Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

siljanovska-davkova

Силјановска: За разлика од Стево, јас немам партиски војници кои извршуваат наредби за да бидат вработени

Кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, на својот Фејсбук профил напиша дека за разлика од нејзиниот противкандидат, Стево Пендаровски, таа нема штаб и луѓе кои како војници извршуваат партиски наредби со цел да добијат од партија вработување.„Јас, за разлика од Стево, немам штаб. Немам луѓе што како војници извршуваат партиски наредби, со надеж дека ако ја завршат добро работата ќе добијат од партија вработување, унапредување или место во некој управен одбор. Имам тим од луѓе кои ги обединува љубовта кон татковината и желбата да се воспостави владеење на правото. Дел се блиски до ВМРО-ДПМНЕ, дел често ги критикувале нивните политики. Но, сите се мотивирани со идејата нашата земја да оди напред и водени од граѓанската должност да дадат свој придонес кон создавање на општество што ќе почива на основите на правото и правдата, напиша Силјановска.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Викендов МВР казни стотици граѓани во Скопје

Во текот на изминатите денови (15, 16 и 17.03.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 144 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.Од сообраќај се исклучени 67 возачи од кои: тројца возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 58 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и шест возачи затоа што биле возачи-почетници.Исто така, исклучени од сообраќај се и 49 возила бидејќи 42 биле нерегистрирани и седум возила биле технички неисправни. Санкционирани се осум возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, тројца поради недавање првенство на минување на пешаци, двајца возачи поради неправилно престигнување, 11 возачи поради некористење заштитен шлем при управување на моторцикл, 10 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 33 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.Во однос на пешаците санкционирани се тројца пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатите денови издадени се 163 мандатни платни налози и 153 возила се подигнати со специјално возило "пајак".Изминатиот ден се случиле 19 сообраќајни незгоди во кои 10 лица се здобиле со телесни повреди. 

Скопје | пред 7 години

pozar

Браќа правеле скара, по што настанал пожар во која изгоре шума

На 17.03.2019 во 10.50 часот во Полициската станица Берово било пријавено дека на место викано „Сливница“, атар на село Русиново, беровско, настанал пожар во кој била зафатена букова шума.По преземени мерки било констатирано дека истиот ден околу 10.45 часот на наведеното место, Д.Т.(31) и неговиот брат И.Т.(28), двајцата од село Смојмирово, запалиле оган за скара и поради небрежност огнот се проширил и почнал  да се шири.Пожарот бил целосно изгаснат во 14.30 часот од екипи од Територијалната противпожарна заштита Берово, ШС „Малешево“.Од извршениот увид било констатирано дека изгореле околу осум хектари сува трева и папрат.

Македонија | пред 7 години

petrovec-pozar

Кочанчанец палел трева, по што изгорел во огнот

На 17.03.2019 во 15.30 часот било пријавено дека над село Оризари, кочанско, на место викано „Бели Камења“, при палење на трева во нива од страна на Б.П.(82) од истото село, настанал пожар. Во пожарот настрадал Б.П. кој починал на местото на настанот.Од екипа на Територијалната противпожарна единица Кочани пожарот бил изгаснат,  а по овластување на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството. 

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Судар меѓу мотор и комбе, почина едно лице

На 17.03.2019 во 16.00 часот на автопатот Градско - Велес, во близина на место викано „Усек“, се случила сообраќајна незгода помеѓу комбе „Мерцедес Спринтер“ со швајцарски национални ознаки, управувано од З.Д.(74) од с.Претор, ресенско, (со привремен престој во Швајцарија) и мотоцикл „БМВ“, управуван од А.Д.(30) од Скопје.Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот на мотоциклот.Извршен бил увид од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Почина 21-годишно момче откако со мотор удрил во автомобил

На 17.03.2019 во 14.45 часот на регионалниот пат меѓу Гостивар и село Вруток се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Ауди“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од М.З.(62) од Гостивар и мотоцикл „Кавасаки“ со гостиварски регистарски ознаки, управуван од З.З.(21) од Гостивар.Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот на мотоциклот. Извршен бил увид од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гостивар.

Македонија | пред 7 години

vmro_dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: Тоа што сега има странски инвестиции е поради успешните политики на ВМРО-ДПМНЕ во минатото

Зоран Заев и СДСМ манипулираат со граѓаните. Вчера Драган Тевдовски потврди дека политиките на ВМРО-ДПМНЕ во економијата биле добри. Тоа што сега има странски инвестиции кои ја реинвестирале добивката е резултат на успешните политики на ВМРО-ДПМНЕ во минатото, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.„Граѓаните се свесни дека СДСМ и Заев ја урнисуваат економијата. За две години колку што се на власт долгот е зголемен за  над половина милијарди евра.Граѓаните се се посиромашни. Зоран Заев и неговата криминална влада мора да си одат. Победата на претседателските избори на Гордана Силјановска Давкова ќе биде гласило за распишување на предвремени парламентарни избори“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

zorica-cavkova

Ќерката на Чавков: Лага е дека татко ми монтирал случаеви

Ќерката на Митко Чавков вели дека се лаги и клевети тврдењата дека нејзиниот татко монтирал процеси додека беше на власт како министер за внатрешни работи и како директор на БЈБ. Таа се огласи по коментарот на поранешниот директор на Агенцијата за финансиско разузнавање, Ване Цветанов, дека Чавков уништувал семејства и дека освен 30 монтирани случаи имало истраги по негова нарачка и против невладините организации вклучени во „Шарената револуција“.Зорица Чавкова вели дека во јавноста се пласираат лаги за оцрнување на нејзиниот татко.„Ова е класична лага дека монтирал случаеви. Ова сега што се случува е одмазда. Ова е драконска казна. После оваа пресуда сега следува негово шиканирање, омаловажување и оцрнување. Сакаат да го направат криминалец во секој поглед“, изјави Чавкова за ТВ21.

Македонија | пред 7 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Напредокот на земјата се рефлектира и врз напредокот на економијата

Напредокот на земјава во последните 2 години, по децениското уназадување, и успехот во интегративниот процес кон ЕУ и НАТО позитивно влијае и врз економијата, велат од СДСМ.„Тоа го потврдува и рекордниот износ на странски инвестиции во 2018 година од 624,5 милиони евра.Паралелно со растот на странските инвестиции расте индустриското производство и извозот, растат платите.Извозот од индустриските зони во 2018 порасна за 20 отсто и инзесува 2,4 милијарди евра.Реалните економски политики придонесоа во 2018 година растот на индустриското производство да биде најголем во последните седум години.Инвестициите обезбедуваат нови и подобро платени работни места. Во 2018 година забележен е пад на стапката на невработеност на 19,4 отсто, додека платите растат во сите сектори.Спроведувањето на реални економски политики позитивно влијае врз економскиот раст и животниот стандард на граѓаните.Членството во НАТО и ЕУ дополнително ќе ги интензивира овие позитивни економски текови, во интерес на граѓаните. Затоа е многу важно да продолжиме по вистинскиот пат по кој тргна нашатата татковина, тоа е патот на интеграциите, на напредокот, на иднината.Северна Македонија тргна напред и враќање назад нема“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

fiskalni333

Со новата мерка граѓаните ќе добијат 172 евра годишен поврат на ДДВ

Македонско семество кое троши за минималните основни потреби, односно 32.670 денари, колку што изнесува социјалната потрошувачка кошница, ќе добие годишен поврат на ДДВ од само 172 евра, пресмета Фајненс Тинк во својата анализа за овој проект што треба да стартува на почетокот од втората половина од 2019-та, пишува Фактор.мкАко едно такво домаќинство троши 392.040 денари годишно, преку сметките на државата ѝ плаќа ДДВ во износ од 1.146 евра. Според тоа, може да очекува поврат на ДДВ од 172 евра за една година, односно 15 отсто од сумата..Само најбогатите домаќинства кои годишно трошат 1,2 милиони денари (околу 20 илјади евра) ќе можат да вратат една просечна плата со новонајавената мерка за поврат на ДДВ.Вкупниот годишен поврат на ДДВ кај сите домаќинства ќе изнесува 49,5 милиони евра, иако премиерот Зоран Заев најави дека годишно со повратот на ДДВ граѓаните ќе добијат меѓу 60 и 100 милиони евра годишно.

Македонија | пред 7 години

pendarovski4

Пендаровски: Не сум само кандидат на СДСМ и ДУИ

Првпат Македонците и Албанците на претседателски избори во Северна Македонија ќе имаат заеднички кандидат, Стево Пендаровски, кој порачува дека рецепт за успех на избори во една мултиетничка држава е да се обезбеди поддршката на сите етнички заедници и мнозинството граѓани, пишува белградскиот весник „Политика“.– Имам поддршка од 31 политичка партија и не сум само кандидат на СДСМ и ДУИ, бидејќи во коалицијата која ме поддржува има и три други политички партии на Албанците, како и политички партии на Србите, Турците, Бошњаците, Ромите и Власите. Гаранцијата за успех никогаш не може да биде 100 процентна, бидејќи многу работи зависат од кандидатот и кампањата, но рецепт за успех на избори во една мултиетничка држава, како што е Република Северна Македонија, е всушност да се обезбеди поддршка од сите етнички заедници и мнозинството граѓани, изјави Пендаровски во интервју за „Политика“.Пендаровски, кој е национален координатор за НАТО во кабинетот на премиерот Зоран Заев, истакна дека зголемениот интерес на големите сили за Балканот има врска со аспирациите на Црна Гора и Северна Македонија за членство во НАТО, на што се спротивставува Русија.Тој очекува дека со влезот на Северна Македонија во Алијансата тензиите ќе се намалат, а тогаш Скопје ќе може поинтензивно да ги подобри односите со Москва.– На линија со клучните меѓународни фактори од двете страни на Атлантикот, идниот одговор меѓу Србија и Косово треба да ја зајакне, а не да ја ослабне регионалната стабилност. Треба да се затвори тој вековен проблем, но притоа да не се отвори друг проблем, смета Пендаровски.Тој нагласи дека меѓу Србија и Северна Македонија не постојат отворени политички прашања, а економската и трговската размена имаат констатно позитивен раст.– Има простор за унапредување на економските односи. Оптимист сум дека во годините кои се пред нас на тој план ќе имаме голем напредок, имајќи предвид дека сите имаме иста целта – подобар живот за сите наши граѓани, нагласи Пендаровски во интервјуто за српскиот весник.

Македонија | пред 7 години

presuda-27-1

ВМРО-ДПМНЕ: Притворот за Чавков и останатите лица од 27 април е незаконски

Целиот процес поврзан со случувањата на 27-ми април е политички монтиран и мотивиран. Пресудите се драконски и нарачани од ликови како Заев и Пендаровски кои сопствениот очај го лечат со одмазда кон сите кои мислат поинаку и не се согласуваат со нивните антидржавни политики, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Судот противзаконски ги определи и притворите на обвинетите во случајот 27-ми април. Правен преседан од светски рамки е да се определува притвор, при важечка гаранција.Судот постапи спротивно на член 144 став 2 од ЗКП, кој вели дека судот може да определи две мерки, освен кога определува притвор. Законот е јасен, притворот за Митко Чавков и останатите лица кои претходно имаа изречено мерка за обезбедување присуство - гаранција е незаконски.Обвинетите со ниту една постапка, во ниту еден момент не биле недостапни за судот. Дел од нив имаат високи гаранции кои го опфаќаат целиот нивен имот, тие се семејни луѓе со деца, сопруги и стари родители. Мерката притвор е целосно незаконска и неоснована.Кацарска судството и Русковска обвинителството целосно ги извршуваат нарачките на Заев, кој преку правосудството врши политички прогон врз неистомислениците.Постапката против десетици македонски припадници на безбедносните сили и патриоти е неаргументирана и без докази. Во пресудата исчитана од Русковска немаше елементи на кривичното дело тероризам, ниту докази за поврзаноста и причинско последичните врски помеѓу делото и обвинетите. Пресудата е чист политички памфлет на лик на соопштенијата на СДСМ.Кацарска судството и Русковска обвинителството не работат согласно закон, работат по диктат. Незаконието мора да запре, затоа потребно е победа над СДСМ на предвремени парламентарни избори, кои се возможни со победа на Гордана Силјановска Давкова на претседателските избори“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

19 сообраќајки изминатиот викенд, 10 лица со телесни повреди

Десет лица се здобиле со лесни телесни повреди во девет сообраќајни незгоди од вкупно 19 што се случиле изминатиов викенд на подрачјето на Град Скопје. Во 10 сообраќајни незгоди е причинета матерјална штета.Според податоците на МВР, полицијата исклучила од сообраќај 144 возачи кои се движеле со поголема брзина, тројца возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 58 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и шест почетници.Полицијата од сообраќај исклучила седум технички несправни возила и 42 нерегистрирани возила.Евидентирани биле и 163 возачи за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ биле подигнати 153 возила.Казнети се и тројца пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, осум возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, тројца возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, двајца за неправилно престигнување, 11 за не користење на заштитен шлем од страна на возачите на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл, десет за не носење сигурносен појас  за време на управување на моторно возило и 33 за користење на мобилен телефон за време на управување моторно возило.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Сончево и топло со температура до 25 степени, од утре промена на времето

Денеска претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 25 степени.Во Скопје сончево и топло. Максималната температура ќе достигне до 23 степени.Утре во попладневните часови ќе има услови за локален дожд со грмежи, особено во планинските подрачја. Во среда ќе има зголемена облачност со локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен северен ветер, што во следните денови ќе предизвика позначително намалување на дневната температура.

Македонија | пред 7 години

avtopat-tetovo-skopje

Сообраќајот се одвива по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.Ве информираме дека автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. На автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер. Апелираме до сите возачи да не го користат автопатот.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Без струја дел од Аеродром, Кисела Вода и Илинден

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Аеродром, Кисела Вода и Илинден.ОД РЦУК – Скопје информираат дека од 8:30 до 13:00 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. „Водоча“ и ул. „Мите Богоевски“ бр. 2 во општина Аеродром, од 8:30 до 13:30 часот дел од улиците „Јустинијан Први“ и „Речиште“ после училиштето во село Драчево, како и дел од ул. „Студеничанска“ во општина Кисела Вода.Без струја од 8:30 до 15:30 часот ќе бидат и корисниците од село Кадино, фирмите Амајлија, Метал Амајлија, Гранд Кадино, Интергрос и дел од село Марино во Општина Илинден.

Скопје | пред 7 години

dimitrov-nikola

Димитров и Османи на средба со министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров денеска во Брисел ќе учествуваат на работниот појадок со министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ што го организираат министрите за надворешни работи на Грција и Романија, Катругалос и Малешкану.Според МНР, Димитров ќе брифира за тековните достигнувања во контекст на евроинтеграциите, за спроведувањето на Договорот од Преспа, реформските резултати и генералните очекувања од земјите-членки во насока на донесување одлука за почеток на пристапните преговори со земјата во јуни оваа година.Димитров и Османи ќе бидат дел од владината делегација што ја предводи премиерот Зоран Заев на утрешниот редовен 15. состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу нашата земја и ЕУ. Со оглед на ротирачкото претседателство, со состанокот ќе претседава премиерот Заев, додека копретседавач ќе биде високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини. Советот ќе биде претставуван и од еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, а во владината делегација од македонска страна ќе биде и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.За време на престојот во Брисел предвидено е Димитров да оствари средба со Хан и да има средби со повеќе министри за надворешни работи од земјите-членки на ЕУ, како и други средби со претставници од европските институции.

Македонија | пред 7 години

siljanovska-davkova

Силјановска Давкова:Македонијо, време е да ја спречиме оваа еколошка катастрофа што се случува во Охрид и Струга!

Кандидатот за претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова денеска во работна посета на Охрид и Струга.Таа по посетата на градот и средбата со граѓаните на социјалната мрежа фејсбук напиша:-Беззаконие владее среде прекрасна природа, од Лагадин до струшкото крајбрежје!Ако ја сакаме Македонија ќе ја чуваме со закон.Македонијо, време е да ја спречиме оваа еколошка катастрофа што се случува во Охрид и Струга.До кога локалната самоуправа и Владата ќе го игнорираат гласот на граѓаните?До кога ќе се игнорираат препораките на еколошките невладини организации? Право и правда, наспроти профит и клиентелизам, стои во Фејсбук статусот на Силјановска.https://www.facebook.com/kandidat.za.pretsedatel/photos/pcb.800435210314356/800435136981030/?type=3&theater

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Пожар на Водно - гори сува трева

На потегот меѓу селата Нерези и Крушопек на падините на Водно гори сува трева, информира за МИА командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски.Според него, на терен се две противпожарни екипи кои работат на локализирање на пожарот.

Скопје | пред 7 години

vucicc-sah

(ФОТО) Вучиќ вежба за „мат потег“

Претседателот на Србија Александар Вучиќ на својот Твитер профил сподели фотографија на која се гледа како игра шах со министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ.Тој сакајќи да пренесе некаква порака на Твитер напиша:-Во Претседателството, кратка пауза пред попладневните активности. Српската храброст и чесност секогаш ги победуваат насилниците.Инаку Претседателот на Република Србија ја напушти зградата на Претседателството на главната врата при што имаше краток разговор со малкумината останати пред објектот.Демонстрантите довикуваа и го навредуваа, а Вучиќ им одговори: „Нема ништо од тоа“.Претходно демонстрантите тврдеа дека нема да му дозволат да замине, односно дека ќе замине од објектот „само низ глувчешки канали“.Вучиќ заминал преку спореден излез.

Свет | пред 7 години

53926413_126169931854314_7708060089667551232_n

Силјановска на Твитер: Не се секирајте се разминавме :)

Двајцата претседателски кандидати поддржани од владејачката коалиција и од опозицијата, Стево Пендаровски и Гордана Силјановска денеска преубавото време, но и агендата ги донесе во Охрид. Тие оддржуваат одделни средби со граѓаните.Токму тоа што и двајцата избраа ист ден за Охрид ја инспирира Силјановска Давкова да се пошегува на Твитер. Опозицискиот кндидат за претседател напиша:„Твитерџии ве поздравувам од преубавиот Охрид. И мојот противкандидат денес е во Охрид. Не се секирајте се разминавме:) 

Македонија | пред 7 години

kamioni

Русија не сака Северно Македонски зеленчук туку Македонски

Македонски извозници натоварени седат во Полска, чекаат да заминат за Калинин град во Русија, велат извори за Сител. Стравуваат да тргнат за да не бидат вратени од руските цариници, поради неусогласеност на документите од двете земји по промената на името на државава. Од државниот инспекторат за земјоделство посочија дека засега не е вратен никој. Еден камион натоварен со овошје и зеленчук успеал да ја помине границата кон Русија. Но се чекале да пристигнат и другите, објави сител.мк.Земјоделците пак стравуваат за пласманот на производите. На само неколку дена пред да почне откупот на пролетната зелка не се сигурни дали ќе тргне извозот кон Русија.Во меѓувреме од македонско- руската стопанска комора на сила е предупредувањето според кое транспортерите не би требало да тргнат кон Русија и да почекаат неколку дена додека надлежните институции во двете земји не ги усогласат документи за непречен проток на производи.Текстот во целост на Сител.мк

Македонија | пред 7 години

1-9

Пендаровски од Охрид: Како претседател ќе водам напред, македонските граѓани ќе бидат лидери на балканското пријателство

Посебно задоволство ми е што сум денеска меѓу охриѓани и што се наоѓам во Охрид кој бил отсекогаш и денеска е духовен, цивилизациски и историски центар на Балканот. Во последниве две години новата влада на Република Северна Македонија започна со сосема поинаква политика, и започна да ја вади земјата од изолацијата во која беше претходно 11 години. Значи, со тој тип на политика постепено Македонија си го зазема своето место на природна раскрсница на Балканот, истакна Стево Пендаровски, заеднички кандидат за претседател.Наместо да продуцираме лоши вести, ние почнавме да продуцираме добри вести и да се поврзуваме со сите соседи и со Европа и светот.По носењето на тешки одлуки во изминативе две години ние практично ги затворивме сите отворени прашања што ги имавме со нашите соседи и сега доаѓа период кога граѓаните на  Северна Македонија ќе почувствуваат благодет од тие одлуки кои беа донесени. Започнува интензивно инфраструктурно поврзување со сите соседи, започнува интензивирање на економските и трговските односи со сите нив.Сакам да кажам дека јас и досега бев дел од оваа владејачка структура која ги поддржуваше тие политики таа стратешка ориентација на Македонија, а како претседател имам намера да ги предводам тие процеси.Помина времето кога Северна Македонија беше земја во која никој не доаѓаше, а нас никаде не не канеа. Денеска сме пример за поширокиот регион и тоа е единствениот начин, земја на крстопат како што е нашата да просперира и конечно да стане дел од семејството на модерни нации и држави, истакна Стево Пендаровски, заеднички кандидат за претседател.На трбинина со охриѓани Пендаровски го посочи успехот на државава кој се постигна за релативно краток период. Преку градење на одлични добрососедски односи, преку решавање на долгогодишните спорови Северна Македонија стана држава пријател со соседите и демократскиот свет.-Благодарение на тоа градење пријателства следуваат бројни економски придобивки за граѓаните. Конечно после 32 години имаме железничко поврзување со Грција и интезивно градење на пругата кон Бугарија. Наскоро започнува изградба на автопат кој ќе не поврзе со Албанија а веќе се гради автотпатот кон Косово. - истакна Пендаровски.Република Северна Македонија станува политички и стратешки лидер на Балканот.-рече Пендаровски на средбата со пензионерите од Охрид.-Не можеме да напредуваме ако останеме изолирани. Сите предизвици за мир, стабилност и подобар живот треба да ги водиме заеднички, бидејќи само така може да успееме. Со здружени сили Македонија ја претвораме од држава која решава политички проблеми, во силна и отворена земја со која сите се гордееме. Македонските граѓани со својот претседател ќе бидат лидери на балканското пријателство, на еден Европски Балкан. Јас ќе бидам таков претседател, кој ќе обединува, кој ќе води напред, кон ЕУ, кон НАТО, кон пријателства и нови европски вредности на Балканот, во интерес на сите наши граѓани, додаде Пендаровски Заедничкиот кандидат, за претседател, Пендаровски посетата на балканскиот бисер, Охрид ја заокружи со средба со младите.Средбите на Пендаровски денеска попладне продолжуваат со граѓаните на Кичево.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Разбојништво во казино во Скопје

На 17.03.2019 околу 04.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во казино на булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје непознат сторител извршил разбојништво и одзел пари од дневниот промет.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

tepacka1

Малолетнички се степале во угостителски објект во Скопје

На 16.03.2019 во 15.00 часот во Полициската станица Центар, А.П.(47) од Скопје пријавила дека на 15.03.2019 во 22.00 часот во угостителски објект на улица „Костурски Херои“ нејзината 15-годишна ќерка била физички нападната од две малолетнички, што ги познавала.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања