Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

siljanoska-12

Силјановска со поддршка на ЛГБТ заедницата

ЛГБТ заедницата ја имала и ќе го има моето разбирање и мојата поддршка за начинот на живот, како што јас имам право на мој. Државата не смее да се меша во личната сфера и треба да им гарантира рамноправност на сите граѓани. Впрочем, да потсетам: јас отворено ги изнесов моите ставови и предлози за амандманот на Уставот од 2014 година за брачната заедница, не само во расправата во Македонија, туку и пред Венецијанската комисија, вели во интервју за „Фокус“ кандидатот за Претседател на Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска Давкова

Македонија | пред 7 години

loazo2

Лоазо: Франција ќе биде со вас на патот кон Европската унија се до постигнување на успех

Средба на претседателот Џафери со г-ѓа Натали Лоазо, министер за европски прашања при Министерството за Европа и за надворешни работи на Република Франција Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија г. Талат Џафери се сретна со г-ѓа Натали Лоазо, министер за Европски прашања при Министерството за Европа и за Надворешни работи на Република Франција. Дел од Делегацијата беа и г-ѓа Марта де Сидрак, претседател на групата Франција-Западен Балкан во Сенатот и г. Бертран Сор, пратеник од Националното Собрание, претседател на групата за пријателство Франција-Северна Македонија. На средбата беше присутен и пратеникот Панче Иванов, претседател на Пратеничката група за соработка на Собранието на Северна Македонија со Парламентот на Француската Република.На средбата, Претседателот Џафери изрази задоволство што билатералните односи меѓу двете држави ги карактеризира стабилен и отворен дијалог, се заблагодари и на поддршката што Франција ја дава за процесот на нашите евроинтеграции и нагласи дека имајќи ја предвид влијателната улога на Франција и во НАТО и во Европската унија, нашите залагања се во правец на интензивирање на билатералната соработка на сите нивоа. Тој ги запозна гостите и со актуелните случувања на политичката сцена како и со законите од реформската агенда кои Собранието треба да ги усвои во наредниот период.Министерката Лоазо во името на Франција упати честитки за постигнувањето на Договорот од Преспа, нагласувајќи ја притоа важната улога на Собранието на Северна Македонија во процесот на завршување на спорот со Грција. Таа истакна дека Франција ќе биде со нас на нашиот пат кон Европската унија се до постигнување на успех а поддршка во име на Сенатот и во име на Националното Собрание изразија и сенаторката де Сидрак и пратеникот Сор.На средбата беше изразена благодарност и до амбасадорот, г. Тимоние и Амбасадата на Франција, што во континуитет работи на зацврстување на односите меѓу двете држави.

Македонија | пред 7 години

pozar-pazar

(ВИДЕО) Локализиран пожарот на пазарот во Тузла - повредени над 20 лица

Пожарот, кој го зафати пазарот во центарот на Тузла, речиси целосно го уништи. Над 20 лица се повредени. Пожарот е локализиран. Причина за избувнувањето на пожарот најверојатно е експлозија на плинска боца.Како што пренесуваат босанските медиуми, огнот за кратко време зафатил поголем дел од пазарот.

Свет | пред 7 години

2-6

Премиерот Заев на средба со генералниот секретар за меѓународни и економски односи во грчкото министерство за надворешни работи Брахос

Претседателот на Владата, Зоран Заев денеска оствари средба со генералниот секретар за меѓународни и економски односи во грчкото министерство за надворешни работи, Јанис Брахос кој беше придружуван од амбасадорот Димитрис Јанакакис и делегација од канцеларијата за економски прашања при Генералниот секретаријат во Владата на Грција.На средбата се зборуваше за придобивките од постигнувањето и практичната имплементација на Преспанскиот договор и за интензивирање на економската соработка и релации помеѓу двете пријателски земји, што ќе резултира со зголемување на трговската размена и економски придобивки кои ќе бидат видливи и почувствувани од граѓаните во двете земји.„Нам ни претставува огромно задоволство што денеска не посетивте. Ваквите средби во иднина ќе бидат сé почести и редовна пракса, бидејќи со Грција започнавме да градиме искрено пријателство кое ќе го негуваме преку зголемена соработка, пред сé на економски план, а потоа и во области како што се културата, образованието и здравството. Сакаме да им покажеме на граѓаните од соседна Грција, дека сме посветени на целосна имплементација и почитување на Договорот од Преспа, дека ќе работиме на унапредување на економската соработка, а бенефитите ќе бидат видливи за граѓаните од двете земји“, порача премиерот Заев.Генералниот секретар за меѓународни и економски односи во грчкото министерство за надворешни работи, Јанис Брахос ја потврди заложбата на Грција за градење на пријателство со нашата земја и за интензивирање на политичките и економски односи преку иницијативи за поблиска соработка и координација на економските ресори од двете земји.Премиерот Заев ја посочи важната улога на лидерството што Грција го има во регионот за зголемувањето на регионалната соработка што е важен чекор за интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Европската Унија и информираше дека процесот за полноправно членство на нашата земја во НАТО се одвива навремено и брзо и воедно претставува голем успех за Северна Македонија и нејзините граѓани.На средбата беше  посочено дека сега е вистински момент да се постигнат конкретни резултати на економски план преку стратешко партнерство помеѓу двете земји како што е предвидено во Преспанскиот договор, а посебно преку интензивирање на соработката на проекти кои значат енергетско и инфраструктурно поврзување

Македонија | пред 7 години

mvr

МВР трага по - 16 годишна штитеничка од СОС-Детско Село

На 26.02.2019 година во 01.00 часот во Полициската станица Гази Баба, вработена во СОС-Детско Село пријавила дека од селото самоволно се оддалечила нивна 16- годишна штитеничка. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Скопје | пред 7 години

heroin-111

Во Струшки автобус пронајдени 79 грама кокаин и околу 350 грама хероин

На 25.02.2018 во 22.30 часот на Граничен премин „Табановце“ полициски и царински службеници извршиле преглед на патници и автобус „Мерцедес“, сопственост на правно лице од Струга, при што пронашле и одзеле околу 79 грама кокаин и околу 350 грама хероин.Поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, од слобода биле лишени патниците Ф.Г.(42) од Република Албанија, Д.М.(21) од Босна и Херцерговина и Д.П.(42) од Република Србија. Тие биле предадени во Полициската станица Куманово за понатамошна постапка.Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Аплицирајте за субвенции за чистење на оџаците

Продолжува акцијата за доделување на субвенции за чистење на оџаците, со цел намалување на загадувањето на амбиентниот воздух.И во 2019 година Град Скопје објави јавен повик за субвенционирање на домаќинства и на други субјекти на подрачјето на Град Скопје за чистење оџаци за 2019 година.Со овој повик, Градот Скопје надоместува дел од трошоците на домаќинства и на други субјекти за чистење на оџаците, во износ од 1.000 денари, а на јавниот повик можат да учествуваат физички и правни лица чие живеалиште, односно седиште е на подрачјето на Град Скопје. Јавниот повик трае заклучно со 30.11.2019 година, и ќе биде реализиран по принципот „прв дојден прв услужен“, односно до реализирање на средствата предвидени за оваа намена со Буџетот на Град Скопје за 2019 година.Повеќе информации за јавниот повик и условите за аплицирање можете да добиете на следната интернет врска  Jавен повик - Оџаци-2019.pdfБарањето за надоместок можете да го преземете на следната интернет врска –Целта на овој проект е намалување на загаденоста на амбиентниот воздух во градот, особено со партикуларните честички (ПМ10 и ПМ2,5). Една од поголемите причини за емисија на овие честички е затоплувањето на објектите кои не се приклучени на централно греење, пред се, заради нецелосното и несоодветно согорување на огревното дрво, несоодветниот квалитет на дрвото и начинот на негово чување и употребата на стари, дотраени и технички неисправни печки, како и нередовно чистење и одржување на оџаците. Мерката има цел да постигне краткорочни и некои подолгорочни ефекти, како што се постигнување на подобро согорување, намалување на штетните отпадни гасови, појава на саѓи и трошоците за затоплување, како и подигнување на јавната свест кај граѓаните за потребата за чистење на оџаците.За потсетување, Град Скопје оваа мерка ја реализираше и во 2018 година, кога беа доделени 269 субвенции.

Скопје | пред 7 години

mirjana-najcevska

Најчевска казнета со 200 евра за шарената револуција - вели ова е обид да бидам замолчена

Универзитетската професорка и активист за човекови права Мирјана Најчевска на својот профил на „Фејсбук“ напиша дека ќе треба да плати 200 евра за фрлање боја на објекти во државна сопственост за време на Шарената револуција.Најчевска вели дека добила две решенија со кои Комисијата за прекршоци при МВР утврдила дека таа е одговорна за фрлањето боја.Во својата објава Најчевска напиша:„Ете денес ми стигнаа две решенија со кои Комисијата за прекршоци при МВР утврдува дека сум одговорна за фрлање боја на објекти на државата и ме задолжува да платам 200 евра.Тоа онаа комисија која е под надлежност на теологот министер за внатрешни работи кој дојде на власт како резултат на Шарената револуција чиј дел бев и јас, а која што се состоеше токму во фрлање боја на институциите запоседнати од страна на режимот на Груевски со цел избегнување било кој облик на насилство).Имам намера да го оспорам Решението пред Управен суд, да поведам постапка за дискриминација и да му плукнам на Заев и на неговиот потрчко-теолог кој го поставил за министер за внатрешни работи под прозор.И ги повикувам моите другарчиња од Шарената револуција кои во моментов топлат фотељчиња во власта да преземат нешто со цел запирање на натамошната виктимизација на учесниците во Шарената револуција кои не ги сместија задниците во фотељите во власта.ЈАС ОВА ГО РАЗБИРАМ КАКО ОБИД ДА БИДАМ ЗАМОЛЧЕНА, КАКО ОБИД ДА ЗАПРАМ СО КРИТИКА НА БИЛО КОЈ КОЈ СЕ НАОЃА НА ВЛАСТ И ОБИД ДА БИДЕ УНИШТЕН ГЛАСОТ НА ОНИЕ НЕЗАВИСНИТЕ КОИ НЕ ПРИПАЃААТ НА НИТУ ЕДНА ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА.ВЛАСТА КОЈА НЕ ТРПИ КРИТИКА Е МРТВА И НЕМА НИКАКВА ИДНИНА“, напиша Најчевска на ФБ.https://www.facebook.com/MNajcevska/posts/10215075883145328

Македонија | пред 7 години

20190226_114333

Манчевски на глобалната конференција за Сајбер безбедност

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, е во работна посета на Лондон и Универзитетот во Оксфорд. Во рамки на посетата тој е еден од говорниците на глобалната конференција за Сајбер безбедност.Тој се обрати на панелот посветен на националниот и регионалниот прогрес во рамки на борбата со сајбер криминалот.„Со влезот во НАТО, а наскоро и во Европската Унија, Република Северна Македонија станува се попривлечна цел за сајбер криминал. Секако, сајбер- безбедноста стана еден од клучните приоритети за Владата, особено за ресорните министерства задолжени за националната сајбер-безбедност.Комбинацијата на силна политичка волја и приоретизирање на изградбата на сајбер-безбедносните капацитети со поддршка од нашите стратешки партнери, резултираа со значајни достигнувања во изминатата година. За првпат, во инклузивен процес изработивме Стратегија и Акциски план за сајбер безбедност“, информираше министерот Манчевски.Како што истакна министерот Манчевски, неопходно е да се инвестира во опремувањето и јакнењето на капацитетите на луѓе, на вработените во јавната администрација, но и во бизнис заедницата, затоа што никој не е имун на сајбер нападите.„Со оглед на тоа што соседните земји, односно земјите од Западен Балкан се наоѓаат на слична позиција и имаме одлична соработка и поддршка од Европската Комисија во областа на дигиталната политика, дадовме предлог во Северна Македонија да се отвори првиот Регионален центар за обуки и истражување во областа на сајбер безбедноста. Предлогот е изготвен и во тек е проценка на организациските и финансиските ресурси. Предложениот концепт за Регионалниот центар за обука и истражување на сајбер безбедноста ќе се вклопи во рамките на Технолошки парк, кој се наоѓа во Скопје“, рече министерот Манчевски.Фокусот на овогодинешната конференција е градењето на глобални капацитети за сајбер безбедност, во наредните пет години. Главни прашања кои се отворија на конференцијата се: Кои се новите закани? Со кои предизвици ќе се соочат државите? Колку државите имаат капацитет да обезбедат сајбер безбедност и како тоа ќе резултира врз градењето на капацитетите за борба со сајбер криминалот.

Македонија | пред 7 години

DSC_3906

(ВИДЕО) Прашања без одговор: Какви се сега односите СДСМ - ДУИ? Дали една од разрешниците се евентуални брзи избори?

Закажаната пресс конференција на Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник, новинрите ја искористија за да постават уште неколку актуелни прашања, но не добија конкретни одговори.Имено, на прашањето Каков е ставот на СДСМ на дејствување во собранието, одкако исливаа на површина несогласувањата со претседателот на собранието Талат Џафери, Костадинов вели:- Испративме неколку прашања до Џафери. Прашањата се зошто во рамки на времето кога требаше да заврши седницата за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Велјаноски согласно деловникот член 60 , знаеме дека претседателот организира и менаџира со седниците и само тој може да ни даде конкетни одговори.Костадинов пред новинарите ги кажа само прашањата, но не и одговорите кои ги добиле од Џафери.Новинарите запрашаа и Какви се сега односите СДСМ - ДУИ, дали една од разрешниците се евентуални брзи избори? За процесот Жан Моне, и ред други прашања, еве што одговори Костадинов.

Македонија | пред 7 години

DSC_3906

(ВИДЕО) Костадинов: Од една страна СДСМ бара и нуди решенија против непотизам, од друга страна молк во ВМРО ДПМНЕ

Од една страна СДСМ бара и нуди решенија против непотизам и партизација, се случија и повлекувања на роднини на функцинери од работни места, од морални и етички причини. Од друга страна молк во ВМРО-ДПМНЕ. Молчат оние што го создадоа непотизмот низ годините наназад, кои ја наполнија администрацијата и создадоа партиски и роднински јазли истакна Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.Тој додава: Мицкоски молчи, не го повика својот братучед да се повлече од работното место во ЕЛЕМ турс. Не ги повика ниту снаата, вујкото, братучедот, братучедтката и зетот на Милошоски да се повлечат од работните места во администрацијата. Молкот во скапоцениот дворец на ВМРО-ДПМНЕ мора да прекине. Затоа што симболот на непотизмот е токму овде, од овој дворец извира се она што 11 години ја уништуваше нашата татковина и нашето општество.Затоа што не се само Мицкоски и Милошоски примери за непотизам, има уште многу функционери на ВМРО-ДПМНЕ чии најблиски роднини за 11 години добиле работни места платени со пари на граѓаните.Пратеникот Димитар Стевананџија од ВМРО-ДПМНЕ е уште еден пример во низата. Речиси сите поблиски роднини на Стевананџија се вработтени во државни инситуции кои се финансираат од Буџетот, од парите на граѓаните.- Сопругата на пратеникот Димитар Стевананџија, Јулија Стевананџија е вработена во здравствениот дом во Прилеп.- Марија Адамческа, сестра на Стевананџија е вработена во Центарот за јавно здравје во Прилеп.- Неговиот вујко, Јоска Матески, е вработен во Апелациониот суд во Битола.- Тетката на Стевананџија, Соња Костоска, е вработена во Основниот суд во Прилеп.- Неговата братучедка Емилија Матеска пак е вработена на Универзитетот Климент Охридски во Битола.Ајде Мицкоски, не молчи , повикај против непотизам! Покажи дали имаш образ!Тргни од себе Мицкоски, повикај да се повлечат твоите роднини.Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Милошоски и Стевананџија нека ги повлечат своите роднини од државниот сектор.Време е да почне повлекувањето на роднините на функционерите од ВМРО-ДПМНЕ, во име на борбата против непотизмот, вели Костадинов.

Македонија | пред 7 години

Naum-Stoilkovski

(ВИДЕО) ВМРО ДПМНЕ: Прашуваме кој го нарача линчот и зошто нема снимки од нападот на Јанакиески и Ристовски

Одговорност за обидот за линч на поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски мора да има. И кривична и политичка.  Оставката на директорот на истражниот затвор е само глума со која што треба да се сокријат вистинските виновници и вистинските нарачатели. Неприфатливо е скандалозното малтретирање да се затвори со дисциплинска одговорност за неколку чувари, истакна на денешната пресс конференција Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Тој додава:Се споменуваат пропусти и дисциплински прекршоци и неуредност, но не и одговорност. Нема збор, нема ништо од одговорност, нема ништо од вистинска истрага, за нарачателите и извршителите, нема одговорност за случајот обид за линч во притвор врз опозицискки членови, поранешни државни функционери.Ова е обид да се забошоти случајот.Повторно прашуваме кој го нарача линчот и кој даде наредба после нападот врз Ристовски, во дворот на затворот да биде изнесен и нападнат и Јанакиески? Зошто нема снимки од нападот?Во оваа претстава за јавност изостанува истрагата за заканите кои пристигаат од членови и поддржувачи на Кумановската терористичка група преку социјалните медиуми.Во сценариото изгледа не е предвидено МВР и Обвинителството да спроведат истраги по нив. Ниту за потврдените податоци за мобилни телефони и дрога во затворот. МВР и обвинителите служат само за политички прогон против опозицијата.Ваквата претстава во заевистички манир е прочитана и одговорност ќе има! Прво на претседателските а потоа и на неминовните предвремени парламентарни избори, истакна Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ!

Македонија | пред 7 години

Izbori

Известување за добивање право за бесплатно користење места за истакнување изборни плакати

Град Скопје ги известува подносителите на листите за претседателските избори, согласно со Одлуката за условите за добивање право за користење место за истакнување изборни плакати во градот („Сл.гласник на Град Скопје” бр.6/06), дека Град Скопје поставува паноа за бесплатно изборно рекламирање на посебно определени локации.Согласно со Роковникот за извршување на изборните дејствија за спровесување на изборите за претседател на Република Македонија, Град Скопје е должен да објави услови за добивање право за користење места за истакнување изборни плакати, најдоцна до 01.03.2019 година.За добивање право на користење место за истакнување изборни плакати на наведените паноа, организаторите на изборната кампања доставуваат барање до администрацијата на Град Скопје–Сектор за комунални работи, најдоцна до денот определен за почеток на изборната кампања, односно до 01.04.2019 година до 10 часот.Редоследот на истакнување на изборни плакати се определува со ждрепка, посебно за секој подносител.Ждребувањето ќе се изврши на 01.04.2019 година во 11:00 часот, во Град Скопје- Сектор за комунални работи, (Бул.Илинден бр.82 –барака 11).П Р Е Г Л Е Дна локации за поставување паноаОПШТИНА АЕРОДРОМ1. Бул.К.Ј.Питу - (ТЦ Скопјанка)2. Бул.Јане Сандански- (ТЦ Бисер)3. Бул.В.Смилевски Бато - (Пошта Ново Лисиче)4. Бул.3-та Македонска Бригада- (Раде Кончар)5. Бул.АСНОМ - (Сала Јане Сандански)ОПШТИНА БУТЕЛ1. Ул.Босна и Херцеговина- (Раскрсница со Александар Урдаревски)2. Ул.Христијан Тодоровски Карпош- (Кино-Бутел)3. 2-ра Македонска Бригада- (Т.Ц.Треска)4. Ул.Радишанска- (Лок.Центар нас.Радишани)5. Ул.Александар Урдаревски (-Раск.со улица за Рудник Бањани)6. Ул.Радишанска (-Рас.Паркови и зеленило)ОПШТИНА ГАЗИ БАБА1. Бул.Александар Македонски (Автокоманда спортска сала)2. Бул.Александар Македонски (кај Алкалоид)3. ул.Благоја Стефковски (раскрсница со ул.846)4. ул. Париска Комуна-нас.Хиподром (последна автобуска станица 50)5. ул. Маџари нас. М.А.Ченто (кај пазарот)6. ул. М.А.Ченто (раскрсница со ул.Маџари)7. ул М.А.Ченто (последна автобус. станица 45)8. ул Радован Ковачевиќ (лок. центар до ОУ 25 Мај)9. ул. Радован Ковачевиќ (лок.центар економија)ОПШТИНА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ1. Ул.Ѓорче Петров (кај Баумаркет)2. Ул.Ѓорче Петров (Лок.Центар)3. Ул.Лука Геров-нас.Даме Груев (автобуска станица)4. Ул. 4 Јули- ( пазар)ОПШТИНА КАРП0Ш1. ул. Ангел Динев (кино Влае)2. Бул. Партизански Одреди (пред ТЦ Лептокарија)3. Ул.Рузвелтова-Орце Николов- (Раскрсница)4. Ул.Московска- (пазар Тафталиџе)5. Бул. М.Т. Гологанов - (кај Млечен ресторан)6. Ул.Козле-Нерези (последна автобуска стан.57)ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА1. Ул.Огњан Прица (-кај Локални центар-шампионче)2. Ул.Сава Ковачевиќ (-кај Автобуско стојалиште)3. Стара рампа4. Ул. Првомајска (раскрсница со Бул. Србија)5. Нас.Драчево- локален центар6. С. Драчево- (црква)7. С.Драчево- кај цркватаОПШТИНА САРАЈ1. Сарај (пред црквата)2. Сарај (Автобуска ст. последна 12)ОПШТИНА ЦЕНТАР1. Бул. Илинден-Градски парк (кај фонтана)2. Бул. Партизански Одреди (пред универзална сала)3. ул. Народен Фронт ( ТЦ.Беверли Хилс)4. ул. Македонија (пред дом на АРМ)5. Влез во ГТЦ6. ул. 11 Октомври (спроти ГОБ,спомен чешма)7. Бул. Кочо Рацин (кај Олимписки базен)8. Бул. К.Ј.Питу (комплекс банки)ОПШТИНА ЧАИР1. Бул. Крсте Мисирков ( Бит-пазар)2. Бул. Гоце Делчев (плато Мавровка)3. ул. Цветан Димов (Чаирчанка)4. ул Кемал Сејфула (стадион)5. ул.Џон Кенеди-раскрсн. Бул.Македонско-косовска бригадаОПШТИНА ШУТО ОРИЗАРИ1. Шуто Оризари (кај пазарот)2. Шуто Оризари (кај Општина)

Скопје | пред 7 години

2-5

Заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски на работна средба со Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш

Заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, денеска во седиштето на ООН во Женева оствари работна средба со Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш.Жерновски на Гутереш му ја пренесе благодарноста на Владата на Република Северна Македонија за силната и континуирана поддршка што ООН  ѝ ја даваше на нашата земја за време на целиот процес на преговори за изнаоѓање на решение за името, кои се водеа под покровителство на ООН, како и за целиот процес на спроведување на Договорот од Преспа. Воедно, на средбата се разговараше за активностите на Владата на Република Северна Македонија во врска со спроведувањето на обврските од Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, односно од Договорот со Грција.Од страна на двајцата соговорници беше изразена благодарност до амбасадорот Нимиц за неговите лични заложби во решавањето на спорот за името, констатирајќи дека неговата дипломатска умешност и трпеливост од речиси три децении, заслужуваат длабока почит.На средбата, Генералниот секретар Гутереш информираше за доставените писма од негова страна до Претседателот на Советот за безбедност и до Претседателот на Генералното Собрание на ОН, со кои ги известил за влегувањето во сила на Конечната спогодба.На средбата стана збор и за номинацијата на премиерите Заев и Ципрас за Нобеловата награда за мир за 2019 година, поради постигнатиот Договор од Преспа, при што Гутереш ја искажа поддршката овогодинешната награда за мир да биде доделена токму на творците, Зоран Заев и Алексис Ципрас, поради склучување на Преспанскиот договор.Гутереш нагласи дека успешниот епилог на Договорот од Преспа, како и постапката на ратификацијата на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО, е од исклучително значење за регионот и за цела Европа, но пред сè е голем успех за Обединетите Нации, за Европската унија и за НАТО Алијансата.„Со овој историски договор е затворено прашањето кое не само што ја блокираше европската и евроатлантската иднина на Република Северна Македонија во изминатите 27 години, туку и создаваше судир помеѓу двете соседни држави. На овој начин, двајцата премиери покажаа политичка спремност да донесат политички одлуки со кои се овоможува трајна стабилност во регионот и во Европа.Нивниот личен напор и спремност за компромис за добробит на граѓаните на двете земји се најдобар пример за мудро и долгорочно визионерство, кое е одлика исклучиво на вистинските лидери“, изјави Гутереш.

Македонија | пред 7 години

mvr

Стружанец три дена ја држел сопругата заклучена во соба

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против А.А. (40) од село Франгово, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „противправно лишување од слобода“.На 10 јануари во село Франгово, во домот на пријавениот, по претходна вербална расправија, тој физички ја нападнал неговата сопруга, по што таа се обидела да избега. После тоа, пријавениот ја заклучил во соба и ја држел три дена.

Македонија | пред 7 години

ojo

Едно лице под истрага за обид за убиство

Oсновното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.Осомничениот на 24.02.2019 година со умисла се обидел да лиши од живот едно оштетено лице, така што додека седеле на различни маси во дворот на гостилница, без предупредување му пришол на оштетениот, извадил нож од џебот и замавнал. Притоа на оштетениот му нанел тешка телесна повреда - влезно убодна рана во пределот на абдоменот, оштетувајќи му неколку органи. По ова, реагирале други лица кои седеле на масата со оштетениот и осомничениот се оддалечил од местото.Со оглед на тоа што надлежниот јавен обвинител ценеше дека се исполнети сите законски основи, до судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

пред 7 години

DSC_9252

Годинава за прв пат ќе се доделува државна награда за човекови права „Мето Јовановски“

Владата го разгледа новиот текст на Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди за да се обезбедат средства за доделување на државна награда за човекови права „Мето Јовановски“, која за прв пат треба да биде доделена оваа година на Меѓународниот ден на човековите права 10 декември.

Македонија | пред 7 години

gjoko-kotevski

Оставката на директорот на Истражниот затвор во Шуто Оризари Ѓоко Котевски, ќе се разгледува по изборите

Владата на РСМ на оваа своја седница го констатираше поднесувањето на оставката од страна на директорот на Истражниот затвор во Шуто Оризари Ѓоко Котевски. Со оглед на тоа што оставката е поднесена во период откако се објавени претседателските избори, истата ќе се разгледува после завршување на изборите, штом заврши забраната за разрешување и именување согласно Изборниот законик.

Македонија | пред 7 години

DSC_9211

Кај месноста Маркова Нога се отвора нов новиот граничен премин со Грција

Македонија и Република Грција за отворање на нов граничен премин во Регионот на Преспанското Езеро кај месноста Маркова Нога.Владата ја разгледа и ја усвои Информацијата во врска со потребата од потпишување Договор меѓу Министерството за култура на Република Северна Македонија и Министерството за култура на Република Бугарија за организирање на заедничка изложба во Скопје во текот на 2019 година, и го задолжи министерот за култура на Република Северна Македонија, Асаф Адеми, во име на Владата , да го потпише Договорот за организирање на заедничка изложба во Скопје во текот на 2019 година.На седницата е разгледан и прифатен усогласениот текст на Спогодбата помеѓу Владата и Владата на Република Франција која се однесува на средните училишта со франкофонски двојазични паралелки, и го овласти Министерот за образование и наука д-р Арбер Адеми, да ја потпише Спогодбата помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Франција која се однесува на средните училишта со франкофонски двојазични паралелки.Со оваа спогодба, според Министерството за образование и наука, во голема мерка ќе се унапреди и прошири соработката на билатерален план со Република Франција, во областа на двојазичната настава и ќе се подигне квалитетот на истата со имплементирање на европските искуства.

Македонија | пред 7 години

DSC_9301

Предлог законот за централен регистар на населението оди во Собрание

На оваа своја 123 редовна седница Владата го утврди текстот на Предлог - законот за централен регистар на население за да се утврди унифициран и единствен начин на водење на поединечните бази на податоци, врз основа на утврдени стандарди и процедури.Овие стандарди и процедури кои ќе го допрецизираат принципот на унифицираност при електронска размена и интеграција на податоци, како и принципот на единственост, ќе обезбедат основи за доследна имплементација на принципот на доверливост, со што ќе се зајакнат механизмите за заштита на личните податоци на населението.Регистарот за населението во Република Македонија ќе ги обезбеди основните предуслови за пристап на граѓаните до јавните услуги обезбедени од страна на надлежни органите и други лица.

Македонија | пред 7 години

DSC_9252

Законот за електронско управување и електронски услуги помина Влада, следно пред пратениците

На предлог на Министерство за информатичко општество и администрација Владата го утврди текстот на Предлог - законот за електронско управување и електронски услуги што ќе биде доставен до Собранието на Република Северна Македонија.Со овој закон се уредува работата на органите на државната управа и единиците на локалната самоуправа при размена на податоци и документи во електронска форма, односно остварување на електронски услуги, кога тоа е утврдено со закон, како и работата на судовите, јавните обвинителства и државното правобранителство, субјекти од областа на образованието, здравството, социјалната заштита, финансиите, банкарството, осигурувањето, енергетиката, водоснабдувањето, електронските комуникации, поштенските услуги и комуналните услуги при размена на податоци и документи во електронска форма, односно остварување на електронски услуги, и воедно се уредуваат и прашањата поврзани со воспоставувањето и функционирањето на Националниот портал за електронски услуги, Каталогот на услуги и Една точка за услуги.Владата го разгледа и утврди новиот текст на Предлог - законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги за да се отстранат постојните бариери за прекуграничната употреба на средства за електронска идентификација користени во земјите членки на ЕУ. Целта на оваа регулатива, а со тоа и на овој предлог закон, е да се воспостави сигурност за пристап до прекугранични електронски услуги, како и да се оствари безбедна електронска идентификација и проверка на автентичност.

Македонија | пред 7 години

granica-carina

Законот за Царинската тарифа помина на Влада

На 123-тата седница Владата на Република Северна Македонија го утврди новиот текст на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Царинската тарифа и донесе одлука да го достави до Собранието.Со предложените измени и дополнувања на овој закон ќе се овозможи исполнување на обврската за транспонирање на националното законодавство утврдена во Националната програма за усвојување на правото на Европската унија, како земја кандидат, а воедно се обезбедува и правна основа за еднообразна примена на Царинската тарифа.Со оваа измена на Законот за царинската тарифа се овозможува менување на номенклатурата на национално ниво за да обезбедат услови за попрецизно определување на производите што подлежат на повластена стапка на ДДВ и други мерки поврзани со увоз и извоз.Истовремено, со овие измени се создаваат услови за потполна примена на интегрираната царинска тарифа што треба целосно да почне да се применува со новиот систем за обработка на царински и акцизни документи.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Арсовски: Епидемијата на непотизам речиси и да нема функционер од власта што не го заразила

Власта е оперирана од срам и морал. Затоа Епидемијата на непотизам речиси и да нема функционер од власта што не го заразила. Се пренесува само по роднини и тоа замислете строго кај функционери на СДСМ, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Тој додаде:Нивните роднини на функционерите од СДСМ се луѓето кои се вработуваат за натпросечни плати како да нема други стотици илјади граѓани во државата кои што се без работа и бараат вработување.Денес ќе ви презентираме нови жртви од Дизел вработувањето на власта. Замислете, Јагода Шахпаска најверојатно советувана од нејзините колешките Мира Дизел, Милева и Тања Ковачев, си ги вработила својот зет и својата золва.Јагода Шахпаска си ја вработила својата золва, односно сестрата на нејзиниот сопруг, Маја Двојаковска во општина Берово.Очигледно на Шахпаска многу и била погодена золвата, па земала и го вработила својот зет, односно сопругот на золвата, Антонио Двојаковски во Македонски шуми по договор на дело. Најверојатно планот и бил да добие решение после изборите.По примерот на Шахпаска во општина Берово и поранешниот претседател на ДИК Александар Чичаковски си ја вработил својата прва братучедка Емилија.Додека пак, Пеце Мирчевски, директорот на СОЗР си го вработил својот шура Тимчо Биљарски како инспектор во МВР точно на 31.12.2018 на нова година.Почитувани,Нема што повеќе да се каже. Целата јавност го гледа лицемерието на СДСМ. Едно збореа пред изборите, друго сега прават. Жалосно е што за сметка на функционерите на СДСМ и нивните роднини, останатите обични граѓани се принудени да си го бараат своето чаре надвор од државата.Почитувани,Ова лудило мора да прекине, а најдобро ќе прекине само доколку СДСМ ги изгуби изборите.Затоа, СДСМ мора да ги загуби овие изборите и граѓаните да се спасат од оваа зараза на непотизам која што ги фаќа единствено роднините на функционерите на СДСМ, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

2-4

Средба на Џафери со членот на претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери, на денешната средба упати благодарност на членот на претседателството на Босна и Херцеговина г. Жељко Комшиќ за неговата посета и искажана почит во однос на одбележувањето на 15-годишнината од трагичниот настан кај Мостар, во кој животот го загуби претседателот на Републиката Борис Трајковски.Тој изрази задоволство од досегашните одлични пријателски односи меѓу двете земји кои се во постојана нагорна линија и каде што нема отворени прашања и воедно изрази надеж дека оваа соработка ќе продолжи и во иднина, како на политички, така и на економски план, при што ја искористи можноста да упати покана до своите колеги од Парламентот на БиХ за интензивирање на парламентарната соработка на сите нивоа.„По успехот со потпишувањето на пристапните протоколи за НАТО, очекувам дека во јуни оваа година имаме голема шанса да добиеме и датум за пристапни преговори со ЕУ“, истакна претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Џафери.Членот на претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ, се заблагодари за средбата со претседателот Џафери и упати честитки за големиот успех кој го постигнавме како држава и истакна дека начинот со којшто го постигнавме Договорот со Република Грција ја става Република Северна Македонија на пиедесталот на земја која е пример кој сите останати земји во регионот го наведуваат како модел за решавање на отворените прашања, потенцираше Комшиќ.Тој, исто така, ја потенцираше важноста од зајакнувањето на економската и трговска соработка меѓу двете земји и изрази надеж дека оваа соработка ќе се интензивира во иднина, при што искажа очекување дека за Босна и Херцеговина размената на искуства со нашата земја на планот на ЕУ и НАТО интеграциите е повеќе од добредојдена.

Македонија | пред 7 години

1-1-3

Заев во сеќавање на Борис Трајковски: Беше оптимист со јасна претстава за реалноста - за него немаше безнадежна ситуација

Претседателот на Владата, Зоран Заев денеска присуствуваше и се обрати на молитвениот појадок, организиран во соработка со Меѓународната фондација на Борис Трајковски, по повод 15 годишнината на трагичната смрт на поранешниот претседател Борис Трајковски.„Денеска одбележуваме 15 години од трагичниот настан, од авионската несреќа во која го загуби животот претседателот Борис Трајковски и уште си него осуммина негови најблиски соработници и членови на екипажот на авионот.И на овој ден, претседателот Трајковски го прави тоа што најдобро го знаеше: Да собере, да здружи, да обедини, да ги прибере околу себе членовите на заедницата. На овој ден, пред 15 години, во раните претпладневни часови, светот го обиколи страшна, трагична вест: Во авионска несреќа кај Мостар, додека ги извршуваше своите државнички обврски, загина претседателот Трајковски, членовите на неговата придружба и пилотите во авионот.Светот се соочи со фактот дека во тој тажен момент беше прекинат животот на државникот Трајковски додека беше во полн подем, со инспиративна политичка зрелост и политички континуитет што оставија длабока и неизбришлива трага во историјата на современата независна македонска држава. Ненадејната смрт на претседателот Трајковски ни одзеде голем државник, безмерно сакан сопруг, татко, брат и пријател. Ни одзеде сограѓанин кој со извонредна енергија, истрајност, мудрост и трпеливост, ја извршуваше највисоката функција во државата, Истакна премиерот во дел од своето обраќање. Во продолжение тој додаде:Мојот сограѓанин, Борис Трајковски е роден на 25-ти јуни 1956 година во Струмица. Дипломирал на Правниот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 1980.Беше избран за претседател на Република тогашна Македонија, сега Северна Македонија на 15 декември 1999 година, како втор претседател на нашата независна држава.Во однос на своите надворешно политички определби Трајковски беше максимално посветен на поттикнување на соработката во Југоисточна Европа и на спроведување на неговата заложба за мирна добрососедска политика, со почит за суверенитетот и територијалниот интегритет на соседните земји. Својата европска визија ја внесуваше како основа за еден нов квалитет во развојот на регионалната соработка.Во 2000 година беше именуван за Витез на Големиот крст од Редот на Свети Михаил и Свети Ѓорѓи, орден и титула што ја доделува Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска. Истата година го доби највисокото признание - Орден за заслуги „Про Менто Мелитензе“ на Малтешкиот ред, а во 2002 година беше овенчан со Наградата за мир на Светската методистичка организација.Во 2005 година, постхумно, на претседателот Борис Трајковски му беше доделен Орденот на Република Македонија — највисокото државно одликување на нашата земја.Трагичниот настан и судбина прекинаа една брилијантна политичка кариера и еден претседателски мандат во негова полнота.Борис Трајковски ја извршуваше својата должност како претседател во еден исклучително тежок период за нашата земја. Искушенијата со кои се соочуваше исправено и храбро, во ниту еден момент не го поколебаа.Својата должност како Претседател на сите граѓани и како врховен командант ја извршуваше со силен личен печат, со цврста истрајност и посветеност кон универзалните, највисоки етички и човечки принципи, во кои непоколебливо веруваше и во кои беше длабоко убеден дека се најдобриот избор.„Миротворец на Балканот“, „разумен политичар“, „човек со демократски визии“, „човек за мир и дијалог“, „почитуван лидер и пријател“ беа најчесто споменуваните зборови во изјавите и писмата на државниците и светските политичари како признанија и поддршка за неговото дело.Во овие зборови и признанија, изразени од водечките светски државници и политичари, се содржани придобивките од политичкото наследство што го остави Трајковски во неговата државничка кариера.Луѓето што го познаваа лично и неговите блиски соработници ми велат дека тој безрезервно, без најмал сомнеж се впушташе во реализација и остварување на задачите и целите што ги поставуваше пред себе, а кои секогаш беа обликувани, дефинирани од интересите на граѓаните, истакна Заев пред присутните и додаде:Беше оптимист со јасна претстава за реалноста и можностите, а неговата искрена посветеност сведочеше дека за него нема безнадежна ситуација.Се паметат и овие негови зборови: „Да бидеш претседател и да бидеш свештеник е сосема иста работа. Мораш да ги обединуваш луѓето од различно потекло и со различни мислења. Не треба само да им проповедаш, туку и да им служиш, да ги водиш, да страдаш со нив. Јас имам многу важна морална улога – да ги водам, да ги охрабрувам луѓето, да знаат што е добро, а што лошо и да ги натерам луѓето да си веруваат… “, зборуваше претседателот Трајковски.Сопругот и таткото Борис Трајковски беше цврсто поврзан со своето семејство. Со огромна радост, внимание и задоволство го минуваше секој слободен миг со нив.И денеска е тешко е да се најдат зборови на утеха и за спокој во нивните срца за огромната загуба за семејството.За неговото лично, и за семејството на кое му припаѓаше како државник – нашата заедничка македонска држава.Вечна му слава, нека е вечно сеќавањето на нашиот претседател, истакна во дел од своето обраќање премиерот Зоран Заев.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања