Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

FullSizeRender-13-03-19-12-43

УМС ВМРО ДПМНЕ Охрид: Ниту еден проект за младите, не се намалува младинската невработеност

Охрид оди во погрешна насока, младинските политики се катастрофални и ја влошуваат состојбата на младите. СДСМ и кандидатот за градоначалник Константин Георгиески наместо знаењето во Охрид да го соберат, тие го растураат, истакна Александар Здравевски, претседател на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.Дали тоа е животот со кој СДСМ и Георгиески, Охрид навистина ќе го направат пристоен европски град за младите?Ве повикуваме заедно да ги посетиме ветените проекти за младите, најпрво Детскиот културен центар, а потоа и Младинскиот културен центар бидејќи ние не можеме да ги најдеме.Како сте задоволен од реализацијата на проектот младинска гаранција?Оваа Локална власт даде голем број ветувања за младите, но како поминува времето не гледаме дека се остваруваат, па разочарувањата кај младите се оправдани.Ниту еден проект за младите, ниту една позитивна мерка и воопшто не се намалува младинската невработеност.Младите се разочарани затоа што на вистинските места се погрешни луѓе во Охрид. За СДСМ и Георгиески поважна е партиската книшка или блискоста со партијата одошто знаењето или компетентноста.Никогаш не било полошо, никогаш не било побезнадежно. Младите во Охрид веќе јасно стојат зад политиките на ВМРО-ДПМНЕ и гледаат единствен спас од оваа бесперспективност, истакна Александар Здравевски, претседател на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Охрид. 

Македонија | пред 7 години

kontenjer-1

Апел да престане палењето на контејнери на Скопските улици!

Во месеците јануари и февруари 2019, од страна на непознати лица се опожарени вкупно 40 контејнери на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје.Вкупно 40 контејнери наменети за собирање на комуналниот отпад во текот на изминатите два месеца беа опожарени и целосно уништени.Покрај финансиската штета што му е нанесена на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, овие инциденти доведуваат до големи проблеми при одлагањето и собирањето на комуналниот отпад во градот.Апелираме да престане уништувањето на опремата на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, за нашите екипи да можат навремено да ги извршуваат своите работни обврски, согласно Оперативната програма за работа.Сите случаи на опожарување на контејнерите се пријавени до надлежните органи и ќе бидат преземени соодветни мерки за да се пронајдат и санкционираат сторителите.  

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Бошњаковски: Нема простор за паника, утврдената бактерија МРСА не е опасна

Во однос на случаите на МРСА коишто се појавија во Основно Училиште во Бутел и во детска градинка во Чаир, портпаролот на Владата на Република Северна Македонија, Миле Бошњаковски денеска на прес-конференција истакна дека апсолутно нема простор за паника.Бошњаковски, меѓу другото, рече дека според информациите од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, станува збор за бактерија од групата на стафилококни бактерии и според направените анализи од државниот санитарен и здравствен инспекторат и од резултатите од центарот за јавно здравје овој вид на МРСА, се лекува со антибиотска маст за нос.Истовремено, како што истакна Бошњаковски, од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат се преземени сите неопходни мерки и во училиштето и во градинката. Исто така, додаде Бошњаковски дека е спроведена дезинфекција, механичко чистење на просториите и сите други мерки кои ги наложува протоколот при појава на каква било бактерија.На денешната прес – конференција портпаролот Бошњаковски потенцираше дека нема потреба од затворање ниту на училиштето, ниту на градинката во двете скопски општини.Инаку во училиштето во Бутел единствениот случај е пријавен на 22 февруари.Останатите земени брисеви од соучениците се негативни.

Македонија | пред 7 години

PS-STRUGA

Кривична пријава против лице од село Велешта се заканувал на директор

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против лице од село Велешта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело „присилба“.На 18-ти февруари оваа година, во просториите на општина Струга, пријавениот, упатил закани кон Н.В.Г.(44) од Струга, директор на центарот за култура „Браќа Миладиновци“ - Струга, поради одбиено барање за земање на простор под закуп во центарот за култура.

Македонија | пред 7 години

penzija

Социјалната пензија пред пратениците по скратена постапка

Сите граѓани постари од 65 години, кои не ги исполниле условите за пензија и не работеле ниту ден, оваа година ќе добијат државна пензија.  Со законот ќе им се овозможи на лицата постари од 65 години кои немаат доволно или воопшто работен стаж, а се без приходи, да добиваат државна пензија од 6.000 денари месечно.Со Законот за социјална сигурност на постари лица кој пратениците ќе го гласаат во скратена постапка ќе бидат опфатени само граѓнаните чиј брачен или вонбрачен партнер, исто како нив, не зема редовна пензија и нема друг приход.Пензијата која на почеток ќе изнесува 6.000 денари еднаш годишно ќе се усогласува со трошоците на живот. Социјалната пензија нема да ја исплаќа Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, туку центрите за социјални работи.

Македонија | пред 7 години

dara-bubamara

(ВИДЕО +18) Фудбалерот Врањеш не мирува, по експлицитното видео и прати вулгарна порака на Бубамара

Босанскиот фудбалер Огнен Врањеш, познат по порно аферата со српската пејачка Јелена Карлеуша не мирува. Тој коментирал на експлицитна секс снимка „по грешка“ која пејачката Дара Бубамара ја објавила  на својот Инстaграм.http://cdn.adriamedia.tv/video/720p-mp4/whatsapp-video-2019-03-11-at-125113_15523051155.mp4Сега тој и прати порака на Дара, која таа веднаш ја објави на Инстаграм за сите да ја видат. Врањеш под видеото напишал:„Мислев дека навистина многу подобро пу**ш“.На овој коментар Дара веднаш му вратила во иста мера:-Погледнете го овој! Класичен Индијанец.

Магазин | пред 7 години

amnesti-international

Амнести Интернешанл ја обвини ЕУ дека е соучесник во насилството врз мигрантите

Невладината организација Амнести Интернешанл (АИ) ја обвини Европската Унија дека е соучесник во насилството на хрватската полиција врз мигрантите.Организацијата предупреди дека „пред вратите на ЕУ“, односно преку Хрватска и Босна и Херцеговина, се одвива „сериозна хуманитарна криза“.Минатата година, околу 25.000 мигранти од Азија, Африка и од Блискиот Исток се обиделе да влезат во ЕУ од БиХ преку Хрватска. Една третина од овие мигранти тврдат дека биле изложени на насилство од страна на хрватската полиција, како тепање и заплена на лични документи, пари и телефони.АИ предупредува дека полициската бруталност на хрватските власти оди на сметка и на самата Европска Унија, бидејќи таа „продолжува да алоцира значајни фондови за поддршка на граничната безбедност во Хрватска“.– Европските влади не само што замижуваат пред бруталните напади на хрватската полиција, туку ги финансираат нејзините активност, стои во соопштението на Амнести.Откако беше затворена балканската рута преку Македонија и Србија, мигрантите и бегалците најчесто поминуваат преку БиХ. Минатата недела, босанскиот министер за внатрешни работи Драган Мектиќ предупреди дека очекува зголемување на бројот на мигранти преку оваа рута.

Свет | пред 7 години

nbrm-narodna-banka

КОМП: Донесена одлука за намалување на основната каматна стапка на ниво од 2,25%

На 12 март 2019 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на која беа разгледани клучните показатели за домашната економија и движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната политика.Врз основа на оцената на постојните економски и финансиски услови, како и на постоечките ризици, Комитетот оцени дека постои простор за натамошно олабавување на монетарната политика. На седницата беше донесена одлука за намалување на основната каматна стапка за 0,25 процентни поени, односно од 2,50% на 2,25%. Понудата на благајнички записи за аукцијата којашто ќе се одржи на 13 март e задржана на нивото од 25.000 милиони денари. Одлуката за намалување на каматната стапка се темели на задржаниот континуитет на поволни движења на девизниот пазар, што упатува на отсуство на притисоци во надворешниот сектор и стабилни согледувања на домашните субјекти. Истовремено, тековните движења покажуваат умерен раст на домашните цени, а со тоа и отсуство на ценовни притисоци. Дополнителен простор за монетарно олабавување создава и последната најава на ЕЦБ за задржување на каматните стапки на тековното ниво подолго од претходно очекуваното, како и за дополнително олабавување преку други монетарни инструменти.Во однос на најновите макроекономски показатели, проценетите официјални податоци за БДП за четвртото тримесечје од минатата година покажуваат солиден економски раст од 3,7%, на годишна основа, којшто е повисок од очекуваниот со октомвриските проекции. Од аспект на структурата на растот, подобрите остварувања главно се објаснуваат со повисокиот раст на личната и јавната потрошувачка во однос на очекувањата од проекциите. Согласно со очекувањата, бруто-инвестициите исто така остварија раст, нешто помал од проектираниот. Гледано за целата 2018 година, реалниот раст на економијата изнесува 2,7% и е повисок од очекуваниот со октомвриските проекции од 2,3%. За првиот квартал на оваа година, во услови на ограничен обем на расположливи податоци, тешко може да се даде попрецизна оцена за состојбата во економијата. Сепак, достапните податоци упатуваат на натамошни поволни движења во економијата, при забрзан раст на активноста во индустријата и натамошен раст на прометот во трговијата.Во однос на инфлациските движења, во првите два месеца од годината, просечната годишна стапка на раст на потрошувачките цени изнесува 1,1%, што е пониско остварување во однос на октомвриската проекција. Оцените за движењето на поголемиот дел од увозните цени во наредниот период се променети во надолна насока. Во вакви услови, ризиците околу проектираната стапка на инфлација за 2019 година од 2% тековно се оценуваат како надолни.Расположливите податоци од надворешнотрговската статистика за јануари упатуваат на трговски дефицит којшто главно е во согласност со очекувањата за првиот квартал од годината. Од останатите расположливи показатели за надворешниот сектор, податоците за менувачкиот пазар заклучно со втората декада на февруари укажуваат на остварени нето-приливи од приватните трансфери коишто се во рамки на очекуваните за првото тримесечје од оваа година. Остварениот дефицит во тековната сметка на билансот на плаќања за 2018 година е помал во однос на октомвриската проекција и изнесува 0,3% од БДП, наспроти проектираните 0,5% од БДП. Позицијата на финансиската сметка е значително подобрa, со нето-приливи од 5,3% од БДП наспроти проектираните од 4% од БДП, главно како одраз на повисоките приливи врз основа на директни инвестиции. Девизните резерви на крајот на февруари се нешто пониски во однос на крајот на минатата година, при што нивното ниво и натаму е високо и се одржува во сигурната зона.Во однос на монетарните движења, првичните монетарни податоци за февруари годинава покажуваат месечен раст и кај депозитите и кај кредитите, со поволни поместувања од аспект на валутната и секторската структура. Поради подобрите остварувања на крајот на 2018 година, растот на депозитите, на годишна основа и натаму го надминува проектираниот за крајот на првиот квартал од оваа година. Во однос на кредитната активност, послабите остварувања на крајот на минатата година придонесуваат за одржување на кредитирањето на пониско ниво од очекуваното, а со тоа и за негов малку понизок годишен раст во однос на проектираниот.Во периодот помеѓу двете седници на Комитетот, ликвидноста на домашните банки и натаму се зголемува, при што активноста на меѓубанкарскиот пазар на депозити беше релативно мала. Вишокот слободни парични средства беше пренасочен кон расположливите депозити кај Народната банка, коишто овозможуваат висока флексибилност и достапност на средствата за непречена кредитна поддршка на домашните субјекти.На девизниот пазар, банките на нето-основа откупија умерен износ на девизи во трансакциите со клиентите. Ваквите пазарни движења во комбинација со вложувањата на банките во инструменти со валутна компонента придонесоа за раст на нивната девизна ликвидност и интервенции на Народната банка со умерен откуп на девизи од банките поддржувачки на девизниот пазар.На меѓународните финансиски пазари, во февруари, од двете страни на Атлантикот преовладуваше зголемена склоност кон преземање ризик, поттикната од оптимизмот за решавање на трговскиот спор помеѓу САД и Кина и засилените очекувања за одложување на датумот за излез на Обединетото Кралство од ЕУ. Во такви услови, приносите на државните обврзници се зголемија, а глобалните берзански индекси и натаму растат. Сепак, овие позитивни пазарни движења беа прекинати на почетокот на март. Имено, на состанокот на ЕЦБ одржан на 7 март беше истакнато дека каматните стапки ќе бидат непроменети до крајот на годинава. Истовремено беше најавена нова серија операции за рефинансирање – ТЛТРО III, во услови на согледување за побавен економски раст и ниски ценовни притисоци и во следните две години. Во вакви услови дојде до надолна корекција на приносите на безбедните инструменти за инвестирање, како во еврозоната, така и во САД, а истовремено беше забележано и изразено слабеење на еврото.Општо гледано, на седницата беше заклучено дека согласно со постојните економски и финансиски услови, согледувањата за амбиентот за спроведување на монетарната политика се нешто поповолни од претходно, што укажува на тоа дека постои простор за натамошно намалување на основната каматна стапка. Растот на економијата во последниот квартал, како и за целата 2018 година е подобар од очекуваниот, во отсуство на притисоци врз цените од домашната побарувачка, што се согледува преку натамошната ниска и стабилна стапка на инфлација. Движењата на девизниот пазар и натаму упатуваат на поволна надворешна позиција на економијата и доверба во домашната валута. Во прилог на ваквите согледувања е и порелаксирачкиот тон во реториката на ЕЦБ, изразен на последниот состанок, односно најавите за нова серија операции за рефинансирање и очекувањето дека клучните каматни стапки ќе се задржат на тековните нивоа подолго од претходно очекуваното.Ризиците и понатаму се присутни, а Народната банка ќе продолжи со внимателно следење на трендовите и потенцијалните ризици од окружувањето, заради соодветно приспособување на поставеноста на монетарната политика.  

Македонија | пред 7 години

moneti

Кај Велешенец пронајдени предмети кои се културното наследство

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал-Единица за сериозен криминал, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Т.А.(52) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ по член 265 и „прикривање“ по член 261 став3 од Кривичниот законик.На 31.01.2019, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени 13 монети во различна форма и големина, еден дел од метален предмет и два керамички садови во форма на луле, предмети што подлежат на Законот за заштита на културното наследство.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Седум сообраќајки во Скопје, три лица со тешки повреди

Во текот на вчерашниот ден (12.03.2019) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 26 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.Од сообраќај се исклучени 32 возачи од кои: еден возач затоа што управувал возило под дејство на алкохол, 27 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и четири возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така, исклучени од сообраќај се и 26 возила бидејќи 23 биле нерегистрирани, две возила биле технички неисправни и едно возило било со претовар.Санкциониран е еден возач поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, двајца возачи поради неправилно престигнување, девет поради неправилно престројување, двајца поради недавање првенство на минување на возила на крстосница, осум возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 18 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.Во текот на изминатите денови издадени се 115 мандатни платни налози и 87 возила се подигнати со специјално возило "пајак". Изминатиот ден се случиле седум  сообраќајни незгоди во кои три лица се здобиле со тешки телесни повреди, а две лица поминале со телесни повреди.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Тешка сообраќајка во Струмица, возачот итно пренесен во Скопје

На 12.03.2019 во 16.45 часот на крстосница од регионалниот пат село Куклиш-село Банско, во село Мокриево-струмичко, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.Н.(59) од Струмица и мотоцикл „Јамаха“ без регистарски ознаки, управуван од К.Т.(30) од село Мокрино.Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, кој по укажаната помош во Медицинскиот центар во Струмица, бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица. 

Македонија | пред 7 години

2-3

Џафери се сретна со министерот за надворешни работи на Романија

Во рамки на работната посета на Романија по повод присуството на чинот на ратификација на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО алијансата во Сенатот на Романија, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери, во придружба на претседателот на Пратеничката група за соработка со Романија, г. Панчо Минов, оствари билатерална средба со министерот за надворешни работи на Романија, г. Теодор Виорел Мелескану.Министерот Мелескану му посака добредојде на претседателот Џафери и воедно упати честитки за усвоените уставни измени и досегашните успешни чекори во реформскиот и интеграцискиот процес. Тој истакна дека Романија досега пружила безрезервна поддршка на нашата земја во нејзиниот пат кон членство во НАТО и ЕУ, а сега со романското претседателство со Советот на ЕУ, директно ќе се залага за Република Северна Македонија во јуни да добие покана за датум за отпочнување на преговорите за членство во ЕУ. Министерот Мелескану потсети дека Романија како една од помладите членки во ЕУ, подготвена е да ги сподели искуствата и експертизата за текот на процесот и отворањето на Поглавјата за полноправно членство во ЕУ.Претседателот Џафери изрази големо задоволство од средбата и се заблагодари за безусловната и постојана поддршка на Романија на нашиот пат кон целосна евроатланска интеграција. Тој подвлече дека Република Северна Македонија се залага за градење на добри и конструктивни билатерални односи со Романија, базирани врз конструктивен и отворен политички дијалог, партнерски однос и заемна соработка, особено на културен, образовен и економски план.Соговорниците се осврнаа и на економската соработка, преку креирање на заемен Бизнис форум и трговска размена, а разговараа и за унапредувањето на правата на малцинствата претставувани во двете земји. Тие се согласија дека во иднина ќе продолжат со зајакнување на натамошната соработка и поддршка меѓу двете пријателски земји.

Македонија | пред 7 години

brza-pomos

Автомобил удрил пешак во Прилеп, итно пренесен во болница

На 12.03.2019 во 19.20 часот на улица „Александар Македонски“ во Прилеп, патничко возило „Опел астра“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од З.Н.(54) од Прилеп, удрило во пешакот К.Ј.(29) од Прилеп.К.Ј. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во болницата во Прилеп.Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Автобус на ЈСП удри во пешак

На 12.03.2019 во 14.15 часот на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје, автобус на ЈСП, управуван од С.С.(53) од Скопје, удрил во пешакот И.Џ.(66) од Скопје. И.Џ. се здобила со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“.Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

ojo

Побаран притвор за осомничен за неовластена продажба на дрога

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување на истражна постапка против едно 48-годишно лице , поради постоење на основано сомнение дека  сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот во својот дом неовластено држел заради продажба наркотична дрога – марихуана со вкупна нето маса од 293,71 грама, пет шприца со наркотична дрога – хашиш смола со вкупен волумен од 47,5 милилитри, семки од растението канабис со нето маса од 21,41 грама и 6 таблети со зелена боја и активна компонента 3,4 метилен-диоксиметамфеамин (MDMA). При претресот во домот била пронајдена и една дигитална вага со остатоци од марихуана.Бидејќи постојат околности што укажуваат на постоење на опасност од бегство и особени околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе го повтори делото, надлежен јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје достави и предлог за определување мерка притвор. 

пред 7 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Заев ја посрамоти државата најгрозоморниот настан во историјата, Холокаустот - го нарече - традиција

Зоран Заев по втор пат ги наруши односите на Република Македонија со Израел. Заев ја посрамоти државата и го нарече најгрозоморниот настан во историјата на човештвото - Холокаустот - еврејска традиција, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Власта не успеа да го сокрие срамот. Медиумите од целиот регион експресно ја пренесоа веста и Република Македонија повторно беше најактуелна тема, но за потсмев и срам.Заев по втор пат ги наруши односите она Израел и ги навреди евреите, откако уште во 2015 година се фалеше дека остварил средба со израелскиот премиер, Шалом и разговарал за безбедносно финансиски прашања, па веднаш после тоа беше експресно демантиран.Заев е човек кој ја руши репутацијата на Република Македонија кога и каде стигне.Зоран Заев ги нарушува односите со нашите стратешки партнери и го загрозува угледот на земјата.Зоран Заев и СДСМ мора да си заминат. Потребно е масовно излегување на претстојните претседателски и гласање за Гордана Силјановска Давкова, што ќе биде главна причина за распишување на предвремени парламентарни избори и крај на владата на Зоран Заев и СДСМ, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Пратениците на студиска посета во Холандија за правата на ЛГБТИ лицата

Пратеници, членови на Интерпартиската парламентарна група за правата на ЛГБТИ лицата ќе учествуваат на студиска посета во Холандија, во периодот од 13.3.2019 до 16.3.2019 година. На студиската посета ќе земат учество координаторката Маја Морачанин, заменик-координаторот Павле Богоевски и пратеничките Лилјана Поповска, Славица Шуманска-Митева, Јагода Шахпаска, Снежана Калеска-Ванчева и Емилија Александрова.Поканата за учество на студиската посета е од организацијата ХЕРА - Асоцијација за здравствена едукација и истражување, во рамките на Проектот „Собранието и локалната самоуправа во унапредувањето на правата на ЛГБТИ луѓето“, а поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија.Целта на посетата е презентирање на најдобрите парламентарни пракси за работа на ова поле, како и презентирање на пракси за подигнување на свеста за ненасилство, спречување на говор на омраза и дискриминација.Во рамки на студиската посета предвидена е посета на Парламентот во Хаг и средба со пратениците одговорни за креирање на политиките од областа на ЛГБТИ прашањата, средби со локални политичари, посета на институциии и средби со невладини организации, кои работат на застапување заедно со холандските пратеници.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Папата во земјава ќе престојува 10 часа

Прес-службата на Ватикан објави програма за посета на папата Френсис на Бугарија и Северна Македонија, која ќе се одржи на 5-7 мај 2010 година Папата ќе пристигне во Софија на 5 мај во 10 часот.Папата ќе пристигне во Софија на 5 мај во 10 часот. На аеродромот тој ќе биде пречекан од премиерот Бојко Борисов, потоа шефот на римокатоличката црква ќе ја посети бугарската патријаршија, а  во храмот “Св. Александар Невски “папата Франциск  ќе се помоли пред престолот на Св. Кирил и Методиј, просветители на Словените и покровители на Европа.На 7 мај,  папата ќе ја напушти Софија и заминува за Скопје. По состанокот со претседателот и премиерот на Северна Македонија во просториите на претседателската резиденција , папата Франциск ќе се обрати до претставниците на властите и дипломатите. Потоа, шефот на римокатоличката црква ќе го посети спомен куќата  на познатата Мајка Тереза ​​. Тука ќе има молитва и средба со сиромашните луѓе и верници.Папата во Македонија доаѓа за прв пат а ќе остане само 10 часа. Доаѓа од Софија, на скопскиот аеродром ќе слета во 8 часот и 15 минути а си заминува во 18 часот и 30 минути.

Македонија | пред 7 години

Mitko-Cavkov

Близок пријател го издал Чавков дека планира да бега

Решението за одредување на мерка притвор за поранешниот директор на БЈБ, Митко Чавков, се базира на службена белешка од сознанија добиени од негов пријател. Според оперативните сознанија на Бирото за јавна безбедност, Чавков има вила на Халкидики каде планирал да избега пред да му биде изречена пресудата за 27 април, објави фокус.мк.„По остварена средба со близок пријател, подносителот на службената белешка добил инфорамција дека обвинетиот во случајот за „27 април“, Митко Чавков, поседува вила на Халкидики Р. Грција, каде истиот планира, пред да биде изречена пресудата во петок (15.03.2019 година), да ја напушти државата, односно да се даде во бегство, при што се напоменува дека пријателската врска е во многу блиски релации со семејството на обвинетиот“, стои во решението на судот со кое се уважува барањето на Основното јавно обвинителство да биде определена мерка притвор. 

пред 7 години

cavkov

Ќерката на Чавков: Ај докажете дека има вила на Халкидики, тоа го измисливте под притисок и закани

По апсењето на бившиот министер за внатрешни работи Митко Чавков, на својот фејсбук профил се огласи неговата ќерка Зорица Чавкова. Таа на ФБ напиша:„ Го повикувам обвинителството јавно да обзнани барем еден доказ со кој се потврдува информацијата, од службената белешка на МВР, дека Чавков поседува вила на Халкикиди и дека планирал бегство. Верувам дека оваа белешка е измислена под притисок и закани од нарачителите и дека ќе се разоткријат сите. За овој случај ќе бидат известени сите меѓународни субјекти, сите амбасади, нашиша Зорица Чавкова.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10157149337658874&set=a.10151204259878874&type=3&theater

пред 7 години

Нема фотографија

4 години живеел со мртвото тело на неговата мајка, за да ја зема пензијата

Маж од Ријека го прекрил телото на мртвата мајка со ќебиња и ѓубре и така живеел во станот цели четири години.Обвинителството од Ријека покрена обвинение против 49 годишен маж поради неколку кривични дела меѓу кои и измама и повреда на мирот на покојно лице. Тој четири години живеел со мртвото тело на мајката , за да дојде до парите од нејзината пензија.На 22 септември 2017, тој предизвикал и пожар во зградата , кој бил локализиран со брза интервенција на пожарникарите.На мажот ќе му се суди во отсуство , поради тоа што е во бегство.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Јавна расправа за изградба на спортско адреналински парк во Карпош

Денеска со почеток во 10 часот, во просториите на У.З. „Кузман Јосифоски Питу“ (ул. Стрезово бр.7 – Козле), ќе се одржи презентација и јавна расправа за Планот за управување со животната средина за изградба на „Спортско адреналински парк – Карпош“ во Општина Карпош.На средбата ќе присуствуваат и претставници од граѓанскиот сектор, бизнис секторот и локалната самоуправа кои се активни и работат во областа на одржлив развој и животна средина, како и засегнати и заинтересирани граѓани на Општина Карпош.

Скопје | пред 7 години

bakterija

Дечиња од градинка во Чаир заразени со бактеријата ,,МРСА‘‘

Бактеријата ,,МРСА‘‘ се потврди по контралата направена во градинка и училиште во општината Чаир. Според информациите од ДСЗИ, бактеријата е пронајдена кај од  големата група во градинката ,,Снегулка‘‘ и едно дете од второ одделение во учиштето ,,Панајот Гиновски‘‘.Сите дечиња се на домашно лекување, а ќе се вратат во образовните институции откако ќе биде потврдено дека ја немаат бактеријата.Инаку ,,МРСА‘‘  е бактерија од групата на стафилококни бактерии и е отпорна на повеќе антибиотици.Една таква бактерија е и MRSA или Метицилин резистентен стафилокок. Станува збор бактеријата Staphilococcus aureus која развила специфична отпорност на почеток на дејството на пеницилинот, а потоа и на делувањето на антибиотикот метицилин и слични антистафилококни лекови кои припаѓаат на групата бета-лактамази.Оваа бактерија често се наоѓа на кожата и слузниците на човекот. Бактеријата кај здравите лица не предизвикува никакви симптоми и тие се само преносители на бактеријата. Бактеријата може да се пренесе преку физички контакт, преку кожата или пак преку кивање или близок контакт со преносителот, пишува Рак.мк.Иако бактеријата кај здравите луѓе со јак имунитет не предизвикува болест, таа може да предизвика сериозни инфекции кај лицата со намален имунитет и со оштетена кожа или слузници. Доколку продре под кожата или во телото, може да предизвика сериозни заболувања како: гнојни инфекции на кожата, воспаление на дишните патишта, пневмонија.За да се заштитиме од инфекцијата со оваа форма на стафилококна бактерија, секако треба да водиме сметка за правилната и редовна лична хигиена.

Скопје | пред 7 години

gordan-kalajdziev-520x297

Калајџиев за притворот на Чавков: Досега немало притвор пред објавување на пресуда, изгледа се спрема тешка казна

Професорот Гордан Калајџиев во вечерашното гостување на телевизија 24 рече дека е изненаден од вечерашното притворање на Митко Чавков на неколку дена пред објавување на пресудата за 27 април.-Јас бев изненаден со денешната одлука. Ваков преседан досега не сме имале, притвор пред објавување на пресудата. Она што ги плаши луѓето е дека е веќе падната одлуката и дека се спрема тешка казна. Морам да признаам дека сум изненаден од оваа одлука, рече Калајџиев.

Македонија | пред 7 години

oliver-belopeta

Белопета: Некој намерно ги криел документите во Министерство за култура

Директорот на скопскиот Џез фестивал, Оливер Белопета во разговор за Фактор во врска со распределбата на средствата на Министерството за култура, изјави дека вакво водење на постапките за доделување на средства за годишната програма нема никаде на Балканот, а веќе ниту во африканските држави.“Ова е период кога би сакале повеќе да разговараме за програми, но ете во 21 век Министерството за култура функционира како да се наоѓа во Бурунди и практично корисниците дури денеска нешто дознаа со кои средства може да располагаат. Инаку, на првата објава која беше на 8 февруари Џез фестивалот и Оф фест беа изоставени со образложение дека не сме поднеле документи, згора на се имаше груби зборови од министерот дека не сме сакале да поднесеме, дека сме настапувале од позиција на сила, а таква моќ во државата освен политичарите не знам дали ние обичните смртници ја имаме. Од фестивалот реагиравме дека се работи за комплетни невистини, тоа и се докажа бидејќи во меѓувреме во министерството се направи увид и се утврди дека сите документи постојат, најверојатно некој намерно ги криел што е можно кривично дело кај некој член од комисијата. Немаше потреба да доставуваме дополнителни документи", вели Белопета.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања