал на местото на настанот, а исто така повреден е еден од случајните минувачи. За сега е нејасно дали мажот пукал кон полицијата.

Свет | пред 7 години

kalifornija-san-francisko-620x350

(ВИДЕО) Евакуирани четири згради поради експлозија на гас

Четири згради се евакуирани поради експлозија на гас во Сан Франциско во Калифорнија.https://twitter.com/SFFDPIO/status/1093282280112410624?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1093282280112410624&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F3030889-evakuacija-4-zgrade-u-san-francisku-pozar-izazvao-veliku-eksploziju-gasa-vatrogasci-i-policija-na-terenu-fotoОд противпожарната бригада изјавија дека во соработка со полицијата евакуирале четири згради. За сега нема информации за повредени, како и за настанати штети.https://twitter.com/SFFDPIO/status/1093267471933435905?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1093267471933435905&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F3030889-evakuacija-4-zgrade-u-san-francisku-pozar-izazvao-veliku-eksploziju-gasa-vatrogasci-i-policija-na-terenu-foto

Свет | пред 7 години

zaev-kostov

Заев се сретна со поранешниот премиер на Бугарија Иван Костов

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денеска го прими во посета поранешниот премиер на Република Бугарија Иван Костов, кој се заблагодари за можноста да се сретне со премиерот Заев и да разменат мислења од важност за соседските односи меѓу двете земји, за регионот, како и за перспективите на нашата земја во однос на нејзината европска интеграција.Поранешниот бугарски премиер Костов, во чиј мандат неговата земја ги започна преговорите со ЕУ, на средбата а истакна храброста и прогресивните политики на премиерот Заев кои на земјата и донесоа членство во НАТО, изгледни перспективи во процесот за членство во ЕУ, како и сериозен придонес за стабилноста и развојот на регионот, со одлучноста во решавањето на спорот со Република Грција со Договорот од Преспа.Овие промени во регионот се и од огромно значење за натамошниот развој на односите меѓу Република Македонија и Република Бугарија, особено во делот на економската соработка и во соработката на инфраструктурните проекти за поврзување од Коридорот 8.На средбата се разменија ставови и искуства на поранешниот премиер на Р. Бугарија Иван Костов во однос на одделни прашања од процесот на зачленувањето на во ЕУ, кои се однесуваат и на неопходните внатрешни реформи и политики за постигнување на економски раст и развој.

Скопје | пред 7 години

FCP_2478

МЗШВ: Го поттикнуваме учеството на руралната жена во земјоделскиот сектор

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска присуствуваа на презентација на анализите направени во рамки на проектот „Мерење на нивото на зајакнување на жените во земјоделството со примена на експериментален економски модел“.„Како ресорно министерство активно работиме на мерки со цел да го поттикнеме и поддржиме учеството на руралната жена во земјоделскиот сектор. Денеска испраќам јасна порака за потребата на економско јакнење на руралната жена, нејзино поголемо инволвирање во креирањето на земјоделските политики, како и заедничката борба против дискриминацијата и традиционалните бариери кои најмногу прават проблем во едукацијата и развојот на руралните жени. Ова е процес кој ќе го поминеме заедно“, изјави Николовски.Министерот Николовски најави дека МЗШВ работи на измена на Националната програма за земјоделство и рурален развој за периодот 2018-2022, конкретно за изменување и дополнување со специфична мерка наменета за жените кои живеат во руралните средини и кои се дел од земјоделско стопанство. Планот е преку оваа мерка е да се создаде поддршка во вид на неповратни грантови во висина до 180.000 денари по корисник, за вршење на дополнителна дејност во рамки на земјоделското стопанство. Односно, жените ќе можат да започнат со преработувачка или занаетчиска дејност, користејќи ги ресурсите од сопственото производство. Исто така, при конкурирањето за одредени мерки од европската ИПАРД Програма и од националната Програма за рурален развој, жените фармери имаат предност, односно добиваат повеќе поени при рангирањето.„Жените – земјоделки кои живеат во руралните средини се соочуваат со голем број проблеми.  Концептот на еднакви можности означува дека жените и мажите треба да имаат еднакво учество во секој сегмент од живеењето. Ние сме подготвени да воспоставиме систем на редовна соработка помеѓу институциите, вклучително и со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како креатор на политките и мерките кои директно ги засегаат руралните жени. Само заедно ќе придонесеме за соодветено и целосно решавање на јазот кој се уште постои во руралниот сектор и да ги охрабриме жените да станат активни чинители во земјоделието“, изјави Царовска.Инаку, Министерството за труд и социјална политика ја презема улогата на лидер во обликување на политиките, коорди0нација и и одговорност на Владата на Република Македонија во однос на Агендата за родова еднаквост и еманципација на жените. Во декември 2017 година Република Македонија ја ратификуваше Истанбулската конвенција и на 9-ти октомври 2018 година го усвои Акцискиот план за нејзнино спроведување за период до 2023 година.Земјоделството учествува со околу 10% во националниот бруто-домашен прозивод и во него работи околу 17% од работната сила во земјата, а од нив само една третина се жени. Патријахалната структура, локалните обичаи, културните и традиционални општествени норми се уште придонесуваат за лошата социо-економска положба на руралните жени.Проектот „Мерење на нивото на зајакнување на жените во земјоделството со примена на експериментален економски модел“ е реализиран од Факултетот за земјоделски науки и хранас – Скопје, а поддржан од Телото на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените – UN Women.

Македонија | пред 7 години

0002

Заев: Обезбедуваме средства и правиме напори за подобра животната средина, отворени сме за соработка со граѓанскиот сектор

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, придружуван од заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, денеска се сретна со членови на Координативното тело на граѓански здруженија за животна средина во земјата, кои заедно со Министерството за животна средина и просторно планирање соработуваат за заштита и подобрување на состојбите во овој сектор.На средбата, премиерот Заев изрази подготвеност и волја за продолжување на заложбата на Владата за соработката со граѓанскиот сектор во насока на размена на идеи и ставови при операционализација на политиките за различните области од животната средина.Претставниците на Координативното тело, на состанокот претставија дел од своите сугестии кои се однесуваат на различни сектори од животната средина, водата, обновливите извори, квалитет на воздухот, отпадот како и ставови за подобрување на законската регулатива, во согласност со ЕУ регулативите.Истовремено, тие се заблагодарија за изразената кооперативност од страна на премиерот да ги слушне сите нивни барања, поздравувајќи ја стратешката определба на Владата за преземање мерки и активности за решавање на аерозагадувањето.На работниот состанок беше договорено, претставниците на Координативното тело на граѓански здруженија за животна средина до премиерот Заев и заменик-министерот Макрадули да испратат писмо во кое ќе ги сублимираат сите конкретни иницијативи кои се однесуваат на секторот заштита на животната средина

Македонија | пред 7 години

angusev-i-filipce-1

Анѓушев и Филипче : Подршка од IFC за реализација на крупни инфраструктурни проекти

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, д-р Кочо Анѓушев и министерот за здравство д-р Венко Филипче, денес во Белград се сретнаа со директорот на регионалната канцеларија на Меѓународната финансиска корпорација за Централна и Југоисточна Европа (IFC-International Finance Corporation), г-дин Томас Лубек, со кого разговараа за можностите за поддршка од страна на IFC, дел од групацијата на Светска Банка, за реализација на крупни инфраструктурни проекти во енергетиката и во здравствениот сектор.Вицепремиерот Анѓушев нагласи дека на средбата со регионалната канцеларија на IFC се разгледуваа можностите за соработка во поглед на поголемо вклучување на приватниот сектор во реализација на економските политики на Владата.„За да имаме реална и одржлива економија на долг рок, приватниот сектор мора да биде што е можно повеќе вклучен во реализација на економските политики. Денес со IFC разговаравме за реализација на проекти во форма на јавно-приватно партнерство, со особен фокус на енергетски проекти. Конкретно стана збор за проекти за јавно-приватно партнерство за хидроелектраната Чебрен, за проекти за управувањето со отпадот, односно еколошките аспекти и производство на енергија од отпад, како и за можноста за јавно-приватно партнерство во здравствениот сектор, концепт кој е застапен во развиените земји. Очекуваме во рок од 2-3 недели да пристапиме кон активности со кои ќе го откочиме проектот за изградба на ХЕ Чебрен, значаен проект во поглед на производство на електрична енергија, но и за наводнување и водоснабдување. ХЕ Чебрен планираме да се реализира во форма на јавно-приватно партнерство, каде што јавниот партнер би бил ЕЛЕМ, додека приватен партнер ќе се бара во тендерска транспарентна постaпка, кадешто очекуваме поддршка од IFC. До крајот на годината се надеваме да пристапиме кон реализација на проектот за изгрaдба на хидроелектраната и наскоро Чебрен да биде ставен во функција на енергетскиот систем и водостопанството“, потенцираше вицепремиерот по состанокот со IFC.На состанокот со IFC се разменија и искуства во врска со моделот на јавно-приватните партнерства во здравствениот сектор.„Сакаме да ја искористиме експертизата којашто IFC ја има во имплементирање на јавно-приватното партнерство во многу земји во светот, а се со цел на нашите граѓани и пациенти да им го направиме здравствениот систем и здравствените установи подостапни. Да го зголемиме квалитетот на здравствените услуги и на долги патеки да овозможиме соодветен развој на нашиот здравствен систем во целост“, истакна министерот Филипче.На состанокот, од страна на IFC, изразија подготвеност и волја за поддршка за реализација на проекти кои вклучуваат јавно-приватно партнерство во енергетиката, екологијата и здравствениот сектор.„Дискутиравме за тоа како ИФЦ може да и помогне на Владата да ги спроведе своите идеи и планови за учество на приватниот сектор во инфраструктурата и здравствената нега. Зборувавме за многу практични работи, а особено важно, брзо дојдовме до коренот на проблемите, имајќи ги предвид искуствата на Заменик претседателот во приватниот сектор и енергетиката, што ќе ни помогне наскоро да излеземе со конкретни и специфични предлози и се радуваме што набрзо ќе може да започнеме со сериозна работа“, ијави Tомас Лубек, директорот на регионалната канцеларија на IFC за Централна и Југоисточна Европа.

Македонија | пред 7 години

gradonacanici

Средба на градоначалниците н општина Охрид и Ѓорче Петров

Вршителот на должност градоначалник Константин Георгиески имаше средба со градоначалникот на општина Ѓорче Петров. На средбата беа разменети мислења и искуства од работата на локалните самоуправи, а се разговараше и за воспоставување поблиска соработка меѓу двете општини.

Македонија | пред 7 години

komunalno-skopje-1

ФОТО: Камиончињата на комуналец премали за вработените, а не пак за отпадот

Вработените од ЈП Коминална хигена Скопје или штадат на гориво за возила има немаат доволно возила?Денеска за да се превезат работниците „мораа“ да седат и в скут кај колегите?Фоторепортерот на Скопје 1 ги улови попладнево на Партизанска, најверојатно по завршената работа, како се прибираат во дирекцијата.Инаку скопјани постојано преку социјалните мрежи се жалат на хигиената во градот. Често објавуваат фотографии од преполни контењери со ѓубре, а има и такви објави на кои има фотографирано кабаст отпад пред згради.

Скопје | пред 7 години

grip-12

24-годишна девојка со Даунов синдром почина од грип

Втора жртва од грип. Поради компликации од свински грип, 24 годишната девојка со Даунов синдром од Охрид, починала на КАРИЛ. Пациентката на Клиниката за анестезија и реанимација била 10 дена поради други заболувања.За  три дена  ова е втора жртва од грип во Македонија. Вчера почина 5 годишно девојче.За само една недела бројот на болни од грип се зголемил за 50 проценти. Докторите очекуваат дека бројот на болни ќе расте. Лекот тамифлу за лекување на грип го има во доволни количини.

Скопје | пред 7 години

sredba-janeva-jovevski

Обвинителството бара Собранието да го протолкува спорниот член од законот за СЈО

Државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески рече дека Обвинителството ќе побара Собранието да даде автентично толкување на спорниот член 22 од законот за СЈО, додавајќи дека на денешниот проширен колегиум било одлучено оти начелно-правното мислење на Врховниот суд за предметите на Специјалното јавно обвинителство ја нарушува законитоста.Колегиумот во проширен состав со вишите јавни обвинители на Вишите јавни обвинителства Скопје, Гостивар, Штип и Битола и јавниот обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на 7.2.2019 година заради законито постапување на обвинителството и нарушувањето на принципот на легалитет на кривичното гонење го разгледаа начелното правно мислење на Врховниот суд на Република Македонија донесено на 30.1.2019 година и донесоа заклучоци:- Начелното правно мислење на Врховниот суд на Република Македонија ја нарушува законитоста во постапувањето на јавните обвинителства и судовите, поради што Јавниот обвинител на Република Македонија до Собранието на Република Македонија ќе поднесе барање за давање автентично толкување на член 22 од Законот за јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, согласно член 175 од Деловникот на Собранието на Република Македонија.- Начелното правно мислење на Врховниот суд на Република Македонија е донесено без да постои различна примена на законите од пониските судови и не се заснова на одредбите, смислата и содржината на Законот за јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите и е противречно само на себе. Наспроти одредбата од член 22 од Законот, дека ова јавно обвинителство во рок од 18 месеци од примањето на материјалите и преземањето на предметите може да покрене обвинение или да донесе наредба за запирање на истражна постапка, во начелното правно мислење, и покрај тоа што тие се наведуваат како кумулативен услов, овој рок во мислењето се смета само од денот на приемот на материјалите, занемарувајќи го денот на преземањето на предметите. Со начелното правно мислење Врховниот суд излегол надвор од законските надлежности, толкувајќи конкретна законска одредба со што создадена е правна несигурност.- Јавниот обвинител на Република Македонија и проширениот колегиум на јавните обвинители ги поддржуваат јавните обвинители да опстојат на законските принципи и постапувањето по предметите, а очекуваат дека и судиите на пониските судови одлуките ќе ги засноваат на законот во функција на остварувањето на владеење на правото.​Начелото на легалитет од член 39 од Законот за кривична постапка му дава основно право и должност на јавниот обвинител да ги гони сторителите на кривични дела за кои гонењето се презема по службена должност. Ова основно право и должност на јавниот обвинител ја гарантира правната сигурност на граѓаните како темелна вредност на владеење на правото. Поаѓајќи од ваквите гаранции и независноста на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, Јавното обвинителство на Република Македонија ќе ги преземе за натамошна постапка предметите за кои Јавниот обвинител на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите ќе се огласи за ненадлежен за натамошно постапување. Ова легитимно право на јавниот обвинител е засновано на член 21 точка 7 од Законот за кривична постапка, кој го определува јавниот обвинител како единствен тужител за сторителите на кривични дела кои се гонат по службена должност, разграничувајќи го приватниот тужител како надлежен за гонење на сторителите на кривични дела кои се гонат по приватна тужба.Јавниот обвинител во постапките по преземените предмети, како законити ќе ги користи доказите и прибавените материјали, како докази прибавени на легален начин и во законита постапка.

пред 7 години

Dea-Djurdjevic

Според Српски Курир докторите успеале да и ја спасат раката на Деа

Според Српски Курир операцијата на Деа Џуревиќ поминала во најдобар ред. Иако во операциона сала докторите се бореле неколку часа, тие успеале да и ја спасат раката и успешно и е вратена циркулацијата во екстремитетите.За потсетување познатата српска водителка Деа Џуревиќ утринава беше повредена во сообраќајна несреќа, во која автобус и ја откинал раката, додека таа стоела до автомобилот на тротоар.

Свет | пред 7 години

marihuana

Побаран притвор за лице осомничено за неовластена продажба на дрога

Основното  јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.На 06.02.2019 година, при претрес во домот во кој привремено престојувал осомничениот, било утврдено дека тој кај себе неовластено заради продажба држел наркотична дрога – марихуана спакувана во метална кутија со нето маса од 4,55 грама и наркотична дрога – хашиш со волумен од 8 милилитри во пластичен шприц. Истовремено биле пронајдени и две дигитални ваги со остатоци од марихуана и амфетамин, како и шише со остатоци од марихуана.Против осомничениот Основното јавно обвинителство – Скопје води и друга кривична постапка во рамките на која тој е веќе обвинет дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Во рамките на таа постапка од страна на надлежниот суд му беа определени мерки на претпазливост. Имајќи го особено предвид ваквиот факт, односно можноста осомничениот да го повтори делото, како и опасноста тој да се даде во бегство, надлежниот јавен обвинител до Судија на претходна постапка достави и Предлог за определување мерка притвор.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања