Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

zaev-mickoski

Заев, Анѓушев и Тевдовски ја донесоа економијата до колапс, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

„Црното економско трио на владата на СДСМ Зоран Заев, Кочо Анѓушев и Драган Тевдовски ја донесоа македонската економија до колапс. Залудни се обидите на власта со соопштенија да го замајува народот за наводните подобри услови за живот кои никој реално не ги почувствува.Фактите говорат дека оваа влада не донесе ниту една поголема гринфилд инвестиција иако повеќе од две години се на власт. Странските инвеститори ја избегнуваат Македонија и парите ги инвестираат во соседните држави.Граѓаните се уште ја чекаат ветената просечна плата од 500 евра. Докторите се уште чекаат 100.000 денари плата.Над 500.000 наши граѓани живеат на прагот на сиромаштијата. Речиси 50 отсто од младите се невработени.Македонија има најмал раст на БДП во Европа. Реализацијата на капиталните инвестиции се очајни 6,2 отсто за првите три месеци што само ја потврдува неспособноста на оваа власт.Дури 70 отсто од граѓаните земаат плата помала од просечната која и така не стасува за подмирување на основните потреби за живот.Повеќе од 70 отсто од младите сакаат да ја напуштат земјава и подобар живот да бараат во странство.Бенефит имаат само фирми блиски на раководството на владејачките партии кои редовно ги добиваат големите тендери за набавки од парите на граѓаните.Тоа е начинот на кој СДСМ ја разбира економијата. Тоа се резултатите на работењето на оваа влада“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

mickoski

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека СДСМ манипулира за да ги скрие погрешните политики

„Владата на Заев и СДСМ може да манипулираат со бројки колку што сакаат но нивните погрешни политики во земјоделството на свој грб најдобро ги чувствуваат земјоделците.Впрочем за негрижата на владата најдобро говори фијаското со откупот на раноградинарските производи, праските, зелката, грозјето, сливите јаболката, а најново и проблемите на оризопроизводителите.Оваа власт покажа целосна негрижа за потребите и проблемите на земјоделците. Министерот за земјоделие повеќе го интересираат скапи шопинзи во Дубаи, отколку земјоделската мака на народот.Земјоделството, како и се друго во Македонија тоне, додека оваа влада самата себе се залажува со нереални бројки“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

vucic

Вучиќ доаѓа во Скопје за Пендаровски: Се надевам дека ќе имаме добра соработка

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, утре ќе престојува во Скопје на инаугурацијата на новоизбраниот претседател на Република Македонија, Стево Пендаровски, потврди неговиот кабинет.Веднаш по победата на Пендаровски на претседателските избори, српскиот претседател му упати честитка по повод изборот на Пендаровски.Ви го честитам изборот за претседател на Северна Македонија, со желби за успех на одговорната должност. Се надевам дека во иднина ќе воспоставиме добра соработка. Очекувам особено да ја потикнеме соработката во областа на економијата, како и во сите други области од заеднички интерес, а во корист на граѓаните на нашите две земји, пишува во честитката на Вучиќ до Пендаровски.

Македонија | пред 7 години

ohrid-sonce-vreme-vremenska

Во наредните денови обилни врнежи, силен ветер и град

Облачно и нестабилно, со врнежи, грмежи и силен ветер, ќе биде времето во наредните денови. Како што информира УХМР, земјава ќе биде под влијание на серија влажни бранови.-Утре попладне и во наредните денови времето ќе биде претежно облачно и нестабилно, на повеќе места со обилни врнежи од дожд од над 50 литри на метар квадратен, а во крајните западни и југоисточни делови и над 70 литри. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град, наведува Управата.

Македонија | пред 7 години

missing-people

Исчезнале двајца малолетници од Скопје и девојче од Прилеп

На 10.05.2019 година во 12,30 часот во ПС-Чаир, Д.Т од Скопје,  пријавил дека на 09.05.2019 година околу 07,30 часот од дома во непознат правец се оддалечила С.Џ. (15), под старателство на пријавителот.На 10.05.2019 година во 17,40 часот во Полицискта станица-Чаир, М.М. од Скопје, пријавил дека на 09.05.2019 година од дома во непознат правец се оддалечила А.М.(14).На 10.05.2019 година во ПС-Прилеп, Т.Д (56) пријавил дека на 02.05.2019 година од дома во непознат правец се оддалечила неговата ќерка Х.Д(19).Се преземаат мерки за пронаоѓање на сите лица велат од МВР.

Скопје | пред 7 години

Mrtvo-telo-autopsija-2-620x350

Прилепчанец пронашол починато лице чие тело се распаѓало, МВР со детали

На 10.05.2019 година околу 14,00 часот во Полициската станица-Прилеп, Б.Ц пријавил дека во атар на с.Слепче под манастирот „Св.Никола“ пронашол починато машко лице чие тело било во фаза на распаѓање.Од извршениот увид утврдено е дека се работи за лицето В. Б (56) од с.Секирци, кој бил оддалечен од својот дом пред 7-8 дена, но не бил пријавен за исчезнат.

Македонија | пред 7 години

kamion-zapalen-pozar

Намерно запален камион сред ноќ во Скопје, изгорел целосно

На 11.05.2019 година во 01,13 часот пријавено е дека во с. Булачани на ул.1  , било опожарено товарно моторно возило „МАН“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на приватна фирма.На наведената адреса околу 16,30 часот товарното моторно возило „МАН“ го паркирал К.А(47) од скопско.Од страна на БППЗ пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. Товарното моторно возило е целосно опожарено. Увид ќе биде извршен во текот на денешниов ден. 

Скопје | пред 7 години

pozar-zgrada

ФОТО: Пожар во зграда во Гостивар, шест лица повредени

На 11.05 2019 година околу 04.40 часот во Гостивар, избувнал пожар во еден од подрумите во зграда на ул.„Мајор Чеде“.Од пожарот на лекарски преглед во Медицински центар Гостивар се јавиле три лица, а однесено е и шестмесечно бебе.Од извршениот преглед кај лицето З.М.  биле констатирани изгореници од втор степен во пределот на левата рака и вратот,кај А. С. изгореници од прв и втор степен во пределот на целото тело и кај В.С. изгореници од прв степен во пределот на лицето.Кај шест месечното бебе нема изгореници, констатирано е само вдишување на чад.Пожарот е локализиран. Увид ке се врши во текот на денов.ФОТО: Гостиварпресс

Македонија | пред 7 години

policija-leptokarija

МВР со детали за убиството на холандскиот газда во Тетово

На 10.05 околу 13.45 часот во СВР Тетово пријавено е дека во кругот на фирма лоцирана  во село Прељубиште во безсознание било пронајдено лицето Ј.М. (59), холандски државјанин и сопственик на фирмата.Од страна на итна медицинска помош, повикана на местото на настанот, било констатирано дека Ј.М. бил починат. Според првичните сознанија, на настанот му претходела расправија и тепачка меѓу сопственикот на  фирмата и лицето С.Р. од село Јанчиште вработено во истата.По насока на Јавен обвинител  екипа на СВР Тетово изврши  увид на местото на настанот. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадано на обдукција.Лицето С.Р е приведен о и задржано во ПС-Тетово. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на кривично дело “убиство“.

Македонија | пред 7 години

1-2-2

Иванов во заборав, ДИК го прогласи Пендаровски за претседател

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Оливер Деркоски го прогласи кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски за председател на државата.Дерковски му честиташе и најави дека денеска напладне ќе му го врачи на Пендаровски уверението за Претседател на Република Северна Македонија.

Македонија | пред 7 години

robert-popovski-2

Поповски: Феноменот на лажните вести го отвори прашањето за иднината на новинарството

Роберт Поповски, министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, во своето обраќање посочи дека феноменот на лажните вести го отвори прашањето за иднината на новинарството во дигиталната ера на начин кој е веќе алармантен.Користејќи ја развиената технологија, дезинформациите ги менуваат нашите општества, предизвикуваат конфликт, омраза, параноја, заговор. Во регионален контекст, лажните вести кои се насочени кон етничка, политичка и верска нетрпеливост се заеднички непријател на трендот на помирување на земјите од Западен Балкан и нивната конечна европеизација.Министерот Поповски нагласи дека активната транспарентност е, најлош и соодветен непријател на лажните вести и дезинформациите.„Транспарентноста и пристапот до отворени податоци, е изборот на Владата на Република Северна Македонија.Во согласност со своите темелни принципи за транспарентност и инклузивност, при донесувањето на законите и законските измени, целта на Владата е да се чуе гласот на медиумските професионалци. Ефектите на овие политики даваат резултати: Северна Македонија скокна за 14 места напред на последниот светски индекс за слободата на медиумите на Репортери без граници за 2018 година, и од 109 место во 2017, сега е на 95-тото. Ова е најдобар резултат за слободата на медиумите во Северна Македонија во последните пет години.Во претходните, мрачни времиња, бевме на 123 место“, рече Поповски.Во последните две години, за прв пат, после претходните 10 години, имаме повеќе критички текстови од пофалби, укажувања, сугерирања за работата на Владата, за медиумските слободи и права. Оваа Влада обезбеди услови за гласност, а не за молк. На врвот во политиките на актуелната Влада е концептот на отворена влада.ACTION SEE (проект финансиран од ЕУ) во последното истражување ја рангираше Владата на Северна Македонија на прво место и ја прогласи за најотворена меѓу владите од регионот.

Македонија | пред 7 години

Screenshot_9

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Поранешен полицаец разнесен со бомба на сред улица

42-годишниот Далибор Богдановиќ, нарекуван Боќа, е тешко ранет во синоќешна експлозија на џип во Нови Сад, а бил ранет и пред 5 години.Тогаш бил работник во полиција и комесар за безбедност во ФК Војводина, а ранет бил во стомакот и раката на 3. октомври 2014 година во 02:30 часот во центарот на Нови Сад.Поради проблематичниот карактер и контакт со разни сомнителни лица, последните години е распореден на административни работи во полициската станица во Нови Сад.

Свет | пред 7 години

Slika-S.Pendarovski

Косовски, бугарски, албански и турски политичари на инагурацијата на Пендаровски

Новоизбраниот претседател Стево Пендаровски денеска на седница на Државната изборна комисија ќе добие уверение дека е избран за шеф на државата. Претходно ДИК ќе одржи јавна седница на која ќе ги објави конечните резултати од претседателските избори.Пендаровски утре ќе биде инаугуриран на седница во Собранието на Република Северна Македонија, со што и официјално ќе го почне петгодишниот мандат.На седницата Пендаровски ќе даде свечена изјава пред народните избраници, членовите на Владата, верските лидери, првите луѓе на армијата, дипломатскиот кор и гости од странство.Претседателот на Собранието Талат Џафери за МИА изјави дека досега потврда за присуство на инаугурацијата на Пендаровски пристигнала од бугарскиот претседател Румен Радев, од албанскиот претседател Илир Мета и од косовскиот претседател Хашим Тачи. Присутни ќе бидат и заменик премиерот на Турција и делегација од Словенија, од каде, исто така, се очекува одговор дали нивната делегација ќе ја предводи лично претседателот Борут Пахор.Покани за присуство на инауграцијата преку Министерството за наворешни работи се испратени до сите шефови на држави членки на НАТО и ЕУ, вклучувајќи ги и претставниците на Европската комисија, како и од земјите од регионот.– Досега е потврдено присуството на претседателите на Бугарија, Албанија и Косово, Радев, Мета и Тачи, заменик премиерот на Турција и делегација од Словенија, рече Џафери.Седницата треба да започне напладне, а откако ќе биде отворена новоизбраниот претседател треба да даде свечена изјава, ќе има обраќање пред народните избраници, по што ќе следува свечен коктел.Пендаровски, кој беше поддржан од СДСМ и коалицијата, на втор круг од претседателските избори освои 436.212 гласа, или 51,66 отсто од гласовите на граѓаните кои излегоа на гласање.Стево Пендаровски ќе биде петти шеф на државата од нејзиното осамостојување. Пред него претседателската функција ја извршуваа Киро Глигоров, Борис Трајковски, Бранко Црвенковски и Ѓорге Иванов.

Македонија | пред 7 години

Screenshot_1-16

Во Нови Сад се случи пресметка како сцена од филм: Поранешен полицаец разнесен со бомба во својот автомобил

42-годишниот Далибор Богдановиќ, нарекуван Боќа, е тешко ранет во синоќешна експлозија на џип во Нови Сад, а бил ранет и пред 5 години.Синоќа во Нови Сад дошло до стравична експлозија во која експлодирал бел џип БМВ.Под џипот била подметната бомба со разорна моќ. Пожарникарите го извлекле телото на Далибор кој во тешка состојба бил префрлен во Ургентниот центар.Портпаролот на Итната помош Сања Ненадиќ Покрајац рекла дека нивната екипа го превезла во болница лицето, каде му била ампутирана потколеница. Инаку, Богдановиќ се суди и за обид за киднапирање. Поради силната детонација испукале и стаклата во околните објекти и згради.Извор: Република.мк

Свет | пред 7 години

Hodzaj-696x439

Косовски вицепремиер: Србија не се залага за мир, туку поттикнува војни

Косовскиот вицепремиер Енвер Хоџај, во реакција по повод вчерашната парада на српската војска во Ниш, го обвини Белград за провокација кон Косово, но и кон другите соседи, јави дописникот на МИА од Приштина.Хоџај на својот Твитер напиша дека воената парада претставува јасен доказ оти Белград не се залага за мир, туку поттикнува војни.– Вучиќ игра опасни игри. Тој ги собра воените злосторници во Ниш, на воена парада со руско оружје во близина на нашата граница. Ова не е само закана кон Косово, туку и кон другите соседи. Тоа е јасен доказ дека Србија не е земја која сака мир, туку нација која поттикнува војни, напиша Хоџај.На командувањето на парадата во Ниш од страна на генералот Владимир Лазаревиќ, кој е осуден од Трибуналот во Хаг на 14 години затвор, од кои одлежа 10, реагираше и амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Србија, Кајл Скот.– Срамно е еден осуден воен злосторник да маршира пред тие кои им оддаваат почит на сојузниците кои ги загубија животите борејќи се за правда и мир во Европа, порача Скот преку Твитер.

Свет | пред 7 години

zaev-metla

Првите функционери ќе добијат „метла“ во вторник - на тапет директори на институции

Кадровските промени во извршната власт, според информациите, не е исклучено да почнат уште следната недела, со тоа што на седницата на Владата во вторник би биле разрешени неколку директори на институции под капа на државата.Сепак, како што се најавува, очекуваната реконструкција ќе биде подолготраен и етапен процес, кој ќе се спроведува на повеќе нивоа. Динамиката на процесот, пак, зависи и од тоа кога ќе се одржи конгресот на СДСМ за анализа на изборните резултати, како и од фокусираноста на Владата во овој момент на прашања што се поврзани со евроинтеграциите, во очекување на европскиот самит по 20 јуни, кога треба да се донесе одлука дали земјава ќе ги почне преговорите со Унијата.Според владини извори, премиерот Зоран Заев има првични согледувања за тоа кои функционери би требало да бидат сменети или евентуално ротирани на други позиции. Сепак, се очекува да бидат направени дополнителни анализи околу ефикасноста на одредени институции или сектори во изминатиот период. Со оглед на тоа што Заев најави промени и во партиските тела, ќе се мери и учинокот на одредени функционери во внатрепартиското работење, нивната активност во базата и посебно вклученоста и остварените резултати за време на кампањата за претседателските избори.Повеќе на Независен.мк

Македонија | пред 7 години

e-1

(Видео) Паника на училиште: Евакуирани средношколци во САД поради пукање

Средно училиште во Калифорнија било евакуирано поради пукање во близина, пренесуваат американските медиуми. Како што се наведува, во моментов нема информации што точно се случува и дали осомничениот е уапсен.На социјалните мрежи се појавија и неколку видео снимки.На една од нив се гледа како учениците еден по еден излегуваат од училиштето со рацете кренати во воздухот. На друга се гледаат деца собрани пред фудбалски терен.Децата се евакуирани, а полицијата ги пребарува училниците, пренесоа медиумите.

Свет | пред 7 години

10-nacini-kako-da-go-prodolzis-zivotniot-vek-na-tvoeto-milenice-4

10 начини како да го продолжиш животниот век на твоето милениче

И милениците се невини и добродушни како и децата, се додека некој идиот не ги истренира да напаѓаат. Или пак не ги истрауматизира, па повторно да напаѓаат од страв. Кажав дека многу љубители на животните, ги третираат истите со љубов и внимание, додека пак други, ги врзуваат со ланец и им фрлаат јадење, како на роб.Таквите луѓе не ги нарекувам љубители на животните, туку идиоти.Идиот си ако го чуваш миленичето врзано во двор и не го шеташ, туку само му фрлаш јадење и мислиш дека треба да е задоволно и среќно што барем го раниш. Не, тоа милениче не е задоволно и среќно, туку несреќно и порадо би шетало по улици, отколку да биде во твојот двор со ланец на вратот, до крајот на животот.Ако се пронајде во ова, текстов не е напишан за тебе, туку за ВИСТИНСКИТЕ љубители на животни и оние кои сакаат да го продолжат животниот век на своето мичениче и сакаат да го направат среќно, затоа што го сакаат и го гледаат како живо суштество, како што и треба, а не како чувар на куќата или робот кој треба да се дави и размножува за пари.За вистинските љубители, еве неколку начини на кои може да го продолжите животот на миленичето и да го направите среќно, ако покажува знаци на тага или незадоволство.1. Купувајте квалитетна хранаКвалитетната храна е столб на здравјето кај секое милениче. А здраво милениче е среќно милениче. Доколку забележите дека миленичето е депресивно или се однесува чудно, променете ја исхраната. Можеби има недостаток на некој витамин или пак старата храна му здодеала. Не штедете на храната на миленикот, за да може заштедените пари да ги потрошите на кафе, цигари, алкохол и облека. Здравјето и среќата на вашето милениче треба да ви бидат поважни од пороците.2. Поминувајте квалитетно време заедноСите сме зафатени. Сите брзаме некаде. Сите си ветуваме дека подоцна ќе си поиграме со миленичето. Но, вистината е дека живееме во свет со измислени обврски. Живееме во свет во кој постојано брзаме, а не знаеме на каде и кон што. Живееме во свет во кој прекршуваме ветувања поради мрза и неволност, а забраваме дека ТОКМУ НИЕ сме се што миленичето има во својот живот. Нели заслужува квалитетно време поминато со вас? Нели заслужува кратка прошетка и внимание? Зарем излегувањето со дволичните пријатели, односно луѓе кои не го заслужува вашето време и внимание, е повредно од вашето милениче? Играјте игри. Трчајте заедно. Пливајте. Гушкајте се.3. Чешлајте го миленичето почестоМожеби се прашувате, каква врска има чешлањето со среќата на миленичето. Настрана од тоа дека додека го чешлате, поминувате време со него, со чешлањето ја заштитувате кожата и крзното од проблеми. Може да детектирате кожен проблем пред да прерасне во нешто сериозно или пак да спречите хипертермија во лето. И настрана од сето тоа, вашето милениче го обожува тоа, освен ако не е од типот на миленици како моите кои едноставно не сакаат да ги чешлаш. И покрај тоа што не сакаат, вие треба да инсистирате. Иако миленикот не се согласува, чешлањето е сепак добро за него. Плус, тоа ја зајакнувате врската помеѓу вас двајца.4. Изненадете го со наградаСите знаеме колку гласно лаат кучињата или пак колку слатко мјаукаат мачките, кога ќе видат награда. Наградите ги прават среќни, затоа што знаат дека се однесувале добро или едноставно, знаат дека ги сакате и сакате да им ја докажете љубовта. И не само тоа, туку давањето награда кога миленикот е добар или послушен, може да ви помогне полесно да го истренирате. Може да дадете награда кога ќе изврши нужда надвор, наместо во дворот. Или пак кога се гали со гости.5. Посетувајте ветеринар почестоМногу миленици не сакаат посета на ветеринар. Исто како што ние луѓето не сакаме посета на лекар. Но, проверка на здравјето е важен дел од чувањето на вашиот миленик. Како што кажав претходно, здрав миленик е среќен миленик. Погрижете се да ги добие соодветните вакцини. И не заборавајте, награда после успешна посета без многу лаење или мјаукање, ќе ви помогне да го навикните миленикот на посета кај ветеринар. Добро е да се посетува еднаш, до два пати годишно, ако миленичето е постаро. Ако покажува било какви промени, препорачувам да посетите ветеринар веднаш, без разлика дали сте го посетиле претходно и резултатите или рутинската проверка биле беспрекорни.6. Исчистете го од паразитиВнатрешните и надворешните паразити, посебно надворешните ги унесреќуваат милениците. Зошто? Затоа што имаат иритирана кожа и постојано се изложени на чешање, па дури и самоповредување со ноктите. Користете ампула која ќе го заштити миленикот од болви, крлежи и други паразити во текот на летниот период. Или прскајте го со спреј против надворешни паразити кој има дејство од 10 дена по прскањето. Кога летото ќе заврши, може да се престане со прскање. Исто така, не заборавајте да го исчистите миленикот со апче против глисти, односно внатрешни паразити. Консултирајте го ветеринарот или продавачот во најблиската продавница за животинска исхрана, колку апчиња треба да прими миленикот, зависно од возраста и кога треба да се повтори процесот. Ако миленикот има паразити, со помош на апчето, ќе се исфрли преку изметот. Освен иритирана кожа, запомнете дека надворешните и внатрешните паразити може да развијат алергија или инфекција која може да прерасне во нешто сериозно, ако не се третира навремено.7. Стимулирајте го мозокот на вашиот миленикПостојана физичка активност е важна за среќата и развојот на кучето. Но, што со менталната стимулација, односно стимулацијата на мозокот? Се прашувате како да го стимулирате мозокот на вашето милениче? Може да го направите тоа преку игри или трикови. Научете го миленичето на игра или трик, без разлика дали се работи за маче, куче или друга врста на миленик. Играјте фудбал, подавајте со топка или пливајте заедно. Ако миленичето поминува поголем дел од денот само во домот, купете видеа кои ќе му го задржат вниманието, односно кои ќе му го стимулираат мозокот и пуштајте ги на телевизор пред да излезете од домот.8. Зборувајте со миленичетоНема ништо лошо во тоа да си зборуваш со миленичето. Јас тоа го правам постојано со моите. Имам мачка и две кучиња и постојано си разговарам со нив, односно им поставувам прашања, а тие лаат во знак на разбирање или се вртат околу мене, среќни што посветувам време на комуникација и дружба со нив. Кучињата и мачките препознаваат кога сте лути или горди на нив по тонот на гласот, односно кога им се обраќаме со убави зборови, и тие се чувствуваат убаво. Сега кога го знаете ова, може да го смирувате и усреќите вашето милениче со тоа што ќе му се обраќате почесто и со помилозвучен глас.9. Правете работи кои го прават миленикот среќенОва е еден од најлесните начини како да го направите миленикот среќен и да му го продолжите векот на живеење. Секое животно е посебно на свој начин, односно има работи кои на едно животно му се допаѓаат, а на друго не. Исто како и луѓето. Ако вашето милениче обожува да се гушка, гали или сака чешкање по стомакот, правете ги тие работи почесто. Ако сака да си игра со вас, играјте заедно почесто. Едноставно, правете ги работите кои го прават миленикот среќен, за да може и тој да ви врати со безусловна љубов, каква што не може да добиете од ниеден човек.10. Затворете го текстот, а потоа прегрнете го миленичето

Магазин | пред 7 години

22046560_1844972422498958_7995973371322572763_n

Минатата година комарците умираа од старост, а сега Шилегов порани со прскање

Првата фаза од авионската дезинсекција на подрачјето на Скопје против ларви од комарци се изврши денеска во раните утрински часови.Веројатно Скопје е единствениот главен град во Европа каде комарците се осудени да умрат од старост, се дел од шегите на социјалните мрежи кои минатата година се објавуваа, а имаа за цел да пренесат порака до Шилеогв.Градот Скопје минатата година закасни со прскањето против комарци, а оваа година, го направи првото прскање.

Скопје | пред 7 години

tramp-2

Трамп има доверба во лидерот на Северна Кореја

Претседателот на САД, Доналд Трамп во интервју за американскиот сајт „Политико“ изјави дека се уште не изгубил доверба во лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун.Можно е дека во еден момент ќе биде (ќе ја загубам довербата), но сега никако, наведе Трамп.Американскиот претседател претходно си ги препишуваше заслугите за стопирање на ракетните тестирања на Северна Кореја, сега не придава значење на неодамнешното лансирање на проектили.Со краток дострел се и не сметам дека е прокоцкана довербата. Во еден момент можеби, но сега не. Станува збор за ракети со краток дострел и сето тоа се стандардни работи, наведе Трамп.Северна Кореја вчера објави дека тестираше оружје со долг дострел. Објавата на Пјонгјанг е спротивна на претходната информација од Генералштабот на јужнокорејската армија дека на 9 мај се истрелани две ракети со краток дострел кои летале 420 односно 270 километри.– Врховниот лидер Ким Џонг-ун е запознаен со планот за изведување на вежбите… со помош на неколку ударни средства со долг дострел и издаде наредба да почне вежбата, објави вчера севернокорејската агенција КЦНА, не наведувајќи го типот на тестирано оружје, а исто така не е употребен зборот ракета.Северна Кореја официјално не лансирала ниту една ракета од ноември 2017 година, кога истрела интерконтинентална балистичка ракета, која може да стигне до американска територија.

Свет | пред 7 години

DIK-komisija

ДИК пет пати пребројувала и не успеа да утврди колку гласови има Андонов од СДСМ кој е градоначалник на Ново Село

Никола Андонов од СДСМ останува Градоначалник на Ново Село. ДИК по отварањето на гласачката кутија и пребројувањето на  ливчињата го отфрли приговорот на ВМРО-ДПМНЕ со кој се бараше да се поништи гласањето на местото 1789.Разликата во добиените гласови беше 19 и доколку се утврдеше каква било неправилност тогаш ќе имаше прегласување во ова избирачко место затоа што можеше да влијае на зиборниот резултат.Во записникот било наведено дека избирачкиот одбор пет пати пребројувал и не можел правилно да изброи.

Македонија | пред 7 години

Ahmeti-Dzafeti-Bejli

Братот на Ахмети за „метлата“: Дел од кадрите на ДУИ треба да заминат во пензија

Фекри Ахмети, братот на Али Ахмети, лидерот на ДУИ, смета дека дел од кадрите на владиниот коалиционен партнер треба да заминат во политичка пензија и дека ги немаат потребните лидерски вештини, пренесува Алмакос.Ваков коментар даде Фекри Ахмети на анкетата на тетовски портал за тоа кој кандидат заслужува да го предводи новото министерство за политичкиот систем каде што се предложени Изет Меџити, Хазби Лика, Невзат Бехта и Муса Џафери.„Ниту еден од нив нема младешка мотивација и лидерски вештини, затоа треба да размислат за пензија" искоментира братот на Ахмети.

Македонија | пред 7 години

1-2-2

Пендаровски: Нема полоша идеја од промена на границите!

Новиот македонски претседател Стево Пендаровски вели дека идејата за поделба на границите на Балканот води кон нови конфликти.– Полоша идеја од оваа не сум слушнал. Сите знаеме дека промената на границите, каде и да се случи, е рецепт за конфликт. Да можеше оваа работа така да се реши на маса, до сега ќе беше решена. Но, оваа идеја, според информациите кои ги имам, нема подрршка ниту кај одлучувачките фактори во Европа и во САД. Јас со двете раце го поддржувам ставот на Европската унија која се залага за решение кое ќе го постигнат Белград и Приштина и кое нема да го дестабилизира регионот, туку ќе придонесе за негова стабилност – изјави Пендаровски во интервју за РТК.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Прво патување на Пендаровски како претседател ќе му биде во Косово, иако сакаше во Брисел

Откако Државната изборна комисија денеска ќе ги објави конечните изборни резултати, Стево Пендаровски треба да добие уверение дека е избран за шеф на државата.Утре, пак, Пендаровски ќе биде инаугуриран на седница во Собранието, на која ќе даде свечена изјава пред народните избраници, членовите на Владата, верските лидери, првите луѓе на армијата, дипломатскиот кор и гости од странство.Откако официјално ќе почне неговиот претседателски мандат, првата посета што ќе ја оствари Пендаровски ќе биде на соседно Косово. Пендаровски во предизборието рече дека прва земја која ќе ја посети, доколку биде избран за претседател, ќе биде Брисел.„Не сакам однапред да се изјаснувам, но или Брисел или некој од соседите оти добрата соработка треба да почне од првиот ред соседи”, рече Пендаровски во предизборниот период.Досега, потврда за присуство на инаугурацијата на Пендаровски пристигнала од бугарскиот претседател Румен Радев, од албанскиот претседател Илир Мета и од косовскиот претседател Хашим Тачи.Исто така, присутни ќе бидат и заменик премиерот на Турција и делегација од Словенија, со тоа што можно е нивната делегација ќе ја предводи лично претседателот Борут Пахор. 

Македонија | пред 7 години

20170315231449

Од Киро до Ѓорге со сè Пендаровски

Стево Пендаровски е петтиот што седнува на претседателската фотелја од независноста на државата. Пред него највисоката државна функција ја извршуваа четворица претседатели. Првиот претседател Киро Глигоров и Ѓорге Иванов претседателската функција ја вршеа во два мандати, а по еден мандат имаа Борис Трајковски и Бранко Црвенковски.Киро Глигоров, прв претседател на РМ (1991 – 1999)Првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров, е роден на 3 мај 1917 година во Штип.За претседател на Република Македонија Глигоров беше избран на 27 јануари 1991 година од македонското Собрание, кога доби поддршка од 114 од вкупно присутните 119 пратеници, а втор пат беше избран на првите непосредни претседателски избори одржани во октомври 1994 година.На изборите учествуваа двајца кандидати, тогашниот актуелен претседател Киро Глигоров, кој освои 52,4 отсто (715.087 гласа) од гласовите на вкупниот број избирачи запишани во избирачкиот список, додека неговиот противкандидат Љубиша Георгиевски 21,6 отсто (197.109 гласа).За време на неговиот мандат како шеф на државата се случија некои од најважните настани од современата историја на Република Македонија. На референдум одржан на 8 септември 1991 година беше прогласена независноста на земјата, а Македонија беше и единствената од поранешните југословенски републики која се осамостои по мирен пат. На 17 ноември 1991 беше донесен новиот Устав, а на 8 април 1993 година Република Македонија стана 181 членка на Обединетите нации.На 3 октомври 1995 година врз претседателот Глигоров беше извршен атентат. Тој го преживеа атентатот со тешки повреди во пределот на главата. Нападот беше извршен со автомобил бомба на улицата „Македонија“ во Скопје, кога Глигоров со службено возило се движеше од неговата резиденција на работното место во Собранието на Република Македонија. Досега не се откриени ниту нарачателите ниту извршителите на атентатот.По пензионирањето Киро Глигоров е активен како публицист. Тој е автор на неколку дела, главно пишувани по завршувањето на неговиот мандат како претседател – „Македонија е сè што имаме“ (2001), „Атентат – ден потоа“ (2002), „Виорни времиња: Република Македонија реалност на Балканот“ (2004) и „Сите југословенски (стопански) реформи“ (2006).Тој е основач и на фондацијата „Киро Глигоров“ што поддржува проекти од културата и уметноста.Киро Глигоров беше најстариот македонски политички функционер. На 19 ноември 1999 година, кога заврши неговиот втор претседателски мандат, тој имаше 82 години, а во 2000 година Гинисовата книга на рекорди го забележа Глигоров како најстар претседател на држава во светот.Претседателот Глигоров почина на 1 јануари 2012 година во својот дом во Скопје.Борис Трајковски, втор претседател на РМ (1999 – 2004)Борис Трајковски, вториот претседател на Република Македонија, е роден на 25 јуни 1956 година во Струмица.Во 1980 година дипломирал на Правниот факултет во Скопје, по што специјализирал деловно право и право на работни односи. Во 1997 година е именуван за шеф на кабинетот на градоначалникот на Општина Кисела Вода, а во 1998-та е избран за заменик-министер за надворешни работи на Македонија.Трајковски беше инаугуриран како втор по ред претседател на Македонија на 15 декември 1999 година.Првиот круг на претседателските избори се одржа на 31 октомври, а вториот на 14 ноември 1999 година. Поради констатирани нерегуларности изборниот процес од вториот круг беше повторен на 5 декември 1999 година.Негови противкандидати на изборите во првиот круг беа Тито Петковски, Васил Тупурковски, Муарем Неџипи, Стојан Андов и Мухамед Халили.Во вториот круг од изборите учествуваа кандидатите Тито Петковски и Борис Трајковски. По одржаниот втор круг и по прегласувањето во одредени избирачки места, Борис Трајковски освои 53,2 отсто од гласовите (582.808 гласа), а Тито Петковски 46,8 отсто (513.614 гласа). На гласањето во вториот круг излегоа вкупно 1.096 422 избирачи, или 68,08 отсто од регистрираните гласачи.Борис Трајковски ја извршуваше функцијата претседател на Република Македонија од 15 декември 1999 до 26 февруари 2004 година, кога загина трагично во авионска несреќа заедно со осуммина соработници во близина на Мостар, Босна и Херцеговина. Тој имаше 47 години.Според Уставот на Република Македонија, привремено во периодот од 26 февруари до 12 мај 2004 година на чело на државата застана Љупчо Јордановски, тогашен носител на функцијата претседател на Собранието на РМ.За време на неговиот мандат во Македонија во 2001 година имаше вооружен конфликт што заврши со потпишување на Охридскиот рамковен договор во август истата година.На претседателот Трајковски светот гледаше како на млад лидер со прозападна ориентација, како миротворец кој избегна граѓанска војна во Македонија.Бранко Црвенковски, трет претседател на РМ (2004 – 2009)Бранко Црвенковски е третиот претседател на Република Македонија. Роден е на 12 октомври 1962 во Сараево, Босна и Херцеговина.Во 1990 година, на првите повеќе партиски избори во Македонија, која сè уште се наоѓаше во рамките на СФР Југославија, беше избран за пратеник во првиот состав на Собранието. Во април 1991 година Црвенковски беше избран за претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. На 5 септември 1992 година стана вториот премиер на Република Македонија по нејзиното осамостојување од Југославија. Со 29 години, тој беше најмладиот премиер во Европа во тој период. Вториот премиерски мандат го добил по изборите во декември 1994 година.На третите вонредни претседателски избори во Република Македонија, одржани по загинувањето на претседателот Борис Трајковски, во вториот круг одржан на 28 април 2004 година Бранко Црвенковски беше избран за шеф на државата.На третите вонредни претседателски избори во април 2004 година, Бранко Црвенковски како кандидат на СДСМ победува и застанува на чело на државата до 2009 година.Граѓаните во првиот изборен круг одржан на 14 април 2004 година избираа помеѓу четворица предложени кандидати: Бранко Црвенковски од СДСМ, Гзим Острени од Демократската унија за интеграција, Зуди Џелили од Демократската партија на Албанците и Сашко Кедев од ВМРО-ДПМНЕ.Во вториот изборен круг одржан на 28 април 2004 година мнозинството гласови ги освои Бранко Црвенковски. Тој ја доби довербата од 550.317 гласачи, односно 62,6 отсто од вкупниот број гласови, наспроти Сашко Кедев, кој беше поддржан со 329.179 гласови, односно 37,4 отсто од вкупниот број важечки гласачки ливчиња.На 12 мај 2004 година ја Црвенковски ја презеде функцијата претседател и се повлече од премиерската должност и од претседателската функција во партијата.Бранко Црвенковски ја извршуваше функцијата претседател на Република Македонија од 12 мај 2004 до 12 мај 2009 година.За време на претседателскиот мандат на Црвенковски, Република Македонија стана земја кандидат за прием во Европската Унија.Ѓорге Иванов, четврти претседател на РМ (2009 – 2019)Актуелниот претседател на нашата држава Ѓорге Иванов, е роден на 2 мај 1960 година во Валандово. Во 1995 година е избран за асистент на Правниот факултет во Скопје, а во 1998 за доцент на предметите Политички теории и Политичка филозофија. Од 2001 година е раководител на Политичките студии при Правниот факултет во Скопје. Во 2002 е избран за вонреден, а во 2008 година и за редовен професор. Од 2004 до 2008 година е продекан на Правниот факултет. Од 2008 година е претседател е на Одборот за акредитација на високото образование.Иванов беше избран на претседателски избори одржани на 22 март и 5 април 2009 година.На овие избори во првиот круг учествуваа седум кандидати за претседател на државата. Покрај Ѓорге Иванов, во изборната трка за претседател учествуваа и Љубомир Фрчкоски како кандидат на СДСМ, Имер Селмани од Нова демократија, Љубе Бошкоски како независен кандидат, Агрон Буџаку од ДУИ, Нано Ружин од ЛДП и првпат жена кандидат поддржана од ДПА, Мируше Хоџа.Вториот изборен круг се одржа на 5 април 2009 година, Ѓорге Иванов освои 63,14 отсто, односно 453.616 од вкупниот број важечки гласачки ливчиња, додека претседателскиот кандитат Љубомир Фрчкоски ја заврши изборната трка со освоени 36,86 отсто од вкупниот број гласови, односно 264.828 гласа.На петтите по ред претседателски избори одржани во април 2014 година, претседателот Иванов како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ беше повторно избран и доби нов петгодишен мандат.Ѓорге Иванов како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ освои 55,28 отсто, односно 534.910 од вкупниот број важечки гласачки ливчиња, додека претседателскиот кандитат на СДСМ, Стево Пендаровски, 41,14 отсто од вкупниот број гласови, односно 398.076 гласа.Во претседателската трка, покрај Иванов и Пендаровски, учествуваа и Зоран Поповски од ГРОМ и Илијаз Халими од ДПА.Истовремено со вториот круг на претседателските избори се одржаа и предвремени парламентарни избори. Првпат на овие претседателски избори македонските државјани кои живеат или работат во странство имаа право да гласаат во странство.Последната година од вториот мандат на претседателот Ѓорге Иванов, меѓу другото, ќе ја обележи непотпишувањето на Законот за употреба на јазиците и на указот за ратификација на договорот со Грција, како и потпишувањето на Законот за амнестија за обвинетите во настаните во Собранието од 27 април 2017 година.Стево Пендаровски, петти шеф на државата (2019 – )Стево Пендаровски е роден на 3 април 1963 година во Скопје. Дипломирал во 1987 година на Факултетот за правни и политички науки, при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје, а магистрирал и дикторирал на Институтот за социолошки и политички правни истражувања при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје.Во изминатите 11 години бил професор на Универзитетот Американ Колеџ Скопје каде што ги предавал предметите Меѓународна безбедност, Меѓународни односи, Вовед во Политика, Глобализација, Геополитика, Надворешната политика на САД, Надворешната и безбедносна политика на ЕУ и Малите држави во светската политика.Во периодот 1998-2001 бил началник на Управата за аналитика и истражување во Министерството за внатрешни работи и портпарол на министерството.Од 2001 до 2004 година е советник за национална безбедност на претседателот на Република Македонија. Од 2004 до 2005 година е претседател на Државната изборна комисија. Од 2005 до 2009 година е советник за надворешна политика на претседателот на Република Македонија. Од 2016 до 2017 година е пратеник во Собранието на Република Македонија. Од ноември 2017 година Пендаровски е назначен за национален координатор за НАТО.Пендаровски беше кандидат за претседател на државата на претседателските избори во 2014 година, а оваа година повторно беше избран за кандидат за претседател од страна на СДСМ и Коалицијата и победи и во двата изборни круга пред своите противкандидати Гордана Силјановска-Давкова и Блерим Река.Пендаровски победи на последните претседателските избори откако освои 436.212 (51,66%) гласови во вториот круг, наспроти неговиот противкандидат Гордана Силјановска-Давкова која доби 377.713 (44,73%) гласови.Даниела Маркоска Алексовска   MIA

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања