Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

5

Премиерот Заев во посета на „Костал Македонија ДООЕЛ Охрид“

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев заедно со министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и со в.д. градоначалникот на општина Охрид, Константин Георгиевски, вчера беа во посета на германската компанија со подружница во Република Македонија, „Костал Македонија ДООЕЛ Охрид“.По кратката обиколка на фабриката, Премиерот во својата изјава, меѓу другото истакна дека е импресиониран од капацитетот и од условите за работа коишто ги нуди Костал, германска компанија којашто веќе трета година во Република Македонија произведува електронски и мехатронски делови за автомобилската индустрија.Понатаму во својата изјава, Премиерот рече:„Согласно договорот за државна помош, компанијата до крајот на минатата година требаше да инвестира помеѓу 20 и 30 милиони евра и да вработи најмалку 300 луѓе. Но актуелната состојба покажува дека овие бројки не само што се достигнати, туку дека се и многу поголеми од предвидените.Како што ме информираше раководството, компанијата досега инвестирала 29 милиони евра, а во фабриката се вработени околу 350 луѓе. За истакнување е фактот дека просечната бруто плата изнесува повеќе од 730-тини евра или нето платата е 495 евра, што е близу до просекот којшто е амбиција на сите граѓани во Република Македонија.Нивните амбиции продолжуваат и се очекува зголемување на капацитетите и во финансиски ефекти и во нови работни места.Костал Македонија ДООЕЛ Охрид, којашто е директна странска инвестиција, е уште еден доказ дека Владата на Република Македонија е посветена на креирање политики коишто придонесуваат и за рамномерниот регионален развој.Во оваа прилика, би сакал уште еднаш да го повторам ветувањето коешто им го дадовме на моите сограѓани, а тоа е дека 2019-тата ќе биде година на силен економски раст и развој. Ве уверувам дека економски Република Македонија, а наскоро Република Северна Македонија, многу повеќе ќе напредува. Стандардот на граѓаните забрзано ќе расте.Со зачленувањето на Република Македонија во НАТО и со започнувањето на преговори со Европската Унија забрзано се отвораат економските перспективи за развој на земјата. Затоа силно сме фокусираме на креирање на уште по квалитетни економски проекти.„Костал„ претставува добра пример и силна мотивација за следните инвестиции во Република Македонија“.

Македонија | пред 7 години

najcevska

Најчевска со нов кандидат за претседател

Професорката Мирјана Најчевска на својот Фејсбук профил напиша дека според неа претседател на државата треба да биде професорката Ирена Стефоска.„Повторно ме прашаа, кога веќе сум запнала за жена претседател кого би го предложила.И јас повторно велам: Ирена Стефоска.И воопшто не се зафркавам и имам многу добри аргументи.1. Таа е жена.2. Е професор, а не некој пилиштарец кој уште не знае врвците на чевлите правилно да ги врзе или се пијанчи по американските клубови.3. Има повеќе познавање за Македонија и нејзината историја од било кој од тие кои себе си се нарекуваат патриоти.4. Беше дел од Хелсиншкиот комитет и знае што се тоа права на луѓето и како да ги брани.5. Беше дел од Шарената револуција и храбро се спротистави на моќниците.6. Како пратеничка не стана дел од стадото, не се покори на партискиот диктат и прилично брзо ја прележа болеста на власта без да и биде направена неповратна лоботомија.7. Не е корумпирана и има огромни шанси да не стане корумпирана.8. Со двете нозе стои на земјата и знае што може, а што не може да се направи во државата.9. Околку себе има круг на многу паметни луѓе кои во секој момент ќе и ја дадат интелектуалната поддршка која ќе и затреба.10. За разлика од фикусот кој до сега зафаќаше место во претседателската куќа зборува повеќе јазици (меѓу кои и на неколку наши најблиски соседи од несловенско потекло)“, стои во објавата на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

Aleksandar-Pandov

Пандов: Ѓорчев е Тоти, ама ВМРО-ДПМНЕ го има Марадона, затоа тој треба да игра

Аналитичарот Александар Пандов на Фејсбук ја коментира изјавата на Мицкоски дека Влатко Ѓорчев е како Франческо Тоти во фудбалот, и порача дека ВМРО-ДПМНЕ го има и Марадона.„Денес е последниот ден од конкурсот во ВМРО за претседателски кандидат. До сега се поднесени две од Влатко Ѓорчев (Тоти) и од Гордана Силјановска Давкова (goga_soros). Во случај сепак Заев да се охрабри и да излезе на парламентарно соочување со народот, сметам дека ВМРО треба да има претседателски кандидат.Од тука јас се приклучувам на повикот од Миленко Неделковски кон Коце Трајановски да поднесе кандидатура на партиската конвенција. Ако Влатче е Тоти, Коце е Марадона во ВМРО ДПМНЕ. Мојата поддршка важи само и само ако има и парламентарни избори“, напиша Пандов.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Во среда амбасадорите на земјите членки на НАТО ќе дадат согласност за членство на нашата земја

„Согласно утврдената постапка за прием на нови членки во НАТО, како и според чекорите што произлегуваат од Договорот од Преспа, во среда, на 6 јануари, амбасадорите на земјите членки на НАТО во Северно-атлантскиот совет, ќе го потпишат Протоколот за пристапување во членство на нашата земја во НАТО, со новото уставно име Република Северна Македонија.Со овој чин, 29-те земји членки ќе ја изразат својата согласност нашата земја да станеме дел од системот и процедурите на НАТО, и учествува во работата на телата на алијансата како поканета земја членка, без право на глас.Веднаш по согласноста за Протоколот за пристапување во членство на нашата земја во НАТО, ќе започне и почнува процесот на негова ратификација во парламентите на секоја од земјите членки на алијансата. Грција прва ќе го ратификува Протоколот, по што Договорот од Преспа стапува на сила и уставните амандмани влегуваат во сила.Откако ќе заврши процесот на ратификација на Протоколот во сите 29 земји членки, нашата земја, со новото уставно име, ќе стане полноправна членка на НАТО со право на глас за сите одлуки на сојузот“, велат од Владата на Република Македонија.

Македонија | пред 7 години

51541516_10218566128769419_5264583126876684288_n

Исчезна маж од Скопје, семејството бара помош

Исчезна Алибен Абдул кој последен пат е виден вчера (01.02) во 10 часот како излегува со количка за на пазар со тркалца.„Носи црна монтка, плав џемпер и плава кошула, црни панталони и окер боја чизми со врвки. Носи и црна ташна торбица за преку рамо. Излезен е без сите лични документи, без новчаник и телефон. Висок околу 1.67, тежина околу 68 кг, има зелени очи и проседа коса. Контактибилен е, нема губиток на меморија или ориентација во простор. Случајот е пријавен во полиција. Оние кои можеби ќе го забележат да се јават на некој од следниве броеви: 077602-032; 070814060; 077631120“, стои во објавата на Фејсбук.https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=10218566145809845&id=1382330415

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Поради дефект без вода улица 166 во Скопје

Поради уличен дефект во ф-3/4“ во ул.166 бр.28, денес прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица до завршување.

Скопје | пред 7 години

51270219_2179564365423097_8018622302893637632_n

Шилегов се сретна со возачот од ЈСП кој пронајде паричник полн со пари и му го врати на сопственикот

Градоначалникот Шилегов се сретна со Мирослав Деспотовиќ, возачот на автобус на ЈСП кој деновиве пронајде паричник полн со пари во автобусот што го возел и му го врати на сопственикот.- Постапката на Мирослав сите не воодушеви. Тоа е вистинскиот начин да се постапи во вакви случаи, да се покаже чесност и хуманост, да му се помогне на оној што е во неволја. Оваа случка е вистинска можност да се потсетиме на вистинските човечки вредности – рече Шилегов.Мирослав Деспотовиќ, возач на автобусот со број 53, што сообраќа од Транспортниот центар до Катлановска бања деновиве пронајде паричник паднат меѓу седиштата. Деспотовиќ веднаш го пријавил случајот во внатрешната контрола на јавното претпријатие. Сопственикот на паричникот, скопјанецот Фериз Шабани, бил контактиран и си ги добил парите и документите назад уште истиот ден.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Единствена Македонија: Заев да се охрабри и да распише парламентарни избори заедно со претседателските избори

„Единствена Македонија силно го охрабрува марионетата Зоран Заев во пресрет на утрешната одлука на СДСМ за предвремени парламентарни избори да го прифати барањето на целата опозиција за распишување на парламентарни избори заедно со претседателските избори.Цел свет знае дека марионетската власт на Заев е инсталирана од странски центар и не ја отсликува вољата на бирачите и затоа единствено решение се предвремени парламентарни избори заедно со претседателските избори.Единствена Македонија ги повикува европските дипломати да престанат со дејствување на начин кој не одговара на нивниот дипломатски статус бидејќи нивните отворени повици да не се распишуваат и предвремени парламентарни избори е недозволиво мешање во внатрешните работи на Република Македонија.Странски измеќар Заев секојдневно се фали во јавноста дека ќе победел на наредните избори, па, ајде да се соочиме со народот на предвремени избори за историската иднина на Република Македонија“, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

Македонија | пред 7 години

51376375_342239126628378_313791045085167616_n

ЈП „Комунална хигиена“ спроведува масовна акција за чистење на Скопје

Во рамките на интервентните мерки за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух во градот, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје започна масовна акција за чистење што ќе се одвива на територијата на сите скопски општини.„Покрај стандардните активности за метење и чистење, поради поволните временски услови денеска се спроведува и машинско миење на булеварите и улиците со автоцистерни.Генерално чистење се одвива и во реонот на Железничката станица и Транспортниот центар, додека изутринава се изврши и рачно миење со автоцистерна на плоштадот Македонија, каде што беше комплетно исчистен теренот по дислоцирањето на лизгалиштето.Акцијата се реализира со целата расположлива механизација и ќе продолжи во текот на викендот и претстојната недела“, велат од ЈП „Комунална хигиена“.   

Скопје | пред 7 години

unnamed-1-830x0

(ВИДЕО) Тинејџер го земал автомобилот од родителите, па се обидел да згази полицаец

Три лица се полесно повредени за време на синокешната потера на улиците о Белград.Се започнало кога тинејџер (17) го украл автомобилот од родителите и заедно со другарите отишол да се возат низ градот. Тој два пати се обидел да згази полицаец.На крајот удрил во пекара, а од силиниот удар возилото се одбило назад и завршило на средина на раскрсницата.Во автомобилот е пронајдена марихуана, а некои лицата кои биле во него и се познати на полицијата од претходно.

Свет | пред 7 години

RSBSP_02

РСБСП со апел до младите возачи: Почитувањето на сообраќајните правила не е право на избор, затоа без изговори

Според податоците на СЗО, секоја година, во светот, околу 400.000 млади лица го губат животот во сообраќајни незгоди. Тоа значи дека, 1100 млади лица, на возраст до 25 години, секој ден го губат животот, во сообраќајни незгоди ширум светот. Повеќе од војна, повеќе од која било болест, епидемија или природна непогода, земени поединечно.Сообраќајните незгоди се водечка причина за смртност кај лицата на возраст од 15 до 19 години, а втора причина за смртност кај лицата на возраст од 10 до 25 години.Имајќи ги во предвид наведените факти, со право можеме да кажеме дека, сообраќајните незгоди се црната чума на 21 век.Следејќи ги светските искуства, а водејќи се според резултатите од истражувањата на релевантни меѓународни организации, РСБСП со препораки, совети и информации за безбедноста на младите во сообраќајот:1. Возачко неискуство. Ризикот за предизвикување сообраќајна незгода е највисок во првата година по добивањето возачка дозвола. Затоа, и покрај возачката дозвола, родителите имаат родителска обврска да им обезбедат на нивните деца, најмалку од 30 до 50 часа надгледувана пракса за возење, во текот на најмалку шест месеци. Праксата треба да се реализира на различни патишта, во различни периоди од денот и во различни временски услови. Практичната обука треба да опфати и активности за постојано скенирање на потенцијалните опасности, вклучувајќи ги и другите возила, велосипедистите и пешаците.2. Недоволна созреаност и слаб карактер. Ризикот за предизвикување сообраќајна незгода, се зголемува кога младите возачи, возат млади сопатници во возилото. Притоа, колку е поголем бројот на сопатници во возилото, толку е поголем и ризикот. РСБСП ѝм препорачува на младите возачи, да го намалат бројот на млади сопатници во возилото на нула или на еден.Почитување на оваа прeпорака е особено важно во првите 6 месеци по добивање возачка дозвола.3. Неискуство во ноќно возење. Ноќното возење е опасност за сите возрасни групи. Фатални сообраќајни незгоди се случуваат најчесто во вечерните часови, но ризикот е многу поголем за младите и неискусни возачи. Според ЗБСП, младите возачи - возачите почетници, не смеат да возат од 23 часот до 5 часот наутро, во првите две години по стекнување возачка дозвола, без придружба на возрасно лице над 25 години, кое поседува возачка дозвола од соодветната категорија и на кое не му е изречена забрана за управување моторно возило. РСБСП со препорака до младите, да се почитуваат законските ограничувања и да се вежба ноќно возење во придружба на искусен возач, пред да започнат самостојно да возат во ноќни услови.4. Некористење појас. Основната превенција од смртни случаи во сообраќајни незгоди е користење сигурносен појас. Истражувањата покажуваат дека младите возачи и сопатници најмалку користат сигурносен појас. Затоа, секогаш користете појас и барајте од своите сопатници, секогаш и задолжително да користат сигурносен појас на секое патување. Ова е основен чекор да се намали ризикот младите да бидат тешко повредени во сообраќајна незгода.5. Рассеано возење и нефокусираност. Нефокусираност, рассеаност, невнимание - го зголемува ризикот на младиот возач да предизвика сообраќајна незгода. Истражувањата потврдуваат дека младите возачи најчесто користат мобилен телефон и возат под одвлечено внимание. РСБСП со препорака: Не преземајте активности кои можат да ви го одвлечат вниманието додека возите, како што се: зборување на мобилен телефон, испраќање порака, јадење или играње со радиото. Последиците од нефокусирано, рассеано возење - најчесто се фатални.6. Замор. Младите возачи се во голем ризик од поспаност при возење, што е причина за предизвикување илјадници сообраќајни незгоди. Младите најмногу се поспани во утринските часови или доцна во ноќта. Затоа, планирајте го своето патување, патувајте подготвени, одморени, правете повеќе паузи и консумирајте повеќе течности додека возите. Никогаш немојте да си препишувате големи цели, не ги преценувајте своите способности и не го потценувајте заморот.7. Несовесно возење. Истражувањата покажуваат дека кај младите недостасува искуство за правилно рассудување и зрелост за да се проценат ризичните ситуации. Младите се повеќе склони кон преземање ризик, помалку држат безбедно растојание меѓу возилата, возат слалом, неправилно престигнуваат, помалку се стрпливи и помалку се толерантни во сообраќајот. РСБСП ги советува младите возачи, да бидат совесни и одговорни и секогаш да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.8. Брзо возење и алкохол. Брзината и алкохолот изнудуваат грешки кои најчесто завршуваат со фатални последици. Возач - почетник не смее да управува возило со брзина поголема од 60 km/h на јавен пат, односно со брзина поголема од 80 km/h на пат наменет исклучиво за сообраќај на моторни возила, односно со брзина поголема од 100 km/h на автопат. Возачот почетник кој поседува возачка дозвола од „Б“ категорија, не смее да управува со возило чија сила на моторот е поголема од 77 киловати. Толеранцијата за присуство на алкохол во крвта, кај возач почетник, е еднаква на нула.Брзото возење и алкохолот се најчести причини за предизвикување сообраќајни незгоди со фатални последици. Затоа, почитувај ги правилата за ограничување на брзината и никогаш не вози под дејство на алкохол.РСБСП со апел до младите возачи: Безбедноста во сообраќајот бара сериозност, одговорност и максимално почитување на сообраќајните правила и прописи. Младоста не е и не може да биде никакво оправдување. Почитувањето на сообраќајните правила не е право на избор. Затоа, без изговори. Вози одговорно!

Македонија | пред 7 години

meteor

(ВИДЕО) Експлодира метеор над Куба, луѓето во паника

На небото над Куба експлодира метеор , а делови од него паднаа на повеќе места во покраината Пинар дел Рио . Експлозијата се слушнала низ целата покраина , а жителите во паника гледаа како дождот од камења паѓа од небото.Според очевидците на небото се појавила огнена топка и чад, а потоа „дожд“ од црни камчиња почнала да паѓаат врз туристичкото место Виналес и други делови на провинцијата Пинар дел Рио.Експлозијата се слушнала и во Хавана.Директорот на одделението за геологија на Кубанскито институт за геофизика и астрономија, Ефрем Хаимес Салгадо изјави дека е испратен тим експерти кои ќе ги соборат и анализираат примероците.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Скопјанец каснат од куче скитник

На 02.02.2019 година во 00.40 часот во Полициската станица Аеродром, В.М.(34) од Скопје пријавил дека на 01.02.2019 година во 22.15 часот на улица „Васко Карангелевски“ во Скопје бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.

Скопје | пред 7 години

soobrakajka

59-годишен маж изгубил контрола врз возилото и се превртел на кров

На 01.02.2019 година во 08.30 часот на локалниот пат село Габрово-Делчево, патничко возило ,,Пежо 206“ со  делчевски регистарски ознаки, управувано од Б.Ј.(59) од  село Габрово, изгубило контрола,  удрило во  брегот од десната страна на патот и се превртел на кровот.Притоа, возачот Б.Ј. се здобил со тешки телесни  повреди и со возило на Итна медицинска помош бил префрлен во Медицинскиот центар Кочани и по укажаната помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му била укажана лекарска помош.Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Делчево.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Сообраќајка во Скопје, едно лице со тешки телесни повреди

На 01.02.2019 година во 21.40 часот на крстосницата на булеварите „Србија“, „12-та Македонска Бригада“ и „3-та Македонска Бригада“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Ауди А4“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.И.(35) од Скопје и патничко возило „Тојота Ајго“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.И.(36) од Скопје.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Б.М.И.(32), сопатничка  во возилото „Тојота Ајго“. Со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Ургентен центар комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде и била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

При претрес во Велес пронајдени пиштоли

На 31.01.2019  година во периодот од 07.00 часот до 08.30 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во куќа на улица „Киро Рогужаров“ во Велес, која ја користи лицето Б.К.(69) од Велес.При претресот биле пронајдени и одземени  пиштол „Pietro Beretta“ калибар 7,69 мм, една рамка за пиштол со осум куршуми калибар 7.69 мм, пиштол непозната марка со дрвена рачка, една рамка за пиштол со седум куршуми калибар 7,65 мм и една кутија со 17 куршуми калибар 7,65 мм. По целосно документирање на случајот, против Б.К. ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Македонија | пред 7 години

Bojan_Petrovski_I_Maja_Siljanovska_Brisel_02_02_2019

МОДОМ на стратешко планирање во Брисел

Бојан Петровски и Маја Силјановска, од младинската организација на ДОМ-МОДОМ, учествуваат на стратешко планирање на Федерацијата на млади европски зелени (FYEG), во Брисел.„На собирот, младите европските зелени се подготвуваат за кампања за претстојните европарламентарни избори.Петровски се обрати пред присутните и нагласи дека ја очекува поддршката од земјите членки на Европската Унија за членство на Македонија во Европската Унија“, велат од МОДОМ.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

(ФОТО) Скопје утрово повторно меѓу десетте најзагадени градови во светот

Утрово Скопје повторно се најде на листата помеѓу десетте најзагадени градови во светот според специјализираната интернет страница за мерење на загадениот воздрух „Airvisual“.На врвот е градот Делхи во Индија а пред нас на второ и трето место се Лахоре во Пакистан и Бејлинг во Кина.Високи концентрации на ПМ10 честички текот на ноќта се забележани и на мерните станици во Гостивар, Струмица и Тетово.  

Скопје | пред 7 години

toni-mihajlovski

Тони Михајловски: Дроновите за следење на загаденоста се изгубија во смогот или пилотите дадоа отказ?

Актерот Тони Михајловски се огласи на својот Фејсбук профил во врска со енормното загадување.„Тоа дроновите за следење на загаденоста да не се изгубија во смогот? Или пилотите дадоа отказ?“, стои во објавата.

Македонија | пред 7 години

vmro_dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја уназади економијата додека граѓаните уште ја чекаат платата од 500 евра

Стравот на Заев од соочување со граѓаните на предвремени парламентарни избори е уште еден показател дека негова единствена цел е да продолжи да функционира криминалниот картел кој ги осиромашува и краде граѓаните на Македонија. Аболицираниот Заев единствено го интересираат криминалните тендери и грантови кои станаа главна валута за исплата на партиските послушници, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„СДСМ ја уназади економијата додека граѓаните уште ја чекаат платата од 500 евра. Институциите се урнисани, судството партизирано, здравството во хаос, образованието нереформирано, стопанството дише на помошни апарати додека компаниите и фамилиите блиски до Зоран Заев и Анѓушев живеат подобро од било кога.ММФ излезе со поразителни податоци дека за прв пат во македонската историја јавниот долг ја помина опасната граница од 50 проценти. Власта упорно ги задолжува граѓаните, а ништо не се гради.Наместо да го оствари ветувањето за едно општество за сите, Заев го подели македонското општество како никогаш досега. Неуставното носење на законот за јазици додатно ја парализира државата и ќе ја чини Македонија огромни суми на пари.Договорот со Грција за промена на името е уште еден пораз кој Зоран Заев им го сервира на граѓаните на Република Македонија. Оваа неспособна Влада мора да си замине. Граѓаните на Македонија заслужуваат подобро, заслужуваат просперитетна иднина и висок стандард. На црнилата мора да им се стави крај. Затоа Зоран Заев мора да собере храбост и да се соочи со граѓаните на предвремени парламентарни избори“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

Zaev

СДСМ: По намалување на извршителските и нотарските трошоци се отвора и можност за бришење на стари долгови на 200.000 граѓани

Со низа на мерки на Владата предводена од СДСМ во семејните буџети се слеваат повеќе пари. Намалување на извршителските и нотарските трошоци од 50 до 90%, отписот на камати на стари долгови за електрична енергија, топлинска енергија, намалувањето на казните за 70% за физички лица и намалување за 60% на казните за фирмите се дел од мерките, велаат од СДСМ.„Како што објави премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, остварен е напредок во преговорите на Владата со ЕВН и ЕЛЕМ за бришење на долгови за струја настанати до 2006 година.Постои волја за решавање на овој проблем, со што се отвора можност за бришење на стари долгови за 200.000 граѓани и семејства кои се заглавени во лавиринти со проблеми од извршители и блокирани сметки.Очекувањата се дека по постигнување на конечен договор со овие компании, ќе може да се избришат долгови од 110 милиони евра, пари што на овој начин ќе останат кај граѓаните.Владата предводена од СДСМ останува посветена на реализација на мерките и проектите што го олеснуваат животот, ги намалуваат трошоците, обезбедуваат повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Еднаков третман - Унапредување на заштитата на правата на немнозинските заедници

Министерката за правда проф. д-р Рената Дескоска се сретна со директорот на Агенцијата за унапредување на правата на заедниците, г. Илхан Рахман, и заменки-директорот на АОПЗ г. Џелал Хоџиќ, кои до Министерството за правда го доставија Предлог-законот за унапредување и заштита на припадниците на заедниците кои се помалку од 20% од вкупното население во Република Македонија.„Измените и дополнувањат на овој закон се во насока на поголемо афирмирање на концпетот „Едно општество за сите“. Секој граѓанин е важен, па во таа насока е и унапредувањето и заштитата на правата на сите немнозински заедници во Република Македонија.Овој Предлог-закон кој беше подготвен од страна на Агенцијата за унапредување на правата на заедниците наскоро ќе биде објавен на Единствениот национален рагистар на прописи (ЕНЕР).Како што информираа од АОПЗ, главна цел на овие измени и дополнувања на законот е да се подобри состојбата со имплементација на правата на заедниците, да се олесни следењето на степенот на нивното остварување и да се обезбеди надзор над реализација на овие права од страна на институциите на централно и локално ниво.Директорот на АОПЗ, г. Илхан Рахман истакна дека предлог-законот е подготвен од страна на инклузивна работна група формирана од страна на Агенцијата за унапредување на правата и дека наскоро и јавноста ќе може да ги достави своите коментари и предлози за подобрување, откако текстот ќе биде објавен на ЕНЕР.При изготвување на предлог измени и дополнувања на Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ) доби поддршка од страна на Европската Комисија преку инструментот ТАИЕКС, како и од Мисијата на ОБСЕ во Скопје“, велат од Министерството за правда.

Македонија | пред 7 години

8097702141-MihailCvetkov960.jpg.crop_.960x542

Екс министрите Цветков и Делев одат во Шутка

Истражен судија од Основниот суд Скопје 1 Скопје, по предлог на Основното јавно обвинителство им определил мерка 30 дена притвор на Михаил Цветков и Христијан Делев, додека на Ацо Спасеновски куќен притвор, поради здравствени причини.„Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерка притвор за 4 лица, судија на претходна постапка при одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, по произнесување на лицата по однос на предлогот, а во присуство на нивни бранители и јавен обвинител како и ценење на фактите и доказите приложени во предлогот, донесе решенија со кои го прифати предлогот и на М.Ц. и К.Д им определи мерка притвор во траење од 30 дена додека на А.С. зарди утврдени здравствени проблеми му определи мерка куќен притвор.Во однос на Љ.Д. кој е пратеник во Собранието на Р.М. и истиот се повикува на пратенички имунитет ќе биде дополнително повикан да се прозинесе во судот, откако ќе се создадат услови за тоа – пишува во соопштението од Основниот суд Скопје 1 Скопје.Тие се осомничени за злоупотреба на службена положба и овластување при доделување на земјоделска помош и давање под закуп државно земјоделско земјиште со што предизвикале штета од над 1,4 милиони евра на Буџетот.

Македонија | пред 7 години

SUBVENCII-ZA-KUPUVANJE-NOVI-VELOSIPEDI-2019

Нови субвенции за велосипеди во Карпош

Општина Карпош  продолжва со акцијата за субвенционирање на купување на нови велосипеди.Ќе се субвенционира 30% од цената на купениот нов велосипед, но најмногу до 3.000 (три илјади) денари.Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев во изјава за медиумите говореше за условите и критериумите на Јавниот повик, како и за придобивките од оваа акција:- Право на субвенција има секој полнолетен жител на Карпош, кој ќе купи нов велосипед, започнувајќи токму од денеска, 1. февруари.Граѓаните треба да достават копија од лична карта, од трансакциска сметка, од фискална сметка (оригинал) за велосипед којшто е купен не порано од 01.02.2019, рече Богоев.Локалната самоуправа минатата година за прв пат субвенционираше купување на велосипеди и како резултат на големиот одзив и позитивните реакции, продолжуваме и оваа година.За реализација на оваа акција годинава ќе се одвојат 500 илјади денари од Буџетот на Општина Карпош, а исплатата на средствата ќе биде по завршување на изборниот процес (претседателските и локалните избори).Поттикнувањето на возење велосипед, како препорака е вметната и во новиот Локален еколошки акциски план (ЛЕАП) на Карпош, со што директно, на долг рок, се влијае на заштита на животната средина и на намалување на аерозагадувањето.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Променливо облачно и топло време, од следната недела нови врнежи

Денес времето ќе биде променливо облачно и релативно топло. Во утринските часови на северозапад со слаб локален дожд, а по котлините со слаба магла. Преку денот ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер. Температурата ќе се движи од 7 доо 15 степени.Во Скопје облачно со температура од 2 до 10 степени.Следува период на променливо облачно и потопло време, особено на повисоките места и на планините што ќе предизвика забрзано топење на снежната покривка. И утре претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла, а преку денот ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер. Од понеделник ќе има локални врнежи од дожд со слаб, а во среда со умерен интензитет кога на планините врнежите ќе бидат од снег. 

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања