Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

grip

Четири лица починати од грип за една недела

Четири лица починале од грип минатата недела во земјава. Смртните случаи дури денеска ги објави ИЈЗ во неделниот извештај. Двајца од починатите се од Скопје, а по еден од Охрид и Тетово на возраст од 50 до 63 години.Двајца пациенти починале на Инфективната клиника, а двајца во ГОБ 8 септември. Кај сите лабораториски бил потврден таканаречениот Свиснки грип.Со новите 4 смртни случаи, за месец и половина од компликации од грип починаа 15 лица. Минатата недела во ИЈЗ биле пријавени околу 2.500 новозаболени. Епидемиолозите очекуваат висока активност на грипот и наредниот период.

Македонија | пред 7 години

zaevchanel

Заев срце го боли што избегал Груевски

Премиерот Зоран Заев во интервју за тиранската телевизија „Топ чанел“, меѓу другото говореше и за бегството на Никола Груевски. На прашањето на новинарот дали на средбата со Еди Рама, изразил загриженост во врска со прашањето за Груевски, кој, како што беше посочено, ја исползувал Албанија за неговото бегство, тој категорчно одговара „не”.Ги знам сите детали, бидејќи нашата пријателска земја, Албанија, еден ден подоцна детално не информира за се. Пријателите споделуваат информации. Тоа е нешто што е направено во унгарската Амбасада, вон тоа што Албанија можела да направи. Унгарија е пријателска земја со нас, но ние ќе продолжиме да се бориме за спроведување на меѓународното право, бидејќи Груевски е осуден преку транспарентен процес во Северна Македонија.Имаше мониторинг од меѓународните институции што работат во Скопје. Со тоа бегство, тој потврди дека е виновен, а има уште неколку други прашања на суд. Добивме многу лоша порака од земја членка во НАТО и ЕУ, како Унгарија, која не беше пријатна за нас, но ќе продолжиме со доброто пријателство со Унгарија, бидејќи веруваме во правниот систем, а особено во меѓународното право. Се надевам дека владеењето на правото ќе доминира, изјави премиерот Заев.Тој додаде дека нема доказ за тоа дали Груевски имал поддршка од некое лице со политичка поврзаност во Албанија, да влезе во амбасадата на Унгарија, да побара азил, а потоа да ја напушти Албанија.Сакам да бидам внимателен со секој човек во вашата земја, бидејќи Албанија е наш пријател, рече Заев.Прашан дали верува дека потфрлиле безбедносните служби на Македонији и на Албанија за Груевски да и избега на правдата, Заев на новинарот му одговори дека тој не мисли така.Не. Јас не мислам така. Чувствувам лутина во моето срце, бидејќи некој во земјата, кој не е наш или албански државјанин, му помогна. Во последните денови тој беше слободен човек. Тој се уште немаше известие да оди во затвор. Но, по два дена одлуката беше објавена. Таа вечер го организираше бегството. Но, сакам да бидам внимателен кога зборувам за тоа, бидејќи да зборувам без доказ е несериозно, одговори Заев.

Македонија | пред 7 години

ambasada-sad

Амбасадата на САД со реакција за изјавата на Мицкоски

Американската амбасада во Скопје во реакцијата што ја објави на Фејсбук и на Твитер порача дека запалливата реторика на политичките лидери предизвикува страв и поделби во земјата особено кога настани од минатото, како Нирнбершките процеси, се користат во погрешен контест.-Воспалителна реторика од страна на политичките лидери предизвикува страв и поделби, особено кога неправилно ги користат минатите настани, како што се Нирнбершките процеси за политички цели. Таквиот јазик е опасен и не придонесува за продуктивен дијалог околу правецот во кој се движи земјата.  Многу е важно лидерите да се вклучат во граѓански дијалог кој може да ја унапреди стабилноста и просперитетот на Северна Македонија, стои во реакцијата на амбасадата.Реакцијата е поради вчерашната изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој судењето за крвавите настани од 27 април во пресрет на утрешната пресуда, гo спореди со Нирнбершкиот процес, серија судења од 1945 до 1949 година на политичкото, военото, судското и економското раководство на нацистичка Германија.  

Македонија | пред 7 години

zaev-micko

Мицкоски на дебата со Заев

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христија Мицкоски на својот Фејсбук профил ја прифати понудата за дебата со премиерот Заев на Канал 5 телевизија.„Очигледно на власта и гори под нозе и сметките не и се такви какви што ги прикажува во јавност.Добро е што по две директни прозивки премиерот конечно прифати дебата.Ја прифаќам понудата за дебата со Зоран Заев од Канал 5 телевизија, и за разлика од него без некакви дополнителни услови и барања.Ајде на дебата и тоа час поскоро да разговараме за актуелните теми.Поразот на самоволието на Заевизмот е извесен!“, стои во објавата.

Македонија | пред 7 години

54514129_2225198494413838_6472532181976612864_n

Иванов си купил станови на улицата кај што живее Мијалов

Претседателот на државата во заминување Ѓорге Иванов, купил два стана на Водно, кои во Катастарот се запишани на име на неговиот син. Во катастарската документација, до која дојде Телевизија 24, со барање за слободен пристап до инфромации од јавен карактер, стои дека за двата стана постои преддоговор за купопродажба, зашто зградата е се уште во градба.Едниот од двата стана на Иванов е со површина од 131 метар квадратен и се наоѓа на вториот кат од новата зграда на  улицата Салвадор Аљенде. На истста улица живее и ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков. Вториот стан е во истата зграда, но најгоре, мансарда со површина од 91 метар квадратен. Мансардата е на две нивоа, со големи стаклени ѕидови од каде се гледа целиот град. Покрај двата стана, во сопственост на синот на претседателот е и гаража од 23 метри квадратни. Дел од соседите велат дека новите станови редовно доаѓале да ги видат првата дама и нејзиониот син. Претседателот поретко. Но него често пати го забележувале како ја набљудува зградата заедно со неговото обезбедување од спротивниот рид, каде што практично завршува и дворот на претседателската палата.Од кабинетот на Иванов велат дека претседателот купил само еден стан, но не го пријавил зашто се уште не го исплатил и нема имотен лист.- „Сите пријавени средства во анкетниот лист за имотната состојба на претседателот Иванов по стапувањето на фукцијата претседател се употребени како уплата за купување на еден стан за кој дополнително е земен и кредит. Станот се уште не е исплатен и не е во сопственост на семејството Иванови и поради тоа не може да биде пријавен во анкетниот лист. Кога станот ќе стане нивна сопственост, тогаш и ќе биде пријавен во анкетниот лист за имотната состојба“, велат од кабинетот на Иванов.Познавачите за ТВ 24 велат дека со оглед на пазарната цена, каврадртурата и локацијата на становите , нивната вредност може да намине и 250 илјади евра. Во овој дел од градот, цена на кавдратен метар изнесува повеќе од 1 200 евра.

Македонија | пред 7 години

mickoski-1

Учесник во Шарената револуција до Мицкоски: Историјата ќе те избрише како флека во длабинско перење

Ирена Штеријовска, учесник во Шарената револуција го искритикува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Tаа објави и фотографија на која Мицкоски преку социјалните мрежи ги повикува граѓаните на Репубилка Македонија да им се придружат на 21 април и да ја поддржат Гордана Силјановска Давкова.„Христијан, несреќо кусогледаИсторијата ќе те избрише како флека во длабинско перење. Никаде и никому нема да оставиш трага. Толку си глуп што ни да те заебаваме не вредиш.Сакав само да ти кажам, ние ќе продолжиме да живееме во љубов и разбирање, ќе се сакаме, ќе се обединуваме, ќе растеме се појаки и ќе ве смачкаме вас, бајатите националисти и тажни мразачи. Нашата идеја за еднаквост и прогрес ќе ве брише се дур никој името не ви памти, се дур наместо името твое не викаат “го памтиш ли бе оној... оној како се викаше, што го наследи оној другиот шо сакаше војна да напраи и на крај избега ко пизда... “, стои во објавата на Фејсбук.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10215143450952635&set=a.3683715404481&type=3&theater

Македонија | пред 7 години

izjava-zaev.Still074

Охрид нема да дели субвенции за настани од 15 јили до 15 август

СДСМ и ВМРО ДПМНЕ заедно зад предлогот на градоначалникот Константин.Советот на општина Охрид на денешната седница со 20 гласа за го прифати предлогот на в.д. градоначалникот Константин Георгиески со кој се усвои одлука со која општината повеќе нема да смее да финансира и субвенционира настани и манифестации кои се одржуваат во периодот од 15 јули до 15 август кога е шпицот на туристичката сезона.Како што и претходно најавија од ВМРО ДПМНЕ и тие гласаа по оваа точка и дадоа поддршка, со што дефинитивно се става крај на делењето милиони денари на приватни компании за организирање концерти и фестивали во Охрид.Минатата година за оваа намена Охрид подели околу 7 милиони денари, од кои само на „Авалон продукција“ и биле дадени околу 2 милиони денари, а истата таа фирма сега должи за користење на стадионот 820.000 денари плус камата и е дадена на извршител. 

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

29 годишна Вевчанка, компјутерски превзела лични податоци од две лица и ги злоупотребила

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против Л.Б.(29) од Вевчани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на лични податоци“.Пријавената во текот на јануари оваа година неовластено навлегла во комјутерски систем на лични податоци на две лица од Вевчани и без нивна согласност презела и обработувала нивни семејни и други фотографии, по што ги објавила на нејзиниот лажен Фејсбук профил и постирала коментари со недолични содржини.

Македонија | пред 7 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Режимот на ВМРО-ДПМНЕ создаде „заробена држава“ и носеше најнегативни извештаи на Стејт Департментот

Режимот на ВМРО-ДПМНЕ создаде „заробена држава“ и носеше најнегативни извештаи на Стејт Департментот, денес реформите се препознаени, извештајот е охрабрувачки ВМРО-ДПМНЕ е симбол за режим, заробена држава, криминал и кршење на човекови права, се вели во соопштението од СДСМ.Извештајот за човекови права на Стејт Департментот на САД, после црни 11 години, конечно нотира напредок во слободат на медиумите и судството.Во црните 11 години за Република Северна Македонија,време во кое лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски беше советник на неговиот ментор Груевски, извештаите изобилуваа со сериозни забелешки за огромното ниво на корупција, мешањето во судството и ограничувањето на медиумите.На пример во 2015 година, токму кога Мицкоски му беше советник на Груевски, главните  забелешки на Стејт Департментот беа дека постои директно учество на високи и  владини претставници во нелегални активности и корупција, ограничена медиумска слобода и директно мешање во судството.За разлика од таквите извештаи, извештајот за 2018 година покажува напредок во слободата на медиумите и судството.Стејт Департментот ја истакнува контролата врз безбедносните служби и потенцира дека во споредба со минатите години се забележува дека Владата го почитува и мотивира независното и непристрасно судство.Извештајот на Стејт Департментот е охрабрувачки и мотивира да се продолжи со реформите, да се надминуваат пречките и да се работи исклучливо во интерес на граѓаните, стои во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 7 години

nedeski-OEMUC

Директорот на ОЕМУЦ за Скопје 1: „Ние дезинфициравме, ама не знам како докторката констатирала шуга“

По информацијата до која дојде Скопје1 дека во ОЕМУЦ денеска се изврши дезинфекција, затоа што кај ученик е дијагностицирана шуга, се обративнме за информација и кај директорот на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ Сашо Недески. Изјавата на Недески ви ја пренесуваме во целост.„Ние побаравме дезинфекција на училиштето, затоа што ученик бил препратен од маларична на инфективното одделение. Не знам како докторката констатирала шуга, затоа што иако не сум стручен, мене ми рекоа дека за да се потврди болеста треба подолго време да се испитува во лабараторија, за да се констатира дали е шуга или друго заразно заболување. Дезинфекција побаравме ние и тоа денеска се направи. Некој од другите сака да не девалвира.Јас се сомневам така, инаку како тие толку брзо констаирале шуга. Не ме чуди од нив некој да излези и да кажи дека имаме Сида“, истакна директорот на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ Сашо Недески.Скопје 1 дословно ја  цитира изјавата на директорот кој во вториот дел од разговорот тврдеше дека во училиштето има ученици кои ги опишуваше со недолични вулгарни зборови за објавување во јавност.Дознаваме дека професорите уште пред два дена ги информирале родителите од советот на родители дека еден ученик од едно село од соседна општина е заболен од шуга.На наше укажување дека професорите ги информирале родителите и од нив побарале да не ја шират информацијата во јавноста директорот ни рече, цитираме:А бе каков совет на родители. Јас сум директор, директор, директор. Неможе тоа да го кажат ни доктори, ни родители ни никој. Јас кажвам, јас потпишувам информации и јас кажвам што ќе бидит. Затоа и ви реков за Сидата, сакам малку на мајтап да ја свртам работава, дословно го цитираме директорот Недески.Се обидовме да му укажиме дека се јавуваме официјално за сериозно прашање, за кое здравствените работници и родителите имаат дијаметрално спротивно тврдење од неговото и дека е насфатливо зошто ја врти работата во јавност на мајтап, директорот дословно ни одговори:-Јас кажвам овде и толку..., дословно кажа директорот Недески.Инаку утрово Електро машинскиот училишен центар беше дезинфициран во целост.

Македонија | пред 7 години

Sovet-4-2

Петровска: Постигната финансиска стабилност на општина во 2018 год и проектна ефикасност за 2019 година

На 30-тата седница на Советот на Општина Битола, градоначалничката Наташа Петровска, говореше за Годишниот извештај и Завршната сметка на буџетот на Општина Битола за 2018 година. Таа потенцираше дека е постигната главната цел, финансиска стабилизација на општината, поставена во првата година мандатот.„Процентот на реализација на планираните приходи изнесува 77.27% што претставува висок степен на реализација. Споредено со реализацијата на планираното во 2017 година кога реализацијата на планираното беше 64,34%, во 2018 година сме успеале да ја подобриме реализацита во однос на планирањето за 13%.Приходите во 2018 во однос на 2017 година номинално се зголемени речиси за 30 милиони денари или за скоро 6%.Висок степен на реализација има кај даночните приходи кои ја претставуваат основата на основниот буџет, без блок дотациите. Реализацијата на даночните приходи во однос на планираните средства е над 90%, наспроти 2017 година кога даночните приходи имаа реализација на 70% од планираните.Како резултат на добрата наплата на даночните приходи во првиот квартал од 2019 година имаме приход од закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост од централниот буџет, што минатата година го немавме, бидејќи во 2017 година имаше помала реализација на даночните приходи во однос на планираните.Тоа значи дека за ваквата работа сме и наградени од страна на централната власт, со дополнителен приход на годишно ниво од 2 милиони денари.Споредбата на даночните приходи во изминатите две години покажува дека за десет проценти има поголеми приходи во 2018 отколку во 2017 година. Идентична или слична е состојбата и со другите приходи на буџетот. Најрелевантниот податок за рационалност и наменско трошење на парите прибрани од граѓаните е учеството на капиталните расходи во вкупниоте расходи на општината.[caption id="attachment_31359" align="alignnone" width="3968"]  [/caption]Учество на капиталните расходи во вкупните расходи во 2018 година е 42.3%. Ретко која буџетска институција може да се пофали со ваква бројка.Во 2017 учеството на капиталните расходи во вкупните расходи беше 37,2 %. Наспроти поголемото учество на договорните услуги во 2017 година, во 2018 година договорните услуги се трипати помали од 2017 година. Тоа покажува дека се повеќе се оди на транспарентност на трошењето на буџетот“, рече Петровска.Во поглед на обврските кои што ги има Општина Битола, Петровска гипотенцираше разликите во висината на обврските.„На крајот на 2017 година само по основ на фактури или пристигнати ситуации општината имаше обврски од 117 милиони денари или скоро два милиони евра, а на сметката имаше само 24 милиони денари. Покрај овие обврски во 2017 имавме и обврски по основ на гаранции од минати години кои ги исплативме во 2018 година и тоа во износ од 13.065.893.00 или вкупните обврски по основ на фактури, ситуации и гаранции во 2017 година беа 130 милиони денари или над 2 милиони и 130 илјади евра. А да не зборуваме за судските одлуки за кои исплаќавме, исплаќаме и ќе исплаќаме големи суми. Деновиве повторно ни стигаат тужби за работи од пред две три години.Но ако тогаш без пари во касата само по еден основ на фактури и ситуации и дадени гаранции имавме обврски од над 130 милиони денари денес нашите обврски на 31.12. 2018 година се 37 милиони денари и тие се пред се недоспеани, а имаме пари на сметката трипати повеќе од обврските“, истакна Петровска.Петровска се задржа и на недостатокот на проекти за инфраструктурни објекти, за што општината посебно се залагаше во втората половина од 2018 година.„Ме прашавте и дали во Битола постои проектна документација. Во моментов во Општина Битола во тек е изработка на проектна документација за 33 ифраструктурни проекти, од кои што дел одат преку повик за јавни набавки, дел преку нарачани обврски кон јавните претпријатија. Добро ќе беше и во 2017 година да завршевте со вакви бројки. Но, сега критериумите се поразлични, а граѓаните секако ќе го видат резултатот од ваквото работење, кое секако нема да остане само на глаголската форма ЌЕ, туку навистина на терен се работи на реализација“, посочи Петровска.

Македонија | пред 7 години

3-5

Сејмот на Литванија со 92 гласа за го ратификуваше Протоколот за пристапување на земјава во НАТО

Денес, Сејмот на Литванија со едногласна одлука со 92 гласа за го ратификуваше Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО. Претседателот Џафери кој е во Вилнус на покана на претседателот на Сејмот, г. Пранцкиетис, меѓу другото истакна:-Дозволете да го споделам со вас задоволството што денес бев сведок на овој свечен чин за нас, за граѓаните на Република Северна Македонија и за сите што придонесоа за тоа каде сме денес, ни веруваа и ни дадоа поддршка. Сејмот на Литванија и државата Литванија со чинот на Ратификација на Протоколот за наше пристапување во НАТО сојузот, само ја потврди на дело искрената и безрезервна поддршка што во текот на сиве минати години сме ја имале и добивале од вас. Затоа, дозволете искрено да се заблагодарам од мое лично име, од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија и од име на граѓаните на Република Северна Македонија.[caption id="attachment_31355" align="alignnone" width="1000"]  [/caption]Нашите напори не беа залудни и сега сме во фаза на изодување на последните километри пред полноправното членство во НАТО и отворањето на преговорите за членство во Европската Унија. Во однос на НАТО, ние се надеваме дека до крај на оваа година или почетокот на 2020 година, протоколот за полноправно членство на Република Северна Македонија во НАТО, ќе биде ратификуван во сите 29 национални парламенти и со тоа ќе станеме триесетта полноправна членка со сите права и обврски што ги има секоја членка на НАТО. Протоколот прва го ратификуваше Грција за потоа да го отвори патот за сите други национални парламенти. Досега, Република Словенија, Република Албанија, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Романија a денес ете и Литванија го запечатија со конкретно дело својот пријателски однос кон нас. Република Северна Македонија ќе го памти овој чин засекогаш, истакна меѓу другото Џафери.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Стоилковски: Постојано посочуваме на притисок од власта врз правосудниот систем

Посочувањата од ВМРО-ДПМНЕ за селективна правда за непостоење на право и правда во Република Македонија, како и за притисокот врз медиумите сега се дел и од извештајот на американскиот Стејт департмент за човековите права. Колку и да се обидува заевистичката матрица работите да ги прикаже светли и во демократски дух, Стејт департментот наведува корупција, селективна правда, пристрасност, притисок врз судии, партизација, како и ограничена слобода на медиумите, а се наведува и владин притисок врз новинари за таканаречена „самоцензура“, истакна на пресс конференција Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.ВМРО-ДПМНЕ постојано посочува за селективна правда, за партизација и политичко влијание врз судиите, за притисок од власта врз правосудниот систем. Правосудниот систем под Зоран Заев е партизиран, и работи под притисок на власта. Според извештај за минатата година на Стејт Департментот, во делот за правосудниот систем стои „ограничена судска независност, политизација на органот за судски надзор и несоодветно финансирање на судскиот систем, со што се попречува судското функционирање и неговата ефективност“. Вашингтон нотира и забелешки за долги процеси, пристрасност, селективна правда и притисок врз судиите!Кога се зборува за правосудниот систем тука е и заклучокот за затворите и притворските одделенија, опишани како „сурови, нехумaни и деградирачки“.Па почитувани, ако ова е извештајот за 2018 година, како ли ќе изгледа заклучокот на Стејт департментот за човековите права за во Македонија за оваа 2019 година?За потсетување, нема никакво поместување, нема ништо од реформите воправосудството, политичкиот притисок врз судството е се позасилен, немаотворен ниеден случај за корупција против власта. Како ли ќе бидат наведенслучајот на пример со претепувањето и обидот за линч врз поранешни министриза кој што никој ама никој не понесе одговорност а случајот се случи вопритворот Скопје, како ли ќе ги оценат скандалите со корупција и непотизам коишто го минаа плафонот, безбедноста во Република Македонија е на најдолнониво со нерешен ниеден случај за низата убиства и насилства низ градовите.Залудно заевизмот убедува за напредок. Смешни се обидите на заевизмот да се прикаже дека Македонија бележи напредок во слободата на медиумите и судството, дека владата мотивирала независно и непристрасно судство. Во Македонија есенцијално недостасува почитување на правото и правдата, почитување на човековите права, а тоа со заевизмот е невозможно.Правото и правната држава се основа за демократски систем, затоа на претседателските избори сигурен победник е Гордана Силјановска Давкова, победува ВМРО-ДПМНЕ, победува Честита Македонија, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

Slika-3

Бабовски: Исплатени 5,5 милиони евра за субвенции за одржување на овошни насади

Денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој исплати 5,5 милиони евра субвенции за одржување на овошни насади на 9.146 земјоделци. Во оваа сума спаѓаат субвенции за јаболки, сливи, круши, кајсии, вишни, цреши, јагоди, малини, капини, боровинки, дуњи, мушмули, маслинки, јапонско јаболко, аронија, рибизла, гоџи бери, бадеми и лешници. Со денешната исплата на субвенциите за одржување на насади со јаболка, МЗШВ заедно со Платежната агенција ги исполнува сите барања на производителите на јаболка, и порано рокот кој го бараа овоштарите.„Иако на средбата со производителите на јаболка, кажавме дека исплатата на субвенциите ќе биде до крај на овој месец, сепак заради специфичната состојба во која се наоѓаат оваа категорија на производители, а пред се и заради периодот кога овоштарите треба да ги извршат агротехничките мерки во овоштарниците, како и подготовка пред нова реколта, заедно со сите вработени вложивме максимален напор во најбрз можен рок да се обработат сите апликации и субвенциите да се исплатат и пред ветениот датум“, изјави директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски.При тоа Бабовски посочи дека претходно, беше прифатено барањето на производителите на јаболка за продолжување на мерката за дополнителнa субвенции од 3 денари се продолжува до 30 – ти јуни годинава. Со оваа одлука се очекува да се откупат до 30.000 тона јаболка, што се нови 90 милиони денари за производителите на јаболка. „Ќе го исполниме и барањето на производителите на јаболка во однос на исплатата на оваа дополнителна поддршка од 3 денари, односно ќе биде исплатена како што бараат до 30 –ти јуни. Во новата Програма за директни плаќања 2019, согласно препораките на Европската унија дополнителната субвенција од 3 денари за килограм предадени индустриски јаболка е трансформирана во субвенцијата по површина. И оваа година во новата Програма субвенциите за одржување на насади се зголемени и тоа од 39.000 денари по хектар на 50.000 денари, со тоа што овоштарите имаат дополнителни и 15% за подрачја со огранични можности над 700 метри надморска височина, и таа субвенција за развојните категории достигнува 57.500 денари по хектар“, изјави Бабовски.Директорот на Платежната агенција потенцираше дека заеднички со МЗШВ континуирано се работи на создавање на поволни услови за развој на земјоделството и создавање на производи со додадена вредност. Заклучно со денешната исплата на субвенциите за овошни насади, од почетокот на годината до сега се исплатени 40,5 милиони евра за субвенции за поледелство, за раноградинарство, за лозарство, за сточарство. Воедно, Бабовски информираше дека со оглед на тоа што завршува откупот на тутунот, штом завршат сите административни процедури околу контролите, ќе следи и исплатата на субвенциите за производителите на тутун.

Македонија | пред 7 години

DSC_8037

Потпишан Меморандум за соработка меѓу Владата на РСМ и Комората на медијаторите на РСМ

Владата на Република Северна Македонија и Комората на медијаторите на Република Северна Македонија денеска потпишаа Меморандум за соработка со кој се утврдени начелата за взаемни активности во областа на алтернативно решавање на спорови со медијација, како и за соработка и заеднички активности за поддршка, унапредување, практицирање, промовирање, јакнење и развој на медијацијата во Република Северна Македонија.Во име на Владата на РСМ, меморандумот го потпиша претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, а во име на Комората на медијаторите на Северна Македонија, нејзиниот претседател Славе Младеновски кој по тој повод истакна дека меморандумот е силен израз на поддршката на Владата на РСМ за медијацијата како начин на во решавање на споровите, и дека таа за прв пат е ставена во официјален документ од стратешко значење како што е Стратегијата за реформа на правосудниот систем.По свечениот чин на потпишување на Меморандумот за соработка меѓу Владата на РСМ и Комората на медијаторите, свое обраќање имаше премиерот Заев кое ви го пренесуваме во целост:„Денеска, со овој свечен настан повод потпишување Меморандум за соработка меѓу Владата на Република Северна Македонија и Комората на медијаторите внесуваме уште еден, многу значаен дел, во мозаикот на она што значи сеопфатен структуриран систем за решавање на спорови.Во еден таков систем, значајно место има медијацијата како алтернативно решавање на одредени спорови како прва и подобна постапка за решавање спор меѓу две страни вон стандардната судската постапка.Со медијацијата како постапка за компромисно решавање на споровите, всушност се потенцира општествената одговорност на страните што го прифаќаат стручното посредување, и што го афирмираат нивниот придонес за јакнење на начелото за владеење на правото и за пристап до правда за секого.Страните што ги прифаќаат придобивките од медијацијата како начин на решавање на спорови учествуваат и во постигнувањето повеќе позитивни  ефекти, како што се заштеда на средства од буџетот, ефикасен, брз и практичен начин на решавање спорови внимавајќи на взаемниот интерес на две страни во спор.Овие постапки се одличен придонес и во градењето на култура на правото и посредувањето, во намалувањето на конфликтноста во општеството, во поттикнувањето на деловната соработка, како и во негувањето на моралните вредности на здраво и хумано општество на граѓаните како основа за подобра иднина.Од тие причини, ми претставува задоволство што денеска го потпишуваме Меморандумот за соработка меѓу Владата на Република Северна Македонија и Комората на медијаторите, како основа за взаемна соработка во областа на алтернативно решавање на спорови со медијација, како и за соработка и заеднички активности за поддршка, унапредување, практицирање, промовирање, јакнење и развој на медијацијата во Република Северна Македонија.Дополнителна вредност на овој Меморандум за соработка е заедничката соработка на реализација на Стратегијата за реформа на правосудниот систем.Ова е особено значајно бидејќи не поврзува споделената вредност дека реформата на правосудниот систем е врвен приоритет на Владата кој го темелиме врз европските стандарди и на начелото за владеење на правото и еднаков пристап до правда за сите субјекти на општественото живеење во нашата земја.Меморандум обврзува на соработка во поттикнување на правните субјекти во изборот на медијацијата како постапка, како и да ги афирмираме добрите страни на медијацијата за да градиме култура на меѓусебна соработка за намалување на степенот на конфликтност меѓу граѓаните, како и меѓу граѓаните и правните субјекти со едукација, укажување и препорачување дека спорот може да биде решен на задоволство на страните во постапка на медијација.На крајот ми останува само да упатам честитки на тимовите на Владата и на Комората на медијаторите на трпеливата и конструктивна соработка во подготовката на овој документ и да си посакаме заеднички многу бргу да ги одбележиме како позитивни резултатите од оваа соработка.Како претседател на Владата на РСМ ги повикувам претставниците на институциите од јавната администрација да го дадат својот позитивен  придонес за афирмација на медијацијата како начин на решавање на споровите меѓу правните лица и граѓаните со владините институции.Како сервис на граѓаните и на бизнисот, наместо преку правосудниот систем, таму каде што е тоа можно, да ги решаваме споровите со посредување и на тој начин да дадеме пример и поддршка на овој модел на решавање спорови.“

Македонија | пред 7 години

IMG_2735

Промовиран повикот „Предизвик за млади истражувачи“ во Општина Кисела Вода

Денес во Општина Кисела Вода, Фондот за иновации и технолошки развој изврши презентација на Јавниот повик за финансирање на истражувачки проекти во основните и средните училишта насловен: „Предизвик за млади истражувачи“.На презентацијата директорите и наставниците по предметите по природни и технички науки од општинските основни училишта имаа можност да се запознаат со условите за учество на јавниот повик.Целите на иновацискиот натпревар за креирање на истражувачки проект од областа на природните и техничките науки се следните: поттикнување на учениците на креативни решенија за проблеми и прашања со кои се соочуваат, како и наставниците и учениците заедно да работат на иновативни идеи.На повикот може да учествуваат сите основни и средни училишта на територијата на Република Северна Македонија, со натпреварувачки тим составен од 1 до 2 наставници ( ментори на проектот) и 3 до 7 ученици ( учесници во проектот). Истражувачките проекти треба да бидат од областите на природните и техничките науки. Процесот на истражување треба да се основа на „научен метод“, односно да вклучува формулација, тестирање и потврда/модификација на хипотеза по пат на експеримент и наблудување. Предложените истражувачки проекти треба да бидат комплементарни на наставните програми и да соодвествуваат со когнитивните способности на возрасната група.Ќе бидат доделени награди во две категории: истражувачки проекти во основното образование и истражувачки проекти во средното образование. Буџетот на поединечен предлог проект не може да надминува 300.000,00 денари.Пријавувањето на предизвикот за млади истражувачи трае до 31.03.2019 година. 

Скопје | пред 7 години

suga-emuc

Шуга во средно училиште во Охрид, заразени деца - дури сега се дезинфицира

Најмалку еден ученик од ЕМУЦ Св. Наум Охридски е заразен од шуга, потврдуваат за Скопје 1 од една од здравствените установи во Охрид. Соучениците биле пуштени дома, затоа што училницата  и училиштето се дезинфицира во моментов.Скопје 1 се обрати и до локалната самоуправа, од каде не информираа дека информацијата ја дознале од нас. Тие велат дека до овој момент никој од училиштето не ги информирал.Дијагнозата била констатирана пред два дена, кај родител и ученик. Дознаваме дека утрово бил дезинфициран домот на ученикот.  Според прописите сите лица со кои бил ученикот во контакт мора да одат на прегледи. Тоа значи дека сите ученици и вработени во училиштето, како и сите со кои заразениот/заразената биле во контакт овој период.Но, се наметнува прашањето, зошто раководството на училиштето не ја информирало локалната самоуправа за овој проблем?На ова прашање ќе мора деновиве одговор да дадат одговорните лица од УМУЦ Св. Наум Охридски.Инаку Шуга е состојба на иритирана кожа. Болеста може да ги зарази сите возрасни групи без разлика на социјалното ниво. Предизвикувач е паразитот sarcoptes scabiei var. Децата се најизложени на оваа болест. Паразитот надвор од човечкото тело живее 2-3 дена.Паразитите се шират со близок контакт со заболено лице, преку користење на заеднички крпи, чаршафи и други лични работи. Најчесто во фамилијата заболуваат повеќе членови. Може да се пренесе уште пред да се појават првите симптоми.Кај имуно компетентен домаќин, scabies предизвикува интензивно чешање, кое доминира ноќе. Знаци на шуга се чешање, појава на макулопапулозни промени, кај доенчиња можно е були и пустули (плускавци и гнoјаничиња) кои ја маскираат клиничката слика. Паразитот најчесто е локализиран на дланките, стапалата, долниот дел на стомакот, внатрешна страна на рачен зглоб, преден дел на пазуви и препони, а може постепено да се генерализира ако подолго време трае заразата.

Македонија | пред 7 години

ojo-1

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против три лица за насилство

Надлежен јавен обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека на 13.03.2019 година во угостителски објект во Скопје извршиле кривично дело – Насилство од член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.Осомничените, како гости во угостителскиот објект лоциран во трговскиот центар „Беверли Хилс“, делувајќи во состав на група, извршиле грубо насилство врз сопственикот на локалот, а кај присутните други гости и вработени предизвикале чувство на загрозување, страв и несигурност.Имено, двајца од осомничените биле незадоволни од третманот и услугата и започнале вербална расправија со оштетениот, инсистирајќи во локалот да им биде пуштена одредена музика по нивна желба. Сопственикот одбил со образложение дека работното време на објектот е истечено и мора да го затвори. По ова, осомничените му се заканиле и започнале да кршат шишиња и чаши, а откако им било наложено да го напуштат објектот, физички го нападнале сопственикот, удирајќи го со тупаници во пределот на главата и телото. Кон тепачката се приклучило и третото осомничено лице, кое дополнително влегло во објектот, па замавнувајќи со дрвена дршка од метла повеќепати го удрил оштетениот. Од нанесените удари, сопственикот на угостителскиот објект се здобил со тешки телесни повреди – повеќе набиеници и една скршеница во пределот на главата, по што успеал да се оттргне и засолни во кујната на локалот.По предлог на надлежниот јавен обвинител, судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје на осомничените лица им определи мерки на претпазливост. 

пред 7 години

policija-123

Скопјанец со автомобил удрил 12 годишно дете

На 13.03.2019 во 13.00 часот на крстосница од улиците „Антон Попов“ и „Дренак“ во Скопје, патничко возило „Гранд Чироки“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.И.(53) од Скопје удрило во 12- годишно дете – пешак од Скопје, кое се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

mvr1

Штипјанец со автомобил удрил 5 годишно дете кое било во двор од куќа

На 13.03.2019 во 18.05 часот во двор од куќа на улица „Дузлачки рид“ во Штип, патничко возило „Рено 19“, управувано од С.С.(25) од Штип, удрило во петгодишно дете. Детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.Увид на местото извршила екипа од СВР Штип и се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

srpska-policija

Сообраќајна несреќа во Прилеп, повредени 11 лица

На 13.03.2019 во 22.10 часот на улица „Александар Македонски“ во Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фиат пунто“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(54) од Прилеп и минибус „Мерцедес спринтер“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од И.В.(30) од Прилеп.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот С.Д, а со телесни повреди се здобил сопатникот од истото возило Д.Ј.(44) од Прилеп и уште девет патници во минибусот. На сите повредени им била укажана лекарска помош во Градската општа болница Прилеп. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп и Јавен обвинител.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Гордана Силјановска Давкова се сретна со наши уметници и актери

Кандидатот за претседател на Република Македонија проф. д-р Гордана Силјановска Давкова оствари средба со уметници и актери со кои разговараше за актуелните случувања во областа уметноста.„Се сретнав со наши уметници и актери. Загрижени се од сите скандали во министерството за култура. Јас ви гарантирам дека како претседател ќе воспоставам еден основен принцип владеењето на право да важи за сите, секаде“, појасни проф. д-р Гордана Силјановска Давкова.На крајот од средбата проф. д-р Гордана Силјановска Давкова им вети на уметниците и актерите дека по победата за претседател, ќе започне уривањето на заевизмот кој се повеќе им нанесува штета на граѓаните на Република Македонија. А, со самата победа на заевизмот ќе дојдат подобри времиња за граѓаните но воедно и за уметниците и актерите.

Македонија | пред 7 години

nikola-sazdovski

20-годишниот Никола Саздовски, починал по силен удар, а не од пад или удар на асфалт

Со сослушување на вешто лице од судска медицина, предложен од обвинителството за дополнително изведување докази по реконструкцијата на настанот, денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжи судењето на Бесир Беља и Скендер Демири, обвинети за убиството на 20-годишниот Никола Саздовски – Саздо.Според вештакот кој ја презентираше направената реконструкција на несреќата Саздовски починал по силен удар.– Сега покојниот починал по силен удар, а не од пад или удар на асфалт или кутија, со оглед дека на телото не се констатирани никакви повреди од пад на тврда подлога, што е наведено и во претходните вештачења и искази пред овој суд, истакна вештакот.Случајот го води судијката Даниела Алексовска-Стојановска, и на почетокот ги повика обвинителството и одбраната доколку имаат дополнителни докази да ги предложат, со оглед дека е исцрпена листата на предложени докази по извршениот увид во списите од реконструкцијата на настанот.Судот го одби предлогот на одбраната за повторно сослушување на вештото лице, поради како што во вештачењето не било побарано тоа лице да вештачи во однос на болката и интензитетот на страдање на сега починатиот, туку во својот исказ тој само се повикува на вештачењето изработено од судска медицина.Обвинителството изрази противење на ваквиот предлог, со оглед дека вештото лице е веќе сослушно и се има произнесено за болката и страдањето.Инаку Саздовски почина на 9 јули 2018 година на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – Карил во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.Двајцата од напаѓачите, Бесир Беља и Скендер Демири, се во притвор во затворот „Скопје“ во Шутка, а за третоосомничениот, кој сè уште е недостапен за органите на прогонот, е распишана домашна и меѓународна потерница.

пред 7 години

izbori

Каде да се пријават изборните нерегуларности, ако не во ЦИВИЛ?

Рокот за Јавен увид во Избирачкиот список истекува на 14 март, на полноќ. Имајќи предвид дека бројот на лицата кои извршиле увид во Избирачкиот список, ЦИВИЛ ги повикува граѓанките и граѓаните да го искористат барем последниот ден и да пријават проблеми во Избирачкиот список.Од искуството во претходните изборни процеси, најчести проблеми во Избирачкиот список со кој гласачите се соочуваат се фантомите, разместувањето или исчезнувањето. ЦИВИЛ ги нарече „фантоми“ оние имиња што се појавуваат на одредени адреси, а не живеат таму. Иако ДИК ја уверува јавноста дека нема фантоми во Избирачкиот список, сепак, неколку граѓанки и граѓани пријавија дека фантомите сѐ уште „живеат“ во нивните домови, па дури и дека им се појавиле нови. Во ЦИВИЛ велат дека организацијата е подготвена да оди во лов до последниот „фантом“ и ги повикуваат граѓанките и граѓаните да пријават вакви случаи и на последниот ден од Јавниот увид.Во изминатите изборни процеси, набљудувачите на ЦИВИЛ пријавија случаи кога некои гласачи биле преместени од едно на друго избирачко место. Ова е дополнителна причина да се направи увид во Јавниот список, за гласачите да бидат навремено информирани каде точно (на кое избирачко место) гласаат.Најголемиот проблем, сепак, се случаите кога гласачите, поради грешка или неажурност на институциите или на самите гласачи, исчезнуваат од Избирачкиот список. ЦИВИЛ редовно објавува информации за тоа што граѓанките и граѓаните треба да знаат за Избирачкиот список и секогаш е на располагање да прими поплаки и информации што се однесуваат на проблемите во оваа сфера.ЦИВИЛ беше и останува на ставот дека државата ИМА ОБВРСКА максимално да го почитува правото на глас во секоја ситуација, без оглед на тоа дали гласачите биле неажурни во комуникација со матичните служби или се работи за грешка на системот. Тоа, со сегашната верзија на Избирачкиот список е невозможно.Пријавување на изборните нерегуларностиСо оглед дека изборната кампања започнува на 1 април, дел од предизборниот фолклор секогаш се и говорот на омраза, лажните вести, корупцијата, злоупотребата на службената положба, притисоци, закани и уцени.ЦИВИЛ веќе започна со долгорочниот мониторинг на изборниот процес. Од сопственото изборно искуство, ЦИВИЛ констатитра дека секоја информација во овој период е важна. Не постојат информации што се неважни. Затоа, независно во кој формат да пристигнат: фотографија, видео, постови на социјални мрежи и друг вид комуникации, лично сведоштво или случка, се добредојдени.Сите што сакаат да помогнат во изборниот мониторинг можат да се вклучат како долгорочни и краткорочни набљудувачи на ЦИВИЛ. Уште поважно: независно од тоа дали се поврзани со ЦИВИЛ како соработници, членови и поддржувачи, учесници на семинарите за граѓанско новинарство или пак веќе учествувале во изборните процеси како наши набљудувачи, сите свесни и совесни граѓанки и граѓани, здруженија, организации, па дури и институции, можат да придонесат кон одбрана на правото на глас и да ја алармираат јавноста и релевантните институции за нерегуларностите и на тој начин да помогнат изборниот процес да биде слободен, фер и демократски. Целото општество е повикано во борбата за искоренување на говорот на омраза и лажните вести, пред последиците од нив да бидат несогледливи.„Каде да се пријават изборните нерегуларности, ако не во ЦИВИЛ?“ – кратко изјави претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, во пресрет на објавувањето на овој повик на организацијата што ужива голема доверба од огромен број граѓанки и граѓани, независно од нивната политичка афилијација, припадност или потекло.Пријавите може да се испраќаат во порака по електронска пошта (monitoring.civil@gmail.com), Фејсбук, по телефон (02 / 5209 176), на онлајн пријавата за изборни нерегуларности или лично во седиштето на организацијата во Скопје, информираат од ЦИВИЛ. 

Македонија | пред 7 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Стејт Департментот констатира прогрес во слободата на медиумите и судството

Препознаени се реформите, Стејт Департментот констатира прогрес во слободата на медиумите и судството Според официјалниот извештај на Стејт Департментот на САД за човекови права, Република Северна Македонија бележи напредок во слободата на медиумите и судството, стои во соопштението на СДСМ.Стејт Департментот ја истакнува контролата врз безбедносните служби и потенцира дека во споредба со минатите години се забележува дека Владата го почитува и мотивира независното и непристерасно судство.Во повеќето случаи судовите се придржуваат до законите и процедурите за притворање. Оваа година бројот на наредби за притворање опаднал значајно споредбено со минатите години, стои во овогодишниот извештај.Се истакнува и дека судството генерално го почитува правото за фер судење. Секако дека постојат се уште предизвици и проблеми кои треба да се надминат, на што се работи, но констатациите на Стејт Департментот охрабруваат и мотивираат за уште поголема посветеност, стои во соопштението на СДСМ.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања