Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

vmro_dpmne

ВМРО ДПМНЕ реакција: Оливер Спасовски и МВР мора веднаш да одговорат која странска, тајна служба го следела Пендаровски

Стево Пендаровски манипулира со јавноста. Тврдењето дека е следен сега се обидува да го релативизира до мера на баналност и со тоа покажува само дека се плаши од изборен пораз па е принуден да се бламира, со тези кои би ги користел како алиби, се вели во реакцијата од ВМРО ДПМНЕ.Оливер Спасовски и МВР мора веднаш да одговорат која странска, тајна служба го следела Пендаровски. Доколку нема доказ за тоа јавно да кажат дека Пендаровски лаже и ја заплашува јавноста за своја лична политичка корист.Институциите не смеат да бидат само уште една сламка за спас на власта која тоне.Граѓаните не му веруваат на Пендаровски. Тој е втор Заев, измислува, заборава, лаже.Пендаровски е само уште еден политичар кој нема намера да ги почитува Уставот и законите. Република Македонија нема потреба од нов Заев. Државата има потреба од честит претседател, кој ќе работи согласно Устав и закон и ќе делува во согласност со државните и националните интереси, се вели во реакцијата од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

DSC_5425-1

Министрите Манчевски и Поповски на средба со Пауел, заменик директор на Отворено владино партнерство

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски, денеска остварија средба со заменик-директорот за Отворено владино партнерство од канцеларијата во Вашингтон, САД, Џо Пауел.На состанокот министерот Манчевски се осврна на активностите преземени во рамки на отворените податоци како основен предуслов за соработка помеѓу институциите и граѓаните.„Во моментов имаме 190 отворени податочни сетови од повеќе од 40 институции. Ова е само почеток, и бројот на податоците постојано се зголемува. Институциите стануваат свесни за важноста од отворање на податоците, а бизнисите, граѓанските организации, медиумите се повеќе ги користат овие податоци што им се на располагање“, подвлече министерот Манчевски.Министерот Поповски ги претстави сетот на мерки што Владата на Северна Македонија ги презема за развој на концептот “Отворена Влада”.“Најголем предизвик беше да се отворат институциите. Не само што ги направивме достапни за граѓаните информациите за работење на владата, туку и создаваме систем на критериуми за секоја наредна власт. Претставници на граѓанските организации во Република Северна Македонија се вклучени во креирање на стратегии, измени и дополнувања на закони и мониторирање на нивната имплементација, со цел да добиеме поуспешен и посеопфатен процес“.Како што истакна Пауел, Владата е лидер во регионот од аспект на Отвореното владино партнерство. Според него Акцискиот план усвоен минатата година, има конкретни мерки и поради тоа постои можност за зголемување на соработката и поддршката што ОВП ќе ја обезбеди за Северна Македонија.„Ова е прва посета на високи претставници на ОВП тука, од формирањето на ОВП во 2011та година. Сакаме успехот што Северна Македонија го постигна да биде инспирација и Вие да бидете лидер за другите земји од регионот“, истакна Пауел.Заменик-директорот Џо Пауел и неговата делегација се во посета на Северна Македонија во рамки на Глобалната недела за отворено владино партнерство. По тој повод, МИОА организира и јавен настан „Каде сме и следни чекори во рамки на отвореното владино партнерство" кој ќе се одржи на 12-ти март 2019 година во Клуб на пратеници.

Македонија | пред 7 години

IMG_2535

Поставени се нови канти за селектирање на отпад во Кисела Вода

Денес Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „Комунална хигена“ на повеќе локации на својата територија постави нови канти за селектирање на отпад, на стакло и пластика.Имено кантите се донација од „Пакомак“ - Друштво за управување со пакување и отпад од пакување. Мината година Општина Кисела Вода во соработка со  истото друштво во своите простории постави пластични канти за селекција на пластика, се со цел, селекцијата на отпадот да започне од работните простории на вработените.Општината како и досега така и во иднина ќе продолжи да работи во насока за зачувување на животната средина. Локалната самоуправа апелира до граѓаните за почитување на Законот за јавна чистота, како би придонеле за почиста Кисела Вода. 

Скопје | пред 7 години

11032019_navodnuvanje_juzhnovardarska_dolina-3

(ВИДЕО) Потпишан договорот од програмата за наводнување на јужната долина од реката Вардар

Во Домот на културата во Валандово денеска се одржа настан во  организација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Владата на Република Северна Македонија на кој министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и претставникот на компанијата изведувач на проектот Штрабаг, Златан Ѓурѓиќ го потпишаа договорот за градежните работи за проектот за наводнување на јужната долина на реката Вардар од втора фаза. На настанот присуствуваа и имаа свои обраќања Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев.Со потпишувањето на овој договор започнува со реализација важен проект кој претставува значајна капитална инвестиција за воведување модерни системи за водоснабдување во земјоделството во вредност од 24.3 милиони евра од кој дел се буџетски пари, а дел се кредит и грант од германската развојна банка KfW.„Со потпишувањето на договорот за овој важен проект „Програма за наводнување на јужна Вардарска долина втора фаза“, ги зголемуваме капиталните инвестиции во земјоделството, создаваме модерни системи за наводнување, што крајно ќе придонесат за намалување на трошоците и загубите во производството, а од друга страна ќе придонесат за создавање на модерно и европско земјоделство“, рече премиерот Заев во своето обраќање и додаде дека водата е наше природно национално богатство кое има приоритетно значење за сите.Премиерот Заев посочи дека заедно со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, интензивно интензивно се работи на реконструкција и изградба на современи системи за наводнување.„Проектот за наводнување на јужната долина на реката Вардар втора фаза еод витално значење за валандовскиот регион. Во моментов сегашниот систем обезбедува наводнување на околу 1.600 хектари, но поради неговата дотраеност, земјоделците трпат загуби во своето земјоделско производството.Најважно за земјоделците од реализацијата на овој проект, е дека со новиот систем се очекува драстично намалување на трошоците за вода. Со сегашната изградба на втората фаза ќе се обезбеди навремено и квалитетно наводнување на над 2.000 хектари земјоделска површина. Овој проект е вреден над 24,3 милиони евра. Станува збор за вредна инвестиција со која го подигнуваме земјоделство и го правиме конкурентно“, нагласи премиерот Заев.Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања и координација на економските ресори, Кочо Анѓушев, потенцираше дека реализацијата на овој проект ќе има гарантира на земјоделците од валандовскиот регион квалитетно и предвидливо земјоделско производство.„ Со овој проект придонесуваме еден од најбогатите региони за земјоделски производи да добие квалитетно наводнување и предвидливост во земјоделското производство. Ќе се зафаќа вода од Удово од реката Вардар, понатаму со главен цевковод од 8,9 километри ќе се носи до препумпни станици и ќе има дистрибутивна мрежа од 85 километри. Сето тоа гарантира дека во иднина сите луѓе и граѓани во РСМ кои планираат да се занимаваат со земјоделство, а ние се обидуваме да ги охрабриме да бидат во поголем број, ќе имаат еден систем кој што ќе им гарантира дека навремено ќе добијат вода која што е суштински важна сите земјоделски производи а посебно за раноградинарските култури кои што се исклучително запазени во овој регион, каде што овој систем за наводнување ќе биде инсталира“, изјави вицепремиерот за економски прашања, Анѓушев.Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, посочи дека реализацијата е предвидено да трае 21 месеци, но се очекува да заврши и порано со оглед на тоа дека сите услови за инвестицијата се исполнети. Дополнително потенцираше дека со германската развојна банка „ KfW“,  веќе течат преговорите за  нова поддршка за спроведување на трета фаза од проектот за јужно-вардарска долина, со кој ќе се наводнуваат дополнителни 1.700 хектари.„Денешното потпишување на договорот со изведувачот на овој важен проект,  дава силен придонес на нашата политика за модерно и конкурентно земјоделство. Без рехабилитација на системите за наводнување и без проширување на постоечката водоводна мрежа не можеме да зборуваме за модерно и конкурентно земјоделство. Овој проект се состои од главна и секундарна мрежа во вкупна должина од 85 километри, односно замена на главниот отворен канал во затворен гравитациски канал на пумпната станица Удово и пумпната станицата Страиште во должина од околу 9 километри и дополнителна секундарна терцијална и дистрибутивна мрежа“, изјави министерот Николовски.Освен договорот со изведувачот на градежните работи денеска на настанот министерот Николовски ги потпиша и договорите за надзор на проектот со Градежниот институт Македонија и договорот за консултантски услуги со компанијата AHT Group AG. 

Македонија | пред 7 години

soobrakajna-nesreka

(ФОТО) Лудувал со 140, изгазил куче и се пофали на ФБ колку моќна кола има!

На социјалните мрежи може да се најде се и сешто. Се фалат кој што јадел, каде бил излезен, што купил, сме виделе се и сешто, но една објава страшно ги револтира корисниците на социјалните мрежи.„Друштво сакам да дадам еден голем респект за моето BMW 530. На автопат Велес – Скопје со брзина од 140 километри, удрив куче од оние овчарскине , го разделив на неколку дела. Што е најбитно колата не се помрдна. Е тоа ти е друштво BMW!Да беше било што друго сега немаше да пишувам.Како и да е респект за BMW. И за крај ќе ,и треба преден браник па пишите ако знаете каде да си купам“,стои во објавата.После оваа објава излишен е секаков коментар. Но, сепак дали некој од надлежните ќе превземе нешто да го пронајде сторителот на овој грозоморен чин, останува времето да покаже.  

Македонија | пред 7 години

krazba

Кичевчани преку кражби стекнале 100.000 денари

Поради постоење основи на сомнение за сторени девет казнени дела „тешка кражба“, полициската станица од Кичево против, Н.Р.( 27) од Кичево и Л.А. (28) од селото Грешница, поднесе кривична пријава.Пријавените, казнените дела ги извршиле во периодот од декември минатата, до февруари оваа година, кога, со употреба на подесен алат и физичка сила врз влезни врати и прозорци, насилно влегувале во куќи и станови. Притоа, одземале пари и други вредни предмети со што, се стекнале со протиправна имотна корист од 100.000,оо денари.

Македонија | пред 7 години

sud-ohrid

Меша ли политиката прсти во изборот на судии во Охрид?

Судскиот совет на Република Македонија врз основа на член 39 од Законот за Судскиот совет на Република Македонија објави оглас за избор на  2 (двајца) судии на Управниот суд.Неофицијално дознаваме дека еден од „одбраните“ ќе биде администратор односно секретарот на судот во Охрид, инаку активист на СДСМ и дел од шарената револуција.Кандидатите за избор на судија на Управниот суд треба да ги исполнуваат условите предвидени во член 45 од Законот за судовите  од  Законот за изменување и дополнување на Законот за судовите. Според огласот кандидатите кои ги исполнуваат условите полагаат психолошки тест и тест за интегритет. Од страна на Судскиот совет на Република Македонија ќе бидат спроведени психолошки тест и тест за интегритет за кандидатите кои ги немаат положено тестовите, како и проверка на знаење на практична работа со компјутери.

Македонија | пред 7 години

vmro_dpmne

Реакција ВМРО ДПМНЕ: Криминалниот картел на власт предизвика катастрофа во економијата

Криминалниот картел на власт предизвика катастрофа во економијата. Тие за две изминати години имаат просечен раст на БДП од 2,05%, убедливо најнизок во регионот и Европа. Македонија со овој криминален картел на власт забележи пад од 37 места на Форбс листата за водење бизнис, а на листата за перцепција на корупција сме на 93 место зад Руанда, Намибија и Свазиленд. За владата очигледно е одлично тоа што 500 илјади граѓани живеат во сиромаштија, се покачуваат даноците и акцизите, цените растат, а стандардот на граѓаните опаѓа, се вели во реакцијата од ВМРО ДПМНЕ.Заради неспособноста на оваа влада за две години јавниот долг е пораснат над психолошката граница од 5 милијарди евра или над 50% од БПД, односно секое просечно семејство е задолжено за нови 1000 евра долг поради оваа власт.Од друга страна најголемиот буџет во историјата на Македонија наместо за капитални инвестиции, училишта, градинки, патишта , болници се троши за покривања непотистички вработувања на мајки, синови, ќерки, золви, снаи, зетовци и други блиски роднини во администрацијата за натпросечни плати. Ова е “Мира Дизел моделот“ за покачување на плати и намалување на невработеноста кој што единствено знае оваа власт да го прави.Крахот на економијата поради погрешните и штетни политики на оваа власт е очигледен. Неуспесите може да престанат само ако оваа власт падне на избори. Почетокот на падот и демонтажата на власта почнува со Претседателските избори кога граѓаните јасно ќе ги казнат за нивниот криминал и корупција, се вели во реакцијата од ВМРО ДПМНЕ. 

Македонија | пред 7 години

2B1010B7-3AEB-45BB-9A85-CB966B49F2D7

Пендаровски не знае дали го следат, а не сака да каже дали сеуште се сомнева на странски служби

Кандидатот за претседател од СДСМ, Стево Пендаровски не кажува дали уште се сомнева во тоа дека странски служби го следеле и фотографирале низ улиците. Според него, тоа е завршена работа која е препуштена на МВР, од каде треба да се одгатне мистеријата. Пендаровски вели дека се чувствува безбедно, но чувството кога приметил дека го следат било непријатно. Тој не сакаше да коментира ништо, само рече дека нови следења во изминативе денови. Пендаровски не сакаше да ги коментира неговите противкандидати, откако беше запрашан кои позитивни особини ги гледа кај Силјановска. Тој се надева дека нема да има валкана кампања од противниците.

пред 7 години

54434302_421341881958397_7802000421819514880_o

(ФОТО) Повторно гори трската кај струшкото крајбрежје

Повторно гори трската кај струшкото крајбрежје. Во објавата на Фејсбук страницата VOX Struga пишува дека на местото забележале двајца пожарникари кои не преземаат ништо за гаснење на пожарот.https://www.facebook.com/voxstruga.mk/posts/421342121958373 Исто така палење на трската имаше и во текот на изминатиот викенд. Од еко-здружението Охрид-SOS на својот Фејсбук профил напишаа дека било известено Министерството за внатрешни работи, но оттаму добиле одговор дека не биле надлежни за проблемот.https://www.facebook.com/OhridSOS/posts/2296871803924797  

Македонија | пред 7 години

pozar

Запалила сува трева, па огинот се проширил и ја зафатил викендицата

На 10.03.2019 околу 14.20 часот во СВР Штип било пријавено дека на место викано „Амушкови чешми“, атар на Пехчево, настанал пожар пред викендицата во која престојувала К.М. од Пехчево.Според пријавеното, таа запалила сува трева и смет, а поради временските услови пожарот се проширил и ја зафатил викендицата, а зафатил и поголема површина со борова шума.  Притоа, К.М. се здобила со повреда на левата рака и и била укажана лекарска помош.Пожарот бил локализиран од екипа на Територијалната против пожарна единица Берово, екипа од Шумско стопанство „Равна река“, екипа од Дирекцијата за заштита  и спасување и други лица кои се затекнале на местото. Извршен бил увид на местото.

Македонија | пред 7 години

pozar-1

Тетовчанец во обид да изгасне пожар се здобил со повреди

На 10.03.2019 околу 16.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локалниот пат Тетово-село Гермо настанал пожар, кој се проширил во дворното место на И.С.(37) и ја зафатил шталата и друг објект. Според пријавеното, пожарот го забележал И.З.(68) од Тетово, кој се обидел да го изгасне при што се здобил со повреди.Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово. Извршен бил увид.

Македонија | пред 7 години

soobrakajka

23 сообраќајки во Скопје, едно лице со тешки телесни повреди

Во текот на изминатите денови (08, 09 и 10.03.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 82 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 73 возачи од кои: 25 возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 39 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и девет возачи затоа што биле возачи-почетници.Исто така, исклучени од сообраќај се и 40 возила бидејќи 37 биле нерегистрирани и три возила биле технички неисправни. Санкционирани се седум возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, осум возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, еден возач поради неправилно престигнување, 19 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 22 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.Во текот на изминатите денови издадени се 253 мандатни платни налози и 157 возила се подигнати со специјално возило "пајак". Изминатите денови се случиле 23 сообраќајни незгоди во кои едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а 19 лица поминале со телесни повреди.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

ОЈО отвори истрага за неовластено пуштање во промет наркотични дроги кокаин и хероин

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот набавил поголемо количество наркотична дрога – кокаин и хероин и потоа ја препакувал во својот дом со намера да ја пушти во продажба. При извршениот претрес од овластени службени лица од СВР Скопје, на 07.03.2019 година, во домот на осомничениот биле пронајдени и одземени: наркотична дрога кокаин со вкупна нето маса од 269,41 грама, наркотична дрога хероин со вкупна нето маса од 90,9 грама, дигитална вага, како и две лажици, картичка и нож со остатоци од наркотична дрога.До судијата на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 Скопје, надлежниот јавен обвинител достави и предлог за определување на мерка притвор за осомниченото лице, ценејќи дека постои опасност осомничениот да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело.

Македонија | пред 7 години

koen-davidse

Новиот извршен директор во Светска банка во посета на Македонија

Денес и утре во официјална посета на Република Македонија е новиот извршен директор во Светска банка, Кун Дејвидсе (Koen Davidse). Министерот за финансии Драган Тевдовски ќе биде негов домаќин, а планирани се повеќе средби на високо ниво.Во рамки на својата посета Дејвидсе ќе се сретне со премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Кочо Анѓушев, гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и министри од Владата. Теми на средбите ќе бидат соработката помеѓу Република Северна Македонија и Светска банка, особено за новата Стратегија за соработка 2019-2023 година (Country Partnership Framework 2019-2023).Кун Дејвидсе од ноември 2018 доаѓа на функцијата, која претходно ја извршуваше Френк Хемскирк.

Македонија | пред 7 години

1

(ФОТО) Граѓани до пратениците: Шовинисти не можат да штитат од дискриминација

Со протест пред Собранието претставници на граѓански организации и здруженија денеска со побараа законот за заштита и спречување на дискриминација итно да биде донесен на денешната седница.„Денес сме собрнани за побараме итно донесување на законот за заштита од дискриминација на собраниска седница. Овој закон повеќе од 8 месеци е заглавен во собранието. Иако СДСМ ветија дека ќе се усвои во најкус можен рок, сепак точката од дневен ред беше прескокната. Пратениците донесоа низа закони со кои се попречува правдата на шетата на граѓаните. Силно ја осудуваме реториката на ВМРО-ДПМНЕ која ја користат од говорницата. Тие поттикнуваат дискриминација и насилство кон маргинализираните заедници. Ги повикуваме пратениците од СДСМ и ДУИ итно да го усвојат законот за заштита од дискриминација денес и да застаната на страната на граѓаните“, изјави Елена Петровска, национална мрежа за борба протиб хомофобија и трансфобија.Повеќе од 100 граѓански организации го поддржаа овој закон и побараа негово итно донесување.

Македонија | пред 7 години

dzamija-2

СОВЕСТ: Утрово продолжи градбата на минарето во Охрид

Здружението „Совест“ утрово повторно реагира за минарето кое се гради без потребна документација и е предмет на спорење во јавноста, а кое според фотографиите кои тие ги објавија,  утрово продолжи да се гради и покрај најавите на премиерот Зоран Заев дека законите во Македонија важат за сите, па и за минарето.Утрово здружението „Совест“ објави фотографија од нинарето на кое име работници кои поставуваат конструкција за негово градење во височина.Од „Совест“ порачаа дека казната за хаосот и беззаконието ќе ја стигне власта на наредните избори.Но ваквите изјави на премиерот Зоран Заев очигледно немаат никаква врска со реалноста, бидјеќи преку ноќ минарето постојано добива плус по некој метар во височина.

Македонија | пред 7 години

Izbori

Рокот за увид во Избирачкиот список истекува на 14 март

На 14 март истекува рокот за увид во Избирачкиот список и пријавувањето за гласање на дисјаспората. На овој датум завршува и поднесувањето на барањата на граѓаните за запишување, дополнување или бришење податоци во Изборачкиот список.Јавниот увид во Избирачкиот список се спроведува во подрачните одделенија и канцеларии наДржавната изборна комисија, во време од 08:30 до 19:00 часот, вклучувајќи ги и деновите од викенд и празници. На 14 март 2019 годинајавниот увид ќе трае до 24:00 часот.Избирачкиот список се става на јавен увид со состојба на податоци на граѓани со наполнети 18 години живот со важечка лична карта или пасош на денот на изборите (21 април 2019 година), умрени лица 30 дена пред денот на распишувањето на изборите (8 јануари 2019 година) и други податоци од Избирачкиот список на денот на распишувањето на изборите (21 април 2019 година).Од Државната изборна комисија ги повикуваат сите заинтересирани граѓани кои сакаат да извршат увид во своите податоци во Избирачкиот список, тоа да го направат на официјалната веб страница на Државната изборна комисија и во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК. 

Македонија | пред 7 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Економијата се движи во добар правец!

Бројни економски параметри ја докажуваат успешноста на мерките и политиките на Владата предводена од СДСМ. Економијата се движи во добар правец. Потврда за тоа е растот на бруто домашниот производ од 3,7 отсто во последниот квартал од 2018, се вели во соопштението од СДСМ.Во истиот период, стапката на невработеност паднала на 19,4 отсто што е историски минимум. Само во минатата година отворени се нови 26.600 добро платени работни места, а забележан е и рекорден износ на странски инвестиции од 624,5 милиони евра.Ова не се само обични бројки. Ова се конкретни, реални резултати, ова се нови работни места, повеќе пари и повисок животен стандард за граѓаните.Владата предводена од СДСМ останува посветена на спроведување квалитетни и одржливи економски политики што обезбедуваат нови работни места, поголеми плати и повеќе пари за граѓаните, велат од СДСМ.

Македонија | пред 7 години

bura

(ВИДЕО) Силна бура во Германија - откронати дрва, одложени летови

Бура пропратена со оркански ветрови ја погоди Германија, што довело до откажување и одложување на возовите и авионите, а во невремето погинал 47-годишен маж кога врз неговиот автомобил паднало дрво во Бествиг, недалеку од Келн.Дојче Бан денеска објави дека ги сопрело возовите во сојузната држава Северна Рајна-Вестфалија, бидејќи неколку линии беа отсечени поради дрвјата кои паднаа на шините. Поединечни летови од аеродромот во Франкфурт, најпрометни во земјата, се откажани. Два авиони кои летале кон аеродромот Келн-Бон се пренасочени поради силниот ветер.Германскиот метеоролошки завод предупреди дека се очекува бурата да потрае до доцна вечерва во западните и во централните делови на земјата, со ветрови кои се движат со брзина до 120 километри на час.Во Дуизбург, за време на невремето се урна голем товарен кран кој заврши во Рајна.Зоолошките градини во Дортмунд, Вупертал и Хам се затворени поради бурата, додека во Дуисбург се срушил товарен кран и делумно завршил во реката Рајна. 

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Со Власта на СДСМ македонската економија е пред целосен колапс

Со СДСМ на власт македонската економија е пред целосен колапс, сите економски параметри бележат падови, а граѓаните се повеќе  осиромашуваат.Додека повеќе од 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата и не можат да се прехранат, СДСМ и нивните функционери единствено се грижат за своите бизниси и да згрижат што е можно повеќе роднини во државните институции, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Во недостиг на економски резултати, криминалниот картел вработувањето на своите мајки, татковци, баби, дедовци, золви, снаи, зетовци и лични фризеркипочнаа да го прикажуваат како голем економски успех.Расипничката власт на СДСМ и аболицираниот Заев ја направи Македонија најсиромашна држава во регионот и Европа. Земјите од регионот и Европа доживуваат економска ренесанса, а Македонија благодарение на неспособната влада на СДСМ е закована на дното со срамни 2,05% раст, кој е многу далеку 5 до 7% со кои што Заев ги лажеше граѓаните.За неспособноста на оваа власт говори и фактот што и оваа година власта како и минатата нема да успее да реализира ни половина од планирате капитални инвестиции. Нивото на реализација на капитални инвестиции за месец јануари изнесува мизерен 1%, извозот има пад од 1,9%, а пад има и ИТ индустријата и тоа од големи 12,6 проценти.Во услови кога државата економски тоне, власта не запира со задолжувањата. Криминалната власт на СДСМ успеа за прв пат да ја надмине психолошката граница на јавниот долг од 50% и тој веќе надмина 5  милијарди евра за прв пат во историјата на Република Македонија.Сето ова е показател за штетните и катастрофални политики на СДСМ и Зоран Заев кои се вистинска елементарна непогода за државата и граѓаните.Граѓаните повеќе не смеат да живеат во оваа беда која ја донесе СДСМ. Токму затоа потребно е Заев и СДСМ заедно со нивниот криминален картел да си заминат за конечно македонската економија да почне да напредува, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

tramp

Трамп денеска ќе го објави буџетот за фискалната 2020

Белата Куќа денеска треба да го објави буџетот за фискалната 2020 година на претседателот Доналд Трамп, прв чекор во долгиот процес на одредување на финансирањето на САД.Американскиот претседател Доналд Трамп ќе предложи денеска буџет што предвидува намалени расходи за пет отсто и зголемување на расходи за одбрана, здравствена заштита на ветерани и безбедност на границите.Се очекува републиканскиот претседател да објави нацрт на буџетот во 11.30 часот по локално време и тоа ќе биде сигнал за почеток на борбата за финансирање со Конгресот што ги контролира федералните расходи.Од Демократската партија веќе упатија критики за барањето од 8,6 милијарди долари за изградба на ѕид на јужната граница со Мексико. 

Свет | пред 7 години

titanik

Во Кривичниот суд ќе се изведат матријалните докази за „Титаник“

Со изведување материјални докази, во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето за случајот „Титаник” на Специјалното јавно обвинителство во врска со изборни нерегуларности.Претседател на судечки совет е судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е Лиле Стефановска.Освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство во Унгарија, во „Титаник” обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања. 

пред 7 години

Screenshot_1-5

Што треба да се прави на Чист понеделник и следните денови од Велигденскиот пост?

Денеска започнуваат велигденските пости. Денот по Прочка е чист понеделник кога почнува големиот велигденски пост. На овој ден се чисти куќата, децата и возрасните се бањаат, шишаат и бричат. Особено се внимава садовите за храна да се измијат и испоснат од мрсното. Во минатото тоа се правело со брашно или пепел и со подолго вриење.За време на велигденските пости покрај вообичаените конзумирања храна од растително потекло, житарици, зеленчук и овошје, постојат и одредени карактеристични продукти што се подготвуваат само во одредени денови за време на постите.Во текот на седумнеделниот период на Велигденскиот пост има повеќе празници. Во првата недела од великите пости, од понеделникот до средата се деновите наречени тримери кога не се конзумира никаква храна ниту течност. Одредени продукти од храна се подготвуваат за денот по завршувањето на тримерите, што е третиот ден од почетокот на великиот пост.Во средата, кај оној што ги „држел” тримерите и каде што имало млада невеста, доаѓале гости. Домаќинката за таа прилика има подготвено варена пченица со конопни зрна, ошав – компот од црни сливи и друго сушено овошје (јаболко, суво грозје, диви сливи), кравајче од пченично брашно замесено со пепелница, украсено со бонбони. Се месело, исто така, и пита-зелник, со зеље, одозгора посолено со сусам додека на дното од тепсијата се ставале сецкани ореви. Задолжително за таа прилика како пијалок се носело и боза. Гостите што доаѓаат на посета исто така носеле боза, кравајче и пченица. Во оваа прилика се купувало и сезонско овошје, особено портокали.Првата сабота после прочка е празникот Тодорова сабота- Тодорица, а саботата пред Велигден е Лазарова сабота, а во неделата се Цветници. Празникот Благовештение кој секогаш е на 7 април.За празниците Благовец и Цветници дозволена била употреба на посни меса во кои спаѓаат рибата и полжавите. Рибата печена или пржена на масло, или подготвена со ориз или, пак, со запржен кромид и суви црни сливи, била скоро задолжително подготвувана во овие денови. Полжавите се печеле или се вареле како готвено јадење со зеленчук.Сепак велигденскиот пост не значи само одрекување од храна. Важен е и духовниот пост. Верниците во деновите на постот треба да се воздржат од лоши мисли и дела, и да се обидат да најдат духовен мир, без што постот нема смисол.

Македонија | пред 7 години

pendarovski4

Пендаровски: Важно е да ги добијам гласовите од Албанците

Кандидатот за претседател на државата, Стево Пендаровски за „Јутарњи лист“, вели дека е „исклучително важно идниот претседател на Северна Македонија да ги добие гласовите на Албанците.„Тоа е од големо значење, прво поради големата албанска заедница која живее во нашата земја и која има бројни врски со Косово и со Албанија, како и поради регионалната соработка, што е предуслов за европска интеграција, а од нашите други три соседи, Бугарија и Грција се членки на ЕУ а Србија е на пат. Сè уште сме далеку од полноправно членство во ЕУ. Тоа ќе биде за нас голем дипломатски предизвик со офанзивно темпо да се спроведат реформите и да успееме да ги стигнеме Србија и Црна Гора на кои како приближен рок им е дадена 2025 година, вели Пендаровски, за Јутарњи лист.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања