Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

policija

МВР билтен: Низа прекршувања на сообраќајни правила – грст санкции

Во текот на изминатиот ден (14.03.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 27 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.Од сообраќај се исклучени 20 возачи од кои: пет возачи управувале возила под дејство на алкохол, 13 возачи без да се стекнат со право за управување на моторно возило и двајца возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така, исклучени од сообраќај се и осум возила бидејќи шест биле нерегистрирани и две возила биле технички  неисправни.Санкционирани се двајца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, 10 возачи поради неправилно престројување, еден возач поради неправилно престигнување, еден возач поради недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница, двајца возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 23 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.Во текот на изминатиот ден издадени се 116 мандатни платни налози и 89 возила се подигнати со специјално возило "пајак". Изминатиот ден се случиле 13 сообраќајни незгоди во кои две лица се здобиле со тешки телесни повреди и девет лице поминале со телесни повреди.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Кај жител на гостиварското село полицијата пронашла оружје, куршуми нож со футрола...

Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово- Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар, во содејство со ПО Чегране, на 14.03.2019 во 6:45 часот извршиле претрес во домот и помошните простории на 42-годишниот Р. М. во гостиварското село Чајле. При претресот, реализиран со судска наредба, пронајден е пиштол „Глок“ калибар 9 милиметри, што го поседувал со дозвола, ловечки карабин „Хајнел“ калибар 30-06 со дозвола на друго име и вкупно 136 куршуми од различни калибри.Непосредно пред тоа, во дворот од соседната куќа, пронајдени се два пиштоли „ЦЗ“ калибар 6,35 милиметри, револвер „Смит и Весон“ калибар 45 милиметри, нож со футрола, 5 куршуми и батериска лампа со полнач, а кои непознато лице ги фрлило од прозорец од куќата на Р. М. ( 42 ) додека тој бил приведуван од полициските службеници. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

avtobus-krov

30 дневен протвор за сопственикот на Дурмо Турс, раководителот и возачот на автобусот

Три од шесте барања за притвор на Основното јавно обвинителство доцна синоќа се прифатени од страна на судот за автобуската несреќа кај Ласкарци.Основниот суд Скопје 1-  Скопје соопшти дека донесе решенија за 30 дневен притвор за сопственикот на „Дурмо турс“, возачот М. Т. и раководителот  Р.М.Според обвинителството , сопственикот и раководителот на „Сурмо турс“,знаеле дека сопирачките на автобус се неисправни, но сепак го пуштиле во сообраќај.Возачот возел со поголема брзина од дозволената и манипулирал со апаратот за ограничување на брзината.За  И.Ѓ. , Г.Д. и Ј.Б.  го одби предлогот на обвинителството за определување мерка притвор со тоа што на И.Ѓ. и Г.Д им определи мерка куќен притвор, заради постоење на основите од член 165 ст.1 т. 1, 2 и 3 од ЗКП, додека на Ј.Б. му определи мерки на претпазливост и тоа Одземање на патан исправа,  а Забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, Обврска повремено да се јавува на службено лице во судот и Забрана за вршење на работни активности.Судот за  В.Г. го прифатил предлогот на обвинителството за определување мерки за претпазливост. 

пред 7 години

cigari

Поскапеа цигарите, за неколку години кутија цигари ќе чини и до 300 денари

Цигарите Вест, Родео и Бос поскапеа за 5 денари.  Цигари со нова цена има по продажните места уште од пред неколку денови.Согласно планот за зголемување на акцизите, за неколку години се очекува голем раст на ценит на овој тип производи. За неколку години се очекува кутија цигари да чини и до 300 денари.

Македонија | пред 7 години

transparensi-mkd

Транспаренси Интернешнл: Владата не го почитува Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер

Владата не го почитува Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и одбива да постапи по решение на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, велат од Транспаренски Интернешнл МакедонијаОд таму бараат Претседателот на Владата, Зоран Заев да преземе мерки за одговорност на Генералниот секретар на Владата поради постапување спротивно на Закон, а бараната информација да нѝ биде доставена-15.03.2019 Транспаренси Интернешнл – Македонија (ТИ-М) на ден 13.06.2018 година испрати Барање за пристап до информации од јавен карактер до Генералниот секретаријат на Владата на Р.С. Ммакедонија во врска со издадено полномошно, со кое Владата ја ополномоштува адвокатската куќа White & Case LLP од Њујорк, да поднесе претставка против Транспаренси Интернешнл Македонија пред Секретаријатот на Транспаренси Интернешнл во Берлин. Инаку, адвокатската куќа White & Case LLP од Њујорк е застапник на Р.С. Македонија во постапка пред Меѓународниот центар за решавање на инвестициски спорови во Вашингтон, Д.Ц (ИЦСИД Случај бр. АРБ/17/46), велат во барањето од Транспаренски Интернешнл.Од таму велат дека Генералниот секретаријат на Владата на ден 13.07.2018 година донесе Решение со кое го одби Барањето за пристап до информации од јавен карактер поради тоа што бараната информација претставувала информација стекната или составена за истрага, кривична или прекршочна постапка, чие давање би имало штетни последици за текот на постапката, повикувајќи се на член 6, став 1, точка 5 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 26, став 1 од истиот закон како причина за одбивање на барањето.-ТИ – М на ден 23.07.2018 година поднесе Жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер. Комисијата на ден 04.03.2019 донесе Решение со кое Барањетона ТИ – М до Генералниот секретаријат на Владата на Р.С.М се УВАЖУВА, а Решението од Генералниот секретаријат на Владата со кое барањето е одбиено, се ПОНИШТУВА, а се задолжува Генералниот секретаријат на Владата да ги достави бараните информации во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, велат од Транспаренси интернешнл.-Наместо бараната информација, ТИ – М на 14.03.2019 година доби повторен, спротивен на Законот одговор од Генералниот секретаријат на Владата, со кој пристапот до бараната информација се ОДБИВА и покрај тоа што Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер ја уважи Жалбата на Транспаренси Интернешнл – Македонија, а првичното Решение на Владата се ПОНИШТУВА.-Со оглед на тоа дека Генералниот секретаријат на Владата постапува спротивно на закон и спротивно на решението на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, Транспаренси Интернешнл Македонија ќе се обрати лично до Премиерот на Владата на Република Северна Македонија и ќе побара согласно заложбите за транспарентност и законитост во работењето на Владата, да го разгледа постапувањето, да преземе мерки за одговорност на Генералниот секретар на Владата на Р.С. Македонија, а информацијата да нѝ биде доставена.Претседател, Транспаренси Интернешнл – Македонија Д-р Слаѓана Тасева 

Македонија | пред 7 години

dete-kina

(ВИДЕО) Чудо во Кина - 5-годишно дете оживеало после 110 мин откако срцето престанало да му чука

Чуда се случуваат. Доказ за тоа е  5-годишно дете од Кина, кое оживеало по речиси два часа откако срцето престанало да му чука.Детето Лин Лин наводно си играло кога се лизнало и паднало во езеро на југот на Кина. 53-годишниот Јанг Ју, кој во овој дел на земјата бил на одмор со семејството, забележал детски панталони како пловат по површината на езерото.Повикал помош и скокнал во водата кога го видел детето кое плови со лицето свртено кон водата, само неколку метри од него. Иако итната помош веднаш го префрлила 5-годишното дете во болница, докторот констатирал дека детето за жал не диши.Наредните 40 минути се обидувале оживување. Кога се подготвиле да констатираат смрт, мајката и дедото на момчето ги преколнувале да продолжат.-Немав срце да прогласам смрт, рекол докторот Ван Бо.Продолжиле да го оживуваат, а потоа го приклучиле на апарати. Меѓутоа, после 110 минути за некое чудо, детето почнало самостојно да дише.Докторот Ван будењето на момчето го нарекол чудо, и рекол дека никогаш не видел пациент да се врати после толку долго време без отчукување на срцето.Момччето било сместено во друга болница поради натаможен третман, и уште некое време ќе прима кислород поради можни оштетувања во мозокот, предизвикани од 100 минути без чукање на срцето. https://twitter.com/MailOnline/status/1106213661704626187?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1106213661704626187&ref_url=https%3A%2F%2Fkurir.mk%2Fsvet%2Fvesti-svet%2Fdoktorot-nemal-sila-da-proglasi-smrt-kaj-momche-koe-se-udavilo-vo-kina-posle-2-chasa-se-sluchilo-chudo-video%2F

Свет | пред 7 години

11170295_646187062178487_3506413957551131951_o

Измени во возниот ред на линијата 21 на ЈСП

Oд денеска, петок 15.03.2019 година, линијата 21 (Транспортен центар-Бардовци) ќе има измени во возниот ред во вечерните часови.„Во петок и сабота, досегашниот термин 22.50 часот, се поместува во 23.05 часот.Во случајов, ЈСП Скопје го исполнува барањето на жителите од Бардовци кои официјално поднесоа иницијатива автобусот на посочената линија да сообраќа подоцна за време на викендите.ЈСП Скопје ја донесе одлуката по направените анализи на терен во соработка со Град Скопје, процедура која е неопходна при било какви измени на утврдениот единствен возен ред“, велат од ЈСП Скопје.

Скопје | пред 7 години

Ana-Karenina-3

„Ана Каренина“ повторно во МОБ

На барање на публиката, балетската претстава во два чина „Ана Каренина“ со одбрана музика од рускиот великан Петар Илич Чајковски, добитник на „Златна Бубамара“ за најдобра балетска претстава, повторно на сцената на МОБ на 19 март 2019, со почеток во 20.00 ч.Преку современите кореографски решенија сoединети со класичен балет на Лео Мујиќ од Хрватска, минималистичка, но ефектна сценографија, прекрасните костими на Александар Ношпал, на сцената на  Македонската опера и балет ќе видиме едно интересно визуелно, динамично и полно со страст балетско видување на познатиот роман „Ана Каренина“ на големиот руски писател Толстој.Во повеќе од два часа, балетските уметници на МОБ, на чело со впечатливиот, емотивниот до исцрпување танц и инспиративните движења на Мими Поп Алексова Атанасовска  како Ана Каренина, Бобан Ковачевски како Вронски, Васил Чичијашвили од Грузија како гроф Каренин, ќе ги пренесат сите емоции кои го означуваат ова дело: љубов, страст, омраза, лутина, гнев, љубомора, тага, мајчинска болка…Моќна, динамична, емотивна...!Настапуваат: истакнати солисти, солисти и целиот балетски ансамбл на МОБ.

Магазин | пред 7 години

3-4

Мицкоски му се жалел на Петричек

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на средба со чешкиот министер за надворешни работи, Томас Петричек му се пожалил дека Владата се занимава со политички прогон.-Владата се занимава со политички прогон наместо со решавање на проблемите на граѓаните, а растечката корупција е присутна во сите сегменти во општеството. Новата матрица на исклучително самоволие на заевизмот ги уништува надежите за исчекор во било која област значајна за граѓаните – изјави Мицкоски.Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува европската интеграција на земјава и членството во НАТО, и напредокот треба да биде резултат на реформи и минат труд.

Македонија | пред 7 години

20190315010149

Тито Петковски: Силјановска нема поддршка од албанските гласачи, тоа е нејзин најголем хендикеп

Тито Петковски, претседателот на НДСП, партнерот на коалиционото мнозинство, смета дека Стево Пендаровски би можел да освои помалку гласови од Гордана Силјановска Давкова кај етничките Македонци на претседателските избори на 27 април.- На домашен терен кај македонскиот електорат фаворит може да биде Гордана Силјановска, но нејзин голем хендикеп е оддалеченоста од албанскиот. Пендаровски ја има таа среќа што и на изборите пред пет години и денес има огромна поддршка кај албанските бирачи - рече Петковски во студиото на ТВ21.Петковски во емисијата „Клик плус“ гостуваше како поранешен кандидат за претседател на Македонија.

Македонија | пред 7 години

clipboard01-620x350-1

Мицкоски со повик до етничките заедници да гласаат за Силјановска, Албанците ги „заборави“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во еден пост објавен на неговата Фејсбук страница, Мицкоски го повикува сите етнички заедници да гласат за професорката Гордана Силјановска, со исклучок само на Албанците кои не ги набројува во својот повик.„Ја користам оваа прилика да ги повикам граѓаните на Република Македонија, Македонците, Србите, Босанците, Турците, Ромите, Власите и сите останати да ни се придружат и да застанат со нас на 21-ви април, масовно да излезат на гласање и да го поддржат кандидатот на Коалицијата „За подобра Македонија“, професорката Гордана Силјановска Давкова“, стои во објавата на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

masakar-nov-zeland

(ВИДЕО) Убиени најмалку 40 луѓе во џамии во Нов Зеланд – убиецот масакрот и го снимал поставил на социјални мрежи

Страшниот масакр во двете џамии во Нов Зеланд, во кој се убиени 40, а ранети 20 муслимански верници, го изврши само еден напаѓач. Тој целиот чин, од подготовка до влегување во џамиите го објави на социјалните мрежи.Во 17-минутното видео се покажува напаѓачот Брентон Тарант, кој излегува од автомобилот, зема оружје од багажникот, го извршува нападот и се враќа во автомобилот.Видеото е веќе избришано од Интернет. Сепак, инсерти од видеото се шират на социјални мрежи. Додека патува до џамиите со помош на навигација, во автомобилот е пуштена српска ,,патриотска “ песна за Караџиќ.https://www.dailymotion.com/video/x7490e9Премиерката на Нов Зеланд Џасинда Ардерн соопшти дека најмалку 40 луѓе се убиени во напади во две џамии во градот Крајстчрч.– Ова е еден од најтемните денови во историјата на Нов Зеланд. Она што се случи овде е досега невиден чин на насилство, истакна премиерката Ардерн.Таа додаде дека повеќе од 20 лица се ранети, од кои повеќето со сериозни повреди. Меѓу нив има и деца.По престрелката чeтири мажи и една жена се уапсени,но нема детали за напаѓачите. Нападот се смета за тероризам,  но засега нема потврда дека бил самоубиствен.Лицето кое ја презеде одговорност за терористичкиот напад, оставило антиимигрантски и антимуслимански проглас на 74 страници, во кој објаснува кој е и зошто го извршил нападот.

Свет | пред 7 години

4-2-1

Претставени исклучително вредни артефакти на изложбата „100 години Требениште

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, кој воедно е и покровител, ја отвори изложбата „100 години Требениште“ поставена во Националниот археолошки музеј на Република Северна Македонија.На овој свечен и исклучително значаен настан, кој се остварува во соработка со Народниот музеј во Белград и Националниот археолошки институт и музеј при бугарската академија на науки во Софија, присуствуваа и министрите за култура на Република Северна Македонија и на Република Бугарија, Асаф Адеми и Боил Банов, помошникот на министерот за култура и информации на Република Србија, Асја Драча Мунтеан, како и директорите на Националниот археолошки музеј на Република Северна Македонија Горан Санев, на Националниот археолошки институт и музеј во Софија Христо Попов, и директорката на Народниот музеј во Белград, Бојана Бориќ Брешковиќ, како и други бројни претставници на Владата и на Собранието на РСМ, на научната и културната јавност од трите земји, и на дипломатскиот кор во нашата земја.Премиерот Заев истакна дека оваа изложба е од огромно значење заради исклучителните артефакти презентирани на неа, но и заради на раководителите и кустосите на трите институции од Северна Македонија, Бугарија и Србија кои направија историски чекор кога се согласија дека најсоодветен начин да се прослави 100 годишнината од откривањето на првите артефакти од овој археолошки локалитет, е да се подготви заедничка изложба на која за првпат во историјата се претставуваат сите наоди од некрополата кај Требениште.„Требениште е безвременска загатка која обединува. Загатка која за прв пат во својата историја пред нашата и светската јавност се претставува во нејзината блескава целина, и која од Скопје потоа ќе замине да биде претставена пред јавноста во Србија и Бугарија. Оваа благородна иницијатива говори за одважноста и за доблеста на слободоумните и прогресивни лидери во науката и уметноста да ги тргнат разликите настрана и да се фокусираат на нештата што обединуваат, наместо на нештата што разделуваат“, рече премиерот Заев на отворањето на изложбата и додаде дека епилогот, заокружената приказна за загатката Требениште, сега имаат шанса заеднички да ја решат националните историско-археолошки институции од Бугарија, Србија и Северна Македонија, во соработка со соодветните институции и од другите соседни земји.Министерот за култура на Република Северна Македонија, Асаф Адеми во своето обраќање рече дека изложбата „100 години Требениште“ е своевидна круна на пријателството меѓу три држави, чин кој потврдува дека помирувањето токму преку културата пристигна на овие простори.„Верувам дека овој проект е само почеток на една одлична соработка и дека во иднина, граѓаните на трите држави ќе имаат можност да видат уште многу други настани, каков што е овој. Со поддршка од матичните министерства за култура, но и со поддршка од европските фондови, ќе се реализираат уште многу нови активности преку кои ќе го афирмираме заедничкото европско културно наследство“, порача министерот за култура на Република Северна Македонија, Асаф Адеми.Во своето обраќање, директорот на Националниот археолошки музеј на Република Северна Македонија, Горан Санев подвлече дека интересот за Требениште сигурно нема да заврши со нашата изложба, ниту пак напишаните научни трудови во каталогот кој ја следи истата не се последните зборови што археологијата ќе ги каже за овој локалитет.„Тоа го знаевме од самиот почеток на заедничката подготовка на изложбата, а во изминатите година и половина се открија и многу досега непознати за сите нас ситуации и предмети кои отворија нови прашања на кои допрва ќе се бараат одговорите. Оттаму, со посебно големо задоволство можам да кажам дека по цели 100 години од откривањето на првата златна маска, повторно се растлеа еланот за продолжување на истражувањата на некрополата Требениште, но овој пат не поединечно како во 1918 или во 1930-34, во 1953- 54, или во 1972 година, туку заеднички, како генерација археолози од Македонија, Србија и Бугарија - наследници на истражувачите на Требениште од минатиот век“, рече директорот на Националниот археолошки музеј на Република Северна Македонија Горан Санев.На отворањето на изложбата за нејзиното значење и за значењето на соработката за нејзината подготовка говореа и министерот за култура на Бугарија Боил Банов, помошникот на министерот за култура и информации на Србија, Асја Драча Мунтеан, како и директорката на Народниот музеј во Белград, Бојана Бориќ Брешковиќ и директорот на Националниот археолошки институт и музеј во Софија, Христо Попов.

Македонија | пред 7 години

vmro-dpmne-zgrada-650x396-1

ВМРО ДПМНЕ: Извештајот на Стејт Департментот е доказ за политичкиот прогон во земјава

Република Македонија е држава со ограничена независност на судството, констатираше Стејт Департментот. Условите во затворите и притворите се сурови, нехумани и деградирачки, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Извештајот на Стејт Департментот е доказ за политичкиот прогон во земјава. Притворањето на Митко Чавков со лажна службена белешка и измислени обвинувања, два дена пред изрекување на пресудата е преседан за правото.Притворањето и начинот на шиканирање во притвор на голем број граѓани е политички притисок. Кацарска судството и Русковска обвинителството е симбол на заробено правосудство, кое е само алатка на власта за извршување на политички нарачки.Денеска правосудството на Заев ќе изврши политички процес. Правосудството ќе ја изврши политичката нарачка. Република Македонија има потреба од функционална правна држава, за тоа е потребно победа на претседателските избори на Гордана Силјановска Давкова, што ќе биде причина за распишување на предвремени парламентарни избори за победа над СДСМ, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: После деценија уназадување, Република Северна Македонија тргна напред

Осум земји членки го ратификуваа протоколот за членство во НАТО, одиме напред, граѓаните ќе изберат претседател кој обединува и води кон НАТО и ЕУ Нашата земја го доби своето заслужено место, седна на масата во НАТО алијансата, се вели во соопштението од СДСМ.Со Романија и Литванија, веќе вкупно 8 земји членки на НАТО го ратификуваа протоколот за полноправно членство.После деценија уназадување, Република Северна Македонија тргна напред. Влезот во НАТО не значи само безбедност и стабилност, нешто што е исклучително важно за нас, туку значи напредок, силна економија, подобар живот за сите и отворени перспективи за младите.Рекордниот раст на инвестициите од над 624 милиони евра е индикатор дека безбедноста, стабилноста и интеграциите ја зголемуваат доверба кај компаниите. Инвестициите носат повеќе пари, нови и подобро платени работни места, подобар животен стандард.Како напредуваме во интеграциите, во членството во НАТО и ЕУ, така се повеќе бенифиции ќе добиваат граѓаните, државата.Не смееме да застанеме, Република Северна Македонија мора да продолжи напред, силна и обединета околу вистинскиот пат, патот на интеграциите. Граѓаните добро знаат што значи уназадување, изолација и враќање назад, го чувствуваа тоа 10 години под режимот на ВМРО- ДПМНЕ.На престојните претседателски избори граѓаните ќе изберат претседател кој обединува, кој ќе води напред кон ЕУ и НАТО, ќе го изберат Стево Пендаровски, вистински претседател за сите граѓани, велат од СДСМ во денешното соопштение.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Без вода дел од Центар и Водно

Денес поради дефект на приклучна цевка од Ф-3/4“ на ул.9-ти Мај 8, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од 9-ти Мај и дел од ул.Борка Талевски нас.Центар, од 09:00 часот до санирање на дефектот.Исто така поради промена на шибер од Ф-80мм. на крстосница Васил Левски со Ѓорѓи Абаџиев, во населбата Водно, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Кумровец, Васил Левски и Ѓорѓи Абаџиев од 09:00 часот до завршување со превземената активност.

Скопје | пред 7 години

ams_nmo

Директорот на АМС на консултативна средба со младински организации

Проектот „Младинска картичка“, Јавниот повик за грантирање невладини орагнаизации, Националната стратегија за млади и извештајот за Акцискиот план 2016/2017 и Информација за состанокот во Брисел за поглавјето 26 кое ги опфаќа и младите, се само некои од активностите што ги најавува Агенцијата за млади и спорт (АМС) за претстојниот период.На состанокот директорот на Агенција за млади и спорт Дарко Каевски, ги образложи активностите кои се планираат во следниот период и процесите за кои како институција сме надлежни да ги имплементираме во областа на младите и младинското учество, за што побара од младинските организации целосна вклученост во планирањето и имплементацијата на истите. Целта е да се носат политики во консултација со младите и од интерес на младите, токму затоа е од огромно значење за нас како институција, младинските организации да бидат инволвирани во сите активности кои се преземаат.На консултативната средба присуствуваа претставници од 13 младински организации и организации кои работат на полето млади, кои по излагањето на директорот, ги дадоа своите коментари и забелешки за секоја од точките на денешната средба и ја изразија вољата и подготвеноста од нивна страна за да бидат дел од процесот на донесување одлуки и активно да учествуваат во креирање решенија во интерес на потребите на младите.На средбата беа донесени неколку заклучоци со кои се дефинираат идните чекори на делување и конкретни активности во следниот период, а беа договорени и работни средби во тек на месец Април, на кои ќе се разговара за Националната стратегија за млади, дефинирање на методолошки пристап за ревизија на истата и креирање на нов Акциски план.

Македонија | пред 7 години

54728600_10157156047017138_1887295577180340224_n

Бетмен испрати порака преку Фејсбук: Браќа за цел живот!

Богдан Илиевски на својот Фејсбук профил објави фотографија на која е заедно со Владо Јовановски, Борис Дамовски и Игор Дурловски. Под фотографијата тој напиша „Браќа до крај. Браќа за цел живот“.Инаку тие беа водачите на протестите „За заедничка Македонија“ кои на 27 април ја повикаа толпата за упад во Собранието.Владо Јовановски, Борис Дамовски и Богдан Илиевски беа помилувани за настаните од 27 април, додека пак Игор Дурловски не поднесе барање за амнестија во дадениот рок од судот.Обвинетите од 27 април денес ќе треба да ја слушнат пресудата од Кривичниот суд. 

Македонија | пред 7 години

7-2

Димитров во работна посета на Атина

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров, на 15 и 16 март 2019 година, ќе престојува во работна посета на Атина.На покана на поранешниот  министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, министерот Димитров ќе учествува на академска конференција по повод одбележување на дваесет годишнината од основањето на одделот за меѓународни и европски студии на Универзитетот во Пиреја. На конференцијата чиј наслов е „Грчката надворешна политика во 21 век“ , МНР Димитров ќе се обрати на панелот „Трансформацијата во Југоисточниот Медитеран“, заедно со поранешните министри за надворешни работи на Република Бугарија и Република Албанија, Даниел Митов и Дитмир Бушати.Во рамките на работната посета на Атина, предвидена е билатерална средба на МНР Никола Димитров со својот грчки хомолог, МНР Џорџ Катругалос, како и куртоазна средба со Николаос Вуцис, Претседател на Парламентот на Хеленската Република.

Македонија | пред 7 години

avtopat-tetovo-skopje

Денес завршува обврската за зимска опрема во возилата

Про Законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, трае до денес, 15 март, потсетува АМСМ.Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.Ве информираме дека автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. Во моментов на автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер. Апелираме до сите возачи да не го користат автопатот.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.

Македонија | пред 7 години

27-mi-april-sudenje

Денес ќе се изречат казните за Чавков и другите обвинети за „27 април“

Митко Чавков заедно со останатите 17 обвинети, денес ќе треба да ја слушнат пресудата од Кривичниот суд, како и можната казна за крававите инциденти. Предметот го води судијката Добрила Кацарска.Судскиот процес почна во август минатата година. На почетокот процесот почна против 33 обвинети, кои беа извршители на упадот во парламентот и на нападите врз пратениците. Но, по донесувањето на Законот за амнестија помилувани беа 15 лица.На обвинителна клупа останаа Митко Чавков, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски-Леви, Митко Пешов, Оливер Поповски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Оливер Радулов, Игор Дурловски, Јане Ченто, Игор Југ, Александар Василевски-Нинџа, Никола Митревски-Кољо, Младен Додевски, Горанче Ангеловски, Влатко Трајковски и Вилијам Михајловски, кои се товарат дека сториле кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок.Ексминистерот за внатрешни работи, Митко Чавков по трет пат е во притвор поради опасност од бегство. Имено, минатиот пат, кога Чавков заврши во затворот во Шутка, тој штрајкуваше го глад, а познато е дека тој има и здравствени проблеми.

Македонија | пред 7 години

Mitko-Cavkov

Утре ќе се изречат казните за Чавков и другите обвинети за „27 април“

Ексминистерот за внатрешни работи, Митко Чавков по трет пат е во притвор поради опасност од бегство. Имено, минатиот пат, кога Чавков заврши во затворот во Шутка, тој штрајкуваше го глад, а познато е дека тој има и здравствени проблеми. Чавков е еден од обвинетите во предметот што се води за настаните во Собранието на „27 април“.Митко Чавков заедно со останатите 17 обвинети, утре ќе треба да ја слушнат пресудата од Кривичниот суд, како и можната казна за крававите инциденти. Предметот го води судијката Добрила Кацарска.Информацијата за неговиот план, според белешката, ја дознал припадник на единицата „Алфа“ од близок пријател на Чавков кој му кажал дека има вила на Халкидики и дека планира да избега пред да му биде изречена пресудата. Обвинителката што го води овој случај, Вилма Русковска, во изјава за „Независен“ вели дека информацијата дека Чавков сака да бега ја добиле од полицијата.Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, пак, не потврдува и не демантира ништо и за сите информации упатува во Обвинителството. Адвокатот на Чавков, Сашо Дуковски, тврди дека Чавков не поседува вила ниту на Халкидики ниту било каква недвижност во Грција.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Умерено облачно со сончеви периоди, викендов повисоки температури

Времето ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северозападен правец.Дневните температури ќе бидат во Скопје 12 Целзиусови степени, Маврово 6, Охрид 10, Битола 12, Кавадарци 14, Крива Паланка 11, Берово 8, Дојран 14.За време на викендот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од југозападен правец. Дневните температури ќе се движат од 14 до 24 степени.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Слаткар: Панчо е џуџе кое „пуши“ и се лигуши да добие тезга од 100 евра

2Бона и Слаткар овие денови се најактуелни на македонската музичка сцена откако нивната најнова песна „Дијаманти“ стигна до 1,000,000 прегледи за само 2 недели.Причината за гостувањето беше токму таа, а младите момци 2Бона најавија и спектакуларна соработка со познатата пејачка Елена Китиќ, велат дека јавноста нема видено песна каква што тие подготвуваат, па останува да видиме.Во текот на денешниот ден раперот Панчо од дуото ДНК, ги “пецна” Слаткар и 2БОНА велејќи дека нивните прегледи на “Youtube” се лажни!-Дијамант(И) не направија популарни. Голема благодарност до нашата вечна инспирација и идол Марче Слаткаристика што ни помогна да стасаме до 200.000 ( ОРГАНСКИ ) прегледи.На ова Слаткар реагираше навистина бурно, па дури употреби и погрдни зборови! Во продолжение погледнете за што станува збор: 

Магазин | пред 7 години

20190120221927

Панчо до Слаткар: Не те гледам како конкуренција, Ливерпул и Пјаченца неможе да играат во иста лига

Откако познатиот рапер Марко Маринковиќ - Слаткар во емисијата „Ексклузив“ на 1ТВ упати критики кон Панчо, тој се огласи на Фејсбук.„Е Марче Slatkaristika дојде време да ти станам опсесија и многу да те боли што јас Панчо “НЕТАЛЕНТИРАНИОТ” од DNK полнам повеќе клубови и сали од тебе ( твојот последен концерт во Борис Трајковски ) беше ФИЈАСКО #ФАКТ за разлика од моиите два ( ПРЕПОЛН САЕМ ) и еден во универзална. Те боли тоа што зимам дупло поголем хонорар ( затоа прашуваш по менаџери , друг пат слободно јави се ќе ти кажам јас колку зимам ) од твојот и продавам повеќе карти кај и да се појавам со мојот бенд. Од тебе не сум барал услуга никогаш за разлика од тебе што лично ми се јавуваше за да ги викнам пред 2-3 години децава Два Бона ( немам ништо против нив баш ми се симпатични и им посакувам успех) за на радио и секако дека ги викнав, и пар други работи во врска со помош. Не сум праќал мејлови по радија за да ми ги вртат песните за разлика од тебе нели. Многу битно, за разлика од тебе не сум заебал луѓе и разделил бендови ( Скипи и Тајзи ) и после користење фрлил во ѓубре како непотребен материјал. Другарите мои со кои што сум израснал сеуште сум со нив за разлика од тебе што го заеба цело кру Скит и Токсикологија, скаран си и со кумовите ако не се лажам исто такаТоа кажува за тебе каков човек си и колку ти се битни парите пред другарите. Јас знам како без пари бидејќи никогаш тоа и не ми било предизвик. Мојот предизвик се вика ЛОЈАЛНОСТ и РАБОТА , а таа врлина за тебе е мисловна именка. Ја не сум ругал никој во песна, ти се потегна против Врчак кои мене лично си ми зборел дека неможеш да го смислиш, само што он е господин за тебе па не те есапел два посто. На крај да ти објаснам дека, некогаш HUSTLE BEATS THE TALENT за кој за жал ти ги немаш и двете. Се надевам дека децата кои сега ги ЦИЦАШ ќе сфатат на време со кој си имаат работа и дека се свесни во моментот се шлепаш покрај нив #ФАКТ Слаткарче ја не дужам пари за разлика од тебе. Кога ќе изгубиш судски спор не се криј, плати и на жената тоа што и должиш биди мангуп јер нели ПОЛНИ ЧАНТИ ДИЈАМАНТ(И )?А да немам ни јас ништо против тебе исто како ти против мена само кажувам факти, а последниот е дека за жал си станал НАЈ ИСФРУСТРИРАНИОТ ХЕЈТЕР ( јас не го кажувам тоа ти сам си го кажа и предвиде уште на сам старт на кариерата) .Да се потсетиме како идеше : Сите го серат Панчо, не се замарај стари, ХЕЈТЕРИ ЉУБОМОРАТ ДЕКА ПРАВИШ НАЈВИШЕ ПАРИИзвадок од темата : Жолта штампа и таа ми ја праќаше на мејл за да ти ја пуштам , да те потсетам самоКако и да е среќен сум што сум те запознал бидејќи да не те знаев немаше да знам дека може да постои таков ХЕЈТЕР и КОРИСТОЉУБИВ лик на земјината топка.И слободно барај ме ако ти треба помош тука сум да ти помогнам јер не те гелдам како конкуренција Ливерпул и Пјаченца неможе да играат во иста лига“, се вели во објавата на Фејсбук.

Магазин | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања