Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Скопје1.мк

Tanja-Karakamiseva

Каракамишева до Османи: Сакате во Македонија да важи нешто што не важи за ниту едно малцинство во светот

Вицепремиерот Бујар Османи изјави дека според негово мислење нема смисла Законот за јазиците да се испрати на оценка во Венецијанската комисија, додека претставник на Македонија таму е професорката Тања Каракамишева. На тоа професорката реагираше преку ствојот Фејсбук профил и му порача дека правилата на употреба на малцинските јазици во државите мора да бидат во согласност со меѓународните и европските документи за правото и опсегот на употреба на истите во државите.Му благодарам на заменик претседателот на Владата, Бујар Османи што си го покажа своето вистинско лице нарекувајќи ме "деструктивен елемент за кој ќе гледале со коалиционите партнери како да биде повлечен од Венецијанската комисија".Тој "деструктивен елемент" кој Вие сакате да го тргнете од Комисијата е професор по Уставно право и политички систем кој нема да можете да го повлечете до 2020 година додека му трае мандатот во Комисијата.Правилата на употреба на малцинските јазици во државите, г-дине Османи, не зависат од професор Каракамишева, ниту пак зависат од Вас, за целата среќа. Тие правила мора да бидат во согласност со меѓународните и европските документи за правото и опсегот на употреба на истите во државите.Тоа што Вие, г-дине Бујар сакате во Македонија да важи нешто што не важи за ниту едно малцинство во светот е проблем на Вашата партија, но не и на правната наука и експертската анализа.Како доктор по медицина, Вие Бујар очигледно немате поим за стандардите и правилата поврзани со употребата на малцинските јазици во светот.Токму затоа Вие немате никакво право да зборувате за правните правила, а уште помалку имате право да се мешате во работата на Комисијата и хипотетички да претпоставувате кој врз кого може да има влијание при донесувањето на одлуките.Г-дине Бујар, Венецијанската комисија не е вашето гранапче во Мала Речица каде што со Вашите финти и игри си ги создавате политичките добивки.Венецијанската комисија е сериозно експертско тело кое на темелен и аргументиран начин ги проценува и анализира правните акти.Вашиот коментар дека Комисијата ќе биде под влијание на моите "субјективни ставови" ја покажува вашата елементарна некултура и непознавање како функционираат институциите со кои за жал вие имате секојдневен контакт!И да, за ваквиот Ваш срамен јавен коментар ќе бидат информирани претседателот, генералниот секретар и сите членови на Венецијанската комисија за да се разуверат во Вашиот демократски капацитет“, стои во објавата на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

e4OsOsT06NZcZXZ3rqkfY83zXB5B390Kz8lmrtMI

Уништена авионската бомба што беше пронајдена кај старата железничка станица

„Согласно процената на пиротехничарите за најбезбедно уништување на неексплодираните убојни средства, авионската бомба во петокот на 18.01.2019 година беше успешно дислоцирана од местото (стар пат с. Батинци) во 14:45 часот.Истата се транспортира на воениот полигон Криволак каде денес беше извршено нејзино уништување. Авионската бомба имаше тежина од 250 кг, широчина 40 см и должина од 120 см. Дирекцијата за заштита и спасување постапи и ги презеде сите активности за уништување на неексплодираните убојни средства согласно процедурите.Пронајдените парчиња НУС низ Републиката редовно ги подигаат пиротехничарите на ДЗС и ги складираат во засебни магацински простории каде се чуваат до нивното уништување, притоа грижејќи се за безбедноста на граѓаните на Република Македонија.Доколку граѓаните забележат или пронајдат НУС, Веднаш да пријават во најблиската полициска станица како би можело местото да се обезбеди и да се отстранат неексплодираните убојни средства“, велат од ДЗС.

Македонија | пред 7 години

50301911_861105720888059_4697401750200516608_n

Пронајдена шок-бомба во вреќа со отпад

За време на извршувањето на своите секојдневни активности за собирање и транспорт на комуналниот отпад, вработените во ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје неретко се изложени на разни видови ризици и опасности.„Во текот на денешниот ден, во исфрлена вреќа со отпад на улицата Македонска преродба во скопската општина Ѓорче Петров, нашите оперативци забележале шок-бомба. Еко-патролата на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје веднаш интервенирала, при што е констатирано дека станува збор за потенцијално опасен отпад од распрскувачки материи, за што била информирана и Полицијата којашто извршила увид на местото на настанот.ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје апелира до граѓаните заедно со својот комунален отпад никогаш да не исфрлаат токсични, опасни или штетни материи, коишто можат сериозно да го загрозат здравјето на вработените во Претпријатието коишто секојдневно се во контакт со отпадот при извршувањето на своите работни задачи“, велат од ЈП „Комунална хигиена“. 

Скопје | пред 7 години

trajkovski-gruevski

Царинската управа покренува дисциплинска постапка против пријателот од Груевски?

Александар Трајковски, лицето кое го посети екс премиерот Никола Груевски во Будимпешта, инаку вработен во Царинската управа предмалку на социјалната мрежа фесбук објави дека денеска му бил доставен предлог за покренување на дисциплинска постапка.Трајковски на ФБ напиша:Денес околу 16:20 часот (работното време во Царинската управа е до 16:30 часот) до мене како вработен и официјално беше доставено она што пред неколку денови го кажав во изјава за дел од медиумите, односно предлог за покренување на дисциплинска постапка против мене како вработен во Царинската управа. Како што кажав пред неколку дена започна да се реализира една фингирана дисциплинска постапка во која се прекршуваат мноштво закони. Ме теретат дека сум постапил спротивно на Законот за Царинската управа односно дека сум извршил злоупотреба на боледување. Злоупотребата на боледување сум ја извршил бидејќи сум заминал на испитување во болница во Република Унгарија (за што поседувам медицинска документација од извршените прегледи) а не сум имал право на тоа, односно не сум имал право на второ лекарско мислење.Оваа покрената постапка значи директен атак врз правата на пациентите. Оваа постапка крши директни човекови права. И конечно оваа постапка не значи ништо друго освен политички реваншизам врз мене и како член на ВМРО-ДПМНЕ и како Советник во Советот на Општина Гази Баба од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.Како граѓанин на Република Македонија ми се кршат основните човекови права и слободи, ми се крши уставно загарантираното право на здравствена заштита како и можноста да се грижам за сопственото здравје онака како што јас мислам дека е потребно. И како граѓанин ќе поднесам соодветни поднесоци до надлежни институции и организации за заштита на човековите права.Како Советник избран од граѓаните на Општина Гази Баба на непосредни избори ќе ги информирам меѓународните преставници и организации бидејќи ова го сметам како директен притисок врз мене и врз моето понатамошно делување и носење на одлуки, напиша Трајовски на ФБ.https://www.facebook.com/1090575180/posts/10212875090887304/Инаку Царинската управа во декември месец 2018 годотвори истрага за царинскиот службеник Александар Трајковски, кој беше фотографиран со експремиерот Никола Груевски, азилант, во Будимпешта. Од Царина го испитуваат неговото отсуство од работа во Царинската управа.Истрагата на Царинската управа е поврзана со почитувањата на правилата за ред и дисциплина на Царинската управа, Законот за работните односи (член 81) и колективниот договор.

Скопје | пред 7 години

tunte

(ФОТО) Томислав Тунтев скокна во езеро

Адетот за Водици го направи и екс пратеникот, сега директор на Агенција за цивилно воздухопловство, Томислав Тунтев. Како што објави на социјалната мрежа фејсбук, Тунтев се искапил во попладневните часови.Инаку Тунтев е охриѓанец и живее во старот дел на Охрид, во месноста Сараиште.

Македонија | пред 7 години

luka-1

На малиот Лука му треба наша помош - отстрането му е едно око, да му помогнеме да го зачува другото!

Да бидеме хумани и да му помогнеме на малиот Лука кој се бори против ретка болест- тумор на очи.Семејството ги моли за помош сите хумани граѓани да помогнат, Лука да може повторно да гледа со едното око, бидејќи за жал, другото му е отстрането со цел да се спречи ширењето на болеста.

Македонија | пред 7 години

gorcev

(ВИДЕО) Ѓорчев: Заев и СДСМ директно удрија врз пензионерите, се крати растот на пензиите

Владата на Зоран Заев и СДСМ апсолутно ги разочарува сите категории на граѓани, ги разочарува младите, ги разочарува старите, ги разочарува и вработените и невработените, истакна на денешната прес конференција за медиуми на Владимир Ѓорчев, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.Во продолжение интегралниот текст од прес конференцијата.Откако ги покачија даноците и давачките кон државата, донесоа закон за зелени пазари кои што ќе ги остави поголем дел од пазарџиите без извор на егзистенција, сега СДСМ удри повторно и по пензионерите.Секогаш кога СДСМ е на власт удира по пензионерите. После законските измени со кои што им забрани на пензионерите да работат на пазарите и да заработуваат дополнителни приходи, сега со измените во Законот за пензиско и инвалидско осигурување, СДСМ повторно го намалува покачувањето кое што е законско покачување на пензиите.ПочитуваниСДСМ и Зоран Заев повторно удираат по една од најранливите категории на граѓани. Пензионерите годинава со измените во Законот за пензиско и инвалидско осигурување, ќе земаат помала пензија отколку што ќе земаа со претходното законско решение кое што го донесе ВМРО-ДПМНЕ.Пензиите повеќе нема да растат како последица или како следствено на просечно исплатената плата за сите вработени во Република Македонија во висина од 50%. Тоа сега се укинува и се анулира.Уште еднаш пензиите со оваа влада на СДСМ и Зоран Заев повеќе нема да растат како резултат на порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во Република Македонија. Значи се анулира и се крати зголемувањето кое што требаше да го имаат пензионерите а кое што беше законско решение на ВМРО-ДПМНЕ. Сега СДСМ тоа го укинува.Удираат по младите, удираат по пензионерите, со поголемите даноци удираат по сите, по вработените, удираат и по невработените, удираат со зголемената цена на дизелот по земјоделците, нема категорија која што не е засегната.СДСМ повторно ја казнува онаа генерација на граѓани кои што останаа без работа за време на криминалната транзиција на СДСМ. Истите транзициони политичари, истата структура, истата гарнитура која што ги остави без нивните фабрики, без нивните работни места, сега ги остава со помали и помали пензии.Почитувани,Пензионерите заслужуваат поголемо внимание. Пензионерите заслужуваат зголемување на нивните пензии, како што младите заслужуваат шанса, повеќе вработувања, повеќе фабрики и повеќе инвестиции.Никој во Македонија не ја заслужува оваа најнеспособна гарнитура во историјата на Република Македонија.Уште еднаш бараме СДСМ да води грижа за пензионерите, бараме да останат истите законски решенија кои што важеа за пензионерите со ВМРО-ДПМНЕ, да си растат пензиите како што си растеа претходно затоа што сега на пензионерите им се анулираат и им се кратат законските зголемувања на пензиите кои што требаа да им се случуваат секоја година.

Македонија | пред 7 години

49914655_230917804508441_932845288710733824_n

Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ протуркаа четири членови на Оперативно-техничката агенција

Денес на Комисијата за изборите и именувањата каде се избираа членови на Советот за граѓански надзор на Оперативно-техничката агенција, владеачкото мнозинство предводено од СДСМ и ДУИ протурка четири членови од предвидените седум кои што треба да вршат надзор врз оваа агенција, велат од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.„Имено, на огласот за пријавување за членови имасе 8 кандидати од кои тројца беа со непотполна документација и со самото тоа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ како што е и логично бараа огласот да се поништи и да се распише нов.Иако на предходната седница сите пратенички групи, освен СДСМ беа согласни со овој предлог денес од страна на координаторот на ДУИ дојде предлог да се изврши парцијало гласање односно да бидат избрани само четири члена од предвидените седум.Намерата на СДСМ и ДУИ беше јасна со оглед на тоа дека предложените кандидати се добро познати на јавноста како учесници во шарената револуција и таканаречени експерти кои работат за интересите на СДСМ.Сакаме да дадеме до знаење на јавноста дека со изборот на овие четири членови на Советот, тој уште непочнат со работа го сметаме како крајно партиски, а не граѓански како што впрочем треба да биде.Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои се членови на Комисијата за изборите и именувањата гласаа против овој штетен избор на членови и сакаме да дадеме до знаење дека владеачкото мнозинство го партизираше и овој Совет кој што треба да извршува една сериозна функција како што е надзор врз ОТА“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

majkrosoft-2

(ВИДЕО) Премерот Заев оствари средба со генералната менаџерка на Мајкрософт за 24 земји, Анке ден Ауден

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски и претседателот на Националниот совет за ИКТ во Владата на Република Македонија, Владимир Цветковиќ, денеска остварија средба со генералната менаџерка на Мајкрософт за 24 земји од Централна и Источна Европа, Анке ден Ауден.На средбата беше заклучено дека соработката со оваа врвна и светски позната ИТ компанија ќе се продлабочува и во таа насока Мајкрософт претставува сериозен партнер на Република Македонија, особено во процесите на дигитална трансформација и обезбедување на сајбер безбедност. Беше разговарано да се работи на заедничка платформа којашто ќе опфаќа соработка на повеќе полиња, а целта што треба да се постигне е граѓаните да почувствуваат директни придобивки од дигитализацијата на одредени процеси и услуги.„Со нашето зачленување во НАТО се зголемува потребата, но и наша обврска е да работиме на зголемување на безбедноста и сигурноста на сајбер просторот. Во тој процес исклучително важна е помошта што Мајкрософт како водечка ИТ компанија во светски рамки може да и ја пружи на Република Македонија“ порача премиерот Заев.Премиерот Заев ги информираше генералната менаџерка и претставниците на компанијата Мајкрософт дека оваа година е планирано намалување на данокот од добивка за информатиката и информациони технологии од 10% на 3% и оцени дека оваа мерка заедно со нашето членство во НАТО ќе претставува доволен поттик за компании од ИТ секторот да ја препознаат Република Македонија како стабилна земја и долгорочна бизнис дестинација и да реализираат нови инвестиции во Република Македонија.Во таа насока премиерот Заев информираше и за финансиската поддршка предвидена преку Планот за економски раст за компаниите и за развој на нови иновативните проекти на младите луѓе. Целта е да се поттикне креативноста на младите луѓе да создаваат, да ги препознаат новите перспективи што се отвораат со членството на земјата во НАТО и да почувствуваат сигурност од државата и мотив да останат, живеат и работат во Република Македонија.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Димитров: Со членството во НАТО, ќе се зајакне безбедноста и стабилноста на земјата

На покана на претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност во Собранието на Република Македонија и Амбасадата на Република Словенија во Република Македонија, денеска, Министерот Димитров учествуваше на панел дискусија насловена „НАТО - повеќе од Алијанса за стабилност и безбедност“, што се одржа во Собранието на Република Македонија.Настанот беше поддржан од Министерството за одбрана и Евро-Атлантскиот совет на Македонија, кој се одржува во рамките на официјалната посета на министерот за одбрана на Република Словенија, Карл Ерјавец.Во своето излагање на панелот, министерот Димитров ја акцентираше важноста од интеграцијата на земјата во Алијансата, како наша долгорочна стратешка цел и визија на многу македонски генерации, земјата да биде дел од големото европско и евро-атлантско семејство, безбедносно сигурна, економски просперитетна и политички стабилна.Во оваа прилика МНР Димитров, истакнувајќи ги придобивките од членството на земјата во Алијансата, го пренесе своето уверување дека со нашето членство во НАТО, дополнително ќе се зајакне безбедноста и стабилноста на земјата, а ќе послужи и како позитивен пример во регионот, директно придонесувајќи за регионалната безбедност и стабилност: „ Членството во НАТО, покрај стабилност, предвидливост, сигурност, значи и семејство на вредности. Да се биде моќна држава не значи само да се има моќна армија, туку силна демократија и силни институции, кои ќе го насочуваат компасот во вистинскиот правец.”На панел дискусијата говореа и заменик претседателот на Владата и министер за одбрана, Радмила Шекеринска, претседателот на собраниската Комисија за одбрана и безбедност, Хари Локвенец, а се обратија и Министерот за одбрана на Република Словенија, Карл Ерјавец како и амбасадорот на Словенија во Република Македонија, Милан Јазбец.

Македонија | пред 7 години

50026185_2004271792959216_8820072340017643520_n-2

Османи оствари средба со Генералната Сектетарка на Советот за Регионална Соработка, Мајлинда Брегу

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, оствари средба со Генерална Секретарка на Советот за Регионална Соработка, Мајлинда Брегу која е во работна посета на земјава.Вицепремиерот Османи на својата соговорничка најнапред ѝ посака успех во извршување на новата функција како Генерална Секретарка на Советот за Регионална Соработка. „Можете да сметате на нашата целосна поддршка и подготвеноста за учество во сите иницијативи кои ни претстојат“, изјави Османи на почетокот од состанокот.На средбата беа отворени темите поврзани со регионалната соработка, особено во контекст на Повеќегодишниот план за заедничката Регионалната економска област на Западниот Балкан, како значајна платформа за поголема економска и општествена интеграција на земјите од регионот.„Денешната посета на г-ѓа Брегу се совпаѓа со финализацијата на едно од најголемите билатерални прашања на Балканот - конечната имплементација на Договорот од Преспа во Македонија и Грција. Овој успех е секако во насока и на унапредувањето на регионалната соработка, особено како поттик за позитивен пристап и отвореност за компромис при решавањето и на останатите билатерални прашања во регионот“ - истакна Османи.Во овој контекст тој додаде дека со имплементација на договорот од Преспа, но и претходно, преку историскиот Договор за добрососедство со Бугарија, Македонија во моментов ги има затворено практично сите поважни отворени прашања со соседите и претставува предводник на регионалната соработка на Балканот.За време на средбата се разговараше и за искористувањето на ИПА средствата, особено оние наменети за унапредувањето на регионалната соработка, за улогата на Советот во асистенција на земјите од Западниот Балкан, како и за имплементацијата на овие средства од страна на нашата земја.

Македонија | пред 7 години

vmro_dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Заев лажеа дека имаат стратегија, две години подоцна има еколошка катастрофа

СДСМ и Зоран Заев на своја совест ја имаат смртта на граѓани и загрозеното здравје на илјадници граѓани поради загадениот воздух, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Зоран Заев и СДСМ треба да престанат да прават политизација на ваквиот проблем, нека ги засукаат ракавите и нека испорачаат резултати во решавањето на загадувањето. Ситуацијата е преалармантна а нивните соопштенија се несериозен и трагичен обид да се одбегне одговорноста.СДСМ и Заев беа тие што лажеа дека имаат стратегија и дека ќе има алпски чист воздух, две години подоцна има еколошка катастрофа и крах. Македонија е најзагадена земја во светот.Заев наместо на 24 часовен криминал нека одвои време за изработка на системски решенија што ќе значат спас на животите на граѓаните и почист воздух“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Внимателно возење, магла на неколку патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози.Поради појава на магла намалена е видливоста од 50 до 100 метри во Битола,Прилеп.Плетвар и на патните правци крак-Маврово, крак-Стража и Страцин-Пробиштип.На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

СДСМ: Хидро Мицкоски глуми загриженост, а сноси директна одговорност за зголемување на загадувањето и поскапување на струјата

Се јави Христијан Хидро Мицкоски, човекот што сноси директна одговорност за зголемување на аерозагадувањето, поскапување на струјата и зголемување на сиромаштијата. Лицемерно денеска глуми загриженост Мицкоски за проблемот со загадувањето, после 11 годишно криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ и не преземање ништо, велат од владејачката СДСМ.„Хидро Мицкоски и неговата ВМРО-ДПМНЕ за 100 проценти ја зголемија цената на струјата, што влијаеше илјадници домаќинства да преминат на нееколошки начин на загревање. Дополнително, заради криминални интереси на ВМРО-ДПМНЕ не презедоа ништо за загаденоста на воздухот.Мицкоски молчеше 11 години за загаденоста на воздухот. Бизнисот со хидроцентрали што го доби од неговиот шеф, Никола Груевски, му беше поважен од здравјето на граѓаните.Мицкоски да не глуми загриженост. Сега сите институции се посветени на решавање на проблемот со загадувањето.После 11 години игнорирање на проблемот од страна на ВМРО-ДПМНЕ, конечно се преземаат сериозни мерки на краток, долг и среден рок кои имаат за цел да стават крај на долгогодишниот проблем.Станува збор за сложен и долгорочен проблем за кој е потребно време, но сите институции се силно посветени на негово конечно решавање“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

Capture-16

Талат Џафери на средба со министерот за одбрана на Словенија, Карл Ерјавец

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, денеска оствари средба со министерот за одбрана на Република Словенија, Карл Ерјавец кој престојува во официјална посета на Република Македонија.Претседателот Џафери се заблагодари за поддршката што Република Словенија ја дава за членството на Република Македонија во НАТО и ЕУ. Неговата посета во овој клучен момент за Република Македонија кога Амбасадата на Република Словенија станува контактна точка за НАТО, е уште една потврда за пријателството меѓу двете држави кое се негува со децении, истакна претседателот Џафери. Тој го информираше соговорникот за процесот на уставните измени и за реформските процеси во Собранието на Република Македонија во контекст на процесот на пристапување во НАТО и изрази надеж дека, најдоцна до почетокот на наредната година, земјата и официјално ќе биде триесеттата земја членка на НАТО.Министерот Ерјавец го изрази своето уверување за скорешното членство на Република Македонија во НАТО, што секако ќе придонесе за стабилноста во безбедносен аспект на државата, но и за стабилноста во економска смисла, со што ќе се овозможат поголеми перспективи за младите. Балканот сеуште не е стабилен, нагласи министерот Ерјавец, а членството на Република Македонија ќе биде позитивен сигнал во таа насока, иако потешкиот дел од работата доаѓа после членството во НАТО, кога ќе биде потребно да се преземат поголеми реформи и да се обезбеди соодветен процент од буџетот за одбраната, за што рече тој, Република Словенија стои на располагање да ги понуди сите свои ресурси и експертиза,.Соговорниците беа едногласни дека одличните билатерални односи, без отворени прашања, треба да бидат зајакнати во процесот на хармонизацијата со законодавството на ЕУ, како и во доменот на економијата, животната средина и другите области од заемен интерес, по принципот на научени лекции и добри практики во процесот на пристапување на Република Македонија за членство во Европската унија.

Македонија | пред 7 години

50026185_2004271792959216_8820072340017643520_n

(ВИДЕО) Додека лекарите кршеле лепче со паричка, пациентите чекале во ходник

За време на празникот Василица, додека пациентите чекале да бидат примени на преглед на одделението за ортопедија во болницата во Прилеп, докторите кршеле лепче со паричка, пишува Фокус.„Имаше околу 20-тина луѓе кои што чекаа преглед, а лекарите ги затвораа вратите. Не примаа луѓе ни со скршеници. На видео записот е родител на 15 годишно девојче. Ги молеше да им го извадат гипсот, бидејќи го носеше 15 дена плус од закажувањето на термин на вадење“, вели еден од пациентите.Во соопштението од директорот на прилепската болница, Драги Богојески се вели дека ова ова не е вистина и дека сите пациенти тој ден биле прегледани од доктор ортопед.видеото можете да го погледнете тука

Македонија | пред 7 години

mobilen-telefon

Стартува новиот мобилен оператор во земјава со префикс (074) - без обврзувачки договор

Денес, на 22-риот роденден, кабелскиот оператор Телекабел го најави стартот на новата услуга - мобилна телефонија.Веста ја објави на социјалните мрежи Роби Телекабел, сопственикот на познатата кабловска телевизија која ќе оперира и во мобилната телефонија преку префиксот 074.Како што пишува сопствениот, ќе се нудат пакети од 300, 500 и 1500 денари/месечно. Пакетот од 300 денари нуди 200 минути кон сите мрежи и 1 гига интернет, тој од 500 денари нуди 10 гигабајти интернет и неограничени разговори, додека пакетот од 1500 денари нуди неограничени разговори и неограничен интернет во мобилната мрежа. Цената на смс пораките ќе биде 3 денари.https://www.facebook.com/telekabel/posts/2170025859728422Продажбата на пакетите започнува на 21 јануари, информира сопственикот на познатата комуникациска компанија.Инаку на денешен ден пред 22 години, беше направен првиот кабелски приклучок. Следуваа години на постојан развој, ширење на кабелската мрежа во 13 градови, старт на првиот кабелски интернет, фиксна телефонија, оптика до секој дом.

Македонија | пред 7 години

nikola-sazdovski

Второобвинетиот за убиството на Саздо: Не сум виновен, во моментот кога застанавме пушев марихуана

Второобвинетиот Скендер Демири, во исказ пред судот на рочиштето за убиството на 20-годишниот Никола Саздовски, рече дека не е виновен и дека не знае зошто воопшто застанале со возилото, бидејќи во моментот конзумирал марихуана.– Не сум крив, ниту јас, ниту Јетон. Само Бесир има учество. Ние двајца влеговме само со намера да ги раздвоиме, изјави Демири, во исказ пред судот.Демири, во исказ пред судот, рече дека кога излегол од возилото видел како Јетон се упатува кон Бесир и Никола кои се туркале и го држел Бесир за да го оттргне. Во тој момент Никола се обидел да го удри Бесир, а како што кажа, тој влегол меѓу нив и се обидел да ги раздели.Објасни дека го потурнал Никола, на кого му се сплеткале нозете и паднал, а потоа паднал и тој самиот врз него. При падот се здобил со гребаница покрај десното око за која не знае дали му ја предизвикал Никола или самиот се повредил. Кажа дека не збележал дали Никола е во несвест зошто се уплашил од насобраните луѓе кои почнале да ги пцујат, туку само станал и почнал да бега, а пред него бегале и Јетон и Бесир.На прашање од одбраната, рече дека, најверојатно Никола лошо паднал и од тоа починал бидејќи од два три удари од Бесир не можел да почине, како и дека не се сеќава дали имало метален ормар на местото каде паднале со Никола.Демири, пред судот, кажа дека пет години консумирал марихуана, а поинтензивно во последните три, но дека не купувал бидејќи имал другари кои се занимавале со тоа и секогаш кога ќе им побарал му давале. Рече дека не е зависник од марихуана и оти консумира три цигари дневно со марихуана.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Шекеринска: Недели не делат од членството во НАТО

Македонија не очекува проблеми во процесот на пристапување кон НАТО, а според проценките на Владата, до седнувањето на заедничко столче со сојузниците не делат неколку недели.По средбата со нејзиниот словенечки колега Ерјавец во Скопје, министерката Шекеринска оптимист дека Грција ќе го исполни својот дел од договорот, по што ќе следува процедурата за прием на Македонија во НАТОПренесувајќи ја безрезевната словенечка поддршка за Македонија, Ерјавец потенцираше дека ја разбира жртвата што земјава ја дава на патот кон евроинтеграциите. Нагласи дека и Словенија пред 15 години морала да прави болни компромиси за влез во НАТО и ЕУ.Агендата на министерката Шекеринска денеска беше пополнета и со посетата на шефот на Бирото на националната гарда на САД. Генералот истакна дека со нетрпение го очекуваат моментот кога ќе ја поздрават Македонија како најнова членка на НАТО.Американскиот генерал нагласи дека највисоките воени лидери на САД се свесни и благодарни за се поголемата воена способност на Македонија, што придонесува кон стабилноста и безбедноста на Западен Балкан.

Македонија | пред 7 години

BeFunky-collage-9

Уништена големата авионска бомба која беше пронајдена во центарот на Скопје

Дирекцијата за заштита и спасување соопшти дека успешно е уништена авионската бомба од Втората светска војна која пред неколку дена беше пронајдена при ископ на градежни работи во центарот на Скопје кај старата железничка станица.Бомбата по пронаоѓањето беше транспортирана до стариот пат кон скопско Батинци, по што е пренесена на воениот полигон Криволак каде денеска било извршено нејзиното уништување.Од ДЗС целат дека авионската бомба била тешка 250 килограми, нејзината ширина изнесувала 40 сантиметри, а должината 120 сантиметри. Се работи за досега најголемата експлозивна направа откриена на скопскиот регион.„Пронајдените парчиња НУС низ Републиката редовно ги подигаат пиротехничарите на ДЗС и ги складираат во засебни магацински простории каде се чуваат до нивното уништување, притоа грижејќи се за безбедноста на граѓаните на Република Македонија“, велат од ДЗС.Апелираат доколку граѓаните забележат или пронајдат НУС, веднаш да пријават во најблиската полициска станица како би можело местото да се обезбеди и да се отстранат неексплодираните убојни средства.

Скопје | пред 7 години

clipboard01-620x350-1

Мицкоски бара вонредна состојба поради загадениот воздух

Во ситуација кога како држава се соочуваме со сериозни проблеми и порази, сменето име, идентитет, нелегално прогласена двојазичност, сиромаштија, имаме пресметка на власта со пазарџиите, но и пензии кои се кратат во однос на законски предвиденото, целата држава се соочува со уште еден значаен проблем, каде цената е здравјето на граѓаните, а тоа е проблемот со загадениот воздух.Проблемот е пресериозен и многу покомплексен од секојдневните дефокусирачки теми кои ги наметнува власта. А бледите чекори кои се превземаат се само маска да се покрие неспособноста. Последиците од несправувањето на власта со проблемот, се преполни болници, деца и повозрасни кои страдаат од респиратнорни заболувања, изгубено здравје. Загадениот воздух подразбира бавна смрт во кој се губат животи. Владата мора да дејствува. Се работи за здравјето на 2 милиони граѓани.Не сакам да се разбере ова мое обраќање како политизација на проблемот, туку напротив како вклучен аларм и краен апел институциите на власта да престанат со декларативните мерки, да започнат суштински да се справуваат со проблемот, веднаш и без одложување. Секој поминат ден без решавање на проблемот подразбира нарушено здравје и загубени животи.Нема оправдувања. Речиси две години се на власт, а ситуацијата не е подобрена. Ветуваа чист воздух, а добивме држава која е на првото, повторувам првото место по најзагаден воздух во светот. Ова подразбира дека сите мерки на институциите се неадекватни и несуштински, и преставуваат вистинско фијаско.Овој проблем не може да се реши со празни политички флоскули туку со целокупна мобилизација на стручниот и научен потенцијал на државата, како и барање помош од странски експерти и користење на нивното искуство со справување на ваков тип проблем. Одговорите и решенијата треба да ги даваат експерти, но и да се има политичка волја истите да се спроведат.Потребно е прогласување на вонредна состојба, за да се заштити здравјето на граѓаните. Владата да престане со празната демагогија и таа има обврска да го заштити здравјето на граѓаните преку спроведување на примарни и секундарни мерки предложени од научната јавност.Немојте да ја користите состојбата за политичка промоција бидејќи државата се соочува со катастрофа. За жал државата е заложник на лажните ветувања за чист воздух и неспособноста да се реши проблемот.Не ни требаат лаги какви кажуваше оваа влада дека ќе дошол животот и одеднаш воздухот ќе се прочистел. Тоа не само што не е така, туку е и доказ дека за политички поени си играат со здравјето на граѓаните. Потребно е дејствување бидејќи ситуацијата е пресериозна, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 7 години

mtv-2

Вработените во МРТВ се жалат на условите: Во рудник да не ставеа ќе беше подобро

Вработените во зградата на Македонската радио телевизија се жалат на лоши услови за работа, откако во објактот изби огромна поплава, а потоа лифтовите беа исклучени.Тие за „Скопје 1“ се жалат на лошата миризба која ја има во зградата, притоа, велат дека не е хумано да се качуваат и симнуваат од 20-ти кат, оти дел од нив имаат и здравствени проблеми. Надлежните неми на нивните укажувања, никој не презема одговорност, а очигледно нема ниту намера да ги поправи лифтовите.„Да работевме во рудник, ќе беше подобро“, искоментира вработена која екипата на „Скопје 1“ ја сретна во зградата на МРТВ.Вработените во зградата на МРТВ се жалат и поради тоа што не можат да ги одржат состаноците со нивните клиенти, поради тоа што лифтовите се дисфункционални, а тие работат на најгорните катови. Во објектот на Македонската телевизија се сместени повеќе јавни и државни претпријатија, администрација од повеќе области.Според неофицијални информации санирањето на дефектот може да потрае и повеќе од еден месец.

Скопје | пред 7 години

50840587_2091133444263452_2525936718511603712_n

ЗНМ ја осудува заканата за убиство упатена кон Ацо Кабранов

Здружението на новинарите на Македонија остро ја осудува вербалната закана за убиство упатена кон новинарите и уредникот на 1ТВ Ацо Кабранов од страна на бизнисменот Зоран Азманов.„Овие закани претставуваат брутално кршење на правата на новинарите и обид за цензура во медиумите кои се обидуваат критички да ја опсервираат  работата на бизнис заедницата. Бараме од Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство на Македонија активно да го следат овој инцидент во насока на брза разрешница. Само со строга санкција на нападите и заканите може да се спречи дополнително насилство кон новинарите.Повторно потсетуваме дека доколку граѓаните сметаат дека медиумите известуваат непрофесионално на располагање ги имаат Советот на честа при ЗНМ, како и Советот за етика во медиумите. Медиумската саморегулација е најдобриот начин да се заштитат граѓаните од евентуално непрофесионално новинарство и непринципиелна работа на медиумите“, пишува во реакцијата на знм.

Македонија | пред 7 години

sazdo_komita-678x381-36jhagx7hzqhqehk62lszk

Бесир Беља: Го удрив 2-3 пати Никола Саздовски, не сакав да го убијам

По половина година молк во судницата одекнаа изјавите и на двајцата тепачи на Никола Саздовски Саздо, кој почина на скопките клиники. Бесир Беља жали за смртта. Не сакал да убие никого, и не тргнал со таква намера. Со обвинетите Секендер Демири и Јетон Лужа тргнале на кафе, а кружејки со „мерцедесот“ поминале покрај автобуската постројка во Автокоманда. Бесир пред судот рече дека застанал, бидејќи му се причинило дека ја видел неговата братучетка. Излегол да провери, а враќајки се назад им се сретнеле погледите со Саздо.„Го загледав сега покојниот и заклучив како да сака да ми направи нешто. Му пријдов и го прашав зошто ме гледа. Ме опцу, го опцув. Започнавме расправија. Го удрив 2-3 пати, и тој ме удри еднаш во слабианта, еднаш ме промаши. Тој тргна наназад, му се сплеткаа нозете и падна. Но, бидејќи се насобраа луѓе не видов дали удри во нешто, и дали падна во безоснание“, сведочеше Беља.Беља, на налетот прашања од адвокатите, судот и  таткото на Саздо,  рече дека го познавал од социјалните мрежи, но не и лично. Најмногу сомнеж во исказот на Беља имаше татко му на Саздо.Адвокатот на оштетеното семејство го спротистави Беља со претходните сведоци, кои сведочеа дека на заминување, Беља го удрил со нога во пределот на вратот.Види повеќе на Телма ТВ.

Македонија | пред 7 години

azmanov-boki

Бизнисмен обвинува дека Боки 13 му барал рекет од 50 илјади евра, сопственикот на 1ТВ демантира

По повод најавената ТВ-емисија „Инсајдер“ што ќе се емитува на 1 ТВ, на која се споменува името на Зоран Азманов, претседател на надзорниот одбор на „Настел“ ДООЕЛ, тој вели дека против сопственикот на телевизијата, Бојан Јовановски, поднел кривична пријава за изнуда и за изнесување невистини.Азманов на средбата со новинарите објасни дека во петокот, во 13 часот и 51 минута, Бојан Јовановски во телефонски разговор му побарал 50 000 евра или стан за да „немал никакви проблеми“. Азманов го пријавил случајот во полиција.„Јас никогаш не сум бил повикан во финансиска полиција за каква било истрага, а ваму му даваат документи на Бојан Јовановски да ме рекетира. Финансиска полиција не смее да дава документи и доколку ги има треба мене да ме повика“, вели Азманов. Тој побара од институциите да испитаат кој е тој што на нелегален начин контактирал со Бојан Јовановски за да му ги даде документите. Никогаш не сум контактирал ниту еден судија, ниту обвинител, како што пишува во најавата за ‘Инсајдер’, а ако е така, би сакал да добијам име и презиме. Ниту познавам обвинители, ниту контактирам со судии, посебно не во врска со градежништвото“, вели Азманов.Сопственикот на 1 ТВ, Бојан Јовановски, во изјава за „Слободен печат“ ги отфрлил обвинувањата на Азманов дека му побарал рекет од 50 000 евра.„Каков рекет, какви 50 000 евра, немојте тоа да го земате за сериозно. Со бизнисменот зборував двапати, тој бараше да се видиме, да се договориме, јас му реков дека нема простор“, изјавил Јовановски.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања