Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

izgore-avtomobil

Ноќва изгоре возило сопственост на осигурителна компанија

На 12.05.2019 година во 03,08 часот во ЕИК-Скопје, Д.В. пријавила дека на ул.„Теодосиј Синаитски“ во Скопје било опожарено паркирано патничко моторно возило “Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки , сопственост на Осигурителна компанија .Од страна на екипа на БППЗ-Скопје пожарот е локализиран.Увид ќе се врши во текот на денот.

Македонија | пред 7 години

urgenten-centar

25 годишна жена примена во болница со убодна рана во абдоменот- вели се самоповредила по расправа со сопругот

На 11.05.2019 година околу 17,30 часот во Единицата за известување и команда Скопје од  Ургентен центар Скопје пријавено е дека кај нив била донесена повреден В.М. (25) од Скопје која имала убодна рана од остар предмет во пределот на абдоменот.Според нејзин исказ по претходна расправија со сопругот во нивниот дом, таа се самоповредила со нож во пределот на абдоменот.Со возило на Итна медицинска помош е пренесена во Ургентен центар, каде и се констатирани тешки телесни повреди и е задржана на понатамошно лекување.Се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

brza-pomos

Вработен се лизнал и паднал од прв кат на објект, пренесен во Ургентен

На 11.05.2019 година, во 10,30 часот во Куманово, на ул.“3-та Македонска Ударна Бригада“, додека Б.А. (31) од Куманово , вработен во приватна фирма, работел на објект во еден момент од засега непознати причини се лизнал и паднал од први кат на објектот при што се здобил со тешки телесни повреди.Истиот бил пренесен во Општата болница Куманово, од каде, заради тежината на повредите бил префрлен во Ургентен центар во Скопје.

Македонија | пред 7 години

0000traktor

Се преврте трактор, почина едно лице

На ден 11.05.2019 година, околу 18,30 час во близина на манастирот “Свети Атанасие“, во атарот на село Локвени, додека Н.З. (31) од село Локвени управувал трактор марка “Фиат“ со кој се движел по ридот во близина на патот од с. Локвени кон манастирот “Свети Атанасие“, во еден момент од засега непознати причини тракторот се превртел, при што Н.З. бил потиснат под возилото.Во близина на местото се нашле лицата Б.Е. и Н.З коишто го извадиле повредениот и се упатиле кон Градската болница во Прилеп,  но во близина на село Врбјани, повредениот им подлегнал на повредите. Смртта е констатирана од доктор од ИМП-Прилеп. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПСОН Прилеп, и се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Ангелов: Во Карпалак зaгинaa македонски вojници кои со себе носеа унифopми и opужје и со тоа беа лeгaлнa цeл

Претседателот на политичката партија Достоинство, коалиционен партнер на Зоран Заев, поранешниот припадник на МВР, Стојанче Ангелов, вчера при гостувањето во емисијата  Само Вистина на Канал 5 телевизија се обиде да го опpaвда мacакрот кај Карпалак кога зaгинaa 10 македонски peзервисти во зacеда од страна на теpopистите на УЧК.Според Ангелов неговите coборци кои беа мacaкрирани во зacеда од страна на припадниците на УЧК, биле лeгитимнa цeл, бидејќи се вoдeлa вojна, а тие биле под opyжје.- Рековте зошто некој од албанскиот фактор не отишол да се пoклони на Карпалак. Во Карпалак oгaн беше отвopен и зaгинaa македонски вojници кои со себе носеа унифopми и opужје и со тоа беа лeгaлнa цeл. Исто како што јас неколку пати влегов во зacеда и пyкaa на мене, вели Ангелов. 

Македонија | пред 7 години

59996600_829284864100810_1960982595911024640_n

Потпишана Декларација за соработка во областа на земјоделство помеѓу Македонија и Чешка

Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, во рамки на официјалната посета на Република Чешка, имаше работан средба со министерот за земјоделство на Чешката Република Мирослав Томан. На средбата министерот Томан ја искажа подготвеноста на чешките институции да го пренесат целокупното искуство кое и е потребно на Република Северна Македонија за пристап во Европската унија од аспект на правила, постапки, процедури, легислатива и стандарди за квалитет и безбедност на храна, како неопходен предуслов во процесот на прилагодување.Република Чешка како членка на ЕУ користи 1 милијарда евра средства наменети за модернизирање на земјоделството и подобрување на условите во руралните средини. Бенефитот за земјоделците од влезот во ЕУ е голем, но истовремено е неопходно да се достигнат стандардите за квалитет и безбедност на храната. Чешка е на врвот на ЕУ во одгледување на добиток и поседува најдобар генетски материјал, а инспекциските служби се едни од најстрогите во Европа. Во оваа насока, министерот Томан ја понуди нивната помош за пренесување на потребното знаење и искуството. Воедно, на средбата беа отворени голем број актуелни прашања, кои се приоритетни за реформа во шумарството, водостопанството и справувањето со климатските промени кои од година во година предизвикуваат сериозни штети врз земјоделското производство.На средбата двајцата министри потпишаа Декларација за намера помеѓу Република Чешка и Република Северна Македонија. Со Декларацијата е предвидена взаемна соработка на двете држави во делот на трговската размена со земјоделско-прехранбени производи, размена на искуства во областа на здравјето на растенијата и фитосанитарна политика,шумарската политика, соработка во евро-интегративните процеси во земјоделските и руралните сектори, како и шумарството, рибарството и аквакултурата, лозарство, производство на вино, консолидација на земјоделско земјиште, осигурување и инструменти за финансиска поддршка во земјоделството и друго. Инаку, со Република Чешка за прв пат се потпишува документ за соработка во областа на земјоделството, што претставува позитивен импулс во унапредување на взаемната соработка.Ова е прва средба на министри за земјоделство на двете земји по подолг период и беше оценета како многу успешна, бидејќи се дискутираше за конкретни теми и можности за соработка.

Македонија | пред 7 години

crn-drim

Нивото на реката Црн Дрим, трипати пониско од просекот за мај

Трипати пониско од просекот за мај е нивото на реката Црн Дрим, покажуваат денешните хидролошки мерења кај Ложани.Како што информира УХМР, нивоата на сите реки се под мајскиот просек.Преполовени се нивоата на Лепенец кај Скопје, на Вардар кај Велес, на Треска кај Македонски Брод, на Крива Река кај Крива Паланка и на Бабуна кај Богомила.Водостоите, пак, на езерата, Охридско, Преспанско и Дојранско се во рамки на просекот. 

Македонија | пред 7 години

Ostrog02

(ВИДЕО) Македонски верници снимиле необична на светлина во манастирот на Св. Василиј

Православната црква денеска го прославуваат Свети Василиј Острошки, големиот чудотворец, чиишто чудотворни дела се познати насекаде. За стотици верници овој манастир секојдневно е местото каде тие следејќи ја верата го пронаоѓаат лекот, мирот и спасението …се раскажуваат вистински приказни за инвалиди кои прооделе, за болни кои се излекувале, за жени кои по посетата станале мајка по долги години…секој раскажува своја приказна, но и чудото кое се случило откако го посетил манастирот. .Верници од Македонија објавија снимка од  необична светлина, за која веруваат дека се работи за духот на Свети Василиј.Тие појаснуваат дека на снимката се гледа необичната светлост, која не била видлива со голо око туку само преку камерата на мобилниот телефон.Видеото е поставено во 2017 година, но деновиве повторно почна да биде популарно и да се појавува на социјалните мрежи.Под видеото има низа коментари, од оние кои се убедени дека свелината е духот на Св Василиј, до оние кои коментираат дека светлината е блицот на мобиниот телефон, бил вклучен додека е снимано и дека нема никакво чудо.

Македонија | пред 7 години

IMG-da0bad9bbed1bac3b90a9a6d82e8e1ca-V

(ФОТО) Сообраќајната полиција „ловеше“ возачи на моторцикли кои чинат прекршоци

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 11/12. 05. 2019 година во периодот од 20.00 до 01.00 часот спроведе зајакната акциска контрола по  прекршоци што ги чинат возачи на  моторцикли.Од страна на полициските службеници, по однос на констатираните  прекршоци што ги чинат возачи на моторцикли од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата , шест моторцикли се одземени привремено под сомнение за техничка неисправност за утврдување на бучава , за два од мотоциклите постои сомнеж за сторен царински прекршок , откриени се  пет прекршоци сторени од возачи на моторцикли и тоа : управување без возачка дозвола, измината важност на сообраќајна дозвола, изгубена или оштетена регистарска табличка, неносење на возачка дозвола и управување без заштитен шлем (кацига).Во однос на погоренаведените прекршоци издадени се четири платни налози за наплата на глоба и еден мандатен платен налог за наплата на глоба, а дополнително се откриени  уште десет останати прекршоци, за шест од нив издадени се мандатни платни налози за наплата на глоба, а за четири прекршочни платни налози за наплата на глоба.

Македонија | пред 7 години

1-8-1

Заев: Денес нашата земја добива претседател, лидер кој ни се приклучува во водството напред

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев испрати честитка по повод инаугурацијата на Претседателот на државата Стево Пендаровски. Честитката ви ја презентираме во целост:„Почитувани граѓани,денес нашата земја добива претседател - тоа е нашиот Стево Пендаровски, лидер кој ни се приклучува во водството напред, во нашата заедничка иницијатива со која ја правиме Северна Македонија убаво место за живеење.Денес Пендаровски ја презема должноста да биде претседател на сите граѓани, натпартиски, да се бори за правда и правичност и да ја претставува земјата достоинствено насекаде низ светот.Драг Стево,Нека е честито, успеавме, граѓаните потврдија дека мораме да продолжиме напред, преку заедништво. Ти посакувам успех и верувам во конструктивна соработка во интерес на развојот.Сега одговорноста е голема. Те поддржувам за да им служиш посветено и праведно на сите граѓани и на нашата држава.Честитки, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе, и на првиот работен состанок. Нѐ чека многу заедничка работа, за нашиот народ, се вели во честитката од премиерот Зоран Заев.

Македонија | пред 7 години

Ostrog02

Денеска се прославува Св. Василиј Острошки - големиот чудотворец

Православната црква денеска го прославуваат Свети Василиј Острошки, големиот чудотворец, чиишто чудотворни дела се познати насекаде.Чудата и доказот  за светоста на Василиј и неговата чудотворната моќ се многу големи. Тој, кој во својот земен живот личел повеќе на ангел отколку на човек, го воздигнал својот дух до престолот Божји, а своето тело го обесмртил. Тоа свето тело за време на земското живеење било храм на светиот дух, а по разделувањето со душата, станало ризница на благодати.Не можат да се набројат разните чудесии, кои Господ преку него ги правел и кои секој ден ги прави и покажува над секој тој што доаѓа да побара помош од овој голем светец и учител, двигател на православната вера.Многумина веруваат дека ако се заречат дека на овој ден ќе одат на Духовден во манастирот Острог, нивната болест или болеста на некој нивни близок ќе исчезне „како однесена со вода“. Ако решите да побарате помош од овој светец од денеска мора да почнете со строг пост, кој ќе трае се додека на Духовден не одите на Острог и таму се причестите.Св Василиј често  го слават и муслиманите и католиците, бидејќи на овие простори сите се уверени во големата чудотворна моќ на свети Василиј.

Македонија | пред 7 години

53245259_1681223482176943_4489936812415909888_n

Охриѓанец пронајден мртов пред хотел

Пред половина час, близу познат хотел во Скопје е пронајден мртво тело. Неофицијално станува збор за жител на Охрид. Се чекаат екипи на МВР и Јавното обвинителство, за да се утврди причината за смртта. По увидот, МВР ќе излезе со детали за случајот.

пред 7 години

apsenje-srbija

(ВИДЕО) Вучиќ се налути, го упапси општинскиот врв од својата партија во Пожега поради корупција

Градоначалникот Милан Божиќ (62), претседателката на Советот на општина Пожега Зорица Митровиќ, нејзиниот сопруг Миленко Митровиќ, како и шефот на општинската администрација, Велимир Максиќ, вчера беа уапсени во акција на полицијта поради злоупотреба на службена положба и штети нанесени на општинскиот буџет од повеже стотици илјади евра.Апсењето се спроведе и покрај тоа што раководните лица од општината се кадри на владејачката Српска напредна странка, на претседателот Александар Вучиќ.Исто така, беше уапсен и В.Г. (1970), раководител на одговорното лице во Агенцијата за проценка на недвижен имот на планината Ивањица поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело злоупотреба во врска со јавните набавки и криминално дело за фалсификување документи.Уапсени се за корупција, поради сомневање дека сториле кривично дело злоупотреба на службената должност. Тие во периодот 2017-2018 во постапката со четири набавки на општина Пожега одобриле исплата на фактури издадени од страна на работата на изведувачите, иако овие услуги и работи не се извршува во времето на исплата, и процедурите за набавки не биле спроведени во согласност со закон.На овој начин фирмата „Горски” се стекнала со корист од 1,36 милиони динари (околу 100.000 евра), и на општинската администрација на Општина Пожега предизвикала загуба во тој износ. 

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Пораките кои стигнуваа годинава за состојбата во која што се наоѓа Македонија, не допираат до Зоран Заев

Неспособноста на владата да ги испорача реформските приоритети, неиплементирањето на судските реформи, организираниот криминал, високиот степен на корупција, нарушеното функционирање на институциите, бројните скандали и однесувањето на функционерите на власт, не само што на Македонија нема да и донесат датум за преговори со Европската унија, туку ќе ја доведат државата и граѓаните во поголема криза, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Пораките и препораките кои стигнуваа годинава за состојбата во која што се наоѓа Република Македонија, не допираат до Зоран Заев. Тој бесрамно се самонагради со незаслужен одмор за неспособното работење. Заев наместо да ги засука ракавите и да почне да работи на проблемите со кои се соочува државата, за да им обезбеди европска иднина на граѓаните, главна преoкупација му е со каков мотор ќе се вози.Ноншалантното однесување на Зоран Заев, лагите дека сме добиле чист датум за преговори ќе ги чинат граѓаните повторно разочарување. Со ваков премиер Република Македонија ќе оди само назад, државата ќе продолжи да тоне, а резултатите од неработењето ќе бидат повторно на товар народот.Нема сомнеж дека сериозните европски партнери ќе го казнат неработењето на Заев, кој ќе треба да поднесе одговорност зашто ги трошеше државните пари за прослави по повод добивање на наводен датум за преговори со Европската унија.Македонија нема да добие датум за почеток на преговорите во јуни,затоа што владата нема капацитет да ги испорача критериумите, а единствени реформи се скапите мотори на Заеви, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ. 

Македонија | пред 7 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Заврши мандатот на Ѓорѓе Иванов, граѓаните избраа напредок, продолжуваме напред!

После 10 години завршува мандатот на Ѓорѓе Иванов. Тоа е добра вест за граѓаните, за државата. Иванов ќе остане запаметен како лош пример, како не треба да се извршува претседателската функција, се вели во соопштението од СДСМ.Со заминувањето на Иванов завршува блокадата на напредокот, на интеграциите, завршува блокадата на законите во интерес на граѓаните.Крајот на мандатот на Иванов значи и крај на промовирањето на поделбите меѓу граѓаните, крај на вештачките кризи и тензиите, крај на уривањето на демократијата и празниот поредок.Со заминувањето на Иванов завршува урнисувањето на угледот на државата и интеграциите кон НАТО и ЕУ.Граѓаните избраа напредок и напредокот продолжува. Република Северна Македонија заврте нова страница на напредок, сигурна и стабилна иднина, членство во НАТО и ЕУ.Режим никогаш повеќе, продолжуваме заедно напред, се вели во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 7 години

tutun

Од денеска врнежи од преку 70 литри на метар квадратен - Предупредување до земјоделците

Од денеска попладне земјава ќе биде под влијание на серија влажни бранови поради што се очекуваат врнежи од над 50 литри на метар квадратен, а во крајните западни и југоисточни делови и од над 70 литри. УХМР, освен врнежи, за наредните денови најавува и грмежи, како и силен ветер. Локално, како што соопшти, процесите ќе бидат во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град.Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство и Управата за хидрометеоролошки работи упатија предупредување во врска со неповолната временска прогноза за следните денови.Променливото време со повремени врнежи од дожд и пониски дневни температури на воздухот ги одржува земјоделските култури во активна состојба,  со доволно влага во почвата но и со услови за појава на плевели,  болести и штетници заради големата релативна влажност во воздухот.Според прогнозите на Управата за хидрометеоролошки работи, новите врнежи од дожд прогнозирани за викендот и почетокот на наредната седмица ќе започнат да предизвикуваат проблеми со пролетната сеидба, расадувањето на тутунот и останатите работи на отворено, поради големата влажност особено во површинскиот слој.Се препорачува да се преземат превентивни мерки за зацврстување на пластениците и другите конструкции, да се расчистат одводните канали за полесно одлевање на површинските води и заштита од нив.  

Македонија | пред 7 години

vardar-metalurg

Металург го „потонаа“ Вардар и ја освоја титулата „Шампиони во купот на „Македонија“

Ракометарите на Металург вечерва во спортската сала во Куманово во финалето од купот ја совладаа екипата на Вардар дури по изведувањето на ударите од седум метри со 33:32 (29:29) (12:16) со што ја освоија и титулата – Шампиони во купот на Македонија за сезоната 2018/2019 година.Ракометарите на Металург во финалната средба од купот на Македонија против екипата на Вардар направија големо ракометно изненадување совладувајки ја нашата најдобра екипа на РК Вардар со 33:32 и тоа по изведувањето на пенали, откако пред тоа натпреварот во регуларниот дел по одиграните 60 минути заврши нерешено 29:29.

Спорт | пред 7 години

Albania_Protest_79913-777x437

ВИДЕО: Состојбата во Тирана ескалираше, демонстрантите фрлаа бомби и петарди врз Владата

Состојбата на четвртиот голем протест на албанската обединета опозиција во Тирана ескалираше со фрлање молотови коктели врз зградата на Владата.Молотовите коктели главно завршуваа врз влезот на Владата, и нема обиди за пробивање на полицискиот кордон, фрлање димни бомби, петарди, како и црна боја врз владината зграда.Лидерот на опозицијата, Лулзим Баша, го повика премиерот Рама да поднесе оставка и да го отвори патот за формирање на преодна влада која би организирала слободни и фер избори. Тој го обвини Рама за криминал и корупција, дека ја  киднапирал Албанија и го блокирал патот кон Европската унија.Говорот на Баша беше прекинат од солзавец испукан по обидот на дел од демонстрантите да се доближат до вратите на зградата. Баша ги повика демонстрантите да се воздржат од судири со полицијата.Илјадници приврзаници на опозицијата, како и незадоволни граѓани од сите делови на земјата, се собраа пред Владата во Тирана, каде се обрати лидерот на Демократската партија, Љуљзим Баша.Истовремено, полицијата преку мегафон повика на воздржаност.Протестот кој почна во 18,30 часот опозицијата бара да продолжи до полноќ, но според полицијата нема дозвола за тоа.

Свет | пред 7 години

vlada-19.02-pak

Владата ќе ја стопира „десороизацијата“ на Груевски, НВО секторот ќе се ослободи од притисок

„Некаде на крајот на 2016 година, веднаш после парламентарните избори, тогашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски во еден долг ноќен говор пред Државната изборна комисија најави одмазднички процес наречен „десороизација“ со кој буквално го започна формалниот институционален напад врз илјадници наши граѓани и врз голем број на граѓански организации во државата.Тогаш тој одмазднички говор беше насочен кон оцрнување на сите оние коишто го дигнаа својот глас против режимот, сите организации коишто имаа различен став од тогашната Влада и сите оние коишто сметаа дека слободата на говор, слободата на здружување и сите останати уставни категории навистина немаат алтернатива.Хајката имаше за цел да ги заплаши сите оние коишто беа активни во граѓанскиот сектор и сите оние кои јавно ги соопштуваа своите различни мислења. Хајката имаше за цел да врши постојан притисок и да ги етикетира сите оние коишто беа активни во невладиниот сектор. Меѓутоа хајката исто така беше проследена со многу силен и јавен медиумски притисок, со кој сите тие беа оквалификувани или како платеници или како предавници.Овие закани не останаа само на зборови. Тие закани преминаа и во дела, и тоа од страна на клучни, многу важни институции на државата. Класичен политички притисок, дискриминација и злоупотреба на службена должност видовме од страна на институции како што се Управата за јавни приходи, Финансиската полиција, Јавното обвинителство за организиран криминал, коишто започнаа практично секојдневен притисок и закани кон различни членови и делови од граѓанскиот сектор.Инспекции се случуваа секој ден. Притисокот беше и личен и институционален и целта беше во целиот тој притисок да се вклучи и Државната комисија за борба против корупцијата. Финалето на оваа организирана и одмаздничка хајка донесе драконски казни кон голем број на организации и поединци, коишто немаа апсолутно никаква врска со Законите и законските одредби.Преку погрешно толкување или на непостоечки одредби од Законите или преку одредби коишто станале доволно нејасни за да можат да се злоупотребат, тогашната власт сакаше да ги замолчи невладините организации и граѓанскиот сектор, да ги казни, да ги оштети финансиски и мислам дека во тој момент веќе се надеваа дека ќе можат дури и да ги затворат.Тоа не беше напад само на граѓанскиот сектор, туку и на поединци кои овде се родиле, работат, плаќаат даноци, формираат семејства и се трудат да помогнат на државата да создаде подобар систем и поправедни услови за живот.Јасно беше дека со промената на власта, оправдани беа очекувањата и на домашната јавност, меѓутоа и на Европската Унија, дека на ваквите злоупотреби ќе се стави крај и дека на некој начин ќе се покаже дека ова било една огромна неправда и злоупотреба на системот.Тоа беше едно од барањата и од Европската Комисија, од членките на Европската Унија, коишто во неколку наврати побараа да престанат овие акции, да се завршат формално, и да се излезе со правно решение кое утре никој веќе нема да може да го злоупотреби.Денеска, после неколку преземени чекори и од Владата, од владините институции, но и од Собранието на нашата држава, можеме да кажеме дека навистина правдата е задоволена и дека неправдата нанесена на поединци и невладините организации е исправена.Имено, уште кон крајот на ноември Финасиската полиција ги затвори сите овие истраги и излезе  и пред домашната и пред европската јавност со констатација дека ниту една законска одредба не била прекршена и дека немало основ за ваквиот одмазнички и агресивен процес.После долготрајни анализи и консултации со неколку владини институции и консултации со Собранието, Владата даде позитивно мислење, а Собранието го донесе автентичното толкување на одредбата од овој закон со којшто дефинитивно овој проблем се решава, не само за денес, не само за изминатиот период, туку и за иднина. Имено, автентичното толкување покажува или појаснува дека граѓанските организации апсолутно не требало да плаќаат дополнителни средства во буџетот за оние активности коишто практично биле нивна основна дејност. Да се потсетиме дека во овој период казните им беа наплатени на граѓанските организации затоа што носеле дури и државни службеници на обука, на конференции, а притоа се очекувало и не плаќале, дополнителни даноци за нешто што е нивна основна дејност и за што соработувале дури и со државните институции. Прашање кое пред 2016-та никогаш и од страна на никого не било поставено.Ова автентично толкување, заедно со претходно изменетиот закон покажа дека оваа Влада не сака да остава сиви зони, со коишто денес или утре, било кој може да го уценува, да го притиска или да го манипулира.На овој начин решението ќе гарантира дека било која државна институција нема да може на ваков начин да создава притисок кон оние коишто можеби не ги имаат истите политички убедувања.Со оваа одлука, особено последнава на Парламентот, се стави крај на злоупотребата на институциите од ваков режимски карактер, и со автентичното толкување ставаме точка на овој прогон којшто беше нарачан во таа таканаречена „Ноќ на долгите ножеви“, а којашто реално нашата држава ја претстави во светло на најлошите автократски режими, кадешто и граѓанскиот сектор е една од жртвите и еден од прогласените виновници од страна на власта.Конечно, на овој начин ја браниме и слободата на здружување. Бидејќи невозможно е да очекувате дека ќе имаме слобода на здружување ако оние организации коишто тоа го прават се под постојан можен притисок од страна на власта, доколку имаат различни ставови.Невладините организации и граѓанските активисти кои што беа цел на оваа хајка немаат сега ниту од што да се плашат, ниту од што да се срамат. Практично, тие го направија она што и беше потребно на државата. Излегоа, ја говореа вистината, се бореа за слобода, за човекови права, се бореа за демократски вредности. Сите оние коишто излегуваа и на булеварот пред мене и во моменти кога беа и лично нападнати, продолжија да се борат за подобра иднина на државата.Оваа неправда не ја исправаме само заради сите нив, туку пред сѐ ја исправаме затоа што нашата држава заслужува да биде демократска и заслужува да има гласен, јасен граѓански сектор, кој нема да се плаши од владата. Нема да се плаши ни кога ја фали, ниту која ја критикува.Затоа, сакам денеска и во име на Владата да им честитам за трпеливоста, за истрајноста и за храброста на сите овие невладини организации, сите овие граѓански активисти, кои не дозволија да бидат уплашени.Денеска, истите тие кои беа претходно гласни во критиката на режимот, знаат да бидат гласни и во критиките кон нас. Меѓутоа, сметаме дека тоа е првата карактеристика на една вистински демократска држава.Им благодариме на поддршката кон сите нас и кон татковината и очекуваме дека на ваков начин, Владата ќе создаде многу подобра атмосфера и подобар амбиент за граѓански активизам“, рече вицепремиерката Радмила Шекеринска

Македонија | пред 7 години

6-2

Шекеринска ја фати „метлата“, ќе чисти во АРМ

Отакако неодамна донесе одлука дека указите на претседателот во заминување Ѓорге Иванов за унапредувањата и поставувањата во Армијата се незаконски, Антикорупциска побарала дополнителни документи со кои биле извршени решенијата.Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска смета дека тие не само што треба да бидат поништени, туку и оти парите од зголемените плати треба да се вратат, иако, смета, многу побитна е пораката на Комисијата дека законот важи за сите.Таа смета дека новоизбраниот претседател Стево Пендаровски има ингеренции да постапува во врска со овој случај и очекува тој тоа да го направи.Државната комисија за спречување на корупцијата на седница одржана на 24 април донесе одлука за поведување две прекршочни постапки против претседателот на државата Ѓорге Иванов за донесени укази за унапредување и поставување старешини во Армијата за време на изборниот период.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Пендаровски ќе даде заклетва пред Вучиќ, Тачи, Радев и Мета, грчкиот премиер нема да дојде

На седництата во Собранието, на која новиот претседател Стево Пендаровски ќе даде свечена изјава со која ќе биде инаугуриран на функцијата, најавено е присуство на повеќе државници од регионот, на дипломатскиот кор и гости од странство. Досега потврда за присуство на инаугурацијата на Пендаровски, како што соопштија собраниските служби, пристигна од четворица лидери во регионот.„На седницата на која претседателот на Република Сверна Македонија ќе даде свечена изјава ќе присуствуваат српскиот претседател Александар Вучиќ, бугарскиот претседател Румен Радев, албанскиот претседател Илир Мета и косовскиот претседател Хашим Тачи“. - велат од Собрание.Грција ќе ја претставува шефот на дипломатијата, Јоргос Катругалос, а Црна Гора министерот за надворешни работи Срѓан Дамјановиќ.„Министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, утре, 12 мај ќе замине за Скопје за да ја претстави грчката влада на инаугурацијата на новиот Претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски“, - се вели од соопштението на грчкото МНР.

Македонија | пред 7 години

download-1-1

(ВИДЕО) Гори зградата на Владата во Тирана

https://www.facebook.com/Ora.News.RTV/videos/2249574785085785/Нови протести во Албанија и нови инциденти. Демонстрантите фрлаа со молотови кокнтели кон зградата на владата и го запалија влезот. Противпожарните служби се обидуваат да го изнаснат огнот, а полицијата да ги спречи демонстрантите да ја пробијат заштитната ограда и да влезат во зградата. Обединетата албанска опозиција денеска попладне ќе го одржи, како што го нарекува, четвртиот народен протест пред Владата во Тирана. Протстот почна во 18 часот и 30 минути, а информациите од двете најголеми партии во обединетата опозиција, Демократската на Љуљзим Баша  и Социјалистичкото движење за интеграција  на Моника Круемади, протестот е најмасовен досега. И на денешнот протест опозицијата ги повтори веќе познатите барања, заминување на премиерот Еди Рама и формирање техничка влада, која ќе спроведе фер и демократски избори.За безбедноста ангажрани ќе бидат повеќе од 1.200 полициски службеници од сите сектори кои се распоредени главно пред Владата, но и други значајни институции.   Вчера, ден пред протестот, како и претходните, Амбасадата на САД во Тирана, упати апел за воздржаност и искористување на демократското право на мирен протест. Од февруари, кога почнаа до сега одржани се девет протести, од нив шест пред Парламентот, додека три, пред Владата. Претходните протести минаа во насилство, пробиени полициски кордони, многу чадни бомби и тврди предмети фрлани врз полицијата, солзавец и водени топови како одговор на тоа, повреденинајмногу полицајци, оштетени трговски објекти, возила и приведени лица.https://www.facebook.com/Ora.News.RTV/videos/2249574785085785/Извор: Телевизија 21

Свет | пред 7 години

6-2

Шеќеринска за изјавите од ДУИ дека Ахмети одлучува за нивните министри: Партиски феудалци не се добри за државата

Од инаугурацијата на новиот претседател Стево Пендаровски, Владата и институциите веќе немаат обврска да се придржуваат до правилото дека не се возможни никакви кадровски поместувања, изјави вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шекеринска во врска со најавената  „метла” од страна на премиерот Зоран Заев.-Треба да направиме се, како што успеавме крупните проблеми да ги решиме, како што успеавме да ја добиеме не само поканата за НАТО, туку  и Протоколот за проширување, како што успеавме да се приближиме до почетокот на преговорите и успешно да сме при крај со скринингот со ЕУ, така да дадеме резултати и во секоја сфера – рече Шекеринска.Коментирајќи ја изјавата на министерот за животна средина Садула Дураку и други министри на ДУИ дека за нивното разрешување не одлучува премиерот, туку лидерот на ДУИ Али Ахмети, Шекеринска рече дека во владината програма на коалициската влада стои дека тој тип на партиски феуди не се добри за државата.-Нашата цел не е да ги поделиме ресорите и да кажеме дека секој ќе работи што сака. Зтоа што тоа не е влада, туку партиски самопазар и партискиот пазар ја доведе државата во 2016 година во калта од која што две години се трудиме да ја вадиме – рече Шекеринска, додавајќи дека разговорите околу нема да ги води само СДСМ туку сите коалициски партнери заедно.

Македонија | пред 7 години

stojance-angelov

Стојанче Ангелов: Македонската војска била лeгaлнa цeл на терористите на УЧК

Ckандалозна изјава на претседателот на политичката партија Достоинство, коалиционен партнер на Зоран Заев, поранешниот припадник на МВР, Стојанче Ангелов.Имено тој во вечерашното издание на Само Вистина на Канал 5 телевизија се обиде да го опpaвда мacакрот кај Карпалак кога зaгинaa 10 македонски peзервисти во зacеда од страна на теpopистите на УЧК.Според него неговите coборци кои беа мacaкрирани во зacеда од страна на припадниците на УЧК, биле лeгитимнa цeл, бидејќи се вoдeлa вojна, а тие биле под opyжје.Извор: Курир.мк

Македонија | пред 7 години

kontenjer-1

Се палат контејнери во Скопје, ноќеска интервенирала Противпожарната бригада

На 11.05.2019 год околу 00,25 часот од страна на вработен во Комунална Хигиена - Скопје, пријавено е дека околу 00,00 часот на 11.05.2019 година на засега непознат начин биле опожарени и оштетени два пластични контејнери ,поставени на ул. “Ѓорче Петров“  во близина на угостителски објект, а во сопственост на Комунална Хигиена - Скопје.Пожарот е изгаснат од страна на екипа на БППЗ. Се работи на расчистување на случајот. 

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања