Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

Nov-Bibliobus-2

Подвижна Библиотека - Библиобус

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ со финансиска поддршка од Град Скопје изминатиот период набави нова подвижна библиотека – Библиобус.Подвижната библиотека - Библиобус е адаптирано возило опремено со книги наменети за ученици и има за цел промоција на книгата, достапност на информациите, развој на културата на читање, како и создавање навика за читање кај детската популација.Библиобусот посетува повеќе скопски приградски населби и ги опслужува учениците од 19 училишта во Марино, Мралино, Бунарџик, Текија, Мршевци, Кучевиште, Сопиште, Сушица, Оризари, Припор, Долно Коњари, Добри Дол, Побожје, Долно Соње, Орман, Чифлик, Лисиче, Трубарево и во Волково.Подвижната библиотека работи пет дена во неделата, од септември до јуни, и ги посетува училиштата според претходно утврден план. Со библиобусот се овозможува полесен пристап и популаризација на книгата и до оние места кои се оддалечени од централните библиотеки и клонови. Учениците се ослободени од наплата на амортизација на позајмените книги.

Скопје | пред 7 години

stop-policija

МВР 24 часовен билтен: 12 сообраќајни незгоди, брзо возење, неносење сигурносен појас ...

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 12 сообраќајни незгоди од кои осум сообраќaјни незгоди со телесни повреди и четири сообраќајни незгоди со материјална штета. Во сообраќајните незгоди девет лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 33 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 25 возачи од кои: тројца возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 19 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и три возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така исклучени од сообраќај се и осум возила бидејќи седум биле нерегистрирани, а едно возило било технички неисправно.Санкционирани се осум возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци, двајца поради неправилно престројување, двајца возачи поради неправилно престигнување, 25 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 27 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкционирани се двајца пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатите денови издадени се 102 мандатни платни налози и 77 возила се подигнати со специјално возило пајак. 

Скопје | пред 7 години

gordana-siljanovska

Силјановска не е сигурна дека ќе може да го укине Преспанскиот договор

Кандидатот за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, во изјава за Независен вели дека ќе иницира создавање на експертска група која ќе подготви анализа во кои точки Преспанскиот договор и процесот на неговото донесување се во колизија со меѓународното право."Она што го укажував со месеци наназад беше противправната постапка низ која беше донесен овој договор, вклучувајќи го тука и референдумскиот процес. Токму по тие прашања секој меѓународен договор може да биде оспорен согласно одредбите на Виенската конвенција. Значи, зборувам за правна постапка пред надлежна меѓународна институција, а не за политичко ветување. Инаку, во Република Македонија надлежен за уставноста на овој договор е Уставен суд, но тој не работи со правни аргументи.Ќе иницирам создавање на експертска група на врвни авторитети од областа на меѓународното и уставното право, кои ќе подготват анализа во кои точки Преспанскиот договор и процесот на негово донесување се во колизија со важечкото меѓународно право", вели Силјановска.

Македонија | пред 7 години

uapsen

На Блаце приведен косовски државјанин баран од Интерпол

На 04.03.2019 во 15.00 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“ бил приведен А.Г.(28) од Kосово, кој бил баран од Интерпол. Лицето било предадено на полициски службеници од СМПС за понатамошна постапка.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Лице кое го бара Основен Суд-Тетово, уапсено на ГП „Богородица“

На 04.03.2019 во 19.15 часот на Граничниот премин „Богородица“, при  проверка на Е.Х.(30) од село Ларце, било констатирано дека тој се наоѓа на листата со мерка „А” (апси) по наредба од Основен Суд-Тетово, а за спроведување до Казнено-поправната установа Тетово за издржување казна затвор. Лицето било приведено и предадено на полициски службеници од Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Сообраќајна несреќа на магистралниот пат Велес-Штип – двајца повредени

На 04.03.2019 во 13.45 часот било пријавено дека на магистралниот пат Велес-Штип, на клучката кај село Кадрифаково, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „Фиат Дукато“ со кочански регистарски ознаки, управувано од С.М.(64) од Кочани и патничко возило „Пежо 206“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.И.(66) од Скопје. Во незгодата возачот на возилото „Пежо“ се здобил со тешки телесни повреди, а сопатничката од истото возило М.И.Х.Д.(66) се здобила со телесни повреди.Повредените со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Клиничкиот центар во Штип, каде им била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Свети Николе.

Македонија | пред 7 години

piton

(ВИДЕО) Во гевгелиско пронајден огромен питон долг 2,2 метри

Огромен питон бил пронајден на 3 март на излезот од гевгелиското село Стојаково. Видеото од пронајдениот питон на социјалната мрежа фејсбук го има поставено Петар Караѓошев од Стојаково.  Тие питонот го пронашле мртов до нивниот имот.Инаку вакви змии во овој регион не се забележани.https://www.facebook.com/petar.karagosev/videos/vb.1289514247/10212666589001518/?type=2&video_source=user_video_tab

Македонија | пред 7 години

hilari-clinton

Хилари не се повлекува од политиката, но нема да се кандидира за престедател

Хилари Клинтон нема да се кандидира на изборите за американски претседател во 2020 година, но вети дека нема да се повлече од политичкиот живот.Во интервју за њујоршката телевизија Њуз12, поранешната државна секретарка, ја исклучи веројатност да учествува во предизборна кампања. Клинтон беше поразена од Доналд Трамп на претседателските избори во 2016 година.Таа нагласи дека се радува на работата како писател, активист и баба, но не кажа кој кандидат би поддржала од Демократската партија за претседател.

Свет | пред 7 години

vlada-1

На пладне седница на Влада,ќе се расправа и за Законот за финансиска дисциплина

Владата денеска ќе ја одржи својата редовна 124 седница со повеќе точки на дневен ред од својата програма за работа за оваа година и од интерес на граѓаните. На оваа своја седница, на предлог на Министерство за транспорт и врски, ќе биде разгледан  Предлог - законот зa урбанистичко планирање.Министерството за правда на седницата ќе го презентира Предлог - законот за бесплатна правна помош, додека Министерството за финансии за оваа седница го предлага на разгледување  Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска дисциплина.  На 124-та седница на Владата на РСМ, министрите ќе се произнесат по Информацијата во врска со донесување на Национална стратегија на Република Северна Македонија за соработка со дијаспората 2019-2023 година и со Акциски план за нејзино спроведување.  На предлог на Акционерското друштво за стопанисување со деловен простор во државна сопственост, Владата ќе донесе мислење за Финансискиот план на ова акционерско друштво за 2019 година.На денешната седница, меѓу другото, Владата на РСМ ќе ја разгледа и Информацијата за активностите во насока на имплементација на клучните мерки за антикорупција од Стратегијата за Југоисточна Европа 2020, според кои Министерството за образование и наука, во соработка со Бирото за развој на образованието, треба да понуди најсоодветен начин за воведување на антикорупциските теми во рамките на годишната програма на училиштата.На оваа своја седница Владата на РСМ ќе ја разгледа и Информацијата со анализа за потребата од измена на закони со цел за надминување на постојните проблеми во областа на остварувањето на правата од работен однос на вработените во културата.Редовната 124 седница на Владата на РСМ е планирана да започне во 12:00 часот.

Македонија | пред 7 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Нема веќе драконски казни - Усвоен новиот Закон за прекршоци

Нема веќе драконски казни, нема репресија, воведуваме превенција и правична казнена политика - Усвоен новиот Закон за прекршоци. Ставаме крај на драконската казнена политика, воведуваме превенција наместо репресија, а казните се намалуваат и до 75 отсто, се вели во соопштението од СДСМ.Со новиот Закон за прекршоци, казните за физички лица ќе изнесуваат од 15 до максимални 250 евра, наместо досегашните максимални 1.000 евра.Минималната глоба за малите фирми според новиот закон ќе биде 50 евра, а максималната 2.000 евра што е намалување за два и пол пати во споредба со стариот закон кога максималната глоба изнесуваше 5.000 евра.За првпат се прави градација меѓу малите, средните и големи претпријатија, што е правично и праведно.Наместо изживување врз граѓаните и компаниите, се воведува нов столб на казнената политика - изрекување опомена пред казна. Опомената ќе се изрекува ако прекршокот се состои од неисполнување на пропишаната обврска или е нанесена штета, а сторителот пред донесување на одлуката за прекршок ја исполнил пропишаната обврска, односно ја отстранил или надоместил штетата.СДСМ преку Владата и парлементарното мнозинство што ги предводи останува посветена на реформите што го олеснуваат животот на граѓаните.Ги оставаруваме дадените ветувања, воведуваме правичност, казните да имаат превентивна и корективна улога, а да не бидат екстремна мерка со која само ќе се полни Буџетот, стои во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Неспособност на Оливер Спасовски, граѓаните ја плаќаат со сопствените животи

Оливер Спасовски мора да си замине од функцијата. Неговата неспособност граѓаните ја плаќаат со сопствените животи, а неговата соработка со криминалците ја парализираат полицијата и овозможуваат убијци и насилници да се шетаат слободно, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ .Тие додаваат: Во неговиот мандат, први соработници рекетираа и оддаваа посебни истражни мерки, а сега продолжуваат неказнето да работат.Во неговиот мандат полициски службеници малтретираа и палеа луѓе. Во неговиот мандат полициски службеници пукаа на млади момчиња и се пресметуваа меѓу себе.Во неговиот мандат владее тотален хаос во МВР, а убијци се шетаат на слобода. На слобода е убиецот на Мартин Јанушев. На слобода се сторителите на двојното убиство среде Скопје.Нерасчитени се стотици други убиства, разбојништва, грабежи и насилства. МВР стана синоним за криминал. Преку МВР на сомнителен начин се доделија лиценците за извршување возачки испити на територија на цела држава на фирми регистрирани непосредно пред да биде објавен огласот. Бизнис тежок стотици илјади евра заврши кај лични пријатели на врхушката на власт.Оливер Спасовски е најнеспособниот министер за внатрешни работи кој Република Македонија некогаш го имала.Оливер Спасовски мора да си замине. СДСМ мора да си замине. Граѓаните заслужуваат безбедност и држава во која власта е чувар на јавниот ред и мир, а не загрозувачки фактор на истиот, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

ovcari

Алармантна е состојба во овчарството - сточарите бараат поддршка од 40 денари за килограм јагнешко

Алармантната состојба во овчарството и ниската откупна цена на јагнето, ќе бидат темите на годишното собрание на Сојузот на овчари што ќе се одржи денеска во Министерството за земјоделство.Сточарите од собранието ќе упатат директно барање до Владата – да им обезбеди вонредна мерка во вид на финансиска поддршка за да не работат, како што велат, со загуба.– Откупната цена за прва класа јагнешко е 140 денари/килограм жива мера, а за втора 130. Според последните проценки врз основа на производните трошоци, цената треба да изнесува 182 денара. Но, ние сепак, не ја земаме предвид таа цена, туку остануваме на „старата“ од 175 денари што беше претходно утврдена. Затоа ќе побараме вонредна мерка за доплата како кај тутунот, но до 40 денари за килограм, вели за МИА претседателот на овчарското здружение „Агроцентар“, Митко Јанков.Јанков објаснува дека висината на поддршката нема да биде за сите овчари иста, туку ќе зависи од постигнатата откупна цена на јагнето, но битно е, додава, да биде максимум 40 денари.На собранието на овчарите се очекува да присуствуваат претставници од Владата и од Министерството.

Македонија | пред 7 години

abortus-otec-ivica

Отец Ивица: Кој тоа не убива и зошто?

По веста која ја изнесе министерот за здравство Венко Филипче: Одлуката за прекин на бременоста е право на жената и тоа никој не може да и го одземе, презентирајќи го Предлог-законот за прекинување на бременоста, на социјалната мрежа фејсбук се огласи Отец Ивица.Тој својот статус го наслови : ОД свесно УБИСТВО, на држава и цел народ до убиство на неродени деца!КОЈ ТОА НЕ УБИВА И ЗОШТО?Во продолжение ви го пренесуваме статусот на Отец Ивица.1. Свесни ли сте што значи абортус во 22 гестациска седмица? Убивате 5 месечно бебе, оформено мало човече со рачиња, ноџињa, слух, лик…2. Бебиња родени помеѓу 23 и 24та гестациска седмица можат да преживеат!3. Постојат многу малку случаи каде абортус би имал логика, но легализирање на своеволна терминација на бременост? Промоција со кампања?4. Има брачни парови кои со години се обидуваат да се остварат како родители. Не е ли подобро да го родиш и да усреќиш таков пар со посвојување? Зборувам за “несакана бременост”!5. Повеќе ли ви се исплаќа да терате кампања за морталитет на нацијата наместо подобрување на животната средина и општеството каде треба да се родат и растат идните генерации?6. “Мое тело, мој избор” – НЕ!НЕ Е твое телото кое се отстранува од твоето тело со абортус!———–„Господ“ е најголем непријател на жената!“Уранија Пировска———-Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет:„Колку деца ќе роди жената е нејзин избор!„Господ“ (Што Уранија подразбира под „Господ“ е крајно нејасно) е најголем непријател на жената!“Додека оваа докажана соросоидка од говорницата на Собранието на РМ отворено пропагираше за својата соросоидно – либерална идеологија и „вера“ припадниците на традиционалните верски заедници во РМ, МПЦ – ОА, ИВЗ, Римо-Католичката Црква во РМ и други беа спречени да учествуваат во расправата каде што се говореше за предлог закон кој треба да овозможи најбрутално ЧЕДОМОРСТВО по 22 гестациска седмица од бременоста!Граѓани на Македонија кои сте членови на горенаведените традиционални верски заедници во Македонија – МПЦ – ОА; ИВЗ, РКЦ во РМ, ЕМЦ во РМ и останатите НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ претставници на краен морален разврат и безсовесни политичари да влијаат врз донесување на закони кои не само што се крајно нечовечки, туку се и БОГОХУЛНИ!Секоја вера, освен личната духовна вертикала ја подразбира и нашата општествената одговорност, односно, ја подразбира одговорноста за сите оние кои, од оваа или онаа причина не се свесни за опасноста што ја поттикнуваат личности, организации и партии кои во својата суштина и програма се крајно АНТИТЕИСТИЧКИ, антитрадиционални, антивредносни, АНТИЧОВЕЧКИ! Личности, организации (фондации; невладини организации) и партии кои се против мистеријата и радоста на ЖИВОТОТ, кои ја слават САМОЖИВОСТА, лагата, перверзијата, изопаченоста……..Денес, во Собранието на РМ, во домот на сите граѓани на РМ се пројави уште една компонента на окупацијата која е наша реалност, се пројави ликот на безбожната и перверзна соросоидно – либерална иделогија која изгледа длабоко продрела во умовите и мислите на претставниците од позицијата (сдс+дуи), но и во умовите и мислите на некои претставници од опозицијата – Даниела Рангелова!Времето наше е темно, мрачно, црно, зашто и душите на повеќемина се во таа боја, НО, им станува веќе јасно на граѓаните на РМ дека по ноќта изгрева силно ден, но, за да изгрее тој ден треба сите нашите души да ги исполнуваме со светлина, со вистина, со љубов, со радост Божја, со вистината за животот која доаѓа од самиот Творец!АКО и сега попуштиме, за многумина, особено за неродените деца, нема да има ДЕН, туку само темнина!https://www.facebook.com/ivicatodor/posts/10214867075684932

Македонија | пред 7 години

rocista

Продолжуваат судењата за „Траекторија“ и „Транспортер“

Во Кривичниот суд денеска треба да се одржат рочишта за предметите „Траекторија“ и „Транспортер“ на СЈО.Обвинети во предметот „Транспортер“ се поранешниот битолски градоначалник Владимир Талески и уште 20-тина лица во овој случај поради злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360.000 евра.Во „Траекторија“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски.

Македонија | пред 7 години

53473685_2277803625793479_1609558897054449664_o

Започнува кампањата за подобра животна средина, „Не игнорирај! Реагирај!“

Институтот за комуникациски студии денеска ќе го претстави почетокот на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“.Целта на кампањата е да се зголеми притисокот кон јавните институции за поефикасно решавање на проблемите од животната средина и истовремено да се поттикне и насочи граѓанскиот активизам кон државните и локалните институции за прифаќање на концептот на одржлив развој. Кампањата „Не игнорирај! Реагирај!“ ќе се реализира во текот на 2019 година и ќе биде поделена на три теми: (1) Одржливи градови, (2) Здрава околина и (3) Климатски промени.На настанот ќе говорат дел од поддржувачите кои се вклучени во кампањата – проф. д-р Дивна Пенчиќ, професор по урбанизам, проф. д-р Дејан Мираковски, експерт во областа на аерозагадувањето и вон. проф. д-р Ана M. Лазаревска, експерт за енергетски менаџмент..Кампањата „Не игнорирај! Реагирај!“ се реализира како дел од проектот „Поддршка за добро владеење преку граѓанско учество за поголема транспарентност и отчетност на институциите“, кој е финансиран од Британската амбасада во Скопје.

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

Без вода неколку населби од Ѓорче Петров

Поради уличен дефект Ф400м.м. на улица Лука Геров 15 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населбите Даме Груев. Волково, Ново Село и Стопански Двор од 08:00 часот до завршување на дефектот.Исто така поради дефект на затвoрач Ф80мм и приклучна цевка ф5/4“ на улица Димче Мирчев 22, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица Димче Мирчев, 50-та Дивизија и Серска од 08:00 часот до завршување на дефектот.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Без струја дел од Карпош и Ѓорче Петров

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека се планирани одредени технички зафати во дистрибутивната електромрежа и без електрична енергија ќе останат делови на Карпош и Ѓорче Петров.Во периодот од 14:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од бул. 8 Септември и ул. 1508 кај Стоп&Го – Момин поток (општина Карпош),во периодот од 9 до 14 часот корисниците од фирмите „Роломатик“, „Морфозис“ и Базата за сепарација на песок-Качанички пат (општина Карпош) иво периодот од 9 до 14 часот корисниците од дел од ул. Даутица, дел од ул. Ѓуро Салај, како и дел од ул. Алексо Демниевски под ул.19 (општина Ѓорче Петров).

Скопје | пред 7 години

sonce

Сончево со мала облачност, попладне промена на времето

Сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има зголемена облачност, а во западните и северните делови и повремени врнежи од дожд.Утринската температура ќе се движи од минус четири до еден, а дневната од 14 до 21 степен.Во Скопје, слично време, сончево, кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува.  Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе се искачи до 18 степени.Следува период на стабилно и многу топло време за овој период од годината.

Македонија | пред 7 години

Rabota-na-pat

Променет сообраќаен режим на делницата Неготино-Демир Капија

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.Г.П. Илинден – Струга известува дека од 02.03.2019 ќе започне со изведување на градежни работи на пат. На регионалниот патен правец Охрид - Свети Наум, во делот булевар Туристичка во должина од 3,5км. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.На ден 05.03.2019 од 08:00 до 17:00 часот ќе се изведуваат градежни работи при поставување на индуктивни јамки за броење на возила на Автопат А1, делница Неготино-Демир Капија за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.

Македонија | пред 7 години

luke-perry

Почина Познатиот американски актер Лук Пери

Познатиот американски актер Лук Пери, починал на 52 години, откако минатата недела доживеал тежок мозочен удар. Пери бил хоспитализиран во четвртокот веднаш по мозочниот удар. И покрај тоа што докторите се бореле за неговиот живот, тој починал.Колегите и пријателите се простуваат од американскиот актер Лук Пери.Како што објави неговиот порпарол, покрај Пери биле неговите деца, вереницата Венди Медисон Бауер, поранешната сопруга Мини Шарп и останатото поблиско семејство и пријатели.Пери беше актуелен со серијата „Ривердејл“, но, сепак, најпознат по улогата на Дилан во култната „Беверли Хилс“.

Магазин | пред 7 години

1-6

Џафери - Рикер: Надминувањето на спорот со името е само огромен чекор за целиот регион

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денеска оствари средба со Амбасадорот Филип Рикер, цивилен заменик и политички советник на командантот на Европската команда на Воените сили на САД.Претседателот Џафери, упатувајќи му честитки за неговото именување на функцијата државен секретар на САД за Европски и Евроазиски прашања и посакувајќи му успешна и плодна работа, ги констатираше одличните билатерални односи меѓу двете држави, заокружени со Декларацијата за стратегиско партнерство и соработка во 2008 година. Тој се заблагодари на поддршката на САД на нашите напори од независноста до денес преку разни проекти на УСАИД, но и за поддршката која ја добиваме од НДИ и ИРИ во градењето на демократско и инклузивно општество.Претседателот Џафери го информираше соговорникот за актуелните активности во Собранието поврзани со пакетот реформски закони со кои очекуваме одредување на датум за почеток на преговори од страна на Советот на ЕУ во јуни оваа година, како и за ратификациите на спогодбите со Република Бугарија и Република Грција со кои се надминаа отворените прашања со соседите и се отвори патот за членство на Република Македонија во НАТО. Притоа, тој изрази очекување дека земјата ќе стане 30-та членка на Алијансата до крајот на оваа или почетокот на следната година, а брзината на процесот на ратификација на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО е уште една потврда за изминатите заложби на актуелното мнозинство во земјата.Амбасадорот Рикер нагласи дека има многу причини за славење на позитивниот развој на настаните во Република Северна Македонија, бидејќи според него, надминувањето на спорот со името не е само огромен чекор за земјата, туку и за целиот регион. Тој го поздрави процесот на ратификација на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО, посочувајќи дека Сенатот на САД прави заложби за негова побрза ратификација од вообичаената процедура и изрази надеж дека земјата до крајот на годината ќе го добие своето заслужено место во Алијансата. Во однос на евроинтеграцискиот процес, Амбасадорот Рикер истакна дека донесувањето на пакетот реформски закони не се само придонес кон ЕУ процесот, туку се од клучна важност за развојот на земјата во иднина и дека во тој процес, опозицијата мора да се вклучи соодветно и да работи за општото добро. На крајот, тој констатираше дека и покрај сите предизвици и разлики кои постојат, Алијансата останува на остварување на своите стратешки цели поставени од нејзиното основање до денес.

Македонија | пред 7 години

1-5

Заев и Рикер: Партнерството на РСМ и САД во НАТО е од огромно значење за просперитетот на земјата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска оставри средба со амбасадорот Фили Рикер, кој како политички советник на командантот на Европската команда на Воените сили на Соединетите Американски Држави, учествуваше на регионалната конференција „Балкан 360“, која со поддршка на германско-американскиот Маршалов Фонд се одржа во Скопје.Премиерот Заев посакувајќи му добредојде на амбасадорот Рикер, му честиташе на новата должност, помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, и истакна дека за време на неговиот мандат на новата функција Република Северна Македонија и САД ќе го потврдат стратешкото партнерство и ќе останат фокусирани на заедничката соработка и на безбедноста, на слободниот и непречен развој на регионот.Претседателот на Владата на РСМ Заев на средбата ја изрази благодарноста на Владата на Северна Македонија и народот, за континуираната поддршка што нашата земја ја добива од Америка во сите години наназад, и која беше од особено значење во изминатите две години кога земјата го реши тридеценискиот спор со Грција со Договорот од Преспа, кој овозможи чист пат за членство на Северна Македонија во НАТО и сосема јасни перспективи за отворање на поглавјата за преговори со Европската Унија.Во таа насока, информираше премиерот Заев, Владата на РСМ сега е фокусирана на реформите во правосудството, во борбата против корупцијата, како и во рефрмите на безбедносните служби и јавната администрација за да се остварат обврските дома и за ги почувствуваат придобивките од реформите и граѓаните на земјата.Премиерот Заев уште информираше и за настојувањата за клучните реформски процеси да се обезбеди соработка со опозицијата и потенцираше дека ќе настојува тој дијалог да го опфати и договорот за заеднички придонес за реализирање на фер и демократски избори за Претседател на Република Северна Македонија.На средбата стана збор и за регионалните прашања и беше нагласено дека интересите за земјите од Западен Балкан се совпаѓаат и со интересот на САД за стабилен регион и соработка во интерес на граѓаните од сите балкански држави.Амбасадорот Рикер, од своја страна, покажа интерес за спроведувањето на Договорот од Преспа во земјата, како и за ратификацијата на Протоколот за пристапување на нашата земја во парламентите во земјите членки на Алијансата, и истакна дека му е особено драго што во идниот период ќе може да учествува понепосредно во споделувањето на принципите на северно- атлантската алијанса со Република Северна Македонија како полноправна членка на НАТО и рамноправен партнер на САД и на другите земји членки во Алијансата.Претседателот на Владата на РСМ Заев и амбасадорот Рикер, кој наскоро ќе ја преземе должноста помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, по средбата одржаа и прес конференција за новинарите, на која одговараа на прашања од интерес на медиумите.

пред 7 години

Нема фотографија

Николовски: Ги реализираме сите барања на производителите на јаболка

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска во Ресен имаше работен состанок со производителите на јаболка. На средбата министерот Николовски, им соопшти на производителите на јаболка дека мерката за дополнителна субвенција од 3 денари за предадено индустриско јаболко се продолжува и ќе важи до 30 јуни 2019 година. Ова продолжување на времетраењето на мерката е по барање на производителите на јаболка.Износот на мерката е дополнителни 3 денари за индустриско јаболко предадено кај регистрирани откупувачи вклучително и за јаболко кое се извезува. Со оваа одлука се очекува да се откупат до 30.000 тона јаболка, што се нови 90 милиони денари за производителите на јаболка.МЗШВ оваа дополнителна мерка ја воведе минатата година, а во периодот откако стапи на сила до денес се откупени 45 илјади килограми јаболко,што е 2 до 3 пати повеќе од било која година претходно. Тоа се околу 2,5 милиони евра повеќе пари коишто оваа година ќе дојдат кај производителите на јаболка во преспанскиот регион.МЗШВ претходно ги прифати и другите две барања на производителите на јаболка, односно основната субвенциија за одржување на овошни насади ќе биде исплатена до 25 март, а дополнителната поддршка од 3 денари ќе биде исплатена до 30 јуни.МЗШВ континуирано работи на поддршка на производството на јаболка. Уште во првите 2 месеци од почетокот на мандатот на министерот Љупчо Николовски, директните плаќања се зголемија за 10 отсто за земјоделците со развоен потенцијал или од 33.000 денари на 36.300 денари по хектар. Во првата годишна програма за 2018 година, субвенциите по хектар за развојната категорија на овоштари кои имаат од 1 до 5 хектари се зголемија за 20 отсто односно од 33.000 на 39.600 денари по хектар. Истата година за дополнителни субвенции за килограм предадено јаболко во преработувачки капацитети беше зголемена од 2 на 3 денари по килограм. За првпат се воведе и нова мерка за промена на сортната структура во овоштарството за дополнителни 10.000 денари, како и нова подмерка за зголемени субвенции за 30% за промена на тип на производство од нискодоходовна во повисоко доходовна култура, од поледелски во овоштарски култури.Минатата година со цел да им се помогне на овоштарите кои претрпеа загуби поради временските непогоди се воведе интервентната дополнителна субвенција од 3 денари за килограм предадени индустриски јаболка.Во новата Програма за директни плаќања 2019, согласно препораките на Европската унија дополнителната субвенција од 3 денари за килограм предадени индустриски јаболка е трансформирана во субвебнцијата по површина. И оваа година во новата Програма субвенциите за одржување на насади се зголемени и тоа од 39.000 денари по хектар на 50.000 денари, со тоа овоштарите имаат дополнителни и 15% за подрачја со огранични можности над 700 метри надморска височина, а Ресен влегува во таа категорија, и таа субвенција за развојните категории достигнува 57.500 денари по хектар.Дополнително преку Програмата за рурален развој за 2019 и преку мерките од ИПАРД програмата, се отвораат можности за инвестиции во преработувачки капацитетите, што е важно за обезбедување на сигурен пласман и решавање на вишоците на земјоделски производи. МЗШВ интензивно работи на барање на нови пазари за македонските земјоделски производи вклучително и за јаболката, и за таа цел во новата Програма за рурален развој, субвенцијата за поддршка за учество на домашни и странски саеми е зголемена од 400.000 евра на 1 милион евра.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Силјановска Давкова: Од демократијата во Република Македонија нема ниту трага

Kандидатот за претседател на Република Македонија, г-ѓа Гордана Силјановска Давкова денес оствари посета со жителите на Општина Сопиште.Силјановска Давкова пред присутните граѓани истакна дека ова што го прави Зоран Заев, нарекувајќи го Заевизам ќе се проучува од страна на науката, додавајќи дека од демократијата во Република Македонија нема ниту трага, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Значи гледам сега некои анализи за Западниот Балкан, дали функционира или не демократијата во овие неколку години и без исклучок, вклучувајќи ја и Македонија се вели дека од демократијата нема ниту траг, дека авторитаризмот е силен. Во Македонија, авторитаризмот има име Заевизам ама тоа не значи само концентрација на власта во еден човек или во една група во него, туку значи многу повеќе. Значи дека претходно некој ја укинал поделбата на власта што е загарантирана во Уставот, законодавна извршна и судска, вели Силјановска Давкова.Таа додаде дека поделбата на власта на извршна судска и законодавна, не е случајна, туку напротив претставува една спрега, како што рече кочница за да не се мешаат овие три власти.Според Силјановска Давкова, Заевизмот во Република Македонија ја избришал оваа поделба и кочница со потпишување на Преспанскиот договор, односно како што рече таа склучување на меѓународни договори се во надлежност на Претседателот на државата, а не на министерот за надворешни работи.Не случајно е поделбата е поделбата на власта, за да има секоја од трите власти, спрега, кочница во однос на другата власт. Значи Заевизмот од една страна значи укинување на спрегите и кочниците меѓу двете глави на извршната власт, претседателот, владата и премиерот. Претседателот целосно е отстранет, дури и од функции кои што се секогаш претседателски, како што е склучувањето на меѓународните договори, па видовте вие дека наместо Претседателот на државата, кој што со право ќе одбиеше да го склучи, го потпиша, го склучи министерот за надворешни работи, потенцираше Силјановска Давкова, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

shukovski

(ВИДЕО) ВМРО ДПМНЕ: Собраните јаболка од Ресен нека ги распоредат во хуманитарната акција по институциите

Со денешното доаѓање, ако и воопшто дојде, на министерот за земјоделие Љупчо Николовски, после многу обиди и повици за негово доаѓање, тој собра храброст да ги посети овоштарите во Ресен и Преспа.Денеска се организира и хуманитарна акција за собирање и донација на јаболка, па затоа покрај министерот Николовски ја повикуваме и министерката Мила Царовска да дојде и собраните јаболка во хуманитарната акција да ги распореди по институциите каде што има потреба. Затоа што истата таа министерка, кога и јаболкопроизводителите ќе станат социјални случаи, ќе треба со некоја слична мерка да им помогне и на нив, истакна Александар Шуковски, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Совет на Општина Ресен.Дел од собраните јаболка во хуманитарната акција можеме да ги испратиме и во Австралија, па градоначалникот на Општина Ресен да ги подели по нашите иселеници.Господинот Николовски денеска на најавената средба со земјоделците, без ниту еден писмен документ ќе дава некои ветувања, иако знаеме дека е предизборен период и не може да врши исплата. Во претходниот период во повеќе наврати министерот Николовски беше прозван да одговори на голем број барања од страна на Иницијативниот одбор кој ги претставува сите земјоделци од Преспа, но се уште се чека на неговиот одговор по однос на барањата.Господине министер дали преспанските јаболкопроизводители се нешто поразлични од лозарите во кавадаречко па не можете да им помогнете, како што ги помогнавте во случајот „Повардарие“? Дали планирате да ги исплатите штетите за 2016-тата и дел од 2017-тата? Дали планирате да ги исплатите неисплатените субвенции и многу други барања и ветувања како што се најавуваните пазари од кои што нема ни трага ни глас, а вашата колешка Ленче Николовска како што претходно најавивме во еден од пресовите никогаш повеќе не се ни појави во Ресен и Преспа.Засрамете се, немојте да манипулирате со чувствата и емоциите на земјоделците и ако имате некакво конкретно решение решете го проблемот и помогнете им на јаболкопроизводителите, бидејќи се сомневаме дека ќе излезете со конкретно решение за решавање на овај проблем. Ова ќе биде уште една голема предизборна лага, бидејќи знаеме дека сега е предизборен период и не можете ништо конкретно да им помогнете на земјоделците.Ситуацијата во Преспа никогаш не била полоша и поочајна, така што некои од министерствата, како што се Министерството за земјоделие, Министерството за здравство, Министерството за животна средина, труд и социјала и други ќе треба исклучиво да работат во Преспа, бидејќи ни претстои голема еколошка, социјална, економска катастрофа поради фактот што голем дел од јаболката нема да бидат продадени, истакна Александар Шуковски, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Совет на Општина Ресен.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања