Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Скопје1.мк

petardi

Кривична за жител на неготинско Дисан, поради голема количина на пиротехнички материјал

Неготинската полиција поднесе кривична пријава против 57-годишник од селото Долни Дисан, откако при претрес во неговиот дом била пронајдена поголема количина на пиротехнички материјал.– На 24.12.2018 година полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во село Долни Дисан, при што пронашле и одзеле 3.065 парчиња разновидни петарди и 14 парчиња пиротехнички средства за огномет, кои ги купил во Скопје од непознато лице, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Македонија | пред 7 години

aleksandar-rubikova-kocka

Александар Дуклески од Охридско, сруши 10 национални рекорди во рубикова коцка

На вториот официјален натпревар во рубикова коцка „Macedonia Winter 2019“, што се одржа во Скопје, Александар Дуклески од охридското село Требеништа, општина Дебрца сруши 10 национални рекорди. Тој на ниво на Македонија освои вкупно седум медали, од кои шест златни и еден сребрен.За неговата вештина и талент, веќе е запозната и пошироката јавност, а заслужено признание доби и од градоначалникот на Дебрца, Зоран Ногачески, кој го прими младиот талент во неговиот кабинет.Тринаесет годишниот Александар Дуклески продолжува да ниже успеси и медали. Тој освои 4 медали на интернационално ниво и тоа два сребрени , како и два бронзени. На ниво на Македонија освои вкупно седум медали, од кои шест златни и еден сребрен.Секоја Ти чест, мајсторе!, напиша градоначалникот на општна Дебрца Зоран Ногачески на социјалната мрежа фејсбук.Рубикова коцка е механичка загатка изумена во 1974 од унгарскиот вајар и професор по архитектура Ерно Рубик. Оригинално наречена „магична коцка“ од нејзиниот пронаоѓач, оваа загатка е преименувана како „рубикова коцка“ од компанијата „Ideal Toys“ во 1980.и исто така ја освои награда за како германска игра на годината (Spiel des Jahres), во специјалната категорија за загатки. Таа е светски најпродаваната играчка, со над 300.000.000 рубикови коцки и нејзини имитации продадени низ целиот свет.Во типична коцка, секоја страна е покриена со девет налепници во шест бои. Кога загатката е решена, лицето на секоја страна од коцката е во една боја.Загатката доаѓа во четири можни верзии: 2×2×2 (џебна коцка, наречена и мини коцка, јуниорска коцка или коцка мраз), 3×3×3 стандардната коцка, 4×4×4 (Одмаздата на Рубик), и 5×5×5 (Професорската коцка). Постојат и поголеми коцки, 6x6x6 и 7x7x7 се исто така пристапни.

Македонија | пред 7 години

marjan-puhce

Овчарот од Пухче сакал да биде претседател, поднел и кандидатура?

Овчарот од Пухче се огласи на ФБ, вели поднел кандидатура за петседател и мислел дека ќе води лавовска битка со професорката Каракамишева, затоа што кко што пишува во објавата само во неа само гледал сериозен противник.Во продолжение фејсбук објавата:Јас поднесов кандидатура за претседател на Македонија и мислев дека ќе водам лавовска битка со професорката Каракамишева во неа само гледав сериозен противник, навистина секоја чест за тоа она сто го направи, новинарчето од тв ми рече што толку сакаш да бидеш претседател платата е 1400 евра,јас му одговорив доста ми се 500 евра мојата цел е цесна држава сите да зимаме 500 евра плата, како што можел Никола Карев да биде претседател на Крушевската Република на 27 години можам и јас добив огромна подршка од мајка Лоза тетката на Груевски цел живот Вмровка у коски, Каракамишева направи многу убав потег истиот и јас го правам, немојте да мислите дека сум кукавица на конгресот очекував 300 гласа ако имаше фер битка, можеби еден ден кога повторно ќе бидеме Република Македонија ќе бидам претседател, а силно верувам дека еден ден ќе бидам, немам багаж на грбот не сум ничиј потрчко јас си имам една цел чесна држава еднаш засекогаш 60 пратеници по 500 евра плата и сите во Македонија да бидеме патриоти и да се бориме за подобро утро на идните генерации без разлика на вера и нација сите сме од крв и месо и кога тогаш ќе бидеме 2 метра под земја, во животот што сакаш имај на крајот само 2 метра следуват те идните генерации ќе те памтат по делата, а не по злоделата милсам дека ќе има тотален бојкот 300 илади излезеност преку сила ако има дали треба избори вонредни некој прашање не заслузуваат одговор. Избори требаше да има на 18 ти ноември. Никогаш нема да извадам пасош или лична карта на Северна Македонија едноставно не ја признавам заинат на големите па ако треба цел зивот нема нигде да одам од Македонија да видиме кој е предавник, а кој патриот у нашата мила Македонија една и единствена Месечината на небото Македонија на земјата, Сонцето на Небото Македонија на земјата,Свездите на небото Македончето на земјата еј Македонија фала ти мајко најмила што сум дел од ова убаво парце земја, што сум имал среќа ти да бидеш мојата мајка, низ историјата се и сешто си поминала преживеала ќе го презивееш и ова и ќе бидес поубава како никогаш до сега, Горда исправена Македонија земјата од бајките сите ќе сакаат овде да живеат,младината ќе ни се врати, ќе имаме насмеани и среќни лица, а не тага и болка,љубовта кон Македонија е посилна од се 90 посто народот сака чесна држава еднаш засекогаш, стои во објавата.https://www.facebook.com/marjan.trajcev/posts/2026461337475449

Македонија | пред 7 години

Dfek9lLaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTURZN01EQV8vNzRhNTUzODg1ZjZmMzc1MTRhZGMxNTY1MzNkN2VkNDcucG5nkZMCzQLkAIGhMAE-1

Шилегов со клима уреди ќе се бори против аерозагадувањето

Градот Скопје за првпат досега распишува јавен повик за субвенционирање на инвертер клима уреди и други современи уреди за затоплување на домаќинствата, како уште една од мерките за борба против аерозагадувањето.- За секој купен инвертер клима уред, секој граѓанин којшто ќе ги исполни условите за субвенционирање ќе има можност да добие половина од вкупната вредност на уредот, но не повеќе од 15.000 денари. Со оваа мерка повеќе од 1.300 домаќинства од годинава ќе добијат можност евтино да ги затоплуваат своите домови водејќи грижа за намалување на аерозагадувањето – рече на денешната прес-конференција градоначалникот Шилегов.За оваа намена во буџетот на градот, како што рече Шилегов, предвидени се 20 милиони денари, а тоа значи дека повеќе од 1.300 домаќинства од годинава ќе добијат можност евтино да ги затоплуваат своите домови, водејќи грижа за намалување на аерозагадувањето.- Убеден сум дека оваа мерка заедно со другите мерки кои досега ги презедовме во рамките на нашите надлежности ќе значи уште еден чекор напред во борбата против загадувањето на воздухот во Скопје – додаде Шилегов.Според анализите на Град Скопје, интересот кај граѓаните за набавка на посовремени уреди за затоплување е голем и поради тоа се одлучиле за субвенционирање на овие уреди и за да ги намалат трошоците на граѓаните.Огласот за субвенционирање, како што најави градоначалникот, ќе биде објавен најдоцна до понеделник.

Скопје | пред 7 години

hasan-2

Министерот Хасан од Истанбул: Нудиме одлични услови за инвестирање

Министерот без ресор задолжен за странски инвестиции Елвин Хасан, вчера имаше свое обраќање на дводневниот 22. Евроазиски економски самит, кој се одржува и денес во Истанбул. Евроазискиот економски самит го организира Мармара фондацијата, група за економски и општествени истражувања која има за цел унапредување на односите меѓу ЕУ и земјите од централна Азија и Блискиот Исток.Говорниците на самитот посебно се осврнаа на соработката помеѓу државите, особено во областа на економијата и енергетика. Министерот во својот говор ги поздрави присутните и им посака успешна соработка во иднина. Воедно го истакна своето задоволство од потпишувањето на протоколот за влез на Република Македонија во НАТО и зборуваше за значењето на интеграциите во ЕУ и НАТО.„Интеграциите во ЕУ и НАТО се од големо значење за нашата земја, тие со себе носат нови предизвици и можности за инвестирање во Република Македонија, ние како Влада ќе ја искористиме оваа прилика и ќе се залагаме за привлекување на нови инвеститори кои ќе помогнат во намалување на стапката на невработеност, која во последните години е значителен проблем особено за младите граѓани на нашата земја. Република Македонија нуди одлични услови за инвестирање, пример за тоа се технолошките индустриски развојни зони, ги повикувам сите компании кои сакаат да инвестираат во странство, да ја разгледаат оваа опција”, посочи министерот Хасан.

Македонија | пред 7 години

saso-tasevski

Актерот Сашо Тасевски повторно удри :Ќе барате гласачи ко тартуфи, со кучиња и свињи, на "претседателските"

Ќе барате гласачи ко тартуфи, со кучиња и свињи, на "претседателските". Еве зошто, напиша на својот фејсбук профил актерот Сашо Тасевски.Во продолжение на својот статус тој образложува:Луѓето полека ќе ја прифатеа промената на името да бевте жилет во оправањето на државата. Обвинетите крупни ѕверки да беа веќе во затвор. Дури да лежеа и помали казни зашто помогнале за промената на името, никој "А" немаше да каже. Да почневте неселективно да гоните, па во затвор да се најдеа и оние од ДУИ, немаше да зуцнеме. Вие ништо од ова не направивте.И како капак ги рехабилитиравте најголемите поддржувачи на Груевски под маската помирување. Им давате тендери, им ги вработувате децата и којзнае уште што фазла. Оние кои со Груевски имаа се, сега добија уште. Не само што нема правда, нема ни праведност. Па уште им пречи што ги прозиваме во јавност што толку брутално брзаат да си ги вработат децата во државни фирми. За едни нема зима, за други нема промена. Новак Ѓоковиќ да го кандидирате за претседател, луѓето нема да излезат гласаат. Не зашто јас така велам, туку зашто слушам што се зборува на улица. Без дубари, претседателските ќе пропаднат. А може тоа и е целта. Кој да ве знае.https://www.facebook.com/sasho.tasevski/posts/10156925825322180

Македонија | пред 7 години

cats

Бесна Бејби на ФБ: Нушиќ вели: Оној кој има срце нема гаќи! - Вие народните пратеници имате кожни гаќи,така ми се чини!

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку социјалната мрежа фејсбук испрати порака и до „згрозеноста“ на пратеничката Емилија Александрова за интересот на јавноста за информацијата дека нејзината ќерка е вработена во Фондот за иновации, но и до сите пратеници.Статусот на Весна Бејби го објавуваме во целост:Да се разбереме , вие не сте јавни личности туку сте пратеници кои земате плата од нас,народот.Не дечки не сте привилегирани по ниту еден основ ниту имате право да ги вработувате вашите деца со стекнатите привилегии.Постојано ги учам моите деца од актерската школа дека аплаузот се заслужува,тој аплауз подразбира многу работа и време.И сега јас џабе го повторувам тоа на деца од најмала возраст до 16 годишна?Сакате јавноста да не биде груба со вас?Вие сте нешто посебно претпоставувам....посебни во вашата алчност и недоветност!Срам да ви е!Јас имам безброј пораки во кои мајки на деца со посебни потреби се на работ на егзистенција,јас работам сто работи за да преживеам со моите деца и ги учам дека се треба да научат сами и да се изборат во животот.Нушиќ вели: Оној кој има срце нема гаќи!Вие народните пратеници имате кожни гаќи,така ми се чини!https://www.facebook.com/bejbimama/posts/10218655045306073

Македонија | пред 7 години

devojka-emirati-1

Која е девојката од емирати која бара азил?

По статусот на ФБ на Ирена Цветковиќ извршна директорка во Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“- Скопје, во кој таа бара помош за девојка од Емирати, која е во затвор во Македонија, денеска пристигна mail во кој има детали за девојката.Соопштението го пренесуваме во целот:Хинд Мухамед Алболоки (родена 1976) државјанка на Обединетите Арапски Емирати која во Македонија се наоѓа од 04.10.2018.Откако тогаш на легален начин влегла во земјава познаничка која работи во полиција и укажала дека може да побара азил. Таа го побарала најрегуларно на 15.10.2018. Притоа, како што вели таа, Зоран Верушевски ја наговарал да не бара азил, ја убедувал дека има убав живот и дека треба да се врати дома каде што ќе живее луксузно покрај мажот и четирите деца. Таа сепак побарала азил и била интервјуирана во МВР (зградата на МТВ). Таа вели дека интервјуерите ја испитувале како да е осомничена за кривично дело. Потоа била пуштена да живее со нејзината пријателка Амина и нејзиното семејство во Скопје. Зоран Верушевски овој пат испратил полицаец со име Горан да ѝ пренесе дека ќе биде заштитена и дека ќе и биде доделен азил.На 07.11.2018 одбиена е и нејзиното барање за азил на што приложила тужба на 12.12.2019 која на 29.01.2019 повторно била одбиена. На 07.12. 2018 е објавена судска пресуда според која и се ограничува правото на движење сообразложение дека ја загрозува националната безбедност и јавниот ред и сместена е во прифатилиште за бегалци иако претходно уредно престојувала кај нејзина пријателка. И се сместува во центар за грижа добила телефонски повик дека мора да се пријави во друг центар за азил во Гази Баба, притоа ѝ е нагласено “да соработува’, алудирајќи на тоа дека направила нешто лошо (сметана за криминалец) без апсолутно никакви докази. Тоа не и е дозволено, во центарот за азиланти престојува 2 и пол месеци.Причината поради кои ги напушта Емиратите се закани од нејзиното семејство (татко и брат) дека ќе и наштетат, само затоа што побарала развод од човекот кој физички ја малтретира и сексуално злоставува. Во видеото напоменува дека мажот тајно ја оставал неколку пати, ја понижувал, кажувајќи и дека што и да направи таа нејзините повторно ќе ја вратат кај него. Жената е преплашена за својот живот.Исплашена е поради:1. Закани од нејзиното семејство дека ако им го посрамоти името тие самите ќе ја убијат2. Во Емиратите казната за прељуба (која лесно може да се припише) е смртна казна.Жената ќе биде депортирана ако не направиме нешто итно!Информациите се преземени од разни фб профили и видеата кои ги објавува Хинд.

Македонија | пред 7 години

mijalkov-2

Кривичен го одби барањето на Мијалков

Кривичниот суд го одби барањето на обраната на Мијалков да биде ослободен од обвинението за предметот „Тортура“ за апсењето на Љубе Бошковски, поради тоа што бил поминат рокот 18 месеци предвиден за однесување на обвинениеја од страна СЈО.Адвокатите на обвинетиот Мијалов и шестмината припадници на алфите се повикаа на последното решение на Врховниот суд со кое судиите донесоа став дека секоја истрага и обвинение покренати по 30 јуни 2017 од СЈО се неважечки и во спротивно на рокот од 18 месеци.Но, Судот експресно го одби барањето на адвокатите и обвинетите бидејќи ваков тип на приговор требало да поднесат кога Кривичен ја оценувал основаноста на обвинението.

пред 7 години

zaev-galovej-2

Средба на премиерот Заев со британската амбасадорка Галовеј

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска се сретна со Рејчел Галовеј, амбасадорката на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.Амбасадорката Галовеј му честиташе на Премиерот Заев за потпишувањето на Протоколот за пристапување на Република Македонија во НАТО. Таа истакна дека интеграцијата на Република Македонија во НАТО е голема победа за државата бидејќи отвора перспективи за видливи економски придобивки. Обединетото Кралство планира во скоро време да ги почне процедурите за ратификација на Протоколот за членство на Република Македонија во НАТО. Исто така, таа ја охрабри земјата да продолжи со фокусот на реформскиот процес, што носи резултати за квалитетот на живот на граѓаните.Премиерот Заев соопшти дека е во тек заокружувањето на безбедносните реформи, дека до крајот на февруари се очекува во Парламентот да бидат изгласани со консензус измените на законите што се однесуваат на реформите во правосудниот систем, дека се во тек реформите за професионализација на јавната администрација, како и за избор на нови, политички независни членови на Антикорупциската комисија.„Членството на НАТО за нашата држава значи траен внатрешен мир и придонес кон мир на Балканот, како и шанса за економски развој, тоа што граѓаните со години го очекуваат. Изразен е интерес од повеќе странски инвеститори за влез во државава, по отворените атлантски перспективи. Охрабрени сме од високите претставници од ЕУ дека ако покажеме имплементација на суштинските реформи, реални се очекувањата нашата земја да добие во јуни и датум за почеток на преговорите со ЕУ. Тоа е мотивација и за институциите, да покажат резултати. И мојата определба е, како Влада, да останеме фокусирани кон овие цели. Очекувам скорешни, поголеми резултати на економски план за граѓаните“, рече премиерот Заев.На состанокот на премиерот Заев со британската амбасадорка Галовеј е разговарано дека Балканот останува во фокусот на Обединетото Кралство и дека дипломатскиот успех на Република Македонија е пример за придонес во стабилноста и безбедноста, во регионот и во пошироки рамки.При тоа, изразена е заедничка согласност дека постојат големи отворени можности за продлабочување на соработката со Обединетото Кралство и во делот на трговијата и економијата.

Скопје | пред 7 години

nbrm-narodna-banka

Гувернерката на НБРМ: ЕБОР може да придонесе во консолидацијата на банкарскиот сектор

Вчера беше остварена работна средба на гувернерката и вицегувернерите на Народната банка на Република Македонија (НБРМ) со делегацијата на Одборот на директори на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), која е во неколкудневна посета на земјава. Делегацијата е предводена од директорот на ЕБОР за Холандија, Кина, Монголија, Македонија и за Ерменија, Франс Викерс и од директорката на ЕБОР за Полска, Бугарија и за Албанија, Виолета Барвицка-Лофтхаус.На средбата, акцентот беше ставен на дел од приоритетите кои ќе треба да бидат инкорпорирани во стратегијата на ЕБОР за Република Македонија за претстојниот четиригодишен период. Притоа, како што веќе беше најавено и во разговорот со раководството на НБРМ, фокусот на делегацијата на ЕБОР беше насочен на утврдувањето на клучните области каде што може да се ангажира оваа меѓународна развојна банка во земјава во текот на следните неколку години за да се интензивира деловниот и политичкиот дијалог.Раководството на НБРМ ги презентира согледувањата и оцените за македонската економија во целина, како и согледувањата и оцените за македонскиот банкарски систем и неговата стабилност. Исто така, одделно внимание им беше посветено и на идеите и можностите за натамошната соработка меѓу двете институции.„Македонската економија закрепнува, а банкарскиот систем во земјава е стабилен и солвентен. Тој е во кондиција којашто овозможува понатамошна поддршка на економијата“ – истакна гувернерката на НБРМ, д-р Анита Ангеловска-Бежоска. Пред претставниците на ЕБОР, таа посочи и на просторот за понатамошна консолидација на банкарскиот сектор, како и на потребата за развој на останатите сегменти на финансискиот систем и развој на алтернативните извори за финансирање, особено за малите и за средните претпријатија. Токму во овие сегменти се воочи простор за натамошна поголема вклученост на ЕБОР. Воедно, гувернерката Ангеловска-Бежоска се осврна и на новата концепт-стратегија на ЕБОР за Република Македонија, укажувајќи на добро дефинираните приоритети, особено во областа на инфраструктурата и финансискиот сектор, како клучни предуслови за зголемување на конкурентноста и продуктивноста на економијата.На средбата беше нагласена досегашната успешна соработка на ЕБОР со земјава и подготвеноста на оваа меѓународна финансиска институција за одржување на континуитетот во обезбедувањето поддршка за реформа на приоритетните сегменти. Меѓу другото, беше истакнато и дека постои простор за зајакнување на идната соработка и комуникација меѓу НБРМ и ЕБОР, којашто би вродила со заеднички проекти.Ваквите посети на делегација на Одборот на директори на ЕБОР се редовни и се одвиваат на секои две до четири години во секоја земја на работење. Со ваквите посети се овозможува Одборот на директори да биде запознаен со економските и со политичките движења во земјата, како и со тековните и идните проекти во рамки на соработката меѓу земјата и ЕБОР.Досега ЕБОР има вложено над 1.8 милијарди евра во 113 проекти во Република Македонија, со цел поддршка на интеграцијата на земјава во регионалните и глобалните пазари, преку инвестиции и политички дијалог и особено преку интензивирање на соработката со клучните партнери како Европската Унија и Европската инвестициона банка.

Македонија | пред 7 години

70-god-1

70 години среќен брачен живот

Душан и Костадинка Лошкоски од с. Оровник, во прекрасна атмосфера, опкружени со своите најблиски-трисина, 6 внуци и 12 правнуци, но и со волонтерите на Црвен крст Охрид, вчера ја одбележаа 70 годишницата одсвојот брак.Душан роден 1930 и Костадинка родена 1927 се запознале се запознале во септември 1948 год , а брак склучиле на 06.02.1949. Се запознале на нечија свадба каде Душан како млад девер, бил „бендисан“ од братот на Костадинка за својата сестра, па со стројници братот и таткото од Костадинка отишле кај таткото од Душан за да се договорат за свадба.[caption id="attachment_25491" align="alignnone" width="663"] dav[/caption]Последниве две години во животот на Душан и Костадинка е исполнет и со најразлични активности и дружења во Црвен крст Охрид со волонтерите-нивни врсници од Програмата на грижа за стари лица, што имадава посебен смисол и исполнетост во животот, за што изразуваат голема благодарност до Црвен крст Охрид.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Затвореник излегол на викенд, не се вратил - полицијата го пронајде

Вчера попладне, околу 20 часот, во тетовското село Боговиње, лишен од слобода е 25-годишниот Н.И. од споменатото село, кој со наредба од КПУ „Идризово“ се барал за доиздржување на затворската казна, откако претходно не се вратил од викенд.Нешто подоцна, Н. И. предаден е во КПУ „Идризово“ во Скопје.

пред 7 години

agencija-za-film

Намален буџет на Агенцијата за филм - организаторите на фестивалите бесни

Резултатите од последниот конкурс за подршка на проекти од национален интерес за 2019 на Агенцијата за филм предизвика реакции меѓу организатори на фестивали. Намалениот буџет на Агенцијата значи помалку средства за дел од фестивалите, а некои воопшто не се најдоа на листата.Според резутатите по конкурсот Фестивалот на филмската камера „ Браќа Манаки“, годинава е единствен со зголемен буџет во однос на другите фестивали. За неговото 40 -то издание во септември, на сметката на организаторот- Друштвото на филмски работници на Македонија, ќе легне сума од 9, 5 милиони денари, што е за 1, 5 милиони повеќе од лани.Фестивалот за европски филм „Синедејс“, со 17 изданија зад себе и единствен од Б-категорија во државата, годинава доби 1 милион денари помалку од ланскиот износ. За 2019 година му се одобрени 3 милиони денари, а лани добил 4.Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ реагира на целосно укинатата финансиска поддршка од Агенцијата за филм на РМ . Организаторите на фестивалот тврдат дека дури и ги надминуваат предвидените критериуми за разлика од некои други фестивали што добиле пари за 2019 година, а кои, како што се посочува во реакцијата, немаат вистинска филмска профилација.Според конкурсните резултати, финансиска поддршка во 2019 година од Агенцијата за филм добиваат 18 фестивали.

Македонија | пред 7 години

f7dk9lLaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTnpVN01EQV8vNzI4ZjQzNTUzMGM1N2JkZmE5NzM2MDYzYzFhOTJlZmUuanBnkZMCzQLkAIGhMAE

Мвр со детали за пожарот во Драчево

На 07.02.2019 година во 02.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Коперниква“ во населба Драчево, настанал пожар во барака, во која под наем престојувал Х.Д.(32) од Скопје. Делумно била опожарена и соседната барака, сопственост на В.Д.(48). Пожарот бил изгаснат од екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Увид ќе се врши во текот на денот.

Скопје | пред 7 години

svr-ohrid

Државјанин на Албанија, во Охрид приведен поради прекршок - се увидело дека нема документи

На 06.02.2019 година во 21.00 часот во Полициската станица Охрид, поради сторен прекршок по член 4 и 6 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, бил приведен А.Х. (44) од Република Албанија. Тој не поседувал документи за утврдување идентитет и бил задржан во полициската станица за понатамошна постапка.

Македонија | пред 7 години

gordana-siljanovska

(ВИДЕО) Силјановска Давкова: Она што ме водеше да поднесам кандидатура е глас на разумот, глас на правото, правдата и моралот

Прва видео изјава на проф. Гордана Силјановска Давкова откако ВМРО ДПМНЕ ги објави имињата на лицата кои поднеле кандидатура до партијата. Силјановска е еден од девете кандидати за кои партијата ќе одлучува на конвенција во Струга на 16 февруари.„По долго размислување решив да ја прфатам иницијативата на моите почитувани колеги, за натпартиски кандидат на следните претседателски избори. Токму поради тоа ја барам поддршката од сите граѓани на Р Македонија од ковенцијта на ВМРО ДПМНЕ, како и од други политички субјекти. Она што ме водеше во одлуката беше свеста за насушната потреба во Р Македонија од глас на разумот, глас на правото, правдата и моралот, глс на вистинските европски вредости“, рече во видео обраќањето Силјановска Давкова .Новиот претседател на УМС, Јован Јаулески, е првиот од ВМРО-ДПМНЕ кој само неколку часа по објавата на имињата кои се пријавиле на огласот за претседателски кандидат на оваа партија, даде јавна поддршка за професорката Гордана Силјановска Давкова.Тој на Фејсбук напиша:„Како Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ давам лична и отворена поддршка за кандидатурата на професорката Гордана Силјаноска Давкова на претстојната Конвенција за избор на претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ во Струга. Професорката Силјаноска која имав и чест лично да ја запознаам и да учам од неа, како нејзин студент по Уставно право е голем педагог, чесен и одговорен човек кон секоја работа која ја работи. Професорката е синоним за одбрана на Уставот и уставниот поредок. Како човек кој потекнувам од Струга, многу убаво се сеќавам кога професорката застана во одбрана на уставноста и се изјасни против Законот за територијална поделба, кој и нанесе големи штети на државата, професорката застана на браникот на уставноста и при гласањето на законот за двојазичност, против кој изразито се спротивстави и на чија неуставност укажа. Професорката е безкомпромисна кога се работи за правото ова го докажа и при застанувањето против договорот од Преспа со кој се менува уставното име на државата. Јас сум цврсто уверен, дека професорката Силјаноска со своето огромно академско и животно искуство ќе биде вистински Претседател на државата, која ќе ги брани Уставот и законите и секогаш ќе се води првенствено од интересот на граѓаните“, напиша Јаулески.

Македонија | пред 7 години

ivanov

Претседателот Иванов: 10-тата Школа за млади лидери ќе биде со фокус на дигиталната индустриска револуција

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска во Истанбул, се обрати на свеченото отворање на 22. Евроазиски економски самит, што се одржува во организација на фондацијата Мармара.Во своето поздравно обраќање на самитот што се одржува под мотото „22 години проект за мир и дијалог", претседателот Иванов изрази задоволство што темите на овој форум повеќе се фокусираат на иднината отколку на минатото, констатирајќи дека сега е вистинското време да се зборува за развојот на технологијата.„Во третиот милениум, ние сакаме да бидеме дел од новите проекти за развој на човечкиот капитал. Но, прашањето што денес се наметнува е дали ќе бидеме активни учесници или само пасивни набљудувачи на овие неминовни процеси", рече македонскиот претседател.Во контекст на предизвиците и можностите што ги нуди технологијата, македонскиот претседател се осврна на неговиот проект „Школа за млади лидери", што годинава ќе се одржи по 10-ти пат од 11 до 24 февруари во Струга, а во чијшто фокус ќе бидат предавања од областите на четвртата дигитална индустриска револуција.[caption id="attachment_25475" align="alignnone" width="802"]  [/caption]„Школата е базирана на идејата и на визијата да им се овозможи на младите талентирани и амбициозни луѓе да ги подобрат нивните вештини и да ја развијат својата креативност и менаџерски капацитети. За изминатите девет генерации, 360 млади луѓе со различен академски и професионален фокус од Македонија и од странство имаа можност да ги слушнат предавањата и искуствата на повеќе од 200 реномирани предавачи", рече претседателот Иванов, додавајќи дека Школата беше наградена како најдобар општествено одговорен проект во Европа за 2017 година на Светскиот форум за бизнис-ангели.Организатор на Евроазискиот економски форум е Фондацијата „Мармара", чијашто цел е унапредување на односите меѓу ЕУ и земјите од централна Азија и Блискиот Исток. Фондацијата е активно вклучена во јакнење на културата на дијалог, економската соработка и подобрување на регионалната соработка за поуспешно искористување на можностите што ги создава процесот на глобализација.

Македонија | пред 7 години

sv-naum-granica

На ГП Св. Наум пронајдени две вреќи со марихуана

МВР денеска соопшти дека на 04.02.2019 година во 14.30 часот во близина на Граничен премин „Свети Наум“, при преглед на терен на место викано „Колиби“, полициски службеници пронашле две вреќи во кои имало марихуана.Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид, а марихуаната била предадена на вештачење. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Силјановска смета дека натпартиски кандидат, а се вози со функционери на ВМРО-ДПМНЕ

Десет лица се пријавија на конкурсот од ВМРО-ДПМНЕ, кој партијата го расипша за да најде идеален кандидат за претседател. Еден од кандидатите е професорката Гордана Силјановска Давкова која предава на Правниот факултет во Скопје, а истовремено е член на Институтот за правни и политички науки, катедра за уставно право и политички систем.Таа во својата прва видео изјава по објавувањето на имињата на кандидатите рече:„По долго размислување решив да ја прфатам иницијативата на моите почитувани колеги, за натпартиски кандидат на следните претседателски избори. Токму поради тоа ја барам поддршката од сите граѓани на Р Македонија од ковенцијта на ВМРО ДПМНЕ, како и од други политички субјекти. Она што ме водеше во одлуката беше свеста за насушната потреба во Р Македонија од глас на разумот, глас на правото, правдата и моралот, глс на вистинските европски вредости“, рече во видео обраќањето Силјановска Давкова .Од 6 до 16 февруари кандидатите ќе ги претстават своите програми, најпрво по општинските комитети за финално да ја претстават својата програма и пред делегатите на конгресот на ВМРО ДПМНЕ на 16 февруари во Струга.Потпрестедателот на ВМРО ДПМНЕ, Владо Мисајловски рече дека сите кандидати имаат и ќе имаат исти третман се до одбирањето на финалниот кандидат.Но, дали е така?Силјановска се шета по општински комитетиИмено веднаш по објавувањето на имињата на кандидатите, професорката Силаноска ја видовме дека посетила неколку општински комитети, но и истакнати партиски членови од ВМРО ДПМНЕ не се кријат, туку јавно ја истакнуваат подршката дека и ја даваат токму неа. Од друга страна, вчера во ОК Ѓорче Петров наместо со такси, пристигна со експретседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Неловски.Но, повторно има „но“.... Силјановска рече: „Решив да ја прифатам иницијативата на моите почитувани колеги, за натпартиски кандидат на следните претседателски избори“... на каков натпартиски кандидат мисли кога ја одбра опозициската ВМРО ДПМНЕ како партија која треба да застане зад неа.Но, дали е ВМРО ДПМНЕ или СДСМ, зарем е важно, кога натпартиски во секој случај значи независен кандат, кога веќе избираш страна, неможе да биде натпартиски кандидат. Можеби пак Силјановска се одлучи на овој чекор затоа што нетпартиски кандидати тешко успеваат да ги соберат потребните 10.000 потписи на граѓани за да влезат во трка за прв човек на државата.Можеби малкумина денес знаат дека Силјановска беше и министер без ресор од 1992 до 1994 година во првата влада која како премиер ја предводеше Бранко Црвенковски. Година претходно била и член на Уставната комисија на Собранието на Република Македонија во 1991 година која презеде значајни чекори во независноста на земјата. Докторирала со почести во 1993 година на Универзитетот во Љубљана. Основач е и на првиот Совет на европско движење во Македонија. Во периодот од 2012 до 2016 беше и член на Веницијанската комисија за малцински прашања.Силјановска овој период на јавноста и е добро позната како жесток критичар на двојазичноста, таа во сите свои јавни настапи цврсто застана против новиот Закон за употреба на јазиците и таа беше голем борец против Преспанскиот договор.За неа Преспанскиот договор е неприфатлив и покажува дека Македонија е земја во распаѓање која се ставила во подредена улога на Грција со дозвола да и се мешаат дрско во внатрешните прашања и вели дека „покраината Македонија во Грција веќе го прогласи Солун како главен град на Македонија“ и тоа пред странски гости (на парадата во Солун на 28 октомври н.з.) и притоа истакна дека ние ќе го изгубиме најважното – придавката „македонски“. Но, нештата се менуваат. Вчера таа рече дека како претседателски кандидат гледа од друга дистанца и агол, за разлика од гледиштето како научник и професор. Па така, Силјановска можеби само ќе го прифати договорот од Преспа, без да се противи.Од друга страна Силјановска е омилен професор кај студентите. Податоците од истражувањето на Факултети.мк спроведено на повеќе факултети во рамките на УКИМ во 2016 год покажаа дека според студентите од најстариот правен факултет во земјава п професорката Гордана Силјановска е професионална, објективна и пријателски расположена.Студентите велат дека најфасцинантно кај професорката Силјановска што на предавањата, покрај програмата што е задолжителна од учебниците, внесува и многу други теми, како историски така и актуелни. На испитите што се полагаат кај неа, посочуваат студентите, никогаш не бара точно раскажани реченици од точка до точка, туку поставува прашања со кои би можеле да ги искажеме сопствените ставови на одредена тема. Таа никогаш, истакнуваат анкетираните студенти, не ја намалува оценката само затоа што студентот размислува на различен начин од неа.Дали Силјановска ќе ја подржат делегатите на конгресот на ВМРО ДПМНЕ на 16 февруари, останува да видиме.

Македонија | пред 7 години

Cistenje-deponija-1

Се расчистува депонија во населбата Лисиче

Општина Аеродром во соработка со ЈП „Комунална хигиена“ деновиве ја расчистува депонијата во населбата Лисиче, на раскрсницата меѓу улиците „Ернест Телман“, „Тодор Чангов“ и „Богомилски Поход“.Во расчистувањето на локацијата се вклучени сезонски работници од Општина Аеродром, како и механизација на ЈП „Комунална хигиена“.Општина Аеродром во изминатиот период ги детектираше сите диви депонии на нејзината територијата и во неколку наврати спроведе активности за нивно расчистување.Комуналните инспектори вршат редовна контрола на теренот, со цел да се спречи создавање нови депонии. Општината, истовремено, ги повикува граѓаните, доколку забележат фрлање отпад на несоодветни локации да пријават на телефонскиот број 075 316 515.

Скопје | пред 7 години

pazardzii-1

Продолжуваат консултациите помеѓу институциите, пазарџиите и другите засегнати страни со цел да се изнајдат взаемно прифатливи решенија

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и министерот за економија, Крешник Бектеши вчера се сретнаа со граѓани кои работат на пазарите чиешто здружение е во процес на формирање и регистрација.На средбата премиерот Заев и министерот Бектеши ги слушнаа аргументите и барањата на граѓаните што работат на пазарите и ги потврдија заложбите на Владата на Република Македонија дека гласот на граѓаните се слуша при носењето на одлуки кои треба да бидат во интерес на граѓаните.Премиерот Заев рече дека Законот за зелени пазари се одложува за една година и беше постигната согласност дека ќе продолжат консултациите помеѓу институциите, пазарџиите и другите засегнати страни со цел да се изнајдат взаемно прифатливи решенија кои ќе бидат во интерес на пазарџиите и сите засегнати страни кои работат во оваа област, во насока на воспоставување на ред, намалување на нелојалната конкуренција и регулирање на дејноста.

Скопје | пред 7 години

zaev-nina

Премиерот Заев на средба со Нина Костовска: Да продолжиме да креираме општество еднакво за сите, во кое различноста е можност, а не пречка

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев се сретна со Нина Костовска, наша сограѓанка од Тетово, која својот живот го поминува со Даунов синдром.Во разговорот со премиерот Заев таа ја раскажа својата приказната и животен пат, како и предизвиците со кои секојдневно се соочувала, но исто така истакна дека во ниту еден момент не се откажала, ниту пак помислила на тоа.Таа ги живее и извршува сите вообичаени активности, како што тоа го прават нејзините врсници, и дипломираше на Факултетот за македонски јазик и книжевност, истовремено помагајќи во аптеката на нејзините родители.Нејзиниот животен став, Нина Костовска, како едно од заштитните лица на УНИЦЕФ, го пренесе и во кампањата „See the ability not the disability” и низ разговорот со Претседателот на Владата на РМ Заев ги потенцираше како позитивни системските промени што се остварија или што се спроведуваат во рамките на политиките за креирање општество еднакво за сите, во кое се почитуваат различностите како можност, а не како пречка, за вклучување во општествените текови.Во разговорот со премиерот Заев таа ја прифати понудата да биде времено ангажирана како библиотекар во библиотеката на Владата на РМ.

Скопје | пред 7 години

ograda-vlada-1

Започна отстранувањето на оградата од пред Влада

По најавата, владата експресно почна да ја отстранува ограда пред нејзините порти. Одлуката ја донесе Владата на последната седница, а целта на таквиот чекор, како што соопштија, е ослободување на просторот.За отстранувањето на железната ограда пред Владата нема да биде потрошен ниту еден денар од парите на граѓаните, изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски и додаде дека за отстранувањето ќе се искористат внатрешните ресурси од Владата, односно постојните капацитети на службите во рамки на Владата.„Оградата ќе биде ставена во депо, а сите понатамошно одлуки во врска со оградата и просторот околу зградата на Владата, ќе бидат донесени низ инклузивен процес во консултација со граѓаните“, изјви Бошњаковски.

Скопје | пред 7 години

Dea-Djurdjevic

Во тешка сообраќајна несреќа српска водителка остана без рака

На српската водителка Деа Џуричевиќ и ја ампутирале раката среде улица по страшна несреќа кога утрово автобус се забил во нејзиниот автомобил. Несреќата се случила во 6 часот.Во несреќата има уште двајца тешко повредени. На местото на несреќата интервенирале три екипи на брза помош. Повредените се префрлени на Воено - медицинската академија..

Свет | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања