Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

Zaev-Tevdovski

ВМРО-ДПМНЕ: Тевдовски и Заев за две години долгот го зголемија за над половина милијарди евра

Драган Тевдовски потврди дека политиките на ВМРО-ДПМНЕ во економијата биле добри. Тоа што сега има странски инвестиции кои ја реинвестирале добивката е резултат на успешните политики на ВМРО-ДПМНЕ во минатото, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.„Тевдовски и Заев ја урнисуваат економијата. За две години колку што се на власт долгот е зголемен за  над половина милијарди евра.Тевдовски и Заев не направија ништо. Нивото на  капитални инвестиции во 2018 година беше на најниско историско ниво, истото е случај и оваа година. Имено во првиот месец од годинава реализирани се само 1% од годишно предвидените.Финансиската политика е очајна, тоа го знаат и Тевдовски и Заев, а го знаат и граѓаните. 500.000 граѓани живеат на прагот на сиромаштија.Граѓаните се се посиромашни. СДСМ и Зоран Заев  мора да си одат. Победата на претседателските избори на  Гордана Силјановска Давкова ќе  биде причина за распишување на предвремени  парламентарни избори“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Физички нападната малолетничка од Скопје

На 16.03.2019 во 14.15 часот во Полициската станица Центар, Н.Т.(44) од пријавила дека истиот ден во 09.30 часот на улица „Киро Крстевски Платник“ нејзината 17-годишна ќерка била физички нападната од К.Ж.(22) од Скопје.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

policija-traka

Автомобил удри во 7-годишно момче

На 16.03.2019 околу 18.00 часот на улица „Зија Мерсовски“ во Дебар, патничко  возило „Голф“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(35) од Дебар удрило во седумгодишно момче од Дебар.Детето било пренесено во општата болница во Дебар. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Дебар.

Македонија | пред 7 години

1796479testerals-1

Познат идентитетот на лицето кое со моторна пила влезе во РТС

Претседателот Александар Вучиќ на прес-конференција денес изјави дека полицијата го идентификувала лицето кое синоќа со моторна пила влезе во зградата на РТС.„Надлежните си ја работат својата работа, немој да се грижите и за него а и за уште многу други“ изјави Вучиќ во своето обраќање, нагласувајќи дека ваквата метода или уцена, може да помине во друга замја, но не и во Србија.

Свет | пред 7 години

siljanovska

Силјановска со моќно видео - ветува дека ќе биде заштитник на граѓаните

Кандидатот за претседател, Гордана Силјановска Давкова на Фејсбук објави видео со кое ветува промена.„Нема правда, ниту пак има мир. Една жена ветува промена. Таа е лицето на вистината, заштитничка на граѓаните. Ја сака Македонија“, се наведува во видеото.Во видеото има инсерти од протестите за името, протести по убиството на Никола Саздовски, има потсетување на убиството Смилковско езеро, и други убиства.https://www.facebook.com/kandidat.za.pretsedatel/videos/368380963887038/

Македонија | пред 7 години

Slika-1-1-1

Јанушев: Македонија ќе ја вратиме на вистинскиот пат

Генералникот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев ги посети населените места Раштани, Оризари и Башино Село во велешко. Од овде граѓаните посочија дека власта предводена од СДСМ нема реализирано ниту едно ветување и нема ништо направено за нивниот регион.– Македонија ќе ја вратиме на вистинскиот пат. Сплотени, сите заедно, до нова победа на претстојните претседателски избори, затоа што Македонија тоа го заслужува, порача Јанушев од велешко

Македонија | пред 7 години

Capture-1

Славева: Сопругата на Младенов потврди дека Заев е човек кој лаже и се обидува да профитира од туѓи трагедии

Никола Младенов не бил убиен. Тогашните органи на истрагата НЕ прикривале никого. Напротив, професионално ја завршиле работата и ја утврдиле фактичката состојба.Зоран Заев е ликот кој бесрамно лажел и се обидел политички да профитира од трагичната несреќа. Нечовечно и некрофилски ги манипулираше семејството, пријателите и јавноста изјавувајќи дека станува збор за убиство и ветуваше дека тој ќе ја откриел вистината, изјави Маја Славева од ВМРО-ДПМНЕ.„Три години подоцна вистината ја откри сопругата на Младенов. Таа потврди дека Зоран Заев е човек без образ кој лаже и се обидува да профитира од туѓи трагедии. Сопругата на Младенов откри дека се работи за сообраќајна незгода предизвикана од неприлагодена брзина.Три дена после оваа информација Заев молчи и се крие. Нема ни извинување, ни покајување, ниту објаснување кој му ја смислил лагата која што ја пласираше во јавноста и дали вредело манипулирањето на јавноста.Молкот од страна на колегите на Младенов и новинарските здруженија, јасно покажува дека веќе никој не му верува на Заев и не очекува ништо од таков карактер.Неговата манипулација со несреќата на Младенов јасно говори колку бескрупулозно си поигруваше и со судбините на роднините на убиените кај Смилковското езеро, и со случајот на Мартин Нешковски, и со Диво Насеље. Заев молчи и не ги коментира заканите на кумановската група кон лидерот на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи и на терористите кои убиваа полицајци им ветуваше вистина која што ќе ги ослободи.Зоран Заев и СДСМ веќе немаат кредибилитет да ја водат државата. Со секој изминат ден се открива нова бесрамна лага. Луѓе како Заев, доколку имаат барем малку совест, сами би се повлекле. За жал, Зоран Заев нема образ. Заев и неговата сенка Пендаровски мора да бидат поразени за да се врати честитоста во Македонија“, вели Славева.

Македонија | пред 7 години

pendarovski465465513

Пендаровски: Како претседател целиот мој мандат ќе ги штитам правата на граѓаните

Кандидатот за претседател од СДСМ, Стево Пендаровски утрово објави видео во кое порача дека како претседател има намера без отстапка во целиот мандат да ги штити правата на граѓаните.„Вчера првпат видовме првостепена пресуда за насилниците кои на 27. април сакаа да го спречат мирниот трансфер на власт. Меѓутоа, за жал, опозициониот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ не смогна сили да го осуди тој чин. Со луѓе кои немаат доблест да осудат чин на насилство Македонија не може да биде демократска држава и не може да оди напред. Како претседател имам намера без отстапка во целиот мој мандат да ги штитам правата на граѓаните и жестоко да се борам против секој обид за лимитирање на нивните права и слободи“, порача Стево Пендаровски.https://www.facebook.com/SPendarovski/videos/2299265307019110/ 

Македонија | пред 7 години

DSC_0529

Владо приреди спектакл: Со „Нусе“ ја размрда публиката, на „Чаирска романтика“ се играше валцер (Видео+Галерија)

Заедно со публиката во еден глас, вчера, Владо Јанески ги пееше неговите најголеми хитови. Присутните од сите возрасти танцуваа и се забавуваа, а Јанески прослави 25 години кариера на музичката сцена. Концертот во организација на „Прагма продукција“ ќе остане запаметен по одличната атмосфера и исполнетата ВИП Арена.Со понудениот репероар, Јанески ја потсети публиката на „Чаирска романтика“, „Дома си е дома“, „Ова е наше Скопје“, легендарните „Нусе“ и „Мучос денарос“, „Не заборавај да се сетиш на мене“, евровизиската „Не зори зоро“.Романтичарот ги разнежни срцата на публиката која растела со неговите песни, па така, дел од нив, концертот го искористија за танц со саканите.Коментирајќи ги озборувањата на социјалните мрежи, како најава за „10 девојки“, Јанески потсети на интересен твит кој го кажа низ насмевка.„Кога Владо Јанески кој е геј можел да има 10 девојки, можеш и ти“, рече Јанески.Владо на сцената беше дочекан со громогласен аплауз, а неговите обожаватели со вклучени телефони правеа снимки од концертот. Тој рече дека дел од песните најубаво се пеат во Скопје.„Да ни остане оваа дружба, да биде традиција. И секако, да се гледаме секоја година“, рече Владо за време на концертот.Пред да ја отпее „Црно тиквешко“, му се заблагодари на композиторот и негов долгогодишен соработник Глигор Копров за целата помош која му ја дал низ годините. Тогаш, се исклучија сите светилки, а публиката ја осветливаше салата со телефони.За време на свирката го придружуваше охридскиот вирутоз на гитара Дамјан Пејчиноски. Придружен вокал му беше и Стево Чипишевски. Позади клавијатурата застана Влатко Плевлеш.„Од овој ден“, Јанески ја прогласи за свадбарска песна, а однапред изјави дека ги одбил сите покани да настапи на свадби.По првата пауза на концертот, Владо се симна меѓу публиката во стилот на Лепа Брена во 80-те години. Тој се забавуваше и фотографираше со нив.На крајот, Владо Јанески доби громогласен аплауз. Публиката беше презадоволна од приреденото, организирано од „Прагла продукција“, а во салата гласно се коментираше за чаирскиот романтичар. Погледнете дел од атмосферата, во продолжение...[embed]https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/2156542817760942/[/embed]ФОТО и извештај: Скопје1.мк

Магазин | пред 7 години

Capture

(ВИДЕО) На комбе со патници му излета гумата во сред Скопје

Во групата „Ѕид на сообраќајниот срам“ се појави видео кое предизвика несигурност кај возачите и пешаците во сообраќајот.На видеото може да се забележи како на комбе кое превезува патници на кружниот тек во Ѓорче Петров му излетува гумата и непрекинато се движи.https://www.facebook.com/aleksandar.kondic.1481/videos/2269901366412190/

Скопје | пред 7 години

53926413_126169931854314_7708060089667551232_n

Силјановска со чаша вино пред себе го покани Пендаровски на ТВ дуел

,, Рок музика, одлично друштво и една идеја да отворам Твитер….и тука го чекам Стево на дуел…секаде…во секое време! “.Со оваа порака напишана на ФБ профилот на кандидатката за претседател од ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјановска, од ресторан во Охрид, таа со вино пред себе го покани уште еднаш Стево Пендаровски на ТВ дуел.Таа смета дека СДСМ има вишок време и идеи само за соопштенија, а никако да најдат време за да одговарат на повик на дуел.не ги прифаќа критиките на своја сметка дека го оправдува насилството што се случи на 27 април во Собрание на РМ.,,Во исчекување на 4-то соопштение за денес, да ве потсетам… Вие го оправдавте крвавиот четврток со амнестирање на портирите на злото“- пишува на нејзиниот ФБ профил.

Македонија | пред 7 години

4-3

Заев од Виенскиот бал: Со присуството на оваа манифестација покажуваме хуманост

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев вчера вечер заедно со својата сопруга, Зорица Заева присуствуваше на Виенскиот бал, којшто традиционално секоја година се одржува во Скопје.Во продолжение Ви го пренесуваме интегралното обраќање на Премиерот Заев.„Дозволете ми да го искажам моето и задоволството на мојата сопруга што сме вечерва тука заедно со Вас.Поканата од амбасадорката Коблер да присуствувам на Виенскиот бал ја прифатив без двоумење поради неколку причини. Прво го покажува воспоставеното, искрено пријателство помеѓу Република Австрија и Република Северна Македонија. Понатаму, оваа манифестација, којашто е создадена како реплика на светски познатиот бал во Виена, Опера Бал годинава го одбележува својот 20-ти јубилеј. Но пред се, ме мотивираше хуманиот карактер на манифестацијата.Особено ме радува фактот што со дел од средствата собрани вечерва ќе биде обезбедена адаптирана спортска опрема за возење велосипед, а којашто потоа ќе му биде доделена на Здружението на лица со параплегија и квадриплегија, „Без ограничувања“.Знам дека и лицата со попреченост можат да спортуваат. Јас лично познавам такви луѓе. Разликата е што ним им треба само поголема поддршка. Затоа јас лично би сакал да ви се заблагодарам на сите, бидејќи Вашето присуство овде вечерва ќе придонесе кон подобри можности за овие наши сограѓани“.

Македонија | пред 7 години

dimitrov-1

Османи и Димитров утре во работна посета на Брисел

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, од утре е во работна посета на Брисел, каде заедно со Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, ќе учествуваат на работниот појадок со министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија, во организација министрите за надворешни работи на Грција и Романија, Катругалос и Малешкану.Во вторник, 19 март, делегацијата предводена од Премиерот Зоран Заев, а во која покрај Османи и Димитров ќе учествува и Вицепремиерката и Министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, ќе учествуваат на редовниот состанок на Советот за Стабилизација и асоцијација, кој, од страна на Европската Унија, ќе биде претставен од Потпретседателката на Комисијата и високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини, како и од Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан.

Македонија | пред 7 години

Silegov-trotinet

(ФОТО) Шилегов се „утепа“ од сликање со тротинетот

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, изминативе денови е присутен во јавноста со неговиот електричен тротинет.Се појавија фотографии како тој со тротинет оди на работи, а на Фејсбук и самиот се пофали дека последниот ден од оваа работна недела си заминал дома со тротинет.https://www.facebook.com/petreshilegov/posts/2838228626401717 

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Тетовец каснат од куче на плоштадот во Скопје

На 16.03.2019 во 19.25 часот во Полициската станица Центар, В.М.(31) од Тетово пријавил дека истиот ден во 16.00 часот на „Плоштад Македонија“ бил каснат од куче скитник  во пределот на левата потколеница.

Скопје | пред 7 години

1796479testerals-1

(ВИДЕО) Демонстрант со моторна пила влезе во РТС

На 15-от протест „1 од 5 милиони“ во Белград, насобраните граѓани од пред факултетот, тргнаа низ централните белградски улици, по што ја блокираа зградата на РТС, па внатре влегоа лидерот на Двери и една од организаторките, кои бараат гостување во „Дневникот“ и оставка од Вучиќ и Брнабиќ, а еден од нив инаше и моторна пила во рацете.На снимките кои ги преплавија социјалите мрежи, се гледа како човекот мафта со моторната пила после упадот во зградата на РТС.Моторта пила ја носеше човек кој на себе имаше бела фантомка.

Свет | пред 7 години

vmro-dpmne-zgrada-650x396-1

ВМРО-ДПМНЕ: За Пендаровски и Заев не постои ниту устав, ниту закон, ниту право, ниту правдина

За Пендаровски и за Заев  не  постои ниту устав, ниту закон, ниту право, ниту правдина, ова стои во денешната реакција на ВМРО-ДПМНЕ во врска со соопштението на СДСМ.-Случајот 27-ми април, е политички монтиран процес, против сите неистомисленици на Зоран Заев. Според изреченото во пресудата нема ниту еден аргумент и доказ за делото за кое се товарат сега осудените. Македонија е единствената држава во Европа во која во 21 век во затворите има политички затвореници, луѓе кои имаат различни политички ставови со Зоран Заев. Злото наречено СДСМ мора што побргу да си замине.Со победа на Гордана Силјановска Давкова,  ќе биде почеток на рушење на заевизмот и мотив за распишување на предвремени парламентарни избори, стои во писмената реакција на партијата.

Македонија | пред 7 години

policija-ilustracija

Тешка сообраќајка во Скопје, пет лица итно пренесени во болница

На 16.03.2019 околу 23.50 часот на булевар „Александар Македонски“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Рено меган“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.М.Д.(22) од село Сопиште, скопско и патничко возило „Опел вектра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(22) од Скопје.Со повреди се здобиле двајцата возачи, како и Н.А.(19) од Скопје и И.А.(22) од Скопје, сопатници во возилото „Опел вектра“ и сопатничката во возилото „Рено меган“,  К.Л.(20) од Скопје.  Повредените од возилото „Опел Вектра“ со возила  на итна медицинска помош биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“,  каде им била укажана лекарска помош.Додека, повредените од возилото „Рено Меган“ биле пренесени во градската општа болница „8-ми Септември“ каде им била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. 

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Автомобил излета од патот во Берово, повредени пет лица

На 17.03.2019 околу 04.30 часот на место викано „Трската“ во Берово, патничко возило „Сеат леон“ со беровски регистарски ознаки, управувано од Д.Ш.(27) од село Умлена, пехчевско, изгубило контрола и излетало од патот.Притоа со повреди се здобиле возачот и четворицата сопатници М.Т.(27), М.Т.(27), М.П.(32), тројцата од село Смојмирово и  П.П.(23) од Пехчево.Сите биле пренесени во Здравствен дом Берово каде им била укажана лекарска помош, по што П.П. и М.Т. биле пренесени во Клиничката болница Штип.Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Берово.

пред 7 години

b0e64fd0d4bb388d91f7ae215ced368c_w790

58 возила подигнати со „пајак“ во Скопје

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 16.03.2019 година во периодот од 06.00 до 22.00 часот спроведе акциска контрола за откривање возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје.Притоа, констатирано е дека 56 возачи ја пречекориле брзината на движење со моторно возило.  Откриени се и 51 останати прекршоци. Издадени се вкупно 75 мандатни платни налози и 20 прекршочни платни налози, а 12 возачи се писмено опоменати. Со специјално возило "пајак" се подигнати 58 возила кои биле непрописно паркирани во централното градско подрачје.

Скопје | пред 7 години

ubien-meksikanski-novinar

Мексикански новинар кој истражувал за наркобандите застрелан во неговиот дом

Мексикански новинар кој ја истражувал работата на наркобандите во северната мексиканска држава Сонора починал завчера откако бил застрелан во својот дом, недалеку од границата со САД, јави агенцијата „Ројтерс“.Сантијаго Баросо, непознат сторител го застрелал неколку пати, а новинарот починал кратко потоа во болница, објави канцеларијата на државниот обвинител.https://twitter.com/SonoraRed/status/1106820997406048256?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1106820997406048256&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.blic.rs%2Fvesti%2Fsvet%2Fnovinar-ubijen-na-vratima-svoje-kuce-neko-je-pokucao-otvorio-je-a-onda-su-se-zaculi%2FkbdkvpeБаросо работел во пограничниот град Сан Луис Рио Колорадо, кој е на 32 километри оддалеченост од Јума во Аризона, од другата страна на границата. Работел како радио водител, пишувал за неделникот „Контрасења“ и бил директор на порталот „Ред 563“.Иако се уште не е познато дали неговото убиство е поврзано со неговата работа, Баросо е трет новинар кој годинава е убиен во Мексико, една од најопасните земји за луѓето кои се занимаваат со оваа професија.

Свет | пред 7 години

VIK_8062

Тевдовски: Во април минималната бруто плата ќе се зголеми за околу 600 денари

Политиката на зголемување на платите е приоритет на Владата. Затоа Владата презема низа мерки за раст на платите, меѓу кои и покачувањето на минималната плата, но и воспоставување на законски механизам за нејзино редовно усогласување. Ова го вели министерствот за финансии Драган Тевдoвски во интервју за Радио Слободна Европа. Тој посочува дека покрај покачувањето на платите, расте и продуктивноста, а се зголемува и вработеноста.-Главниот приоритет на Владата е платите да растат, бидејќи животниот стандард на мнозинството граѓани, кои немаат приходи од капитал, зависи од платите. Кога растат платите, расте и животниот стандард. Зголемувањето на минималната плата придонесе за значајно зголемување на најниските плати, но и за придвижување на спиралата на плати – што значи дека почнаа да растат и платите повисоки од минималната. За  мене како економист е важно дека ова направи и придвижување на продуктивноста. Работник кој е подобро платен повеќе придонесува - вели Тевдовски.Тој посочува дека со законското решение за минимална плата е поставен механизам за нејзино редовно усогласување, зависно од растот на просечната плата, на бруто домашниот производ и растот на цените.-Сега во април Министерството за труд и социјална политика најави дека минималната бруто плата ќе се зголеми за околу 600 денари. Платите продолжуваат да растат. Tреба да се направат дискусии со работодавачите, бидејќи постои простор за дополнително зголемување на минималната плата - вели министерот за финансии.Во однос на растот на БДП, Тевдовски вели дека е клучно тоа што се случува широко базиран раст, односно дека се јавува во повеќе сектори и не се должи на државна интервенција, за разлика од порано.-Сега приватниот сектор го влече растот и тоа во повеќе сегменти. На пример, расте преработувачката индустрија, растат услугите, трговијата, градежниот сектор – еве гледаме во четвртиот квартал растот е околу 19%. Потрошувачката кај домаќинствата исто така забележува раст, што се должи на растот на бројот на вработени, но и поради растот на платите кој минатата година е највисок во споредба со последните девет години. Странските инвестиции изнесуваат 624,5 милиони евра и се скоро три пати повисоки во однос на просечното ниво од претходните осум години. Еден од најважните показатели дека економијата се движи во правилна насока е намалувањето на невработеноста. Таа за првпат од независноста се спушти под 20%. На годишно ниво во 2018 вработеноста е зголемена за околу 20.000 лица. Со намалување на невработеноста и растот на платите се подобрува животниот стандард-вели Тевдовски.Во однос на јавниот долг Тевдовски вели дека истиот е стабилизиран и дека сега за разлика од порано не се троши на проекти како жални врби, споменици и фасади.-Јавниот долг во 2008 година од 23% од БДП порасна на 48,8% од БДП кон крајот на 2016 година. Сега на крајот на 2018 година тој изнесува 48,7% од БДП- вели Тевдовски и посочува дека како резултат на растот на довербата на инвеститорите, намалени се каматите за сервисирање на долговите. Тој додава дека во 2020 и 2021 година, по основ на стари долгови од претходната власт, доспевале за враќање околу 880 милиони евра, сума која оваа власт ја намалила со реоткуп на еврообврзницата.Во однос на капиталните инвестици, министерот за финансии вели дека за разлика од минатата година, Јавното претпријатие за државни патишта, кое не спаѓа под Буџетот, има одлична реализација, која е за три пати повисока од лани. Тој вели дека и Министерството за финансии има одлична реализација на капитални инвестиции и e оптимист дека до крајот на годината ќе има добра реализација на планираното.

Македонија | пред 7 години

Jqnk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTWpJN01EQV8vOTViZjZiMjE2MWRmNjZjZDlkMThkOTMwMjFlYmQxNGUuanBlZ5GTAs0C5ACBAAE

Фејсбук отстрани 1,5 милиони снимки од нападот во Нов Зеланд

Тимот на компанијата „Фејсбук“ соопшти дека во првите 24 часа по нападот на двете џамии во Нов Зеланд, отстранил околу милион и пол снимки од истиот.„Во првите 24 часа отстранивме 1,5 милиони снимки од нападот, од кои над 1,2 милиони беа блокирани во текот на нивното прикачување“, соопштиле од „Фејсбук“, а објави агенцијата „Ројтерс“.Компанијата објави дека ќе ги отстрани и сите измонтирани верзии на снимката кои не прикажуваат графички содржини од почит кон луѓето засегнати од пукањето во џамиите.

Свет | пред 7 години

51352852_777130685978142_866252714139451392_n

СДСМ: Силјановска е продолжена рака на груевизмот на кој му се поклони и кој го промовира

Кандидатката на Христијан Мицкоски, Гордана Силјановска е само продолжена рака на груевизмот на кој му се поклони и кој го промовира, велат од СДСМ.„Силјановска не осудува насилство, напротив, застана во одбрана на насилниците од 27 април, исто како што тоа го сторија Мицкоски и Груевски.Таа воопшто не се срами што е поддржана од политичка структура чиј врв е главен осомничен за насилниот упад во Собранието кога се случи обид за убиства и обид за државен удар и погазување на уставниот поредок.Силјаноска не е чесна пред граѓаните. Додека лажно се претставува како натпартиски кандидат, длабоко е заглавена во матрицата на груевизмот и ги промовира погубните политики на ВМРО-ДПМНЕ за одбрана на криминалот и насилството“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

presuda-27-2

ВМРО-ДПМНЕ: Драконските казни за обвинетите од 27-ми април се доказ за стравот кој владее на Бихачка

211-те години затвор досудени во политички монтираниот случај за 27-ми април ги погребаа правото и правдата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Политичкиот прогон во Македонија ја достигнува својата кулминиција. Од ден во ден е се поголем бројот на жртвите на заевизмот, на политичкиот прогон и тортурата на власта врз политичките неистомисленици.Македонија е заробена држава, во која е укинато владеењето на правото, Кацарска судството суди како што Заев наложува, а Рускоска обвинителството монтира политички случаи за политичките противници на Заев. Тие се олицетворение на заевизмот, систем во кој правото и правдината се само мисловни именки.16-те драконски казни за обвинетите во политичката монтировка  наречена 27-ми април е доказ за стравот кој владее на Бихачка, стравот на Зоран Заев од гневот на граѓаните, стравот од изборен пораз кој е се по извесен. Политичкиот прогон е само уште еден очаен обид на аболицираниот Заев да ја задржи власта и да продолжи со своето криминално владеење.Крајот на политичка кариера на Заев е блиску. Тој избега од предвремени парламентарни избори, но волјата на граѓаните ќе победи на претседателските избори. Зоран Заев нема повторно  да ги излаже граѓаните, а Пендаровски е само опачина на на неговиот лик и уште еден синоним за Заевизмот.  21-ви април ќе го означи почетокот на крајот на одродената и криминална власт превдодена од аболицираниот Заев и враќањето на правото и правдината во Република Македонија“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања