Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Скопје1.мк

Нема фотографија

Сообраќајка во Охрид, едно лице итно пренесено во болница

Вечерва околу 21 часот во Охрид, се судриле две возила на улица Железничка.Според информациите едно лице е итно пренесено во болница.Се уште нема информации како настанала несреќата.

Македонија | пред 7 години

instagam-phone

Која е најлајкуваната фотографија на Инстаграм за 2018 година

Во 2018 година се издвои една фотографија која собра најмногу лајкови.Станува збор за фотографија на Кајли Џенер која првпат објави дека станала мајка со фотографија од бебето. Имајќи предвид дека таа успеа да ја скрие бременоста од јавноста, фотографијата направи бум и собра над 18 милиони лајкови.https://www.instagram.com/p/Be3rTNplCHf/?utm_source=ig_embedНа второ место се најде Џастин Бибер и неговата фотографија со која објави дека се свршил со Хејли Болдвин.https://www.instagram.com/p/BlBvw2_jBKp/На трето место повторно е фотографија на Кајли Џенер со нејзината ќерка Сторми.https://www.instagram.com/p/BfzEfy-lK1N/?utm_source=ig_embed

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

По цунамито, силен земјотрес ја стресе Индонезија

Земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала го погоди западниот дел на Суматра во Индонезија, соопшти денес американската Агенција за геолошки истражувања.Потресот бил регистриран во 15:03 часот по средноевропско време, а епицентарот се наоѓал на длабочина од 105,8 километри.Индонезија доцна синоќа ја погоди цунами, а според последните информации животот го загубија 222 лица, 843 се повредени, а за исчезнати се вода 28 лица.

Свет | пред 7 години

UaYct-

ОЈО Струга гони три лица за трговија со дрога

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица, државјани на Република Албанија, за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.Осомничените на ден 22.12.2018 година околу 1.40 часот како соизвршители неовластено заради продажба пренесувале шеесет и девет килограми и триста и десет грама дрога – марихуана. Дрогата претходно ја спакувале во црни најлонски ќеси и ја пренесувале на магистралниот пат Струга – Ќафасан во близина на с. Франгово. При што биле откриени и приведени од страна на овластени службени лица на Министерството за внатрешни работи.Надлежниот обвинител ценеше дека постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, поради што до судија на претходна постапка од Основниот суд Струга достави предлог за определување на мерката притвор за тројцата осомничени.​

Македонија | пред 7 години

posta

Притвор за крадецот кој упадна во поштата во Пилеп со безбол палка

По поднесена кривична пријава од Министерството за внатрешни работи против едно лице од Прилеп, на возраст од 35 години, Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка за сторено кривично дело Разбојништо.Осомничениот на ден 13.12.2018 година, во претпладневните часови со намера противправно да присвои туѓи подвижни предмети, со употреба на сила и опасно орудие-безбол палка одзел парични средства во износ од 35.460 денари од пошта  сопственост на оштетеното АД за поштенски сообраќај „Македонска Пошта” во државна сопственост – подружница Прилеп.Осомничениот маскиран со качунка на главата влегол во поштата држејќи во рацете дрвена безбол палка му се заканил на вработениот-оштетениот дека непосредно ќе нападне врз неговиот живот и тело, па подавајќи му хартиена кеса му рекол да му ги предаде парите што биле во касата. Потоа осомниченото лице со безбол палката го скршил шалтерското стакло кое се распрскало на парчиња и едно од стаклените парчиња удрило во лицето и десното око на оштетениот, со умисла нанесувајќи му тешка телесна повреда, со што го сторил кривично дело Разбојништво.Надлежниот јавен обвинител поднесе предлог за определување на мерка притвор до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Прилеп, по кој предлог судијата на претходна постапка донесе решение со кое на осомничениот му определи мерка притвор во траење до 30 дена.​

Македонија | пред 7 години

policija-22

Кршел чаши во угостителски објект бидејќи не му дозволиле да остане до подоцна

На 23.12.2018 год во 01.50 часот пријавено е дека на ул.Венјамин Манчуковски во Скопје, во угостителски објект Н.Б. го нарушил јавниот ред и мир со кршење на чаши и други предмети и агресивно се однесувал кон вработените затоа што не му било дозволено да остане во објектот по завршувањето на работното време.Против Н.Б. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 7 години

pistol-vperen

Ги блокирал со автомобил, па им се заканувал со пиштол

На 23.12.2018 година во 03,20 часот во Полициската станица Тетово, А.И. (24) и А.С. (22) од Тетово пријавиле дека околу 03 часот, откако излегле од дискотека лоцирана на ул.„Маршал Тито“ се упатиле кон нивните возила кои биле паркирани на истата улица.Пред нивните возила било паркирано друго возило, од кое не можеле да заминат. По кратко време дошол И.И. (39) од с.Мала Речица и почнале расправија околу паркирањето. И.И. им се заканил со пиштол.По преземени мерки, И.И. е лишен од слобода. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

ums-konferencija

(ВИДЕО) 27ма Годишна конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ

Вечерва се одржа 27 мата годишна конференција на унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. Обраќања имаа в.д. Претседателот на УМС, Јован Јаулески и лидерот на партијата Христијан Мицкоски.Онака насилнички, со целосно газење на волјата на народот тргнаа да го менуваат името и идентитетот. Најлажливо креваа димни завеси, правеа операции, се препелкаа во сопствената жива кал само да го намалат срамот. Ама срамот со промената стои, останува, не се трга таа лузна испишана во душата на секој Македонец. Боли затоа што името е во прашање, но и идентитетот, нашето минато, културно историско наследтсво, историја и образование, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната 27 Годишна конференција на Унијата на млади сили на партијата.Мицкоски рече дека она што најмногу боли е тоа што во очи го лажат и понижуваат народот, додека ја кршат кичмата, додека го стегаат ременот, и го одземаат воздухот…-И нема поганост, нема валкана работа која тие ја направија, а толку многу јасно не ја видовме во овој процес. Притисоци, скршени луѓе, измачувања и играње со човечки судбини, уценети пратеници, луѓе кои си го погазија достоинството, ја голтнаа честа и ја поклонија душата на нечестивите. И сето ова на грбот на граѓаните. Таквата трговија која ја правеа за обезбедување на мнозинство во Параламентот поради тоа што немаа мнзоинство и поддршка од народот сакаа да ја засенат со милион пердуви, лажни теми за да се одвлече вниманието. И еве сега денес, кога пердувите ги нема, кога легнува прашината, да ги прашам луѓето од власта свесни ли сте што направивте? Колку многу го разоравте и поделивте општеството? Колку само болка му нанесовте на Македонецот? Му заривте нож во грбот. Му заривте нож во срцето! Го разочаравте. Спиете ли со мирна совест? Колку само многу ја заглавивте државата во безизлез?, праша Мицкоски.„Владејачката структура, го разградува секој дел од општеството, го понижува народот, ги уценува пратениците“, исткна меѓу другото лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христјан Мицкоски.„Младите се соочени со многу предизвици, но и се способни да ги надмината, беше речено во обраќањата. Паметните се замолчани од власта, многумина се в затвор, власта не научи да не и веруваме“, рече Јаулески. https://www.facebook.com/UMSVMRODPMNE/videos/303948913586147/

Скопје | пред 7 години

policija-3-640x382

Додека работел на нива нашол тело на маж

Вчера околу 14,30 часот во Полициската станица Гази Баба, И.Б. (36) од с.Јурумлери-Скопје пријавил дека додека извршувал земјоделски работи во неговата нива, забележал тело на маж.Од страна на медицинско лице констатирана е смрт без траги на насилство и утврдено е дека станува збор за Р.Ј. (63) од с. Петровец, кој претходно бил пријавен за исчезнат.По наредба на јавен обвинител  телото на починатиот е дадено за обдукција.

Скопје | пред 7 години

kniga-zalost-9-1

Заев: СДСМ сака да се почитува волјата на Стојаноски

Советниците од редовите на СДСМ ќе го предложат Констатнин Георгиевски за в.д. градоначалник на Охрид и ќе разговараат со останатите партии сите заедно да застанат зад неговиот избор на оваа привремена функција, а со тоа ќе се испочитува волјата на покојниот градоначалник Јован Стојаноски кој го назначил Георгиевски за негов заменик.Првиот човек на СДСМ Зоран Заев, вели дека правото на глас го имаат советниците и централната власт во тоа неможе ни да се меша ни да наложи нешто, но генерално неговата партија сака да се испочитува тоа што покојниот градоначалник го потпишал во време на својот живот, а се однесува на негов заменик.„Константин е заменик градоначалник поставен од покојниот градоначалник Јован Стојаноски. СДСМ и советниците сакаат тоа да се испочитува. Ќе разговараат и утре со ВМРО ДПМНЕ , со ДУИ , Алијансата и со Беса. Скаат да се постигне консензус и да го постават. Така сум јас информиран од охридската организација на СДСМ, а правото останува на советниците во Советот на Општина Охрид “ - изјави Заев за „Скопје 1“.Јавноста во Охрид и аналитичарите деновиве едногласно побараа да се почитува волјата на покојниот градоначалник.

Македонија | пред 7 години

6-6

(ВИДЕО) Славева: Макрадули ветува формирање на Фонд за животна средина кој беше укинат од СДСМ во 2005

Скопје се гуши. Загаденоста во Скопје бележи рекорди, а Владата и ресорниот заменик министер за животна средина, Јани Макрадули се кријат, иако пред изборите ветуваа и го лажеа народот, вели Маја Славева од ВМРО-ДПМНЕ.„Токму Макрадули и денес се уште го лаже народот со програми против загадувањето, но во реалноста не се случува ништо. Нема проекти, се кратат средства и ништо не се прави со аерозагадувањето кое од ден на ден е се поголемо.Парите се трошат ненаменски и без никаков ефект. Во последните три години, според Државниот завод за статистика, во Буџетот на Република Македонија се слеале околу половина милијарда евра од даноци поврзани со животната средина. Од тие средства Владата на СДСМ издвојува само 1,6 милиони евра за загадувањето на воздухот, а згора на тоа бара уште пари од донации.Секогаш ред неспособност, ред лаги, ред неодговорност, ред манипулации од Владата на СДСМ.Еве уште еден доказ за неодговорноста и манипулациите на новата власт“, вели Славева.Таа додаде дека Јани Макрадули со целата своја неспособност ветува формирање на Фонд за животна средина. За да биде апсурдот на неговите ветувања поголем, тој фонд којшто Макрадули го ветува постоеше во Република Македонија од 1995 година и беше прв таков фонд во регионот.„Тој фонд беше укинат од страна на СДСМ во 2005 година во време кога Макрадули беше пратеник.Во Службен Весник од 5ти јули 2005 година се објавени измените според кои во дел од финансирање на активностите во областа на животната средина, во Член 220, стои: „Со денот на влегување на сила на овој Закон, Фондот за заштита и унапредување на животната средина и природата основан со Законот за заштита и унапредување на животна средина и природата престанува со работа“.Патем, дали судбината на овој Фонд е да биде нов фонд за иновативно испумпување на народни пари во партиски џебови?Црни лаги, црн воздух, СДСМ ја направи Македонија црна држава.Макрадули, разбуди се! Не дреми, работи нешто за тоа те плаќаат граѓаните.Тие не заслужуваат да се гушат од црните лаги и црниот воздух“, изјави Славева

Македонија | пред 7 години

Vasko-Paskali

ЕКСКЛУЗИВНО - Васко Паскали именуван за директор на НП Галичица

Разрешен досегашниот директор на НП Галичица, Андон Бојаџи, а на негово место именуван е Васко Паскали.Паскали за нашиот медиум ја потврди информацијата.Неофицијално Бојаџи бил разрешен поради вербална расправa со министeрот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Македонија | пред 7 години

tepacka1

Тепачка во скопска кафеана

Ноќеска околу 03 часот, Ј.К. (19) од Скопје пријави дека вчера околу 23 часот во угостителски објект на ул. Скупи, бил физички нападнат од С.К. од Скопје додека седеле на иста маса во објектот.По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Скопје | пред 7 години

42576122_1157758107740790_8808418367166742528_n

Најбрз Дедо Мраз - Никола, а најбрза Баба Мразица - Рената

Денеска во Скопје се одржа дедомразовска трка. Во центарот на главниот град, огромен број мали и големи учесници облечени во костими на Дедо Мраз ја истрчаа патеката долга два километра, која покрај забавен имаше и натпреварувачки карактер.За најбрзите – Никола Таневски во машка и Рената Соколовска во женска категорија беа предвидени награди, а најмалите учесници во трката ги добија заслужените пакетчиња.Дедомразовската трка се одржува по јубилеен 5-ти пат, со што Скопје се придружува кон светските метрополи кои одржуваат ваков настан

Скопје | пред 7 години

valjon1-37lq51x63jpiw310m5hr0g

Дух во истрагата- ниту Ваљон Беља знае кој пукал во него, ниту соучесниците го познавале

Економскиот директор на Гинекологија Ваљон Беља ги познал тројцата напаѓачи кои со тупаници го претепале на паркингот во Чаир и ги посочил на полицијата, дознава Телма од извори блиски до истрагата. Но не го знаел пиштолџијата кој го застрелал во нога. Не само Беља туку и другите тројца приведени кои биле со него вечерта тврделе дека не го познаваат четвртиот напаѓач, велат изворите на Телма. Тој засега е како дух. Се води како непознато лице кое треба да го открие истрагата, објави Телевизија Телма.Беља е се уште во градската хируршка болница Св Наум Огридски во стабилна состојба и надвор од животна опасност. Откако ќе излезе, напаѓачите не смеат да му се доближуваат. Тоа е една од мерките што им ги определи судот на предлог на обвинителството доцна нокеска. Останатите мерки се забрана да го напуштаат градот, редовно да се јавувауваат во суд и одземен пасош. Тројцата се осомничени дека на извршиле грубо насилство и тешко го повредлие Беља а со тоа во јавноста предизвикале чувство на несигурност и страв. За кривчното дело насилство за кое се осомничени предвидена е затворска казна од 3 до 10 години.Осомничените му се приближиле на оштетениот и го нападнале удирајќи го со тупаници по лицето и телото. Непознато машко лице, кое било заедно со нив, извадило огнено оружје и со него испукало два куршуми. Притоа го погодил оштетениот во десната потколеница и му нанел тешка телесна повреда, велат од ОЈО Сјопје.Мотивот за сега официјално не се соопштува. Медиумите пишуваа дека економскиот директор на Гинекологија имал несогласувања со градоначалникот на Чаир Висар Ганиу затоа што му била стопирана општинската плата. Од општината негираа вмешаност на градоначалникот. Изјавата на министерот Спасовски дека Ганиу добивал закани од Беља, за што имало и пријава во МВР, укажува дека постоело некакво несогласување мегу двајцата функционери на ДУИ.Од партијата пак тврдат дека инцидентот не е поврзан со ДУИ.Добро информирани партиски членови коментираат дека тупаниците и пукањето во колено било предупредување за Беља дека следниот пат нема да преживее. Овие пресметки упатните ги коментираат и како покажување на моќ но и позиционирање во време кога се прават смени во партиските и државните функции.Се очекува дилемите да се расчистат во истрагата особено по исказите што пред обивнител треба да ги дадат и оштетениот Беља и тројцата осомничени.Беља и е познат на јавноста по повеќе инциденти кои директно или индиректно се поврзуваат со него. Токму затоа неговото именување за економски директор на Гинекологија предизвика реакции во Јавноста.извор: Телма

Скопје | пред 7 години

kabaeva-1

Приватниот живот на Путин, најчувана тајна, но која е Алина Кабаева?

Еден од најмоќните политичари Владимир Путин, за својот приватен живот дозволува да се открие само она што сака тој да знаеме. Рускиот политичар веќе 12 години е на водечка позиција и има неверојатно силна контрола врз медиумите во Русија.Во една пригода тој дури изјави: „Имам приватен живот во кој не дозволувам мешање и тоа треба да биде почитувано.“На годишната конференција за медиуми на рускиот претседател Владимир Путин еден новинар го постави прашањето – кога планира да се жени и со кого? Ова прашање покрена лавина прашања за венчавката на Путин со Алина Кабаева.Шефот на Кремаљ се насмевна на прашањето одговарајќи дека секако во иднина планира повторно да се венча.– Како пристојна личност ќе морам да го сторам тоа кога-тогаш, одговори Путин.По оваа изјава на Путин, медиумите ширум светот започнаа да објавуваат фотографии од прекрасната Русинка која веќе 10 години ја поврзуваат со моќниот руски политичар, од кои 6 тој беше во брак со неговата претходна сопруга Људмила. Се погласни се оние кои јавно говорат дека Пурин и Кабаева се заедно веќе веќе 10 години.А Која е Алина Кабаева (35) ?Таа стекна слава како успешна ритмична танчарка. Има освоено две олимписки златни медали, 14 медали од светски натпревари и 25 медали од европски натпревари. Tокму нејзината кариера на гимнастичарка ја довела до средба со Путин.По нејзината успешна спортска кариера, Кабаева работеше 6 години како пратеник од партијата на Путин.Потоа во 2014 година беше назначена на чело на голема медиумска агенција за промовирање на Кремљ, без претходно искуство во оваа област.Шпекулациите одат до таму што Кабаева можеби и веќе е во брак со Путин и Наводно имаат две деца.Во многу пригоди таа е видена со прстен што наликува на свршенички, а со оглед на тоа што наводно се состануваат 10 години има смисла.Медиумите ја ловат во друштво на две деца, а најверојатно нивен татко е Путин. Кабаева ги криела бременостите и тајно се породила.

Магазин | пред 7 години

celik

Производителите на челик и алуминиум од следната година со ограничен извоз во ЕУ, се соочуваат со загуба од 100 милиони евра годишно

ЕУ воведува квоти за извоз на македонскиот челик и алуминиум во траење од три години. Европската комисија во потокот попладне упатила нота до Македонија со која се известува за воведување на заштитни мерки за извоз на овие производи, чие надминување ќе ги чини компаниите 25% царина. Досега овие производи беа извезувани без царина. Ова денеска на брифинг го соопшти вицепремиерот за евроинтеграции, кој додаде дека се прават напори од страна на владата оваа мерка да не биде воведена за Македонија.– Согласно новата формулација, земен е просекот на извоз на овие компании од 2015, 2016 и 2017 година зголемен за пет отсто раст. Сè што е над тој износ ќе биде царинето со 25 отсто. Тоа ќе значи големи проблеми за нашата индустрија на челик и алуминиум, која сериозно придонесува во БДП на државата. Проценките се дека штетата би можела да биде до 100 милиони евра на годишно ниво на извозот – рече Османи.Привремените мерки ЕУ ги воведе во јули, а наведените конечни мерки треба да траат три години. Од Владата, вели Османи, не се откажуваат од обидите да ја убедат ЕК дека Македонија треба да биде исклучена од овие мерки.

Македонија | пред 7 години

sluzben-vesnik

Законот за јазици до Службен весник без потписот на Иванов

Владата нема да чека потпис за да биде објавен Законот за употреба на јазиците, ниту од актуелниот претседател Ѓорге Иванов, ниту од неговиот наследник. Овој закон и Договорот од Преспа, претседателот на Парламентот, Талат Џафери, ќе ги достави до Службен весник, веднаш по усвојувањето на уставните амандмани, објави Алсат.„Не очекуваме, ниту се надеваме дека ќе имаме договор со претседателот во однос на Законот за јазиците. Мислам дека по завршувањето на процесот на уставни измени ќе биде објавен и договорот со Грција, како предуслов за продолжување на процесот а исто така, ќе биде објавен и Законот за јазиците. Двата закона ќе бидат испратени и објавени во Службен весник со потпис само на претседателот на Собранието. Тоа е во рамки на неговите обврски и е резултат на непочитување на Уставот од страна на Претседателот”, рече Бујар Османи, вицепремиер за европски прашања.Османи додаде дека Македонија е целосно уверена дека актуелната грчка влада го има потребно парламентарно мнозинство да го ратификува Преспанскиот договор и протоколот за членство во НАТО. Македонските власти не сметаат дека договорот е во опасност и покрај заканите на коалицискиот партнер на Ципрас, Панос Каменос, дека ќе ја напушти власта кога оваа точка ќе дојде на дневен ред во грчкиот парламент.извор: Алсат

Скопје | пред 7 години

stapici-5

(ФОТО) Стапици, сајли примки,најсуров метод за мачење на животни на граничен појас помеѓу Р. Македонија и Р.Албанија

„Ова се стапици, сајли примки,најсуров метод за мачење на животни на граничен појас помеѓу Р. Македонија и Р.Албанија попрецизно од 3.до 4 километри длабоко на Македонска територија место викано Војтино, најболната точка на Нац“, напиша на својот ФБ профил Ѓуро Јовчески ренџер од НП Галичица.Во продолжение на својата објава Јовчески пишува:„Парк Галичица, да бидам попрецизен во 2004 година со препорака на Нато стандардите прекинаа да се обезбедуваат границите кои беа под ингеренции на АРМ и преминаа во ингеренции на МВР поточно на Гранична Полиција, се затворија караулите се створија идеални услови за шверц, криволов, дрвокрадство, 12 години сум постојано на горенаведеното место со полицајци од граничен премин Св Наум, за кој ке кажам се најдобро за нивниот ангажман како и за нивните претпоставени, многу пати заеднички се фатени лица на лице место на дело во криволов во бесправна сеча на дрво, во шверц со дрога и друга забранета роба, но потенцирам на крајот сега ке објаснам што е поентата сиот доказен матријал оди во Основен Суд Охрид односно Основно Јавно Обвинителство, но веќе наредниот ден и покрај одредениот притвор лицата експресно се ослободуваат и се праќаат во шиприја како хероји иако со цврсти докази на лице место се фатени на дело во бесправни дејствија, на кого му одговарат отворени граници да качаци пустошат шуми, пустошат животни и шверцаат дрога и ги трујат нашите деца, имам полна архива со доказен материјал за сиве 12 години од на лице место и ке ги објавувам постепено и за скоро пред основниот корумпиран суд охрид пред медиуми, бидејки го штитат криминалот поточно убијци, разбојници, дилери на дрога а судат некој за две векни леб.наскоро ке ги објавувам сите докази и записници од лице место како и кој биле ибвинители и судии во тие процеси, најуредно ве замолувам без политички коментари бидејќи постов нее од таа тема а и проблматикава е стара близу 15 години“, напиша Јовчески.

Македонија | пред 7 години

pelenica

Министерството за образование ги забрани екскурзиите кај депонијата со линдан

Мининистерството за животна средина и просторно планирање испратило допис до Министерството за образование и наука да не се организираат екскурзии во Пеленица, Драчево, местото за кое „Мета“ пишуваше дека има сомневање дека се наоѓа необележана депонија со канцерогениот линдан кој потекнува од фабриката ОХИС.„Во Министерството за образование и наука, стигна допис од МЖСПП по кое ќе постапиме, односно ќе им наложиме на општините како основачи на училиштата, таму да не се одржуваат екскурзии“, велат од МОН за „Мета“.Министерството за животна средина, вети дека до крајот на годината ќе го огради просторот во Драчево за кој постојат сомневања дека се наоѓа дивата депонија со 8.000 тони токсичен линдан.Државната секретарка во МЖСПП, Ана Петровска, во разговор за „Мета“ рече дека ќе биде испратено укажување до Министерството за образование и наука во Пеленица да не се организираат ученички екскурзии додека не се утврди опасноста.-Алармирано е и до владата и до нас како Министерство и во овој момент ќе се преземе акција согласно член 42 од законот за отпад кој што не овластува нас како надлежен орган, пред да се докаже опасноста, бидејќи уште не е докажана, а за да ја докажеме ќе ни треба и време и ресурси, барем да го оградиме просторот за кој што се претпоставува дека е локација. Таа е во ненаселен простор, но е близу некој манастир, каде што деца одат на екскурзија. Со други зборови, ние како орган, до крајот на годината, имаме обврска да го оградиме тој простор и да поставиме одредена табла – рече Петровска.Линданот на оваа локација потекнува од фабриката ОХИС и таму го фрлале работници пред да се направат големата и малата депонија на територијата на фабриката каде што се проценува дека има помеѓу 40-50.000 тони контаминирана почва со линдан.Мета

Скопје | пред 7 години

stojance-keramidi-glava

(ВИДЕО) Стојанче Ангелов кршеше ќерамиди со глава

Стојанче Ангелов, поранешен полициски генерал, учесник во воениот конфликт 2001, претседател на ,,Достоинство“, сега вработен во М-НАВ, се пофали на ФБ дека на твитерџиска манифестација скршил ќерамиди со глава.,На барање на дел од твитер заедницата на вчерашното доделување на ,,Твитер награди“ скршив две ќерамиди, овојпат со глава. Целото видео од мојот настап, во текот на денот“-напиша Ангелов.

Магазин | пред 7 години

zaev

Заев стравува од раздор во СДСМ ако се кандидира за шеф на државата?

Зошто премиерот, по последните анкети кои ја потврдија стратегијата за консензуален кандидат на партнерите во власта- цврсто не демантираше дека нема да го трча претседателскиот натпревар? Практично, премиерот калкулира меѓу наоѓањето соодветна замена за себе, и дилот да се кандидира за претседател, дознава Алфа од високи владини извори, објави Телевизија АЛФА.Истите брифираат дека Заев го држи врелиот костен: од една страна договорот е тој да биде заедничката понуда на двата главни играчи во власта, но од друга, напуштањето на премиерската функција ќе значи внатрепартиски раскол во СДСМ за тоа кој да биде наследникот до крајот на премиерскиот мандат.Во моментот во СДСМ тлеат различни табори, велат нашите извори, и при евентуално напуштање на функцијата на Заев, ќе дојде до внатрепартиско соочување и пресметки за тоа кој да седне на жешкото столче. Темата била повеќепати отворана на состаноците меѓу раководството на „Бихаќка“ и очигледно било дека судирот меѓу доминантните табори може да доведе до сериозни проблеми со последици во однос на егзистенцијата на партијата.Ваквата раскрсница, пак им пречи на помалите коалициони партнери на Заев во власта, оти се незадоволни од игнорантскиот третман на премиерот кон нив- особено во делот на распределбата на функциите и вработувањата. Јавно незадоволството го изнесе ЛДП, а како што дознава Алфа, тие веќе знаат со кого ќе ја трчаат претседателската трка. Екс- пратеничката Ангелка Пеева Лауренчиќ е првото име за кандидат за претседател познато за сега. Иако неофицијално- сепак од ЛДП не ја демантираат оваа информација- инаку првично најавена од говорницата на конгресот на партијата од Милевски, кога нагласи дека многу е веројатно да настапат со сопствен кандидат.Во меѓувреме, најголемата опозициска партија вчера објави дека во февруари ќе го соопштат нивниот кандидат за претседател.Инаку, калкулациите околу амбициите на Заев се врзани и за преспанскиот договор, односно клучниот период што ја чека државава по нова година.-Нема да ја отвораме темата, ниту, пак, нешто ќе разговараме за тоа во политичките кругови пред одлуката на парламентот за уставните измени, изјави премиерот пред 4 дена во врска со неговата перспектива како консензуален претседателски кандидат, а само еден месец откако прво кажа дека нема претседателски амбиции.извор: Телевизија АЛФА

Македонија | пред 7 години

lekovi-apteki

(ВИДЕО Нова распределба на квотите на аптеките, Фондот за здравство најавува рамномерна прераспределба на лекови по аптеките

Фондот за здравство крати од големите и им дава повеќе пари на помалите аптеки. Од Нова година стапува на сила нова распределба на квотите за лекови на рецепт. Од Фондот уверуваат дека нема да има фаворизирање ниту недостиг на лекови уште во првите неколку денови од месецот.Околу 500 аптеки од вкупно 778 со кои Фондот има склучено договор ќе добијат рамномерно зголемување на квотите од 20 000 денари месечно. Утврден е и максималниот износ на квота кој изнесува 650 000 денари по аптека.“Сакаме да нагласиме дека сега со новата распределба сите аптеки добиваат фер услови за обезбедување на лекови на целата територијата на Република Македонија, што не беше случај претходно, бидејќи заради начинот на распределба на квотите во претходните години настанале и големи разлики во висината на износите на квотите на аптеките, а едно правно лице добивало и за 40 насто поголема месечна квота од просечната квота на сите останати аптеки во Република Македонија“, изјави директорот на ФЗОМ, Ден Дончев.Неофицијално, ланецот на аптеки Зегин е правниот субјект на кој ќе му биде намалена сумата за лекови на рецепт. Овој ланец на аптеки, според ФЗОМ, досега располагал со приближно 20 проценти од буџетот за лекови на товар на Фондот.Од ФЗОМ нагласуваат дека ќе има трансферирање на квотите, така што и големите ланци можат да си ги насочуваат квотите во тие аптеки каде што недостасуваат лекови.Заедно со новата распределба на квотите во почетокот на 2019 година ФЗОМ ќе распредели допонителни 120 милиони денари( скоро 2 милиони евра) за лекови на рецепт. Со ова велат од таму, буџетот за лекови ќе се зголеми од 2 милијарди и 900 милиони денари на најмалку 3 милијарди и 20 милиони денари.

Македонија | пред 7 години

Fotografija-1

(ВИДЕО) Полицијата не дозволи целосна блокада на магистралниот пат Скопје - Охрид , кај Кичево

Според најавата денеска „Македонија-Блокира“ со руски знамиња и жолти елеци на чело со Јанко Бачев го блокираше магистралниот пат Скопје - Охрид , кај Кичево. Блокадите се дел од активностите за протести и блокади и надвор од Скопје и со цел спречување на промена на Уставот.Но, кај месноста Другово во Кичево, полицијата не дозволува целосно блокирање на магистралниот пат и покрај најавата.Протестниот марш се одвивше без проблеми со зголемено присуство на полицијата.https://www.facebook.com/EdinstvenaMAKEDONIA/videos/221418745412647/https://www.facebook.com/klime.noveski/videos/10218918136888512/https://www.facebook.com/klime.noveski/videos/10218917919443076/

Македонија | пред 7 години

zaevi

(ФОТО) Сопругата и ќерката на Заев на пред празнично уживање во Германија

Сопругата и ќерката на премиерот Зоран Заев, Зорица и Александра се на пред празнично патување во Германија.Александра ќерката за премиерот на својот Инстаграм профил, објави фотографија со својата мајка, како уживаат во прошетките низ Франкфурт во божиќна атмосфера.Александра е постарата ќерка на Зоран и на Зорица Заеви, кои се родители и на синот Душко.

Магазин | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања