Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Скопје1.мк

gordana-popsimonova

Гордана Попсимонова: Гордана Попсимонова: Дечки од СДСМ, вие како партија не го урнавте Груевски, го урнавте со „бомбите“ на Заев

“Дечки од СДСМ, за што се боревме? За пратенички патни трошоци од по илјада евра месечно? За едни исти луѓе да запоседнат во по неколку управни и надзорни одбори со паушали од по 200/300 евра? За директорски места по јавни претпријатија наменети за партиски кадри, чија единствена гаранција за компетентност и стручност е партиската книшка?За партиски членови на разни комисии кои си делат дневници и вишоци како ќе им текне? Или, пак, за оние патувања по Јужна Америка со прва класа за да се види како изгледа авантуристички туризам? Или за рекетирањето фирми од разни агенции за обезбедување кои се претставуваат како вам блиски?А тоа се случува, тоа го гледам и го слушам и тоа ме прави гневна. И токму затоа, дечки од СДСМ, имам да ви соопштам неколку битни работи. Нека ве боли колку сака.Прво! Дечки од СДСМ, вие не го симнавте Груевски со ваши програми, идеи и проекти. Да бидеме искрени, ги немавте. Го урнавте со „бомбите“ на Заев. А зад нив, зад снимените разговори, стојат неколку доблесни и храбри мажи кои си ги ризикуваа здравјето и животот за да го изнесат на виделина монструозното лице на претходната власт. Им рековте ли барем „благодарам“? Знаете ли кои се и помисливте ли како да им возвратите?”извор: Независен

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Владиниот координатор Стојанче Ангелов се пофали дека може да крши две ќерамиди со глава

Генералот Стојанче Ангелов кој сега е дел од Владата и ја извршува функцијата национален координатор за прашања поврзани со здружението на бранители, на социјалните мрежи се пофали дека вчера кршел керамиди со глава, по барање на твитерџиите.Владиниот координатор скршил дури две керамиди со глава, а си објави и видео на социјалните мрежи. Ангелов всушност имал цел настап на оваа манифестација, кој ќе можеме да го видиме во текот на денот.https://www.facebook.com/stojance.angelov/videos/2187376764682937/

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Автомобил излета од патот, еден загина, двајца со тешки повреди

Вчера околу 13,00 часот на локалниоt пат с.Падалиште-Гостивар, се случила сообраќајна незгода во која А.Б  (21) од с.Падалиште, управувајќи патничко моторно возило „Фиат панда“ со италијанска национална ознака, изгубил контрола над возилото и излетал од патот.Возачот А.Б. и сопатниците А.А. (25) и А.Т. (23) двајцата од с.Падалиште, биле пренесени во Медицински Центар Гостивар, каде кај возачот  А.Б. е констатирана смрт, А.Т бил префрлен во Ургентен центар Скопје.Увид на лице место извршиле јавен обвинител и екипа од Полициската станица Гостивар.

Македонија | пред 7 години

kuba-ustav

Кубанското национално собрание го одобри Предлог-текстот на новиот устав, дозволуват и истополови бракови

Кубанското Национално собрание синоќа го одобри Предлог-тексот за новиот устав на Куба, кој треба да биде одбрен на референдум закажан за 24 февруари идната година.Согласно предложениот текст, Куба и натаму останува држава со централно планирана економија и под управа на Комунистичката партија, но првпат во Револуцијата во 1959 година се дозволува приватна сопственост и се отвора патот за одржување референдум за легализација на истополовите бракови.Со предлог-уставот се воведуваат функцијата премиер и ограничување на возраста и на бројот на мандати на претседатлот на државата.Критичарите на Предлог-уставот посочуваат дека со него не се менуваат основите на кубанскиот систем, па опозициските групи веќе најавија дека ќе водат онлајн кампња за гласање „против“ на референдумот.

Свет | пред 7 години

minister-zemjodelstvo-1

Николовски: Договорното производство на сончоглед, одлична можност за земјоделците да имаат сигурен откуп

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и посебната советничка за земјоделство, шумарство и водостопанство на Претседателот на Владата на Република Македонија, Ленче Николовска, одржаа работна средба со земјоделци од Свети Николе.Министерот Николовски посочи дека Владата интензивно работи на нови мерки и програми кои ќе значат подобрување на состојбата во вкупниот аграр и ја потенцираше важноста од развојот на договорното производство на земјоделските култури како можност за решавање на пласманот на земјоделските производи. Николовски посочи дека договорното производство на сончоглед е одлична можност за земјоделците да имаат сигурен откуп.„Целосно даваме поддршка на оваа иницијатива за договорно производство. Со оваа идеја и со овој концепт не збориме дека ќе се решат сите проблеми, но збориме за едно прашање, за кое нудиме соодветна поддршка и решение, за тие што ќе се решат да партиципираат, односно да произведуваат да знаат дека тука стои државата, дека има интерес од самите компании, затоа што факт е дека правиме анализа и на сето она што Македонија го увезува“, изјави министерот НиколовскиМинистерот им порача на земјоделците дека ќе се направат анализи во врска со нивните барања за зголемување на субвенциите за сончоглед. Советничката за земјоделство, шумарство и водостопанство на ПВРМ, Ленче Николовска, посочи дека идејата е заедничка со директорот на фабриката „Благој Ѓорев“ од Велес, а целта е да се зголеми домашното производство на сончоглед преку договорно производство.„На тој начин вие, земјоделци ќе имате сигурен откуп, ќе ви се исплати производството, а откупувачот ќе има домашна суровина. За Владата тоа значи решавање на најголемиот проблем на земјоделците пласманот. Драго ми е дека овде гледам вистински, сериозни земјоделски производители за кои сум сигурна дека со поддршка од страна на министерството за земјоделство ќе имаат успешна реколта на сончоглед. Тука сме да ја потврдиме сигурноста на овој процес преку медијаторска улога од потпишувањето на договорите до предавање на сончогледот кај откупувачот и исплата на истиот“, изјави Николовска.Во Свети Николе има голем интерес од страна на земјоделците за договорното производство на сончоглед. Во општинската сала пред повеќе од педесет сериозни земјоделски производители, беа присутни и претставници од институции кои заедно со директорот на фабриката „Благој Ѓорев“ ја презентираа идејата за сигурно производство и откуп на сончогледот.„Идејата да го зголемиме домашното производство на сончоглед ми е одамна, но за прв пат наидувам на разбирање и соработка од една Влада и Министерство за земјоделство. Знам дека некогаш сме произведувале и до 40 000 тони сончоглед за преработка но последниве години спаднавме на само 2000 тони поради неколку причини кои сега заеднички со земјоделците и владата сакаме да ги надминеме. Ви гарантирам дека секое зрно сончоглед ќе го откупиме и ќе го платиме - изјави Горанчо Лазов, директор на АД „Благој Ѓорев“.Земјоделците беа едногласни дека досегашното мало производство на сончоглед се должи на скапото производство, ниските приноси и субвенции што ги прави неконкурентни на увозниот сончоглед.- Ние земјоделците ја поздравуваме оваа идеја и сигурни сме дека можеме да ги зголемиме површините под оваа култура. Но потребно е да ги зголемиме приносите преку квалитетно семе и други репроматеријали. Исто така сметаме дека е добро да се покачат субвенциите како би можеле да мотивираат и други земјоделци напролет да насеат пченица. Меѓудругото се работи и за одлична култура за плодоред на површините на кои сееме пченица и јачмен - вели Никола Петковски - „Бониер“ кој додаде дека мотивирани од оваа кампања производителите на сончоглед формирале и Асоцијација за да може заеднички да настапуваат и да се едуцираат за добивање на повисоки и поквалитетни приноси.Директорот на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството Елгафер Јусуфи, им порача на земјоделците дека кога станува збор за едукација, Агенцијата ќе има клучна улога, поради што веќе се екипираат советници од сите региони кои ќе бидат активно вклучени на терен и ќе им помагаат со совети во текот на целиот процес, во извршување на сите агротехнички мерки, од сеидба до собирање на родот.Заменик директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството Абдул Селам Селами ја истакна важноста на договорното производство и од аспект на развојната компонента која ќе ја имаат земјоделските субвенции бидејќи на овој начин тие ќе го стимулираат домашното производство.Изминатите недели беа одржани вакви трибини и во други региони во државата, а кампањата за договорно производство на сончоглед ќе продолжи и во следните месеци, во други региони со цел земјоделците изворно да се запознаат со можностите кои ги нуди овој начин на соработка меѓу примарните производители и откупувачот.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Во изминатата вечер 39 возачи биле под дејство на алкохол

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 22/23.12.2018 година во периодот од 00.00 до 05.00 часот спроведе зајакната акциска контрола за откривање возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол на подрачјето на Скопје.Од страна на полициски службеници контролирани се вкупно 209 возачи,a  кај 38 од нив утврдено е присуство на алкохол во крвта. По однос на констатираните  прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила кон возачи, преземени се вкупно 38 мерки . Исклучени се 38 возачи од сообраќај,издадени се 38 мандатни платни налози  и откриени се 23 останати прекршоци.

Скопје | пред 7 години

struja

Без струја дел од Карпош, Кисела Вода и Ѓорче

Заради изведување технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија утре ќе бидат делови од општините Карпош, Кисела Вода, Ѓорче Петров.Во периодот од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од ул. „Козле“ во општина Карпош, а во периодот од 09:00 до 11:00 часот корисниците од непарните броеви од бр. 173 до 187 на ул. „Антон Димитров“ во нас. Драчево, во општина Кисела Вода.Прекин во снабдувањето со струја во периодот од 09:00 до 14:00 часот ќе имаат корисниците од дел од ул. „Нерешка“ во општина Ѓорче Петров.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Околу 80 проценти од жените жртви во Македонија се убиени од интимните партнери

Приватно иста како што ја гледате службено. Посветено и неуморно работи за сето она што верува дека е правилно и се труди да ги инспирира сите да го дадат најдоброто од себе во секое поле од живеењето. Ова е Мила Царовска министерката за труд и социјала. За24 инфо вели дека слободното време го поминува со најблиските, а ја релаксира кога знае дека успешно го завршила денот.Со реформите кои ги спроведува Министертсвото за труд и социјала се зголемува бројот на лицата со социјална заштита. Ова значи дека и децата на вработени кои земаат минималец ќе може да земаат детски додаток. Во бројки ова значи дека бројот на деца кои ќе примаат детски додаток од 3.200 корисници ќе порасне на 73.500. Дополнително се воведува ново право – додаток за образование, наменето за деца во основно и средно училиште и од семејства со ниски примања и за деца на корисници на гарантирана минимална помош. Со ова, борјот на деца кој ќе примаат образовен додаток ќе порасне од 3.800 на 64.316.– Со реформите во социјалната заштита, воведуваме гарантирана минимална помош и „семеен пакет на права“ во износи значително поголеми од досегашната парична поддршка на социјално загрозените лица и го отвораме системот на социјални надоместоци и за лицата со ниски примања, што не беше случајот досега. Меѓутоа, со социјалната реформа не само што зголемуваме социјалниот надоместок за 300%, туку истовремено вложуваме во преквалификација на лицата кои се невработени, за да може да се активираат на пазарот на трудот. Единствен излез од сиромаштијата е вработувањето. На овој начин всушност им помагаме да се доквалификуваат, да се вработат, да можат да се грижат за себеси, за своето семејство и активно да придонесуваат за ова општество- вели Царовска.Откако е на чело на МТСП посветува многу внимание и на детската заштита. Со процесот на деинституционализација децата ги вади од големите безлични инстуции и ги сместува не само во згрижувачки семејства, туку и во мали групни домови.–Работиме навистина посветено на ова поле, за да овозможиме дом за секое дете. Особено ми е драго што можам да потврдам дека овој процесот на тече одлично и до крајот на 2018 година вискои 60% од децата ќе бидат извадени од институциите. Така, ЈУ за згрижување деца со воспитно социјални проблеми „25-ти мај“ е целосно трансформиран. Сите деца од овој дом веќе живеат во мали групни домови. Лично сметам дека овие институции се најлошото нешто што може да му се случи на едно дете. Таму место посветеност и грижа тие добиваат занемарување, кое понатаму придонесува кон немили случки како оние кои ги имавме досега.  Посветено работиме ниту едно дете под 18 години до 2020 година да не биде сместено во големит институции, што е амбициозно, но остварливо. Преку проектот „На секое дете му треба семејство“, организиравме обуки и доделивме сертификати на згрижувачите. Целта на проектот беше зголемување на информираноста и зајакнување на свеста на граѓаните за потребата од згрижување на децата кои останале без родители и родителска грижа. Како резулат на кампањата 295 граѓани пројавија интерес за згрижување до крајот на август оваа година. Вкупно 37 од нив ја завршија обуката- вели Царовска.За насилството врз жените вели дека статистиките покажуваат дека повеќе од 80 % од жените жртви во Македонија се убиени од интимните партнери или машки членови на семејството.За неа  тоа е доволен сигнал да го вклучиме алармот дека мора да воспоставиме механизам за навремено препознавање на ризикот. Царовска вели дека треба да бидеме свесни дека секој од нас може да спречи насилство врз жената, и да создадеме услови истото да се пријавува.Повеќе на линкот

Македонија | пред 7 години

markovi_kuli

И Прилеп сака во УНЕСКО - подготвуваат апликација за локалитетот „Маркови кули“

Општина Прилеп се подготвува да аплицира со локалитетот „Маркови кули“ за влез на постојаната листа на заштита на УНЕСКО, бидејќи моментално се наоѓа само на привремената.Засега главна кочница за влез во листата на УНЕСКО беше Нацрт-планот за управување за ова заштитено подрачје, истот се донесе вчера, по што може да се пистапи со апликацијата.Во подготовка на планот се вклучиле научници од Природно-математичкиот факултет и Технолошко-металуршкиот факултет од Скопје, Природонаучниот музеј на Македонија, Институтот за старословенската култура од Прилеп и Друштвото за заштита на природата на Македонија.Покрај локалитетот и природата околу него, целта е да се заштитат и културните содржини – тврдините, манастирот Трескавец, манастирот во Варош и многубројните цркви во населбата.Засега едиствен регион во Македонија заштитен под УНЕСКО е Охрид.

Македонија | пред 7 години

Ivica-Konevski-1

Ивица Коневски: Со парите потрошени за „Скопје 2014“ подобро беше да се изгради метро

Во интервју за СДК Ивица Коневски вели дека парите кои власта на ВМРО ДПМНЕ ги потрошила за проектот „Скопје 2014“ попаметно било да се пренаменат за подобрување на јавниот превоз, односно за изградба на метро.На нашето прашањето зошто додека беа на власт и на централно и на локално ниво изминативе 11 години не почнале таков проект туку потрошија 600 милиони евра за „Скопје 2014“, одговори: „Мислам дека и ние додека бевме на власт требаше да почнеме да спроведуваме таков проект. И кога би имал можност некогаш да учествувам во локалната самоуправа, дали е тоа како градоначалник на Скопје, би бил поборник на вакво решение“.„Покрај чистиот воздух многу е важен и јавниот превоз, кој во моментов не е како што треба. Потребно е решение со кое граѓаните би се откажале од автомобилите. Сега предолго патуваат до своите работни места и затоа го избегнуваат јавниот превоз. Во Скопје е потребно метро. Една линија од Драчево, преку Горно и Долно Лисиче, Ново Лисиче, Аеродром, Центар, Карпош, Ѓорче Петров и Сарај“, вели Коневски.Како поранешен градоначалник на Општина Аеродром, Коневски вели дека новите градоначалници потфрлиле кога станува збор за хигиената, не го подобриле јавнот превоз кој е во многу лоша состојба, ниту пак презеле мерки против загадувањето што им било приоритет во изборните кампањи.Во времето на вториот градоначалнички мандат на Коневски беше донесен Деталниот урбанистички план со кој во зеленилото кај Мајчин дом се вцрта маркичка за зграда. Коневски вели дека тој објект бил предвиден со Генералниот урбанистички план, а Општината плановите ги прави според ГУП-от.„Јас сметав дека тука треба да се гради, тоа го кажав и стоев зад мојата одлука. Лесно е да се вети нешто, а тешко е да се каже вистината и да се изгубат политички поени. Не ги изгубив изборите поради тој објект или некои други планови. Нема спорни планови, оној за кој се зборуваше во јавноста за стар Аеродром е донесен по барање на граѓаните заедно со СДСМ. Ако Златко Марин сакаше да ја спречи зградата како што им вети на граѓаните, можеше да ја купи парцелата која кога тој стана градоначаник беше во сопственост на Комерцијална банка и потоа беше продадена на новиот инвеститор за 2 милиони евра. Тие пари ги има Општината, оти во касата оставив 4 милиони евра. Марин постапи спротивно од што ветуваше пред избори и револтот на граѓаните е оправдан“, вели Коневски.Целото интервју прочитајте го ОВДЕ

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Изречени 227 казни за непочитување на забраната за дотур на стока

За една година откако Градот Скопје ја воведе забраната за дотур на стока во центарот на градот, Министерството за внатрешни работи изрекло 227 казни. До Градот секојдневно стигнуваат поплаки од граѓани кои упатуваат на непочитување на Одлуката за забрана за вршење дотур на стока во централното градско подрачје во периодот од 7:30 до 18 часот.„Градот Скопје апелира до дистрибутерите да ја почитуваат Одлуката, за да се намали сообраќајниот метеж во овие делови од градот, а со тоа да се намали и загаденоста.Изминатиов период Градот Скопје и општината Центар заедно со МВР спроведоа акции за санкционирање на дистрибутерите што не ја почитуваат забраната, со цел расчистување на сообраќајниот метеж и застоите во централното градско подрачје и ослободување на тротоарите за пешаците.Надлежноста за контрола и казнување на овој вид сообраќај ја има Министерството за внатрешни работи.Советот на Град Скопје  годинава  донесе одлука  за трајна забрана за запирање на возилата за доставување стока во централното градско подрачје во периодот од 7:30 до 18 часот. Измените на Одлуката претставуваат дел од препораките на Владата на Република Македонија, со цел намалување на загадувањето.Забраната во согласност со Одлуката на Град Скопје важи за центарот на градот, односно за потегот од улицата Франклин Рузвелт до Транспортниот центар, од булеварот Илинден до крстосницата кај ТЦ „Мавровка“, односно од булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов до Јужен булевар, додека забраната согласно со Одлуката на Општина Центар важи за сите сервисни улици на територијата на општината“, велат од Град Скопје.Возилата за дотур на стока можат да се движат низ центарот да градот, а стока да носат во дуќаните само ако се паркираат на паркинзи, но не смеат да ја истовараат стоката застанувајќи на улица и на тротоарите.

Скопје | пред 7 години

Avtobus-nesrekja-Leskovac

Почина уште една Македонка повредена во тешкaта несреќа кај Лесковац

Македонската државјанка С.Т. која патуваше со автобусот кој излета од коловозот кај Лесковац, е четврта жртва. Таа почина синоќа во клиничкиот центар во Ниш.Патничката С.Т. имала скршеница на карличните коски кои довеле до руптура на мокрачната бешика, поради што беше оперирана во Клиничкиот центар во Ниш.Во несреќата 6 лица беа тешко повредени, а 32 полесно. Три жртви починаа на лице место.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Најмалку 168 загинати при налет на цунами во Индонезија, бројот се зголемува

Најмалку 168 лица загинаа, а над 745 се повредени во цунамито кое ги погоди индонезиските острови Јава и Суматра.Како што соопшти утрово портпаролот на индонезиската Агенција за справување со елементарни непогоди, Сутопо Пурво Нигрохо, најтешко е погодена провницијата Бантен, каде загинале најмалку 126 лица.Индонезиската агенција за метеорологија и геофизика соопшти дека цунамито не е предизвикано од земјотрес, туку најверојатно од активностите на вулканот Анак Каракатау. Вулканот се наоѓа помеѓу островите Јава и Џакарта.https://twitter.com/NewsBreaking/status/1076686105645219840?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1076686105645219840&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F3017975-slike-uzasa-par-sati-posle-razornog-cunamija-u-indoneziji-broj-poginulih-raste-iz-minuta-u-minut-leseve-izvlace-iz-rusevina-traze-se-nestali-foto-videoСпоред сведоците бранот бил висок три метри. Индонезиските власти потведија дека најмалку 430 куќи се уништени или тешко оштетени, како и 9 хотела.Надлежите апелираа до локалните жители и туристите да стојат подалеку од брегот, нагласувајќи дека тоа предупредување ќе биде на сила до 25 декември.https://twitter.com/Sutopo_PN/status/1076614699322490882?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1076614699322490882&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F3017975-slike-uzasa-par-sati-posle-razornog-cunamija-u-indoneziji-broj-poginulih-raste-iz-minuta-u-minut-leseve-izvlace-iz-rusevina-traze-se-nestali-foto-videoЦунамито откорнало и голем број дрва кои ги блокираа патиштата, што го отежува пристапот на спасувачките екипи до настраданите.

Свет | пред 7 години

causesku

Годишнината од бунтот против Чаушеску - Ромнците ј одбележа со протест

Со романски знамиња во рацете, свеќи и скандирања „Не сакаме да не управуваат крадци“ Неколку илјади Романци синоќа учествуваа на протесна прошетка низ улиците на Букурешт, одбележувајќи ја на тој начин годишнината од почетокот на бунтот против последниот романски комунистчки лидер Николае Чаушеску во 1989 година. Тие меѓу другото има и пароли против владејачката Социјалдемократска партија. Тие повикаа на „повеќе демократија“ и побараа од романската Влада да се откаже од плановите за амнестија на лица осудени за корупција.За време на протестnата прошетка, насловена „22 декември – Нашата револуција“, демонстрантите на кусо застанаа на Унверзитетскиот плоштад, каде со минута молчење им оддаоа почит на над 1.100-те загинати за време на бунтот во 1989 година.Бунтот против режимот во Романија почна на 22 декември 1989 година и заврши со уривањето на власт на тогашниот лидер Чаушеску, кој по краток судиски процес беше ликвидиран три дена подоцна, заедно со неговата сопруга Елена.

Свет | пред 7 години

belgrad

Српскта опозицијата синоќа повторно протестираше

Српската опозиција синоќа во Белградодржа нов протест против насилието под слоганот „Еден од петте милиони“.Според организаторите на собирот, на ова трета по ред протестна прошетка низ улиците на Белград учествувале околу 40.000 „незадоволни граѓани“, носејќи го транспрентот „Стоп на крвавите кошули“.Како што јави дописникот на МИА од Белград, колоната на граѓани кои протестираа беше долга речиси еден километар. Тие се движеа по централните улици на Белград, од „Студенсткиот плоштад“, минувајќи пред Владата на Србија, па се до плоштадот „Славија“.Демонстрантите кусо се задржаа пред зградата на РТС, создавајќи „пет минути бучава“ во знак на протест против информирањето на државната телевизија за искажаното незадоволство на протестите од актуелната состојба во Србија..Вучиќ и синоќа го прокометира собирот, изјавувајќи дека „нема проблем со протестите, бидејќи секогаш излегувал посилен, а организаторите послаби“.Организаторите најавија нови протести и наредната сабота, како и ширење на протестите во Нови Сад и во други градови.

Свет | пред 7 години

42576122_1157758107740790_8808418367166742528_n

Традиционална дедомразовска трка во Скопје

Во Скопје денеска ќе се одржи традиционалната Дедомразовска трка, во која повеќе стотици учесници во дедомразовски костуми ќе трчаат во центарот на главниот град.Трката покрај натпреварувачки, има и забавен карактер, па во неа се добродојдени да се пријават учесници од сите старосни групи.Стартот и финишот на трката се на плоштадот „Македонија“, а ќе се трча кон Порта Македонија, Парк Жена Борец, хотел „Холидеј Ин“, мостот кај МНР, покрај Вардар кон Камениот мост и преку преку мостот до целта.Стартот на трката е закажан за 12 часот, а подигнувањето на стартните пакети од 9 до 11 часот на денот на трката.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Здружението на сексуални работнички им понуди 120 работни места на пратениците по истекување на мандатот?

„Здружението на сексуални работнички го поздрави Законот за вработување на пратениците по истекот на мандатот.Здружението обезбедило 120 работни места за нивно вработување согласно нивните квалификации.Најголем број работни места се околу МАНУ, МТВ, МКЦ, судовите, факултетите и скопски сае“, напиша Горан Момироски на својот Фејсбук профил.https://www.facebook.com/goran.momiroski.12/posts/10218055188434062

Македонија | пред 7 години

VodaciProtesti

Бетмен, Дурловски, Јовановски и Дамовски ќе добијат амнестија заедно со пратениците

Остануваат уште два дена за обвинетите во случајот 27 април да поднесат барања за амнестија. Покрај пратениците кои сигурно ќе бидат ослободени од вина, нема да се гонат ниту организаторите на протестите „За заедничка Македонија“, Борис Дамовски, Богдан Илиевски – Бетмен, Игор Дурловски и Владо Јовановски, велат извори за „Скопје 1“.Според истите извори, законот ги опфаќа и нив, па со тоа, тие ќе поднесат барање за амнестија кое обвинителството ќе го разгледа и за истото ќе даде мислење до судот.Обвинителката Вилма Рускоска смета дека Борис Дамовски, Богдан Илиевски – Бетмен, Игор Дурловски и Владо Јовановски не ги исполнуваат условите за да бараат амнестија, но во интервју за „360 степени“ вели дека сепак последниот збор на крај ќе го има Јавното обвинителство.Законот за амнестија во четвртокот беше објавен во Службен весник на Република Македонија, откако на него беше ставен потпис од претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов.Согласно Законот, амнестијата нема да ги опфати организаторите, лицата кои извршиле физичко насилство, кои носеле оружје, како и службените лица кои ги пречекорите службените овластувања.Секој од обвинетите за „27 април“ има право да поднесе барање за амнестија, ако смета дека ги исполнува условите пропишани со Законот.За случувањата во Собранието на 27 април 2017 година обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски. 

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Земјотрес утрово во Србија

Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала е регистриран утринава во Србија во регионот на Вршац.Епицентарот бил на 14 километри од местото Локве кај Алибунар.Според информациите, земјотресот бил во 7:33 часот. За сега нема информации за евентуални штети. 

Свет | пред 7 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Мицкоски ја поскапe струјата за 100 отсто, и ги принуди граѓаните на нееколошко греење

Цели 11 години, погубните и игноратнски политики на ВМРО-ДПМНЕ кое беше фокусирано само на нивно лично богатеење, придонесоа директно на уништување на зеленилото со што проблемот со аерозагадувањето зазема се поголем размер, велат од СДСМ.„Дополнително, во време на ВМРО-ДПМНЕ, кога и Мицкоски беше директор на ЕЛЕМ струјата поскапе за 100%. Поради скапата струја, Семејствата беа принудени да преминуваат на поевтини и помалку еколошки начини на греење.Тоа беше директна причина за зголемување на загадувањето на воздухот.Мицкоски ја поскапе струјата, граѓаните се префрлија на загревање со огев, со што тој носи голема одговорност за зголеменото загадување“, велат од СДСМ.Од партијата додаваат дека за разлика од црните 11 години на ВМРО-ДПМНЕ, денес се преземаат заеднички напори со сите надлежни институции, како на локално, така и на национално ниво преку сет на мерки на краток, среден и долг рок за решавање на проблемот со аерозагадувањето.„Интезивно се спроведува проектот за гасификација кој што покрај помали сметки за граѓаните ќе допринесе и за значително помала загаденост. Во завршна фаза е 36 километарската делница на гасоводот Неготино-Штип, се работи и на поврзување на магистралниот гасовод од Неготино преку Кавадарци, Прилеп па се до Битола, долг 92 километри. Интензивно се работи на гасификација на Скопје, делницата од Тетово до Гостивар но и во другите градови.Паралално се спроведуваат низа мерки согласно планот за чист воздух, интезивно зазеленување, контрола на депониите и загадувачите, набавка на еколошки автобуси, субвенции за еколошко греење на граѓаните, замена на нееколошките енергенси, еколошки мерки во сообраќајот...Мицкоски ја поскапи струјата за 100 отсто, ги принуди граѓаните на поевтино и нееколошко греење, СДСМ системски го решава проблемот со загадениот воздух“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

vmro_dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: Уште колку убиства треба да стори егзекуторот што го ликвидираше Мартин Јанушев пред да биде затворен?

СДСМ дозволи со улиците да царуваат криминалците, лихварите и насилниците. Црнило го зафати МВР. Граѓаните не се безбедни ниту надвор, ниту во своите домови. Стотици криминалци беа пуштени од затворите и затоа сме сведоци на огромен број грабежи, убиства, вооружени пресметки, запалени автомобили, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Оливер Спасовски наместо со ред и мир се занимава со матни зделки и сомнителни тендери. Затоа криминалците чувствуваат закрила и дивеат во Македонија. Секој обичен човек во Македонија се плаши за својот живот, за животот на своите деца и своите најблиски. Чесниот граѓанин се плаши не биде застрелан како обичен минувач или ограбен на улица или дома“, велат од партијата,Оттаму додаваат дека Оливер Спасовски со својата неспособност и некомпетентност дозволил министерството за внатрешни работи да се претвори во институција за прогон на неистомислениците на власт, а нем сведок и заштитник на криминалот.„Уште колку убиства треба да стори егзекуторот што го ликвидираше Мартин Јанушев пред да биде затворен? Уште колку автомобили треба да изрешетаат бандитите кои среде Скопје крвнички погубија две лица, пред да бидат најдени и приведени од Оливер Спасовски?Ова мора да престане, затоа што се работи за животите на луѓето, за безбедноста на децата, за иднината на нашата земја. ВМРО-ДПМНЕ го бара тоа што го бараат граѓаните, Оливер Спасовски да си поднесе оставка и да се тргне од министерската позиција. Секој поминат ден значи ново насилство, нов изгубен живот, поголем криминал, поголема корупција, нов грабеж, уште поголемо црнило“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

„Македонија-Блокира“ ќе го блокира патот Кичево – Охрид кај село Другово

„Македонија-Блокира“ најави дека денеска во периодот од 13:00 до 15:00 часот ќе го блокира патниот правец Кичево-Охрид кај село Другово.„Македонија- Блокира“ го реафирмира својот став дека во овој момент сите национални и патриотски сили имаат обврска единствени и сплотени да се борат против уставните промени со кои се брише се што е македонско. Го повикуваме Зоран Заев и министерот во МВР Оливер Спасовски да се вразумат и да не провоцираат како во случајот со блокадата на патот Охрид – Струга кога полицијата ја спречи блокадата оти работите лесно може да излезат од контрола, дотолку повеќе, блокадите од „Македонија-Блокира“ продолжуваат до финалната одлука – или марионетската власт ќе избрише се што е македонско или Македонија ќе победи. Оваа битка ќе биде решена со спречување на промена на Уставот, распуштање на Собранието и распишување избори со еден услов, а тоа е избори без Зоран Заев како премиер. Оваа борба е света должност и затоа Македонија ќе победи“, соопштија од таму.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Тројца уапсени, еден во бегство за пукањето во економскиот директор на гинекологија Валон Беља

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Насилство од чл.386  ст.6  во врска со ст.3 и во врска со ст.1 од Кривичниот законик.Тројцата се осомничени дека на 20.12.2018 година, на паркингот позади маркет во Чаир, извршиле грубо насилство со кое предизвикале тешка телесна повреда кај едно оштетено лице, а во јавноста предизвикале чувство на несигурност и страв.Осомничените му се приближиле на оштетениот и го нападнале удирајќи го со тупаници по лицето и телото. Непознато машко лице, кое било заедно со нив, извадило огнено оружје и со него испукало два куршуми. Притоа го погодил оштетениот во десната потколеница и му нанел тешка телесна повреда.Тројцата осомничени се лишени од слобода и ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка, а непознатото лице инволвирано во настанот е во бегство.Надлежен јавен обвинител, ценејќи дека се исполнети законските основи, до судија на претходна постапка достави и Предлог за определување мерки на претпазливост за осомничените – забрана за напуштање на живеалиште, обврска да се јавуваат повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патните исправи, како и забрана да му се приближуваат на оштетениот.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Сончево со умерена облачност, од утре се очекува снег

Денес времето ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб, а во југоисточните делови умерен северозападен ветер. По котлините претпладне ќе биде магливо и студено, а попладне се можни кратки сончеви периоди. Утринската температура ќе се движи од -3 до 5 степени, а дневната од 4 до 12 степени.Во Скопје ќе биде магливо и студено со температура од -2 до 4 степени.Утре кон крајот на денот се очекува нов влажен бран со врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежите ќе продолжат и во текот на ноќта и во вторник претпладне, а поради спуштање на студена маса од север, ќе преминат во снег и на некои поиски места, особено во северните делови. Во вторник ќе дува умерен до засилен северозападен ветер што ќе услови значително опаѓање на дневната температура. Потоа во наредните денови ќе биде стабилно со ниски утрински температури 

Македонија | пред 7 години

policija-22

Пронајдени двете малолетни девојчиња

По преземени мерки од страна на полициски службеници се пронајдени С.К(14) и Т.К. (13), кои во петокот (21.12.2018) во Полициската станица Бит Пазар нивниот татко М.К(36) пријави дека се оддалечиле во непознат правец.  

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања