Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

57198750_1221860291320745_1441311623477198848_o

Дел од Скопје утре без струја: ЕВН најави прекини во повеќе општини

Од ЕВН Македонија АД информираат дека утре, 25.04.2026 година (сабота), поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат делови од Скопје и околината.Во периодот од 08:00 до 16:00 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од село Морани и викенд населбата Морани, во општина Студеничани.Од 08:30 до 17:30 часот прекин ќе имаат корисниците од објектите во кругот на фабриката „Карпош“ во населбата Александрија, како и објектот на „Центроунион“ во општина

Македонија | пред 6 месеци

media-librarykr8hik32amhla2RiMGa

Сончево време со северен ветер, температури до 25 степени

Сончево со мала до умерена локална облачност се очекува во текот на денот, со слаб до умерен ветер претежно од северен правец, соопштуваат од УХМР.Минималните температури ќе се движат во интервал од 0 до 7 степени, додека максималните дневни вредности ќе достигнат од 17 до 25 степени.Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец, а температурата ќе се движи од минимални 5 до максимални 23 степени.

Македонија | пред 6 месеци

media-library6rbqp6vc9ncddm8MVrW

Шпанскиот премиер Санчез: Не работиме со мејлови, туку со официјални ставови на САД

Шпанскиот премиер Педро Санчез реагираше на извештаите дека САД разгледуваат можни мерки против сојузници во НАТО кои не го поддржале американско-израелскиот конфликт со Техеран.Според Ројтерс, во интерен допис од Пентагон се споменува можност САД да ја суспендираат Шпанија од воениот сојуз, иако таков потег не е предвиден со договорот врз кој се темели НАТО.Санчез не сакаше директно да го коментира дописот, туку пред новинарите на самитот на Европската Унија на Кипар изјави: „Ние не работиме со

Свет | пред 6 месеци

media-librarykk2alm1bqpiv76MytDs

Што се случува со цените на летовите?

Кризата на енергетските пазари и континуираните геополитички тензии поврзани со војната и блокадата на Ормускиот теснец предизвикуваат сериозни потреси во воздушниот сообраќај, при што цената на авионското гориво е двојно зголемена од почетокот на конфликтот.Авиокомпаниите се соочуваат со значително зголемени трошоци, што веќе се одразува врз цените на билетите. Германската „Луфтханза“ најави укинување на 20.000 летови на кратки релации ова лето, со цел да ги намали трошоците за гориво и да зашт

Свет | пред 6 месеци

zicnica-696x463

Жичницата на Водно нема да работи за викендот поради технички проверки

Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје ги информира граѓаните дека жичницата на Водно нема да биде во функција во сабота и недела, на 25 и 26 април 2026 година.Како што соопштуваат од претпријатието, прекинот во работата се должи на дополнителни технички проверки што ќе ги спроведуваат стручни тимови од австриската фирма „Допелмаер“.Од ЈСП Скопје им се заблагодаруваат на корисниците за разбирањето и апелираат да го почитуваат известувањето.

Скопје | пред 6 месеци

media-librarytig8648tu8ik8WTwdxj

Белата куќа: Се гледа напредок од иранска страна, Техеран сака директни разговори

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, изјави дека Соединетите Американски Држави во изминатите неколку дена „секако виделе напредок“ од иранска страна.Таа додаде дека Иранците „сакаат да разговараат“ директно, на состаноци во живо.Левит исто така оцени дека примирјето меѓу Израел и Либан претставува уште една „победа за светот“, изразувајќи надеж дека ќе дојде ден кога САД ќе можат да бидат домаќини на лидерите на двете земји.

Свет | пред 6 месеци

media-librarypqaj0va64nps2pqErcr

(Видео) Пешак удрен во Центар, со Брза помош однесен во болница

Пешак е удрен на улицата Максим Горки во близина на Мериот. Според првичните неофицјални информации, станува збор за тинејџер. Минувачи сведочат дека веднаш била повикана Брза помош а лицето пренесено во болница.Во близина на местото, според снимките кои ги испратија, има пешачки премин, но непознато е дали таму лицето поминувало. Возачот бил вознемирен по случувањето. Повеќе детали се очекуваат од МВР.

Скопје | пред 6 месеци

belata-kuka

Бела куќа: Иран побара директни преговори

Се појавуваат нови информации дека американскиот претседател Доналд Трамп испраќа американски изасланици во Пакистан за нов круг разговори со Иран. Белата куќа за „Фокс њуз“ потврди дека Иран побарал нови директни состаноци.Потпретседателот Џеј Ди Венс ќе остане во САД во состојба на готовност за евентуално вклучување во преговорите, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, пренесува „Фокс“.Според американски претставници за Ројтерс, специјалниот изасланик Стив Виткоф и зетот на Трамп

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2025-05-08-at-19.47.27

Папата Лав XIV: САД и Иран да се вратат на преговори

Папата Лав XIV ги повика Соединетите Американски Држави и Иран да се вратат на преговарачка маса со цел да се заврши конфликтот. Тој порача дека прашањето не е дали треба да се промени иранскиот режим, туку „како да се промовираат вредностите во кои веруваме без смрт на толку многу невини луѓе“.„Како пастир не можам да бидам за војна“, изјави тој за новинарите во авионот, додавајќи дека сите треба да се стремат кон решенија што произлегуваат од култура на мир, а не од омраза и поделби.На прашање

Свет | пред 6 месеци

media-library06n17o41rd039MbAVnX

Цените на нафтата се близу 105 долари

Цените на нафтата денеска на меѓународните пазари се задржаа близу 105 долари, балансирајќи меѓу најавите за нов круг преговори меѓу Иран и САД и проценките за продолжена нестабилност во транзитот низ Ормускиот теснец.На лондонскиот пазар барел нафта попладне се тргуваше по цена од 104,90 долари, речиси непроменета во однос на вчерашното затворање. На американскиот пазар цената изнесуваше 94,07 долари, што е пад од 1,78 долари.Неделата ја одбележаа тензии поврзани со блокадите околу Ормускиот те

Свет | пред 6 месеци

media-libraryp8433rjj897ocPapdMc

САД најавува забрзување на примената на федералните смртни казни

Министерството за правда на Соединетите Американски Држави соопшти дека има намера да ја забрза примената на федералните смртни казни, вклучително и проширување на методите на извршување на казната со воведување на стрелачки водови. Оваа одлука претставува промена во политиката спроведувана за време на администрацијата на Џо Бајден, која постепено се оддалечуваше од примената на смртната казна на федерално ниво, пренесува Си-Ен-Ен.Во новите насоки на Министерството се наведува повторно воведувањ

Свет | пред 6 месеци

media-library00sd82lkbojifGtBCCO

Милошоски: СДС во недостаток на идеи шират манипулации по однос на македонското државјанство - во иднина македонскиот пратеник ќе мора да има само македонско државјанство

„И во 2021 година и денес, СДС не престана со злоупотреба на шпекулации, во прашална форма, никогаш како конкретно тврдење, кој има, кој нема, ваков или таков пасош, во недостаток на други идеи, проекти или можеби внатрепартиски слабости. И во 2021 година преку нивниот тогашен сојузник, Каракачанов и сега преку нивната веб страна, злоупотребуваат, клеветат и шират манипулации по однос на двојно државјанство на одредени колеги пратеници. Сметавме дека ова е еден начин како да го повториме нашиот

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryb4pgv2eeu4u32CwrZBr

Нетанјаху тврди дека Израел има „целосна слобода на дејствување“ во Либан и покрај примирјето

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави видео на платформата Икс во кое за првпат ја коментира најавата на американскиот претседател за продолжување на примирјето во Либан за дополнителни три недели.„Одржуваме целосна слобода на дејствување против секоја закана, вклучително и нови закани“, пренесува „Тајмс оф Израел“ негови зборови. „Нападнавме вчера и напаѓаме денес. Одлучни сме да ја вратиме безбедноста на жителите на северот“, изјави Нетанјаху.Тој го обвини Хезболах дека „се обидува да

Свет | пред 6 месеци

liban-1

Едно лице е повредено во израелски артилериски напад во јужен Либан

Едно лице е повредено во израелски артилериски напад врз местото Јатер, во јужниот дел на Либан, јавува државната Национална новинска агенција.Одделно, регистрирани се и израелски воздушни напади врз местото Тајбе, како и врз периферните подрачја на Бинт Џбеил.

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2024-10-26-at-11.07.13

Почина 11-годишно девојче повредено во ирански напад врз израелски град

Почина 11-годишно девојче кое беше повредено кога иранска касетна бомба го погоди израелскиот град за време на претходниот период од конфликтот, соопшти „Тајмс оф Израел“.Израелскиот град Бнеи Брак објави дека девојчето се вика Несја Каради.Таа била тешко повредена во нападот на 31 март, а градските власти денеска соопштија дека починала од здобиените повреди.

Свет | пред 6 месеци

media-library2fd3j4u2uthqdrn410M

ЕУ и САД потпишаа договор за критични минерали и зајакнување на синџирите на снабдување

Европската Унија и Соединетите Американски Држави денеска во Вашингтон потпишаа меморандум за разбирање и договорија акциски план за критични минерали.Меморандумот за разбирање го потпишаа европскиот комесар за трговија Марош Шефчович и американскиот државен секретар Марко Рубио. Дополнително, Шефчович и американскиот трговски претставник Џејмисон Грир се договорија за акциски план за зајакнување на отпорноста на синџирите на снабдување со критични минерали, кој отвора можност за мултилатерална

Свет | пред 6 месеци

mvWk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTVRRN01EQV8vMGI3YWEzNTlkMTY3NzgxZDEyODgwOTcxOGZiZjQwNDUuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB

Израелската војска тврди дека убила шест припадници на Хезболах

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека во напад во Бинт Џбеил, во јужниот дел на Либан, се убиени шест припадници на Хезболах.Во соопштението се наведува дека по идентификација на борци на Хезболах, дошло до размена на оган меѓу милитантите и израелските војници, при што биле „елиминирани“ двајца припадници на групата.„Потоа војниците го погодија објектот од кој дејствуваа терористите. Во нападот беа елиминирани преостанатите четворица терористи. Нема повредени припадници на ИДФ“, се д

Свет | пред 6 месеци

netanjahu

Нетанјаху: Хезболах се обидува да го саботира мирот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во видео обраќање за конфликтот на Блискиот Исток изјави дека е во тек процес за постигнување „историски мир меѓу Израел и Либан“, но додаде дека, според него, Хезболах се обидува да го саботира.Тој потсети дека Израелските одбранбени сили и Хезболах меѓусебно се обвинуваат за прекршување на примирјето.Нетанјаху нагласи дека Израел задржува „целосна слобода на дејствување“ против секоја закана и потврди дека израелските сили извршиле напади и вчера и денес.

Свет | пред 6 месеци

media-librarysgu4f97136un8Wd4a7X

СДСМ: Бараме истрага за несреќата во Кисела Вода, каква е улогата на Орце Ѓорѓиевски?

СДСМ денеска соопшти дека се случила уште една трагедија која, како што наведуваат, не смее да биде релативизирана, при што има загубени човечки животи, а дел од работниците се борат за живот. Од партијата оценуваат дека настанот укажува на сериозни пропусти во функционирањето на системот.Во нивната реакција, СДСМ наведува дека инвеститорот и фирмата која ја градела зградата се поврзуваат со политички структури на ВМРО-ОКГ и Христијан Мицкоски, како и со лица блиски до Орце Ѓорѓиевски, кој прет

Свет | пред 6 месеци

media-librarykr3f52o36lq96rWmbmP

Пригодни настани во чест на Христо Узунов

Со низа пригодни настани, денеска во Охрид беше одбележана 121 година од смртта на македонскиот револуционер Христо Узунов.Делегација на Општина Охрид, предводена од Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски положи свежо цвеќе пред спомен-бистата на Христо Узунов во градскиот парк. Свежо цвеќе беше положено и на неговиот гроб кај селото Цер, на местото на неговата херојска погибија.Во спомен куќата на Христо Узунов се одржа културен настан, на кој во името на Општина Охрид се о

ОО | пред 6 месеци

media-libraryaso9h1af555u1wFRb0z

Мерц: ЕУ е подготвена постепено да ги ублажи санкциите кон Иран доколку се постигне сеопфатен договор

Лидерите на Европската Унија одржуваат самит на Кипар со претставници од Египет, Сирија и Либан, при што во фокусот се регионалните безбедносни и енергетски прашања.Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави пред своите колеги дека Европската Унија е подготвена постепено да ги ублажи санкциите кон Иран доколку се постигне сеопфатен договор. Како што пренесува Ројтерс, Мерц истакна дека тоа би претставувало придонес на ЕУ кон напредокот на преговорите и, како што рече, кон постигнување трајно прими

Свет | пред 6 месеци

media-librarylacsaq24tqi36JiUMlR

Иран ја осудува заплената на трговски брод: „Туска“ носел медицински материјали

Иранската мисија при Обединетите нации објави соопштение во кое ја осудува, како што наведува, „незаконската заплена“ на иранскиот трговски брод „Туска“ на 19 април, за време на американската поморска блокада околу Ормускиот теснец.Во објава на платформата Икс се наведува дека бродот превезувал „клучни потреби за дијализа и медицинска опрема“ и дека заплената претставува „грубо кршење на меѓународното право“.„Овој присилен и незаконски чин ги загрозува животите, ја поткопува слободата на пловидб

Свет | пред 6 месеци

EU-1

Либан бара поддршка од Европската Унија

Либанскиот претседател Жозеф Аун ги засили дипломатските активности во Европа, барајќи поддршка за стабилизација на земјата и зацврстување на кревкото примирје.Аун одржал повеќе средби на Кипар, на маргините на неформалниот состанок меѓу Европската Унија и лидерите од Блискиот Исток и Северна Африка, организиран од кипарскиот премиер Никос Христодулидис.Во разговорот со францускиот претседател Емануел Макрон, Аун ги претставил напорите за ублажување на кризата во Либан и намалување на страдањата

Свет | пред 6 месеци

gaza44

Нов израелски напад во Газа: Најмалку тројца загинати

Пристигнуваат нови информации за нов израелски напад во Појасот Газа, извршен на ден што има големо верско и општествено значење за муслиманите, кога луѓето традиционално се собираат на молитва во џамии и на јавни простори.Бројот на загинатите се искачи на најмалку три лица, соопштија палестински здравствени претставници, пренесува Ројтерс.Според лекари и очевидци, нападот погодил густо населено подрачје во градот Газа, во близина на место каде што била распоредена полиција за обезбедување банка

Свет | пред 6 месеци

media-libraryoop8gvjbr0hf7v7qDXK

Американската Централна команда: Продолжува блокадата кон иранските пристаништа, пренасочени 34 бродови

Американската Централна команда (CENTCOM) соопшти дека продолжува блокадата на бродови кои влегуваат или излегуваат од иранските пристаништа, додавајќи дека американската војска пренасочила 34 бродови откако на 13 април започнала патроли во областа околу Ормускиот теснец.Според соопштението, операцијата е насочена кон контрола на поморскиот сообраќај во еден од најважните светски енергетски коридори, низ кој минува значителен дел од глобалниот извоз на нафта.Претходно, американскиот министер за

Свет | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања