Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

zimbabwe-cyclone-1-768x432

(ВИДЕО) 24 лица загинаа во налет на циклон во Зимбабве

Најмалку 24 лица загинаа, а околу 40 се водат како исчезнати, во источниот дел на Зимбабве по налет на циклонот „Идаи“, кој исто така претходно ги погоди Мозамбик и Малави, соопштија властите во Хараре.https://twitter.com/lheart_nashzw/status/1106953842481082368?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1106953842481082368&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.blic.rs%2Fvesti%2Fsvet%2Ftropski-ciklon-odneo-zivote-najmanje-24-osobe-poginule-desetine-ljudi-nestalo%2Fczpb79mВојската е веднаш испратена на местото на инцидентот во потрага по преживеани жители и расчистување на теренот.https://twitter.com/Robbiechik/status/1107012567145287682?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1107012567145287682&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.blic.rs%2Fvesti%2Fsvet%2Ftropski-ciklon-odneo-zivote-najmanje-24-osobe-poginule-desetine-ljudi-nestalo%2Fczpb79mНеколку илјади луѓе се погодени од невремето во пограничниот дел во близина на Мозамбик, нагласија локалните власти.https://twitter.com/ZrcsRed/status/1106946475102220291?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1106946475102220291&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.blic.rs%2Fvesti%2Fsvet%2Ftropski-ciklon-odneo-zivote-najmanje-24-osobe-poginule-desetine-ljudi-nestalo%2Fczpb79mВо Мозамбик загинаа 19 лица, додека 56 во Малави. Половина милион жители на Мозамбик останаа без електрична енергија, а во градот Бејра се уништени неколку илјади куќи, соопшти Националниот институт за спречување на катастрофи.

Свет | пред 7 години

Cpdk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTnpVN01EQV8vMDBmOWNmOTM2ZWMwM2QxM2FjNDVlNGExOGMyMjMyYjkuanBlZ5GTAs0C5ACBAAE

Најмалку 50 загинти во поплава во Индонезија

Најмалку 50 лица го загубија животот, а 59 се повредени во поплавите кои ја погодија индонезиската провинција Папуа, соопштија денеска локалните власти.Силен ветар и поројни дождови ја зафатија вчера областа околу главниот град на провинцијата, Џајапура, предизвикувајќи големи поплави.Најтешко погоден од поплавите е градот Сентани, каде спасувачките екипи трагаат по преживеани, но се стравува дека бројот на жртвите би можел да се зголеми.https://twitter.com/TimeWashington/status/1107183838759927808?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1107183838759927808&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.blic.rs%2Fvesti%2Fsvet%2Ftragedija-u-indoneziji-najmanje-50-ljudi-poginulo-u-poplavama%2Fs8qzy8c

Свет | пред 7 години

53857812_302540883717966_7268550936602083328_n

(ФОТО) Депонија во двор на училиште во скопски Бутел во време на епидемија

Пцовисани животни, смет, делови од стари автомобили е само дел од она што може да се забележи во стариот објект на основното училиште „Живко Брајковски“ во Општина Бутел, објави тв21.Загрижениот родител кој се јави во нивната редакција вели дека ова е недозволиво во време на разни епидемии. Бара веднаш да биде реагирано.Нови случаи на заразени со МРСА, нема информираат од Центарот за јавно здравје. Но, паниката кај родителите на дечињата што одат во градинката и во училиштето каде што се откриени заразените со бактеријата постои. Родителите бараат да им се земат брисеви на децата и да се направи дезинфекција на училиштата. „Оваа бактерија се пренесува кожа на кожа, со директен контакт. Не се пренесува преку воздухот, нема логика да се дезинфизира. Социјалните мрежи го прават своето и родителите инсистираат. Два дена по ред доаѓаат родителите и ги носат децата, нема потреба“, изјави Александар Стојанов – Центар за Јавно здравје.До сега едно дете е заразено со МРСА има од основното училиште „Панајот Гиновски“ во Бутел, а три случаи се регистрирани во детската градинка „Снежана“ во Чаир.

Скопје | пред 7 години

STEVO

Пендаровски во посета на Охрид

Претседателскиот кандидат на коалицијата предводена од СДСМ, Стево Пендароски, денешниот, втор ден од викендот, ќе го мине во средби и разговори со охриѓани и нивните гости.Како што информираше претседателот на Општинската организација на СДСМ за Охрид, Лазе Танески, Пендароски, најнапред ќе се задржи во непосредни средби и размена на мислења, со продавачи и граѓани – купувачи, на градскиот пазар во Охрид.Претпладнето, исто така, ќе го помине во средби со граѓаните по старата охридска чаршија, крајезерскиот кеј, како и во старото градско јадро, кај  бројните црквите и останатите древни споменици на нашата историја и култура.Поширока средба со граѓаните, претставници на невладини организации и други асоцијации, претседателскиот кандидат Пендароски, ќе има во 13 часотво, хотелот “Милениум – палас”.Како што најавуваат од ОО на СДСМ во Охрид, средбата и разговарите, се од отворен карактер, со цел интертактивна размнена на мислења за иднината на земјата, посебно од аспект на проблемите и потребите на младите, потоа за придобивките од членството во НАТО, како директен позитивен одраз за економијата, сигурноста, како и за други прашања од секојдневниот живот, како што се заедништвото и помирувањето, општо и  интра-етнички, помегу Македонците, односно за концептот едно општество за сите.

Македонија | пред 7 години

vane-cvetanov

Ване Цветанов за Чавков: Нечовекот кој уништи стотици семејства, сега глуми жртва

Поранешниот директор на Управата за финансиско разузнавање, Ване Цветанов, ја коментира пораката која ја испрати осудениот на 18 години затворска казна екс директор на БЈБ, Митко Чавков.Претходно Чавков ја обвини власта дека ја нарачала, како што рече, пресудата против него. Цветанов вели дека токму Чавков е тој што нарачуваше и монтираше процеси против неистомисленици на претходната власт.„Нечовекот кој што монтираше повеќе од 30 случаи, уништи стотици семејства, кој што лично беше дел од врвот на мафијата и режимот, кој што од нула - за 7 години направи градежна фирма вредна милиони евра, ОБВИНУВА за неправеден судски процес и за криминална власт?Чавков монтираше и случај против 21 невладина организација, за Шарената револуција. Монтираше тешки кривични дела за наводно РУШЕЊЕ НА ДРЖАВНИОТ ПОРЕДОК. Со боја? За тој случај Чавков подготвуваше затворски казни повеќе од 300 години.Почитувани,Дали има погнасна работа од ситуацијата, во која што монструмот глуми жрва?“, стои во објавата.

Македонија | пред 7 години

54279318_2257009037848509_3635603603185467392_n

Црвен крст одбележува 74 години од своето постоење

Црвен крст на Република Македонија денес одбележува 74 години од своето постоење и 24 години од полноправно членство во Меѓународната Федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина.Црвен крст на град Скопје, денеска на Денот на формирање на Црвениот крст на РМ и Ден на крводарителство во државава, ќе се одржи јавен настан во Градскиот парк – Скопје.Во рамки на настанот ќе биде поставен промотивнен штанд со материјали поврзани со крводарителство и историјатот на Црвен крст, а најавено е присуство на волонтерите помеѓу граѓаните кои ќе информираат за крводарувањето и за Црвениот крст.

Македонија | пред 7 години

ulica

Изменет сообраќаен режим на ул. „Даме Груев“

Сообраќајот на улицата „Даме Груев“ во Скопје денеска ќе се одвива со изменет режим заради потребите на „Скопје филм студио“ за снимање на филмот „Хомо“. Продукцијата информира дека сообраќајот ќе биде стопиран од 6 до 18 часот, а возилата ќе се  пренасочуваат кон околните улици, со повремени пропуштања.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Сончево и топло со температура до 25 степени

Сончево и топло со слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Температурата ќе се движи од 16 до 25 степени.Во Скопје сончево и топло време со температура од 1 до 23 степени.Утре и во вторник претпладне ќе се задржи стабилно, суво и топло време. Во вторник во попладневните часови ќе има услови за локален дожд со грмежи, особено во планинските подрачја. Во среда ќе има зголемена облачност со локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен северен ветер, што во следните денови ќе услови позначително намалување на дневната температура.

Македонија | пред 7 години

avtopat-tetovo-skopje

Сообраќајот се одвива по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.Ве информираме дека автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. На автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер. Апелираме до сите возачи да не го користат автопатот.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.

Македонија | пред 7 години

protest-beograd

(ВИДЕО) Демонстранти ја завзедоа РТС, најавуват импровизиран „Дневник на Слободна Србија“

Дел од демонстрантите од вечерашните протести во Белград, предводени од Бошко Обрадовиќ влегоа во зградата на РТС. Во зградата има и полиција. И покрај тоа што поединци од масата мавале по полицијата, тие не реагирале, туку само влегле во зградата.Еден од демонстрантите ги повикал и останатите да влезат во зградата на јавниот сервис.Припадници на специјалните единици на полицијата се веќе распоредени по ходниците на Радио телевизија Србија, со цел да се спречи завземањато на зградата од демонстрантите.Демонстрантите ги излепиле ходниците на РТС со флаери и порачале дека ќе се вклучат во живо.Сите влезови за во зградата се блокирани.Учесниците на протестите претходно со јајца ја гаѓале зградата на јавниот сервис и најавиле дека ќе одржат импровизиран „Дневник на Слободна Србија“.https://www.facebook.com/1od5miliona/videos/2076170615811725/

Свет | пред 7 години

kosta-maska

Годинава двојно повеќе туристи од Хрватска - златна маска за министерот за туризам

Во организација на Агенција за промоција и поддршка на туризмот и нашите пријатели од меѓународниот саем за туризам “Place2Go”, Република Северна Македонија е прва земја партнер на овогодинешната саeмска манифестација. Делегација на општина Охрид предводена од в.д. градоначалникот Константин Георгиески, го презентираше Охрид на меѓународниот саем „Place2Go“, во Загреб кој трае од 15 до 17 март. Покрај штандот на кој се презентираат туристичките и културно – историските знаменитости, Охрид беше претставен преку средби со туристичките претставници на повеќе земји и медиумски.Вршителот на должност градоначалник, Константин Георгиески во рамки на саемот, оствари повеќе значајни средби со важни личности.Загрепскиот саем за туризам, е релативно нов, но мошне популарен. Во изминатите три години саемот го посетиле повеќе од 40 000 посетители, а повеќе од 450 фирми ги имаат понудено своите производи.Македонија во 2018 година е домаќин на повеќе од 24000 гости од Хрватска и постојан годишен пораст на бројот на туристи од Хрватска од 50 %. Истата статистика важи и за бројот на ноќавања. Одличнните ефекти од минатогодишните промотивни активности на АППТ на хрватскиот пазар и одличниот интерес за патување во нашата земја на хрватите не охрабрува и во 2019 година да очекуваме скок од 30-35% хрватски туристи .Предвидуањата на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот за оваа година се Република Северна Македонија да ја посетат 1,3 милиони туристи и што поблиску да се приближиме до 4 милиони ноќевања поминувајки ја бројката од 420 милиони долари девизен прилив од туризмот.Овогодишен партнер на саемот беше македонската агенцијата за промоција и поддршка на туризмот претставувана од директорот Љупчо Јаневски.Се зајакнува соработката на Охрид и Хрватска. В.Д Градоначалникот Константин Георгиески кој деновиве е во работна посета на Хрватска на инстаграм напиша:„Кабинетот на министерот за туризам од утре ќе го краси Златната маска. Во мај господин Гари Капели ќе го посети Охрид, кога ќе ја конкретизираме соработката и промоцијата на Охрид во Хрватска од каде во 2018 год имавме раст на туристи од речиси 100 %“.

Македонија | пред 7 години

vreme

Руски научници успеале да го вратат времето

Научниците успеаја да ја променат насоката на движењето на времето со квантен компјутер во една нова студија која е спротивна на воспоставените закони на физиката. Користејќи електрони и квантна механика, успеале да го вратат времето во експериментот.Истражувачите се од Институтот за физика и технологија во Москва, додека помошни асистенти се колегите од Швајцарија и САД. Експертските стручнаци се фокусираат на развојот на оваа техника, која со текот на времето би можела да биде поефективна и попрецизна.Овој експеримент не само што би можело да го промени нашето сфаќање и употреба на квантните компјутери и квантната механика, туку и некои закони по физика.Иако моментална техника е прилично комплицирана, истражувачите се надеваат дека таа со текот на времето би можела да се подобри и да стане посигурна и попрецизна.“Временска машина” всушност е квантен компјутер кој придвижува електронски ‘’кубити’’. Кубит е збир на информации кои се опишува со броевите еден и нула.Потоа направија уште една програма со која би се вратил нередот во ред, кој ќе ги врати работите во нејзината првобитна форма. Ова всушност е враќање на кубитот во неговата почетна позиција.Научниците сфатија дека ако работат со само два кубита, враќањето на времето има 85 проценти шанси за успех. Тие се надеваат дека ќе успеат да го доработат алгоритамот, за да можат да опфатат уште повеќе кубита и да го намалат бројот на грешки, односно да ја зголемат прецизноста.

Магазин | пред 7 години

1-3-1

Пендаровски од Штип: Да се обединиме околу вистинските вредности, солидарноста, правдата, заедно сплотени кон ЕУ и НАТО

Заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски, од Штип повика на бединување околу вистинските вредности, солидарноста, меѓусебното помагање, правдината и патот до интеграциите во ЕУ и НАТО.- Се обврзувам, ќе бидам вистински претседател на сите граѓани. Длабоко верувам дека потеребно е меѓусебно да си подадеме рака и да се обединиме околу вистинските вредности, солидардноста, правдата и интеграцијата во ЕУ и НАТО. Можеме многу да постигнеме, сега откако се вративме на вистинскиот пат, на патот на напредокот, на членството во НАТО и ЕУ, рече Пендаровски.Попладнево Пендаровски учествуваше и на трибина во мултимедијалниот центарот Киро Глигоров во Штип.

Македонија | пред 7 години

mickoski-stip

Мицкоски: Оваа драконска казна е да се втера страв помеѓу гласачите, помеѓу граѓаните на Република Македонија

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ при посетата на Штип одговори на новинарското прашање, Колку висината на казните и тајмингот кои се изречени се еден вид притисок до гласачите и еден вид валкана игра да речам пред изборите?„Го коментирав тоа и во минатото, ваков притисок е невиден во поновата историја во Република Македонија, Заев се закани на 28 април 2017-тата година, еве речиси две години потоа, Кацарска и Рускоска испорачаа, класичен политички прогон. И не може да помине веќе помеѓу граѓаните онаа класична демагогија која што доаѓа од центарот за лаги и манипулации на СДСМ дека ние сме заштитувале насилство итн. Бидејќи насилство имаме во сите градови во Република Македонија и не само што не се казнуваат насилниците и престапниците, туку напротив владата се слика со таков тип на криминалци и објавува на социјалните медиуми.Така што оваа драконска казна е исклучително да се втера страв помеѓу гласачите, помеѓу граѓаните на Република Македонија. Исто така да се пресметаат со политичките не истомисленици, но и она што Заев го нарача на 28 април 2017-тата денеска да го испорачаат неговите слуги, а тоа се Кацарска судството и Рускоска обвинителството.Она кое што е реалност во Република Македонија ќе го видиме на 21 април и 5 мај, а тоа е силата и енергијата која постои помеѓу граѓаните во Република Македонија да оваа повторно ќе кажам неспособна, насилничка и деспотистичка власт замине еднаш за секогаш на маргините на темната страна во историја“, истакна Христијан Мицкоски.Инаку Мицкоски денеска го посети  Свети Николе. Таму се слави денот Тодорица, одлична посета, многу народ, добра традиција, но за жал се чувствуваат последиците од заевизмот и во Свети Николе и овдека во Штип, итакна лидерот наа ВМРО ДПМНЕ.Тој додаде: Луѓето кои што имаат тезги таму се жалат дека никогаш не била посиромашна годината од аспект на купувачи. Се надеваат дека набрзо ќе дојде крајот на заевизмот во Република Македонија. Ќе дојдат вистински луѓе на вистински места и ќе можеме да тргнеме напред. Затоа што сега како што се движи Република Македонија не е вистинската насока и не е посакуваната насока на граѓаните.Истото чувство го споделуваат и штипјани, бевме во еден економски субјект, еден производен погон, луѓето се занимаваат со производство кое го пласираат и на домашниот, но и на странскиот пазар. Истата е сликата секаде, заевизмот се чувствува секаде, ние сме тука за да понудиме пред граѓаните надеж, а веднаш потоа откако ќе ја добиеме нивната доверба и таа надеж да ја претвориме во реалност. Затоа што реалните проблеми натежнати се, луѓето се чувствуваат разочарани, луѓето се чувствуваат изневерени.Навистина сето она кое што денеска и го приредува СДСМ и Зоран Заев на Република Македонија е повеќе од трагично и траорно. Се надевам дека граѓаните на 21 април ќе ја препознаат понудата која што ние ја презентираме во Република Македонија. Понудата која госпоѓата Гордана Силјановска Давкова ја презентира, масовно ќе излезат и масовно ќе дадат поддршка како на 21 април така и на 5 мај.Очекуваме една голема победа која ќе го означи крајот на една ваква, неподготвена и неспособна влада во Република Македонија и ќе ги отвори вратите за нови предвремени парламентарни избори, рече Мицкоски. 

Македонија | пред 7 години

DSC_3176-1

Пендаровски од Свети Николе: Правдата и правото се столбови на секоја демократска држава

Заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски денес ги посети граѓаните на Свети Николе. Со граѓаните Пендаровски зборуваше за значењето правдата и правото како столбови на секоја демократска држава, истакна заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски.-Како претседател моја основна задача ќе биде да го кревам гласот за правда и правдина. Не може претседател да нема став и да не осуди насилство. Неправда е да се брани насилниот упад во Собранието, како што тоа го прави мојата против кандидатка, порача Пендаровски.Од една страна стојам јас, заедно со мнозинството граѓани, за држава која се темели на правда, напредок и евроинтеграции. А од друга страна опозицијата и нејзиниот кандат чиј единствен приоритет е партијата и заштита на мрачното минато, додаде Пендаровски, истакна заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски.

Македонија | пред 7 години

Maja-IZJAVA-

ВМРО ДПМНЕ: Заев ја лажеше јавноста и за сообраќајна незгода во која што животот го загуби новинарот Младенов

Зоран Заев ја лажеше јавноста и ја злоупотреби трагичната сообраќајна незгода во која што животот го загуби новинарот Никола Младенов. Зоран Заев срамно манипулираше преку таканаречените бомби квалификувајќи ја трагичната смрт како убиство, истакна Маја Славева од ВМРО ДПМНЕ.Зоран Заев срамно си поигруваше со чувствата на семејството на Никола Младенов, неговите пријатели и познаници и целокупната јавност. Зоран Заев измислуваше различни теории на заговор, само за да се приграби до власт.Сопругата на Младенов, вчера конечно ја потврди вистината и јасно кажа дека причина за несреќата е неприлагодена брзина. Сопругата на Младенов е децидна дека нема никаков сомнеж дека станува збор за нешто друго. Сопругата на Младенова го демантираше и ги разоткри лагите на Заев, кој манипулираше дека во истрагата се криени докази и дека е потребна нова меѓународна истрага.Заев и СДСМ мислат дека граѓаните забораваат, но се лажат. Јавноста се сеќава на сите лаги и на сета деструкција изнесена во врска со смртта на Младенов.На 2ри мај 2017 година во интервју за српски медиум, Зоран Заев кажа цитирам „јас ветив пред граѓаните меѓународна истрага и за смилковското езеро и за кумановските настани и за убиството на Никола Младенов, кој тоа стои позади“.Заев кажа - Заев излажа. Заев и СДСМ треба да им се извинат за лагите и на блиските на Младенов и на професионалците кои ја водеа истрагата и на целокупната јавност. Заев и СДСМ треба да понесат одговорност за сите изречени лаги и за сета закрвеност која ја посеаја во јавноста. Граѓаните сакаат одговорност за сите лаги. Граѓаните беа свесно изманипулирани.Дали Оливер Спасовски и правосудните институции сега ќе покренат кривична пријава против Зоран Заев и врвот на СДСМ во тоа време?СДСМ мора да си замине. а да се случи тоа потребна е масовна излезеност на претседателските избори и гласање за Гордана Силјановска Давкова, истакна Маја Славева од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ со реакција на демантот на МВР: МВР потврди ...

МВР потврди дека уште еден соработник на Оливер Спасовски длабоко навлегол во криминалните води.Инволвирањето на началникот на СВР Штип во криумчарење на мигранти не е прв случај со кој се докажува тезата дека СДСМ и Спасовски се во коалиција со криминалот и наместо да се грижат за безбедноста и заштита на интересите на граѓаните, тие го штитат криминалот, се вели во реакција од ВМРО ДПМНЕ на демантот на МВР.Додека во притвор се праќаат луѓе за кои се изготвуваат лажни службени белешки криминалците блиски до Оливер Спасовски слободно се шетаат.МВР потврди дека осомничениот соработник на Оливер Спасовски наместо во притвор си зел боледување и сега одмара без можност да биде разрешен од функцијата. Впрочем и на интернет страната на министерството, осомничениот Трајковски сеуште фигурира како началник на СВР Штип.Вистинското прашање е зошто Оливер Спасовски два месеци молчи и го прикрива скандалот со неговиот соработник Љупчо Трајковски? Зошто МВР организира спектакуларни прес конференции на кои презентира возила изгребани од мачки или испраќа соопштенија за полициски службеници кои наводно биле нападнати од „пајак“, а за ваков тежок криминал молчи цели два месеци?Оливер Спасовски и СДСМ се целосно неспособни да раководат со ресорот внатрешни работи. овие три години ја парализираа полицијата и се ставија во заштита на криминалот. Со криминогени и сомнителни кадри на раководни позиции безбедноста на граѓаните ќе биде се полоша. Затоа, време е Спасовски и СДСМ да си заминат, се вели во реакција од ВМРО ДПМНЕ на демантот на МВР.

Македонија | пред 7 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ реакција: ВМРО ДПМНЕ продолжува да шири лажни вести

Селективноста и заштита на насилниците беше одлика на ВМРО-ДПМНЕ, денес законите важат за сите Заврши времето на неказнивост и криење злоупотреби во Министерството за внатрешни работи, нешто што беше одлика на криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во реакцијата на СДСМ, која се однесува на изјавата на Орце Ѓорѓиевски од ВМРО ДПМНЕ.Лагите на ВМРО-ДПМНЕ се демантирани. Како што јавно соопшти МВР случајот за кој ВМРО- ДПМНЕ денеска лаже, се расчистува.Кон посоченото лице е поведена дисциплинска постапка за утврдување на одговорност, а до нејзиното завршување лицето е суспендирано. Во меѓувреме, работните задачи ги врши помошникот  началник според законските прописи.ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири што МВР работи одговорно и професионално и тоа што полицијата е вистински сервис и заштитник на граѓаните и затоа секојдневно шири лажни вести, се вели во реакцијата на СДСМ, која се однесува на изјавата на Орце Ѓорѓиевски од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

vmro_dpmne

ВМРО ДПМНЕ реакција: За Пендаровски и за Заев не постои ниту устав, ниту закон, ниту право, ниту правдина

Пендаровски и Заев се лице и опачина на истата паричка. За Пендаровски и за Заев не постои ниту устав, ниту закон, ниту право, ниту правдина. Пендаровски и Заев се нарачатели на политички монтираните процеси. Случајот 27 април, е политички монтиран процес, против сите неистомисленици на Зоран Заев. Според изреченото во пресудата нема ниту еден аргумент и доказ за делото за кое се товарат сега осудените, се вели во реакцијата од ВМРО ДПМНЕ на на изјавата на Стево Пендаровски.Чавков и останатите професионалци од МВР, како и граѓаните кои се осудени се жртва на политички прогон. Никаде во цивилизирана Европа не се притвораат луѓе два дена пред изрекување на пресудата и тоа врз основа на фингирана службена белешека.Принципот на владеењето на правото е укинат во Република Македонија, под власта на СДСМ. Република Македонија само тоне, а на удар на правосудните институции, кои се претворени во алатка за прогон на власта се сите неистомисленици на Зоран Заев.Злото наречено СДСМ мора што побргу да си замине. Потребна е масовна излезност на избори и победа на Гордана Силјановска Давкова, што ќе биде причина за распишување на предвремени парламентарни избори, се вели во реакцијата од ВМРО ДПМНЕ на на изјавата на Стево Пендаровски..

Македонија | пред 7 години

avtomobil-prevrten

ФОТО: Автомобил се преврте на автопатот Скопје – Тетово

Нова несреќа на автопатот Скопје – Тетово, автомобил се превртел и преминал во лентата која води кон спротивен правец, пробивајќи ја заштитната ограда која го дели автопатот, објави порталот javno.mk .Несреќата се сличила околу 15:30 часот пред наплатната рампа Желино.Текстот во целост на javno.mk .

Македонија | пред 7 години

DSC_3176

Пендаровски: Силјановска не е чесна пред граѓаните, не е правично да се брани насилството од 27 април

Столбот на секоја држава и општество е правото и правдата. Вчера, ја чувме првостепената пресуда за немилите настани  од 27 април, кога група насилници организирана од врвот на тогашната партија на власт, влезе во Парламентот со цел да го спречи мирниот трансфер на власта, истакна Стево Пендаровски, заеднички кандидат за претседател.За жал таа партија и нејзиното сегашно раководство, не смогнаа сила да го осудат тој чин, да се оградат од насилниците и да побараат извинување од сите Македонски граѓани. Уште полошо, кандидатот на таа партија за претседател на државата, го релативизираше настанот и рече дека некои други луѓе кои беа на страната на жртвите, требало да бидат процесуирани, а не насилниците кои посегнаа по животот на пратениците.Како претседател, мојата прва и основна задача, ќе биде да ги штитам граѓаните и нивните права и слободи. И жестоко да се спротивставам на секој обид ако некој сака  тие права и слободи на граѓаните да ги лимитира или да ги одземе.Република Северна Македонија не може да оди напред и не може да биде третирана како демократска држава со луѓе кои сакаат да не вратат во мрачното минато и со луѓе кои немаат доблест да се извинат за она што партијата која сега ги предлага за највисоката функција во државата го има направено пред неколку години, истакна Стево Пендаровски, заеднички кандидат за претседател.

Македонија | пред 7 години

tepacka-1

Физички пресметки во Велес, Тетово, Скопје, Охрид

На 15.03.2019 во 01.30 часот во Полициската станица Велес, Р.С.(21) од Велес пријавил дека на улица „Лазо Осмаков“ бил физички нападнат од Н.П. и А.Ј.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 15.03.2019 во 11.30 часот во Полициската станица Тетово, Х.З.(51) од село Мала Речица, тетовско, пријавил дека на 13.03.2019 околу 13.15 часот на улица „Илинденска“ во Тетово неговиот 15-годишен син бил физички нападнат од лицето Б.Ш. од Тетово и уште неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 15.03.2019 во 13.40 часот во Полициската станица Карпош, Е.В.(42) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 12.40 часот, на булевар „Партизански Одреди“, нејзината 16-годишна ќерка била физички нападната од две нејзини врснички. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 15.03.2019 во 17.45 часот во Полициската станица Охрид, вработен во банка во Охрид пријавил дека истиот ден околу 16.45 часот, додека бил на работното место, физички бил нападнат од лицето. Н.У.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

tepacka1

Физичка пресметка меѓу ученици во „Јахја Кемал“

На 15.03.2019 околу 11.00 часот во Полициската станица Центар било пријавено дека во ходник на училишниот кампус „Јахја Кемал“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу дваца малолетници на возраст од 15(од Скопје) и 17(од Куманово) години. Во присуство на старатели, на двајцата малолетници им бил сочинет записник за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Кривична пријава за 22 годишен скопјанец поради тешка кражба

СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава против О.С.(22) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“. На 19.12.2018 во периодот од 18.30 до 23.40 часот во куќа на улица „Саса-24“ во Скопје пријавениот со употреба на сила извршил тешка кражба, при што одзел пари и златен накит.

Скопје | пред 7 години

mvr

МВР демант: Има постапка за дисциплинска одговорност и Љ.Т е суспендиран до завршување на истата

Најостро ги демантираме лагите и дезинформациите што на денешната прес конференција ги искажа политичката партија ВМРО-ДПМНЕ , а во врска со статусот на полицискиот службеник Љ.Т., кој токму од МВР, односно во истрагата на Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во содејство со Обвинителството за организиран криминал и корупција е осомничен за сторено кривично дело, се вели во демаптот од МВРПо добиено писмено одобрение од надлежното Обвинителството, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, поведе постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и наложи истиот да биде суспендиран до завршување на дисциплинската постапка. Љ.Т не извршува работни задачи поради користење боледување, а во моментот вршител на должност- раководител на СВР Штип е помошник началникот кој работните задачи ги извршува согласно законот. Веднаш штом ќе биде затворено боледувањето, односно Љ.Т ќе се појави во просториите на СВР Штип, решението за времено отстранување од работа односно суспензија, како што налагаат законските прописи, ќе му биде врачено. Значи, ова е само уште една во низата невистини што ги шири оваа политичка партија, стои во демантот од МВР.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања