Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

SJO

Преговорите за СЈО се театар за јавноста, Заев има 80 пратеници за изгласување на законот?

Законот за јавно обвинителство тапка во место. Црвените линии и од власта и од опозицијата тврдат дека нема да ги поминат. Во јавноста веќе кружат гласини дека преговорите со ВМРО-ДПМНЕ за СЈО се само театар за јавноста, оти премиерот Зоран Заев има обезбедно 80 пратеници кои ќе гласаат за законот.„ВМРО-ДПМНЕ остана на нивното барање сите постапки после првите 18 месеци да бидат запрени. Тоа значи сите докази коишто се обезбедени да пропаднат во вода, односно да не бидат веќе употребливи, сите мерки коишто се преземени да престанат, a тоа значи поконкретно, ако им е замрзнат имотот, тој да биде одмрзнат, ако се изречени мерки за претпазливост како одземени пасоши или јавување во суд – сето тоа да престане и евентуално, тие постапки потоа ќе бидат спорни ако ги отвора повторно обвинителството. Таквиот став е неприфатлив, бидејќи тоа во суштина е амнестија за сторени кривични дела“, кажа Дескоска.Дали Катица Јанева и нејзиниот тим ќе останат на нивните позиции – зависи од Советот на јавни обвинители, власта се оградува од преговорите за кадровските решенија. Но за целосниот Закон за Јавно обвинителство велат дека ако не постигнат договор со ВМРО ДПМНЕ, ќе бараат поддршка од другите партии, за да се стигне до бројката од 80 пратеници.Предвидувањата за кои се поизвесно е дека се точни, кажуваат дека премиерот Зоран Заев парламентарно мнозинство ќе обезбеди со осумината пратеници кои гласаа за уставните измени, а потоа беа исклучени од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

ivanov-veligden-1

Иванов си зема стан на државна сметка кај кумашинот: Чиј е станот, дали Ѓорѓе го издава сам на себе?

Државата ќе му плаќа канцеларии на претседателот во заминување, Ѓорѓе Иванов во кулите „Џеваир“, чиј сопственик е неговиот кумашин, Ибрахим Џеваир. Во 2012 година, Иванов и неговата сопруга беа кумови на синот на познатиот турски бизнисмен кој изгради облакодери во Аеродром.Од тогаш, во јавноста се појавија различни информации, а една од нив е, дали Иванов има негови станови во комплексот? Откако се објави дека Иванов сака државата да му плаќа канцеларии на 28 кат во оваа зграда, се отвора прашањето, дали е можно претседателот во заминување сам на себе да си ги изнајмува канцелариите?Ова прашање може да го одговори само Антикорупциската комисија, која може да покрене постапка по допрен глас.Буџетот на идната Канцеларија на Иванов, според Законот, е во висина од 8% од буџетот на претседателот на државата, кој за 2019 година изнесува 81 милион денари. Тоа значи дека Канцеларијата на Иванов би добила на располагање околу 105.000 евра годишно. Државата ги покрива и материјални трошоци за потребите при остварувањето на активностите на поранешниот претседател.

Македонија | пред 7 години

elizabeta-sopruga-pendarovski

Пендаровски во понеделник ќе се всели на Водно, а еве што имот поседува на почетокот од мандатот

Новоизбраниот претседател Стево Пендаровски најверојатно ќе биде инаугуриран за претседател в недела, со почеток во 12 часот. Еден до два часа подоцна, се планира во претседателската резиденција, претседателот во заминување Ѓорге Иванов да му ја предаде должноста на Пендаровски. Тоа ќе биде прво примопредавање на претседателската функција во резиденцијата на Водно, каде што Иванов беше и прв станар, додека кабинетите на претходните претседатели беа сместени во Собранието.Според анкетниот лист кој го доставил кога станал Национален кординатор за НАТО, Стево Пендаровски, новиот пртседател на државата на свое име нема пријавено недвижен имот.На свое име пријавил само возило Југо и девизна штедна книшка на која има 12.230 евра. На име на сопругата пријавил уште едно возило, Рено Меган и девизна сметка. Југото како што можевме да видиме во текот на изборната кампања не го вози, туку го користи возилото на сопругата.

Македонија | пред 7 години

cipras-press-2

Ципрас повторно доби доверба од Парламетот: Иако критикува, Мицотакис се согласува со мене

Премиерот на Грција, Алексис Ципрас и лидерот на oпозициската Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, денес повторно се судрија во парламентот, пред гласањето за доверба на владата, пренесува „Катимерини“.Како што беше очекувано, владата доби доверба со 153 пратенички гласа, додека 136 пратеници гласаа против.Во неговиот говор пред гласањето, Ципрас тврдеше дека и покрај тоа што го критикува, Мицотакис всушност се согласува со сите социјални придобивки кои претходно оваа недела ги најавил, а потоа ја осуди и економската програма на конзервативниот лидер на Нова демократија и ја опиша како „елитистичка“.Во меѓувреме, Мицотакис, чија партија има предност пред СИРИЗА на Ципрас според анкетите, рече дека тој треба да повика на предвремени парламентарни избори ако изгуби на Европските избори кои се закажани за крајот на овој месец.– На Европските избори ќе се гласа против на политиките на најлошата влада на Грција уште од времето на повторното воспоставување на демократијата во земјата- рече Мицотакис.И двајцата лидери не се сметаа за одговорни за жестоката и според медиумите, невкусна дебата, во средата во Парламентот.

Свет | пред 7 години

nuri-bajrami

Бајрами од Антикорупциската комисија: Не знам дали има премети за ДУИ, но имаме 222 предмети за корупција и 257 за судир на интереси

Членот на Антикорупциската комисија, Нури Бајрами во емисијата „360 степени“ вели дека не знае дали се покренати постапки против функционери на ДУИ.„Дали има предмети за ДУИ, јас не сум се впуштил да анализирам и не знам. 222 предмети има за корупција и 257 за судир на интереси. Тоа се над 470 предмети. Никаде не се вели 'висока или ниска корупција' сите членови третираме исти вид корупција. Непотизмот генерира корупција“, рече Бајрами во „360 степени“.Тања Ковачев од СДСМ доби прекршочна пријава од ДКСК, зошто не известила за вработувањето на нејзиниот сопруг. Во однос на предметите отворени пред изборите, Бајрами вели дека тие се врзани со рокови и мора да се отворат предметите, тоа е тековна работа за Антикорупциската комисија.„Предметите се отворени на две седници. По тие предмети има и рокови кои мора да се пазар. Предметот мора да се заврши за 60 денови. Може да се работи ако станува збор за тековна работа и според програма, а нашата беше тековна, а не намерна. Ние не отвораме и затвораме предмети намерно, туку со времето се менуваат работите, застаруваат роковите. Има работи кои не се трајни, па не можеш да се вратиш без граници назад. Тие што се отворени, се гледа дека не се спроведени процедурите како што треба“, додава Бајрами.„Ние сме на почеток и кога го имплементираме новиот закон и ние учиме. Во овој период со натрупани нови предмети, изборна кампања, со вакум од 10 месеци и предмети кои се работат по стариот закон, не можеме да дојдеме до заклучок до тоа дали е нешто е корупција или не. За разлика од другите органи кои водат управна постапка, ние мора да донесеме одлука која треба да е правно издржана. Тие предмети што имаат наводи, ние ги отвораме и не треба пред време да преудицираме што бараме. Ќе гледаме да не се претвориме атракција секој да достави било што, што не сме во можност да го провериме“, додаде Бајрами во „360 степени.„Нас ни доаѓаат предмети од сите области, јавни претпријатија, училишта. Ние како надлежност имаме антикорупциска проверка на предметите. Ако ние не имплементираме закон и не дејствуваме за закон за лобирање, ако не проверуваме кои одредби генерираат корупција и непотизам, ние пак ќе викаме „ова е завршена работа“, рече Бајрами, запрашан зошто Антикорупциската комисија само кажува дали има непотизам или корупција и не превзема ништо.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

„Дрво за секое дете“ – на дрворедот на кеј постaвени плочки со имиња на новороденчињата

Екипите на Град Скопје почнаа да поставуваат плочки со имињата на новородените деца на дрвјата во градските дрвореди, во рамки на проектот „Дрво за секое дете“.На кејот на реката Вардар, зад Воениот стадион во Градскиот парк, денеска беа поставени 20-тина плочки на новите дрвја што беа засадени во минатата акција за зазеленување на градот.- Денеска, заедно со родителите на пријавените дечиња, почна проектот „Дрво за секое дете“ што го работиме заедно со ЈП „Паркови и зеленило“ и гинеколошко- акушерските болници во Скопје. Во наредниот период уште 300 дрвја во градските дрвореди и паркови ќе добијат плочки со имиња на новородените деца во чија чест е засадено тоа дрво. Особено се радувам што овие деца ќе растат истовремено со дрвјата и ќе можат да го следат растот на своето дрво. Со тоа, на симболиченначин сакаме да создадеме врска меѓу градот и неговите сегашни и идни граѓани. Плочките се напишани на јазикот што ќе го одберат родителите. Нам ни е битно детето да се врзе за овој град – рече денеска градоначалникот Шилегов.Тој ги повика идните родители да се пријавуваат во Град Скопје, да учествуваат во оваа благородна акција и да имаат свое дрво во главниот град.

пред 7 години

Capture

(ВИДЕО) Македонски политичар призна дека е хомосексуалец

Емил Кирјас, дипломат и поранешен генерален секретар на МНР, за прв пат во естрадниот магазин Бекстејџ отворено зборуваше за својата сексуална определба и пред македонската јавност призна дека е геј.Тој вели дека за оваа тема воопшто нема дискусија во Македонија, дека истата е потполно непозната и дека не постои едукација. Ги спомена и стиховите од Тоше Проевски („Што е тоа во луѓето толку тажно што живат во животи туѓи“) и порача да размислиме што сакал Тоше да ни пренесе со овие зборови. Го додаде и тоа дека во развиените земји различностите се предност, додека кај нас ситуацијата е сосема обратна и дека тоа мораме што поскоро да го промениме.

Магазин | пред 7 години

gjorge-ivanov

Иванов се сели во Џевахир

Претседателот Ѓорѓе Иванов побарал кабинетот кој законски му следува по завршувањето на функцијата да биде во кулите на турски „Џевахир Холдинг“ во скопски Аеродром, пренсува „360 степени“.Од повеќе неофицијални информации, се дознава дека канцелариите на Иванов ќе бидат на два ката во една од зградите. Едниот простор, за службените обврски на неговиот кабинет, е на 22 кат.Просторот за библиотека и состаноци е близу самиот врв, на 38 кат, а вкупната месечна кирија, неофицијално, е околу 2000 евра месечно.

Македонија | пред 7 години

venko-filipce

Обвинителство смета дека Филипче не направил злоупотреба со тендерите во здравство

По сеопфатно проучување на прибраниот доказен материјал во врска со наводните неправилности при спроведување на постапките за јавни набавки во Министерството за здравство, надлежен јавен обвинител од  Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе одлука со која укажува дека нема место за јавнообвинителска интервенција, велат од Обвинителството.„Во текот на минатата година, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поведе предистражна постапка по допрен глас, заради постоење на индиции за повреда на законот при постапки на доделување на договори за јавни набавки во Министерството за здравство согласно чл. 353 став 5 од Кривичниот законик. Во овој предмет беа опфатени постапките за јавни набавки на лекови од веледрогерија за потребите на јавните здравствени установи без тендерска постапка, набавка за биореагенси и тестови на крв, изградба на бункер за акцелератор во Клиничката болница во Штип и судир на интереси во јавна набавка на лекови во ЈЗУ Клиника за хематологија.За да постои кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување предвидено и казниво по член 353 став 5 потребно е јавната набавка да е спроведена на незаконит начин и да има склучен договор за јавна набавка. Доколку нема склучен договор, не се исполнети елементите за сторено кривично дело од овој член.Така, од прибраниот доказен материјал произлегува дека во случајот со набавка на лекот Вемурафениб, постапката за јавна набавка е спроведена, но на предлог на Комисијата за јавни набавки, донесена е Одлука за поништување на постапката согласно член 169 од Законот за јавни набавки и не е склучен договор за набавка.Во врска со јавната набавка на биореагенси и тестови на крв, постапката е спроведена, но не е склучен договор, со оглед на тоа што Државната комисија за жалби по јавни набавки ги прифатила жалбите на жалителите и постапката е поништена.Што се однесува до постапката за изградба на бункер за акцелератор во Клиничката болница во Штип, во овој случај се работи за Рамковен договор за заем за финанирање на Проект за изградба и модернизација на Клиничкиот Центар Мајка Тереза во Скопје и регионалната Клиничка болница во Штип каде важат одредбите од Законот за задолжување на Република Македонија кај Банката за развој при Советот на Европа, а не одредбите од Законот за јавни набавки, па од тука и не постои повреда на чл. 353 ст.5 од Кривичниот законик.Од Посебниот извештај кој е резултат на постапување по допрен глас на Управата за финансиска полиција, а во врска со судир на интереси во јавна набавка на лекови во ЈЗУ Клиника за хематологија, произлегува дека нема повреди во постапката по јавните набавки, ниту е утврден судир на интереси кај одговорните лица, туку јавната набавка во целост и во сите фази е спроведена согласно закон“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Премиерот Заев нема да присуствува на инаугурацијата на Пендаровски?

Собраниската седница на која ќе биде инаугуриран новоизбраниот претседател на Република Македонија Стево Пендаровски ќе се одржи во недела на 12 мај.Пред народните избраници Пендаровски ќе даде свечена изјава со што и официјално ќе го започне мандатот и ќе стане петтиот претседател на државата.Останува неизвесно дали на свечената церемонија на преземање на Пендаровски највисоката функција во државата ќе присуствува и премиерот Зоран Заев. Денеска од Владата информираа дека премиерот Зоран Заев во периодот од 10 до 14 мај ќе користи дел од своите слободни денови, заради приватни причини.

Македонија | пред 7 години

zaevi-2

Заев се умори, ќе земе четири денови слободни за да одмори

Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Македонија информира дека премиерот Зоран Заев во периодот од 10 до 14 мај ќе користи дел од своите слободни денови, заради приватни причини.Канцеларијата на претседателот на Владата ќе функционира непречено во периодот на приватното отсуство на премиерот, велат од владината прес-служба.

Македонија | пред 7 години

mickovski-press-poraz

Додека Мицкоски бил советник на Груевски добил државно земјиште за изградба на хидроцентрали, велат од СДСМ

Христијан Хидро Мицкоски да не си ишка мувата од капата, туку да одговори за неговите хидроцентрали и злоупотребите, велат од СДСМ.„Додека Хидро Мицкоски бил советник на Никола Груевски, конзорциумот во кој има удел го добил земјиштето, односно бизнисот со хидроцентрали.Како тоа баш Хидро Мицкоски, во време додека бил советник на Никола Груевски,  добил државно земјиште од 33.000 квадратни метри за изградба на хидроцентрали?Со лажни пријави ВМРО-ДПМНЕ не може да ги покрие злоупотребите на Мицкоски.Сите постапки во врска со доделувањето на земјиште под концесја за електрани за вицепремиерот Кочо Анѓушев се законски и започнати во време кога тој не е дел од владата, односно во 2015 година. Оттука, се исклучува можноста за некакво влијание како и можноста за судир на интереси, за што и самиот тој соопшти  за јавноста.За невистините и лажните пријави на ВМРО-ДПМНЕ говори и фактот што ДКСК ја прекина постапката за Дамјан Манчевски затоа што е лажна и нецелосна“, велат од владејачката партија.

Македонија | пред 7 години

mvr-akcija

Наредба за истрага за четири лица по синоќешната акција „Сикрет“

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривичната пријава, денеска донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против четири лица. Лицата се сомничат дека сториле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, предвидено и казниво по член 215 став 3 од Кривичниот законик.По повеќемесечна предистражна постапка, под раководство на надлежен јавен обвинител од Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Министерството за внатрешни работи спроведе акција со кодно име „Сикрет“. Во текот на вчерашниот ден до денес, до раните утрински часови беа извршени претреси на дом и лица на 11 локациии низ Градот Скопје и околината. Во акцијата лишени се од слобода три лица, додека едно лице во моментот е недостапно на органите на прогонот. Еден од осомничените во обид да ја напушти државата е лишен од слобода на Меѓународниот аеродром – Скопје. При извршените претреси пронајдени и одземени се повеќе пакувања на наркотична дрога што била подготвена за дистрибуција и продажба, пет луксузни патнички моторни возила, поголемо количество на парични средства што потекнуваат од извршувањето на кривичното дело, како и ваги за мерење на дрогата, огнено оружје и телефони. Предметите од претресите по наредба на обвинител се предадени на вештачење.Имено, двајца од осомничените, кои се браќа, од почетокот на месец февруари годинава во повеќе наврати од непознати лица, набавувале неодредени количини на наркотична дрога кокаин, ја препакувале во нивниот дом и неовластено ја продавале. Тие, со цел продажба на дрогата и стекнување на противправна имотна корист, организирале мрежа на препродавачи меѓу кои биле останатите осомничени задолжени за доставување дрогата до купувачите на различни локации во градот Скопје. Неовластената продажба се остварувала преку телефонски контакти со лица уживатели на дрогата. Во зависност од големината на пакувањата дрогата што ја нуделе била по цена од 2500 до 6000 денари.Ценејќи дека се исполнети условите, надлежниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, во текот на денешниот ден поднесе Предлог за определување на мерката – притвор за осомничените.

пред 7 години

sela

Села реагира: Зошто владата побрза со новите банкноти без албанскиот јазик

Алијансата на Албанците преку соопштението реагираат на одлуката на владата да се издадат нови банкноти со новото државно име. Во реакцијата од Алијансата се вели:Владата на СДСМ-ДУИ, заедно со Народна банка на Северна Македонија, вчера не известија дека на новите банкноти не ќе фигурира албанскиот јазик. Оценуваме дека оваа одлука е неправедна и е во спротивност со Законот за употреба на јазиците, односно албанскиот јазик, со кој се предвидува банкнотите и полициските униформи да бидат и на албански јазик, или како што е предвидено со Законот за јазиците кој го зборуваат најмалку 20 % од населението на целата територија на Северна Македонија, се вели во реакцијата од Алијанса на Албанците!Овој нов моментум покажува дека владата на СДСМ-ДУИ, која постојано се повикува на двојазичност и се обидува да претставува еднакви вредности на јазична еднаквост, не е доволно подготвена целосно да го имплементира Законот за јазиците.Најавата на гувернерката на Народна банка на Северна Македонија, дека новите банкноти со новото име на државата ќе бидат без албански јазик и само на македонски јазик, ја ваѓа во виделина демагогијата и чаламењето на ДУИ, која постојана на предизборни кампањи и во телевизиски дебати дека новите банкноти и полициски униформи ќе бидат и на албански јазик.Ја прашуваме ДУИ зошто му дозволи на Народна банка на Република Северна Македонија да донесе одлука за нови банкноти без албански јазик, додека се уште немаме оценка од страна на Венецијанската комисија за двете оспорени одредби за употребата на албанскиот јазик во банкноти и во полициски униформи?Зошто ДУИ дозволува да го нема албанскиот јазик на банкнотите, додека немаме ниту одлука на Уставниот суд, кој е најповикан и најкомпетентен орган за оспорување или не, на двата члена од Законот за употреба на јазиците. Овој моментум, всушност, ни кажува дека ДУИ нема ниту капацитет ниту знаење даги штити барањата на албанските гласачи и албанскиот јазик, како што предвидува законот.И на крајот, му се обраќаме на СДСМ и премиерот Зоран Заев, дека избори ќе има пак во РСМ и тие не ќе можат да манипулираат со Албанците со "јазична еднаквост", се додека делумно го применува Законот за јазиците, со што им дава до знаење на Албанците дека албанскиот јазик во РСМ воопшто не е официјален и еднаков на македонскиот, велат преку соопштение од Алијанса за Албанците.

Македонија | пред 7 години

ubistvo-so-kamen

Работник во Тетовско го убил својот холандски газда, сопственик на Расадник

Работник во Тетовско со камен во глава го убил газдата. Убиениот е државјанин на Холандија, сопственик на расадникот „Еуроплантс“, за украсни дрвца во тетовско село Прељубиште.Од СВР Тетово информираат дека во полицискиото одделение во Јегуновце е пријавено дека има најдено мртво тело на имотот на расадникот. Во моментов полициски службеници како и јавен обвинител се на местото на убиството каде што вршат увид.Според јавното обвинителство 45-годишен жител на тетовското село Јанчиште, денеска во 13,30 часот го убил неговиот работодавец, 60-годишен државјанин на Кралството Холандија.Осомничениот е лишен од слобода, а истрагата во обвинителството продолжува до целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

kravi-avtopat-4

(ФОТО) Стадо на крави шетаат на автопатот Скопје-Тетово

Стадо на крави шетаат на автопатот Скопје-Тетово, предупредуваат возачите апелирајќи да се внимава.Поздрав „Македонија пат“, како сте? Добри?, прашуваат иронично патниците, на ѕидот на сообраќајниот срам.Доколку се упатувате кон овој правец, возете внимателно.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Шилегов вели дека уште не се знае кого ќе фати „метлата“ на Заев

Градоначалникот на Скопје и потпретседател на СДСМ Петре Шилегов, во одговор на новинарско прашања за најавените смени рече дека по инаугурацијата на новиот претседател на државата ќе се направат анализи и ќе се донесат одлуки.– Ќе седнеме во периодот што следува, да помине инаугурацијата на новоизбраниот претседател Стево Пендаровски и формално да бидат завршени изборите, ќе ги направиме сите потребни анализи, а потоа ќе бидат донесени сите соодветни политички одлуки, изјави Шилегов.

Македонија | пред 7 години

taksi-vozila-kocani

Нападнат таксист во сред Скопје

На 09.05.2019 година во 07,30 часот во Полициската станица Чаир А.П.(59) од Скопје, пријавил дека истиот ден околу 00,15 часот во с.Љуботен дошол со такси возило во кое превезувал патник.Во еден момент дошло друго возило од кое излегле излегле четири непознати лица и физички ги нападнале. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

policija-2-1

Исчезнал 38-годишен маж од Скопје

На 09.05.2019 година во 19,00 часот во Полициската станица Гази Баба Д.С.(63) од Скопје пријавил дека од домот во непознат правец се оддалечил В.С.(38) кое било душевно болно лице.Се превземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Македонија | пред 7 години

3

Свлечиште во Карпош откако попуштиле потпорните ѕидови за изградба на зграда, две куќи се оштетени

На 09.05.2019 година во 20.15 часот во ЕИК-Скопје било пријавено дека на ул.“Алжирска“ бр.22, има ископ, предвиден за изградба на станбена зграда и дека попуштиле потпорните ѕидови. Како последица на тоа имало свлекување на земјиште кое предизвикало оштетување на куќите на бр.24 и бр.20, како и дел од коловозот на ул.“Алжирска“.Утврдено е дека инвеститор на објектот во изградба е градежната фирма “Сити Билд“ ДООЕЛ од Скопје а на местото на настанот дошло и одговорно лице од фирмата Н. И. (37) од Охрид.Од страна на полицијата доставено е и известување до одговорно лице од Општина Карпош за да го извести градежниот инспекторат од Општина Карпош со цел да се изврши проценка како на оштетувањата на куќите и коловозот, така и дали се превземени сите мерки за обезбедување на ископот.По првичните проценки на тим од општина Карпош побарано е да се пренасочи сообраќајот по ул.“Алжирска“ на делот каде што е оштетен коловозот со најава дека во текот на утрешниот ден повторно ќе се излезе на местото на настанот за да се извршат дополнителни проценки.Од страна на СВР Скопје извршено е фотографирање на оштетувањата, а од страна на ОБПС ќе биде поставена патрола за регулирање на сообраќајот на критичното место, се додека не се утврди дека тој дел од улицата е безбеден за сообраќај.

Скопје | пред 7 години

soobr1

Прилепчанец нападнат со секири, дрва и ножеви, МВР излезе со детали

НККР-Прилеп поднесе кривична пријава против Р.А.(19), С.А.(36), С.А.(41) и С.А.(18), сите од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “насилство“.На 08.05.2019 година околу 17,00 часот, во Прилеп на место викано „Три багреми“, пријавените под дејство на алкохол дошле пред куќата на Ф.С.(23) и започнале вербална расправија со него по што со нож, дрва и секири ги нападнале оштетениот, неговиот татко, неговата мајка и двете сестри нанесувајќи им повреди.Од страна на судија на претходна постапка на пријавените им е одредена мерка притвор во траење од по 30 дена.

Македонија | пред 7 години

policija-ilustracija

Штипјани и земале 35.000 евра за да и изградат куќа, а ја сместиле во шупа

СВР Штип поднесе кривична пријава против В.К.(44) и С.К.(43), двајцата од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено  кривично дело “измама“.Во јуни 2018 година пријавените ја довеле во заблуда С.К. од Штип да го продаде  нејзиниот стан за да направат заедничка куќа, а откако оштетената им дала 35.000 евра, истите ја сместиле во помошна просторија-шупа од дворот од нивната куќа и не го исполниле ветеното за изградба на заедничка куќа.

Македонија | пред 7 години

detska-pornografija-1

Кривична за беровчанец: Праќал порнографски снимки и фотографии на малолетничка

НК за КР Берово поднесе кривична пријава против Ј.К.(19) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено  кривично дело “производство и дистрибуција на детска порнографија“.Во периодот од 20 до 27.03.2019 година, 16-годишна малолетничка на својот инстаграм профил во два наврати примила видео снимка,  фотографија и текст со непристојна содржина испратени од профил на пријавениот.

Македонија | пред 7 години

krazba-kradenje

Кражба на кејот во Скопје: Три лица и го земале ранецот на туристка

На 09.05.2019 година во Полициската станица Центар, A.K.(32) од Германија, пријавила дека истиот ден околу 20,30 часот на улицата “Кеј 13-ти Ноември“ во од страна на три непознати лица насилно и бил одземен ранец, во кој имало документи и пари.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

iveqgpr0mxohbhtipzy0

Скопје: Му влегле дома и го истепале поради статус на „Фејсбук“

На 09.05.2019 година во 20,00 часот во СВР-Скопје било пријавено дека во с. Инџиково-скопско во домот на С.У.(49), тој заедно со Н.У.(46) и М.У.(27) физички биле нападнати - поради фејсбук статус - од неколку лица меѓу кои биле и лицата А.А, М.А. А.А. и А.А.Преземени се мерки и земен е записник за примање пријава по член 386 (“насилство“) од КЗ на РСМ.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања