Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Скопје1.мк

50618251_613913649064187_1042656259460825088_n

По објавата на „Скопје 1“ од ЈСП: Превозот е бесплатен, пријавете ако апаратот за наплата е вклучен

Автобускиот превоз во Скопје и денеска е бесплатен поради загадувањето на воздухот.„Одлуката, која е дел од мерките за намалување на загадувањето на воздухот и е на сила од 12 часот од неделата, 20 јануари, ќе важи сè до моментот на намалување на загадувањето, за што јавноста дополнително ќе биде известена“, соопшти ЈСП.Од таму ги повикуваат граѓаните да пријават доколку во некој од автобусите е вклучено апаратчето за наплата.„Ве молиме да пријавите (гаражен број на возило, линија) доколку забележите случај на вклучен валидатор на режим за наплата, со оглед на тоа дека и покрај системско известување до возачите за штелување на валидаторите на ‘контрола режим’, регистрирани се инцидентни ситуации на непочитување на наредбата од страна на некои возачи“, велат од ЈСП.

Скопје | пред 7 години

1.trajanov-kabinet

Демократски сојуз: За демократизација на државата треба да се промени Изборниот законик

„Во врска со најавите за можни предвремени парламентарни избори, Демократскиот сојуз, ја афирмира идејата за тоа Македонија да биде една изборна единица.Демократскиот сојуз смета дека за демократизација на државата и демонтажа на "еднопартискиот систем", треба да се направи голем исчекор, а тоа е да се промени Изборниот законик, со кој ќе се определи Македонија да биде една изборна единица.Само со една изборна единица составот на Парламентот ќе биде реален одраз на волјата на граѓаните и ќе се зголеми одговорноста на извршната власт, како и влијанието на граѓаните при носењето на битни одлуки за перспективите на државата.Постојниот изборен модел со шест изборни единици, промените за финансирање на политичките партии, медиумската презентација, редоследот на партиите на гласачките ливчиња, составот на избирачките одбори, Државната изборна комисија и сл., ги форсира двете партии, ВМРО -Д0МНЕ и СДСМ, овозможувајќи им 28 години да бидат на власт, без било какви шанси и можности да дојде трета партија на власт.Демократскиот сојуз смета дека треба прво да се направат измени во Изборниот законик и да се обезбедат исти предуслови за фер политички натпревар, па после тоа да се организираат парламентарни избори.Демократскиот сојуз ги повикува сите помали партии заедно да се ангажираме и се избориме за фер услови за политички натпревар“, се вели во соопштениет на Демократски сојуз.

Македонија | пред 7 години

50280495_545016145966366_1008424579837722624_n

Активистите лути на Шилегов поради Вардариште, ќе спроведуваат акција

Активисти на здруженијата за заштита на животни, вчера од Вардариште ја зеле оваа кучка, која пред еден месец била донесена од заловувачите на кучиња, со малечки, но сите умреле во стационарот.Волонтерите со сопствени средства и пари од донации, ја однеле на ветеринар и сега се борат за нејзиниот живот.Лути се на градоначалникот Петре Шилегов, кој, велат, буквално ништо не направил за Вардариште и покрај многубројните ветувања.Прашуваат, што се случува во Вардариште со донациите,  храна, покривки, вакцини и други потребни средства за згрижување на кучињата, бидејќи од таму или ги вадат како живи скелети или не излегуваат живи.Секоја сабота, активисти одат во скопскиот стационар за бездомни кучиња, Вардариште, каде носат храна и кебиња.Но, потребни им се волонтери кои ќе им се придружат во акциите.„Секој кој сака да помогне на било каков начин дали со храна, лекови или ќебиња пишете ни. Ве очекуваме! Тие не имаат само нас, да не ги изневериме“, стои во повикот за акција од иницијативата за згрижување на бездомни кучиња „Daisy Family Rescue“.Тие изминатиов период ги посетуваат кучињата во стационарот и споделуваат фотографии од нив, со цел да ги мотивираат граѓаните да вдомуваат.

Скопје | пред 7 години

marihuana-novo

Велешанец под истрага поради продажба на дрога

Основното јавно обвинителство во Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно 48-годишно лице од село Стојаково поради постоење основано сомневање дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.При претрес во домот на осомничениот на 30.10.2018 година било утврдено дека тој кај себе неовластено заради продажба држел околу шест килограми наркотична дрога – марихуана, спакувана во 12 полиетиленски пакувања со различна нето маса. Пакувањата биле пронајдени  во бела јутена вреќа во плакарот во една од собите. Претресот бил извршен од страна на овластени службени лица од Полициска станица Гевгелија, по Наредба на судија на претходна постапка од Основен суд Гевгелија.Ценејќи го фактот дека се исполнети законските основи, а имајќи ја предвид и висината на запретената казна за предметното кривично дело, фактот дека осомничениот повеќепати е осудуван за ист вид на кривични дела, како и можноста тој да влијае врз сведоци, Основното јавно обвинителство Велес до судијата на претходна постапка од Основен суд Велес поднесе и Предлог за определување притвор за осомничениот. Предлогот е прифатен  и на осомничениот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.

Македонија | пред 7 години

Kamcev-Mijalkov

Ја почитуваат ли Мијалков и Камчев мерката куќен притвор?

Додека се шири листата на бегалци по кои е распишана меѓународна потерница, полицијата редовно ги проверува поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков и бизнисменот Орце Камчев, кои се во куќен притвор, осомничени во последниот случај на Специјалното јавно обвинителство, „Империја“. Досега полицајците што отишле во нивните домови, на адресата каде што го издржуваат куќниот притвор, утврдиле дека двајцата ја почитуваат мерката и не излегуваат од дома. Специјалното јавно обвинителство редовно добива известувања од Министерството за внатрешни работи за спроведувањето на мерката и досега сите осомничени, кои околу новогодишните празници беа пуштени дома, се придржуваат на правилата.Од Специјалното јавно обвинителство велат дека интензивно работат на истрагата за овој случај за кој остануваат нешто повеќе од три месеци да се поднесе обвинение. Со оглед на тоа дека за кривичните дела за кои се товарат осомничените е предвидена затворска казна од најмалку пет години, притворот може да трае шест месеци и во тој период СЈО треба да собере докази и да го поднесе обвинението. Случајот „Империја“ беше отворен во периодот кога поранешниот премиер Никола Груевски требаше да биде спроведен во затвор. Додека новинарите го чекаа него пред Шутка, во притвор заврши најбогатиот Македонец, Орце Камчев и четворица други негови соработници - Ненад Јосифовиќ, директор на Стопанска банка, Цветан Панделески, сопственик на „Пелистерка“, сопственикот на компанијата „Ексико“, Тодор Мирчевски и сметководителката на фирмите на Камчев, Зорица Арсовска. Сите се осомничени за сторени кривични дела злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело во периодот од 2002 година до 2013 година.Повеќе на Независен.мк

Македонија | пред 7 години

Maja-Moracanin-DOM-10-bg111

Претседателка на ДОМ: Не е време за предвремени избори

Маја Морачанин е пратеничка во македонскиот парламент, а минатата година дојде на чело на ДОМ, единствената зелена партија во нашата земја. Спроти претседателските избори, Морачанин во интервју за „Независен весник“ порачува дека новиот претседател треба да биде личност што ќе ги обединува граѓаните, како и дека Македонија заслужува да добие и жена на оваа позиција. Како припадник на зелените, таа е убедена дека иднината на планетата и човештвото е во зелените политики. Македонија мора многу повеќе да вложува во заштитата на животната средина и борбата со климатските промени.Г-ѓа Морачанин, каков е ставот на ДОМ за консензуалниот кандидат и како ќе настапите околу претседателските избори? Сметате ли дека е добро да има и парламентарни?- Во тек е внатрепартиска дебата околу настапот на ДОМ на претседателските избори, по која органите на партијата ќе ја донесат конечната одлука. Досега не сме имале разговори со коалицискиот партнер и очекуваме наскоро да ни биде презентирана идејата за консензуален кандидат. Она што е клучно за ДОМ, е личниот и професионалниот интегритет на кандидатот или кандидатката за претседател. Тоа треба да биде личност што ќе ги обединува граѓаните и што ќе работи во интерес на сите граѓани, посветен на соработка со останатите држави и на евроатлантските интеграции на земјата. Исто така, за нас како зелена партија се многу важни ставот, посветеноста и разбирањето на заштитата на животната средина и борбата со климатските промени.Во однос на предвремените парламентарни избори, сметам дека не е момент за тоа. Јуни ќе дојде набрзо и очекуваме да добиеме дефинитивен датум за почеток на преговори со ЕУ. За тоа е потребно да се реализираат реформите и мислам дека тоа треба да биде фокусот на Владата и Собранието.Повеќе прочитајте на Независен.мк

Македонија | пред 7 години

prasanja-zaev-angusev

Заев ги тестира Пендаровски, Димитров, Шекеринска и Спасовски

Оваа недела ќе имаме сериозни разговори, и во рамки на нашата партија и во рамки на владејачката коалиција околу тоа дали ќе одиме и на предвремени парламентарни избори, односно кој ќе биде нашиот кандидат за претседател на државата, порача вчера вицепремиерката и потпретседателка на СДСМ, Радмила Шекеринска. Таа вели дека, како човек кој има позиција и на „Бихаќска“ и на „Илинденска“, сака прво да ги соопшти своите ставови во партијата, а потоа и во медиумите, одговарајќи на прашањето дали е за вонредни избори и дали е заинтересирана да го наследи Ѓорѓе Иванов.„Сега целиот фокус е на она што го најавивме на почетокот на нашиот мандат, следните неколку недели да го реализираме тоа што го најавуваме и со тоа верувам дека на вистински начин ќе заслужиме поддршка на кои било избори. Не да зборуваме за следното, туку да го испорачаме тоа што сме го кажувале и вчера, и завчера, и изминатата година“, додава Шекеринска.„Скопското крило“ е за предвремени избориПремиерот Зоран Заев, по завршувањето на зимскиот одмор, од вчера ги презел работите во свои раце и почнал да ги координира активностите за следниот период. Извори од партијата брифираат дека внатре постои расположение да се удоволи барањето на опозицијата и да се распишат предвремени парламентарни избори, но оти најголем проблем биле заканите од меѓународните партнери дека во тој случај пропаѓа секоја шанса земјава да се фокусира на потребните реформи и да добие позитивна оценка во јуни за старт на преговорите за членство во Европската Унија. Несогласувањата со ДУИ кои, барем на хартија, цврсто ги бранеле позициите на Брисел и на Вашингтон, се проценува дека би се разрешиле и би се нашол заеднички јазик.Како поддржувачи на идејата да се стави на тест довербата на граѓаните кон владата и кон СДСМ, се споменуваат имињата на вицепремиерката Шекеринска, како и на министрите Рената Треневска-Дескоска и Дамјан Манчевски. Министерката за правда веќе јавно се изјасни дека треба да се оди на вонредни избори и оти тоа им го соопштила на сопартијците. Против „скопското крило“, наводно, ништо против нема ниту Заев, но тој сакал најпрво да се „договори“ со партнерите од ЕУ и од НАТО.Повеќе на Независен.мк

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Од денес поскапи цени за горива

Од денеска по полноќ поскапеа малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се зголемуваат за 2,5 денари, а ЕУРОДИЗЕЛ за 3,5 денари.Со тоа, литар ЕУРОСУПЕР-95 ќе чини 61,00 денар, ЕУРОСУПЕР-98 ќе чини 63,00 денари, а ЕУРОДИЗЕЛ  58,50 денари.

Македонија | пред 7 години

cipras

„Вистината за преспанскиот договор“

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, објави видеопорака до граѓаните во Грција, во која истакнува дека дошло време да се изнесат фактите за преспанскиот договор и да се дознае вистината.„Со преспанскиот договор ја штитиме нашата Македонија. Го надминуваме стравот и го отвораме патот кон мирот и економскиот раст“, вели Ципрас во видеообраќање со наслов „Вистината за преспанскиот договор“.Овој договор, нагласува Ципрас, е камен-темелник за балканското регионално пријателство, соработка и братството на народите, пренесе грчката новинска агенција АНА.„Нашите соседи го разликуваат својот идентитет, признаваат дека нивниот јазик е словенски и дека нивната култура на ниту еден начин не е поврзана со древното грчко наследство. Преку преспанскиот договор го признаваме државјанството, а не етничките групи. Нема да има иредентистички алузии во нивните учебници. Тие ги менуваат имињата на спомениците, инфстраструктурата и јавниот простор“, рече Ципрас.

Свет | пред 7 години

zagaden-vozduh

Загадениот воздух го зголемува ризикот од мозочен удар

Загадениот воздух го зголемува ризикот од мозочен удар. Потврдено е дека предизвикува промени во мозокот, проблеми во учењето и паметењето, дури и депресија. Им штети на бремените жени и фетусите. Го зголемува ризикот од срцев удар.Како да се заштитиме од загаден воздух?Веќе и умерено загадување на воздухот може ризикот од мозочен удар да го зголеми за третина. Американски научници од Браун Универзитетот ги проучувале медицинските податоци за 1.705 жени со просечно доба од 71 година и собраните резултати ги споредувале со информациите за степенот на загадување на воздухот.Во просек, ризикот за исхемиски мозочен удар бил 34% поголем во деновите кога е забележано умерено ниво на загаденост, отколку во деновите кога нивото било ниско.Истражувачите додаваат дека најизразено било влијанието од загадување предизвикано од сообраќајот.Студија на научници од Харвард покажала дека загадувањето на воздухот е можно да се поврзе со когнитивните способности кај лицата од постаро животно доба.Француски истражувачи предупредија дека дури и куса изложеност на загаден воздух може да го зголеми ризикот од срцев удар.Негативното влијание врз здравјето се проучува подолго време, а е утврдено:Тоа може да ја намали ефикасноста на инхалаторите што се користат за третирање на астма; долгорочна изложеност може да доведе до промени на мозокот и со самото тоа да резултира со потешкотии во учењето и паметењето. Освен што му штети на срцето и белите дробови, загадениот воздух е поврзан и со дијабетесот.Француските стручњаци од Универзитетот во Париз анализирале податоци од 34 студии за поврзаноста помеѓу краткорочната изложеност на загаден воздух (до седум дена) и последиците по здравјето. Попишаните загадувачи биле озонот, јаглеродниот моноксид, азотниот диоксид, слуфурниот диоксид и честичките, а сите освен озонот се поврзани со благо зголемен ризик од срцев удар.Овој додатен ризик е благ во однос на „класичните“ фактори на ризик за срцев удар-висок крвен притисок, пушење или шеќерна болест, но стручњаците нагласуваат дека е сеедно битен оти многу лица се изложени на загаден воздух.Која е причината за таквите резултати? Стручњаците понудија неколку објасненија:На пример, претходни студии покажале дека изложеноста на загаден воздух ги зголемува воспаленијата во нашиот организам кои се поврзано со ризикот од срцев удар. Исто така, изложеноста на загаден воздух може да го зголеми бројот на отчукувања на срцето и крвта да ја направи понаклонета на згрутчувања.Студијата е објавена во списанието Journal of the American Medical Association.Едно истражување на Универзитетот Охајо, пак, покажа дека долгорочното изложување на глувци на загаден воздух може да предизвика физички промени во мозокот, проблеми во учењето и паметењето, па дури и депресија. Глувците биле изложени или на филтриран или на загаден воздух 6 часа на ден, 5 пати неделно во период од 10 месеци, што претставува половина од животниот век на глушецот. Загадениот воздух се состоел од честички на материи кои се како оние што ги создаваат автомобилите, фабриките или прашината од околината. Честичките се ситни, со околу 1/30 од дебелината на просечно човечко влакно и можат да допрат длабоко во белите дробови или други органи во телото. Концентраицјата на честичките на кои биле изложени глувците е еквивалентна на онаа на која луѓето можат да бидат изложени во некои загадени урбани средини.По 10 месеци истражувачите спровеле бројни тестови со кои го испитувале однесувањето на животните. Во тестовите на учење и паметење глувците биле сместени во средина на осветлена кутија и имале две минути за да пронајдат излез кој води до темна кутија каде што се чувствуваат полагодно. Имале 5 дена време да откријат каде се наоѓа излезот. На глувците кои вдишувале загаден воздух им требало подолго време, а во дополнителни тестови исто така им требало повеќе време за да се присетат каде се наоѓа излезот.Во друг експеримент глувците изложени на загаден воздух биле подепресивни во однос на глувците кои вдишувале филтриран. Глувците кои вдишувале загаден воздух покажале повисоко ниво на анксиозно однесување во еден тест, додека во друг не.За да ги пронајдат одговорите како загадувањето на воздухот доведува до такви промени во учењето, паметењето и расположението, истражувачите го тестирале хипокампусот на глувчешкиот мозок. Резултатите покажале јазни физички разлики во него кај оние што биле изложени на загаден воздух во однос на оние кои не биле изложени.Во други студии е откриено дека хроничното изложување на загаден воздух води до распространување на воспалителни процеси во телото, што се поврзува со здравствените проблеми кои ја вклучуваат и депресијата. Таквите воспаленија се очигледни во хипокампусот. Хемиските преносници кои ги предизвикуваат (провоспалителните цитокинини) биле повеќе активни во хипокампусот на глувците кои вдишувале загаден воздух, одошто кај глувците кои вдишувале филтриран.Проблемот со бремените жени:Оплодената јајна станица и фетусот можат понекогаш да реагираат на отровите кои видливо негативно немаат влијание врз возрасните лица. Во раната бременост станиците на фетусот се посебно чувствителни поради брзото намножување и диференцијација во специфични органи и органски системи. Бројни научни истражувања сугерираат дека загадувањето на околината може на многу начини негативно да дејствува врз фетусот.Германски научници од Универзитетот во Хамбург утврдиле дека жените кои живеат во подрачја со високо ниво на загаденост просечно двојно почесто раѓаат близнаци. Зачестеноста на раѓање на близнаци била најголема кај жените кои живеат во близина на места каде што се согорува токсичен отпад. Научниците веруваат дека добиените резултати можат да се објаснат со влијанието на токсините врз нивото на женските хормони естроген и гонадотропин, кои влијаат врз процесот на формирање на јајните станици (естрогенско дејство).Научници од Центарот за детско здравје на американскиот универзитет Колумбија посматрале 60 новороденчиња во загадени квартови на Њујорк (Харлем, Вашингтон Хејтс и Саут Бронкс) и покажале дека ДНК на неродените деца може да биде оштетена дури и пред раѓањето ако нивните мајки вдишуваат загаден воздух. Во рамките на студијата се посматрани деца кои се изложувани на полицикличноароматски хипокарбонати, карциногени полутанти кои ја преминуваат плацентарната бариера, а во воздухот доаѓаат како продукти на согорување (градски сообраќај, греење, пушење…). Мајките непушачки пополнувале прашалници и носеле воздушни монитори во текот на последното тримесечје од бременоста. Се испитувала крвта од папокот на новороденчињата, со посебно внимание насочено на хромозомите кои носат ДНК.Забележани се просечно 4,7 неправилности на хромозомите на 1.000 бели крвни зрнца кај новороденчиња на мајки кои им припаѓале на групата со ниско ниво на изложеност, а 7,2 неправилности на 1.000 бели крвни зрнца кај новороденчиња од групата мајки со висока изложеност на загаден воздух.А како да се заштитиме од загадениот воздух?Тој е дефинитивно проблем пред сѐ за оние кои живеат во градовите. Главни виновници се озонот, јаглеродниот моноксид и штетните честички кои се наоѓаат во воздухот. Овие загадувачи ги надразнуваат белите дробови и дишниот систем, а можат да им ги влошат проблемите на лица со болести на дишниот систем, како што се астма, бронхитис или емфизем.Ако имате болест на срцето или белите дробови, лете би требало колку е можно повеќе да вежбате во затворен простор. Доколку морате да излезете, тоа нека биде наутро или приквечер, кога сонцето не е на својот врв и нивото на озонот е ниско.Штетните материи можат да предизвикаат воспаление на белите дробови, надразнетост на слузницата на дишните патишта. Процесот на дишење се зголемува и тоа станува потешко, а телото не прима доволно количество кислород.Јаглеродниот двооксид од тутунскиот дим и испуштените гасови од автомобилите: прекумерното количество на јаглероден двооксид може да предизвика главоболка, збунетост и зголемена телесна температура.Озонот, кој е голем дел смог, е резултат на интеракција на сонцето и хемикалии. Предизвикува отежнато дишење, лицето подлабоко и побрзо дише. Како резултат на тоа, вежбањето станува стресно и тешко.Еве неколку совети за заштита од загаден воздух:-немојте да трчате покрај пат по кој сообраќаат голем број камиони или автомобили;-надвор вежбајте исклучиво наутро или приквечер;-вежбајте во затворен простор колку е можно повеќе;-ако почувствувате каква било потешкотија во текот на дишењето, веднаш престанете со вежбање и посетете го својот доктор.

Магазин | пред 7 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Процесот на деинституционализација дава резултати, веќе нема деца во Домот за деца без родители 11 Октомври

Започнатиот процес на деинституционализација од страна на Министерството за труд и социјална политика се спроведува успешно и дава сериозни резултати, велат од СДСМ.„Во Домот за деца без родители 11 Октомври во Скопје, веќе нема сместено ниту едно дете. Од пред неколку дена тие се сместени во 4 мали групни домови и згрижувачки семејства.Претходно, пред околу четири месеци целосно беше трансформиран и домот „25 Мај“ и сите 25 деца сега живеат во 5 мали групни домови во Скопје и сите се вклучени во редовниот образовен процес.До крајот на 2018 година од Специјалниот завод „Демир Капија“ беа извадени сите деца до 18 години денес тие се сместени во мали групни домови каде што добиваат 24 часовен надзор и им е пружена сета потребна поддршка.Досега, преку проектот за деинституционализација бројот на деца сместени во институции е намален за 60 отсто.Заложбите на владата предводена од СДСМ и надлежното министерство се до 2020 до 2020 година да нема повеќе деца под 18 години кои ќе бидат сместени во институции.За таа цел процесот на деинституционализација продолжува и во следниот период“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

penzos

(ВИДЕО) Пензионер кој го насмеа целиот регион, има лек против грип

Во саботата во Загреб е снимен постар господин кој дава своја дефиниција за борба против грипот.„Не постои грип, 82 години никогаш не сум бил болен, ниту сум бил кај доктор. Срамота, пензинерите го уништија здравството. Ме боли раката, ме боли ногата, се ме боли - вежбај пи*ка ти матер“ изјави тој во анкета за N1 телевизија.Исто така тој додава дека секој ден вежба и дека никогаш не пиел апчиња во животот.

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

13 сообраќајки во Скопје во изминатото деноноќие, девет лица со телесни повреди

Девет лица се здобиле со лесни телесни повреди во четири од вкупно 13 сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во девет сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.Полицијата од сообраќај исклучила 68 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, еден возач кој управувал возило под дејство на алкохол, девет возачи пред да се стекнат со право на управување моторно возило и двајца возачи почетници.Од сообраќај биле исклучени и едно технички неисправно возило, 10 нерегистрирани, а со специјалното возило „пајак“ биле подигнати 52 возила.Санкционирани биле 59 возачи за не прописно паркирање, 11 пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин,  седум пешаци кои поминале коловоз на црвено светло, три возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, двајца возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки  премин, тројца за не носење сигурносен појас од страна на возачите за време на управување на моторни возила, како и осум за користење на мобилен телефон од страна на возачите за време на управување на моторни возила.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев замина на зимување во Германија каде смислува причини зошто не треба да излезе на избори

Десет дена Зоран Заев се крие и бега од распишување на предвремени парламентарни избори заедно со редовните претседателски, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Заев замина на луксузно зимување во Германија каде смислува причини зошто не треба да излезе на избори и да се соочи со гневот на народот за неговите антидржавни политики. Оправдувањата дека ќе биле закочени реформите се смешни и провидни.Реформи немаше две години, а уште помалку ќе има во месеците кога нема да работи Собранието и политичките субјекти ќе бидат фокусирани на кампањата. Реформи немаше ниту во здравството, образованието, економијата, екологијата или кој било ресор што немаше никакви допирни точки со капитулантските преговори за распродажба на името.Вистината зошто Заев и СДСМ бегаат од избори не се наводните реформи. СДСМ и Заев бегаат затоа што знаат дека губат. Граѓаните не го поддржуваат СДСМ и Заев.Граѓаните не ги оправдуваат антидржавните политики на СДСМ и истите ќе ги казнат. СДСМ нема легитимитет ниту за промена на уставното име, ниту за неуставниот закон за двојазичност. СДСМ нема легитимитет за ништо што прави. СДСМ треба да се охрабрат и да распишат избори за да го проверат сопствениот легитимитет и кредибилитет.Изборите се единствениот излез од оваа криза во која ја втурнаа државата.Државата е потоната во црнила. Здравството е девастирано, образованието во хаос, земјоделието на колена, а безбедноста нарушена. Република Македонија губи на секое поле. Граѓаните се понижени.Сите ветувања кои ги дадоа се испоставија како огромни лаги. Ветуваа дека ќе го решат проблемот со загадувањето, сега две години подоцна ништо од тоа што го ветуваат не реализираа.СДСМ мора да си замине. Република Македонија не смее да продолжи да тоне. Граѓаните заслужуваат подобра иднина“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Градови се задушуваат во смог, ништо од ветувањето на СДСМ за чист воздух

Во недостиг од идеи, главно ветување на кандидатите за градоначалници на СДСМ пред локалните избори беше чистиот воздух, но без никакви конкретни мерки како би дошло токму до тој почист воздух.Но, не само што нема ништо од чистиот воздух кој беше ветуван, туку во најголем дел од градовите во Македонија, би можело да се каже и дека е ризично да се излегува од домовите, пишува во саботата порталот Курир.мкВо текот на вчерашниот ден најзагадени градови во Република Македонија беа Битола и Скопје, каде концентрацијата на ПМ 10 честички беше на доста високо ниво.Наместо конкретни мерки за справување со загадувањето, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, кој и самиот призна дека нема целосен план за справување со овој проблем, реши да удри директно по џебот на граѓаните, со најава дека ќе се поскапува паркингот во Скопје.Од градот Скопје наведоа дека сите мерки за справување со загадувањето се во фаза на предвидување и планирање.Експертската јавност коментира дека празното ветување со кое СДСМ дојде до гласови на изборите, сега им се удира од глава. Како што велат тие, СДСМ ветуваше чист воздух, но без никаков план и мерки како до тоа би дошле, што може да се види сега.Инаку освен Скопје и Битола, големо е загадувањето и во другите градови и населени места во Македонија.

Македонија | пред 7 години

94-_45244979442_o

Владата ќе ја одржи 116-та редовна седница

Денешната, 116-та редовна седница на Владата на Република Македонија, ќе биде отворена со презентација на приоритетите на Романија за време на претседателството со Советот на Европската Унија, што ќе ја одржи амбасадорот на оваа земја во Република Македонија, Стефан Горда.Седницата на Владата на РМ потоа ќе ја продолжи својата работа со повеќе точки на дневниот ред од Програмата за работа и од интерес на граѓаните, како што е донесувањето одлука во врска со Информацијата за потребата од обезбедување на финансиски средства за реализација на проектот „Изградба на железничка пруга од Крива Паланка до граница со Р. Бугарија“, што ќе ја презентира Јавното Претпријатие Македонски Железници Инфраструктура.Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, на оваа седница на Владата ќе ја претстави својата Програма за работа и Финансиски план за 2019 година, а на предлог на Агенцијата за млади и спорт, Владата ќе ја разгледа Предлог - програмата за изградба и реконструкција на спортски објекти за оваа година.На денешната седница на Владата на РМ ќе биде расправано и за Информацијата за Програмата на Економски Реформи 2019-2021 година, на  Министерството за финансии.Генералниот секретаријат на Владата на РМ ќе ја предложи на усвојување Предлог-програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 година, а на предлог на Министерство за животна средина и просторно планирање на седницата на Владата ќе се најдат Предлог-Годишната програма за заштита на природата за 2019 година, и Информацијата за поддршка на иницијативата за прогласување на планината Јабланица за заштитено подрачје.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Без струја неколку села во Скопје

Корисниците од селата Говрлево, Долно и Горно Соње, Чифлик, Св. Петка, Сопиште и Ракотинци денес од 9 до 11 часот ќе останат без електрична енергија.Во периодот од 9 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „1“ во местото викано Чупријан во село Батинци, општина Студеничани.Како што соопшти РЦУК на Град Скопје, прекините се поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа.

Скопје | пред 7 години

lazni-vesti

Разузнувач од АРМ контролирал сајтови за лажни вести, Русија не стои зад тоа

Ловецот на лажни вести кој ја откри кумановската мрежа, Мартен Схенк, во интервју со дописничката на МИА во Брисел, раскажува како успеал да ги пронајде членовите. Тој вели дека не станува збор за организиран бизнис од страна на Русија, туку дека Русите опортунистички ги користат лажните вест кои се појавуваат.„Она што Русите го прават е кампања на амплификација. Користат лажни твитер налози или лажни ФБ профили. Се случувало да користат скриншотови од вакви сајтови или наслови. Но, не мислам дека работат за Русите, пред сѐ сакаат пари да заработат, а Русите ќе видат дека некоја статија е вирална и ќе помогнат да ја шират. Опортунистички. Не е дека Русите ги создаваат сториите или дека ги насочуваат во одреден правец, туку гледаат да посеат поделба. Поттикнуваат две спротивставени страни и потоа ќе организираат протести, и слично. Русите објавуваат и статии во полза на Хилари Клинтон. Луѓето мислат дека Русите му помагаа само на Трамп, но тоа не е точно, тие само сакаа поделба да создадат“, вели Схенк.Вработени во АРМ и полициски инспектор се дел од кумановската група која последниве години лесно заработуваат од отворање на нови сајтови и пласирање на лажни вести. Тимот на белгискиот истражувач Мартен Шенк покажа дека во случајот со Куманово не се работи за вештите тинејџери од Велес кои брзо дошле до лесна заработувачка пред претседателските избори во САД. Овој случај отвора и други безбедносни прашања во македонската армија и полиција.

Македонија | пред 7 години

grcki-parlament

Грција до четврток ќе треба да даде „амин“ на договорот

Комисијата за национална одбрана и надворешни работи во грчкиот Парламент денеска во 10.30 часот по локално време ја продолжува расправата за нацрт законот според кој се ратификува и стапува во сила Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина.Претседателот на грчкиот парламент, Никос Вуцис, одлучи дека дебатата за Преспанскиот договор со кој ќе се стави крај на 27-годишниот спор околу името со Македонија ќе трае четири дена.Претседателот на грчкиот Парламент, Никос Вуцис ече дека ќе има доволно време за сите пратеници да ги изразат нивните ставови, бидејќи пленарната седница може да трае минимум 28 часа.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Внимателно возење, магла во Битола и на Стража, снег на П.Шапка, Ѓавато и Буково

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози. Поради појава на магла намалена е видливоста од 50 до 100 метри во Битола и на планинскиот премин Стража. Слаб снег провејува на П.Шапка, Ѓавато и Буково кој во моментов не се задржува на коловозот.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Облачно со повремени врнежи од дожд, на планините снег

Денес времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. Повеќе врнежи ќе има попладне, особено во западните и југоисточните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер. Температурата ќе се движи од 1 до 8 степени.Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд и температури од 2 до 5 степени.Циклонска активност со центар во јужните делови на Европа ќе услови од утре и во текот на неделава да има повремени врнежи од дожд и снег на пониските места и само снег на планините. Повремено врнежите ќе бидат пообилни, особено во јужните и западните делови каде на планините снежната покривка ќе се зголеми. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Промоција на филмот „Ти си Алеф“ со Игор Џамбазов утре во МОБ

На 22 јануари (вторник) во 20 часот во Македонска Опера и Балет,  ќе се одржи свечена промоција на играно-документарниот филм „Ти си Алеф“ , чиј автор, сценарист, режисер и продуцент е проф. д-р Соња Ризоска Јовановска.Ти си Алеф е играно - документарен филм за неуморниот патник кој тргнал по  патот на вистината, правдата, светлината и љубовта. Приказна за една неверојатна потрага по духовното обновување и средбата со највозвишеното, транцеденталното, за сите допири со вечноста сфатена како скаменета сегашност, за човекот како микрокосмос, за лавиринтот на посебната форма за да се пронајде совршениот став за смислаата на постоењето во секојдневниот живот, за да се продолжи понатаму.Улогата на Алеф ја игра Игор Џамбазов. Посебен белег на вечерта се настани што го отсликуваат патот до Алеф: концерт на доц. д-р Абаз Јахја (изведба на бендир неј) и Ајдин Јахја (изведба на неј), понатаму ликовна изложба со мото „Тајната на животот е да се падне седум пати и да се стане и осмиот пат“ на проф. д-р Живко Поповски – Цветин (сликар, хуманист), како и изложба на фотографии на тема: „Од пепелта до вистината со Алеф“.

Магазин | пред 7 години

50618251_613913649064187_1042656259460825088_n

(ФОТО) Власта најави бесплатен јавен превоз, ЈСП ги уклучи дел од апаратите

Поради големите концентрации на ПМ10 честичките во главниот град за време на викендот, беа преземени привремени мерки со цел нивно намалување.Една од мерките беше и бесплатен јавен превоз во текот на овие денови. На социјалните мрежи се појавија фотографии на кои може да се забележи дека апаратите за картички во дел од автобусите на ЈСП се вклучени и работат. Патниците се револтирани и коментираат дека е неодговорно надлежните вака да си играат со нив. Прашуваат кој ќе им ги надомести искуцаните возења. Тие велат дека во дел од автобусите работат апаратите, а во дел од нив не, па не знаат дали се уште важат мерките за бесплатен превоз."Ве известуваме дека и денес 21.01.2019 година, согласно мерките за намалување на загадувањето на воздухот, користењето на јавниот превоз ќе биде бесплатно. За прекин на важност на одлуката ќе бидете навремено известени", стои на веб страната на ЈСП.

Скопје | пред 7 години

htrrrr

Кекеновски: Крајно време е за расчистување и одговорност на судиите, обвинителите и останатите функционери

Професорот Кекеновски на својот Фејсбук профил напиша дека крајно време е за расчистување и одговорност на судиите, обвинителите и останатите функционери„Со завршувањето на ненародните измени на Уставот на РМ и со промената на името од страна на 80 послушници, како и со останатите дејствија кои ги пропуштија или одмолчеа надлежните правосудни и други институции јавно ги поставувам следниве прашања:Дали е потребно и понатаму да постои ова политизирно и недоследно СЈО кое се девалвира до крајни граници?Дали со вакво правосудство односно со вакви судии и обвинители можеме да го изодиме патот кон ЕУ?Дали со нашите одродени политичари кои повеќе мислат за својот џеб отколку за државата ќе си ја зачуваме државата“?Тој бара одговорност и најстроги казни за несовесно работење на судиите, обвинителите и одговорност на корумпираните и одродени политичари кои сеуште ја креираат политиката во Македонија.Граѓаните на РМ не заслужуваат да бидат сведоци на:Корумпирано судство и обвинителство и корумпирани политичари, недговорно судство и обвинителство и недоговорни политичари, политичко судство и судии аналфабети и Селективна правда“, пишува Кекеновски.

Македонија | пред 7 години

azmanov

МАН: Зоран Азманов веднаш да се извини за лагите, клеветите и навредите

Македонската асоцијација на новинари најостро ги осудува заканите и неоснованите лаги кои јавно Зоран Азманов во континуитет ги шири по потреба за новинари, уредници и медиуми во Македонија.„Го повикуваме Зоран Азманов веднаш да се извини за лагите клеветите и навредите кои денеска ги изрече на прес конференција.Ги повикуваме надлежните институции да се вклучат и да ги преземат сите мерки за заштита на новинарите и медиумите.Го потсетуваме Зоран Азманов дека медиумскиот сектор е строго регулиран, сите легални и регистрирани медиуми во Македонија, работат по строги европски правила и закони кои важат во Република Македонија“, се вели во реакцијата.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања