Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

mvr-akcija

Дилерите кои вчера беа апсени пробале да избегаат, а поседувале луксузни возила, илјади евра и оружје

Во вчерашната акција на МВР, во која беа уапсени дилери, биле извршени претреси на повеќе локации во населбите Чаир и Ченто и село Грушино, скопско. Операцијата според МВР  оптпочна во момент кога лидерот на криминалната група се обиде да избега од државава, а е уапсен на меѓународниот аеродром „Скопје“ со голема сума пари. Исто така уапсени се и членови на групата, а по еден од групата се трага.Од извршените претреси пронајдени и привремено одземени се: одредена количина на кокаин, парични средства (6.300 швајцарски франци, 150 САД долари, 150 Евра и 28.500,00 денари), пет луксузни патнички возила (марка Јагуар, БМВ, Ауди А8, Шевролет Калос и Сеат Алтеа), еден пиштол марка „карл валтер“, две пушки и 52 куршуми различен калибар, два панцира, две мали дигитални ваги, повеќе мобилни телефони, држачи за сим картици, две УСБ-еа и документација за возило. Количината и квалитетот на пронајдениот и одземен кокаин дополнитело ќе биде утврден со крим-техничко вештачење“, извести МВР.

Македонија | пред 7 години

crven-krst-1

Вработени во Црвен крст уценувани и заплашувани, бараат помош за да престане прогонот врз нив

Вработени од Црвениот крст преку медиумите бараат спас од како што велат невидениот притисок поради објавата во која како што велат некој обелоденил мешање во изборните процеси на Црвениот крст на Република Македонија.-Во целата изминатата недела се соочуваме со прогон и притисок, закажување на состанок на 03.05.2019 (петок) со цел вршење притисок и потпишување изјави во кои ни се наметува лично да изјавиме дека не сме дел од соопштението, не го прифаќаме и не е објавено од вработените во Црвениот крст на Република Македонија и истата таа изјава лично да ја потпишеме.Се спроведуваат внатрешни истраги на вонредната седница на раководниот одбор на 08.05.2019 (вторник) со акцент за тоа КОЈ ги објавил информациите а не ШТО е објавено и сторено.Би сакале да истакнеме дека не сакаме да бидеме соучесници во овој процес и во овие дела, дека изјавите се земени под притисок и закани на нашите работни места. Замолуваме за помош, заштита и мерки кои би овозможиле да си ја работиме нашата работа во мирна и нормална работна атмосфера согласно мисијата на нашата организација без секојдневни притисоци и закани од раководството кои секако ќе следат по објавата и на ова известување, но ние сме цврсто убедени да ја запознаеме македонската јавност и надлежните институции и да истраеме во нашите напори за правична разрешница.Се надеваме дека ќе изнајдете решение да се стави крај врз прогонот и притисокот кој се врши од страна на раководството врз вработените, велат дел од вработените во Црвениот крст.

Македонија | пред 7 години

Mitko-Cavkov

Чавков не се сеќава на апсењето на Бошковски

Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков на денешното судење на рочиштето за „Тортура“, вели дека не се сеќава на акцијата за апсењето на Љубе Бошковски. Тој пред судот рече дека не може да се сети ниту на тоа дали знаел за акцијата која требало да ја спроведе акцијата МВР.На судењето, Чавков континуирано му повторуваше на судот дека тој е од Република Македонија, а не на Република Северна Македонија, како што велеше судијата.

Македонија | пред 7 години

droga-srbija

Во Србија се појавила нова дрога стопати посилна од марихуаната

Во Србија се појави нова дрога, психоактивна супстанца која е стопати посилна од марихуаната, објави РТС.Ефектите на синтетските канабиноиди се слични на марихуаната, но имаат стопати посилно дејство и се забележуваат десет минути по конзумирањето. Се изразува преку црвенило на очите и конјуктивит, забрзан пулс, сува уста, промена на расположението и перцепцијата.Последиците се чувствуваат и наредните денови, а ефектот во континуитет трае шест часа.Користењето на тие супстанци во светот е поврзано со зголемен број смртни случаи, но и самоубиства.

Свет | пред 7 години

mvr-akcija

МВР со низа детали за вчерашната акција: Сузбиена четиричлена дилерска група од Чаир, Арачиново и Ченто

Вчера (09.05.) од страна на Бирото за Јавна Безбедност - Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Одделот за криминалистичка полиција, во соработка со Одделот за специјални полициски операции при МВР, а во тесна координација со ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, спроведе полициска операција со цел сузбивање на организирана криминална група инволвирана во организирање на набавка на наркотична дрога - кокаин, и нејзина дистирибуција и продажба на повеќе различни локации во Скопје и други градови во државата. Во текот на денов (10.05.) ОСОСК на МВР до ОЈО за ГОКК ќе поднесе кривична пријава против четири лица и тоа : И.Ј. (41), Б.Ј. (31) двајцата од населбата Ченто, Н.М (37) од населба Чаир, и Д.Р. (19) од село Арачиново, а за постоење основи за сомнение за сторено кривично дело - “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” казниво по чл.215 ст.3 од КЗ на РСМ.Имено, обемната криминалистичка истрага се спроведуваше изминативе три месеци а целта беше сузбивање на четиричлена организирана криминална група од Скопје, која беше идентификувана како организирана криминална група со дефинирана строга хиерархиска поставеност, која се занимава со набавка на поголема количина кокаин, кој бил препакуван, мешан и продаван на корисници на подрачјето на Град Скопје.Исто така, за криминалната група беше утврдено дека во текот на своето делувување вршела коруптивни дејствија заради добивање податоци за мерките кои ги презема МВР кон членовите на ОКГ, како и за добивање корисни информации за конкретни судски постапки кои се водат против нив.Преку продажбата на кокаин, овие лица се стекнале со големи износи на парични средства, кои ги инвестирале во купување на луксузни моторни возила, станови и изградба на куќи.Документирано е и дека оваа група во текот на своето делување користела насилство и закани кон лица-корисници на кокаин, кои навремено не плаќале за набавениот кокаин.За време на спроведувањето на криминалистичкото истражување, обезбедени се голем број на материјални докази и документирани се бројни купопродажби на кокаин кон менаџери на кафе барови, ноќни клубови и ресторани, потоа адвокати, директори, банкари и вработени во јавна администрација, при што лишени од слобода беа 12 лица. Во контекст на ова, а во рамки на истрагата претходно поднесени се две кривични пријави до ОЈО Скопје и ОЈО Куманово, против две лица од кои едно лице вработено на висока позиција во Царинската управа за сторено кривично дело -  “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” казниво по чл.215 ст.1 и „овозможување на употреба на наркотични дроги“ по чл.216 ст.1од КЗ на РСМ.При реализацијата беа вклучени соодветен број полициски сили од ОСОСК, ОКП, ОСПО, ОКТИВ и други организациони единици од МВР, при што претреси беа извршени на повеќе различни локации во населбите Чаир и Ченто и село Грушино, скопско. Операцијата оптпочна во момент кога лидерот на криминалната група се обиде да ја напушти државата, а лишен од слобота беше на меѓународниот аеродром “Скопје“, со поголема количина на парични средства. Исто така од слобода беа лишени уште две лица членови на групата, а по едно се трага. Еден од членовите на групата беше лишен од слобода во текот на ноќта при обид за бегство од лишување од слобода во неговиот дом.Од извршените претреси пронајдени и привремено одземени се: одредена количина на кокаин, парични средства (6.300 швајцарски франци, 150 САД долари, 150 Евра и 28.500,00 денари), пет луксузни патнички возила (марка Јагуар, БМВ, Ауди А8, Шевролет Калос и Сеат Алтеа), еден пиштол марка „карл валтер“, две пушки и 52 куршуми различен калибар, два панцира, две мали дигитални ваги, повеќе мобилни телефони, држачи за сим картици, две УСБ-еа и документација за возило. Количината и квалитетот на пронајдениот и одземен кокаин дополнитело ќе биде утврден со крим-техничко вештачење.Дополнително, за пронајденото огненено оружје ќе бидат поднесени кривични пријави и за сторено кривично дело „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по чл.396 од КЗ на РМ, а МВР ќе ја прошири истрагата кон полициски службеници за кои во текот на истрагата се обезбедени информации и основи на сомневање за поврзаност со припадниците на оваа организирана криминална група.

Македонија | пред 7 години

duraku-ahmeti-zaev

Министерот за екологија, Дураку: Не одлучува Заев за моето разрешување, туку Ахмети

Во врска со гласините за разрешувањето на министерот за екологија Садула Дураку, тој за ТВ21 рече дека за тоа одлучува само Али Ахмети.„Ние како ДУИ сме коалициски партнер со СДСМ, и ние не сме во заеднички чадор со СДСМ. Имаме наше раководство и лидер на партијата, Али Ахмети. Тој заедно со централното претседателство и генералното претседателство одлучува за сопствениот кадар. Никогаш ДУИ не дозволил некој да се меша во внатрешните работи на ДУИ, но и коректно е дека ние не сме се мешале во другите партии “, рече Садула Дураку, министер и потпретседател на ДУИ, преку телефонска врска за Тв21.

Македонија | пред 7 години

gorge-ivanov

Иванов пред да му престане фунцијата побарал пари за закуп на канцеларии за својот нов кабинет

Мандатот на претседателот Ѓорге Иванов истекува во недела, за кога е закажана и инаугурацијата на новиот претседател Стево Пендаровски.  Денеска Иванов на последниот работен ден, испрати барање до Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) со кое бара во рамки на буџетот кој го следува по заминување на функцијата,  да се склучи договор за изнајмување на канцелариски простор кој тој веќе го пронашол, објави Плусинфо.Инаку претседателот во заминување по престанокот на функцијата има право на пензија чиј износ е еднаков со износот на платата како и на лично обезбедување  и право на користење службено возило и возач.Вакви привилегии, користи и претходниот станар во вилата на Водно, Бранко Црвенковски.Текстот во целост на Плусинфо.

Македонија | пред 7 години

–-–-Google-Chrome

ВИДЕО: Заев се качи на мотор, а функционерите кои ќе летаат на „метлата“ чекаат неговото враќање

Откако утрово Владата објави дека премиерот Зоран Заев четири дена ќе одмара и нема да оди на работа, порталот „Лидер“ објави снимка која како што велат, им е испратена од читател, а за која тврдат дека е снимена во Ново Село. Според порталот, на неа е премиерот качен на мотор, иако тоа не се гледа бидејќи сите моторџии носат кациги.Меѓу возилата има и владини возила, односно обезбедување. Последно во колоната е возило кое влече приколка.-Канцеларијата на претседателот на Владата, информира дека премиерот Зоран Заев во периодот од 10-ти до 14-ти мај ќе користи дел од своите слободни денови. Деновите, премиерот ќе ги земе заради приватни причини.– информираат од прес службата на владата.Премиерот Зоран Заев најави дека веднаш по изборите ќе започне со операцијата „метла“. Но, очигледно, чистката во Владата ќе почека, додека Заев да се врати од одмор.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Иванов не сака да биде повеќе професор, не побарал да се врати на Правниот факултет - што ќе прави?

Деканот на Правниот факултет Горан Коевски за „Независен весник“ изјавил  дека досега не е доставено барање од Иванов за враќање на Катедрата на студиите по политички науки.Досегашниот претседател Ѓорге Иванов, веројатно, ги пакува куферите за заминување од претседателската вила, ама не открива дали од почеток ќе го искористи правото на доживотна апанажа како експретседател на државата? Или ќе се врати на Правниот факултет во Скопје додека не ги исполни условите за старосна пензија, кога повторно ќе може да ги користи привилегиите како поранешен шеф на државата, а кои, во таков случај, би му биле во мирување во наредните неколку години.Во меѓувреме, Иванов го откажа присуството на самитот во рамки на Процесот „Брдо-Бриони“, што годинава се одржува во Тирана. Тој се заблагодари за поканата, известувајќи ги лидерите на овој процес дека поради исклучително краткиот период пред крајот на неговиот претседателски мандат и инаугурацијата на новиот претседател не може да учествувам на овој многу важен собир.„Од кабинетот на Иванов, до затворањето на овој број на весникот, не добивме одговор што ќе прави досегашниот претседател од понеделник. Тој досега не испратил барање ниту до Владата ниту до Правниот факултет за одобрување апанажа, кабинет и соработници или за враќање на работното место како професор“, објави Независен весник.Од кабинетот на Иванов пред извесно време се интересирале во Службата за општи и заеднички работи колку изнесува годишниот буџет за поранешен претседател на државата. Но владиниот портпарол Миле Бошњаковски изјави дека до вчера не се доставени никакви барања од кабинетот на Иванов за неговите потреби по заминување од функцијата.

Македонија | пред 7 години

apsi-bit-pazar

ВИДЕО: Апсењата на дилерите на Бит Пазар

Синоќешната голема акција на МВР, со која неофицијално има уапсено 9 лица, била забележана од порталот „Досие.мк“. Засега не е потврдено дали овој претрес е дел од акцијата на МВР или станува збор за одделен случајСпоред информациите, видеото е снимено при претрес во куќа на Бит Пазар, каде упаднале специјалци. Од внатре прво биле извадени децата, а на вториот кат од објектот бил претресот. Локалното население било насобрано околу куќата, но никој не кажал кој е сопственикот.МВР најави информации за целата акција за неколку часа.Видеото од порталот „Досие.мк“, можете да го погледнете ТУКА. 

Македонија | пред 7 години

stop-policija

Утре посебен режим на сообраќај на булеварот “Илинден“, еве зошто

Утре (11.05.) во Скопје со почеток од 08.00 часот до 20.00 часот, во организација на „АМП ТИМ“ ДООЕЛ од Скопје, ќе се одржи најавената манифестација – „Авто Плус Стрит Шоу“ а на делот од булеварот “Илинден“ од крстосница со улицата “Аминта 3-ти“ до крстосница со пристапна улица за влез во објектот на Град Скопје.Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот долж наведената траса а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. Истовремено МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Скопје | пред 7 години

goranco-panovski-696x392

МВР со кривична за градоначалник кој вработувал иако општината немала потреба од работници

Против поранешниот градоначалник на Општина Чашка, Горанчо Пановски, е поднесена кривична пријава затоа што вработил 40 лица, од кои немало потреба и кои не доаѓале на работа.Во периодот од 2013 до 2017 година пријавениот одобрил времено вработување со договор на дело за 40 лица во општина Чашка, иако општината немала потреба од вработување.После тоа, тие воопшто не доаѓале на работа и не биле потпишувани во евидентните списоци, а договорите им се продолжувале секој месец и им се исплатувал надомест од општината.

Македонија | пред 7 години

divonaselje2

150 велосипедисти ќе возат од Куманово до Гостивар во чест на загинатите полицајци

По повод годишнината од трагичните настани во кумановско “Диво насеље“,  утре (11.05.) ќе се одржи традиционалната меморијална велосипедска тура “Почесен круг со велосипеди во чест на загинатите припадници на МВР“,на која учество ќе земат околу 150 велосипедисти а на релација Куманово-Гостивар.Турата ќе започне во 07,00 часот со старт од бензинската пумпа на “Макпетрол“ на влезот во Куманово и ќе продолжи по автопатот до Скопје, потоа низ градот Скопје и тоа до гробиштата во с.Студеничани, “Камник“, с.Стајковци, гробиштата “Бутел“, касарна “Илинден“ и “Ѓорче Петров“, од каде ќе продолжи по автопатот до Тетово – градски гробишта, с.Брвеница“, во продолжение по автопатот до с. Зубовце (Гостивар) и ќе заврши на гробиштата во Гостивар.Велосипедската тура ќе се одвива во услови на редовен сообраќај, со движење по десната страна на коловозот во правец на движење и пропуштање на учесниците во истата од страна на сообраќајната полиција на семафоризирани и пофрекфрентни крстосници.Токму заради тоа, а со цел непречено одвивање на најавениот настан, МВР работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде ќе се одвива велосипедската тура.

Македонија | пред 7 години

Mitko-Cavkov

Чавков ќе сведочи за апсењето на Бошковски, каде обвинет е Мијалков

Во Кривичниот суд ќе се одржи судење за предметот „Тортура“ на СЈО кој се однесува за начинот на кој беше апсен лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, на 6 јуни 2011, ден по парламентарните избори.На судското рочиште за денеска се очекува да сведочат колку лица меѓу кои и поранешниот шеф на БЈБ и министер за внатрешни работи Митко Чавков. Тој треба да биде спроведен во судот од затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, каде се наоѓа во притвор откако доби првостепена затворска казна од 18 години за настаните во Собранието од 27 април 2017.Во „Тортура“ обвинети се ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, бившиот шеф на Алфите, Ивица Антевски – Пуки, и уште петтмина припадници на единицата.Покрај за „Тортура“, во Кривичен за денеска се закажани рочишта за уште три предмети на СЈО: „Траекторија“, „Триста“ и „Монструм“.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Жена се обидела нелегално да влезе од Грција во Македонија, полицијата ја привела

На 09.05.2019  година во 21,30 часот од страна на патролен тим од Полициската станица за Граничен премин и Граничен надзор - Богородица, поради нелегално поминување на државната граница од Република Грција во Република Северна Македонија, била приведена Н.Л.(54) од Република Албанија.Со лицето извршен бил разговор по што била задржана во полициска станица за понатамошна постапка. 

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Истепани полицајци во скопско село и итно префрлени во болница, откако сопреле камиони

На 09.05.2019 година околу 17,35 часот во с.Д.Количани-скопско, полициски службеници од Полициската станица Драчево при преземање на службени дејствија со цел да запрат две товарни моторни возила натоварени со дрва, биле физички нападнати од повеќе лица жители на селото.Во тој момент бидејќи им била загрозена сигурноста полициските службеници испукале по еден предупредувачки истрел во воздух и успеале да се оттргнат од насобраната толпа.Полициските службеници со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ каде им била укажана лекарска помош и од страна на лекар констатирани им биле телесни повреди. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

kucinja-kuce

Две лица искасани од кучиња, на плоштадот во Скопје и Аеродром

На 09.05.2019 година во 20,15 часот во Полициската станица Центар Н.С.(25) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 11,00 часот додека возел велосипед, на плоштад Македонија бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.Истиот ден во Полициската станица Аеродром П.К.(73) од Скопје пријавил дека на 08.05.2019 година околу 17,50 часот на булеварот “Јане Сандански“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница.

Скопје | пред 7 години

droga-germanija-banani

Тетовчанец уапсен поради продажба на дрога

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.Х.(27) од село Слатино, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.На 29.03.2018 година во село Теарце, тетовско, полициски службеници забележале како едно лице фрлило пакување со марихуана.Извршен бил разговор со лицето и било утврдено дека дрогата ја набавил од пријавениот.

Македонија | пред 7 години

soobrakajka

Се судрија камион, автобус и автомобил на Партизанска, патничка префрлена во болница поради тешки повреди

На 09.05.2019 година во 16,00 часот во Скопје, на булеварот “Партизански Одреди“ во близина на крстосницата со булеварот “8-ми Септември“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Ландровер“ со скопски регистарски ознаки управувано од М.Ч.(58) од Скопје, товарно моторно возило “Ивеко“ со скопски регистарски ознаки управувано од И.Н.(42) од с.Страчинци-скопско и автобус „Евобус“ со скопски регистарски ознаки управуван од А.П.(47) од с.Сарај-скопско.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила патничка во автобусот С.Ј.(67) од Скопје, на која и била укажана лекарска помош во Градската општа болница “8-ми Септември“.Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје.Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

apsi-bit-pazar

Се апселе дилери низ Скопје, а Спасовски не сака акциите да ги води преку медиумите

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера гостуваше во ТВ21 во емисијата КликПкус, каде говореше на многу теми, меѓу кои за Груевски, новата книга за која кажа дека нема да ја чита, метлата на Заев, за која рече дека дава поддршка и не се плаши, но беше прашан и за големата полицисска акција која се спроведе синоќа.На прашањето дали има претреси, Спасовски одговори:- Се што има благовремено ја информираме јавноста и ако било што има или имало ќе знаете, но не очекувајте дека акциите ќе ги правиме преку Тв екраните и камери, рече Спасовски кратко.Инаку, денеска МВР потврди дека имало полициска акција на територија на Скопје, за сузбивање на трговија со дрога.  Според првичните информации, претресени се повеќе локции и домови во Гази Баба, Арачиново и  Сингелиќ, а има и приведени лица.Се очекува повеќе детали за акцијата, МВР да соопшти во текот на денов.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Земјотрес од 6,3 степени ја погоди Јапонија

Земјотрес со јачина од 6,3 степени го стресе утрово југозападниот дел од Јапонија, но засега нема извештаи за жртви и штета.Јапонската метеоролошка агенција не издаде предупредување за цунами, иако беше кажано дека би можело да дојде до промена на нивото на морето, јави „АП“.Земјотресот се случи во близина на Мијазаки, главен град на истоимената област со 400.000 жители.Епицентарот бил на длабочина од 23 километри.

Свет | пред 7 години

SJO

Нов обид Дескоска и ВМРО-ДПМНЕ да одлучат за судбината на СЈО и Јанева

За денеска е закажана нова средба на работните групи на власта и опозицијата, откако завчера немаше никакво поместување во делот на разговорите околу законот за јавно обвинителство.Министерката за правда Рената Дескоска деновиве изјави дека оваа Министерство во ниту еден случај не треба да прифати внесување на одредби кои ќе значат скриена амнестија за одредени дела.На претходната средба немаше решение за тоа дали и кој треба да ги работи предметите на Специјалното јавно обвинителство што беа отворени по истекот на мандатот на 30 јуни 2017 година. Преговорите меѓу власта и опозицијата за законот за обивнителство повторно се без успех како и пред претедателските избори.Нов обид за да се усогласат ставовите минситерката за правда Рената Дескоска од името на власта и адвокатот Тони Менкиноски за опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе направат во петок. Дескоска вели клучните разлики остануваат, но остануваат и црвените линии на власта – да нема скриена аменстија.

Македонија | пред 7 години

shilegov

Шилегов во сабота ќе прска против комарци

Првата фаза од авионската дезинсекција на подрачјето на Градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се изврши во сабота (11 мај), во раните утрински часови.– Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни. – информираат од Град Скопје.Оттаму апелираат до пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Скопје | пред 7 години

Nikola-Gruevski-so-lav-VMRO

Мицковски за книгата на Груевски: Хитлер не стана предмет на историска дебата оти правел геноцид, така и ти

Скролајќи по социјалните мрежи приметив дека издавачката куќа на Груевски - Ѓурѓа, имала вистинска фасцинација со диктаторите и крвниците низ историјата.Па така низ годините имале издадено една серија на дела од Адолф Хитлер, секако неизбежната Мајн Кампф, „Еврејското прашање и христијанството“ потоа „Најзначајните говори на Гебелс“ и книга за Мусолини.Се разбира и тие книги и дела треба да постојат, па и критички да се проанализираат, но фактот дека ги има насекаде, дури и во супермаркети, говори за една трговско-конзумеристичка логика, која излага од критичкото, и ни наметнува злостори и дубиозни историски личности, како популарни продукти, фриволно и наивно промовирани, веднаш до честитките за роденден, и ќесите за подароци.Јеботе, Хитлер, честитка, сет ножеви, и можеби кутија со сладолед во корпичката на просечниот Македонец.Но, тоа што е поочигледно, е колку и ваквите издавачи да се обидуваат, Хитлер никогаш не успеа да стане предмет на некаква си историска дебата, од проста причина што нема што да се дебатира околу промоторот на најголемиот геноцид во историјата на човештвото.Донекаде истото важи и за нашиот Груевски кој се обидува да изигрува некаков си експерт и да дели памет од непријателска Будимпешта. Нема што да дебатираме со Груевски, треба само да плати и да одлежи затвор за своите криминали и злодела.Оттука оваа морбидна и промашена фасцинација на издавачката куќа Ѓурѓа со „Чудовиштата на човештвото“, кои сака да ни ги приближи до поп-културата и големите ѕвезди на хоророт како Фреди Кругер и Дракула, кои сепак мора да се признае дека имаат далеку поинтересни психолошки нијанси и карактеристики од Хитлер или Груевски.Но, да не им даваме нови идеи на Ѓурѓа, и вака, доволно ја промашиле работата.Фејсбук статус на новинарот Ивор Мицковски.

Коментари | пред 7 години

karakamiseva-ivanov

Каракамишева до Иванов: Имате уште два дена за да ги амнестирате осудените за 27 април!

Професорката на правниот факултет Тања Каракамишева и дел од ВМРО-ДПМНЕ јавно го повика претседателот Ѓорге Иванов пред заминување да даде амнестија за осудените за 27 април.„Претседателе Иванов, имате уште два дена да ја исправите историската неправда кон уставобранителите. Имате полно уставно и законско право да ги помилувате. Вашето евентуално ново помилување, како и сите до сега извршени помилувања кои Вие под притисок на меѓународниот фактор ги повлековте, согласно меѓународното кривично право се неотповикливи и апсолутни. И Вие и сите правници знаат дека еднаш дадено помилување е засекогаш дадено помилување. Не може да биде повлечено, ниту поништено. Неправедно осудените за тероризам, Македонските патриоти заслужуваат правда!“, напиша Каракамишева. 

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања