Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

shilegov

Шилегов сака новото јавно претпријатие за третман на кучиња да се вика Лајка

На новинарско прашање на темата, градоначалникот Шилегов одговори дека сѐ уште не е одлучено за името на новото јавно претпријатие, ама негова желба е претпријатието да се вика „Лајка“ – кучето што го смени човештвото, а коешто е земено од улиците на Москва. Според него тоа име би била одлична симболика за новиот концепт во згрижувањето на уличните кучиња.Од денеска Град Скопје започна постапка за формирање ново јавно претпријатие кое ќе биде задолжено за третман и благосостојба на уличните животни, со што стационарот „Вардариште“ ќе биде минато.– Стационарот „Вардариште“ повеќе нема да биде во надлежност на ЈП „Комунална хигиена“, туку ќе добие еднаков статус со другите јавни претпријатија кои се занимаваат со комуналните дејности во градот – хигиената, паркирањето, одржувањето на парковите и зеленилото и јавниот превоз на патници. Новото јавно претпријатие под своја надлежност во целост ќе ги преземе активностите за заловување на животните скитници, стерилизација, ветеринарната грижа, регистрирањето и процедурите за вдомување од заинтересираните граѓани – рече на вчерашната прес-конференција градоначалникот Шилегов.Процедурите околу формирањето на новото претпријатие течат паралелно со процесот на чипирање на домашните миленици. Целта е во истовреме да се стави под контрола механичкиот прилив на кучиња на улиците, предизвикан од неодговорни сопственици, и да се почне процесот за воведување нов системски пристап во третманот на животните скитници.Овој проблем бара вклучување на повеќе институции на локално и на национално ниво и вклучување на граѓанските активисти и здруженија, со цел бројот на кучињата скитници да биде сведен на минимум на начин што ќе обезбеди нивна благосостојба, но исто така ќе гарантира безбедно и непречено движење на граѓаните на јавните градски површини.– Притоа потребно е да се има предвид дека Скопје не е изолиран остров и дека едностран пристап во решавањето на проблемот од градската администрација нема да води до посакуваната цел во насока на надминување на постојната состојба. Треба да знаеме дека миграцијата на кучињата не се решава со правилници, закони, стерилизација, туку со одговорно однесување на сите надлежни институции. Ова значи дека не постои инстант решение со кое кучињата ќе исчезнат од улиците, но тоа не е и не смее да биде изговор на институциите да бегаат од решавањето на овој проблем, туку напротив, со еден координиран системски пристап да се прифати предизвикот да се изнајде одржливо решение – кажа Шилегов.Паралелно со подготовката на административните процедури за основање на новото јавно претпријатие Град Скопје ќе се консултира со здруженијата за заштита и унапредување на правата на животните за формата и начинот на нивното вклучување во целиот концепт бидејќи нивната стручност и искуство можат да бидат максимално искористени во полза на благосостојбата на овие животни.– Новото јавно претпријатие ќе биде основано со буџетски средства на Град Скопје, оние што досега сме ги давале ќе ги зголемиме, како и средства од ЈП „Комунална хигиена“. Во работата на новото претпријатие ќе се вклучи дел од постојниот персонал, а искрено се надевам дека професионално и волонтерски ќе се вклучат и активисти од здруженијата за заштита на животните – додаде Шилегов.Градоначалникот ги потсети и ги повика граѓаните дека и сега од вторник до сабота, во терминот од 09  до 13 часот, можат да го посетат стационарот „Вардариште“ и да си одберат куче за вдомување. Притоа, кучињата што се определени за вдомување, на граѓаните им се отстапуваат истретирани, вакцинирани и без никаков паричен надоместок. Секој граѓанин што вдомува куче, мора да пополни формулар со своите податоци и да се обврзе дека ќе биде одговорен сопственик, почитувајќи ги постојните закони. 

Скопје | пред 7 години

irena-ristic

Ристиќ: Ова не е живот,оти правдата ви е во кафи, а рак се фаќа како грипче во зима

Статус на социјалните мрежи од активистката и актерка, Ирена Ристиќ:"Имате право да умрете", изјавил некој "доктор"...Впрочем, тоа е и најточната констатација за севкупната состојба!Тоа е дефиниција на НИШТОТО со кое сме опкружени!Бидејќи ова не е Живот!Бидејќи е најзагадено!Бидејќи е прљаво до бесвест!Бидејќи рак се фаќа како грипче во зима!Бидејќи пиете лекчиња од паралелен увоз!Бидејќи пензиите некој веќе ви ги потрошил!Бидејќи сме клептоманска нација!Бидејќи сме Апашанат по уредување!Бидејќи криминалци со вратоврски ви ги кројат вчера, денес и утре!Бидејќи бизнисмени во мантии ви се врската со Бога!Бидејќи ПРАВДА, е уствари кафиќ!!!Бидејќи 50% од младите се неписмени!Бидејќи Џипериииии ви ги едуцираат децата!Бидејќи се зрачи со некултура и ароганција!Бидејќи зборувате, а сега веќе и не се разбирате!Можам јас и уште...Одлучете! Ќе умрете?!Или ќе се борите да Живеете...!(Малку сум се изнервирал!)https://www.facebook.com/irena.ristic.779/posts/10157141136674726

Коментари | пред 7 години

kasami-kadriu-sela

Алијанса и Беса избраа заеднички кандидат за претседател?

Одлуката на Демократската унија за Албанците да не коалицира со СДСМ туку да настапи со самостоен кандидат на претседателските избори, беше дочекан со аплауз во другите политички партии со албански предзнак. Од Алијансата за Албанците иронично апелираат кандидатот на ДУИ да биде Албанец алудирајќи на долгото консензуално договарање со социјалдемократите.„Не би сакале да веруваме дека оваа нивна одлука дојде како последица на затворената врата и презир кон ДУИ во однос на нивната лажна идеја за консензуален кандидат со СДСМ, а во минатото со ВМРО-ДПМНЕ. Се надеваме дека одлуката на ДУИ се должи на предизвикот на претседателот Зијадин Села упатен јавно преку медиумите за соочување со ДУИ. Бидејќи ДУИ го прифати овој предизвик, ги охрабруваме да го прифатат и другиот - распишување на предвремени парламентарни избори“, велат од партијата.Во опозицискиот дел од Беса веќе понудија сите албански партии да имаат еден заеднички кандидат со цел да се факторизирал гласот на етничките Албанци.„Во тој контекст, подготвени сме за соработка со сите што размислуваат како нас“, велат од Беса на Билал Касами.Повеќе на Независен.мк

Македонија | пред 7 години

Tomislav-Tuntev-e1511275814886-780x439

Тунтев: Создаваме услови за развој на ефикасен и безбеден воздухопловен систем

На македонското небо просечно се реализираат по 15 илјади летови месечно, а во врвните периоди на сообраќајно оптоварување дневниот број понекогаш достигнува и до 1.000 операции. Минатата година на двете македонски воздухопловни пристаништа беа прифатени и испратени повеќе од два милиона патника, а во наредните четири години се очекува овој број да достигне три милиони. Ваквиот прогнозиран интензивен пораст на физичкиот обем на сообраќајот не‘ обврзува да градиме и создаваме услови за развој на ефикасен и безбеден национален воздухопловен систем, целосно интегриран во европската воздухопловна транспортна мрежа, вели во интервју за МИА Томислав Тунтев, директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство.Според него, Македонија нема економски одржливи перформанси и финансиски потенцијали да размислува за формирање на т.н. национален авиопревозник, односно дека не постои економска оправданост за развој на, како што вели, еден таков застарен концепт. Сепак, посочува, доколку се појави сериозен инвеститор во областа на воздушниот транспорт кој би сакал да влезе на меѓународниот пазар со современи воздухоплови во македонскиот регистар, и доколку државата препознае економски интерес за заедничко вложување или друг вид на јавно-приватно партнерство во авиобизнисот, тогаш АЦВ ќе биде целосно подготвена во рамки на нејзината надлежност да ги реализира сите неопходни активности тоа да го овозможи.

Коментари | пред 7 години

Нема фотографија

„Македонија вработувала“, ама не плаќала придонеси

Ударничкото намалување на невработеноста со проектот „Македонија вработува“ ќе удри по даночните обврзници. Тие, и во овој случај, ќе треба да ја платат цената на политичкиот профит на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ од субвенционираните вработувања во периодот од 2015 до 2017 година. Затоа што за овие работници никој не плаќал придонеси.Проектот „Македонија вработува“ беше замислен како поддршка од државата за отворање нови работни места, за развој на сопствени бизниси и за намалување на трошоците за работа, со ослободување на плаќање придонеси за нововработените. Тоа беше „мерка што им помага и на старите и на младите да најдат работа“ и „врвен приоритет на Владата“, како што милуваа да ја опишуваат политичките првенци од тоа време. Од Агенцијата за вработување велат дека во двете фази од проектот се реализирани вкупно 22.729 ослободувања од плаќање на придонеси. Агенцијата воопшто не зборува за вработувања.Повеќе на Независен.мк

Македонија | пред 7 години

policija-22

Уапсени тројца поранешни министри

Четворица поранешни министри и заменици за земјоделие утрово се приведени во истрага поврзана со злоупотреби на земјоделска помош и издавање на државно земјоделско земјиште, потврдуваат за Телма извори од обвинителството, пишува Телма.Во акцијата на одделоот за организиран криминал на МВР се приведени поранешните министри Ацо Спасеновски и Михаил Цветков, како и поранешниот заменик министер Кристијан Делев.Тројцата се однесени во суд на распит, а четвриот осомничен е актуелниот пратеник Љупчо Димовски, кој полицијата се уште го бара.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Нови тројца дилери на дрога се приведени

СВР Велес поднесе кривична пријава против Т.Р.(30) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. На 18 октомври минатата година година во Велес, во населба „Тунел”, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот и пронашле и одзеле хероин.СВР Тетово поднесе кривична пријава против Љ.А.(29) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги” и против Х.Е.(33) од село Мала Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори’’.На 15 септември минатата година околу 00.30 часот на регионалниот пат Тетово – село Пирок, полициски службеници извршиле преглед на пријавените и возилото во кое биле и пронашле и одзеле марихуана.

Скопје | пред 7 години

vmro_dpmne

Кој ќе биде претседателски кандидат од ВМРО ДПМНЕ ќе се знае на 16 ти февруари

Истече рокот за пријавување кандидатури за претседател во ВМРО ДПМНЕ. Најдоцна до 5 февруари ќе се знае кој се се пријавил на јавниот оглас за претседателски кандидат. На 16 февруари на конвенцијата во Струга партијата ќе го избере партискиот кандидат за претстојните претседателски избори.ВМРО-ДПМНЕ донела став дека нема да ги бојкотира претседателските избори, објави порталот СДК.мк, повикувајќи се на анонимен висок функционер во ВМРО ДПМНЕ.Засега е познато во јавноста дека кандидатури поднесоа пратеникот Владимир Ѓорчев и Филип Петровски. Во јавноста како можен кандидат се споменува и името на професорката Гордана Силјановска Давкова, но од партијата засега нема потврда дека таа се пријавила на огласот кој заврши вчера.

Македонија | пред 7 години

karpa

Огромна карпа го попречува движењето на сообраќајот на патниот правец Македонска Каменица – Кочани

Огромна карпа го попречува движењето на сообраќајот на патниот правец Македонска Каменица – Кочани. Карпата се наоѓа на десниот дел од коловозот од делот на Истибања.Поради големиот пречник возачите се движат по слободната коловозна лента, но со тоа им го препоречуваат патот на сите кои сега тргнуваат за Скопје да го користат алтернативниот патен правец Делчево-Бигла.Екипи на ЈП „Македонија пат", како што информираат оттаму, се наоѓаат на местото на одронот и ќе се преземат активности за отстранување на одронот и нормално одвивање на сообраќајот.

Македонија | пред 7 години

gazprom

Бугарија одлучи да го продолжи проширување на гасоводот од Турција до Србија

Операторот со бугарскиот гасоводен систем „Блугартрансгаз“, ќе гради гасовод од границата со Турција, преку кој рускиот гас кој се транспортира преку гасоводот Турски тек ќе продолжи во Србија, соопшти компанијата додавајќи дека трошоците за проектот се проценуваат на 2,7 милијарди левови, односно околу 1,4 милијарди евра.„Газпром" аплицираше за проектот за резервација на капацитетот на гасоводот за проширување на Националната газотранспортна мрежа во Бугарија, пренесоа бугарските медиуми. Компанијата зеде учество во спроведување на Фаза 3 од постапката Open Season на "Проектот за развој и проширување на системот за пренос на гас", започнат од "Булгартрансгаз" ЕАД за проширување на националната мрежа на природен гас во Бугарија од бугарско-турската до бугарско-српската граница и поднесе барање за резервација на потребниот капацитет", велат од менаџментот на компанијата.Проектот Турски тек, кој беше покренат откако ЕУ правеше пречки околу претходниот план за Јужен тек кој требаше да испорачува руски гас во хаб во Бугарија по што Москва се повлече, вклучува изградба на два цевковода со моќност од 15,75 милијарди кубни метри секој. Првиот е наменет за снабдување со гас на турските потрошувачи, а вториот за снабдување на земјите од јужна и југоисточна Европа. Планираниот почеток на функционирање на гасоводот е до крајот на 2019 година.

Свет | пред 7 години

zname

Собраниската Комисија за надворешни работи, денеска ги избира новите амбасадори - еве кои се ....

Собраниската Комисија за надворешни работи денеска ќе одржи седница со дневен ред – тези за завршен разговор пред стапување на должности амбасадор и вонреден и ополномоштен амбасадор.Според тезите за завршени разговори пред заминување на должностите, Оливер Крлиу ќе биде амбасадор на Македонија во Мадрид. Тој доаѓа од редовите на Министерство за надворешни работи, бил македонски конзул во Њујорк и втор човек во Амбасадата на РМ во САД.Игор Џундев вонреден и ополномоштен амасадор и постојан претставник во меѓународните организации во Виена. Тој претходно бил во постојаната мисија на Македонија во ОН, а му асистирал и на Срѓан Керим кога беше претседател на Генералното собрание на ОН. Џундев е професионален дипломат. На должност вонреден и ополномоштен амбасадор треба да стапат Горан Стевчевски во Унгарија.Тој е исто така кадар од МНР и бил директор на сектор за Југоисточна Европа.Ненад Колев во Виена, Абдулкадар Мемеди во Обединетите Арапски Емирати. Мемеди е професионален дипломат и бил амбасадор во Саудијска Арабија, а е директор на Институтот за геостратегиски истражувања во МНР. Сузана Зеленковска во Словенија. Таа доаѓа од редовите на МНР, а е помошник на директорот на сектор за аналитика и јавна дипломатија. Рамадан Азифи во Германија, Крум Ефремов во Украина и Мира Крајачиќ во Кралството Шведска.Сите тие ќе ги претстават своите платформи пред членовите на Комисија за надворешни работи.

Македонија | пред 7 години

vmro-frakcija

Демократска фракција на ВМРО-ДПМНЕ: Време е да ставиме крај на понатамошно обезличување на партијата

„Непринципиелните и погубни дневни политики на актуелното раководството на ДПМНЕ по се изгледа свое финале ќе добијат со претседателските избори. Последните потези со фаворизирање на соросови надпартиски кандидати за претседател или пак охрабрување за кандидатура на истрошени партиски кадри (понизни дечки на сите досегашни партиски гарнитури) го исфрлаат на виделина сценарио за понатамошна девалвација на ВМРО ДПМНЕ, нејзино згаснување и заминување во историјата. Ваквите изнасилено мотивирани петиции за наводна народна и надпартиска поддршка на кандидат за претседател беа вообичаена пракса во времето на владеење на бегалецот од Будимпешта и за жал истата повторно продолжува.Сценариото и епилогот на партиската конвенција се однапред познати и тие се копија на Кумановскиот и Валандовскиот партиски конгрес со однапред познат победник и сигурни гласачи. Се работи за веќе видена фарса и глумење демократија. Поради ова Демократската фракција ма ВМРО ДПМНЕ е загрижена од опасноста конвенцијата да стане арена каде силите ќе ги одмерат поранешните груевсти, а сега најголеми антигруевисти со мали и тапи ножиња со т.н надпартиски провмровски калкуланти инсипирирани и мотивирани од послушниците и наследниците на пребеганиот херој.Почитувани членови на партијата и загрижени патриоти, Демократската фракција на ВМРО ДПМНЕ смета дека крајно време е да ставиме крај на понатамошно обезличување на партијата и на обидите да згасне се она што е чесно, праведно и вмровско. ВМРО-ДПМНЕ поседува интелектуален и морален капацитет и сила да одговори и да ги запре ваквите нечесни и задкулисни игри кои се во функција на реализација на зацртаните цели на Зоран Заев и СДСМ. Со вака изрежирана конвенција ВМРО ДПМНЕ ја пропушта можноста со достоен претседателски кандидат од вмровска провиниенција и профилација да се врати на патот на пристојноста, патриотизмот и достоинството потпрени на вредности препознатливи по личната чест и посветеноста кон татковината и нацијата. Реализацијата на личните егоистични и туѓите намери и интереси мора да биде биде санкционирана со најостра политичка одговорност“, се вели во соопштението на Демократската фракција на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

Zoran-Zaev-1-by-SDSM-4x3

СДСМ: На годишно ниво бројот на работници во индустријата е зголемен за 5,9 отсто

„По растот на индустриското производство, уште еден економски показател ја потврдува успешноста на економските мерки на Владата предводена од СДСМ.Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на работници во индустријата во декември 2018 е зголемен за 2,5 отсто во споредба со декември 2017 година.На годишно ниво бројот на работници во индустријата во 2018 е зголемен за 5,9 отсто во однос на 2017 година.Успешните економски политики, реализираните мерки како и зголемената поддршка кон домашните компании придонесоа за намалување на невработеноста на 20,8 отсто.Со влезот во НАТО и забрзувањето на интеграцијата во ЕУ овие параматри дополнително ќе се интензивираат, со интенција невработеноста да опадне на историски минимум под 20 отсто.Владата предводена од СДСМ останува посветена на заложбите за обезбедување нови работни места, зголемени инвестиции, повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани“, се вели во соопштението на СДСМ.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев се фали по странски телевизии дека има најголема доверба кај граѓаните, а бега од предвремени избори

Додека Заев се фали по странски телевизии дека наводно ужива најголема доверба помеѓу граѓаните, дома бега од предвремени избори, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Заев бега од гневот на граѓаните, поради понижувањата кој им ги сервираше, поради името кое го промени, а се колнеше во своите деца и предци дека не ни помислува на таков чекор. Бега бидејќи на 20-тина страни хартија се откажа од се што е македонско, од македонското, име, јазик, идентитет, историја.Заев на граѓаните не им ја отуѓи само историјата туку и иднината. ММФ излезе со поразителни податоци дека за прв пат во македонската историја јавниот долг ја помина опасната граница од 50 проценти, власта секојдневно ги задолжува граѓаните, а нашата држава е на граница на должничко ропство. Поразителен е и фактот дека повеќе од 80 проценти од младите во Македонија би сакале да ја напуштат државата и да заминат во туѓина.Наместо да го оствари ветувањето за едно општество за сите, Заев го подели македонското општество како никогаш досега. До тој степен македонското општество е поделено што ниту владините коалициони партнери на прес конференции не се разбираат помеѓу себе. Оние Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Бошњаци на кој Заев им ветуваше живот, 500 евра плата и враќање на младите назад во државата, сега бараат остварување на овие ветувања. Наместо двојазичност граѓаните од сите етникуми го бараат ветениот живот.На пазарџиите, пензионерите, младите, земојделците како и на сите граѓани во Македонија им е доста од црнилата олицетворени во одродената и криминална власт предводена од аболицираниот Заев. Граѓаните сакаат да стават крај на црнилата. Ајде Зоране собери храброст, излези и соочи се со македонските граѓани, излези на предвремени избори“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Седум сообраќајки во Скопје, еден пешак со тешки телесни повреди

Еден пешак е тешко, а четворица полесно повредени во четири сообраќајни незгоди од вкупно седум што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во три сообраќајки е причинета материјална штета.Според билтенот на СВР Скопје, изминатото деноноќие 67 возачи возеле побрзо од дозволеното, а пет биле под дејство на алкохол. Од сообраќај се исклучени и 13 возачи затоа што возеле пред да се стекнат со правото за управување на моторно возило и двајца почетници. Исклучени од сообраќај се и девет нерегитрирани возила.Сакционирани се и 13 возачи кои зборувале на мобилен телефон додека возеле, како и седум возачи кои не носеле сигурносен појас.Преземени се и мерки против 14 пешаци кои поминале улица надвор од пешачки премин.Сообраќајната полиција издала 80 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 72 возила.Одделението за превенција во текот на вчерашниот ден реализираше сообраќајна поука на која присуствувале граѓани како учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во пешаци.

Скопје | пред 7 години

dimce

Арсовски: Бараме предвремени парламентарни избори за да спречиме предизборен грабеж

Во своето гостување во емисијата Клик Плус на Телевизија 21, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски,  како една од причините за предвремени парламентарни избори го наведе, како што вели, изборниот грабеж кој власта го припрема на претседателските избори.„Една од причините зошто бараме предвремени парламентарни избори е за да спречиме предизборен грабеж кој што се повеќе се навестува на претстојните  претседателски избори. Тоа го видовме веќе во неколку наврати, тоа беше видено на референдумското гласање каде што за две до четири секунди гласаше еден гласач. Тоа е практично невозможно и е спротивно на физиката“, истакна Арсовски

Македонија | пред 7 години

205155519_Igor

Игор Јанев: Турција и Унгарија нема да го потпишат протоколот за членство во НАТО

Универзитетскиот професор по меѓународно право од Институтот за политички студии во Белград, Игор Јанев на својот Твитер профил напиша дека Турција и Унгарија нема да ја потпишат драфт верзијата на протоколот за членство на Македонија во НАТО.“Турција и Унгарија нема да ја потпишат драфт верзијата на протоколот за членство на Македонија во НАТО! Така што Договорот од Преспа се уште е мртов, заедно и со амандманите на Уставот на Македонија. Ги потикнувам и Турција и Унгарија да не го потпишуваат протоколот. Договорот од Преспа е нелегален”, стои во објавата.

Македонија | пред 7 години

vreme

Облачно со појава на магла, викендов потопло време

Денес во западните делови времето ќе биде променливо облачно, попладне со слаб локален дожд, а на планините со слаб снег. Во останатите делови сончево со умерена облачност. Претпладне по котлините ќе има појава на магла. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Температурата ќе се движи од 3 до 12 степени.Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и температура од -4 до 5 степени.Следува период на претежно облачно и потопло време, особено на повисоките места и на планините што ќе предизвика топење на снежната покривка. Во утринските часови по котлините ќе има појава на магла. За време на викендот ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер. Од понеделник ќе има локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Магла кај Страцин, Кула, Делчево и Смојмирово

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат. Намалена видливост поради магла до 50-100 метри има кај Страцин, Кула, Делчево и Смојмирово.На патниот правец Струга - г. п. Ќафасан (до с. Франгово) поради оштетување на коловозот, брзината е ограничена на 40 км/ч.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Спасовски: Има луѓе - вработени во државни институции кои шпиунираат за ВМРО-ДПМНЕ

Постојат луѓе и во МВР, но и во други државни институции кои се задолжени и даваат информации за состојбите во институции до ВМРО-ДПМНЕ, истакна министерот Оливер Спсовски одговарајќи на пратенички прашања за објавените извештаи во порталите подготвени од, како што рече, одредени лица за следење на активности на политичкиот противник, но и внатре во ВМРО-ДПМНЕ.-Не дека нешто плус ќе добијат со ваквите состојби со кои се занимаваат, не дека некого ќе исплашат од пратениците или други структури, туку мислам дека ова се прави за самопромоција, кој повеќе ќе му се допадне на Мицковски со тоа кој повеќе ќе донесе материјали, а со тоа да дојдат до подобра позиција. Јасно е дека нема да имаат шанса за таква работа ако продолжат со ваков начин, ниту ќе добијат позиција, рече министерот Спасовски.Министерот вели дека во МВР добиле дел од тие материјали. Тој вели дека до него дошол списокот со сите луѓе кои се задолжени од администрацијата, јавните претпријатија и од Министервата да ги испраќаат таквите извештаи до партијата.

Македонија | пред 7 години

65-ka2

Арачиновец и го pacпукaл носот на мaлoлeтнa девојка во автобус на ЈСП!

Инцидент се случил попладнево откако во автобус на ЈСП со број 65 момче со тупaницa и го pacкpвapил носот на малолетна девојка, па избегал во непознат правец, објави инфомакс.мкГолема група на граѓани во моментов е насобрана на автобуската постојка во селото Сингелиќ пред џамијата, откако момче со тупaницa удpил на малолетна девојка и ѝ го pacкpварил носот.Момчето веднаш се дало во бегство. По инцидентот, на постројката има гужба од насобрани револтирани родители.Текстот во целост на инфомакс.мк

Скопје | пред 7 години

Grabez-pistol

Предмалку ограбен маркет во Охрид, маскирано лице со фантомка на глава и оружје го одзел дневниот промет

Грабеж на маркет во центарот на Охрид. Маркетот лоциран на Туристичка околу 19.00 часот бил ограбен од маскирано лице, кое со фантомка на главата и закана со оружје влегло во маркетот и од вработените пред купувачи ги принудил да му го дадат целокупниот промет.Купувачите и вработените видно растревожени и уплашени во моментов даваат изјав пред инспекторите од СВР. Ова е втор инцидент во Охрид попладнево.

Македонија | пред 7 години

kokain-spanija

Во заедничка акција шпанската и италијанската полиција запленија 2,7 тона кокаин

Шпанската полиција уапси наводен примач на голема пратка на кокаин во товарен контејнер во Барселона, со помош на италијанските власти, соопштија денеска официјални лица.Операцијата во која биле вклучени инспектори и царински службеници од двете земји доведе до заплена на повеќе од 2,7 тона дрога, што е најголемата количина во Италија во изминатите 25 години, објави агенцијата АП.Според медиумите нелегалниот шверц го изведувала групата наречена „Заливски клан“, која е активна на неколку европски пристаништа.Полковникот Маурисио Синтура од италијанската финансиска полиција изјави дека властите ја пресретнале пратката на кокаин и брзо го замениле со сол пред да ја испратат за Барселона, со цел да им помогнат на властите да го уапсат 59-годишниот Шпанец кој требало да ја прими.

Скопје | пред 7 години

novinari-uapseni

Шпанија бара од Венецуела да ги ослободи уапсените новинари

Шпанија побара од властите на Венецуела да ги пуштат на слобода уапсените новинари на агенцијата ЕФЕ.Новинарите се уапсени поради тоа што инсистирале на оставка на претседателот Николас Мадуро. Односите меѓу двете земји дополнително се влошија деновиве , откако премиерот Пабло Санчез го нарече Мадуро диктатор , а пак тој му одговори дека веќе еднаш ги исфрлиле од земјата.Властите на Венецуела уапсиле еден шпански новинар , колумбиска новинарка ,како и фотограф и возач , кои од главниот град на Колумбија , Богота , тргнале кон Венецуела за да известуваат за кризата. На границата ги запреле и уапсиле венецуелските разузнувачки служби.

Свет | пред 7 години

besim-demirov

Советникот Бесим Демиров, бара поголеми плати за вработените во ЈП Охридски Комуналец

Советникот Бесим Демиров,, кој е прв советник Египќанин во градски совет во Македонија, ги прави сите свои заложби за подобрување на животот на египќаните. Демиров овој пат јасно и гласно кажа дека бара поголеми плати за вработените во ЈП Охридски Комуналец. Советникот за Скопје1 вели дека барат да се покачит вредноста на бодот во ЈП Охридски Комуналец, затоа што како што вели повеќе од 20 години вредноста на бодот во ова претпријатие не е сменат.Советникот Бесим Демиров смета дека неговото барање е оправдано бидејки платата на комуналците во Охрид, не им овозможува пристоен живот и споредено со другите градови во Македонија, работата на вработените во Охридското Комунално претпријатие им е пониско вреднувана.Инаку во ЈП Охридски Комуналец вработени се 261 лице од кои 149 Македонци и околу 100 египќани и др националности.Но, како што објаснува советникот Демиров револтира и фактото што од 100 вработени Египќани нема ниту еден во администрацијата, туку сите се теренци, поточно собирачи на смет.Советникот Бесим очекува да биде прифатено барањето за покачување на платите.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања