Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

obvinitel-rajcev

Рајчев си ја отвори душата: ОЈО нема нема истражен центар, нема истражители, недостасуваат обвинители

Додека цела Македонска јавност еден месец очекуваше одговор од обвинителството, за причините поради кои се случи автобуската несреќа кај Ласкарци, обвинителството призна дека мака мачело за да обезбеди кадар кој треба да излези на терен и да ги собери доказите за несреќата.„Со оглед на тоа дека станува збор за доста обемна предистаржна постапка , работат 2 обинители , бидејќи ова во Скопје е најголемо обвинителтво и покива 90 % од криминалот во Македонија, нема истражен центар, нема истражители, недостасуваат 16 јавни обвинители . По систематизација од 85 стручни работници имаме само 16, од 35 дактилографи по систематизација имаме само 10. Оваа година завршивме со долг од над 9 милиони денари , за вештачења, преводи ...  По наредба побаравме 3 истражители од МВР и ги добивме,  за обемната постапка за несреќата кај Ласкарци, истакна обвинителот Сашо Рајчев, на денешната пресс конференција на која еден месец по автобуската несреќа најголема во земјава, беа соопштени детали за истата.Прашање кое се наметнува, зошто недостасувале 16 обвинители и кадар во ОЈО, кога во целата држава се вработиваат партсики кадри во админситрацијата и роднини на фунцкионери?

Македонија | пред 7 години

promocija-na-kniga00

Турција, најголем странски инвеститор од земјите надвор од ЕУ во земјава

 Вкупните странски директни инвестиции (СДИ) во Република Северна Македонија од 1997 до 2017 година изнесувале 4,7 милијарди евра и имаат ниско учество во бруто домашниот производ на државата. Најголеми директни инвестиции во овој период се дојдени од Холандија, а потоа следат Австрија, Грција, Словенија и Унгарија, а од 2015 година на шесто место по СДИ се појавува Турција од каде од 1997 до 2017 година влегле 252,3 милиони евра.Ова беше истакнато на вчерашната промоција на книгата „Странските директни инвестиции од  Република Турција и социо-економскиот развој на Република Македонија“ на д-р Есфер Алији во која се сублимирани резултатите од сеопфатното истражување на авторот на странските директни инвестиции во Република Северна Македонија и нивното влијание на економскиот развој на земјата, со посебен осврт на инвестициите кои доаѓаат од Република Турција.Направеното истражување претставува солидна основа за понатамошни анализи и истражувања кои можат да придонесат за зголемување на обемот на странските директни инвестиции.-Странските директни инвестиции како долгорочен извор и катализатор на економската активност секогаш беа и по се изгледа ќе останат актуелна проблематика во земјава. Општите резултати од ова истражување покажуваат дека економската соработка меѓу Република Македонија и Република Турција е интензивна и активна во повеќе сегменти, а посебно во однос на СДИ. Иако растот на СДИ од Република Турција и трговската соработка бележат значаен тренд на раст во последнава декада, сепак детектиравме дека сé уште има сектори и сегменти во македонската економија каде што постојниот потенцијал за соработка не е искористен, што претставува солидна основа за понатамошни анализи и истражувања, истакна Алији.Според истражувањето на авторот, СДИ во Република Северна Македонија, иако имаат нагорен тренд, сé уште се многу мали и имаат мало учество во формирањето на бруто домашниот производ (БДП). Па така, во периодот 2003-2017 просечно годишно учество на СДИ во БДП изнесува околу 3,62 отсто.Република Турција со нивото на СДИ е најголем странски инвеститор во Република Северна Македонија од земјите надвор од ЕУ. Според официјалните податоци, од Република Турција кај нас се регистрирани 1013 правни субјекти, има 48 регистрирани подружници, во нив се вработени 4.190 лица, со вкупна актива од 392 милиони евра. Позначајни и попознати директни странски инвестиции од Турција во овој период се ТАВ, Џевахир холдинг, Лимак Холдинг, Аџибадем груп, Халк банк, Рамстор, Суташ, Европска очна клиника.Како што беше истакнато на промоцијата, растот на трговската размена меѓу двете земји е причината зошто турските индустријалци и бизнисмени сé повеќе инвестираат во Македонија.Во 2017 година вкупната трговска размена на Република Северна Македонија изнесува 11.688 милиони американски долари, од кои 4.854 милиони долари се извоз и 6.834 милиони долари увоз. Македонија најмногу тргува со Германија, Британија, Грција, Србија, Бугарија, Италија, Кина и со Турција со која во 2017 година вкупната размена изнесувала 456 милиони долари, од кои 367 милиони долари увоз и 88 милиони долари извоз. За споредба, во 2000 година, на пример, вкупната размена изнесувала само 63 милиони долари.Според авторот, СДИ од Република Турција во БДП и во вкупните СДИ во Македонија се одвиваат по нагорна линија. Исто така во периодот од 2010 до 1016 година растот на СДИ од Република Турција е поголем од реалниот раст на вкупните СДИ и БДП на Македонија.Човековата поврзаност, културните интеракции и трговски инвестициски односи меѓу Република Македонија и Република Турција се многу важни и треба да се задржат. Има голем потенцијал за соработка меѓу двете земји кој сé уште не е искористен, кој ќе влијае на понатамошниот раст на СДИ од Турција, а тука се истакнуваат и слободните економски зони чии поволности не се доволно искористени од компании од Република Турција.Алији нотира дека понатамошни приливи на странски инвестиции од Турција во секторите со повисока додадена вредност се многу важни, но од друга страна во иднина треба повнимателно да се следат можностите кои може да произлезат од новите пазарни услови во нафтената индустрија, енергетика и телекомуникациите.

Македонија | пред 7 години

vmro_dpmne

ВМРО ДПМНЕ реакција: Фактите говорат дека македонската економија со СДСМ го допре дното

Во време на глобално поволна економска клима, растот на БДП и на платите во Македонија е најмал во регионот. Залудно СДСМ лаже и ја манипулира јавноста. Граѓаните на своја кожа ги чувствуваат нивните погрешни економски политики, се вели во реакцијата од ВМРО ДПМНЕ.Од партијата додаваат: Фактите говорат дека македонската економија со СДСМ го допре дното. Криминалниот картел предводен од Зоран Заев ја доведе државата до питачки стап. Заради нивното расипништво повеќе од 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата и оваа бројка од ден на ден вртоглаво расте.За расипништвото на СДСМ говорат и секојдневните задолжувања од кои граѓаните не видоа никаков бенефит. Власта која ветуваше дека нема да се задолжува сега не направи најзадолжена држава. Откако се тие на власт јавниот долг надмина 5 милијарди евра што за прв пат ја надмина психолошката граница од 50%.Неспособноста на СДСМ ја потврдуваат мизерните 2,05% раст на БДП, бројка што е многу помала од најавуваните 5 или 7%. Капиталните инвестиции за јануари годинава изнесуваат срамни 1% и е многу веројатно дека и годинава како и минатата година СДСМ нема да реализира ни половина од планираните капитални инвестиции.Додека пак странските инвестиции со кои сега се фалат се инвестициите кои ги донесе или ги договори владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, по кои СДСМ претходно фрлаше со дрва и камења. И тие се единствената светла точка во нивната економија, а граѓаните се уште ги очекуваат Гугл и Фејсбук чии инвестиции Заев бомбастично ги најавуваше.СДСМ покажаа дека не се способни да раководат со државната економија. Единствено што донесоа беда и сиромаштија. Неуспесите на економски план на Македонија може да запрат само доколку СДСМ си заминат. Токму затоа почетокот на падот на овој криминален картел ќе почне со претседателските избори кога ќе ја добија казната од македонските граѓани, стои во реакцијата од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

obvinitel-rajcev

ОЈО: Главна причина за несреќата е недозволена брзина и неисправност на сопирачките

Јавниот обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје, Сашо Рајчев  на прес-конференција ги презентира информациите за текот на постапката во врска со автобуската несреќа кај Ласкарци. Седум лица се приведени за автобуската несреќа кај селото Ласкарци, меѓу кои и сопственикот на компанијата „Дурмо турс" и возачот на автобусот . Обвинителството бара да се отвори истрага за шест од нив, а за седмото лице бара мерка на претпазливост.Според Рајчев главна причина  за несреќата е недозволена брзина и неможноста возачот  навреме да реагира, но и неисправноста на уредот за сопирање. Според вештите наоди рече Рајчев, евидентирани се кочења, но откако возачот ја поминал заштитаната ограда.„Вештите лица кажуваат дека шоферот изгубил контрола над управувачот, а придонес за тоа се брзината и потоа во одбегнувањето на незгодата, неисправноста на сопирачките за да го запре автобусот.“, истакна обвинителот Рајчев.Основното јавно обвинителство Скопје ги гони приведените за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Овие лица, како што соопштија од обвинителството во моментов се во полициска станица, по што ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка во Основсниот суд Скопје 1 и за нив обвинителството ќе бара мерка притвор.За седмиот осомничен кој издал документација дека работи тахометарот, иако не била направена проверка, ОЈО ќе бара мерки на претпазливост. Тој ќе одговара за несовесно работење во служба.Инаку и во јули 2018 биле евидентоирани недоследности во уредите на сопирачки на овој автобус, но сепак му било издадено одобрение за исправност.Несреќата се случи на 13 февруари кога автобусот на „Дурмо турс" со 51 патник излета од патот Тетово-Скопје и падна во провалија откако ја проби заштитната ограда на автопатот.

пред 7 години

36103397_303

Мицкоски ја ниша фотелјата на Јанева

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, покрај досегашните обвинувања за работата на СЈО, вчера изјави дека има и други индиции. Јанева тврди дека СЈО ја потврдило довербата. Надлежноста на СЈО и опстанокот на неговиот тим вчера беа една од клучните теми во три тв-интервјуа: со премиерот Заев на „Канал 5“, со Мицкоски на „Сител“ и со Јанева на „1 ТВ“.„Ќе бараме Комисија составена од членови на политички партии да направи комплетна ревизија на работењето на СЈО“, порача синоќа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој уште еднаш ги објасни неговите оценки дадени по лидерската средба со Заев, дека ВМРО-ДПМНЕ „има сериозни индиции дека во СЈО не се работело по закон“.„Дваесет милиони евра пари на даночните обврзници се потрошени, а резултатите се катастрофални. Да истражиме дали овие индиции се точни“, потенцираше Мицкоски.Говорејќи за финансиските средства со кои располага СЈО, обвинителката Катица Јанева на „1 ТВ“ изјави дека со исклучок на почетокот кога се формирала институцијата, вообичаено трошeле околу 70 отсто од доделените средства, а таков бил и трендот за тековната година.Мицкоски: Имам индицииНо, обвинувањата на Мицкоски не се однесуваат само на начинот на кој се користел буџетот на СЈО.„Јас имам индиции и дека близок роднина на специјалната јавна обвинителка е дел од менаџментот на една телевизија и дека се користи нејзината позиција во комуникација со потенцијални спонзори на таа телевизија“, обвини Мицкоски.Јавноста не доби одговор од Јанева за ваквите обвинувања, бидејќи во синоќешното тв-интервју изостана прашање на таа тема.Но, веќе е извесно дека ВМРО-ДПМНЕ на овие тези ќе ги гради преговарачките позиции при усогласувањето на решенијата во предлог-законот за Јавното обвинителство, со кој се уредува и надлежноста на СЈО во рамките на редовното Обвинителство. Мицкоски во неколку наврати изјави дека Јанева „го загубила комплетниот професионален кредибилитет за да ја добие опозициската поддршка, вклучително и нејзиниот тим“. Засега тој не ја открива аргументацијата за ваквото тврдење, а партиски извори неофицијално најавуваат дека „ќе дојде време и за тоа“.Премиерот Заев вчера потврди дека на средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ имале различни ставови во однос на обвинителката Јанева и нејзиниот тим.„Јас сум поддржувач на тимот на СЈО, затоа што јавно учествувавме во селекцијата на обвинителите во 2015 година, и власта и опозицијата. И навистина оваа институција покажа капацитет, а тоа го препознаа како дома, така и странците кои ни помагаат во правосудниот систем“, рече Заев, додавајќи дека СЈО долг период било искра надеж на враќање на правната држава.Тој најави дека oчекува квалитетно законско решение за СЈО во кое сите ќе веруваат.Работни групи ќе го пеглаат законотСпоред сегашното решение, мандатот на Јанева истекува на 15 септември годинава. Таа е уверена дека аргументите и резултатите се на страна на СЈО и дека по усвојувањето на законот за јавното обвинителство и натаму ќе остане на чело на институцијата, под какви било услови, бидејќи се смета за професионалец. Апелираше до пратениците да го препознаат моментот и да гласаат за донесување на законот, посочувајќи го како важен предуслов за влез во ЕУ и НАТО.Каква ќе биде последната верзија на законскиот предлог ќе зависи од учинокот на работните групи на власта и опозицијата. Три дена по лидерската средба, Мицкоски вчера соопшти дека од нивна страна била утврдена работна група, но изрази разочараност што нивната работа ќе биде посветена само на две законски решенија - за законот за Јавното обвинителство и за Агенцијата за национална безбедност.„Повеќе сакав да разговараме околу структурните реформи за иднината на земјата во други области како економијата, образованието и здравството, но очигледно Владата не ги напушта тие стари навики да обезбеди некакво законско решение со кое би можела да врши и во иднина политички притисок врз неистомислениците или пак да врши определни активности кои може да компромитираат и контаминираат политички неистомисленици. Ние позитивно одговоривме и номиниравме наши претставници и очекувам дека во најскоро време ќе отвори дијалог по овие две теми“, изјави Мицкоски. DW.COM

Македонија | пред 7 години

stop-policija

МВР: 32 возачи „лудувале“ во улици, 14 возачи исклучени од сообраќај

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 32 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 14 возачи од кои: 12 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и двајца возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така, исклучени од сообраќај се и 18 возила бидејќи 16 биле нерегистрирани и две возила биле технички неисправни.Санкционирани се двајца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради неправилно престројување, двајца поради неправилно престигнување, еден возач поради неносење заштитен шлем при управување на мотор, тројца возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 20 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатиот ден издадени се 120 мандатни платни налози и 97 возила се подигнати со специјално возило пајак.Изминатиот ден се случиле девет сообраќајни незгоди во кои едно лице се здобило со тешки телесни повреди и едно лице поминало со телесни повреди.

Македонија | пред 7 години

iveqgpr0mxohbhtipzy0

Хакерски напад го сруши Фејсбук, мрежата денеска повторно во функција

По вчерашниот најголем пад во историјата Фејсбук, социјалната мрежа денеска повторно во функција, но, се уште има проблеми, јави Си-Ен-Ен.Од компанијата „Фејсбук“ нагласија дека не се работи за хакерски напад, без да соопштат повеќе детали. Исто така, големи проблеми се уште имаат Инстаграм, ВатсАп и Месинџер, апликации кои се во сопственост на Фејсбук.Првите проблеми се случија вчера околу 17 часот. Фејсбук последен пат имаше вакви големи проблеми во 2008 година. Но, тогаш имаше околу 150 милиони корисници, за разлика од сега – 2,3 милијарди.

Магазин | пред 7 години

BeFunky-collage-6

Кардиохирургот Петар Ристески со свое предавање во Мастрихт

Македонецот Петар Ристески кој 15 години работи на Клиниката за таракална и кардиоваскуларна хирургија при универзитетот „Џон Волфганг Гете“ во Франкфурт продолжува со активно учество на светски научни собири.Тој во периодот од 8 до 10 март на 24- Европски васкуларен курс во Холандија одржа предавање за минимално инвазивен третман на опсежна аорта и на аортниот лак. На конгресот во Мастрихт беа  презентирани најновите достигнувања во кариохирургијата.Петар Ристески на овој научен собир учествуваше по покана на претседателот на конгресот, професор доктор Мишел Јакобс.Во рамките на конгресот, др. Ристески изведе обука на кариохирурзи, учесници на конгресот, за оперативниот третман со оваа нова, иновативна и оперативна техника. „Ваквите настани се одлична можност за размена на знаења и искуства меѓу кардиоваскуларните хирурзи од различни страни на светот, како и можност за примена на нови технологии, методи и техники во решавање на најкомплексните проблеми од областа на кариоваскуларната хорургија“, рече доктор Ристески.Ристески е македонски кардиоваскуларен хирург кој  15 години работи на Клиниката за таракална и кардиоваскуларна хирургија при универзитетот „Џон Волфганг Гете“ во Франкфурт, Германија. Од 2015 година, тој е шеф на оддел за аортна хирургија.

Македонија | пред 7 години

nesreka-prvi-momenti

Приведени 6 лица за несреќата кај Ласкарци

Полицијата приведе шест лица во врска со автобуската несреќа која се случи на 13-ти февруари на автопатот Скопје-Тетово, во близина на селото Ласкарци, каде што животот го загубија 15 лица, објави Алсат.Алсат, неофицијално дознава дека меѓу приведените лица се и возачот на автобусот како и сопственикот на „Дурмо Турс“.Јавното обвинителство денеска во 10,30 часот ќе одржи прес-конференција. 

Македонија | пред 7 години

tifani

Зошто е Тифани Трамп во Белград?

Тифани Трамп трн в око на српските медиуми. Таа се шета низ Белград облечена во лежерно издание, но со огромен број на телохранители околу неа.https://www.instagram.com/p/Bu6H5LKhhzv/Медиумите објавуваат дека 25-годишната ќерка на Доналд, Тифани Трамп деновиве ќе престојува во Србија, додека е на пролетен распуст. Но, се појави и веста дека наводно Тифани го одбрала Белград како дестинација за тајно да се венча со своето момче.Тифани во текот на вчерашниот ден е забележана како шета низ градот, а ја следело и американско обезбедување, како и српски полицајци во цивилно.

Магазин | пред 7 години

Slika-Frosina-18-12

Ременски ја спори логиката на Мицкоски за „27 април“

Пратеничката од редовите на СДСМ, Фросина Ременски негодува оти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека обвинетите за „27 април“ се невини и жртви на прогон.„Види логика еј? Мицковски судењето за 27 април и притворот за Чавков го споредува со судењето на нацистите во Нирнбершкиот процес и истовремено тврди дека обвинетите за 27.04 и Чавков се невини, жртви на прогон и големи патриоти? Алоооо, и судените во Нирнберг да не беа невини, прогонувани и патриоти? Каде и која му е логиката на оваа споредба и "навигација"? Нека му каже некој да прочита повеќе за Нирнбершкиот процес, сведочењата обвинетите, оправдувањата што си ги давале за злосторствата и сл. Единствената можна компарација со Нирнберг е потврдата на функционирањето на "теоријата на штрафови и запчаници" и "за одговорноста" што од овие процеси ги објасни големата Хана Арент.  Но, Хана Арент очигледно не е литература за Мицковски“, напиша Ременски.

Македонија | пред 7 години

boing

Несреќата во Етиопија доведе до приземјување на сите авиони „боинг 737 макс 8“

Американскиот претседател Доналд Трамп издал итна наредба веднаш да се приземјат сите авиони Боинг 737 , по несреќата во Етиопија, кога се урна авион од овој тип и загинаа сите 157 патници и членови на екипажот.Претседателот истакнал дека Боинг е одлична компанија, но според него безбедноста на граѓаните е поважна. Претходно, Канада ги забрани летовите на новиот авион Боинг 737-Макс 8. Канадскиот министер за транспорт, Марк Гарно во Отава кажа дека одлуката била донесена по добиените сателитски податоци кои укажуваат дека несреќата во Етиопија и онаа во Индонезија биле слични.Компанијата пак Боинг објави дека ќе ја суспендира целата флота Боинг 737 и тоа сите 371 авиони.За само неколку месеци ова е втора авионска несреќа на нов Боинг 737 , откако во октомври минатата година во Индонезија падна ист таков авион и загинаа сите 189 патници и членови на екипажот. 

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Мафијашкото владеење на Зоран Заев се базира врз политичкиот прогон на неговите неистомисленици

Македонија е заробена држава, заробена од заевизмот, систем на владеење кој ја укина правната држава и владеењето на правото во Македонија.Мафијашкото владеење на Зоран Заев и неговиот клан се базира врз  политичкиот прогон на неговите неистомисленици. Оние кои први го кренаа гласот против оваа одродена и криминална власт, станаа првите жртви на нејзиното владеење, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Македонија е единствената држава во демократска Европа во која во 21 век во затворите се уште има политички затвореници, луѓе кои таму се наоѓаат само поради различните политички ставови со Зоран Заев.Кацарска судството и Русковска обвинителството се симболи на заевизмот, симбол на неостварените ветувања за правда во Македонија, симболи на политичкиот кој не бира средства и начини за вршење тортура врз  политичките противници на власта.Доказ за политичкиот прогон во Македонија е и преседанот со апсењето на поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков кој беше приведен на мафијашки начин со измислена службена белешка, и покрај дадената парична гаранција, само неколку дена пред да биде изречена пресудата за политички монтираниот случај за 27 април.Правото и правдата во Македонија мора да се врати. На заевизмот кој е реминисценца на криминалната транзиција мора да се стави крај. Победата на Гордана Силјановска Давкова на претседателските избори ќе го најави враќањето на правото и правдата во Македонија, ќе го најави поразот на заевизмот и враќањето на правдата во нашата држава. Правната држава ќе се врати во моментот кога Зоран Заев ќе стане минато на македонската политичка сцена, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ. 

Македонија | пред 7 години

43723215_10212839101392694_6035299116764889088_o

Девет сообраќајки за 24 часа во Скопје: Возачи минувале на црвено, со недозволена брзина и неисправни возила

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала 32 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, 12 пред да се стекна т со право на управување на моторно возило, и двајца почетници, како и две технички неисправни и 16 нерегистрирани возила.Санкционирани биле и двајва возачи кои  поминале на крстосница на црвено светло, еден возач за неправилно престројување, двајца возачи за неправилно престигнување, еден возач за не користење заштитен шлем,  тројца  возачи за не носење сигурносен појас и 20 возачи користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.Затекнати биле 120 непрописно паркирани возила, а со специјалното возило „пајак" биле отстранети 97 возила.Во текот на денот Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукатини работилници во ООУ „Гоце Делчев" на подрачјето на општина Аеродром, со ученици од второ и четврто одделение, во рамките на сообраќајно воспитниот проект „Да ги заштитиме децата во сообраќајот".Одделението за превенција денеска ќе реализира посебна воспитна мерка сообраќајна поука, на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на возачи (мобилен, појас).

Скопје | пред 7 години

3-1

Средба Џафери-Данчила: Членството на СРМ во НАТО и ЕУ значи безбедност на цел Западен Балкан

Работната посета на Романија, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери ја заокружи со средбата со Премиерката на Романија, г-ѓа Василика Виорика Данчила.Премиерката, г-ѓа Данчила искажа задоволство од средбата и упати честитки за усвоените реформски закони и надминувањето на отворените прашања со соседните земји. Воедно, упати честитки и за денешната ратификација на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО во Сенатот на Романија. Таа подвлече дека проширувањето со земјите на Западен Балкан претставува приоритет за романското претседателство, при што истакна дека отпочнувањето на пристапните преговори на Република Северна Македонија со ЕУ во јуни ќе го сметаат како врвно достигнување на романското претседавање со Советот на ЕУ.Претседателот Џафери се заблагодари за отворената поддршка на Романија и посака успешно претседавање со Советот на Европската унија и успешни претстојни избори за Европскиот парламент. Тој се заблагодари за конзистентната поддршка на нашиот евроатлански пат и подвлече дека за нас членството во НАТО претставува врвен државен и стратешки приоритет за кој има поддршка од граѓаните и широк политички консензус. Претседателот Џафери изрази искрена верба дека за време на Романското претседавање со Советот на ЕУ, Република Северна Македонија ќе ги започне пристапните преговори за членство во ЕУ во јуни 2019 година.Соговорниците истакнаа дека членството на Република Северна Македонија во НАТО и Европската Унија е од големо значење не само за безбедноста и економскиот развој на нашата земја, туку и за целиот регион на Западен Балкан и пошироко. Меѓу другото, се разговараше и за унапредувањето на положбата на претставниците на малцинствата во двете држави, а посебен акцент се стави на интензивирањето на соработката на културен, образовен и економски план. 

Македонија | пред 7 години

nesreka-1

Обвинителството денес ќе ги каже деталите за несреќата кај Ласкарци

Во просториите на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија денеска во 10:30 часот ќе се одржи прес конференција на која ќе бидат презентирани информации за текот на постапката во врска со автобуската несреќа кај с. Ласкарци.Прес-конференцијата ќе ја одржи основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје, Сашо Рајчев.

Македонија | пред 7 години

50442145_275959669736159_3959850110497587200_n

Пратениците без одмор во април, оти Иванов ги бојкотира

Собранието ќе работи и во екот на претседателските избори за да ги донесе повторно десетината реформски закони кои ги бара ЕУ а чии укази не ги потпиша шефот на државата Ѓорѓе Иванов, дознава Гласот на Америка.Веќе е договорено Собранието да заседава и во текот на април, додека трае кампањата за изборите за да се усвојат неколкуте клучни закони. Законодавниот дом не е должен да прекине со работата како во случајот со парламентарните избори, но нема ниту да направи пауза.Според Гласот на Америка, тие ќе бидат објавени само со потпис од собранискиот спикер Талат Џафери, како во случајот со законот за јазици и Преспанскиот договор. Неколку закони. За да бидат усвоени, мора повторно да бидат изгласани од пратениците.Овие акти се неопходни за позитивен извештај од Европската Комисија во јуни, но Иванов не ги потпиша нивните укази за да не бидат објавени во Службен весник и на тој начин да не пишува дека „се одобрени од претседателот на Република Северна Македонија“.Од Кабинетот на Џафери најавиле дека законите ќе се најдат на седница најдоцна до 30 дена од денот кога претседателот Иванов ги вратил во Собранието.  Први „на поправен“ ќе одат Законот за судовите, Законот за прекршоците и Законот за управните спорови кои беа изгласани со двотретинско мнозинство.

Македонија | пред 7 години

siljanovska-1

Силјановска: Ќе победам оти луѓе кои до сега не гласале, ми велат дека сега ќе гласаат

Кандидатот за претседател на Република Македонија проф. д-р Гордана Силјановска Давкова вчера оствари средба со граѓаните од Општина Валандово, каде што разговараше со нив но исто така им посочи дека сигурно овие избори ќе ги добие за да се зачекори чекор напред кон отргање на заевизмот од Република Македонија.„Зошто јас се надевам дека овие претседателски избори може да имаат успешен резултат, да бидат успешни за нас, затоа што не е илузија мислам кога по улиците ме среќаваат непознати луѓе кои велат дека никогаш досега не гласале, дека биле неутрални политички, дека не ги интересирало политиката, но дека сега ќе гласаат.Други велат дека гласале за СДСМ, но нема да гласаат на овие избори. Трети велат дека учествувале во „Шарена револуција“ но дека се било изневерено. Четврти велат студенти дека прв пат ќе гласаат, стигнаа и младите.Мислам дека на наша страна се овојпат правото и правдата и дека навистина имаме шанса во првиот круг да покажеме дека победата ќе биде наша зошто во првиот круг? Зошто среќна околност е ако има таква што овој пат БЕСА и Алијанса ќе одат со сопствен кандидат. Што значи дека опаснота од некоктролирано пребрзо полнење на кутиите сега на некој начин ќе биде зауздана. Оти самите албански партии ќе се контролираат и со тоа ќе го контролираат и т.н. консензуален кандидат“, вели Силјановска.

Македонија | пред 7 години

detski-igralista-4

Ново инклузивно игралиште во Карпош

Општината Карпош даде согласност локалната самоуправа да ја комплетира целокупната техничка документација за завршната фаза за аплицирање на јавниот повик за добивање грант за објект – урбана опрема во вредност од 56.387 швајцарски франци или во денарска противвредност од 3.044, 898.00 денари од Швајцарската агенција за соработка и развој.Средствата ќе се наменат за реализација на проектот „Детско инклузивно игралиште“, кое треба да биде лоцирано во Урбаната заедница Влае 1 кај плоштадот Делфина, веднаш до постојното детско игралиште.Игралиштето ќе биде изградено на земјиште чиј корисник е Општина Карпош, а ќе зафаќа површина од 450 квадратни метри.Заменик-раководителката на Секторот за развој при Општина Карпош, Александра Теова, нагласи дека станува збор за инклузивен проект, кој ќе опслужува деца со посебни потреби од повеќе општини, а не само од општина Карпош. Предвидената локација во населбата Влае со близина е адекватна и за соседните Ѓорче Петров и Сарај.Во оваа фаза од огласот Општина Карпош е прворангирана со вкупно 45 бода, пред општините Сопиште и Ѓорче Петров.

Скопје | пред 7 години

siljanovska

Силјановска: Малцинство во Грција кое зборува друг јазик кое што има свои обичаи и не е грчко

Кандидатот за претседател на Република Македонија проф. д-р Гордана Силјановска Давкова вечерва оствари средба со граѓаните од Општина Дојран, каде што разговараше со нив секојдневните проблеми.Навистина шокантно звучи денешната изјава на портпаролот на Владата дека од другата страна на границата, што ќе рече во Кукуш или како што го викаат Грците Килкис, каде што сите знаеме дека сигурно има многу Македонци, Грција требала сама да одлучи кој бил јазикот што го зборувале луѓето што не биле Грци, ама живееле во Грција. Ете баш така.Неверојатно нешто, како да има покрај македонскиот јазик некој друг јазик. И сега јас се прашувам ако во 1925-тата година е отпечатен „Абецедарот“ и тој може ако не сте го виделе да го купите во „Матица“, 150 денари е, ќе видите дека се што сте учеле и јас што сум учела во прво одделение од „мама меси, Мима носи“, сето тоа е јасно дека е македонскиот јазик.Сигурно не зборувале на говорот на телото, луѓето таму и сигурно „Виножито“ кога ја доби пресудата во Стразбур јасно беше дека тоа беше врзано за правото на формирање на сопствена партија но исто така и за јазикот. И сега сите сме збунети кој е тој друг јазик што има континуитет и врска со Античка Македонија, ама не е македонски јазик, што ќе рече не бил јужнословенски јазик. Жива сум заинтересирана да откриеме. Но на сите ни е јасно има два документи, и не е точно дека е тоа внатрешно прашање на Грција, Советот на Европа има донесено два документи. Едниот документ е Рамковната конвенција за заштита на правата на малцинствата, постоењето на славоговорно малцинство и утврдено уште во 30-тите години, почетокот од Лигата на народите. Значи и тогаш е направен притисок на Грција за креирање или печатење на „Абецедарот“, пресуда има во Стразбур, а исто така има и ОН мисија во Грција дека ја предводеше г-ѓа. Дугал и исто така во Извештајот се утврдува дека има малцинство во Грција кое зборува друг јазик кое што има свои обичаи и не е грчко.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Повеќе села во Скопје без струја

Од „ЕВН Македонија“ информираат дека поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без електрична енергија ќе останат делови на Центар, Чаир, Чучер Сандево и Студеничани.Во периодот од 12 до 15 часот струја ќе немаат корисниците од зградата од блок 12 на улицата Васил Главинов во општина Центар.Во периодот од 10 до 15 часот корисниците од улицата Црвена Вода во општина Центар.Во периодот од 8.30 до 11.30 часот корисниците од зграда од блок 20 на улицата Васил Главинов бр. 3 во општина Центар.Во периодот од 9.30 до 13.30 часот корисниците од бр. 8 и бр. 10 на улицата Самоилова, поранешната фирма „Рубин кармин“ и Фондацијата „Центар за исламска цивилизација“ во општина Чаир.Во периодот од 9 до 14.30 часот корисниците од дел од с. Мирковци во општина Чучер-Сандево.Во периодот од 9 до 15 часот корисниците од дел од с. Батинци во општина Студеничани.

Скопје | пред 7 години

ceska

Министерот за надворешни работи на Чешка ќе дојде во земјава

Министерот за надворешни работи на Република Чешка, Томаш Петжичек денеска ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.За време на посетата тој ќе се сретне со својот македонски колега и домаќин Никола Димитров, по што ќе бидат одржани и пленарни разговори меѓу двете делегации.Предвидено е и потпишување на меморандум меѓу двете министерства, како и заедничка прес-конференција на министрите Димитров и Петжичек.

Македонија | пред 7 години

dik

ДИК се плаши од бојкот на изборите

Иако досегашната пракса покажала дека за време на вторите изборни кругови излезеноста е помала, Деркоски не стравува од непостигнување на законскиот цензус. Единствената опасност, според него, е доколку некоја од поголемите партии се одлучи на бојкот.Без исполнување на цензусот од 40 проценти излезност на запишаните избирачи во првиот круг, претседателските избори ќе пропаднат, на гласачкото ливче нема да стои новото име на државата туку само имињата на кандидатите и знамето, а какво решение на новоизбраниот претседател ќе му издаде ДИК ќе остане енигма барем уште некое време. Претседателот на Државната Изборна Комисија, Оливер Деркоски во интервју за локален медиум вели дека подготовките за претстојните избори привршуваат и потенцира дека бројните пропусти и скандали кои се случија на Референдумот, овој пат нема да се повторат.Денес пак, претседателот на Вадата задолжен за европски прашања, Бујар Османи ќе има работна средба со ДИК

Македонија | пред 7 години

izjava-zaev.Still072

(ВИДЕО) Груевски бил воодушевен и задоволен од Катица Јанева

Кога ги избраа за специјални обвинителки јавноста во нив гледаше надеж дека конечно во земјата ќе дојде ден кога ќе имаме правда и правна држава.Како што минуваше времето така се повеќе растеше разочарувањето од нив.Сега после сите „поплави“ од нив најразочарани се најжестоките борци за правда и шарените револуционери, а единствен задоволен веројатно е Никола Груевски кој уште на 21 септември 2015 ( кога ја избраа Катица Јанева ) изразил големо задоволство од нејзиниот избор.Погледенте го видеото:

Македонија | пред 7 години

033B8756-E26C-4BBC-BCD6-21D85C6DFE2D

Адвокатка за апсењето на Чавков: Ниту еден полициски документ не смее да биде доказ

Адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска со своја стручна анализа за последните случувања и апсењето на Митко Чавков.Нејзиното излагање преку Фејсбук, ви го пренесуваме во целост:Можеби додека трае 21 век, ќе ни текне дека ниту еден полициски документ не смее да биде земен како доказ доколку не се повика во суд изјава да даде неговиот составувач со што ќе се обезбеди:-верификација на документот;-предизвикување на валидноста, вистинитоста и релевантноста на документот од страна на одбраната;-предизвикување на кредибилноста на составувачот од страна на одбраната.И не го „жалам“ Чавков, не го ни познавам, но ве жалам сите вас што не сте свесни дека правната држава претпоставува предвидлива процедура која одбраната ќе има шанси да ја преиспитува и предизвикува-напиша Јошевска Анастасовска на својот Фејбук профил.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања