Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

Belgija

Генерален штрајк во Белгија

Во Белгија денеска парализирани се воздушниот, поморскиот и железничкиот сообраќај, а затворени се и стотина фабрики, поради генералниот штрајк на работниците низ земјата, кои бараат повисоки плати.Според белгиските медиуми синдикатите протестираат против лимитирањето на платите во време на економски раст и бараат подобри услови за предвремено заминување во пензија, минимлна плата и подобро стручно усовршување.

Свет | пред 7 години

mnr-logo

Конечната Спогодба влегува на сила: Доставено заедничкото писмо до Генералниот секретар на ООН

Вчера било доставено заедничкото писмо до Генералниот секретар на ООН, со кое се информира Антонио Гутереш за датумот на влегување на сила на Конечната Спогодба, со што се става крај на повеќедеценискиот билатерален спор меѓу двете земји, велат од МНР.Од таму додаваат дека Вербалните ноти до Секретаријатот на ООН, земјите-членки, земјите набљудувачи на ООН, како и сите останите меѓународни организации чија членка сме, ќе бидат испратени во најкус можен рок, тој процес е во тек.

Македонија | пред 7 години

den-na-evropa

Претседателка на ЕДРМ до Адеми: Со одбивањето на проектот „Ден на Европа“ згаснува една препознатлива традиција

Претседателката на Европското движење на Република Македонија проф. д-р Милева Ѓуровска испрати отворено писмо до министерот за култура Асаф Адеми. Во писмото се вели:Откако Министерството за култура на 8 февруари ја објави Годишната програма за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2019 година, стана јасно дека не е одобрен проектот на Европското движење во Република Македонија (ЕДРМ) за одбележување на 9 Мај - Денот на Европа.Би сакале да Ви укажеме дека бурните реакции од јавноста се сосема оправдани ако се знае дека со одбивањето на овој проект директно се минимизира значењето на европските вредности, кои ние секоја година ги промовираме преку низата активности опфатени со него, меѓу кои препознатливиот студентски ораторски натпревар, изборот на европска личност на годината (меѓу кои беа Тоше Проески, Влатко Стефановски, Симон Трпчевски...), потоа детскиот ликовен конкурс во кој учествуваат дечиња од осум основни училишта, традиционалниот масовен планинарски марш на Водно и уште неколку слични манифестации по повод Денот на Европа.Со одлуката да се прекине реализацијата на проектот, исто така, се придонесува да згасне една долгогодишна и препознатлива традиција за одбележување на Денот на Европа, која почна уште од осамостојувањето на Република Македонија, поздравена и од Европската делегација во Република Македонија и од речиси сите амбасади на земјите-членки на Европската Унија во Република Македонија.Сметаме дека е скандалозно да се прекине европска традиција на македонската општествена сцена токму во време кога Република Македонија прави невидени напори и жртви со цел да се приближи кон членството во ЕУ и кон европските вредности, чие негување се обидува да го спречи токму Министерството со кое раководите.Активностите за одбележување на 9 Мај не само што ги промовираат овие европски предности преку стимулирање на креативниот и уметничкиот потенцијал на сите граѓани на Република Македонија на возраст од 7 до 77, туку целосно ги исполнуваат и условите кои ги дефинира и самото Министерство за култура, а тоа се негување и поттикнување на културниот диверзитет, уметничкото творештво и културниот развој.Затоа, сметаме дека одлуката да не се поддржи проектот на ЕДРМ за одбележување на Денот на Европа е неоправдана и бараме да ја преиспитате уште еднаш, впрочем како што и самите Вие и ветивте на јавноста и како што дури и премиерот Зоран Заев најави.Ви стоиме на располагање да ги дополниме или коригираме евентуалните забелешки или пропусти во одност на техничката документација, за која тврдиме дека е комплетна и уредна исто како и сите претходни години, се вели во писмото од Претседателката на Европското движењење Република Македонија Ѓуровска до министерот за култура Асаф Адеми.

Македонија | пред 7 години

Biznis

Стопанските комори спроведоа истражување за оцената на бизнис средината во Македонија

Преку Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива, кој се спроведува во партнерство со четирите најактивни стопански комори во земјата, одржа презентација на годишното истражување за оцена на бизнис средината во Македонија за 2018 година. Ова истражување се спроведува веќе трета година по ред, на репрезентативен примерок кој го претставува македонскиот бизнис сектор. Добиените резултати треба да им помогнат на стопанските комори и останатите креатори на стратешките државни политики за подобро разбирање на моменталната ситуација во бизнис секторот во Македонија, особено во делот на најчестите предизвици со коишто секојдневно се соочуваат компаниите при извршување на своите активности."Силна соработка помеѓу јавниот и приватниот сектор е важна за создавање на деловно опкружување кое ќе го поддржи и поттикнува растот. Силната и енергична мала бизнис заедница е од суштинско значење за да се изгради столбот на секоја економија и ги повикувам сите тука да се посветат во развивањето и приоретизирањето на овој важен сектор во општеството", изјави Гречен Биркл, вршител на должност претставник на Канцеларијата на УСАИД во Македонија.Резултатите покажуваат дека во споредба со изминатите две години информациите поврзани со законската усогласеност постепено се зголемуваат меѓу компаниите. Во согласност со ова, во 2018 година резултатите покажаа позитивен тренд од 35% во споредба со 2016 година, каде компаниите пријавиле зголемено ниво на вклученост во развојот на деловната регулатива. Во однос на целокупната проценка на националното законодавство, компаниите посочија дека сивата економија е едно од клучните прашања кои го попречуваат растот на деловниот сектор во Македонија. Се посочува дека решавањето на ова прашање ќе го подобри деловното опкружување и ќе им помогне на компаниите да го подобрат своето работење. Покрај тоа, повеќето од испитаниците како најголеми приоритети на коишто треба да се работи во наредниот период ги наведоа реформите за создавање ефикасен судски систем и овозможување стабилно макроекономско опкружување. Сепак, генерално, компаниите веруваат дека во изминатите 3 години земјата ја зголемила својата регионална конкурентност во трката со другите земји од западен Балкан.Коморите со досегашните напори за застапување веќе дадоа конкретни резултати кои носат придобивки за приватниот сектор во Македонија. Досега намалени се казните за мали даночни и царински прекршоци , а рокот за приватизација на земјиштето е продолжен; со финализирање на новиот Закон за јавни набавки кој и официјално е донесен пред две недели, се очекува да се зголеми транспарентноста, да се овозможи подобар квалитет на набавките, да се зголеми конкуренција и да се цели кон подобра контрола во јавните набавки; новиот Закон за практикантство и новиот Закон за инспекциски надзор, кои наскоро треба да бидат усвоени, исто така беа подготвен врз основа на добиените информации од приватниот сектор.Стопанските комори и понатаму ќе ги обработуваат и анализираат резултатите од истражувањето со цел да се развијат конкретни предлог политики за подобрување на деловната клима и олеснување на управувањето на бизнисите. При тоа коморите ќе ја користат Платформата за јавен приватниот дијалог, која претставува механизам за олеснување на дијалогот помеѓу клучните претставници на владата и приватниот сектор, со цел да се изнајдат решенија за надминување на идентификуваните предизвици кои придонесуваат за неповолно деловно опкружување. Во текот на првата седница на Комисијата за јавно приватен дијалог која се одржа во декември минатата година, коморите презентираа 38 предлог политики поврзани со градежништвото, урбанизмот, јавните набавки, туризмот и управувањето со отпадот, при што истите и директно беа претставени пред заменик на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за економски прашања и релевантните министри кои се дел од овој механизам. Ваквите препораки во моментот се земени предвид при креирањето на идните реформи кои го засегаат бизнисот.

Македонија | пред 7 години

karpos-deponija-1

Расчистена дива депонија на бул. „8 Септември“

Комуналните служби на Општина Карпош во континуитет работат на отстранување на новонастанати депонии од отпад на своја територија. Така вчера исчистија уште една дива депонија, долж булеварот „8 – ми Септември“, во Тафталиџе 1.По пријава на повеќе граѓани и Здружението на граѓани – Македонски центар за одржлив развој и конкурентност – Скопје (МЦОРК), хигиеничарите отстранија поголемо количесто на пластика, стакло и друг вид отпад.Општина Карпош продолжува со секојдневната грижа за животната средина и расчистување на диви депонии по јавните површини.

Скопје | пред 7 години

mvr1

МВР: Во 24 часа седум сообраќајни незгоди, изречени 134 мандатни платни налози, 86 возила подигнати со пајак

Во текот на изминатот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно седум сообраќајни незгоди од кои две сообраќајни незгоди со телесни повреди и пет со материјална штета. Во сообраќајните незгоди две лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 22 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.Од сообраќај се исклучени 18 возачи од кои: двајца возачи затоа што управувале возило под дејство на алкохол, 14 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и двајца возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така исклучени од сообраќај се и 12 возила бидејќи биле нерегистрирани.Санкционирани се тројца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, четворица поради неправилно престројување, осум поради непоседување пропишана зимска опрема, 11 поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 13 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.Во однос на пешаците санкционирани се 31 пешак поради поминување коловоз вон пешачки премин и осум пешаци поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатите денови издадени се 134 мандатни платни налози и 86 возила се подигнати со специјално возило пајак.

Скопје | пред 7 години

mvr

Кај Косовски државјанин пронајдени повеќе пакети со лекови

На 12.02.2019 година во 18.45 часот на клучка Радишани- oбиколница во Скопје полициски службеници запреле патничко возило „Опел“ со косовски регистарски ознаки, управувано од Р.А. од Косово. При проверка во багажниот дел на возилото биле пронајдени повеќе пакети со лекови. Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволена трговија“, казниво по член 277 од Кривичниот законик, Р.А. бил приведен во Полициската станица Чаир за понатамошна постапка.

Македонија | пред 7 години

clipboard01-620x350-1

Мицкоски: Зоран Заев и СДСМ избегаа од избори, ама од волјата на народот нема!

Откако СДСМ одлучи да не оди на предвремени парламентарни избори, се огласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.- Зоран Заев и СДСМ избегаа од избори, ама од волјата на народот нема!СДСМ е во страв и хаос. Многу брзо ќе се соочат со вистината на сопствениот неуспех.Колку и да бегаш Заев ќе те победам на парламентарни избори, затоа што народот ќе ве порази, ќе ја вратиме честитоста на нашата земја, Македонија ќе победи!, пишува Мицкоски во статусот на Фејсбук. 

Македонија | пред 7 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Иако поддршката на граѓаните е многу поголема од онаа на опозицијата, СДСМ не мисли на предвремени избори

Нашата татковина веќе е дел од НАТО. Постигнат е историски успех и остварување на еден од клучните стратешки национални приоритети.Оваа година се очекува и датум за преговори со Европската унија и реализирање на сите неопходни реформи.Одговорна партија, одговорна власт, не би ја загрозила таа шанса, не би го загрозила датумот за преговори во Европската унија со предвремени избори и стопирање на реформите.Иако поддршката на граѓаните е многу поголема од онаа на опозицијата, СДСМ не мисли на предвремени избори туку на интересите на граѓаните и интересите на државата. Тоа е државнички и одговорно.Граѓаните, јавноста бараат резултати, во економијата, реформите, интеграциите.СДСМ како одговорна и државотворна партија презема одговорност пред граѓаните и интересите на државата.Република Северна Македонија ќе има кристално чисти, фер слободни и демократски претседателски избори на кои ќе победат граѓаните, ќе победи СДСМ.Фер и слободни избори на кои ќе загуби ВМРО-ДПМНЕ. Деструкцијата и блокадите одново ќе бидат поразени.На нашата татковина и е потребен вистински претседател на сите граѓани, којшто ќе работи исклучиво во интерес на граѓаните и државата а не како досега само за партиските интереси.Граѓаните на претстојните претседателски избори ќе изберат вистински претседател!СДСМ е против одржување на предвремени парламентарни избори како што бараше опозицијата. Ова вечерва беше одлучено на седницата на Извршниот одбор на партијата која заврши предмалку. Оттаму соопштија дека предвремени парламентарни избори не се потребни бидејќи би се запреле реформите во клучен момент кога се чека датум за преговори со ЕУ и дополнија дека иако рејтинзите се повисоки од оние на опозицијата имале одговорност пред граѓаните и државата.„СДСМ превзема одговорност пред граѓаните и интересите на државата. Граѓаните бараат резултати. Државотворна партија на која на прво место и се граѓаните и државата не мисли на предвремени праланетрани избори дури и кога рејтинзите се повисоки од оние на опозицијата. Дел сме од НАТО, очекуваме датум за преговори од ЕУ. Одговорна партија и одговорна власт не би ја загрозила шансата за датум за преговори со ЕУ со предвремени избори и запирање на реформите“, изјави Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.Оваа одлука ја најави премиерот и лидер на партијата, Зоран Заев, пред почетокот на Извршниот одбор кој кажа дека „не е добро време за избори“.„Вечерва Извршниот одбор ќе дискутира. Направивме анализи и истражувања, разговаравме со меѓународните фактори и Општинските организации, Централниот одбор дебатираше и даде насоки уште пред нкеколку седмици, јас верувам дека ќе донесеме одлука, и штом ќе ја донесеме одлуката, официјално ќе ја соопштиме преку вас новинарите до граѓаните.Мнозинството како што го чувствувам јас, е за одговорноста пред се пред државата“, рече Заев.Претседателот на опозициската ВМРО - ДПМНЕ веднаш се огласи преку социјалната мрежа „Фејсбук“ обвинувајќи ги СДСМ дека бегаат од избори.„Зоран Заев и СДСМ избегаа од избори, ама од волјата на народот нема! СДСМ е во страв и хаос. Многу брзо ќе се соочат со вистината на сопствениот неуспех. Колку и да бегаш Заев ќе те победам на парламентарни избори, затоа што народот ќе ве порази, ќе ја вратиме честитоста на нашата земја, Македонија ќе победи!“, напиша Мицкоски.Премиерот Заев ја остави можноста за консензуален кандидат за претседателски избори отворенa, нагласувајќи дека тој ќе се залага за преговори со коалцисиките партнери и ДУИ.„Ќе биде на мој предлог да влеземе во разговор со политичките субјекти во државата, не само коалиционите, туку вонпарламентарните партии, опозиционите партии, барем дел од нив да се обидеме преку заедничка анализа да изнајдеме кандидат којшто чувствуваме дека би бил поддржан од сите граѓани. Верувам дека имаме шанси да успееме, во најмала рака верувам дека нема ништо да изгубиме ако се обидеме“, рече Заев.Ова беше потврдено по завршувањето на седницата на која Заев бил овластен да почне преговори со коалциските и владини партнери околу наоѓање на евентуално заедничко решени за кандидат со кој би се истрчало на претседатлеските избори кои ќе се одржат во април.„Извршниот одбор го овласти претседателот на партијата да се консултира со коалициските партнери, парламнтарни и вонпарламентарни партии за да се дојде до консензуален претседател“, рече Костадинов.СДСМ, како и опозициската ВМРО - ДПМНЕ, распиша јавен оглас за кандидати за претседател кои треба да се избрат на партискиот конгрес закажан за 3 март.Оваа одлука наиде на жестока критика на ДУИ кои беа подготвени да поддржат евентуален консензуален кандидат, стои во соопштението на СДСМ.

Македонија | пред 7 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ одлучи - нема предвремени парламентарни избори, ќе има само претседателски

Извршниот одбор на СДСМ одлучи да не се оди на предвремени парламентарни избори. „ Одговорна партија не мисли на предвремени парламентарни избори, дури и кога рејтингот и е повисок од оној на опозицијата.„Одиме само на претседателски избори”, велат од СДСМ.„СДСМ превзема одговорност пред граѓаните и интересите на државата. Граѓаните бараат резултати. Државотворна партија на која на прво место и се граѓаните и државата не мисли на предвремени праланетрани избори дури и кога рејтинзите се повисоки од оние на опозицијата. Дел сме од НАТО, очекуваме датум за преговори од ЕУ. Одговорна партија и одговорна власт не би ја загрозила шансата за датум за преговори со ЕУ со предвремени избори и запирање на реформите“, изјави Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.Инаку на седницата на Извршниот одбор, имало поделени мислења, но преовладал ставот дека не е време за предвремени парламентарни избори и дека Владата треба да се фокусира на реформите и на економијата.

Македонија | пред 7 години

dete-srbija

Трагедија: Се самоуби 12 годишно дете во Србија, оставил писмо до родителите

Трагедија го потресе регионов. Вчера, 12-годишно дете од едно село во јужна Србија извршило самоубиство, пукајќи си во уста со пиштолот на својот татко. Покрај неговото безживотно тело е пронајдено и проштално писмо упатено до родителите, како и 15 евра.Лекарите не можеле ништо да направат.Српските медиуми пишуваат дека детето било шесто одделение, а пиштолот го земало од заклучена фиока каде бил.Како што информира Курир.рс до телото на детето имало и проштално писмо во кое пишувало:„Не можам веќе да поднесам критики поради лошите оцени. Сега веќе нема да има кој да критикувате. Се надевам дека детето кое мама ќе го роди ќе биде подобро од мене, се надевам дека тоа ќе ве усреќи. Немам ништо да ви оставам освен заштедата од 15 евра“, напишал Никола.Семејството има уште едно дете, помлада сестра.Соседите велат семејството е добро и културно и ништо не укажувало дека ќе се случи ваков трагичен настан.

Свет | пред 7 години

Dzordz-Soros-500x281

Сорос: Разбудете се пред ЕУ да се распадне како Советскиот сојуз

Милијардерот Џорџ Сорос ги повика проевропските гласачи да се разбудат пред Европската Унија да исчезне. Тој истакна дека доколку луѓето не делуваат ЕУ ќе исчезне како Советскиот сојуз.„Европа оди кон уништување, а народот во Европа мора да се разбуди пред да биде доцна. Доколку тоа не се случи ЕУ ќе исчезне како Советскот сојуз од 1991. ЕУ се наоѓа во „револуционерен момент“, но крајниот исход е „целосно неизвесен““, изјави Сорос.Според него, најлошо од се е фактот дека ниту европските лидери, ниту нивните граѓани не се свесни за оваа ситуација.Во врска со изборите за Европски парламент, милијардерот смета дека тоа е точка во која ќе дојде до нов судир во Унијата, очекувајќи дека антисемитските, евроскептичните партии ќе остварат добри резултати. 

Свет | пред 7 години

grip

23 жртви на грипот во Србија

Бројот на заболени од грип, од кој во Србија оваа сезона животот го загубија 23 лица, секојдневно расте. Најмладата жртва е две годишно момче кое почина пред неколку дена. Само во вторникот во Србија како последица од грипот починале 4 лица.Според епидемиолозите во наредниот месец може да се очекува раст на бројот на заболени на територијата на целата земја.„Зимскиот распуст го успори ширењето на грипот. Од друга страна се очекува дека со враќањето на децата во училиште ќе се зголеми бројот на заболени“, вели д-р Дарија Кисиќ Тепавчевиќ за српски Блиц.Од Институтот за јавно здравје на Србија соопштуваат дека е регистриран среден интензитет на активност на грипот, но широка географска распространетост.

Свет | пред 7 години

hrvatite-so-rekordno-proizvodstvo-na-mandarini-se-plashat-deka-nema-koj-da-gi-kupi

Обид за увоз на повеќе од 10 000 килограми мандарини кои имале зголемено писуство на пестициди

Фитосанитарната инспекција на Република Српска забранила увоз на 10 400 килограми мандари со потекло од Турција поради зголеменото присуство на пестициди.Забраната е донесена за време на редовниот преглед на храната при увозот, пренесувa RTRS.„Според податоците од лабараториската анализа, во анализираните примероци од мандарина утврдено е присуство на пестицидот фенвалерат, кој бил над пропишаните вредности“, се наведува во соопштението.Исто така увозникот побарал уште една анализа која е направена во Србија. Со истата е потврдено зголемено писуство на песдицидот, со што е донесено решение со кое е наредено нивно враќање или уништување под надзор на надлежен инспектор.

Свет | пред 7 години

izjava-zaev.Still027

(ВИДЕО) Новинар пред Заев го чита долгиот список на непотостички вработувања во власта

Новинарот Фуркан Салиу пред камери на Премиерот Зоран Заев му прочита дел од долгиот список на роднини на функционери од СДСМ и ДИУ кои се вработија во држани институции и претпријатија изминатиот период.Премиерот одговори дека ќе се провереле сите вработувања.

Македонија | пред 7 години

mickoski

Мицкоски до Заев: Колку и да бегаш ќе те победам на парламентарни избори

Зоран Заев и СДСМ избегаа од избори, ама од волјата на народот нема, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил.https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/posts/1165521796956611?__xts__[0]=68.ARBgAfVm2X80_bFvxjURozD0_bd8vweKKHSBctKP521UsdK-loHP73T85Q4VkLUPbvlf9-BFRWBmHwcYUyuD0R5w9CRWcBcZSD7nbPYQ4tf_DFZWrj5g0TMgaCCMWXHlZymZIfuphqlEVGfk09fCHxejU8DGSX99lXu5WbCEfDYzVLyrT3poc91Mjtmls5r1JI5YXjRsh-xdt6EvjlmlsqwiHEgk0jVfph81Hrg92I3sRmC28ULeIS0FDNnh5H08LP1xmDaLbElJHFTrM9-ktZdZQDrrssOApdrOkc0PU75Iu55EKxMdIaiambvmv0ewTT2qfbRSb8MsrF4-7uL8wQ&__tn__=-R„СДСМ е во страв и хаос. Многу брзо ќе се соочат со вистината на сопствениот неуспех.Колку и да бегаш Заев ќе те победам на парламентарни избори, затоа што народот ќе ве порази, ќе ја вратиме честитоста на нашата земја, Македонија ќе победи“, стои во објавата.

Македонија | пред 7 години

49343485_234656194113582_8744810236520431616_n

Променливо облачно со слаб снег и ветер до 80 километри на час

Денес времето ќе биде променливо облачно со локален слаб снег во северозападните и северните делови. Ќе дува засилен северен ветер, кој на места ќе достигнува 80 км/час. Температурата ќе се движи од -4 до 7 степени.Во Скопје променливо облачно време со мали сончеви периоди и температура од -1 до 3 степени.Во четврток ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а во петок повторно ќе има слаби локални врнежи од снег. За викендот ќе преовладува претежно сончево и потопло време.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Сообраќајот во западниот дел се одвива по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози во западниот дел, додека на останатите патни правци коловозите се претежно суви.ГП Виадукт трејд ДООЕЛ-Гостивар известува дека градежни активности ќе се изведуваат на обиколница , односно на делот од Хиподром до Стенковец во времетраење од понеделник 11.02.2019 до 13.02.2019 (среда).Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Денес ќе се постави новата табла на „Богородица“

Царинската управа денес на граничниот премин „Богородица“ кај Гевгелија ќе изврши поставување на табла со новото уставно име на државата.Вчера на сила стапи преспанскиот договор, по што Владата ја задолжи Царинската управа во рок од три дена да го промени името на таблите на граничните премини како и на двата аеродроми во земјата. 

Македонија | пред 7 години

knigi

МАИ: Министерството за култура да го ревидира и списокот на прифатени проекти

Македонската асоцијација на издавачите (МАИ) реагира на годинешната распределба на проекти и средства преку Програмата за издавачка дејност и смета дека оваа одлука, исто како и минатата година, придонесува за влошување на состојбите во издаваштвото и обезвреднувањето на работата на издавачите, авторите, преведувачите и другите професионалци во областа.„Годишнава програма ја оспоруваме од повеќе причини, и тоа:1) Внесување нов систем на „бодување“ кој е паушално применуван, без унифицираност и вистинска основаност;2)Намалување на буџетите за реализација во голем број случаи во однос на минати години, како и постоење на двојни стандарди за одредување на износот со кој проектот е поддржан, што посебно ќе се одрази во делот за авторски хонорар;3) Отсуство на почит кон етаблираните издавачки куќи, нивното портфолио, досегашно искуство, број на ангажирани лица, сите аспекти кои гарантираат квалитетна реализација и пласман на поддржаните книги – преку нивно изедначување со новоформирани фирми;4) Поддршка на проекти кои воопшто не можат да бидат сметани за литературни, а не пак за литература со високи вредности, што е еден одглавните критериуми на овој Конкурс;5) Уривање на дигнитетот на авторот преку доделување на рекордно ниски средства за реализација. Наместо да расте од година в година, посебно во делот за оригинални книжевни дела, се деградира и се распределува без постоење на какви било параметри.Како издавачи, бараме Министерството за култура, покрај најавеното ревидирање на отфрлените проекти, да го ревидира и списокот на прифатени проекти и одново, на транспарентен начин да направи нова распределба. Притоа, бараме Министерството да ја има во прв план целта да ја унапреди издавачката дејност и книжевната продукција во Македонија преку поддршка на проекти што навистина ќе придонесат за тоа, а особено да го почитува дигнитетот на авторите и нивните дела, без разлика на кој јазик творат“, велат од Македонската асоцијација на издавачите.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Костадинов: Не би го загрозиле датумот за преговори со ЕУ со предвремени парламентарни избори

СДСМ превзема одговорност пред грѓаните и интересите на државата. Државотворна партија на која на прво место и се овие интереси и не мисли на предвемени парламентарни избори дури и кога рејтингот е многу поголем од оној на опозицијата, изјави Костадин Костадинов по завршувањето на Извршниот одбор на партијата.„Веќе сме дел од НАТО, очекуваме датум за преговори со ЕУ и реализирање на потребните реформи. Одговорна партија не би ја загрозила таа шанса Не би го загрозила датумот за преговори со ЕУ со предвремени избори и стопирање на реформите.Република Северна Македонија ја очекуваат кристално чисти фер и демократски претседателски избори на кои ќе победат граѓаните, ќе победи СДСМ. Фер избори на кои ќе изгуби ВМРО-ДПМНЕ. Деструкцијата и блокадите ќе бидат поразени.Извршниот одбор на СДСМ го овласти претседателот на партијата, генералниот и организациониот секретар да направи консултации со коалициските партнери како и други парламентарни и вонпарламентарни партии за да дојдеме до консезуален кандидат за претседател на државата“, изјави Костадинов.  

Македонија | пред 7 години

Slika-zapleneti-gumi

Расчистена депонија од гуми за греење во Горно Нерези

Комуналните служби на Општина Карпош денеска исчистија нова дива депонија на територија на Карпош, во областа Горно Нерези.„Запленето е поголемо количество на гуми и е спречено истите да завршат во некое од домаќинствата како огревен материјал.Една од главните причини за аерозагадувањето е начинот на греење на домаќинствата, а анализите покажуваат дека голем број на домови се греат токму на отпадни гуми. Ваквиот начин на загревање е еден од главните загадувачи на воздухот, иако се идентификувани и други несоодветни отпадни суровини кои алтернативно се користат за затоплување во индивидуалното домување.Нашите инспектори се  постојано на терен во контрола и обид за спречување на употребата на ваквите штетни емитери на опасни честички во воздухот“, велат од Општина Карпош. 

Скопје | пред 7 години

52590202_402317733858020_1998259991462543360_n

Амди Бајрам на церемонијата за НАТО во славната бунда од 20 000 евра

Пратеникот Амди Бајрам денес на церемонијата пред Владата на сега веќе Северна Македонија се појави облечен во истата бунда која ја носеше на партискиот митинг на ВМРО ДПМНЕ во Охрид , од каде еуфорично најави дека по изборите ќе го затвори Зоран Заев во кафез и ќе му даде да јаде морков, а за  Радмила Шеќеринска рече дека спаднала на толку ниско ниво, што морала да е посматрач во Шуто Оризари.Цело време додека Амди Бајрам зборуваше на бината во Охрид, во првите редови се смееја и аплаудираа Никола Груевски и целото тогашно раководство на ВМРО ДПМНЕ.По настанот во Охрид Амди Бајрам излезе во јавност и кажа дека тој не носел бунди од зајаци, бундата која ја носел на митингот е како таа на Доналд Трамп, дека е од вистинско крзно на „Нерц“ и дека чинела повеќе од 20 000 евра.ВИДЕО ОД НАСТАПОТ НА АМНДИ БАЈРАМ ВО ОХРИД ОБЛЕЧЕН ВО БУНДА ОД 20 000 ЕВРА 

Македонија | пред 7 години

sela

Села: Размислуваме да имаме наш кандидат Албанец, бидејќи Албанците заслужуваат да гласаат за Албанец

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, гостувајќи во емисија на тиранската телевизија Ора њуз, рече дека „албанските партии во Македонија сериозно размислуваат за заеднички претседателски кандидат“.„Албанските гласови не треба да течат во насока кон кандидатите кои произлегуваат од македонските политички субјекти. Ние сериозно размислуваме да имаме наш кандидат Албанец, бидејќи Албанците заслужуваат да гласаат за Албанец.Се уште не се созреани условите да имаме кандидат Албанец подржан од македонските партии. Напорите што ги прави СДСМ, наводно, предводејќи се од мотото едно општество за сите, пред себе ја гледа идејата за третирање на Албанците како една колонија. Албанците не добиваат повеќе од четири отсто од инвестициите“ рече Села.

Македонија | пред 7 години

nuit-des-idees-centre

Меѓународната манифестација „Ноќ на идеите“ во Францускиот институт во Скопје

Меѓународната манифестација Ноќ на идеите во Скопје, насловена „Како филозофијата ја гледа иднината“, ќе се одржи в четврток, 14 февруари 2019, во 18 часот, во Францускиот институт во Скопје.„Ноќ на идеите“ е меѓународна манифестација, која се одржува во сите Француски институт низ светот, на иницијатива на Францускиот институт во Париз и француското Министерство за култура и Министерството за надворешни работи, а претставува покана за отворен дијалог за запознавање со предизвиците наспроти кои денес е исправена науката, како и за размена на мислења околу актуелните проблематики на денешницата.Ноќта на идеите во Скопје е замислена како дебата помеѓу г-ѓа Делфин Морана Бирло, професорка на Универзитетот Париз 1 Пантеон Сорбона, и проф. д-р Ана Димишковска, професорка на Институтот за филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје.Дел од темите на кои ќе се разговара на оваа отворена дебата се предизвиците со кои се соочува филозофската мисла во 21-от век, местото на историјата на уметност помеѓу минатото и иднината и за тоа како да им се даде поголема присутност на општествените науки во образованието. Дебатата е отворена за публика и за истата има обезбедено консекутивен превод.Г-ѓа Делфин Морана Бирло ќе земе учество и на Меѓународната недела на Филозофскиот факултет, која е во организација на Филозофскиот факултет во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, се одржува од 11 до 15 февруари 2019.

Магазин | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања