Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

Mitko-Cavkov

Еве кој е Митко Чавков

Митко Чавков беше новиот министер за внатрешни работи, кој на оваа фукција дошол од позицијата директор на Бирото за јавна безбедност при МВР која ја извршувал од мај 2013 година.Роден е 24 јануари 1963 година. Дипломирал на Факултетот за безбедност во Скопје, магистрирал на Правниот факултет во Скопје и докторант е на Правниот факултет во Скопје.Работното искуство го почнува во Министерството за внатрешни работи. По завршување на приправничкиот стаж работи како инспектор во УБК, началник на Секторот за криминалистичка полиција во Регионалниот центар на МВР во Струмица, заменик-началник на РЦ на МВР во Струмица, виш инспектор за дрога во МВР, началник на Секторот за криминалистичка полиција во РЦ на МВР во Струмица, самостоен инспектор за финансиски криминал во РЦ на МВР во Гевгелија.Чавков потоа работел и како главен инспектор за финансиски криминал во одделот за организиран криминал во МВР, началник на одделот за организиран криминал во Централните полициски служби во Бирото за јавна безбедност при МВР, началник на Центарот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во Централните полициски служби во Бирото за јавна безбедност при МВР, началник на централните полициски служби во Бирото за јавна безбедност при МВР и директор на Бирото за јавна безбедност при МВР.

Македонија | пред 7 години

siljanoska-12

Функционална економија е правна држава, вели Силјановска

Кандидатот за претседател на Република Македонија проф. д-р Гордана Силјановска Давкова денес оствари средба со претседателот на Стопанска комора на Македонија, г. Бранко Азески, во придружба на г. Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ, г. Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и г. Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.Денешната средба со претставниците на Стопанската комора на Македонија беше исклучително корисна, поради фактот дека способноста на една држава во меѓународните односи, меѓу другото, се мери со капацитетите да се вклучи во глобалните стопански текови, но и да одговори и одолее пред потресите кои доаѓаат однадвор во вид на кризи, појасни проф. д-р Гордана Силјановска Давкова.По средбата проф. д-р Гордана Силјановска Давкова додаде дека предуслов за функционална економија е правото и правна држава, и се додека не се воспостави тоа во Република Македонија нема да има развој и просперитет. Економијата е најзначајна за македонските граѓани. За жал економските индикатори покажуваат дека имаме намалување на извозот, намалување на продуктивноста и производството, зголемена зависност од други земји. Зголемените даноци ги земаат првите жртви, даночна евазија и помала наплата на даноците.Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова најави дека значаен дел во нејзината програма ќе биде посветен на економската дипломатија со цел да се подобри животот на граѓаните на Република Македонија кои имаат право на достоинствен живот како што им доликува.

Македонија | пред 7 години

stop-policija

МВР во Битола фатило две лица без возачка, двајца пијани, но и нерегистрирани возила

Полициски службеници во Секторот за внатрешни работи Битола на 12 март извршиле контрола за брзина, зимска опрема, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, товарни возила, сигурносен појас, светло.При контролата, констатирано е дека девет возачи управувале возило без возачка дозвола,  кај двајца возачи било утврдено присутво на алкохол и тие биле исклучени од сообраќај. Нерегистрирани биле четири возила,технички неисправни осум возила, појас не користеле двајца возачи и на мобилен телефон разговарале двајца возачи. Четири возачи се писмено опоменати , а изготвени се 39 мандатни платни налози и 26 прекршочни налози. Исто така, при контролата откриени се и други 25 прекршоци.

Македонија | пред 7 години

policija-123

Кривична пријава за неготинчанец по претрес во неговиот дом

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Неготино поднесе кривична пријава против Б.С.(52) од село Тимјаник поради постоење основи на сомнение за сторено кривично  дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.На 24.12.2018 во село Тимјаник, полициски службеници извршиле при претрес во домот на пријавената, при што пронашле и одзеле пиротехнички средства.

пред 7 години

soobr1

Едно лице почина во сообраќајка меѓу камион и автомобил во битолско

На 13.03.2019 околу 06.50 часот на локалниот пат село Кукуречани – село Драгожани, битолско, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило со битолски регистарски ознаки и патничко возило „Пежо“ со битолски регистарски ознаки, управувано од М.Ш.(52) од село Секирани, битолско.Во незгодата починал М.Ш.. Увид извршила екипа на СВР Битола и се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

pari-za-izjava

Измама во Штип: Лице му понудило дрва, тој ги платил и избегал

На 12.03.2019 во 13.15 часот во Полициската станица Штип, С.И.(68) од Штип пријавил дека истиот ден околу 11.00 часот бил измамен од непознато лице.Според пријавеното, лицето дошло во неговата куќа и му понудило огревни дрва со документи, но кажал дека камионот му бил паркиран во насeлба Сењак во Штип и тргнале да ги видат дрвата.Исто така, според пријавеното, во еден момент непознатото лице му кажало на С.И. да почека и дека тој ќе дојде со камионот.Во меѓувреме, лицето отишло во неговиот дом и од неговата сопруга побарало 11.000 денари за дрвата. Таа му дала 11.000 денари, по што лицето заминало. Откако С.И. се вратил дома сфатил дека бил измамен. Се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

kola-gori

Ноќеска запален автомобил во Чаир

На 13.03.2019 околу 3 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Џон Кенеди“ во Скопје биле опожарено возило „Фолксваген голф“, сопственост на Ф.А., а огнот делумно го зафатил и возилото „Пежо“, сопственост на И.Ѓ. од Скопје.Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

tepacka-4

Тепачка во ресторан во сред Скопје

На 13.03.2019 во 05.30 часот во СВР Скопје, З.В.(51) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 01.30 часот во неговиот угостителски објект на улица „Народен Фронт“ бил физички нападнат од Б.Р.(21), Г.С.(36) и Н.Р.(47), сите од Скопје.Тројцата биле приведени во полициска станца и по целосно расчистување и документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Пукано во вработен на безниска пумпа во скопско село

На 12.03.2019 околу 20.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат од село Бујковци кон село Миладиновци, скопско, непознат сторител се обидел да изврши разбојништво над С.С., вработен во бензинска пумпа и испукал куршум во него, по што побегнал.На С.С. му е констатирана телесна повреда во болницата „Свети Наум Охридски“, а во врска со случајот  приведено е едно лице.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

isceznato

Исчезнато е 18 годишно девојче од Скопје

На 12.03.2019 во 23.00 часот во Полициската станица Чаир, Е.И.(37) од Скопје пријавила дека истиот ден од дома во непознат правец се оддалечила нејзината ќерка В.И.(18), која боледувала од епилепсија.Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. На веб-сајтот на МВР сеуште не е објавена фотографија од девојчето.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

За 24 часа, две лица каснати од куче-скитник

На 12.03.2019 година во Полициската станица Виница, В.Т.(37) од село  Градец, виничко, пријавила дека околу 13 часот нејзината малолетна ќерка била касната од куче, сопственост на Е.С. од истото село, без надзор и заштитна корпа. Изготвен бил записник за констатиран прекршок.Од МВР исто така информираат дека на 12.03.2019 околу 17.00 часот во Полициската станица Кичево, О.Ѓ.(36) од Кичево пријавила дека истиот ден на улица „Живко Туфекџиоски“ нејзината осумгодишна ќерка била касната од куче скитник.

Македонија | пред 7 години

pretepan

10 годишно дете нападнато во Карпош

На 12.03.2019 во 11.30 часот во СВР Скопје, Е.К.(38) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 10 часот на улица „Московска“ неговиот 10- годишен син бил физички нападнат од 14- годишен малолетник.Исто така, на 12.03.2019 во 11.30 часот во СВР Скопје, Ќ.Ф.(47) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 10.00 часот на улица „Московска“ неговиот 14 годишен син бил физички нападнат од четири лица меѓу кои било и лицето И.Н.(17) од Скопје. Исто така, на 12.03.2019 година во 17.30 часот И.Н.(17) пријавил дека истиот ден околу 10.00 часот на улица „Московска“ бил физички нападнат од Ќ.Ф.(47). Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

belgrad-heroin

Седум случаи на трговија со дрога во Скопје, Тетово, Гостивар и Куманово

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против Е.А.(20) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори”. На 11.03.2019 во село Глажња, општина Липково, полициски службеници извршиле претрес во домот на З.А., татко на пријавениот, и во собата на пријавениот биле пронајдени и одземени 129 грама кокаин, 155.550 денари и 100 евра. Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Т.(48) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 11.03.2019 полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во Скопје, при што пронашле и одзеле 294 грама марихуана, семки од Cannabis, 47,5 милилитри хашиш-смола, таблети екстази и дигитална вага со остатоци од марихуана.СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.Ц.(26) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 07.03.2019, во угостителски објект во Тетово, сопственост на пријавениот, полициски службеници извршиле преглед над него и пронашле и одзеле марихуана.Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Л.М.(25) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 02.11.2018 година во Гостивар полициски службеници извршиле преглед на патничко возило ,,Фолксваген Пасат“, управувано од пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ѓ.М.(30) од село Здуње, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“. На 18.04.2018 на излез од Гостивар, кај место викано „Здуњска крстосница’’, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „Рено Клио’’, управувано од пријавениот, во кое имало уште четири сопатници, при што пронашле и одзеле марихуана.Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ј.А.(37) од село Беловиште, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 30.08.2018 во Гостивар, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле хероин.СВР Куманово поднесе кривична пријава против Х.Д.(22) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 05.01.2019 пред ноќен клуб во Куманово, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле амфетамини. 

Македонија | пред 7 години

siluvanje

Девојче од Скопје повеќепати силувано од биолошкиот татко

На 13.03.2019 во 01.55 часот во полициска станица 13-годишно девојче од Скопје пријавило дека во повеќе наврати била физички, психички и сексуално злоставувано од нејзиниот татко Е.Ф.(50).Е.Ф. е приведен и задржан во полициска станица. За настанот е известен Јавен обвинител и Центар за социјални работи и се преземаат мерки за расчистување на случајот.Девојчето е згрижено и заштитено. Од страна на стручен тим укажана му е психосоцијална помош, што во континуитет ќе ја добива.

Скопје | пред 7 години

sos-188562-188647

Пронајдено исчезнато девојче од СОС Детско село

На 13.03.2019 е пронајдена и вратена во СОС „Детско село“16-годишна штитеничка на установата, која беше пријавена за исчезната на 12.03.2019 во Полициската станица Гази Баба.Таа во неколку наврати досега смоволно ја напуштала установата и била пронаоѓана и враќана назад од страна на полицијата.

Македонија | пред 7 години

53636632_801435803552748_4142802978434187264_n

СДСМ: Тендери во четири очи имаше во времето на Хидро Мицкоски

„Трет ден лаги од белиот дворец, нелегални тендери и договорање провизии се матрица на ВМРО-ДПМНЕ и тоа е минато, сега во енергетиката се работи домакински и според закон, затоа државата продава вишоци на струја. Во отсуство на политичка платофрма, идеја и програма ВМРО-ДПМНЕ штанца лажни вести и невистини, секојдневно.Тендери во четири очи и заткулисни игри се одлика на  ВМРО-ДПМНЕ и криминалните политики со кои ја уништуваше енергетиката, ја укина ефтината тарифа а струјата ја поскапи за 100 проценти. Во тоа време Христијан Хидро Мицкоски тераше бизниси со хидроцентрали.РЕК Битола веќе ги демантираше лагите на ВМОР-ДПМНЕ.Постапката била отворена и завршила со електронска аукција која автоматски ја исклучува можноста за личен контакт. Критериум за добивање електронската аукција била цената и затоа е избрана фирма која понудила најниска цена. Преку домаќинско и одговорно работење на Владата предводена од СДСМ ја стабилизира енергетиката и денеска државата продава вишоци на струја, а воведена е и ефтина тарифа на струјата“, се вели во соопштението на СДСМ.

Македонија | пред 7 години

mile

Доктор Бошњаковски тврди: МРСА се лекува со антибиотска маст

На прес-конференција владиниот портпарол Миле Бошњаковски, рече дека МРСА се лекува со антибиотска маст. Ова следува откако вчера во градинка и школо во Чаир било откриено дека неколку лица заболиле од страшната бактерија.– Сакаме да потенцираме дека апсолутно не постои никаков простор за паника. Станува збор за бактерија од групата стафилококни бактерии. Според направените анализи од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, како и од резултатите од Центарот за јавно здравје, овој вид на бактерија се лекува со редовни лекарста и со обична антибактериска маст. Истовремено од страна на ДСЗИ веќе се преземени сите неопходни мерки и во училиштето и во градинката, спроведена е дезинфекција, механичко чистење на просториите и сите други мерки кои ги наложува протоколот при појава на каква било бактерија. Не постои потреба за затворање ниту на училиштето, ниту на градинката, рече Бошњаковски.Јавноста реагира и прашува дали Миле Бошњаковски е портпарол или доктори, но и, како се дрзнал да даде вака изјава.

Македонија | пред 7 години

mrsa

Доктор тврди: „МРСА“ убива повеќе луѓе од вирусот „ХИВ“

Читајќи ја вашата статија за супер бактеријата „MRSA“ дека убива повеќе луѓе од вирусот ХИВ, морам да ви признам дека првпат во Македонија гледам дека се зборува на таа тема. Како доктор и пред тоа како студент никогаш не обрнувавме внимание на таа тема, односно никогаш некој постар колега не ни укажа на тоа дека таква бактерија постои.По заминувањето на специјализација во Словенија, првпат го слушнав зборот „MRSA“ и се позанимавав на интернет што значи тоа и како се пренесува таа бактерија и како се лекува, посетив и неколку семинари каде имаше предавања на таа тема. Навистина се согласувам со тоа дека таа бактерија убива, пред се ако се развие сепса од таа бактерија, која најчесто се наоѓа во носот, грлото и кожата, или во отворени рани. Како сепса најчесто ги зафаќа белите дробови. Таа бактерија е стафилокока која е отпорна на метицилин, но постојат други антибиотици кои успешно ја покриваат, еден од тие антибиотици е „Ванкомицин“, гликопептиден антибиотик, кој се употребува за профилакса и  за лекување инфекции со грампозитивни бактерии.  Друга карактеристика дека таа инфекција брзо се пренесува во болници, старечки домови, и други места каде се хоспитализирани или лежат подолго време пациенти, на кои имунолошкиот систем им е ослабен. Пренесувањето е по пат на контакт или воздушно-капков начин.Друго правило кое треба да се почитува кога знаеме дека пациентот ја има таа бактерија мора да биде во изолација од другите пациенти додека е хоспитализиран. Во собата влегува само персонал кој е облечен со заштитна наметка, капа, маска и ракавици. Сите апарати во собата остануваат внатре додека пациентот кој ја има оваа бактерија е хоспитализиран. По направениот преглед од страна на докторите и медицинскиот персонал и по напуштање на собата наметката, капата, маската и ракавиците се фрлаат во посебна корпа за отпадоци, рацете се дезинфицираат со алкохол кој се наоѓа пред влезот, односно на самата врата. Прашање е како да се победи инфекцијата предизвикана од оваа бактерија.  Начинот е едноставен, секојдневно дезинфицирање на телото, носот и грлото, правило е 6 дена, на седмиот ден се земаат брисеви од кожата, носот и грлото и ако се негативни дезинфекцијата продолжува понатаму, а брисевите се повторуваат до три пати, и ако резултатот е негативен тогаш пациентот веќе не е „MRSA“ позитивен. Уште еден фактор кој помага таа бактерија да исчезне е пациентите да не се хоспитализираат толку долго време и да се отпуштаат побрзо од болниците.Можам да соопштам еден факт за болниците во Словенија. Пред 10 години „MRSA“ беше страшна тема и Словенија беше една од водечките држави во Европа по бројот на вакви инфекции. По воведувањето на дезинфекционите средства во секое одделение, пред секоја врата, дури и пред главните влезови, Словенија успеа да го реши тој проблем, и да ја намали присутноста на тој вид бактерија за околу 70-80 %. На тоа прашање работеа многу доктори од микробиологија и инфективните болести, работат и понатаму, и имаат формирано посебна екипа која при хоспитализирање на пациентите компјутерски добива информации, дали тие веќе ја имаат таа бактерија, и пред секоја сместување во болница им се земаат брисеви и тоа се контролира. Но, многу сум среќен што во Македонија почна да се зборува за таа бактерија, и на оваа тема треба да се посветат сите што работат во медицинските установи, Министерството за здраватво заедно со министерот, Владата на Р. Македонија да се направи екипа од стручњаци што ке го решаваат прашањето на супер бактеријата Стафилокока отпорна на метицилин.Д-р Климент Дајоски – специјализант по општа хирургија

Македонија | пред 7 години

monstrum

Преку бомбите, СЈО стигнало до нарачателите на „Монструм“

Адвокатот на шестмината осудени па одново обвинети во повторениот процес за петкратното убиство кај Смилковоското езеро се надева дека за 2 до 3 недели специјалната обвинителка Фатиме Фетаи ќе ги презентира прислушуваните аудио снимки за „Монструм“ и ќе се дознаат нарачателите, но и како што вели вистинските убијци на четирите момчиња и рибарот.Засега се претпоставува дека постои огромен материјал во кои се споменува овој кривичен настан. Го најави, па одбегна да го емитува јавно тогашениот лидер на опозицијата Зоран Заев, па им го предаде заедно со останатите снимки на Специјалното јавно обвинителство.Прочитајте повеќе на ТЕЛМА.МК

Македонија | пред 7 години

spasovski

Спасовски крие кој ја напишал белешката за Чавков, а се вели дека тоа е припадник на алфите

Инаку според она што е напишано во белешката припадник на Алфите вчера се сретнал близок пријател на семејството Чавкови. Токму пријателот кажал дека екс директорот на БЈБ во петок ќе бега на халкидики каде имал вила. Ќерката на Чавков, Зорица Чавкова во отворено писмо до дипломатскиот кор прашува кој ја нарачал белешката за татко и и како обвинителката немала потреба да се сомнева во содржината.„Убедена сум дека оваа белешка е измислена под притисок и закани од нарачателите и дека ќе се разоткријат истите. Ќе си лежи оној кој ја измислил вилата на Халкидики. Не знам дали тие што му дале задача да измисли таква службена белешка му објасниле какви ќе бидат последиците за него“, пишува таа.Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, не е конкретен  дали Чавков бил следен бидејки припадник на единицата Алфи ја напишал белешката токму поради која Чавков заврши в притвор.Адвокатот на Чавков вели дека е недозволиво да се бара притвор пред изрекување на прсуда што укажува на исходот од судскиот процес.

Македонија | пред 7 години

Slika-S.Pendarovski

Пендаровски: Иванов доби мандат на нелегитимен начин и го злоупотребува

„Претседателот на државата треба да обединува не да дели.За жал во последно време сме сведоци дека господинот Иванов чији втор мандат беше добиен на нелегитимен начин продолжува да ја злоупотребува таа функција и упорно сите закони кои се носат во Парламентот, а се од интерес на сите граѓани ги праќа под старото Уставно име и со тоа оневозможува тие да влезат во сила и од тоа да видат ефект сите граѓани на Република Северна Македонија.Наместо да ја дели нацијата, граѓаните, претседателот треба да обединува тоа е негова прва и последна задача.Ве уверувам дека ако ја добијам довербата од граѓаните на нашата држава дека јас ќе бидат првиот кој ќе застане во заштита на граѓанските интереси, не на интересите на некоја тесно партиска група, или политичка елита.За жал во изминативе 10 години ние не видовме човек на таа позција кој знае да работи во интерес на граѓаните, затоа што исклучиво ги следеше интересите на партијата која го постави на таа позција или попрецизно на фамилијата која стоеше зад таа партија.Време е во оваа земја интересите на граѓаните да бидат на прво место, а интересите на тесно партиските центри на моќ да бидат оставени настрана“, вели претседателскиот кандидат Стево Пендаровски кој денес шеташе низ пазарите.

Македонија | пред 7 години

pendarovski

ФОТО: Пендаровски си купи јаболка од пазар

Претседателскиот кандидат, Стево Пендаровски, денес прошета низ пазарите а неговата ПР служба за тоа извести преку соопштение.Јавноста пак прашува, дали Пендаровски оди на пазар само поради кампањата или пак ова го прави редовно.Фотографијата испратена од СДСМ служи за потсмев на социјалните мрежи, каде се критикува Пендаровски, а ПР-пот е оценет како лош.Додека Пендаровски шеташе низ пазарите, претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска беше со таксистите.

Македонија | пред 7 години

cavkov

Чавков е безбеден во Шутка, сместен во посебна соба

Митко Чавков е сместен во хашка соба во истражниот затвор во Шутка. Од вчера поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност е во притвор поради сомнежи дека подготвувал бегство во Грција. Обвинителството за организиран криминал побарало изолација на Чавков откако добиле оперативни сознанија дека планира да пребега и да се сокрие во куќа кој ја поседувал на Халкидики. Од обвинителството посочија дека нема причина зошто да се сомневаат во службената белешка на МВР.Семејството на Митко Чавков негира дека поседува имот во Грција. Неговата ќерка – Зорица Чавкова на социјалните мрежи предупреди дека оној кој ја измислил вилата на Халкидики ќе се соочи со последици. Побара амбасадорите во земјава да го разгледаат приведувањето на нејзиниот татко. Постот го заврши со паролата „нема правда нема мир“.

Македонија | пред 7 години

drisla

Град Скопје си ја зема Дрисла

Дрисла новиот концесионер ќе го добие по завршувањето на претседателските избори. Според градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов недвосмислено е дека со депонијата ќе раководи германската компанија „Шолц“. Дотогаш депонијата ја презема Град Скопје.Советот на Град Скопје денеска не расправаше за избор на концесионер за депонијата Дрисла по барањето на градоначалникот Петре Шилегов седницата да се одложи, поради претстојните претседателски избори. Шилегов порача дека недвосмислена е одлуката партнер на градот во работењето со депонијата да биде германската компанија „Шолц“, која е највисоко рангирана од комисијата која ја формираше градоначалникот. Според него, седницата е одложена бидејќи тој не сака Советот на Град Скопје да остави било каква правна дамка или алиби дека одлуката се донела за време на изборна кампања.„Потенцирам уште еднаш нашата одлука, нашата препорака до Советот за носење на одлука е „Шолц“ да биде новиот партнер на градот за периодот за којшто се издава концесијата. Денеска дадов налог до градската администрација да ја започне постапката за преземање на управувањето на Дрисла од страна на Градот Скопје се до завршувањето на постапката, односно носењето на оваа одлука за новиот концесионер. Така што да ја започнеме постапката со излегување на италијанскиот концесионер од Дрисла и Градот ќе управува со депонијата се до мај месец кога ќе биде донесена одлуката за избор на Шолц“, рече Шилегов.Повеќе на Радио Слободна Европа

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Фирма која не исполнувала услови земала тендер од ЕЛЕМ, тврди Арсовски

„Денеска ќе ви приложиме нов договор помеѓу СВ Инвест, фамозната фирма која што работи се и сешто во РЕК Битола и РЕК Битола каде што директор е Васко Ковачевски од редовите на СДСМ, склучен пред само 2 недели односно заведен со архивски број од 28 февруари, во вредност од 49.560.000 денари. Фирмата СВ Инвест пред само 2 недели земала тендер за Услуга од технолошко чистење на БТО системите во РЕК Битола во вредност од исто така над 800.000 евра односно 49.560.000 денари. Во 3 дена објавивме 3 тендери што ги земала фирмата СВ Инвест која инаку беше поврзувана низ медиумите со картелот на власт и тоа сите 3 тендери се во вредност од над 800.000 евра. За само неколку месеци фирмата СВ Инвест без работници, без механизација, без искуство зема тендери во вредност од над 2.4 милиони евра и тоа дел од нив договорени во 4 очи“, вели Арсовски.„Ова е начинот на работа на СДСМ. Личен интерес, личен профит и сомнителни тендери преку кои се цицаат парите на граѓаните од фирмите како РЕК Битола. Во претходните 2 тендери кои ги објавивме имаше и сериозен сомнеж за криминал. Требаше да дадат одговори дали се влијаело на менување на критериумите и дали можеби некој влијаел да баш фирмата СВ Инвест ги земи односно и бидат доделени истите тендери. Го охрабруваме јавното обвинителство, ревизорите и сите надлежни институции да спроведат соодветни истраги. За сите овие работи еден ден ќе се одговара. Еден ден кога нема да биде заробено судството, кога Заев нема да ги има судството и обвинителството во свои раце, ќе се спроведат соодветни истраги и сите ќе одговараат за сомнителните зделки“, вели Арсовски.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања