Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

Rule-Turs

Граѓани реагираат дека биле измамени од Руле Турс

Еве како  на Автобуската станица Руле Турс вршат класична кражба на патници. На нивната веб страна уредно стои напишано дека билет во еден правец на релација Скопје-Кичево чини 330ден. На шалтер ми издадоа карта од 430ден, згора на тоа кога реагирав дрско ми одговорија дека превозникот, во случајов Еуролинија, им ги налага тие цени. Отидов кај превозникот од каде ми одговорија дека нивниот билет чини 300ден + 30ден станична услуга доколку е купен од автобуска.Аплауз за Руле и мојот последен билет купен од автобуска👏 Епа децо, качувајте се од попатните станици и разликата од 100ден донирајте ја на некој што има потреба.

Скопје | пред 7 години

Za-Zaednica-Makedonija-Brakja-do-kraj-696x522

(ФОТО) Браќа до крај – Браќа за цел живот: Водачите на „За заедничка Македонија“

Бетмен ВелиТ на Фејсбук објви фотографија со наслов „Браќа до крај. Браќа за цел живот“, а на истата тој е прегрнат со своите „браќа“ од „За заедничка Македонија“.Еден од водачите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ позната и како #Илинден4, Богдан Илиевски, познат и како Бетмен ВелиТ, на својот Фејсбук профил сподели фотографија со своите „колеги“ од протестите, Игор Дурловски, Борис Дамовски и Владо ЈовановскиИзвор: јавно.мк

пред 7 години

presuda-27-2

Реакција: Казната од 7 години за Фета Алими докажува дека СРМ е далеку од демократијата и правдата

Иако во демократска земја не се коментираат одлуките на судот и пресудите, сепак, Северна Македонија е многу далеку од демократијата и правдата. Казнувањето со 7 години затвор на Абдулфета Алими кој е познат како единствениот човек кој го спаси животот на лидерот на АА - Зиадин Села ноќта на 27 април, за нас како АА претставува тенденција за да се амортизираат другите казни на организираната група, однапред проектирајќи и реализирајќи удар врз Собранието врз пратениците и пред се физичката ликвидација на Зиадин Села, се вели во реакцијата. Во продолжение на истата пишува:Нелогично е и бесмислено Фета Алими да се товари за предметот Тероризам и истиот да се поистовети со групата која тепаше   пратеници во Собранието на РСМ.Фета Алими во овој судски процес се третира како жртва со кој што се обидува да се зачува етничкиот "баланс" кон останатите казнети лица и кои јавноста ги знае како нарачатели и извршители на настаните од 27-ми април.Фета Алими денес требаше да биде награден од страна на државата, кој успеа да спаси човечки живот, и тоа на пратеник и лидер на народот како што е Зиадин Села ставајќи го во опасност сопствениот живот, а не да биде осуден на 7 години затвор и да се изедначи со оние кои што ги видовме на телевизиските екрани, како ги удираа со тврди предмети пратениците на кобната вечер од 27-ми април.Изразуваме длабоко жалење за политичкото  и правното казнување со 7 години затвор на Абдулфета Алими и предупредуваме дека ќе ги искористиме сите правни инстанции за да ја докажеме неговата невиност, се вели во реакцијата . 

пред 7 години

tepacka1

Нападнати ученици од средно училиште на голем одмор

На 14.03.2019 година во 15,15 часот во СВР-Скопје, било пријавено дека на булеварот “Трета Македонска бригада“ во средно училиште за време на големиот одмор, Ф. А., А.М.и А.И., сите од село Копаница-скопско, заедно со уште две лица физички ги нападнале М.И (19) и Б.М. (18), двајцата од село Батинци. На М.И. и Б.М. им е укажана лекарска помош во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

sise

Скопјани кршеле чаши и шишиња, па го нападнале соптвеникот затоа што им ја исклучил музиката

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривичнa пријавa против Н.Р. (47), Б.Р.(21) и Г.С.(37), сите од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “насилство“.Имено на 13.03.2019 година околу 01,30 часот во Скопје во угостителски објект во трговски центар откако З.В. сопственикот на објектот, ја исклучил музиката, второ и третопријавениот, почнале да ги кршат чашите и шишињата од масата, по што физички го нападнале истиот. Потоа во нападот се приклучил и првопријавениот, при што на З.В. му нанеле тешки телесни повреди.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Албански државјанин нелегално преминал кај Граничен премин “Деве Баир“

На 14.03.2019 година во 16,55 часот на Граничниот премин “Деве Баир“ од страна на пограничните полициски служби од ГКПП „Ѓуешево“ од Р.Бугарија бил предаден Ц.Д.(30) од Р.Албанија кој на 11.03.2019 година нелегално ја поминал државната граница од Р.С. Македонија кон Р.Бугарија. Лицето било приведено во Полициската станица за Граничен премин “Деве Баир“ и предадено на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

Македонија | пред 7 години

stop-policija

Во Штип од исконтролирани 23 автобуси од нов кај 8 била утврдена техничка неисправност

На 14.03.2019 година во времето од 07.00-11.00 часот Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај во СВР Штип спроведе засилена акциска контрола на автобуси и возила кои вршат јавен превоз на патници. Контролирани се 23 автобуси од кои кај 8 била утврдена техничка неисправност,односно 6 биле со неисправен уред за сопирање и 2 останати уреди. 8 возила се исклучени од сообраќај, упатени на вонреден технички преглед и издадени се прекршочни платни налози.

Македонија | пред 7 години

policija-123

Жител на Џепиште, узурпирал црковен имот- , МПЦ-ОА ја оштетил за 848.700 денари

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,узурпација на недвижности“ и ,,бесправно градење“, полициската станица од Дебар, поднесе кривична пријава против М.Б.(65) од дебарското село Џепиште. Пријавениот, извршил узурпација на две катарстарски парцели, првата во месноста „Манастирец“, покрај брегот на Дебарското езеро во сопственост на манастирот „Св Арахангел Гаврил“ а втората во сопственост на Јавното претпријатие за стопанисување со патишта. На узурпираните, вкупно 608 метри квадратни, тој изградил викендица. Со извршувањето на казнените дела, пријавениот се стекнал со противправна имотна имотна корист од 934,800 денари, МПЦ-ОА ја оштетил за 848.700 денари а Јавното претпријатие во износ од 86.100 денари.

Македонија | пред 7 години

migranti_kola

Превезувал мигранти, возачот и дел од нив се обиделе да избегаат

На 14.03.2019 година во 20,30 часот на автопатот Гевгелија-Скопје, во близина на клучка Миравци, од страна на полициски службеници, било запрено за контрола патничко возило „Алфа Ромео 155“, а возачот и дел од патниците-мигранти, кои се превезувале во истото, се дале во бегство, додека во возилото биле пронајдени пет мигранти (еден од Авганистан и четворица од Пакистан).По преземени мерки и извршено пребарување на теренот, од страна на полициски службеници бил пронајден и приведен Е.Е.(41) од Скопје, по што тој и мигрантите биле предадени во Полициската станица за Граничен премин Богородица за понатамошна постапка. При преземање на службени дејствија, полицискиот службеник Л.М.(37) од Р.Чешка се здобил со повреда во пределот на раката и му била укажана помош во клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје.Јавната здравствена установа-Гевгелија. По документирање на случајот, ќе следат соодветни поднесоци.

Македонија | пред 7 години

igri-sreka

Приредувал и организирал игри на среќа, без да поседува соодветна лиценца, заработи кривична

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против В.Џ.(56) од село Добридол-Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “приредување на игри на среќа без лиценца односно без дозвола од надлежен орган“.На 08.02.2019 година во село Добридол-Гостивар, од страна на полициски  службеници при контрола во објект, сопственост на пријавениот, истиот бил затекнат како приредува и организира игри на среќа, без да поседува соодветна лиценца, односно дозвола издадена од надлежен орган. При тоа во наведениот објект биле пронајдени и одземени: куќиште од компјутер, телевизор, печатар за тикети, монитор за компјутер и пари.

Македонија | пред 7 години

petrovec-pozar

71 годишен прилепчанец запалил трева – изгорела викенд-куќа и помошна просторија

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против А.И.(71) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “предизвикување општа опсанот“.Имено на 26.02.2019 година во времето од 08,30 до 10,30 на подрачје на Прилеп на место викано „Орушица“, пријавениот, во нива сопственост на истиот, запалил трева, при што од силниот ветер, пожарот се проширил и ја зафатил викенд-куќата и помошната просторија, сопственост на З.А. кои целосно изгореле.

Македонија | пред 7 години

policija-123

Пронајдено и приведено лице кое се барало за “тешка кражба“

На 14.03.2019 година од страна на полициски службеници од Единицата за потраги бил лишен од слобода В.А.(61) од Скопје кој се барал по наредба од Основен Суд Скопје 1 за издржување казна затвор за сторено кривично дело “тешка кражба“. Лицето било приведено во Полициската станица Гази Баба од каде било спроведено во КПУ затвор “Скопје“.

пред 7 години

Нема фотографија

Јанушев: Пресудите за 27-ми април се политички и израз на нервоза и тонењето на Заев

Денешната пресуда за случајот 27-ми април е резултат на политички монтиран процес, и е производ на евидентна неправда.Политички пресуди од вкупно 211 години затвор, се вика погребување на правото. Се потврди нашето тврдење дека казните ќе бидат драконски, не затоа што се праведни, туку спротивното, затоа што во овој случај се суди според политички мотиви, а не правни факти, истакна на пресс конференција Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.Јасно е дека драконските казни се резултат на политички процес во пресрет на изборите. Тоа е последица на нервозата и паниката кај Заев. Треба да знае дека пресудите и прогонот нема да му помогнат, туку само ќе го тонат подолу.На дело се демонстрираше Кацарска судството и Русковска обвинителството кое за жал се потврди дека се само слуги на Зоран Заев. Не ги интересира ниту правото, ниту правдината. Не ги интересираат ниту доказите, ниту околностите. Ги интересира само спроведувањето на партиско политичките нарачки на Заев.Ние сме држава во која убијци на малолетни деца како што е случајот со Смилковско езеро се на слобода, а луѓе од 27-ми април се судат за терористи.Оваа пресуда е нарачана и однапред позната. Како поинаку да се објасни фактот дека против директорот на БЈБ кој учествувал во спречување на натамошна ескалација давале наредби за дејствување се гонат за тероризам, а заменик министерот кој не презема апсолутно ништо нема никаква постапка.Македонија е држава каде што се гази правдата и владеењето на правото не постои, тоа на секому му е јасно.Ова се очајни чекори на власта која губи.Правдата ќе дојде многу скоро, а оваа недемократска власт која се служи со тоталитарни методи и пресметка со опозицијата ќе биде поразена. Нема ниту еден очаен чекор да ја спаси оваа власт. Заев паѓаш. Паѓаш и тоа вртоглаво. Биди сигурен дека правдата ќе дојде и правдата ќе победи.Тогаш секој еден ќе мора да се соочи со своите постапки, истакна Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

gorge-ivanov

(ФОТО) Иванов не го потпишува Указот за изменување и дополнување на Законот за енергетика

Претседателот на Ѓорге Иванов, не го одобрува ни Указот за изменување и дополнување на Законот за енергетика. Во дописот кој го испратил Иванов до Собранието на 14.03.2019 г. се вели:„Во извршувањето на функцијата Претседател на Република Македонија секогаш постапувам согласно дадената свечена изјава дека ќе го штитам Уставот и ќе ги бранам интересите на Република Македонија.Врз основа на член 75 од Уставот на Република Македонија, донесов одлука да не го потпишувам Указот за прогласување на Законот за изменување и дополнување на Законот за енергетика што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 7 март 2019 год“, пишува во дописот од кабинетот на претседателот до Собранието.

Македонија | пред 7 години

presuda-27-2

Вкупно 211 години затвор за сите ученисици во крвавиот четврток

Вкупно 17 обвинети за упадот во Собранието на 27 април кои се гонат за кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста се прогласени за винови во Кривичниот суд, каде судија беше Добрила Кацарска.Ексдиректорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, како тогашна златна команда за протестите пред Собранието и за време на нападот, осуден е на 18 години затвор. Митко Пешов од МВР доби 15 години затвор. Душко Лазаров од МВР осуден е на 15 години. Горан Ѓошевски Леви, тогашен шеф на обезбедувањето на Трајко Вељаноски е осуден на 15-годишна затворска казна. Оливер Поповски од МВР на 13 години, неговиот колега Оливер Радулов, на 10-годишна затворска казна. Мунир Пепиќ од Агенцијата за разузнавање доби 15 години, а Абдуљфета Алими доби 7 години затвор. Игор Дурловски, еден од водачите на протестите За заедничка Македонија, доби ослободителна пресуда. Од напаѓачите со фантомки, Младен Додевски доби 12 години. Јане Ченто доби 15 години, Горанче Анѓеловски 12 години. Игор Југ кој носел оружје и кој според сведоците и според некои кообвинети, требало да го убие Зоран Заев, осуден е на 12 години затвор. Влатко Трајковски доби 15 години, Вилијам Михајловски 14 години, Никола Митревски Кољо 15 години, Александар Василевски Нинџа 8 години.Дел од обвинетите се жалеле дека биле изманипулирани, дел велеле дека станувало збор за патриотизам. Кацарска рече дека не е патриотизам тепање на новинари и пратеници, како и разни чинови на насилство. Кацарска додаде дека ова ќе остане еден од црните денови на државата. Кацарска рече дека го разбира револтот поради селективната амнестија, но тоа е одлука на Собранието.За сите обвинети е побарано да бидат во притвор до правосилноста на пресудата, поради опасност од бегство.

Македонија | пред 7 години

presuda-27-1

Чавков осуден на 18 години затвор за „27 април“

Ексдиректорот на БЈБ, Митко Чавков, кој на критичниот 27 април ја имаше златната команда, е осуден  на 18 години затвор. Тој се товари дека не делувал навремено, односно доцна дал наредба за делување на полицијата.Митко Чавков, директорот на Бирото за јавна безбедност и раководителот на Оперативниот штаб на МВР, за време на организираниот напад на Собранието на 27 април додека траеле насилствата бил на само стотина метри од Собранието. Поранешниот директор на БЈБ и шеф на оперативниот штаб на МВР, Митко Чавков, изјави дека тој лично раководел со операцијата за извлекување на пратениците и враќање на контрола во Собранието. Тој го оспори обвинителниот акт против него тврдејќи дека телефонски комуницирал со потчинетите кои ја координирале интервенцијата и дека на негово барање во Собранието биле испратени два вода од Единицата за брзо распоредување а потоа и вод на единицата ПЕП и тим од специјалната единица „Тигар“. Чавков го посочи обвинетиот Пешов како лице со кое бил во контакт и не даде објаснување зошто не одговарал на повиците на тогашниот министер Нухиу. Во своето излагање тој нагласи дека ја издал наредбата за употреба на физичка сила и шок бомби и изрази како што кажа жалење за неуспешноста на одговорот во моментот на влез на толпата во Собранието и „пасивноста и збунетоста на терен“.

Македонија | пред 7 години

durlovski

Дурловски се спаси, судот не го осуди

Игор Дурловски се ослободува од обвинение, бидејќи не сториол кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.Судијката Кицарска рече дека ОЈО не успеало да докаже негова вина во судската постапка.Дурловски повеќе не треба да се јавува на суд еднаш неделно и против него нема мерки на претпазливост.Вкупно 17 обвинети за упадот во Собранието на 27 април кои се гонат за кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста се прогласени за винови во Кривичниот суд, каде судија беше Добрила Кацарска.Младен Додевски на 12 години затвор, Јане Ченто на 15 години, Митко Чавков на 18 години, Митко Пешов на 15 годни затвор, Душко Лазаров на 15 години затвор, Горанче Анѓеловски на 12 години, Игор Југ на 12 години , Влатко Трајковски на 15 години, Горан Ѓошевски Леви на 15 години, Оливер Поповски на 13 години, Оливер Радулов на 10 години, Мунир Пепиќ на 15 години, Абдуљфета Алими на 7 години, Вилјам Михајловски на 14 години,Никола Митревски Кољо на 14 години , Александар Василевски-Нинџа на 8 години.

Македонија | пред 7 години

skopje-8

Обид за убиство во Скопје

 Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.Кривично-правниот настан се случил на 24.09.2018 година, на крстосница меѓу улиците „Дурмиторска“ и „Алија Авдовиќ“,  каде оштетениот преку една социјална мрежа договорил средба со непозната девојка. Откако со своето возило пристигнал на договореното место, пред себе забележал друго возило без регистарски ознаки. Од возачката страна на возилото излегло непознато лице со маска/фантомка на главата, додека од совозачката страна излегол обвинетиот и со огнено оружје упатил рафални истрели кон возилото на оштетениот, нанесувајќи му тешки телесни повреди опасни по живот. На овој начин обвинетиот со умисла се обидел да го лиши од живот оштетеното лице.Надлежниот јавен обвинител му предложи на судот да ја продолжи претходно изречената мерка притвор за обвинетото лице, сметајќи дека постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство и околности кои укажуваат дека тој ќе го повтори односно ќе го доврши обиденото кривичното дело. Притоа, обвинителот особено ја ценеше околноста дека утврден мотив за кривичното дело е крвна одмазда и дека тој мотив се уште постои кај обвинетиот.

Скопје | пред 7 години

ramiz-merko

Луксузна лимузина и уште три нови автомобили – градоначалникот на Струга се поднови

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, ќе се поднови со четири нови автомобили, од кои и една луксузна лимузина. Вкупната вредност на набавката е 114.000 евра, иако општината за оваа набавка планираше да потрочи 100.000 евра, објави Фокус.Договорот за набавката на лимузините бил склучен на 28 ноември, а денеска беше објавена на сајтот на Бирото за јавни набавки. Според договорот, ќе бидат набавени едно „ауди А6“, односно лимузина седан со четири врати, вредно 66.700 евра, „шкода октавија“, лимузина со пет седишта, а вредна 18.700 евра и две „шкода рапид“, исто така лимузини со пет седишта, а кои чинат по 14.205 евра.

Македонија | пред 7 години

masakar-nov-zeland

(ВИДЕО) Се појави видео како полицијата го апси терористот кој во џамија уби над 40 луѓе

Се појави видео на кое се гледа како е уапсен терористот Брантон Тарант, кој во џамиите во новозеландскиот град Крајстчерч уби над 40 лица. Тарант со автомобил дошол до џамијата, вооружен до заби, а потоа од возилото го извадил оружјето и пукал по муслиманските верници.Според медиумите Тарант најверојатно по масакрот почнал да бега со автомобилот, но но полициски автомобил, буквално удрил во него и го запрел.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ реакција: Со СДСМ на власт македонската економија крахираше и го допре дното

Криминалниот картел на СДСМ и Зоран Заев докажа дека е неспособен да донесе подобар стандард за граѓаните на Република Македонија. Со СДСМ на власт македонската економија крахираше и го допре дното. Во време кога државите од регионот и Европа доживуваат ренесанса, Македонија има најниски плати и БДП од мизерни 2,05%, се вели во реакцијата од ВМРО ДПМНЕ, на соопштението од СДСМ.Бедата која ја донесе СДСМ од ден на ден се повеќе расте. Над 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата додека власта се дави во сопствениот непотизам вработувајќи си ги најблиските во државни институции за плати кои обичните граѓани само ги сонуваат.Наместо да го остварат ветувањето дека нема да се задолжуваат тие го направија спротивното и почнаа секојдневно да ја задолжуваат државата и граѓаните и поради нивното расипништво јавниот долг надмина 5 милијарди евра што за прв пат ја надмина психолошката граница од 50%.За нивната неспособност говори и фактот дека во јануари реализирани се само 1% од капиталните инвестиции кои самите ги проектираа. Странските инвеститори почнаа да ја избегнуваат Македонија, а единствена светла точка во економијата со која што се фалат се инвестициите на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.Подобар стандард и иднина за граѓаните не се носи со криминал, корупција, непотизам и повисоки даноци. Подобар стандард несе носи ниту со заробено правосудство, креирање страв и политички прогон.СДСМ ја зароби и крахира државата. Република Македонија има потреба од функционална правна држава, која единствено ќе дојде доколку си замине овој криминален картел на СДСМ. Токму затоа потребна е победа на Гордана Силјановска Давкова на претседателските избори што ќе биде вовед во предвремени парламентарни избори за конечно бедата на СДСМ да замине во историјата, се вели во реакцијата од ВМРО ДПМНЕ, на соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Нови случаи на каснати од кучиња скитници

На 14.03.2019 година во 18,25 часот во Полициската станица Центар З.Т.(58) од Скопје пријавил дека на 13.03.2019 година околу 12,30 часот на улицата “Самоилова“ бил каснат од куче-скитник во пределот на левата нога.На 14.03.2019 година во 17,00 часот во Полициското одделение Петровец В.Н.(66) од с.Марино-скопско пријавил дека истиот ден околу 08,00 часот во с.Марино бил каснат од куче скитник во пределот на десната рака.

Македонија | пред 7 години

stenje

Кај Стење, со бугарски џип албанец илегално влегол во земјава

На 14.03.2019 година околу 05,20 часот, од страна на патрола од Полициската станица за Граничен премин “Стење“ кај месноста „раскрсница за с.Стење“ било забележано патничко моторно возило џип “Мицибуши“ со бугарски национални ознаки управувано од А.В.(56) во Р.Албанија. По извршените проверки било констатирано дека тој остварил илегален влез во Р.С.М. поради што истиот бил приведен во Полициската станица за Граничен премин “Стење“ за понатамошна постапка.

Македонија | пред 7 години

soobrakajka

Возило на МВР учесник во сообраќајна несреќа, повредени возачите и сопатниците

На 14.03.2019 година во 19,30 часот на раскрсницата од булеварот “Јане Сандански“ и улицата “Васко Карангелевски“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Фолксваген Поло“ сопственост на МВР, а управувано од М.Г.(28) и патничко моторно возило “Пежо“ со скопски регистерски таблици управувано од Г.С.(37) од Скопје. Во незгодата со повреди се здобиле возачите и сопатниците од двете возила и истите со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ каде им е пружена медицинска помош. Од страна на увидна екипа од СВР Скопје извршен е увид на местото на настанот а за незгодата известен е Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди кој превзема мерки од нивна надлежност.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

80 годишен маж учесник во сообраќајна несреќа, се здобил со телесни повреди

На 14.03.2019 година во 14,30 часот било пријавено дека во Струга на крстосницата од регионалниот пат М.Мост-с.Мислодежда и локалниот пат за с.Ливада, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Пежо“ со охридски регистерски таблици, управувано од жител од с.Драслајца-струшко, и патничко моторно возило “Мерцедес“ со охридски регистерски таблици, управувано од.(80) годишен жител од с.Ливада- струшко. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Л.С., констатирани од страна на лекар од болницата „Свети Еразмо“-Охрид.Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Струга и се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања