Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

Dimsa-IZJAVA-1603-Glavna-Slika

Арсовски: Шилегов се врзува со сомнителни бизнисмени од Хрватска за кои има кривични истраги, нудејќи им ја скопската депонија

Петре Шилегов го доведува во опасност здравјето на сите Скопјани, жители на Скопје и околината. Петре Шилегов се врзува со сомнителни бизнисмени од Хрватска за кои има кривични истраги, нудејќи им ја скопската депонија, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Со оглед на сомнителнотп минато и бизниси на партнерите кои ги одбра Шилегов постои сериозна загриженост дека најрадиоактивното и најопасно ѓубре од странство, може да се носи и рециклира токму тука во Скопје и со тоа да ги труе сите скопјани.Петре Шилегов и Град Скопје во скопската депонија како партнери внесуваат конзорциум од германска, хрватска и македонска фирма, патем македонската фирма е со хрватски капитал, но со сомнителни сопственици со криминално досие за кои се водат истраги и за кои има кривични пријави во Загреб, односно Хрватска.Прашуваме, дали е точно дека нов партнер на Шилегов како градоначалник на Градот Скопје, ќе биде контроверзниот хрватски бизнисмен Петар Припуз, сопственик на хрватската компанија за рециклажа на отпад ЦИОС. Дали е толно дека за истиот Петар Припуз се водат повеќе случаи за корупција, даночно затајување, како и оштета на градот Загреб, каде што заедно со загребскиот градоначалник Милан Бандиќ беше уапсен пред извесно време.Партнерот на Шилегов и Градот, Петар Припуз, исто така се товари дека затаил над 13 милиони евра данок, со тоа што издавал фиктивни фактури на фирми кои требало да му бидат добавувачи и никогаш не се утврдило дали навистина отпадот бил купен од негова страна односно стигнал физички кај него.Дали сега Припуз, откако е контаминирана неговата работа и неговата фирма во Загреб и Хрватска, си наоѓа нов партнер во Градот Скопје и во Петре Шилегов како градоначалник, за да може да реализира нови сомнителни бизниси со овој најопасен отпад кој што го увезува и рециклира?Никој не води контрола колку и каков отпад се увезува во Република Македонија, а сега откако овие структури на чело со Петар Припуз влегуваат да работат во Скопје, постои сомневање дека целиот тој отпад од странство ќе се увезува тука и ќе се рециклира тука во Скопје, а најголемата штета ќе ја трпат скопјани, патем ќе бидат труени.Инаку секаде низ светот, бизнисот со рециклажа на отпад и отпадни материи се смета за еден од најкоруптивните и најдобрите пералници на пари.Дали скопјани ќе се трујат од радиоактивен отпад кој ќе се рециклира токму тука во депонијата во Скопје?Ова ли е грижата на Шилегов за скопјани. Можно труење од радиоактивен отпад и сомнителни партнери на градот кои се гонат во своите земји за опасен криминал.Ова лудило мора да прекине.Ги повикуваме сите граѓански организации, сите надлежни институции, министерството за животна средина и останатите, да го запрат во намерите Петре Шилегов, бидејќи се работи за животот на сите скопјани.И онака Градот Скопје е најзагаден град во светот, не ни треба и ефективно труење од рециклажа на најопасниот отпад од кој што ќе се увезува од странство, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

vmro-za-stip

ВМРО ДПМНЕ: Началник на СВР Штип е Трајковски, против кого е поднесена кривична пријава за криумчарење на мигранти

Спасовски и СДСМ во МВР на позиции држат лица против кои се води крвична постапка за тешки кривични дела против човечноста. Спасовски веќе два месеци на позицијата началник на СВР Штип го држи Љупчо Трајковски, против кого според нашите информации е поднесена кривична пријава за криумчарење на мигранти според чл.418-б од КЗ, истакна Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Против Трајковски надлежниот суд има изреченомерка на претпазливост - одземање на патна исправа. Трајковски, иако осомничен за сериозно крвично дело, против човечноста и меѓународното право, за кое според ст. 5 од чл. 418- б, бидејќи истиот е службено лице му се заканува казна затвор од најмалку десет години, сеуште ја извршува функцијата началник.Како може граѓаните од Источна Македонија да се чувствуваат безбедни кога главниот полицаец на истокот е лице кое е осомничено за кривично дело за кое казната затвор е над десет години.Дали Спасовски и СДСМ го држат на позиција Трајковски со цел истиот да им биде од полза за изборите? Ако знаеме дека истиот свесен за казната која му стои над глава би бил лесен за команда на неговите криминогени шефови Заев и Спасовски.Дали Трајковски е оставен на позицијата началник за да ги извршува криминалните работи на СДСМ?Трајковски не е прв случај во кој што првите соработници на Спасовски се фатени во криминал, а потоа остануваат да ги вршат функциите. Неговиот советник Драгам Симоновски беше приведен под сомнение дека уценувал преку оддавање на ПИ мерки. Притвор немаше, советникот на Спасовски продолжи да си оди на работа, а доказите мистериозно исчезнаа и Русковска обвинителството се откажа од прогон.Луѓе како Трајковски и Симоновски не смеат да бидат лице на МВР. Граѓаните заслужуваат чесна и професионална полиција, а не полиција со која командувааг криминалци.МВР мора да биде во функција на граѓаните. Потребна е промена на СДСМ. За да се случи тоа потребна е масовна излезеност на претседателските избори и гласање за Гордана Силјановска Давкова, истакна Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

k2

Општина Аеродром ја реорганизира својата служба за комунална чистота

Во присуство на повеќе жители на Општина Аеродром и на градоначалникот Златко Марин, денес во паркчето кај споменикот „Јане Сандански“ беше претставена новата реорганизација на комуналната служба на Општина Аеродром, со цел обезбедување почисти јавни површини на целата територија на Општината.Имено, во рамките на новата организација се предвидува ангажирање фирма со механизација и опрема за чистење смет и расчистување мини депонии, како и 10 специјални возила, т.н. „метачки на смет“ и цистерни за миење на улиците и на јавните пешачки површини.Дополнително се ангажирани и повеќе сезонски работници, односно бројот на извршители за одржување на пешачките патеки и јавната чистота во целост се зголемува од 120 на 200, со цел да се постигне поголема ефикасност на новиот начин на работа, а во служба на граѓаните.Идејата на оваа реформа е, всушност, поефикасно и побрзо решавање на проблемите од аспект на хигиената на општината, но и да се поттикнат самите граѓани да бидат свесни и да ги пријавуваат проблемите со кои се соочуваат, како и сметот и малите депонии во нивното опкружување.За таа цел, Општина Аеродром го отвори и телефонскиот број 075 316 515 на кој ќе може да се пријавуваат нечистотиите, со цел нивно поефикасно санирање.

Скопје | пред 7 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Гордана, неправда е насилството да го нарекуваш праведност

Кандидатот на Мицкоски, Гордана Силјановска не само што не го осудува насилството во собранието на 27 Април, туку се стави во одбрана на насилниците, стои во соопштението од СДСМ.Гордана, неправда е насилството да го нарекуваш праведност Не е чесно, ниту праведно да се брани насилство, ниту еднаш да не  се осуди организираниот насилен упад во Собранието.Силјановска свесно застана зад груевизмот, свесно застана зад матрицата на насилство, криминал и конфликти.Толку од натпартискиот кандидат на Христијан Мицкоски,кој си одбра кандидат за претседател кој ќе ги следи и поддржува деструктивните и криминални политики на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 7 години

sveti-nikole2

Мицкоски: Не победуваат ниту побројните, ниту помоќните, туку оние кои се храбри и мотивирани

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со граѓаните на Свети Николе.На средбата тој посочи дека бруталноста на неправдата може единствено да се порази со отпор, со неоткажување и борба до победа, за вистинска правда. Не смееме никогаш да се откажуваме од она за што мислиме дека е правилно и за што вреди да се бориме, вели Мицкоски, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Лидерот на ВМРДО-ДПМНЕ истакна дека победата ја носат храбрите и мотивираните. Победуваат оние чија љубов кон татковината е поголема од самоволието на власта. Не победуваат ниту побројните, ниту помоќните, победуваат оние кои се храбри и оние кои што се мотивирани, додаде тој.Мицкоски потенцираше дека мора да се застане цврсто на нозе, рамо до рамо и да продолжиме да се бориме затоа што се бориме за сонот за Македонија.И како ќе минуваат годините секој еден од нас ќе може да каже дека сме застанеле цврсто, сме се спротивставиле и победиле, вели тој.Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ констатираше дека претседателските избори се шанса за цврсто и одлучно да се порази Заевизмот. Овие избори се шанса граѓаните да се изборат за правдата и правдината, за човечкото достоинство и честитост, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ. 

Македонија | пред 7 години

heroin-pakuvanja

Пресечен канал за трговија на хероин

Одделот за криминалистичка полиција во содејство со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал-Единица за недозволена трговија со дрога при Министерството за внатрешни работи и Царинската управа пресече канал за трговија на хероин.На 13.03.2019 на Граничен премин „Табановце“, при преглед на автобус со швајцарски регистарски ознаки, кој сообраќал на релација Гостивар – Берн, Швајцарија, под задните седишта пронајдена е кеса во која имало две пакувања со околу еден килограм хероин. Дрогата била одземена, а по извршеното вештачење било утврдено дека станува збор за хероин со тежина од 998,63 грама.Во Полициската станица Куманово биле приведени К.П.(41) и А.Б.(38), двајцата од село Долно Количани-Скопје, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

Golema-akcija-za-cistenje-an-vizbegovo-4

Град Скопје со акција за чистење на дивите депонии во населбата Визбегово

Во текот на денешниот ден, здружените екипи на скопските јавните претпријатија започнаа генерално чистење на Јадранската магистрала во населбата Визбегово.Акцијата се одвива на потегот од булевар „Словенија“ кон Момин поток каде беа создадени нови диви депонии од несовесно фрлање на комунален и кабаст отпад.На денешната голема акција за чистење присуствуваа градоначалникот Шилегов, како и директорите на јавните претпријатија „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“,Абдусамед Шабани и Адриан Муча.Поради поволните временски услови, се спроведува и машинско миење на Јадранската магистрала со автоцистерна, а од механизацијата се употребуваат специјални комунални возила - патарки, метларки и кипери.Акцијата ќе продолжи во текот на целиот викенд, а во неа земаа учество екипите на ЈП „Комунална хигиена“, ЈП „Паркови и зеленило“ и ЈП „Улици и патишта“.

Скопје | пред 7 години

presuda-27-1

Чавков на ФБ: Обвинението е неосновано, казната драконска, a вилата ако ја најдете ја подарувам на „истражувачките новинари“

Поранешниот директор на БЈБ, Митко Чавков кој вчера беше осуден на 18 години затворска казна за собраниските инциденти од 27 април, се огласи на „Фејсбук“.Обвинението го нарече монструозно и неосновано и порача дека казната е драконска.Нарачката на мафијата која владее со Република Македонија е реализирана:– Монструозно обвинение – неосновано– Драконска казнаГи повикувам сите членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ како и добронамерните граѓани на Република Македонија кои не се политички определени да се обединат околу каузата на ВМРО-ДПМНЕ и да се порази злосторничката организација која ги киднапира сите институции.ПОДЕЛБИТЕ СЕ ВО КОРИСТ САМО НА МАФИЈАТА!2. Вилата на Халкидики ( ако ја најдете да постои), ја поклонувам на ,,истражувачките новинари“.3. Најавувам тужба за фингираната службена белешка. 

Македонија | пред 7 години

goran-angelov

Емотивна порака на Ангелов упатена до сопругата: Чувај се, чувај ми ги децата, пази ми ја и мајка

На социјалните мрежи се појави емотивна порака на Горан Ангелов Ќосето,  упатена до сопругата Наташа! Тој напиша:Моето веќе се виде Наташа, јас не верувам дека повеќе ќе можам да разгорам огниште. Нема да има кога. Нате, мојов живот повеќе не ми припаѓа мене. Тој и е завештаен на една друга армасица, понесреќна и посвета од сите нас. Нејзе и припаѓам со цело мое битие, до последна капка крв, до последен здив.Тоа е Македонија.Ќе ми фалите секој момент од денот, секоја секунда, и ти и децата, а и старата.  Сакам сите да знаат, дека не постои таков пишан збор кој може да ја опише мојата почит кон тебе и кон све што правиш за нашето семејство.Чувај се, чувај ми ги децата. Пази ми ја и мајка, тешко и е.Не тагувај, да знаеш дека и покрај све, мене ми е задоволство да и го посветам мојот живот на Македонија.Чувај ми се, Наташа.Горан 

Македонија | пред 7 години

jane-cento

Јане Ченто го врати решението за притвор на судот, бидејќи пишувало Република Северна Македонија

Јане Ченто му го врати решението за притвор на судот, бидејќи пишувало Република Северна Македонија и напишал дека нема да прима документи на кои пишува Република Северна Македонија.Преку неговиот адвокат Дончо Наков, Јане Ченто се обрати со писмо:-Почитувани браќа, сестри и пријатели, денес се случи тоа што и се очекуваше во држава во која владее хунта и режим, како што не е видено во Македонија, но имам да порачам нешто. Браќа и сестри, никој не е вечен, така и оваа криминална хунта ќе си оди еден ден, им се гледа крајот. Ако мислат дека ќе ме замолчат со тоа што ме осудија 15 години затвор, се лажат. Има начин и од затвор да ја водам оваа борба против оваа хунта и верувајте, нема ни еден ден да се откажам од борбата за Македонија. Пренесете им надвор, еден ден ќе паднат ама нема да бегаат од Македонија, туку ќе одговараат за сите злодела што ни ги направија и нас и на македонскиот народ. Македонија ќе се разбуди за брзо време, а тогаш ќе изгрее ново сонце на слободата.Им благодарам на сите мои роднини и пријалите кои изминативе месеци ми помагаа. Нема да ги спомнам поради нивна лична заштита од оваа хунта, за да не ги прогласи и нив за терористи.Пренесете му на Крсто, Сашо и останата багра дека тоа што си сееле тоа и ќе си жнеат еден ден, а тој ден ќе дојде многу брзо. Животот е долг, борбата за Македонија никогаш нема да запре во моето срце.Пријатели мои да се живи и здрави и верувајте ќе дојдат подобри времина. Главата горе, горди мои македонци.На апелациониот суд остануваат посериозни проблеми. Жалам за престојниот срам што падна врз оваа судска власт. И на крај не се плашам од затворот, ниту од бесот на бедниот тиранин, кој ни го смести ова. Судот не осуди, но тоа и не толку важно, историјата ќе не ослободи. Еден ден ќе изгрее сонцете на слободата.Вам почитувани судии длабоко ви се заблогодарувам, што искрено дозволивте да се искажеме во овј судски процес. Искрено, не чувствувам огоеченост кон вас, разбирам дека во одреден дел бевте хумани и знам дека претседателот во овај судечки совед е човек со голема професионалност и не може да ја сокрие одбивноста кон овие случувања и беше принуден да донесе неправедна одлука.Да живее Република Македонија.Јане Ченто - 15.03.2019https://www.facebook.com/slobodazacentojane/photos/a.757897797586403/2242623065780528/?type=3&theater 

пред 7 години

brendon

Убиецот Тарант, со скаменето лице изведен пред суд, маж со нож сакал да го убие во судот

Првоосмничениот Брентон Тарант (28) кој во вчерашниот терористички напад во местото Крајстчерч , Нов Зеланд, уби 49 луѓе, облечен во затворска облека, без чевли, и во лисици пред судот го изведоа двајца полицајци. Тој не зборувал пред судот.Убиецот Тарант, кој е опишан како „бел националист и екстремист“, според присутните во судот, стоел мирно за време на постапката. Тој останува во притвор без можност за негово ослободување, а пред судот повторно треба да се појави на 5 април.Уште двајца осомничени се во притвор, а никој од приведените нема полициско досие.На сите фотографии неговото лице е замаглено според одлуката на новозеландскиот суд кој кажа дека идентификацијата на неговиот идентитет ќе биде важен дел во постапката против него.По краткото сослушување одреден му е истражен затвор. Обвинет е за убиство на еден маж,  првата идентификувана  жртва, а тоа е 71-годишниот Дауд Наби, човек роден во Авганистан. Судот истакнал дека обвинението дефинитивно ќе биде проширено, најверојатно по идентификувањето на сите жртви.Еден маж се обиде да влезе во судот во Крајстчрч, на кој пред судија беше изведен терористот. Тој наводно сакал да го нападне и со нож да го избоде терористот.Неидентификуваниот маж наводно на новозеландски новинари им го покажал ножот што го имал со себе, пренесува Би-би-си.Полицијата претходно објави дек поради големите тензии судењето ќе биде затворено.Тарант пораснал во градот Графтон во Австралија, а пред нападот живеел во град на југот на Нов Зеланд, Данедин, кој е 360 километри одалечен од Крајстчрч.Полицијата во моментов ги истражува неговите врски во Графтон и околината. 

Свет | пред 7 години

tutun-1

Скопјани сакале да продаваат тутун, но на „црно“

Единицата за економски и компјутерски криминал при Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против Р.М.(34), В.М.(32) и С.Д.(28), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело „избегнување на плаќање акциза“, казниво по член 279-б, а во врска со член 22 од Кривичниот законик.Првопријавениот Р.М., од непознато лице набавил вкупно 317.75 килограми ситно сецкан тутун за пушење со намера да го продава на „Бит пазар“ во Скопје, при што избегнал и не платил акциза на која е обврзан со Закон за акцизите во вкупен износ од 428.962,50 денари и за истиот износ го оштетил буџетот на РС Македонија.Р.М., заедно со В.М. и С.Д., на 06.03.2019 околу 19.00 часот го донеле тутунот во изнајмен магацински простор на улица „Албер Станик“, во близина на „Бит пазар“. Во моментот додека го внесувале тутунот во магацинот биле затекнати од полициски службеници од Единицата за прв одговор и интервенција Алфа при СВР Скопје. Од извршениот преглед на возилото, сопственост на првопријавениот, биле пронајдени 80 кутии фино сецкан тутун од по 850 грама, а при извршениот претрес во магацинскиот простор биле пронајдени уште 286 кутии од по 850 грама фино сецкан тутун и 19 пластични кеси од по 350 гр. фино сецкан тутун.Пријавените лица биле лишени од слобода, а тутунот и возилото биле одземени и врз основа на наредба од ОЈО Скопје биле предадени во Агенција за управување со одземен имот во Скопје.

Скопје | пред 7 години

stojance-angelov

Стојанче Ангелов на Твитер: Строги, но праведни затворски казни за пеколниот план од 27 април

Лидерот на партијата „Достоинство“ преку социјалните мрежи ја прокоментира одлуката на судот со која обвинетите за случајот 27 април добиваат вкупно 211 години затворска казна.Строги но праведни затворски казни за организаторите и извршителите на пеколниот план и насилства од крвавиот 27 април. Игор Дурловски кој наивно наседна на овој план доби ослободителна пресуда. Груевски го следел објавувањето на пресудата од луксузен хотел во Будимпешта, напиша Ангелов на Твитер.https://twitter.com/StojanceAngelov/status/1106531077471043584?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1106531077471043584&ref_url=https%3A%2F%2Ffaktor.mk%2Fstojanche-angelov-strogi-no-pravedni-zatvorski-kazni-za-pekolniot-plan-od-27-april%3Ffbclid%3DIwAR2fEB_gd1y-OvCrvEPxoAPExQwvnXGliNNjitqtCOguitAlYnQvPHWGexE 

Македонија | пред 7 години

soobrakajka

Беровчанец удрил во бетонски столб, се здобил со тешки телесни повреди

На 16.03.2019 во 01.30 часот на улица „Моша Пијаде“ во Берово, патничко возило „Фиат пунто“ со беровски регистарски ознаки, управувано од Г.К.(27) од село Русиново, беровско, изгубил контрола и удрил во бетонски столб. Г.К. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Здравствен дом– Берово, а потоа префрлен во Клиничката болница – Штип. Увид извршила екипа од Полициската станица Берово.

Македонија | пред 7 години

mrezi

Пронајдени мрежи со белвица, но не и рибокрадците

На 15.03.2019 во периодот од 19.30 до 23.30 часот, при вршење патролна дејност во водите на Охридското Езеро, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор - Охридско Езеро, во близина на хотел во Струга, околу 600 метри од брегот на езерото, пронашле шест рибарски мрежи долги по околу 50 метри со улов од риба - охридска Белвица.Исто така, на околу 1000 метри од брегот на езерото биле пронајдени две рибарски мрежи долги по околу 50 метри, без улов. Риболовниот алат бил подигнат и однесен во Полициската станица за граничен надзор - Охридско Езеро за понатамошна постапка.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

migranti_kola

Кривична пријава за Скопјенец за „криумчарење мигранти“

Регионалниот центар за гранични работи Југ поднесе кривична пријава против Е.Е.(41) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично делоа „криумчарење мигранти“. Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена. На 14.03.2019 во 20.30 часот на автопатот Гевгелија-Скопје, во близина на клучка Миравци, при контрола на патничко возило „Алфа Ромео 155“, полициски службеници пронашле пет мигранти (еден од Авганистан и четворица од Пакистан).

Македонија | пред 7 години

32308868_363326000853869_4210125723215593472_n

Колев: Власта си најде самар за мавање

По изречените пресуди за настаните од 27 април, по социjалните мрежи од порталите блиски до едниот или другиот табор, човек основно може да прочита две работи. Ако се блиски до СДСМ, за нив правдата победила, ако се пак блиски до ДПМНЕ 211 години се дадени за патриотизам во Македонија, вели Петар Колев, претседател на Граѓанско Демократска Унија-ГДУ .Колев додава: Почитувани господа, да ве замолам да не ја потценувате нашата интелегенција, па не сите сме вработени на државно од ДПМНЕ или СДСМ и треба да се правиме наивни и да пумпаме емоции, согласно партиските списоци и наредби.Да се разбереме, не е правда и не е правично ако ги осудиш на 211 години луѓе кои реализирале план, до кој немаше да се стигне ако некој не им наредеше или не им ги отвореше вратите, нели?!Додека наредбодавачот, доручкува гулаш и го гледа Дунав, вратарите ни ги отвараат НАТО портите, најдовте самар за мавање, нели?!И уште нешто многу важно, господа „патриоти ", нема ништо ама буквално ништо  патриотско во тоа со сталка или стол да му ја скршиш главата некому или да го претепаш до смрт во домот на демократијата, македонскиот законодавен дом. Тоа може да е примитивно, простачко, претерано, и има други синоними кои почнуваат на „П“ но тие сигурно не го опишуваат патриотизмотм, вели Петар Колев, претседател на Граѓанско Демократска Унија-ГДУ. 

Македонија | пред 7 години

todorova-sabota

Денеска е Тодорова сабота, се вари пченица во која се додава малку мед

Именден денеска празнуваат: Тодор, Теодора, Тодорка, Божидар (доаѓа од Тео-Бог и дар).Јавувањето на Св. Теодор Тирон и укажувањето на подлите намери на царот Јулијан Отстапник биле повод да се востанови празникот Тодорова Сабота, што се празнува во првата сабота од Велигденските пости, односно првата сабота по Прочка.Тодорова сабота е празник посветен на Светиот Великомаченик Теодор Тирон, кој настрадал во прогоните на христијаните од страна на римскиот цар Максимилијан. Овој ден се празнува во спомен на едно чудо што го направил св. Теодор Тирон околу 50 години по неговото заминување.Имено, еднаш, непосредно пред почетокот на велигденскиот пост, византискиот цар Јулијан Отстапникот сакал да им напакости на христијаните и наредил храната што се продавала по пазарите да се испрска со крвта на жртвите што им се принесувале на римските идоли.Меѓутоа, св. Теодор Тирон на јаве му се појавил на цариградскиот патријарх и му кажал да им забрани на христијаните да купуваат храна од пазарите, зашто таа ќе биде осквернавена со крв и наместо тоа, цела недела да јадат пченица со мед.Патријархот така постапил и христијанските верници отанале неиспоганети пред нивниот најголем празник. Во спомен на овој настан, првата сабота од велигденските пости е наречена Тодорова сабота.Со празникот Тодорова сабота се поврзани и други обичаи и верувања. Во Гостиварско пченката што ја враќале од црквата утрото на самиот празник ја носеле во полето и ја фрлале по нивите и бавчите велејќи: „Господе, колку зрна, толку тоари, толку дар и бериќет да ни даеш”.Очигледно е дека иако празникот Тодорова сабота или Тодорица е пред се црковен празник, иако повеќето од обичаите се изведуваат во црквата и се поврзани со споменот на Свети Теодор Тирон, особено житото, сепак, во овој празник се вградиле и голем број пагански обичаи поврзани со доаѓањето на пролетта и со разбудувањето на вегетацијата.На овој ден се вари пченица во која се додава малку мед и оние кои постат задолжително јадат од тоа. 

Македонија | пред 7 години

Izbori

Заврши увидот во избирачкиот список, ќе се запишат нови 517, а избришат 412 лица

Во четвртокот до полноќ траеше увидот во избирачкиот список, за престојните претседателските избори, и предвремените избори за градоначалници во Охрид, Ново Село и Дебар. Проверка на избирачкиот список извршиле 53.972 граѓани.Донесено решение за запишување во Избирачкиот список а за 517 , а за 412 е донесено решение за бришење. Промена на податоците на Списокот е направена за 129 лица.ДИК само еден граѓанин со поништено живеалиште направил увид во Списокот.Јавниот увид на избирачкиот список се спроведуваше од 23 февруари до 14 март.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Кацарска судството и Русковска обвинителството се симболи на заевизмот, симболи на политичкиот реваншизам

Македонија е заробена држава. Заробена од заевизмот, систем на владеење кој ја укина правната држава и владеењето на правото во Македонија.Мафијашкото владеење на Зоран Заев и неговиот клан се базира врз политичкиот прогон на сите кои мислат поинаку. Оние кои први го кренаа гласот против оваа одродена и криминална власт, станаа првите жртви на нејзиното владеење, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Македонија е единствената држава во демократска Европа во која во 21 век во затворите се уште има политички затвореници, луѓе кои таму се наоѓаат само поради различните политички ставови со Зоран Заев.Кацарска судството и Русковска обвинителството се симболи на заевизмот, симбол на неостварените ветувања за правда во Македонија, симболи на политичкиот реваншизам кој не бира средства и начини за вршење тортура врз оние кои мислат поинаку од власта.Доказ за политичкиот прогон во Македонија се нарачаните и однапред напишани, неосновани драконски пресуди за 27-ми април. Доказ за политичкиот прогон е и преседанот со апсењето на поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков кој беше приведен на мафијашки начин со измислена службена белешка, и покрај дадената парична гаранција, само неколку дена пред да биде изречена пресудата за политички монтираниот случај за 27-ми април.Правото и правдата во Македонија мора да се врати. На заевизмот кој е реминисценција на криминалната транзиција мора да се стави крај. Победата на Гордана Силјановска Давкова на претседателските избори ќе го најави враќањето на правото и правдата во Македонија, ќе го најави поразот на Заевизмот и враќањето на правдата во нашата држава. Правната држава ќе се врати во моментот кога Зоран Заев ќе стане минато на македонската политичка сцена, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Силјановска не е чесна пред граѓаните, молчи за обидите за убиство на 27-ми април

Кандидатката на Мицкоски, Гордана Силјановска не е чесна пред граѓаните - молчи за обидите за убиство на 27-ми април, се вели во соопштението од СДСМ.Од една страна Силјановска дава евтини политички изјави а не кажа ниту збор против насилствата, не кажа ништо за обидите за линч, за организаторите на овие крвави настани, за нападот на демократијата...Молкот ја демаскира Силјановска.Гордана Силјановска воошто не се срами што е поддржана од политичката структура која има крвави раце.Не е чесно, ниту праведно да се брани насилство, ниту еднаш да не се осуди организираниот насилен упад во Собранието, се вели во денешното соопштение од СДСМ.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

„Експеримент“, по три месеци се враќа на репертоар во МКЦ

Tеатарската претстава „Експеримент“, по текст и режија на Јане Спасиќ, а во продукција на здружението АРТОПИЈА - Скопје.Главна инспирација за претставата е книгата “The Lucifer Effect” на социјалниот психолог Филип Зимбардо, кој во своето дело ги анализира начините и методите преку кои системот и ситуацијата влијае на дехуманизацијата и деиндивидуализацијата на индивидуата, притоа постепено насочувајќи ја индивидуата да извршува злосторства „во име“ на системот.Група на фантазмагорични суштества, буфони, ги поседуваат сите искуства и мемории на човештвото. Нивна единствена цел е да го набљудуваат човекот, да бидат негово „критичко огледало“ и еднаш годишно да „мигрираат“ во реалниот свет за да му укажат на грешките. Доаѓа денот од годината кога треба да се „мигрираат“ во реалниот свет и повторно да огласат пред луѓето, но по кратко согледување на ситуацијата буфоните констатираат дека човекот постојано ги повторува истите грешки и нема капацитет да согледа дека тоа го води кон самоуништување. Решаваат да го откажат доаѓањето во реалниот свет бидејќи им се чини бесцелно, но сепак, еден од буфоните не сака да се откаже од човекот, наоѓа уникатен мемориум и успева да ги убеди дека можеби треба да се огласат за последен пат…Режија: Јане СпасиќИграат: Бојан Кирковски, Ненад Митевски, Мартин Јорданоски, Симона СпировскаКостовска, Матеја Јанковска, Марија Јанчевска, Михаел СтојановскиСценографија: Кирил ВасилевКостимографија: Бранкица ЈорданоскаМонтажата на видеоматерјали: Горјан АтанасовДизајн на плакат: Кристина ГоровскаТехнички координатор: Кирил МечаловПродуценти: Филип Николовски, Наташа Петровиќ и Радослав Гогушевски

Магазин | пред 7 години

vreme-za-16.03

Сончево време со мала до умерена облачност

Времето денеска во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец.За утре, меторолозите најавуваат претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од западен правец.

Македонија | пред 7 години

patarina1

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози

Од АМСМ информираат дека автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. Во моментов на автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер. Апелираме до сите возачи да не го користат автопатот.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.

Македонија | пред 7 години

durlovski-960x619

(ВИДЕО) По пресудата Дурловски објави нова песна без зборови за страдањето

Судот денес им изрече затворски казни од 221 година затвор за дел од учесниците во 27 април, а единствен ослободен денес беше перскиот пејач Игор Дурловски.Тој по пресудата објави нова песна, без зборови, но со многу емоции.– Кога слободата е ропство а среќата тага!Мелем на душа сте ми, сите #вие што со мисла, збор, присуство бевте со мене во најтешкото. Благодарам на дел од блиските што станаа далечни.#Длаборез е проект кој со солзи ја гали татковината, а од срце ви го поклонувам.Немаше да биде ваков без мајсторијата на моите пријатели:Кокан Димушевски – АудиоМартин Павловски-ШминкаЛаско Џуровски-Дизајн на текст. – стои во објавата на песната на Фејсбук.ВИДЕОИГОР ДУРЛОВСКИ

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања