Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Screenshot-2025-07-20-at-13.44.11

(Видео) Успешна спасувачка акција на Пелистер: Повреден планинар евакуиран од непристапен терен

Денеска, на исклучително тежок и непристапен терен во близина на Пелистер, беше спроведена сложена спасувачка акција за извлекување на повреден планинар со скршеница на нога.Во акцијата учествуваа тројца припадници на Одделот за воздухопловни единици и четворица припадници на специјалната антитерористичка единица „Тигар“. Благодарение на нивната координираност, стручност и пожртвуваност, повредениот успешно е извлечен и префрлен на понатамошно лекување.Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, им изрази јавна благодарност:„Упатувам искрена благодарност за пожртвуваноста, професионализмот и човечноста на сите вклучени. Со оваа акција, нашите припадници уште еднаш докажаа дека македонската полиција секогаш е таму каде што е најпотребна – особено кога се спасува живот и се делува под најтешки услови“, истакна Тошковски.

Македонија | пред 10 месеци

ohrid-leto

Охрид ќе гори во август: Џејсон Деруло, Брена, Галија и уште 7 ноќи музичка еуфорија

Ова лето, Охрид ќе блесне како музички центар на Балканот, со спектакуларна концертна програма која обединува регионални ѕвезди, светски имиња и домашни легенди. Од 1 до 9 август, „Билјанини Извори“ и Античкиот театар ќе бидат сцена на некои од најочекуваните настапи за 2025 година.🎤 1 август – Лепа Брена и Саша КовачевиќБалканската дива Лепа Брена и поп идолот Саша Ковачевиќ ќе го отворат августовскиот музички маратон со голем заеднички концерт на стадионот „Билјанини Извори“. Настанот ветува вечер исполнета со емоции, носталгија и безвременски хитови.🌍 2 август – Џејсон Деруло: Првпат во Македонија!Светската музичка икона Џејсон Деруло пристигнува во Охрид! За првпат во земјава, еден од највлијателните поп и Р’н’Б артисти на нашето време ќе настапи под отворено небо на „Билјанини Извори“. Публиката ќе има ретка можност да биде дел од концерт што ќе влезе во музичката историја на Македонија.🎧 3 август – HUGELФранцускиот диџеј и продуцент HUGEL, познат по својот уникатен звук и милиони стримови, ќе го загрее охридскиот викенд со незаборавен електронски настап на стадионот.🎭 4 август – Ова не е нормално (Антички театар)Хуморот низ стенд-ап настапот на Бојан Велевски и Марјан Георгиевски – „Ова не е нормално“ е концепт што поместува граници. Очекувајте вечер каде ништо не е како што изгледа.🎶 6 август – Jeлена Томашевиќ (Антички театар)Српската дива со моќен глас и емоционални балади доаѓа во Охрид за концерт под ѕвезденото небо.🎙️ 7 август – Влатко Миладиновски (Антички театар)Гласот на Влатко Миладиновски, ќе ја донесе својата енергија и душа на сцената на Античкиот, каде ќе ги изведе најголемите хитови од својата кариера.🎤 8 август – Владо Јаневски (Антички театар)Во организација на Прагма продукција, Владо Јаневски ќе одржи ексклузивен концерт во чест на три децении музичко творештво. Вечер на чувства, поезија и автентична македонска музика.🎸 9 август – Галија (Антички театар)Една од најголемите рок-икони на екс-Југословенската сцена, Галија, доаѓа во Охрид за концерт кој ќе се памети. Нивниот звук, став и историја ветуваат вечер полна со енергија и рок без компромис.Картите се достапни тука.

Магазин | пред 10 месеци

grcija-plaaza

Грција на удар од топлотен бран: Температури над 44°C од утре

Грција од утре влегува во екстремен топлотен бран што ќе трае најмалку до петок, предупреди денес Националната метеоролошка служба во Атина. Температурите во некои делови на земјата се очекува да надминат 44 степени Целзиусови во наредните 24 часа.Причина за екстремната жештина се исклучително топлите воздушни маси кои пристигнуваат од Африка и се движат кон Грција и поширокиот балкански регион, јавува весникот „Катимерини“.Според официјалната прогноза, температурите во текот на работната недела ќе бидат до 10 степени повисоки од просекот за истиот период во изминатите децении (1991–2020), што предизвикува дополнителна загриженост кај властите и граѓаните.

Свет | пред 10 месеци

Screenshot-2025-03-23-at-10.27.11

Крстевски се извини на семејствата на загинатите во „Пулс“, за музчкиот дел од програмата за Петровден

По бурните реакции од родителите и граѓаните кои изгубија свои блиски во „Пулс“,, в.д. градоначалникот на Кочани Венко Крстевски упати јавно извинување за делот од програмата за Петровден кој содржел музички дел, оценет како непримерен од страна на семејствата.„Се извинувам доколку со мојот потег за музичкиот дел од програмата несвесно сум повредил некого“, напиша Крстевски на своите социјални мрежи, додавајќи дека разбира колку е длабока болката кај родителите и блиските.Во обраќањето, градоначалникот потенцираше дека трагедијата од 16 март не била обична несреќа, туку последица на долгогодишна институционална негрижа, повикувајќи на заедничка промена на системот што ја урниса довербата на граѓаните.„Како в.д. градоначалник, мојата улога не е само административна, туку и човечка. Да бидам со сите граѓани, да слушам, да разбирам и да дејствувам со одговорност и чувство“, порача Крстевски, изразувајќи подготвеност за дијалог и соработка со сите засегнати страни.

Македонија | пред 10 месеци

image-207683

Д-р Сашко Кедев испиша историја: Прв Македонец на сите 14 врвови над 8000 метри

Д-р Сашко Кедев постигна историски подвиг за Македонија – стана првиот Македонец кој се искачил на сите 14 светски врвови повисоки од 8000 метри.Најновиот и последен во серијата успеси се случи утрово, кога како дел од експедицијата G1, предводена од „Имеџин Непал“, го освои врвот Гашербрум I (8.080 м) во Пакистан. Заедно со него на експедицијата учествуваа и Ванг Жонг од Кина, како и непалските алпинисти Дава Гјалје Шерпа и Нгима Нуру Шерпа.„Со ова успешно искачување, д-р Кедев го заокружи предизвикот на сите 14 осумилјадници – историски прв за Македонија!“, објавија од тимот на експедицијата.

Магазин | пред 10 месеци

Screenshot-2025-07-20-at-10.22.39

Ќерката на Гоце Тодоровски: „Пола век го делеше со народот, а денес живее од 36.000 денари пензија – милостиња за легенда“

Сашенка Тодоровска, ќерката на македонскиот актер и доајен на театарската сцена Гоце Тодоровски, со емотивна, но остро-критична објава на социјалните мрежи проговори за неправдата што, како што вели, системот ја направил кон нејзиниот татко – човек кој половина век ѝ го посветил на културата и јавната сцена.„Легендо моја и на целиот македонски народ…“, започнува Тодоровска, споделувајќи фотографија од раните почетоци на кариерата на Тодоровски, со горчина што неговото животно дело останало без соодветна институционална чест.„Национална пензија не ти дадоа, само признанија и наградички – колекционер на хартија стана“, напиша таа, алудирајќи на долгогодишната традиција на доделување на награди, но и на отсуството на реална поддршка и грижа за културните работници кои го обележале времето.Според неа, Гоце Тодоровски, кој е еден од ретките живи членови на некогашната „Златна плејада“, денес преживува од пензија од едвај 36.000 денари, без признание од државата во форма на национална пензија.„Зарем зависи сечија судбина од тоа кој е на власт? Кој е во комисија? Срамота е – болката негова ме боли и мене. Те делев цел живот со целиот народ, и се уште се даваш иако здравствено си парче“, стои во нејзиниот статус.Тодоровска ја повикува јавноста да не живее во заблуда, потсетувајќи дека вистинските вредности одамна се маргинализирани: „Сè што е квалитетно – веќе нема вредност.“Нејзината реакција доаѓа во време кога државните културни институции се под зголемен притисок за ревизија на критериумите според кои се доделуваат националните пензии, додека бројни уметници кои го изградиле културниот идентитет на земјата остануваат на маргините на социјалната сигурност.

Коментари | пред 10 месеци

pistol

Скопјанец кој има 23 години фатен со пиштол и 51 куршум – обвинителството бара притвор

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истражна постапка против 23-годишен скопјанец, осомничен за неовластено поседување и тргување со оружје, соопштија од Обвинителството.По наредба на јавен обвинител и со судска одлука, вчера е извршен претрес во неговиот дом во Скопје. Полициските службеници при акцијата пронашле еден полуавтоматски пиштол, 51 куршум со калибар 9мм Para, рамки и други додатоци за оружјето, кое осомничениот го поседувал без дозвола.Обвинителството утрово достави предлог до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје за определување мерка притвор, поради опасност од бегство и можност за повторување на делото.Против осомничениот се води постапка за кривично дело „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, по член 396 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Македонија | пред 10 месеци

crvenkovski11-696x462

(Видео) Михајловски откри за средбата со Црвенковски

Актерот Тони Михајловски во емисијата „Претрес со Ландов“ откри анегдота од 1994 година, кога заедно со Игор Џамбазов и покојниот Мирче Доневски побарале поддршка за културата од тогашниот премиер Бранко Црвенковски.„Џамбазов ми вика: 'копиљ, ти збори пошо си најмал', а Бранко ми се обраќа: 'кажи бе мали, што е проблемот?'“, раскажа Михајловски. Тој му објаснил на премиерот дека културата е една од ретките сфери во кои младата држава Македонија „газела“ и побарал поголема поддршка.„И Бранко – фраер, ни фрли по еден плав Ротманс и ни вика: ‘што ќе ви се на вас глумците пари бе’“, рече Михајловски со доза на иронија, алудирајќи на долготрајната запоставеност на културниот сектор од страна на институциите.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-07-19-at-14.21.40

ЦУК: Пет пожари сè уште активни – вкупно 29 интервенции на отворен простор

Во текот на изминатите 24 часа, заклучно со 08:00 часот на 20 јули, на територијата на државата се евидентирани вкупно 29 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од нив, пет се активни, два се ставени под контрола, а 22 се целосно изгаснати.Најсериозни се пожарите во:Желино, каде огнот се шири кон селото Еребино, зафаќајќи делови од планината Жеден;Василево, село Нивичино – гори нискостеблеста шума и смрека;Македонски Брод, село Грешница – опфатена е мешана шума и ниска вегетација;Македонски Брод (реактивиран), помеѓу селата Црешнево, Локвица и Крапа;Прилеп, меѓу селата Царевиќ и Смолани – пожар во мешана шума.Под контрола:кај селото Слатина (Македонски Брод), имеѓу селата Џидимирци – Крушје – Иванковци во Општина Велес.Изгаснати пожари:Изминатото деноноќие се изгаснати пожари на различни локации, меѓу кои:скопските општини Студеничани, Бутел, Сарај и Кисела Вода,депонии во Крушево, Демир Хисар и Брвеница,повеќе рурални подрачја во Свети Николе, Штип, Кочани, Куманово, Липково, Тетово и Гостивар.

Македонија | пред 10 месеци

f_37203667_1280

(Видео) Напад со дронови врз Москва – пожар во Зелено-град, ограничувања на летови, Русија тврди дека соборила 93 дрона

Украински дронови ја нападнаа областа на Москва во текот на ноќта, при што во неколку делови од градот избиле пожари, објавија руски телеграм-канали, а ја пренесе и независната украинска платформа Kyiv Independent.Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека најмалку 21 дрон биле лансирани кон главниот град на Русија во периодот по 18 часот на 19 јули по локално време. Според него, екипи за итни интервенции се испратени на местата каде што паднале дроновите, но не даде детали за евентуална материјална штета.Локални жители пријавуваат дека пожар избувнал во Зелено-град, населено место околу 37 километри северозападно од центарот на Москва. Снимки објавени на социјалните мрежи покажуваат возила кои гореле во близина на станбена зграда, но засега нема официјални информации за повредени или загинати лица.Рускиот телеграм-канал База објави снимки од безбедносни камери на кои се гледа како остатоци од дрон паѓаат врз горните катови од станбен објект во Зелено-град.Како последица на нападите, на сите четири московски аеродроми биле воведени привремени ограничувања на воздушниот сообраќај. Пристигнувачките летови биле пренасочени кон аеродромот Пулково во Санкт Петербург. Летачките ограничувања биле укинати околу 4 часот изутрина по локално време.Според соопштението на руското Министерство за одбрана, биле соборени вкупно 93 украински дрона над неколку региони, од кои 19 над областа на Москва.Ова е четврта последователна ноќ на напади врз главниот град на Русија, при што синоќа биле истрелани 13 дрона само кон Москва.Нападите доаѓаат по најавата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој наводно му понудил на Кремљ рок од 50 дена да постигне мировен договор со Украина или да се соочи со нови „оштри царини“ од САД.Според Kyiv Independent, Трамп во телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски во јуни наводно го прашал дали Украина има капацитет да ја нападне Москва.

Свет | пред 10 месеци

Screenshot-2025-07-19-at-14.21.40

(Видео) Голем пожар во Желино, подметнат со гуми кои биле запалени и пуштени да се тркалаат

Голем пожар избувна во Општина Желино, доцна попладнево. Според неофицијални информации на „Скопје1“ истиот е подметнат и за тоа веќе постојат докази.Првично дознаваме дека се најдени гуми, кои најверојатно, се полеани со нафтен дериват, запалени и пуштени да се тркалаат по зелениот појас, каде има и сува трева. На терен интервенираат противпожарни единици, како и екипи од други институции.Автопатот Скопје-Тетово е затворен во двата правци (14:50ч.).Освен овој, активни се уште шест други пожари.Досега, се уапсени повеќе пиромани фатени како се обидуваат да запалат шумски појаси низ Македонија. Владата односно Министерството за внатрешни работи уште при големите пожари кои избувнаа на повеќе локации пред една недела, изрази сомнеж дека некој намерно го прави ова со цел да предизвика хаос во државата.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-07-19-at-18.26.32

Партиите да не ни ја користат болката за маркетинг, градоначалникот да се извини, а ние немаме што да изгубиме, рече таткото кој го изгуби синот во пожарот во „Пулс“

Родителите, семејствата и пријателите на младите кои ги загубија животите во пожарот во клубот „Пулс“ повторно излегоа на улиците на Кочани, во нов марш на болката и борбата за правда. Од пред зградата на Општина Кочани, Драги Стојанов – татко кој го загуби својот единец, 21-годишниот Томче Стојанов – се обрати во името на останатите.Во емотивен говор, Стојанов упати остри критики до општинските власти и советниците, обвинувајќи ги за целосна незаинтересираност и игнорирање на семејствата на жртвите.„Немојте да се плашите од нас, бидејќи не сме убијци како тие што ни ги убија децата. Советниците се платени од нас, а не покажаа ни трошка почит. Не дојдоа ниту на еден марш. Тоа е нивната благодарност“, рече Стојанов.Посебен револт изрази кон в.д. градоначалникот Венко Крстевски, кој, како што рече, планирал да организира забава за Петровден, само неколку месеци по трагедијата.„Во Кочани беа убиени 63 деца, а вие организирате веселба. Нема фамилија што не е завиена во црно. Простуваме за грешката, но бараме јавно извинување. Ништо повеќе“, порача Стојанов.Освен обраќањето кон локалната власт, тој испрати и порака до политичките партии:„Ве молиме, од СДСМ и ВМРО – оставете нè на мир. Немојте нашата болка да ја користите за политички маркетинг. Трпението ни е при крај. Немаме што да изгубиме – само вие имате.“На крајот од говорот, Стојанов ја повтори пораката која веќе месеци одекнува од Кочани: дека правдата не е задоволена, и дека тие нема да се откажат – „ни по цена на сопствениот живот“.Маршот, симболично организиран пред општинската зграда, доаѓа неколку дена по најавата за нови судски рочишта и во моменти кога јавноста сè погласно бара одговорност од институциите за трагедијата во која животот го загубија 63 млади лица.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-07-19-at-15.47.48

Пожарот кај Желино се шири кон Еребино – сомнеж за подметнување, ангажирана армијата и воздухопловна поддршка

Голем пожар избувна денеска во општина Желино, со тенденција на ширење кон селото Еребино, зафаќајќи сува вегетација и нискостеблеста шума. Според Центарот за управување со кризи (ЦУК), пожарот поради ветерот и непристапниот терен има висок ризик од проширување, но на терен се ангажирани сите расположливи сили и средства за спречување на огнената стихија.„Заедно со градоначалникот на Желино, Блерим Сејдиу, сме на лице место и ги координираме активностите. Сите ангажирани служби работат со полна сила на локализација на пожарот“, изјави директорот на ЦУК, Мухамед Аљи.На терен се вклучени:еден армиски хеликоптер,полициски камион МАН со цистерна и воден топ,два теренски пинцгауера и едно возило хермелин,30 припадници на Армијата на Република Северна Македонија,екипи на скопската противпожарна бригада и ТППЕ Тетово.Дополнително, во 16:00 часот ќе полетаат и два ер-трактори на Дирекцијата за заштита и спасување за воздушна поддршка.ЦУК информира дека постои основано сомнение дека пожарот е подметнат и најави дека надлежните институции ќе спроведат истрага.Надлежните апелираат до граѓаните да се воздржат од активности кои можат да предизвикаат пожари и потсетуваат дека подметнување пожар е кривично дело.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-07-19-at-18.16.40

Се смирува пожарот кај Желино, можно целосно ставање под контрола до вечер

Пожарот што денеска избувна во општина Желино и се ширеше кон селото Еребино е ставен под контрола, а постои реална можност до крајот на денот целосно да биде локализиран, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.„Пожарот е смирен, а ер тракторите на ДЗС продолжуваат со дејствување“, изјави Ангелов.Акцијата на гаснење вклучуваше армија, противпожарни екипи, воздухопловна поддршка и теренски сили, откако огнената стихија зафати поголема површина со сува вегетација и шума. Надлежните остануваат на терен до целосно стабилизирање на состојбата.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-07-19-at-15.40.15

(Видео) Тошковски: Новите закони носат темелна реформа на полицијата, без политички влијанија

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека измените на Законот за внатрешни работи и Законот за полиција претставуваат суштинска, а не козметичка промена, насочена кон темелна реформа на полицијата и институционално јакнење на МВР.„Ова не е законска козметика, туку суштинска промена што произлегува од анализа, дијалог и заедничка работа. Вклучени беа стручните служби на МВР, претставници на синдикатите, независни експерти и меѓународни партнери“, напиша Тошковски на социјалните мрежи, додавајќи дека препораките на ГРЕКО и анализите на ОБСЕ се целосно вградени во новите решенија.Според него, клучни новини во Законот за внатрешни работи: „Поедноставена класификација на работните места; Воведување на тест за раководење и за позицијата главен; Обука како задолжителен услов за секоја раководна функција; Тест за професионален интегритет без политичко влијание; Јасна рамка за советничките позиции; Систематизирано управување со човечки ресурси – од мобилност до развој на кариера“.Тој посочува дека има измени во Законот за полиција како дефинирање на професионални критериуми за директорот на Бирото за јавна безбедност, со обврзно полициско искуство; Отворање на нови полициски станици во Сарај и Илинден; Ускладување на организацијата со новиот концепт за управување во полицијата.Министерот порача дека додека, како што вели, некои избираат да манипулираат и собираат политички поени, МВР останува посветено на градење институција што функционира по јасни правила и работи во служба на граѓаните.„Ќе вреднуваме знаење и одговорност, а не дневна политика“, истакна Тошковски.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-07-19-at-14.14.19

Каја Шукова почна со ветувања за Скопје: „Градот мора да дише, да се исчисти и да се врати на граѓаните“

Потпретседателката на СДСМ и поранешна министерка за животна средина, Каја Шукова започна со ветувања за изборите. На денешната прес-конференција, Шукова ја претстави својата визија за, како што рече, чисто, уредено и безбедно Скопје – град што ќе им припаѓа на сите граѓани, без оглед на политичката припадност.„Се кандидирам да бидам градоначалничка на сите скопјани, без разлика дали се поддржувачи на СДСМ, на ВМРО-ДПМНЕ или на ниту една партија. Скопје не е партиско седиште, туку град на сите нас, и мора да се управува професионално“, изјави Шукова.Таа остро ја критикуваше актуелната состојба во главниот град, посочувајќи дека политичкиот инает, алчноста и бизнис-интересите на владејачката структура го довеле Скопје до, како што рече, „историско дно“. Шукова го нарече периодот на управување со Градот како „четвртата катастрофа во историјата на Скопје, по Пиколомини и земјотресот од 1963 година“.„Скопје е украден град. Го уништија за да се пресметуваат со својот градоначалник. Денес секоја улица сведочи за нивниот неуспех“, рече таа, повикувајќи на промена преку конкретни решенија и прагматичен пристап.Шукова најави дека нејзината програма ќе се базира на реални, стручни и остварливи проекти, со фокус на:чистење на Скопје и функционално управување со отпадот;намалување на загадувањето и создавање здрава животна средина;обнова на јавниот превоз и подобрување на мобилноста;запирање на урбанистичкиот хаос и враќање на контрола кај граѓаните;дигитализација, борба против корупцијата и враќање на културата во градот;зголемена безбедност на улиците и секојдневна грижа за јавниот простор.„Скопје не смее да чека. И јас нема да чекам. Ова не е само кампања – ова е заедничко враќање на Скопје на граѓаните“, нагласи Шукова, повикувајќи ги професионалците, стручната јавност и граѓаните активно да се вклучат во создавањето на програмата.„Скопје е модел на град каде сите општини мора да се развиваат рамномерно и синхронизирано – Центар, Карпош, Аеродром, Ѓорче Петров, Бутел, Сарај, Гази Баба, Чаир... Сите заедно мора да изградиме похумано Скопје“, изјави Шукова на крајот од прес-конференцијата.Таа најави дека во следниот период ќе следат серија средби со граѓани, експерти и организации, а програмата ќе се доработува во консултација со јавноста. Со кампањата, вели, нема да продава „шарени и неостварливи проекти“, туку конкретен план заснован на знаење, искуство и почит кон градот.

Скопје | пред 10 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-25-33-1180PM

Инцидент во Скопје: искршено полициско возило по сообраќајна контрола – осомничениот избегал

Во раните утрински часови на 19 јули во скопската населба Илинден се случил инцидент при кој е оштетено службено полициско возило, откако едно лице физички го нападнало автомобилот со тврд предмет, информира Министерството за внатрешни работи.Според податоците, околу 01:15 часот на улицата „Благоја Стефковски“, полициски службеници му дале знак за запирање на патничко возило „Пежо“ со скопски регистарски таблички, кое не застанало веднаш, туку било сопрено неколку минути подоцна на улицата „Ордан Поп Јорданов“.Возачот бил идентификуван како Ф.Ј. (32) од село Петровец, а во возилото се наоѓале уште три машки лица. По извршената контрола, констатирани се повеќе сообраќајни прекршоци и издадени се платни налози.Сепак, инцидентот не завршил тука. По завршувањето на службените дејства, едно од лицата од возилото „Пежо“, откако полицајците влегле во нивното возило, со тврд предмет го искршило задното стакло на полициското возило и потоа побегнало од местото на настанот.Полицијата презема мерки за идентификација и пронаоѓање на сторителот, а случајот е пријавен и документиран како напад врз службено возило и ометање на службени лица во вршење на должност.

Скопје | пред 10 месеци

brza-pomos-nokje-3

Полицаец натепан на Средно Водно во 02 часот наутро, кога легитимирал машко лице

Полициски службеник бил физички нападнат ноќеска на Средно Водно во Скопје, додека вршел легитимирање на лице на паркинг просторот, соопшти Министерството за внатрешни работи.Инцидентот се случил на 19 јули околу 02:10 часот, кога полициска патрола од единицата за интервентна полиција се обидела да легитимира машко лице. Наместо да соработува, лицето почнало да упатува навреди и пцовки, а потоа со двете раце го удрило еден од полициските службеници во пределот на градниот кош.Нападнатиот полицаец се пожалил на болки и бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ каде му била укажана лекарска помош.Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на одговорноста на напаѓачот.

Скопје | пред 10 месеци

pozar-stan-karpos-1

Пожар во стан во центарот на Скопје – седум лица, меѓу кои и дете, завршија на токсикологија

Седум лица, меѓу кои и едно малолетно дете, се хоспитализирани поради вдишување чад во пожар што изби на 18 јули попладне во стан на булеварот „Кочо Рацин“ број 75 во центарот на Скопје.Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, пожарот избувнал околу 16:30 часот, на вториот кат од зградата, а засега причините за неговото настанување се непознати. На лице место интервенирале полициски службеници од Полициската станица Центар, како и екипи на Противпожарната бригада на Скопје, кои успеале да го локализираат и изгаснат пожарот до 17:00 часот.Поради зашеметеност од чадот и болки во градите, шест возрасни лица и едно дете се пренесени на Клиниката за токсикологија при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.На местото на настанот е извршен увид од екипа на СВР Скопје, а истрагата за причините и околностите на пожарот е во тек.

Скопје | пред 10 месеци

policija-1313

Физички напади и закани со нож: Насилни инциденти пријавени во Струга и Дебар

Во текот на 18 и 19 јули, полицијата регистрирала неколку инциденти поврзани со физичко насилство и закани, најмногу во регионот на Струга и Дебар.Најсериозниот случај е пријавен во Струга, каде што на 18 јули на паркинг просторот на улицата „Владо Малески“, неколку лица физички го нападнале 29-годишниот С.М. и неговата сопруга, двајцата жители на Струга. Полицијата работи на целосно расчистување на случајот и идентификација на напаѓачите, по што ќе следуваат соодветни пријави.Во друг инцидент, кој се случил истата вечер, полициски службеници од ОВР Дебар го привеле 36-годишниот А.М. од Дебар, откако било пријавено дека со нож упатил закани кон жителка на Охрид. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава.Министерството за внатрешни работи соопшти дека екипи на криминалистичката полиција работат на расветлување на случаите, а јавни обвинители се веќе информирани. Сите инциденти се третираат со највисок приоритет поради нивниот насилен карактер.

Македонија | пред 10 месеци

soobrakajka

Црна хроника на патиштата: шест тешко повредени во низа сообраќајки низ Македонија случени вчера и завчера

Во текот на 18 и 19 јули 2025 година, низ неколку градови во државата се случиле серија сообраќајни несреќи со најмалку шест тешко повредени лица, покажуваат податоците од Министерството за внатрешни работи.Најтешкиот инцидент е регистриран на влезот во селото Негорци, кај Гевгелија, каде мотоциклист управувал под дејство на алкохол. Според полицијата, несреќата се случила на 18 јули околу 13:15 часот, кога мотоцикл марка „Хамачи“ управуван од 35-годишниот Е.С. од струмичкото село Дорломбос се судрил со товарно возило „Ман“ и патничко возило „Туран“. Повредениот мотоциклист имал 1.81 промили алкохол во крвта и е пренесен во Медицинскиот центар во Гевгелија со тешки телесни повреди.Во скопската населба Чаир, на улицата „Адем Демачи“, на 18 јули во 19:10 часот се случила несреќа во која мопед управуван од 24-годишен скопјанец се судрил со „Пасат“. Мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди и е хоспитализиран во ГОБ „Св. Наум Охридски“.Ист ден, во Куманово на улицата „Ѓорче Петров“, 31-годишен возач на мопед бил тешко повреден откако неговото возило се судрило со „Ауди“ со германски регистарски ознаки управувано од 22-годишен жител на Куманово.Во Кичево, во утринските часови на 18 јули, пешак била прегазена на крстосница меѓу локален и магистрален пат кај селото Зајас. Возач на „Ауди“, 28-годишен жител на Колибари, удрил во 38-годишна жена, која е хоспитализирана со тешки повреди во Општата болница Кичево.Во Велес, велосипедист на возраст од 65 години изгубил контрола и паднал на коловозот на улицата „Васил Ѓоргов“. Настанот бил пријавен околу 17:00 часот, а повредениот е пренесен во локалната болница со тешки повреди.Дополнително, во Делчево, 19-годишен возач е приведен откако бил затекнат под дејство на алкохол со 1,96 промили. Тој управувал возило со странски регистарски ознаки и веднаш бил исклучен од сообраќај. Против него ќе биде поднесена кривична пријава за безобзирно управување моторно возило.Сите случаи се во фаза на истрага, а увидни екипи од надлежните полициски сектори извршиле увид на местата на несреќите. Министерството апелира до учесниците во сообраќајот да бидат внимателни и да се воздржат од управување возила под дејство на алкохол или други супстанци.

Македонија | пред 10 месеци

WhatsApp-Image-2023-12-13-at-17.04.38

Велосипедист загина по сообраќајка во Тетово

Велосипедист од Тетово им подлегнал на повредите по тешка сообраќајна несреќа што се случила попладнето на 18 јули на улицата „Љубо Божиновски Пиш“ во Тетово, соопшти Министерството за внатрешни работи.Според информациите од СВР Тетово, несреќата била пријавена во 15:30 часот. До неа дошло кога патничко возило марка „Голф“, управувано од 42-годишниот Т.И. од Тетово, удрило во велосипедистот С.С. (68), исто така од Тетово.Повредениот велосипедист со тешки телесни повреди бил пренесен во Клиничката болница во Тетово, а потоа транспортиран во скопскиот клинички центар „Мајка Тереза“, каде, и покрај напорите на лекарите, починал.Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Тетово, а за случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Истрагата е во тек.

Македонија | пред 10 месеци

policija-policaec-35-450x270-1

Полемика околу Законот за полиција: СДСМ обвинува за партизација, ВМРО-ДПМНЕ враќа со критики за манипулации

Новиот предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за полиција предизвика силни политички тензии, откако од СДСМ го оценија како опасен чекор кон целосна партизација на МВР и узурпација на безбедносниот систем, додека од ВМРО-ДПМНЕ возвратија дека станува збор за намерни манипулации и дефокус од реалните успеси на Владата.На прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, остро го критикуваше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, обвинувајќи го дека преку предложените измени сака да го претвори МВР во „партиска милиција на ВМРО-ДПМНЕ“.„Станува збор за скандалозен предлог со кој се урива кариерниот систем, се бришат професионалните критериуми и се отвора вратата за поставување партиски кадри без образование и искуство“, рече Кузеска. Таа предупреди на шест клучни точки кои, според СДСМ, го загрозуваат функционирањето на полицијата: намалување на критериумите за вработување, укинување на условите за раководни функции, укинување на регионалните центри за гранична контрола, можност за бришење податоци од евиденции, подигање на старосната граница за вработување и – како што го оцени – „најскандалозно“, бришење на членот 19 што овозможува амнестија за осудени лица.„Ова е директен атак врз безбедносниот систем и државниот суверенитет. Ако овој закон биде усвоен, полицијата ќе биде инструмент за политички прогон, а не заштитник на граѓаните“, порача Кузеска.Одговорот од ВМРО-ДПМНЕ следуваше веднаш, преку реакција во која се вели дека СДСМ, наместо да понуди аргументи, продолжува со манипулации и фабрикување на тези.„СДСМ ја изневери секоја категорија на граѓани. Сега, преку прес-конференции, се обидува да ја манипулира јавноста и да дефокусира од фактот дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ веќе ги зголеми пензиите за 5.000 денари во една година, а премиерот најави ново зголемување од 2.000 денари во наредниот период“, се вели во реакцијата.Од партијата посочуваат дека пензионерите ја препознаваат политиката на ВМРО-ДПМНЕ, што, според нив, се потврдува и со преминувањето на Партијата на пензионерите на страната на новата влада.Додека власта тврди дека спроведува реформи и ја враќа државата на прав пат, опозицијата предупредува на сериозно разградување на институционалниот интегритет. Предлог-законот е во собраниска процедура, а јавноста останува поделена – меѓу обвинувањата за враќање на режимски практики и тврдењата за нова стабилност.

Македонија | пред 10 месеци

milelefkov02032022.jpg

Обвинувања за хибридна војна и контрао-бвинувања за параноја: нов судир меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Во политичката арена на Македонија се отвори нов фронт на остри меѓупартиски обвинувања – овојпат со тврдења за странски хибридни напади и внатрешни предавства, проследени со жестоки контранапади за параноја и дефокус од реалните проблеми.Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, излезе со сериозни обвинувања за, како што вели, координирана дискредитациска операција водена од бугарски служби со помош на домашни актери. Според него, мета на нападите се Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, премиерот Христијан Мицкоски, но и самиот македонски идентитет и суверенитет.„Се користат класични хибридни методи – лажни вести, фабрикувани документи, лични и семејни дискредитации, злоупотреба на човечки трагедии. Сето тоа се засилува секогаш кога Бугарија ќе доживее дипломатски пораз“, рече Лефков, наведувајќи дека зад кампањата стојат бугарски портали и мрежи на дезинформации, документирани и од меѓународни организации како DFRLab.Тој посочи и на улогата на СДСМ, за која тврди дека активно учествува во ширење на овие деструктивни наративи, со цел да ја ослаби актуелната власт.Од СДСМ, пак, веднаш возвратија со остар одговор.„Жолтите комбиња од времето на Груевски се вратија. Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ ќе биде фатено во скандали или ќе доживее дебакл – измислуваат теории на заговор. Ова е параноја и очаен обид за дефокус од неспособноста“, се вели во соопштението на СДСМ.Партијата го нарече настапот на Лефков „театар на апсурдот“ и порача дека ВМРО-ДПМНЕ нема одговор за реалните проблеми на граѓаните – економијата, европската интеграција и исполнувањето на ветувањата.„Македонија не е филм, туку држава со напатени граѓани кои бараат решенија. А доверба во вакви будалаштини – нема да имаат“, додаде СДСМ.Во ваква атмосфера на обвинувања за странски заговори и контраобвинувања за домашен циркус, граѓаните остануваат меѓу две спротивставени приказни – и сè понетрпеливо чекаат конкретни резултати, наместо постојани прес-конференции.

Македонија | пред 10 месеци

E028110A-699C-4A82-90C2-EEC749AF3B14

Apple Pay наскоро достапен и во Македонија?

По години исчекување, дигиталната платежна услуга Apple Pay конечно би можела да стане достапна и за корисниците во Македонија. Иако сè уште нема официјална потврда од Apple или од домашна банка, веќе неколку извори од банкарскиот сектор информираат дека се финализираат техничките подготовки и преговори за воведување на оваа услуга.Според неофицијални информации, Apple Pay во Македонија би можел да стартува веќе кон крајот на 2025 година. Првите банки кои се очекува да ја понудат услугата се дел од групации што веќе работат со Apple Pay во други земји од регионот, како Србија, Хрватска и Бугарија.Apple Pay овозможува бесконтактни плаќања преку iPhone или Apple Watch, без потреба од физичка картичка. Со тоа, корисниците добиваат побрзо, посигурно и поудобно искуство при секојдневните трансакции.Во очекување на официјалната најава, граѓаните веќе го изразуваат своето задоволство на социјалните мрежи, надевајќи се дека ова ќе биде уште еден чекор кон модернизација на финансиските услуги во земјава.Доколку сè се одвива според планот, Apple Pay би можел да стане активен во Македонија до декември 2025 година.

Магазин | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања