Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Скопје1.мк

papa

Кликни за да се помолиш со папата

Папата Франциско ги повика католиците да се молат со него на интернет, претставувајќи ја аликацијата на страницата „Клик ту Преј“ (Кликни за да се помолиш). Станува збор за официјалната интернет-страница на Ватикан, Светска молитвена мрежа (Worldwide Prayer Network), соопшти Ватикан.Се работи за посебна друштвена мрежа, каде секој верник ќе може да направи свој профил. Кога ќе се избере опцијата „Да се помолиме со папата”, било на мобилната апликација или на интернет страницата, верниците ќе може да видат за што треба тој месец да се помолат со највисокиот католички поглавар.Има и опција „Да се помолиме со мрежата”, а тоа е „просторот каде што корисниците можат да ги споделат молитвите со други лица”. Целта е да се создаде платформа со којашто луѓето „ќе му се придружат на папата во мисијата на сострадание кон светот”, се вели во описот.Освен на „Клик ту Преј”, Франциско има профили и на Твитер и на Инстаграм.Од друга страна пак, папата не еднаш предупредил дека друштвените мрежи можат да доведат до намалување на реалното општење и комуникација меѓу луѓето.

Магазин | пред 7 години

micevski-1

ВМРО ДПМНЕ ќе поднесе закон за престанок на законот за трговија на зелени пазари

„Пратеничката група на ВМРО– ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ до Собранието на Република Македонија ќе поднесе Закон за престанок на важењето на Законот за трговија на зелени пазари донесен од владеачкото мнозинство. Законот за трговија зелени пазари го донесе гласачката машинерија на СДСМ во јануари 2018 година во отсуство на ВМРО - ДПМНЕ. СДСМ искористувајќи го отсуството на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ од Собранието набрзина како и сите останати закони, го донесе овој штетен закон без никаква консултација ниту со пазарџиите, ниту со експертската јавност“. Ова денеска го изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.Тој напомена дека „Ваквото брзоплето и несериозно носење на Закон за трговија на зелени пазари денес во пресрет на изборен процес очигледно не им одговара на СДСМ, па сега одлучиле одложување на стапувањето на сила на законот за после изборите.„СДСМ со одложувањето на примената на Законот не го решава проблемот на пазарџиите туку само го пролонгира се со цел да не претрпи политичка штета за предстојните избори.Од друга страна, како Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе поднесеме Закон за престанок на законот за трговија на зелените пазари со што сакаме да овозможиме оваа проблематика да се разгледа одново, да се слушне мислењето на пазарџиите, на експертската јавност, на пратениците од опозицијата и заедно да направиме едно квалитетно решение во интерес на пазарџиите“ - вели Мицевски.

Македонија | пред 7 години

pavle-trajanov

Партијата на Павле Трајанов бара Македонија да биде една изборна единица, со цел и малите политички партии да имаат фер услови

Македонија да биде една изборна единица, велат од Демократскиот сојуз - партијата на Павле Трајанов. Коментарите за можни предвремени парламентарни избори се се погласни деновиве. Од Демократскиот сојуз сметаат дека треба прво да се направат измени во Изборниот законик и да се обезбедат исти предуслови за фер политички натпревар, па после тоа да се организираат парламентарни избори. Од таму ги повикуваат сите помали партии заедно да се ангажираат со цел заедно да се изборат за фер услови за политички натпревар“.Според демократскиот сојуз, само со една изборна единица составот на Парламентот ќе биде реален одраз на волјата на граѓаните и ќе се зголеми одговорноста на извршната власт, како и влијанието на граѓаните при носењето на важни одлуки за перспективите на државата.Постојниот изборен модел со шест изборни единици, промените за финансирање на политичките партии, медиумската презентација, редоследот на партиите на гласачките ливчиња, составот на избирачките одбори, Државната изборна комисија и сл., ги форсираа двете партии, ВМРО -ДПМНЕ и СДСМ, овозможувајќи им 28 години да бидат на власт, без било какви шанси и можности да дојде трета партија на власт.

Македонија | пред 7 години

armend-nuhiu

Аналитичарот Нухиу: Државите каде што живеат Албанци не се зрели за ЕУ

Арменд Нухиу, аналитичар и преведувач, во вчерашното гостување во „Отворено“ на Алфа, говореше за дискриминацијата на Албанците во Македонија.„Факт е дека државите каде што живеат Албанците, вклучувајќи ја и Македонија, се уште не се зрели за ЕУ. Правната држава не функционира, се уште криминалци шетаат надвор. Тоа не се одлики на европска демократија.

Македонија | пред 7 години

pandov

Пандов во одбрана на Стоилов, Дојде време да е грев да се кажуваш дека си Македонец, како може да бараат суспензија

Не запираат коментарите околу потегот на ракометарот Стојанче Стоилов. Ситуацијата на нозе ја крена јавноста во Македонија. Сеуште се дискутира за неговото напуштање на настанот за избор на спортист на годината, па и одлуката на новинарот на МРТ 2 да не го коментира по неговото презиме на СП.Според поранешниот функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов, негов личен избор да го истакнува патриотското чувство на јавен настан.„Трендот во Македонија е сега да е грев да се кажуваш како Македонец. До таму е дојдено тоа, да тие спортисти стануваат трн во око на одредени владини првенци да бараат суспензија и да ги негираат тотално“, истакна Пандов во „Отворено“ на Алфа.

Македонија | пред 7 години

sekerinska-arm-1

АРМ води истрага за војникот креатор на лажните вести

Во контекст на оваа „модерна интернет-епидемија“, каде што балканските држави се најранливи на лажните вести и на феноменот на поствистина во Европа, а Македонија како земја што се стреми кон НАТО и ЕУ предничи на листите на земји каде што овој проблем е сериозен, побаравме објаснување од Министерството за одбрана и од Генералштабот на АРМ. На прашањето дали лицето што е споменувано по порталите е припадник на АРМ и што планираат да преземат во случајот, но и генерално за сузбивање на овој феномен, од Генералштабот на АРМ ни потврдија дека креаторот на лажни вести од Куманово, кој се споменува како централна фигура во истражување на холандскиот сервис за откривање лажни вести „Њузчекерс“, е вработен како професионален војник во АРМ.– Лицето што се споменува во написите во медиумите е вработено како професионален војник во АРМ од јануари 2002 година – велат од АРМ.Оттаму додаваат дека во моментов се спроведува соодветна постапка за утврдување на фактите што биле посочени од страна на медиумите и дека во наредните денови ќе бидат соопштени повеќе информации за случајот. За истите сознанија побаравме одговор и од Министерството за одбрана, но до затворањето на весникот не добивме информација како ќе постапи или постапува Министерството во вакви случаи.

Македонија | пред 7 години

pari-za-izjava

Пад на просечната плата во Македонија

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2018 година, изнесувала 24.548 денари, што е намалување во однос на октомври, минатата година кога просечната месечна исплатена нето-плата изнесувала 24.817 денари, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец е забележано во секторите: рударство и вадење на камен (5,6 отсто), други услужни дејности (5,5 отсто) и динансиски дејности и дејности на осигурување (3,5 отсто).

Македонија | пред 7 години

drvo-vo-asfalt

Над 500 дрвја во Скопје растат заробени во бетон, властите ќе ги ослободуваат со експертска помош

Град Скопје потпиша меморандум за соработка со Шумарскиот факултет со кој прецизно се утврдуваат обврските на двете институции во важен дел од заштитата на животната средина – лоцирање и ослободување на т.н. заробени стебла и корења на дрвјата од градежен материјал поставен при нестручно изведени градежни активности, информираат градските власти.„Идејата за потпишување на овој меморандум произлезе од истражувањето на професорот Сотировски и неговиот тим во чии рамки се мапирани околу 500 локации во Скопје каде што со неправилно изведени градежни активности во минатото биле зацементирани стеблата или корењата на над 500 дрвја. Во таа насока Градот Скопје ќе изврши отстранување на градежниот материјал на точно утврдени локации каде што истиот предизвикува опасност од оштетување на дрвјата, секако по претходно извршена инспекциска контрола за утврдување на фактичката состојба и одговорноста за непрописно изведените градежни активности“, рече на денешната прес-конференција градоначалникот Шилегов.Шумарскиот факултет, освен мапирањето на локациите каде што постои опасност од оштетување на дрвјата, ќе обезбеди и стручна помош во обуката на лицата задолжени од Град Скопје, кои непосредно ќе ги реализираат теренските активности за отстранување на градежниот материјал.„Ја користам оваа можност да ги повикам и градоначалниците на скопските општини да воспостават соработка со Шумарскиот факултет со цел да ги отстраниме овие пропусти и кај дрвјата лоцирани во зелените површини што се под надлежност на општините, но и да превенираме ваквата состојба да не ни се повторува. Сакам да нагласам дека оваа активност по важност е веројатно поголема и од засадувањето нови дрвја од причина што старите дрвја со развиени крошни играат многу позначајна улога во животната средина од младите дрвја на кои им е потребно време да ги развијат своите крошни“, нагласи Шилегов. 

Скопје | пред 7 години

9-dokazhani-nachini-da-gi-stabilizirate-hormonite-shto-predizvikuvaat-debeleenje-kafepauza.mk_-1024x512

Проверете дали се дебелеете поради храна или поради болест

Резултат е прекумерното таложење масно ткиво во организмот. Се дефинира со индекс на телесна маса (ИТМ), при што ИТМ >25 означува прекумерна телесна тежина, а >30 угоеност.Најчеста причина за дебелеење е прекумерниот внес на калории преку храна проследено со недоволна физичка активност. За дебелината денес дополнително придонесува општата дигитализација и автоматизација на се што можеме да замислиме во секојдневниот живот.Денес веќе нема телевизори без далечински управувач, а до пред неколку децении за да вклучите телевизор, но и за да ја промените програмата, требаше да се придвижите барем неколку чекрои.Во времето на фиксните телефони, моравме да стоиме покрај телефонот, но и да му се приближиме за да се јавиме.Угоеноста не е наивен проблемПроблемот со дебелината е посебно изразен кај децата и адолесцентите. За разлика од возрасните, кај кои зголемувањето на телесната маса се одвува на сметка на зголемувањето на масните клетки, кај децата освен што се зголемуваат масните клетки, тие и се умножуваат, со што таквиот развој на дебелината подоцна многу потешко се лекува.Освен прекумерниот внес на калории, различни форми на пореметувања на хормоналната рамнотежа можат да доведат до дебелеење.Пореметувања на жлездите со внатрешно лачење (ендокрините жлезди) можат да доведат до прекумерно наталожување масно ткиво. Најчесто доаѓа до пореметување на функцијата на штитната жлезда, хипотиреоза (намалена функција на штитната жлезда), што најчесто се утврдува по месеци неконтролиран раст на телесната тежина.Различни болести со прекумерно излачување кортизол како Кушинова болест или Кушинов синдром се манифестираат со дебелина.И пореметувањтата на метаболизмот на јаглехидратите можат да доведат до дебелина или до отежнато задржување на постоечката тежина. Треба да се издели инсулинската резитенција, која долгорочно се поврзува со шеќерната болест, а погодува се помлади старосни групи.Дебелината може да биде предизвикана и од проблеми во функционирањето на половите жлезди кај жените.Синдромот на отечени јајници во комбинација со инсулинска резистенција е плодно тло за раст на телесната тежина.

Магазин | пред 7 години

pasvord-mobilen

Индонезијка си го запалила сопругот, причина лозинката за смартфонот

Деди Пурнама (26), од индонезиската провинција Источна Јава, починал откако неговата сопруга, една година помладата Илхам Кахјани го запалила.Кавгата ескалирала поради лозинката за отклучување на неговиот смартфон. Тој одбил да и ја даде по што настанала кавга, па тој ја удрил.Тогаш, изневерената жена го полеала својот сопруг со бензин и го запалила. Мажот е згрижен в болница, но по два дена починал.Жената е уапсена и сега се соочува со обвинение за убиство со предумисла.

Свет | пред 7 години

austrivrasja2

Нови детали: Македонецот ја убил сопругата пред очите на малолетните деца

Триесет и шестгодишен државјанин на Македонија ја убил својата сопруга на паркинг во австрискиот град Тулн. Според информациите на австриските медиуми осомничениот е 36 годишен маж кој ја пречекал својата сопруга (32) на паркинг пред супермаркет во градот Тулн и ја нападнал со нож.Македонецот си ја уби сопругата во Австрија пред очите на многу минувачи. Локалните медиуми пишуваат дека  ја убил со нож сопругата кога и задал повеќе убоди во вратот.Сопружниците потекнуваат од скопското село Ласкарци, кај Сарај.Таа искрварила до смрт на паркинг пред супермаркет, а се создала голема паника.За настанот да биде уште потрагичен, децата на брачниот пар кои имаат 6 и 10 години го виделе злосторството.Институциите веднаш ги згрижиле.

Свет | пред 7 години

shilegov

За Град Скопје воздухот е чист, па ги укинаа мерките против загадување

По добиените информации од Министерството за животна средина и просторно планирање дека среднодневните концентрации на ПМ10 честички во воздухот се под дефинираниот праг на алармирање од 200 µг/м3 и епизодата со зголемено загадување во текот на два последователни дена е прекината, Градот Скопје ги известува граѓаните дека денеска од 18 часот се укинуваат вонредните мерки меѓу кои e и бесплатниот јавен превоз, како и интервентните препораки за намалување на загадувањето на воздухот што беа воведени на 20 јануари 2019 година, објави прес службата на Град Скопје.„Овие мерки и препораки за намалување на загадувањето на воздухот ќе се воведат повторно доколку се повтори епизодата со загадувањето на воздухот, а за што граѓаните ќе бидат навреме информирани.И покрај расчистувањето на воздухот Градот Скопје апелира до граѓаните да не ги користат возилата без потреба, повеќе лица да се возат во едно возило, да се користи јавниот превоз, за затоплување на домовите да не се користат отпадни материјали, прегорено машинско масло, лакирани и обоени отпадоци од дрво, стиропор, ПЕТ амбалажа, гуми и каков било синтетички материјал, да се користи суво и чисто дрво без примеси од земја и од отпадоци, а печките на дрва да се користат и одржуваат според упатствата на производителот.“ - се вели во сопштението на Град Скопје.Покрај укинувањето на бесплатниот автобуски превоз ќе се укинат и двојно поскапите карти за паркинг во Скопје.

Скопје | пред 7 години

ivica-konevski

(ВИДЕО) Коневски за рекетот: Од Азманов не сум се напил ни едно кафе

По обвинувањата од страна на бизнисменот Зоран Азманов дека Ивица Коневски, барал од него да донира во клубот МЗТ, со свој став за „Скопје 1“ излезе и ексградоначалникот на општина Аеродром. Коневски вели дека Азманов со реченицата „Едино Ивица Конески бараше за МЗТ големи суми пари, донации и сме ги плаќале, што да правиме“, не кажува дека бил рекетиран. Исто така, Коневски тврди дека Азманов сакал да се доближи до него, па затоа донирал пари.„Очигледно Азманов не помагал добронамерно на спортот, туку имал намера да ми се доближи на мене како градоначалник. Не е точно дека секој градежник помагал на спортот, туку давале оние кој имал желба. Кој помагал, може да се обратите во клубот, а сите информации се официјални“, вели Коневски за „Скопје 1“.Коневски тврди дека тој не дозволил бизнисменот Азманов да му плати кафе, а не пак да добие нешто повеќе од него.„Ако најуспешните луѓе, бизнисмените не помагаат на спортот, тогаш, нема да имаме спорт во Македонија. Во спортот помагаат најмоќните луѓе. Очигледно, дотичниот господин немал желба да помага. Тој сакал да се доближи до мене. Јас не сум дозволил на Азманов и таквите како мене едно кафе да ме частат“, додава Коневски за „Скопје 1“.

Македонија | пред 7 години

BeFunky-collage-9-1

(ВИДЕО) Азманов се колне во деца дека плаќал рекет само на Ивица Конески

На вчерашната прес конференција на која бизнисменот Зоран Азманов зборуваше за конфликтот кој го има со Бојан Јованоски и 1ТВ околу емисијата „Инсајдер“, одговарајќи на новинарско прашање дали некој друг низ годините му барал рекет, се заколна во своите деца дека никој никогаш не му барал пари, освен Ивица Конески додека беше градоначалник на Аеродром.Новинар на прес конференцијата праша:„Точно ли е дека градоначалниците од вас бараат станови за да добијат дозволи за градба?“Азманов: „Од мене ви се колнам во сите деца никој никогаш ништо! Едино Ивица Конески бараше за МЗТ големи суми пари, донации и сме ги плаќале, што да правиме ! Сите кои градеа во Аеродром, сите плаќаа за МЗТ тогаш... “Азманов на прес конференцијата го прозва и бизнисменот Ванчи Чифлиганец, за кого кажа дека плаќал како што ги нарече спонзорства во телевизијата.

Македонија | пред 7 години

ubiistvo-vo-avstrija-696x387

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Македонец во Австрија ја убил сопругата на паркинг

Страшна трагедија ја потресе јавноста во Австрија, а медиумите известуваат дека сопруг ја избодел на паркинг својата 32-годишна жена. Осомничениот е 36-годишен државјанин на Македонија. Од Македонија е и неговата веќе почината 32-годишна жена, која е мајка на две деца.Според локалните медиуми убиецот ја пречекал својата сопруга на паркинг пред супермаркет. Тука ја изборел до смрт, пред очите на повеќе сведоци. Австриската полиција соопшти дека жртвата е повеќе пати избодена со нож во вратот и дека починала на лице место.Децата на брачниот пар се на возраст од шест и десет години. Тие не биле на местото на настанот кога се одиграла сцената.Австриските медиуми пишуваат дека по ужасната семејна трагедија децата биле веднаш згрижени во соодветните институции. Убиецот е уапсен, а пронајдено е и оружјето со кое е извршено убиството.Мотивот за убиството не е познат.

Свет | пред 7 години

zaev-dimitrov-cipras-kozijas

Грчко МНР: Во официјалните преводи на договорот, „националност“ значи „државјанство“

Министерството за надворешни работи на Грција преку онлајн кампања се обидува да го донесе до секој граѓанин договорот од Преспа, кој за два дена ќе се гласа во нивниот парламент.Во кампањата, Грција одговара на најчесто поставуваните прашања, меѓу кои и дали државата признава македонска нација и македонски јазик.За нацијата, од грчкото МНР велат дека се признава само државјанство и дека двете држави во официјалните преводи на Договорот го припишале терминот „националност“ како „државјанство“.Договорот го дефинира само „државјанството” на граѓаните на соседот, што е правна врска меѓу граѓанинот и државата. Покрај тоа, ПЈРМ формално ѝ потврди Грција преку Меморандумот за разбирање од 16/1/2019, кој е правно обврзувачки за ПЈРМ, дека употребата на терминот „националност” во англиската верзија на Преспанскиот договор се однесува само на „државјанство”. Всушност, и Грција и ПЈРМ во своите официјални преводи на Договорот го припишале англискиот термин „националност” на зборот „државјанство” (т.е. „државјанство”). Покрај тоа, во сите меѓународни текстови (и конвенционални и не-договорни) терминот „националност” означува националност, а не национално потекло.Денес, и повеќе од 25 години, во пасошите на македонските државјани, државјанството е дефинирано со зборот „македонскио” („македонско”). Од 2009 година, дури и за ПЈРМ, важи визната либерализација за Шенген зоната за граѓаните со тие пасоши.Од стапувањето во сила на Договорот, “/ државјанин на северна Македонија” се додава на сите патни исправи во државјанство, на терминот што веќе е во употреба.Преспанскиот договор не ги споменува и не ги регулира етничките прашања. Покрај тоа, измената на Уставот на БЈРМ вели дека „државјанството не ги специфицира, ниту пак ја утврдува етничката припадност на граѓаните на земјата”. Ова се наведува експлицитно и обврзувачки за БЈРМ во вербална белешка испратена од Скопје.Според ова, Договорот, не го признава „македонскиот народ” или „македонската нација”. Освен тоа, договорот не го негира правото на грчките граѓани да ги нарекуваат граѓаните на нашата соседна земја според условите што ги користат денес (член 7).За јазикот, Атина пишува дека го признала македонскиот како наш службен јазик уште во 1977 година, но сепак тој не е ист како оној кој се зборува во грчка Македонија и има своја граматика и синтаксаТретата конференција на Обединетите нации за стандардизација на географските називи одржана во 1977 година во Атина го призна „македонскиот” како службен јазик. Сепак, во својот говор во септември 1959 година, министерот за надворешни работи Е. Авероф истакна: “Македонскиот јазик што се зборува во Скопје не се зборува во грчка Македонија и има граматика и синтакса”.Означувањето на македонскиот јазик, со кодот име “МК, МКД”, се користи од 1994 година, без ѕвездички, како што се гледа на официјалната интернет страница на ООН (види страници 1 и 94), и како што е  формално претставено од Меѓународната организација за стандардизација со ISO 639-1 и 639-2:.Договорот експлицитно вели дека службениот јазик на соседот спаѓа во групата словенски јазици,  и „не е поврзан со античката грчка култура” на Македонија и “не е поврзана со […] историјата, култура и наследството на Македонија (член 7 (4)).Исто така, според Договорот, грчките граѓани го задржуваат правото да продолжат да се однесуваат кон горенаведениот јазик под условите што ги користат во моментов (член 7 (5)).

Македонија | пред 7 години

karleusa1

Порно снимка од Карлеуша ќе протече во јавност

Босанскиот фудбалер Огњен Врањеш има порно видео со Јелена Карлеуша, а пејачката е подготвена да му плати 300 илјади евра за да не го објавува, пишуваат српските медиуми.„Додека имаа афера, Јелена и Огњен често разменуваа секси видеа и фотографии. Бидејќи живееја во различни држави и не можеа често да се гледаат, мораа некако да ја одржуваат страста. Кога во август 2017 година таа го посетила во Атина, го снимале сексот. Тогаш е направен еден од најдобрите домашни филмови за возрасни, тоа ви го тврдам“, рекол пријател на босанскиот фудбалер.Тој вели дека се снимале во неговиот стан и дека видеото трае малку повеќе од три минути. Огњен, наводно, го покажал на неколку свои колеги од босанската репрезентација и на неколку најблиски пријатели.„Карлеуша знае дека Врањеш може да го пушти и видеото на интернет и не жали пари за да го спречи. Таа му понудила 300.000 евра за нивната заедничка снимка, а тој го прекинал повикот без да ја дослуша. Свесен е дека ја контролира, а парите никогаш не му биле мотив за да ги објави деталите од нивната врска,“ додал истиот пријател на фудбалерот за српските медиуми.

Магазин | пред 7 години

davos-forum-1170x780

Kоја е целта на форумот во Давос и што ќе се случува таму?

Некои од најбогатите и најмоќни луѓе на светот ќе учествуват на Светскиот економски форум кој денес започнува во Давос. Но, која е целта на овој форум и што ќе се случува таму?Сè зпочнало во 1971 година како мала конференција посветена на управувањето. Основачот Клаус Шваб имал скромна цел – да ги запознае европските компании со американските техники на управување. Од таа почетна точка, Давос прерасна во годишно собирање на кое учествуваат околу три илјади елитни претставници од светот на бизнисот, финансиите, политиката и јавните работи. Мисијата на самиот Светски економски форум (WEF) е – „унапредување на состојбите во светот“.WEF се одржува во конференцискиот центар во срцето на Давос, мало скијачко одморалиште, каде делегатите слушаат говори, панел-дискусии и учествуваат на семинари. Освен тоа, во луксузните хотели во опкружувањето се случуваат и неофицијални и неформални средби меѓу припадниците на елитите, проследени од лобисти, експерти за односи со јавност и новинари.Во Давос доаѓаат и најмоќните политичари на светот. Оваа година домаќини меѓу останатите се и францускиот претседател Емануел Макрон, германската канцеларка Ангела Меркел, британската премиерка Тереза Меј, канадскиот премиер Џастин Тридо, израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху и многу други.Американските претседатели традиционално не учествуваат на овој настан, но оваа година Доналд Трамп ги изненади сите со својата одлука да се приклучи на собирот. Исто така, во Давос ќе се појават и Марк Бениоф од Salesforce, Карлос Госн од Renault-Nissan-Mitsubishi Alliance и Сер Мартин Сорел од WPP. Токму овие делегати од светот на бизнисот најмногу плаќаат за самата конференција, затоа што годишното корпоративно членство чини меѓу 60.000 и 600.000 швајцарски франци.Освен нив, на WEF учествуваат и претставници на Меѓународниот монетарен фонд и Обединетите нации, како и претседателите на националните банки.Во Давос доаѓаат и челниците на добротворни и невладини организации, трговски унии, угледни научници... Секоја година на конференцијата се појавуваат и претставници од светот на богатите и славните, за да додадат и малку гламур за пошироките маси. Оваа година во Давос доаѓа и актерката Кејт Бланшет како и музичарот Елтон Џон.На собирот ќе се расправа на теми како нееднаквоста, сиромаштијата, иновациите, технолошките промени, заштитата на околината и корпоративната општествена одговорност. Официјална главна тема на годинешниот собир е „Создавање заедничка иднина во поделениот свет“. Сепак, реалноста е таква што бројни светски челници не доаѓаат во Давос да разговараат за интеграција или заедништво, туку затоа што ова е совршена прилика за networking, чиј главен дел се случува во приватните соби за состаноци како и на забавите што се организираат во луксузните хотели.Освен тоа, владее и општа фама дека појавувањето во Давос е потврда за личниот статус, пишува „Индипендент“.Бројни политичари доаѓаат токму заради тоа, но и затоа што ова е и можност за обезбедување на инвестиции од големите играчи од приватниот сектор. Геополитичките цели исто така се едни од стожерните на средбата во Давос, за што сведочи и настанот од 1998 година, кога Грција и Турција ја потпишаа Декларацијата од Давос, која овозможи избегнување на војна меѓу овие две земји.И додека за некои WEF во Давос е прилика да се укаже на бројните социјални, економски и политички проблеми во светот, за неговите критичари, како што е поранешниот стратег на Трамп -  Стив Бенон, Давос претставува место каде светската елита кова заговор против најсиромашните слоеви од општеството.

Македонија | пред 7 години

star-avtobus

ЈСП пушти автобуси од пред 20 години во време кога важат мерки за намалување на аерозагадувањето

Додека граѓаните се гушат во енормно загадениот воздух, власта несериозно се однесува кон граѓаните.Иако локалната власт како една од мерките против загаденоста ја наговести бесплатно користење на јавен превоз, денеска од ЈСП наместо да пуштат нови автобуси, на некои линии се пуштени стари автобуси кои допринесуваат за загаденоста, пишува Курир.

Скопје | пред 7 години

granica-carina

Царинската управа започна со нов начин на утврдување на царинската вредност при увоз на возила

Царинската управа на Република Македонија започна со нов начин на утврдување на царинската вредност при увоз на употребувани патнички, комбинирани и лесно доставни товарни возила и мотоцикли.„Проценката на вредноста на употребуваните моторни возила се врши со користење на електронскиот каталог SchwackeNet, а не како досега со каталози во хартиена форма од постар датум.Царинењето на употребуваните моторни возила и понатаму ќе се врши по месна надлежност во царинските испостави кои се определени за увозно царинење на моторни возила и тоа:Во Царинарница Скопје (ЦИ Скопје 1, ЦИ Скопје 2, ЦИ Скопје 3, ЦИ Блаце и ЦИ Тетово), во Царинарница Куманово (ЦИ Куманово и ЦИ Деве Баир), во Царинарница Штип (ЦИ Штип, ЦИ Делчево и ЦИ Велес), во Царинарница Гевгелија (ЦИ Гевгелија, ЦИ Кавадарци, ЦИ Струмица и ЦИ Ново Село) и во Царинарница Битола (ЦИ Битола, ЦИ Меџитлија, ЦИ Прилеп, ЦИ Охрид и ЦИ Струга).Пребарувањето во електронскиот каталог ќе се врши од страна на царински службеник во секоја од наведените царински испостави, одговорен за пребарување во електронскиот каталог. Пребарувањето ќе се врши исклучиво врз основа на поднесена декларација за увозно царинење на употребувано моторно возило со внесување на бројот на шасија во системот.На овој начин, со воведување на овој електронски систем на пребарување по број на шасија, пребарувањето ќе биде брзо, едноставно и транспарентно, а истовремено и воедначено на целата територија, со што се исклучени било какви ненамерни грешки или субјективен фактор при утврдувањето на вредноста на употребуваните моторни возила.При поднесување на царинска декларација за увоз на употребувани моторни возила нема да се наплаќа надоместок за пребарување во електронскиот каталог, односно ниту увозниците, ниту нивните застапници нема да поднесуваат барање за проценка на вредноста на употребувани моторни возила и нема да подлежат на никакви трошоци поврзани со пребарувањето во електронскиот каталог.Трошоците за пребарување во електронскиот каталог се на товар на Царинската управа на Република Македонија.Истовремено, престанува и досегашната обврска за задолжително фотографирање на секое употребувано моторно возило при неговото увозно царинење“, велат од Царинската управа.

Македонија | пред 7 години

Herald-Koci

Хералд Кочи: Вистинскиот број на Албанци во Македонија е околу 15 отсто

Моите пријатели, кои како меѓународни набљудувачи го следеа пописот во 2004 ми раскажуваа за наеднаш расцветаните албански села во “планините” кои со децении биле пусти. Ако се споредат резултатите од повеќе последователни пописи, очигледно е дека податоците се нагодувале. Ќе си дозволам да го наречам пописот во Македонија 2004 беше попис ,,А ла Потемкин”. Денес се знае од документацијата на социјалните служби и од протечените информации за издавањето лични документи, дека вистинскиот број на Албанците во Македонија изнесува околу 15 проценти – изјави во едно старо интервју за Програмата „Гласот на народот со Слободан Томиќ” на Радио Слободан Македонија, Харалд Кочи, поранешен амбасадор на Австрија во Македонија и политички аналитичар.Платформата од Тирана, кога се чита, изгледа дека е безболна, но проблемите или ѓаволот е во детаљите. Како резултат е фактичкото зголемување или проширување на ,,албанскиот елемент”, односно овој елемент да се прошири низ целата држава Република Македонија, изјави своевремено за Програмата „Гласот на народот” со Слободан Томиќ на Радио Слободна Македонија, Др.Хералд Кочи.Кочи тогаш потенцираше дека ,,бинационална држава е таква да ги потиснува другите малцинства или националности”.

Македонија | пред 7 години

pozari-1

Пожар во Битола, изгореа неколку простории

На 21.01.2019 година околу 06.30 часот во Битола на улица „Коле Лачето“ настанал пожар во помошна просторија, сопственост на З.П. и И.П.Од извршениот увид било утврдено дека од пожарот е оштетена печка на пелети со котел а целосно е изгорена и помошната просторија. Од пожарот оштетена е уште една просторија. Извршен е увид.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Кумановец кој се барал за издржување на казна затвор се обидел да излезе од Македонија

На 22.01.2019 година во 01,50 часот на Граничен премин Табановце, за влез во Р.Македонја се пријавил С.С.(32) од Куманово и при извршената пасошка контрола е констатирано дека истиот се бара за издржување казна затвор во траење од една година, за сторено кривично дело "тешка кражба" по член 236 став 1, а во врска со член 22 од КЗ.Лицето е приведено и предадено на полициски службеници од СВР Куманово, со цел спроведување до КПУ-Затвор Идризово.

Македонија | пред 7 години

heroin-111

Пронајдени хероин, марихуана и прашкаста материја кај тројца скопјани

На 21.01.2019 година околу 16.25 часот, на излезот од Штип кон Велес, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „Фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, како и преглед на патниците А.А.(30), П.Р.(27) и Е.П.(30), сите од Скопје. Притоа, биле пронајдени две кеси во кои имало хероин, марихуана и прашкаста материја позната под името „катка“ за мешање на хероинот.Лицата биле лишени од слобода и приведени во Полициската станица Штип. По целосно документирање на настанот против нив ќе биде поднесена кривична пријава за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „овозможување на употреба наркотични дроги и психотропни супстанции“, казниви по член 215 и член 216 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Скопје | пред 7 години

zaev-cipras

Ципрас му откажал љубов на Заев

Првата официјална средба меѓу премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас се случи лани ова време во Давос. Таа го постави правецот по кој изминатата година се одвиваа преговорите меѓу Македонија и Грција. Договорот од Преспа деновиве чека да се дигне последната „рампа“ - ратификацијата во грчкиот парламент.Утре во Давос патува македонскиот премиер Заев заедно со вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за економија Крешник Бектешки. Во рамки на самитот Заев ќе има средба со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и со еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан.Во Давос, кој неминовно буди асоцијации за решавањето на долгогодишниот спор меѓу двете земји, што на меѓународен план се смета за вонсериски успех, годинава ќе го нема Ципрас. 

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања