Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-library1iibaofn5t6g1AUUkXn

Отворен нов мост меѓу БиХ и Хрватска по уривањето на мостот кај Градишка

По уривањето на дел од мостот на реката Сава кај граничниот премин Градишка, сообраќајот меѓу Босна и Херцеговина и Хрватска привремено се пренасочува преку новоотворениот мост кај граничниот премин Горња Варош.Новиот мост бил отворен синоќа околу 19 часот како итна мерка за намалување на метежот што се создаде по целосниот прекин на сообраќајот на преминот Градишка.Станува збор за привремено решение кое ќе важи три месеци, а одлуката ја донело Министерството за безбедност на Босна и Херцеговина

Балкан | пред 5 месеци

media-library20q0kf0m31jk4w8SPpT

Немири во една од најголемите германски банки по понудата на „УниКредит“

Вработени во германската банка „Комерцбанк“ денеска протестираа против обидот на италијанската банка „УниКредит“ да ја преземе една од најголемите германски финансиски институции.Според „Ројтерс“, демонстрантите се собрале пред годишното собрание на акционерите на „Комерцбанк“, носејќи транспаренти со пораки „УниКредит, заминете!“ и „#БезСпојување #БезОрчел“, алудирајќи на извршниот директор на „УниКредит“, Андреа Орчел.Синдикалниот претставник и член на надзорниот одбор на „Комерцбанк“, Фредери

Свет | пред 5 месеци

media-libraryo21b1mmlhtq90ONwZIS

Шпионски скандал кај претседателката Сиљановска: обвинителот пет месеци чека снимки од видеo-надзорот за да види дали вработени краделе податоци

Повеќе од пет месеци, далеку од очите на јавноста, Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција води предистражна постапка за сомнежи за недозволени активности во Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Вила Водно.Предметот е отворен по известување од МВР – Сектор за компјутерски криминал, а се однесува на настан од 24 ноември 2025 година и, како што Обвинителството вели за „Скопје1“, „постоење индиции за преземени недозволени активности од висок државен интерес

Македонија | пред 5 месеци

pozarnikari

Денеска се одбележува 20 Мај – Денот на пожарникарството

По повод 20 Мај – Денот на пожарникарството, Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје и оваа година ќе го одбележи празникот посветен на пожарникарите и нивната улога во заштитата на граѓаните и имотот.Во рамки на одбележувањето, традиционално е предвидена и посета на градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на противпожарната единица во Автокоманда.Од бригадата посочуваат дека противпожарните единици во земјава и понатаму се соочуваат со сериозни предизвици, пред сè поради недост

Скопје | пред 5 месеци

media-librarynbe67qbfeh1s7otiayx

„Наместо осуда, Венко Филипче молчи и соработува со негаторите на Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение обвини дека лидерот на СДСМ, Венко Филипче, молчи на, како што велат, навредливите изјави од Бугарија и не застанува во одбрана на македонскиот идентитет.Од партијата велат дека речиси две недели Филипче избегнува јасно да ја осуди изјавата на бугарската министерка Петрова Чамова, која македонскиот народ го нарекла „северномакедонци“.Во соопштението се наведува дека Филипче „молчи за навредите, прави лични калкулации и продолжува со сервилност“, а дополнително му се з

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryo91j39a30qujb2grlC4

Автомобил и мотор се судрија на „Рузвелтова“ во Скопје

Сообраќајна несреќа меѓу автомобил и мотоцикл се случи денеска на улицата „Рузвелтова“ во Скопје.Засега нема официјални информации за состојбата на учесниците во несреќата.

Скопје | пред 5 месеци

media-library6htarhp04gpsbR82zqt

Пациент со симптоми на хантавирус хоспитализиран во Лисабон

Во болницата „Сао Франциско Шавиер“ во Лисабон во понеделникот бил примен пациент за кого постои сомнеж дека е заразен со хантавирус.Станува збор за возрасен португалски државјанин со симптоми слични на грип, кој патувал со авион, а неговиот случај се поврзува со епидемијата на хантавирус што избувна на крузерот „МВ Хондиус“, каде што веќе се потврдени повеќе случаи на зараза.Главната управа за здравство на Португалија соопшти дека се спроведени сите пропишани процедури, вклучително и упатување

Свет | пред 5 месеци

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Земјотрес со јачина од 6 степени ја погоди Турција

Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.Епицентарот на потресот бил на длабочина од 10 километри, на околу 21 километар од градот Малатија во источниот дел на земјата.Според првичните информации, засега нема извештаи за повредени лица или за поголема материјална штета.Очевидци на страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар навеле дека потресот бил силен и дека се нишале лустери и мебел во

Свет | пред 5 месеци

media-libraryjatcdt9v616d5CeUbC5

Си Џинпинг и Владимир Путин потпишуваат нови договори за соработка

Кинескиот претседател Си Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин започнаа церемонија на потпишување повеќе договори за соработка меѓу двете држави.Двајцата лидери веќе потпишаа заедничка изјава за понатамошно зајакнување на стратешката координација и за „продлабочување на добрососедската и пријателската соработка“.По ракувањето пред камерите, Си и Путин, држејќи црвени папки, го потпишаа првиот документ, а се очекува да следуваат уште околу дваесет договори.Документите треба дополнително да

Свет | пред 5 месеци

media-libraryrmm7u1og4gqh2Etpspm

Пациент со ебола од Конго хоспитализиран во германска клиника

Американски лекар заразен со вирусот ебола во Демократска Република Конго е пренесен на лекување во берлинската клиника „Шарите“, соопшти германското Министерство за здравство.Пациентот бил транспортиран во текот на ноќта со специјален авион за високоинфективни пациенти од Уганда до Берлин, а потоа и со специјално возило до клиниката. Во Германија биле донесени и шест лица кои биле во контакт со него и имаат висок ризик од заразување.Од германското Министерство за здравство уверуваат дека за нас

Свет | пред 5 месеци

189145_peskov_f

Песков: Не треба да се споредуваат посетите на Путин и Трамп во Пекинг

Кремљ порача дека нема смисла да се споредува свечениот пречек на рускиот претседател Владимир Путин во Пекинг со посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Кина минатата недела.Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека поважно е да се анализира содржината на разговорите отколку церемонијалните детали.„Има смисла да се споредува содржината“, изјави Песков за руската државна телевизија, одговарајќи на прашање за можните споредби меѓу двете посети.„Не е секогаш лесно да се споре

Свет | пред 5 месеци

media-libraryrgt4e9gdto696h8J9NT

Москва и Пекинг најавија продлабочување на стратешките односи

Во Пекинг започна билатералната средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг.Рускиот лидер оцени дека партнерството меѓу двете држави претставува пример за соработка и истакна дека Москва има намера дополнително да ги развива односите со Пекинг.„Нашето партнерство е пример за меѓудржавна соработка“, изјави Путин на почетокот на разговорите.Кинескиот претседател Си Џинпинг, пак, порача дека односите меѓу Кина и Русија влегле во „нова фаза на поголем напредок и

Свет | пред 5 месеци

media-libraryihvqr12njd77a3NSwOW

Трамп: „Си Џинпинг никогаш не ми кажа дека Путин можеби ќе зажали за инвазијата во Украина“

Американскиот претседател Доналд Трамп ги демантираше медиумските извештаи според кои кинескиот претседател Си Џинпинг му рекол дека рускиот претседател Владимир Путин би можел да зажали поради инвазијата врз Украина.„Фајненшл тајмс“ објави дека Си наводно ја изнел таа оценка за време на разговорите со Трамп во Пекинг, во рамки на пошироките дискусии посветени и на војната во Украина.Весникот, повикувајќи се на повеќе извори запознаени со исходот од средбата меѓу Си и Трамп, наведе дека пораките

Свет | пред 5 месеци

media-library4bpjhnhpbnrh6WFAohV

ЕУ и САД договорија укинување и намалување на дел од царините

Претставниците на Европскиот парламент и земјите-членки на Европската Унија постигнаа договор за укинување на царините за увоз на индустриски производи од Соединетите Американски Држави и намалување на тарифите за дел од земјоделските производи.Договорот, кој произлегува од трговскиот договор меѓу ЕУ и САД, склучен минатиот јули, предвидува преференцијален пристап за американски морски плодови и одредени земјоделски производи, како млечни производи, овошје, соино масло, свинско месо и месо од би

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

„Колку народни пари потрошил Фетаи додека не се појавувал на работа - Мицкоски да иницира одговорност за несовесно работење“, велат од Левица

Левица преку соопштение остро реагираше на, како што велат, неодговорното однесување на вицепремиерот Арбен Фетаи, обвинувајќи го дека со месеци не се појавува на работа, не присуствува на владините седници и не одговара пред Собранието, а продолжува да ја користи функцијата и бенефициите.Од партијата наведуваат дека додека Владата зборува за недостиг на средства за плати, здравство и социјални мерки, истовремено дозволува функционер кој, според нив, не ја извршува функцијата да продолжи да прим

Македонија | пред 5 месеци

struja-1

Денеска без струја Центар, Карпош и Кисела Вода

ЕВН Македонија информира дека на 20 мај 2026 година, поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат повеќе делови од Скопје.Во периодот од 09:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Црвена Вода“ број 7 во Центар.Од 09:00 до 13:00 часот прекин ќе има на улицата „Саса“ – крак 24 во Кисела Вода.Во периодот од 09:00 до 14:00 часот без електрична енергија ќе остане дел од корисниците на улица 6 во населбата Бардовци, во Карпош.Дополни

Свет | пред 5 месеци

258795493_465931921694283_9183676635682098414_n

Променливо облачно време со сончеви периоди и засилен ветер

Според информациите од УХМР, денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.Во крајните западни и источни делови од земјата ќе има услови за слаб локален дожд.Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер со брзина до 50 километри на час.Минималната температура ќе се движи од 5 до 13 степени, додека максималната дневна температура ќе достигне од 19 до 26 степени.Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, проследено со умерен до повремено

Македонија | пред 5 месеци

bez-voda

Повеќе населби во Ѓорче Петров денеска без вода поради дефект

Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје информира дека денеска, 20 мај 2026 година, поради уличен дефект на водоводна цевка на улицата „Лука Геров“ бр. 38, без вода ќе останат повеќе населби во општина Ѓорче Петров.Прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците од населбите Даме Груев, Ново Село, Волково, Стопански Двор, Кисела Јабука, Орман и Никиштани.Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот и ќе трае до завршување на санацијата на дефектот.

Скопје | пред 5 месеци

media-library78gbr1ap8avtfzReKWD

СДСМ: Професорката Гордана Сиљановска-Давкова падна на испит во Словенија

Опозициската СДСМ упати критики до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, оценувајќи дека со своите ставови изнесени во Словенија ја слабее позицијата на Македонија во процесот на европската интеграција.Од СДСМ велат дека наместо „јасно и недвосмислено“ да ја потврди европската обврска за внесување на малцинствата во Уставот, Сиљановска-Давкова продолжува со, како што наведуваат, „празна реторика“.Според партијата, преговарачката рамка за членство во Европската Унија, во која е вклучен и фр

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryo7k40s2ega7ibajykRN

Хороскопски знаци кои глумат дека ништо не ги повредува

Некои луѓе делуваат ладно, смирено и недопирливо, но зад таквиот впечаток често кријат многу повеќе емоции отколку што покажуваат. Според астрологијата, одредени хороскопски знаци особено тешко признаваат дека нешто ги повредило, па повеќе сакаат да изгледаат рамнодушно отколку да покажат ранливост.СкорпијаСкорпиите ретко покажуваат колку навистина ги боли нешто. Дури и кога некој длабоко ќе ги повреди, често ќе се однесуваат како воопшто да не им е грижа. Сепак, тие паметат сè и долго ги анализ

Магазин | пред 5 месеци

media-libraryn7an7uh4cpoaaZ5ucj1

Премиерот на Гренланд нема да присуствува на отворањето на новиот американски конзулат

Премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, нема да присуствува на отворањето на новиот конзулат на Соединетите Американски Држави во Нук, објавија локалните медиуми.Конзулатот треба да биде отворен со прием во новите простории во центарот на Нук, но Нилсен изјавил дека ќе ја одбие поканата поради актуелните тензии меѓу Гренланд и САД.„Не донесовме формална одлука од принципиелни причини, но јас нема да учествувам“, изјавил Нилсен.Според извештаите, повеќе поканети гости исто така одлучиле да н

Свет | пред 5 месеци

media-libraryrf4t3f32bu4f94l89Cn

Обединетите нации за израелската акција врз флотилата: Не изгледа дека е почитувано меѓународното право

Обединетите нации денеска изразија сериозна загриженост за безбедноста на активистите на бродот „Сумуд“, дел од глобалната флотила што пловела кон Појасот Газа, откако Израел ја презеде контролата врз конвојот.Портпаролот на ОН, Стефан Дижарик, изјави дека организацијата е „многу загрижена“ за безбедноста на лицата на бродот и нагласи дека мора да се почитува меѓународното право на отворено море.На прашањето дали приведувањето на активистите претставува прекршување на меѓународното право, Дижари

Свет | пред 5 месеци

media-libraryjatcdt9v616d5CeUbC5

Путин пристигна во Кина на разговори со Си Џинпинг

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ја започна дводневната посета на Кина, каде што ќе разговара со кинескиот лидер Си Џинпинг за проширување на соработката и актуелните глобални прашања.Путин во Пекинг пристигна со делегација составена од министри, бизнис-лидери и високи државни функционери, меѓу кои и гувернерката на руската централна банка, Елвира Набиулина, како и челници на компаниите Газпром и Роснефт.Пред посетата, Путин изјави дека е задоволен што повторно ја посетува Кина и нагла

Свет | пред 5 месеци

ilon-mask-1

Илон Маск го спореди „Неуралинк“ со Исус: „Ова е технологија на негово ниво“

Илон Маск повторно предизвика бурни реакции откако ја спореди технологијата на својата компанија Neuralink со делата на Исус Христос.Говорејќи преку видеоврска на настан во Израел, Маск изјави дека „враќањето на видот кај слепите и контролата кај парализираните лица“ претставува „технологија на ниво на Исус“.Компанијата „Неуралинк“ развива мозочни импланти кои им овозможуваат на корисниците со помош на мислите да управуваат со компјутерски функции како пишување и движење на курсорот.Иако техноло

Свет | пред 5 месеци

media-libraryrak8j5k24jdi5YsFe9Q

Суспендирани полицајци во Косово, биле затекнати голи во службено возило

Двајца косовски полицајци, маж и жена, се суспендирани во северниот дел на Митровица, откако биле затекнати во интимна ситуација за време на работното време.Според локалните медиуми од Косово, станува збор за полицајците Н.П. и Р.Т., кои наводно биле пронајдени голи во службено возило на друга единица на Косовската полиција.Случајот веднаш бил пријавен кај надлежните органи на Косово, по што двајцата косовски полицајци биле суспендирани на три дена и им била изречена дисциплинска мерка.Според ин

Свет | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања