Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-librarycop8dant9rt9e0DRFJ2

Белата куќа: Трамп ќе обезбеди слободен проток на нафта низ Ормускиот теснец

Американскиот претседател Доналд Трамп е решен да обезбеди непречен проток на нафта низ Ормускиот теснец, изјави портпаролката на Белата куќа Каролин Ливит.На прес-конференција таа повтори дека претседателот предложил американската морнарица, доколку биде потребно, да ги придружува танкерите што минуваат низ оваа клучна поморска рута.„Американската војска разработува дополнителни опции по директивата на претседателот Ормускиот теснец да остане отворен“, изјави Ливит.Таа додаде дека засега нема д

Свет | пред 6 месеци

media-librarytig8648tu8ik8WTwdxj

(Видео) Белата куќа: Војната ќе заврши кога Иран ќе биде доведен до „безусловна капитулација“

Војната ќе заврши кога Иран ќе биде доведен во позиција на „безусловна капитулација“, изјави портпаролката на Белата куќа Каролин Ливит на прес-конференција.Таа појасни дека тоа не значи дека иранското раководство мора јавно да признае пораз, туку дека ќе биде доведено во ситуација во која повеќе нема да може реално да се заканува.„Иран може и понатаму да упатува закани, но тие ќе бидат празни“, изјави Ливит.Таа додаде дека американската војска преминува во нова фаза од операцијата, насочена кон

Свет | пред 6 месеци

media-libraryhis9v78lcmn20dWdhLj

Си-Ен-Ен: Трамп живее во алтернативна реалност, не знае што се случува во Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп изнесувал тврдења за конфликтот со Иран без да располага со доволно информации, оценува телевизијата Си-Ен-Ен во анализа на неговите последни јавни настапи.Според медиумот, Трамп во саботата изјавил дека ирански проектил погодил основно училиште во Техеран и усмртил десетици деца, но во понеделникот признал дека всушност не знае доволно за настанот.На прес-конференција, запрашан зошто никој од неговата администрација не го повторува истата тврдeње и зошто с

Свет | пред 6 месеци

f_37272129_1280

Иран тврди дека погодил рафинерија во Хаифа и сателитски центар кај Тел Авив

Иран соопшти дека во нов бран напади погодил енергетски објекти во Израел, вклучително и рафинерија во Хаифа и сателитски комуникациски центар во близина на Тел Авив.Портпаролот на иранскиот воен штаб „Хатам ал-Анбија“ изјави дека иранските сили со беспилотни летала гаѓале рафинерија за нафта и гас, како и резервоари за гориво во Хаифа.Според соопштението, во нападите бил уништен и сателитски комуникациски центар во близина на Тел Авив.Иранските власти наведуваат дека операцијата е дел од „33. б

Свет | пред 6 месеци

media-library06n17o41rd039MbAVnX

Извозот на енергенси од Блискиот Исток падна на 10 отсто од предвоеното ниво

Извозот на енергенси од Блискиот Исток е намален на само околу 10 проценти од нивото пред почетокот на војната, предупреди Меѓународната агенција за енергија, поради блокадата на Ормускиот теснец.Според агенцијата, конфликтот во регионот значително го намалил транспортот на нафта низ оваа клучна поморска рута, низ која вообичаено минува значителен дел од светската трговија со нафта.Министрите за енергетика на земјите од групата Г7 на состанокот разговарале за можноста за пуштање нафта од стратеш

Свет | пред 6 месеци

media-libraryjhe6bolsp47ve1ATXnV

Експлозии одекнаа во Техеран, иранската престолнина повторно под напад

Неколку силни експлозии одекнале во Техеран, при што иранската престолнина повторно била цел на напади, јавуваат странските медиуми.Допишниците на сервисот Би-Би-Си Персиски известуваат дека во градот се слушнале нови експлозии, а според нивните информации Техеран во моментот е под напад.Новинарите на агенцијата Франс прес, исто така, потврдиле дека во градот се слушнале најмалку три експлозии.Во меѓувреме, три американски стратешки бомбардери од типот Б-1 полетале од воздухопловната база РАФ Фе

Свет | пред 6 месеци

media-library83lkert1v73neqXRUSk

Иран уапси 30 лица осомничени за шпионажа за САД и Израел

Иранското Министерство за разузнавање соопшти дека во последните денови се уапсени 30 лица осомничени за шпионажа, соработка или дејствување во корист на САД и Израел.Во соопштението, пренесено од новинската агенција Тасним, се наведува дека меѓу уапсените има и еден странски државјанин кој наводно пренесувал чувствителни безбедносни информации на две држави од Персискиот Залив, кои потоа тие податоци ги споделувале со САД и Израел.Според иранските власти, уште 19 лица делувале како „теренски и

Свет | пред 6 месеци

media-libraryibc9fg0j3r2g2mQX78i

Напад во Велес: бивш партнер со уште две лица физички ја нападнал бившата и нејзиниот нов дечко

Тројца мажи се лишени од слобода по насилен инцидент во Велес, откако, според пријава во полиција, физички нападнале млад пар во нивниот дом.Од Министерството за внатрешни работи информираа дека на 9 март 2026 година во 08:30 часот во СВР Велес, 23-годишна жителка на Велес пријавила дека во нејзиниот дом дошол нејзиниот поранешен партнер Б.Б. (26) од Скопје и физички ја нападнал неа и нејзиниот сегашен партнер, 24-годишен велешанец.Според пријавата, со Б.Б. во домот дошле и М.К. (30) и Д.Б. (43)

Македонија | пред 6 месеци

media-library5l68q0mtmro62Fb7nSr

Пратеник на Трамп: Се надеваме дека Русија не му помага на Иран

Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, изјави дека од Русија побарал да не споделува разузнавачки информации со Иран.Во разговор со новинарите во претседателскиот авион, Виткоф посочи дека овој став јасно ѝ бил пренесен на Москва. На прашањето дали верува дека Русија, сепак, му помага на Иран со разузнавачки податоци, тој одговори дека се надева дека тоа не се случува.„Се надевам дека Русите не споделуваат разузнавачки информации со Иран. Не сум разузнавач

Свет | пред 6 месеци

media-libraryu7k2inog1hemd5LOgF5

Огромни трошоци за војната: Вашингтон потрошил милијарди долари за два дена

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп потрошила муниција во вредност од околу 5,6 милијарди долари во првите два дена од нападите врз Иран, се наведува во извештај доставен до одборите на американскиот Конгрес, пренесуваат извори запознаени со информациите.Според извештајот, трошоците се однесуваат на употребената муниција и воена опрема во рамки на операцијата што САД ја започнаа на 28 февруари заедно со сојузникот Израел.Членови на Конгресот, кои наскоро би можеле да одлуч

Свет | пред 6 месеци

media-libraryrnsh8ei7ls9cbmfUEI8

Истрели кон зградата на американскиот конзулат во Канада

Истрели биле испукани кон зградата на американскиот конзулат во Торонто во раните утрински часови, при што на објектот се пронајдени траги од пукање и дупки од куршуми, но нема повредени лица.Полицијата на Торонто соопшти дека реагирала на пријава за пукање околу 5:30 часот наутро. По пристигнувањето на местото на настанот, полициските службеници констатирале докази за употреба на огнено оружје.Телевизиските снимки од местото на настанот покажуваат две дупки од куршуми на стаклената влезна врата

Свет | пред 6 месеци

media-library0av8mg16bvh6dVzxC7V

Не е утврдено криење на гориво на бензинските станици, туку недостинг, констатирале пазарните инспектори

Пазарниот инспекторат не утврдил криење на залихи на гориво при контролите спроведени во изминатите неколку дена на бензинските станици низ државата.Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Влатко Стојкоски, информира дека во последните три до четири дена се реализирани повеќе од 300 инспекциски надзори, при што кај дел од бензинските станици контролите сè уште продолжуваат.„Не е констатирано дека имало криење на залихите на гориво. Меѓутоа, утврдено е дека околу триесетина бензински станици

Македонија | пред 6 месеци

w_55031023

Иран ја обвини Европската Унија за „лицемерие и двојни стандарди“

Иран ја обвини Европската Унија за „најголемо лицемерие и двојни стандарди“, откако шефицата на европската дипломатија Каја Калас ги осуди нападите на Хезболах врз Израел.Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, во објава на социјалната мрежа Икс наведе дека ЕУ покажала рамнодушност додека, како што тврди, Израел изведувал напади во Газа, Либан и други држави во регионот.„Европската Унија покажа рамнодушност додека Израел спроведуваше геноцид во Газа и изведуваш

Свет | пред 6 месеци

media-library16e4h04u329racF6PUy

(Видео) Тврдења од Косово: во разговори поврзани со луѓе блиски до Курти се споменува атентат врз американскиот дипломат Гренел

Косовскиот новинар Милаим Зека изнесе сериозни тврдења дека во наводно прислушувани телефонски разговори биле споменувани планови за можен атентат врз американскиот дипломат Ричард Гренел.Во видео-објава на социјалната мрежа Икс, Зека предупреди дека, според неговите информации, во тие разговори лица кои тој ги поврзува со премиерот на Косово, Албин Курти, зборувале за можноста за организирање напад врз Гренел.Според неговите наводи, содржината на разговорите укажува дека биле споменувани планов

Свет | пред 6 месеци

media-libraryt6mnit5le3n88CBWSD4

Невидлива војна на Блискиот Исток: GPS се претвора во ново оружје

Во сенка на ракетите и бомбите, на Блискиот Исток се води уште една, невидлива битка – електронска војна во која системите за сателитска навигација се претвораат во средство за напад.Во водите во близина на Иран, стотици бродови одеднаш почнале да се појавуваат на целосно погрешни позиции, при што нивните навигациски системи ги прикажувале на копно или групирани во необични и совршено кружни формации. Аналитичарите сметаат дека станува збор за масовно нарушување на GPS сигналите.Мишел Визе Бокма

Свет | пред 6 месеци

media-library06n17o41rd039MbAVnX

Пад на цените на нафтата и гасот, но тие и натаму се над нивото пред војната

Цените на нафтата и природниот гас денеска бележат значителен пад на светските пазари, но и покрај тоа остануваат значително повисоки во споредба со нивото пред почетокот на воениот конфликт на Блискиот Исток.Падот на цените следува по изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кој во понеделникот изјави дека војната со Иран е „речиси завршена“, што кај инвеститорите создаде надеж дека конфликтот нема да прерасне во долготрајна криза.Цената на нафтата од типот „брент“ во моментов се дви

Свет | пред 6 месеци

media-libraryl42sn4hv0m480pNUZbd

Претседателот на Иран: Кој мисли дека може да го уништи Иран живее во илузија

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан порача дека противниците кои веруваат дека можат да ја уништат иранската држава живеат во илузија.Во објава на социјалната мрежа Икс, Пезешкијан истакна дека низ историјата ниту една сила не успеала да го избрише Иран.„Низ историјата ниту една сила не успеала да го избрише тоа големо име“, напиша иранскиот претседател.Тој додаде дека оние кои веруваат дека Иран може да биде уништен не ја познаваат историјата.„Секој што живее во илузија дека може да го уништ

Свет | пред 6 месеци

media-librarypm5jg8dn1q66fF8Z2Kj

Нова закана од Техеран: Ормускиот теснец ќе биде или пат на мир или на пораз

Претседателот на иранскиот Национален совет за безбедност Али Лариџани упати ново предупредување поврзано со Ормускиот теснец, откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани со жесток одговор доколку Иран го блокира овој клучен поморски премин.Во објава на социјалната мрежа Икс, Лариџани порача дека иднината на Ормускиот теснец ќе зависи од однесувањето на земјите кои, според него, поттикнуваат војна.„Ормускиот теснец ќе биде или теснец на мир и просперитет за сите, или теснец на пораз

Свет | пред 6 месеци

gasovod

Енергетската криза продолжува: природниот гас и натаму значително поскап

Цените на природниот гас и натаму остануваат значително зголемени откако започна воениот конфликт на Блискиот Исток, и покрај тоа што по врвот достигнат во понеделникот се забележува благ пад.На британскиот пазар цената на гасот се намали од највисокото ниво достигнато на почетокот на неделата, но и натаму се движи малку над 120 пенси по термална единица.Пред почетокот на конфликтот, цените на природниот гас на истиот пазар се движеа во опсег од 70 до 90 пенси по термална единица.Аналитичарите о

Свет | пред 6 месеци

media-librarytl776dvtqhiq1K4tM1H

Претседателот на иранскиот парламент: „Око за око“ ќе биде правилото во војната

Претседателот на иранскиот парламент Мохамед Багер Галибаф предупреди дека Техеран ќе одговори на секој напад со „соодветен и непосреден одговор“, нагласувајќи дека Иран ќе го следи принципот „око за око“ во тековниот конфликт.Во објава на социјалната мрежа Икс, Галибаф порача дека ниту еден акт на агресија нема да остане без одговор.„Ниту еден акт на агресија нема да остане без одговор. Денес го прогласуваме правилото ‘око за око’ – без двоумење и без исклучоци“, напиша тој.Тој додаде дека доко

Свет | пред 6 месеци

media-library3u6620i3vspoauMEofG

Ирански функционер му се закани на Трамп: „Внимавајте да не бидете елиминиран“

Високиот ирански безбедносен функционер Али Лариџани упати остра порака до американскиот претседател Доналд Трамп, реагирајќи на неговите закани поврзани со можноста за блокирање на Ормускиот теснец.Во серија објави на социјалната мрежа Икс, Лариџани изјави дека Иран не се плаши од, како што ги нарече, „безвредните закани“ на американскиот претседател.„И оние што беа помоќни од вас не успеаја да го елиминираат иранскиот народ“, напиша тој.Во пораката упати и директно предупредување до Трамп.„Бид

Свет | пред 6 месеци

media-libraryjngat4htm0qgb8aVxjx

Американските берзи речиси непроменети додека трае кризата на Блискиот Исток

Американскиот берзански пазар утрово бележи минимални промени, додека инвеститорите внимателно ја следат ситуацијата околу Иран и пошироката ескалација на конфликтот на Блискиот Исток.Во раното тргување индексите Дау Џонс и Ес-Ен-Пи 500 паднаа за околу 0,3 проценти, додека технолошкиот индекс Насдак остана речиси непроменет.Неизвесноста на пазарите доаѓа во момент кога конфликтот меѓу Соединетите Американски Држави и Израел од една страна и Иран од друга предизвика силни осцилации на цените на е

Свет | пред 6 месеци

media-librarygm7jb0egts6j1eq1obZ

Пентагон најави „најинтензивен ден“ на напади врз Иран

Соединетите Американски Држави најавија значително засилување на воените напади врз Иран, додека конфликтот продолжува да се шири низ Блискиот Исток.Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави дека денешниот ден ќе биде „најинтензивниот“ од почетокот на операцијата, со најголем број борбени авиони, бомбардери и напади врз цели во Иран.Во меѓувреме, висок ирански безбедносен функционер испрати остра порака до американскиот претседател Доналд Трамп, предупредувајќи го да биде внимателен „з

Свет | пред 6 месеци

media-library51bbtg2c7kaa8ggtITP

Војната со Иран ѝ носи милиони на Русија од извоз на нафта и гас

Актуелната воена криза на Блискиот Исток ѝ овозможува на Русија да остварува значително поголеми приходи од извоз на нафта и гас, оценуваат енергетски аналитичари.Според нив, нарушувањето на глобалното снабдување со нафта и растот на цените на енергенсите, како и делумното олеснување на санкциите за руската нафта, создаваат поволни услови за руската економија.Анализата на тинк-тенкот Центар за истражување на енергија и чист воздух покажува дека една недела по почетокот на американско-израелските

Свет | пред 6 месеци

market-pari

Нема „офанзивни“ мерки за цените на маркетите, Мицкоски најави дека ќе разговара за да не ги покачуваат производите

Владата засега не донесе нови мерки за спречување евентуални поскапувања на производите во маркетите, иако цените на горивата значително се зголемија по ескалацијата на конфликтот меѓу Соединетите Американски Држави и Израел од една страна и Иран од друга.Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека ќе разговара со трговците и ги повика да не ја користат актуелната состојба за дополнително зголемување на цените и за префрлање на притисокот врз потрошувачката кошница на граѓаните.„Сакам и со нив да п

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања