Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

VLEN-press

ВРЕДИ: Носиме промени и ќе продолжиме да бидеме гласот на граѓаните

Партијата ВРЕДИ се пофали со сработеното за 11 месеци. Наброја зголемени плати, пензии и капитација, инвестиции и вработувања.„За само 11 месеци ВЛЕН ја преработува економската мапа на земјата преку смели реформи и големи капитални инвестиции. Едно од најголемите достигнувања е историскиот договор со Велика Британија, вреден 6 милијарди евра, кој отвора нови хоризонти за економски развој, вработување и благосостојба за сите граѓани. Започнавме со ONE STOP SHOP во Блаце, модерна точка за олеснување на прекуграничната трговија и циркулација, а продолжуваме со нови точки во Јажинце, Табановце и Ќафасан.300 милиони евра за општините, каде се градат училишта, градинки, спортски сали, библиотеки, патишта, водовод, канализација и јавни базени.35 милиони евра за изградба на новиот универзитетски кампус „Мајка Тереза“, инвестиција во образованието и иднината на нашите млади.20 милиони евра за подземниот паркинг на плоштадот „Скендербег“, со кој ќе се модернизира урбаната инфраструктура во срцето на Скопје.250 милиони евра за поддршка на локалните компании, како поттик за економски развој и вработување.Од 10.000 евра за секој млад земјоделец, како почетна помош за отворање земјоделска дејност, конкретна инвестиција во руралниот сектор.Зголемување на платите: Наставници: +12%. Здравствени работници: +15%. Полиција: +10%. Пензии: +5.000 денари за 340.000 пензионери во рок од 9 месеци.Зголемување на капитацијата: +33% за матичните лекари и гинеколози. +22% за стоматолози.720 милиони евра странски директни инвестиции и 2.790 нови работни места, одржлив економски развој и можности за младите луѓе.Ова се само дел од нашите достигнувања за само 11 месеци владеење. Промената е реална и мерлива. Резултатите зборуваат сами за себе. ВЛЕН дејствува, се осмелува и носи промени. Ќе продолжиме да бидеме гласот на граѓаните, со конкретни дела и јасна визија за подобра иднина“, соопшти ВРЕДИ.

Македонија | пред 11 месец

pukanje-ubistvo

Пукање во Тетово: Испукани 30 куршуми од автоматска пушка врз куќа полна со луѓе – напаѓачите избегале со скутер

Вечерва околу 21:15 часот на улица 111 во Тетово, непознати лица вооружени со автоматска пушка испукале рафали кон семејна куќа сопственост на М.Т. Напаѓачите, кои пристигнале на скутер, веднаш побегнале од местото.Во моментот на нападот, во куќата се наоѓале сопственикот и членовите на неговото семејство, но за среќа никој не е повреден. На терен се пронајдени околу 30 чаури, а на објектот се забележани значителни оштетувања. Случајот е пријавен во СВР Тетово, известен е јавен обвинител и во тек се мерки за пронаоѓање на сторителите.„Во моментот на пукањето во куќата биле сопственикот со неговото семејство и на куќата биле забележани оштетувања. Известен е јавен обвинител и се прземаат мерки и активности за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот, додека увид на лице место врши екипа при СВР Тетово“, велат од МВР за „Скопје1“.

Македонија | пред 11 месец

nesrekja-soobrakajka-kisela-voda

(Фото) Малолетник со нерегистриран мотор удри пешак во Кисела Вода и побегна

Возач, кој бил малолетник, прегазил пешак и избегал во Кисела Вода. На местото имаше полициски екипи и Брза помош. Возачот е најден.„Денеска околу 19.15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје мотоцикл „Беверли“ без регистарски таблици удрил во пешак. По несреќата пешакот со Итна медицинска помош е пренесен во КЦ-„М.Тереза“, а мотоциклистот го напуштил местото на настанот. По преземени мерки од полициски службеници, пронајден е мотоциклистот и утврдено е дека е малолетник и го управувал мотоциклот без возачка дозвола“, велат од МВР.Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 11 месец

mediumi-obvinitelstvo

ССНМ со јасна порака: Време е за ослободување на придонесите

Даночно ослободување на придонесите за новинарите и медиумските работници, усогласување на договорите со законската рамка и јасно разграничување меѓу вистински синдикати и таканаречени „жолти“ синдикати, се главните барања на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ).Овие пораки беа истакнати на завршната конференција од проектот „Работнички права за независно новинарство“, кој ССНМ го спроведе заедно со РЕСИС и со поддршка од Европската Унија.Според податоците, околу половина од новинарите и дури 70 отсто од медиумските работници имаат примања пониски од просечната месечна плата во земјата, која за периодот мај-октомври 2023 година изнесувала 37.065 денари. Притоа, 2.100 лица извршуваат над 3.100 работни позиции – статистика што зборува за хронична преработеност и недоволна застапеност.„Најверојатно сме единствена професија каде 2.400 луѓе покриваат над 3.000 позиции. Се обидовме, но не успеавме да ја истуркаме иницијативата за даночно ослободување на придонесите – особено значајна за опстанокот на локалните медиуми“, изјави претседателот на ССНМ, Павле Беловски.Тој истакна дека без социо-економска сигурност, не може да се зборува за слободни медиуми и новинари со интегритет.„Ако не се исполнети основните работнички и економски услови, не може да има ни квалитетна содржина, ни заштита на јавниот интерес – а тоа е сржта на новинарството“, нагласи Беловски.Тој апелираше за поголема поддршка на локалните медиуми и дописници, кои се соочуваат со многу посериозни предизвици од колегите во Скопје. Според него, токму во време на дигитална инфлација на информации, професионалното новинарство е поважно од кога било.Неда Чаловска, експертка за човекови права, посочи на правниот хаос со договорите за работа.„Голем дел од новинарите немаат договори усогласени со законите. Особено во приватните медиуми, тие се без соодветна заштита – а без права нема професионализам“, рече таа.Поранешната претседателка на ССНМ, Тамара Чаусидис, ја презентираше Повелбата за професионални и работнички права, документ кој треба да биде водилка во унапредување на статусот на новинарите.ССНМ во изминатите две и пол години го зголемил членството за над 70 проценти и ќе продолжи да работи на зацврстување на своите редови, препознатливост и борба за достоинствени услови во медиумите.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2024-04-06-at-09.26.20

Трагедијата ги смени фотелјите: Стојанче Ангелов ја презема ДЗС по пожарот во Кочани со 62 жртви

Стојанче Ангелов, досегашен директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК), е именуван за нов директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Одлуката ја донесе Владата, откако досегашниот директор Џеват Селами од коалицијата „Вреди“ беше суспендиран поради мерката домашен притвор. Тој е осомничен во истрагата за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој се случи на 16 март и однесе 62 човечки животи.Назначувањето на Ангелов доаѓа во чувствителен момент, кога институциите за справување со кризи и заштита се под зголемено јавно внимание и притисок да покажат капацитет, одговорност и транспарентност.Ангелов е долгогодишен функционер во безбедносниот систем и поранешен командант на специјалните единици. Во јавноста е препознаен како лице со искуство во управување со ризици и кризни ситуации, што беше особено нагласено во неговото досегашно раководење со ЦУК.Останува да се види како овие кадровски промени ќе се одразат на ефикасноста и довербата во системот за заштита и спасување, особено по една од најголемите трагедии во поновата историја на земјава.

Македонија | пред 11 месец

500149416_1257246975776933_3755764212407591834_n

Македонска порака до Ватикан преку претседателката: Време е за реформи во ОН

„Имав чест и привилегија во Ватикан да остварам четириесетминутен срдечен разговор со Неговата Светост, Папата Лав XIV“, објави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.Таа додава:„Споделивме мислења за неопходноста од реформи во Обединетите Нации, потребата сите да бидат вклучени во решавањето на глобалните предизвици, како и за други актуелни прашања со коишто се соочува светот.Разговор со човек со ум на математичар, срце на филозоф и душа на духовен водач е искуство што се памети засекогаш. Во него се огледа мудроста на вековите, посветеноста на најранливите и несебичната заложба за мир, правда и реформи во светот.Со Папата разменивме подароци полни со длабока симболика и порака. Стилизираниот симбол на Јустиција, што ми го подари, е симбол на правдата и говори за вербата дека жените можат да направат многу во светот.Оваа средба ќе остане врежана во моите мисли како потсетник на вредностите што треба да нè водат: мир, правда и хуманост!“.

Македонија | пред 11 месец

policija-4141

Кој е уапсениот во Грција: 27 години бегалец, 15 години казна

Ацо Боцевски, во подземјето познат како „Циганот“ e Македонецот кој е уапсен по речиси три децении бегство. Него денеска го лоцирала и лишила од слобода грчката полиција во градот Катерини, потврди македонското Министерство за внатрешни работи.Боцевски беше во бегство од 1998 година, кога наместо да отслужи 15 години затвор за ладнокрвното убиство на Сеат Ибраими, исчезна под сомнителни околности додека беше во домашен притвор. За него беше распишана една од најстарите и најозлогласени меѓународни потерници.Крвавиот настан што го внесе Боцевски во криминалната историја се случи во ноември 1997 година, среде бел ден, во центарот на Скопје. По кратка автомобилска потера, Боцевски излегол од „корветата“, го стигнал Ибраими, кој со „мерцедесот“ излетал од патот и испразнил цел шаржер врз него. Убиство со потпис – ладнокрвно, брутално и пред очите на градот.Со денешното апсење, правдата конечно му се доближува. Од МВР најавуваат дека ќе следи процедура за негова екстрадиција во Македонија, каде го чека неиздржаната затворска казна.

Македонија | пред 11 месец

prostitucija

Скопје станал бордел за елитна проституција – обвинение за меѓународна мрежа и перење пари што се переле преку криптовалути

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинителен акт против четири лица – двајца странски државјани (од Бразил и Сирија) и двајца македонски државјани – поради сомнение за посредување во вршење проституција и перење пари.Според обвинението, во периодот од декември 2023 до ноември 2024 година, првообвинетата, бразилска државјанка со престој во РСМ, заедно со второобвинетиот – македонски државјанин роден во Сирија – организирале мрежа за сексуална експлоатација на жени од Бразил, кои биле сместени во изнајмени станови во „Џевахир Холдинг“ во Скопје. Преку веб-страницата eurogirlsescort.com нуделе сексуални услуги по однапред утврдени цени, а профилите ги водела првообвинетата, која организирала и логистика за клиентите.„Секоја жртва имала креиран еден или повеќе профили на веб сајтот: www.eurogirlsescort.com, каде биле постирани телефонски броеви и листа на цени на сексуални услуги што се движеле од 150 евра за половина час, 200 евра еден час, 300 евра два часа, 450 евра три часа и 800 евра за цела ноќ, како и фотографии со експлицитна содржина“, велат од ОЈО-ГОКК.Обвинетите го делеле профитот, а парите ги трансферирале преку Вестерн Унион до лица во Бразил и Португалија, како и преку криптовалути, со цел да се прикрие нивното потекло.Третообвинетиот и четвртообвинетиот се теретат за помагање во перење пари. Четвртиот обвинет, покрај што користел сексуални услуги, ѝ овозможил на една од жртвите да трансферира средства преку криптовалути и да ги претвори во готовина.Обвинителството побара продолжување на притворот за тројца од обвинетите, поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и повторување на делото.

Македонија | пред 11 месец

arsovska-1

Добро е што градоначалничката по четири години се разбудила од зимски сон, вели Тошковски за Арсовска

Откако градоначалничката Данела Арсовска објави дека поднеле кривични пријави против УСЈЕ и други големи загадувачи, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски рече дека е добро што се разбудила од зимски сон.„Може доставила, може не, добро е што градоначалничката по четири години се разбудила од зимски сон“, рече Панче Тошковски, одговарајќи на прашање дали ги примиле кривичните пријави.Арсовска претходно објави дека спречила незаконски постапувања и криминал, со аргументи и докази. Според неа, институциите не постапувале.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2024-12-04-at-13.00.44

Тошковски тврди дека нема скандал со униформите, негира врски на фирмата со неговата сопруга

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, го повтори ставот дека тендерската постапка за набавка на униформи за полицијата, е согласно законот. Тој демантираше дека сопственичката на модното студио, за кое опозициската СДСМ обвини дека е основано непосредно пред распишување на тендерот и е со двајца вработени, е пријателка на неговата сопруга.„Ниту знам кој е сопственик на модното студио кое и да е, ниту пак било кој и да е сопственик е близок на мојата сопруга. Од ова прашање, ќе сфати јавноста дека ова е хајка“, вели Тошковски.Тој посочи дека досега не се сеќава дека во Македонија има политичар кој е проверуван како работи уште пред да ја добие функцијата.„Во текот на вчерашниот ден, даден е одговор на сите обвинувања. Сметам дека МВР тоа што требало да го преземе, го презело. Одредени услови кои се побарани - согласно информациите кои ги имам, а се поврзани со квалитетот на униформите - се исполнети. Досега не е нарачана ниту една униформа. Да оставиме да видиме како ќе се одвива овој процес“, рече Тошковски.На крајот, тој ги повика институциите да го испитаат тендерот.„Ги повикувам одделите при МВР и Обвинителството да ги истражат сите тендери кај што има сомнежи. Јас преземам сѐ што треба да преземам, се грижам за имплементирање на проектите“, рече Тошковски.

Македонија | пред 11 месец

Pretsedatel-filipce-komisijam2

Филипче да не си го крева рејтингот преку прилики за лидерска, нека признае одговорност за Онкологија, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Венко Филипче преку прилики за лидерски средби да не си го крева рејтингот. Лидерска средба имаше пред еден месец и во овие моменти не гледаме потреба за тоа“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Ако Венко сака средби тие може да ги оствари со неговите коалициони партнери Ахмети, Таравари или Димче Апасиев. Тоа се исти луѓе со исти вредности.Венко Филипче ем нема контрола во партијата и само му слугува на другарот Зоран Заев, ем сака да се факторизира со седнување на маса.Филипче очигледно дека не знае дека треба да си го среди прво дворот, да се етаблира како претседател на партија за потоа да има простор на маса да разговара за стратешки теми.Филипче очигледно избра само да го следи делото на Заев, а на сите им е добро познато што правеше Заев, а што правеа заедно.Филипче и со изјавата дека не чувствува вина за Онкологија покажува дека него го води само голиот интерес за пари, без да има никаков однос кон сето она што го поминаа пациентите на Онкологија.Филипче е синоним за корупција и предавства, затоа најдобро е да покаже дека има грам човечност признавајќи барем вина за Онкологија.Венко Филипче ем нема контрола во партијата и само му слугува на другарот Зоран Заев, ем сака да се факторизира со седнување на маса.Филипче очигледно дека не знае дека треба да си го среди прво дворот, да се етаблира како претседател на партија за потоа да има простор на маса да разговара за стратешки теми.Филипче очигледно избра само да го следи делото на Заев, а на сите им е добро познато што правеше Заев, а што правеа заедно.Филипче и со изјавата дека не чувствува вина за Онкологија покажува дека него го води само голиот интерес за пари, без да има никаков однос кон сето она што го поминаа пациентите на Онкологија.Филипче е синоним за корупција и предавства, затоа најдобро е да покаже дека има грам човечност признавајќи барем вина за Онкологија.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-04-30-at-12.07.23

Џолев доби унапредување – од шеф на Кривичен, во судија на Апелација

Судскиот совет на денешната седница донесе одлука Иван Џолев, досегашен претседател на Основниот кривичен суд Скопје, да биде избран за судија во Апелациониот суд Скопје – кривичен оддел.Со овој избор, Џолев преминува во втората судска инстанца по долги години минати во Кривичниот суд, каде што ја изгради својата професионална кариера. Тој беше именуван за претседател на Кривичниот суд Скопје во 2017 година, во период кога се најавуваа реформи во правосудството, по смената на дотогашниот претседател Владимир Панчевски, кој подоцна беше и осуден за злоупотреба на системот за распределба на предмети (АКМИС).За време на својот мандат, Џолев ја водеше институцијата низ низа чувствителни и медиумски експонирани процеси, вклучувајќи предмети од СЈО, високи профилирани политички случаи и случаи поврзани со организиран криминал.Неговиот избор во Апелација се толкува како професионален напредок, но и како значајно кадровско поместување во контекст на тековните реформи во судството.

Македонија | пред 11 месец

pukanje-ubistvo

Уапсен Македонец во Грција, бегал од правдата речиси три децении по убиство во 1997 година

Македонски државјанин, осуден на 15 години затвор за убиство извршено во ноември 1997 година, е уапсен во грчкиот град Катерини, јавува грчката новинска агенција АНА-МПА. Против него била распишана европска потерница, а по убиството се претпоставува дека со години се криел во Бугарија и Турција.Станува збор за 60-годишен маж кој, според судските документи од Македонија, во 1997 година предизвикал сообраќајна несреќа, по што, кога жртвата излегла од возилото, ја нападнал со оружје и ја усмртил. Жртвата била 37-годишен македонски државјанин.За убиството, сторителот бил осуден во 1998 година, но избегал пред да започне издржувањето на казната. По неговото апсење во Катерини, тој ќе биде изведен пред обвинител во Солун, каде што ќе започне процедурата за негова екстрадиција назад во Македонија.Случајот повторно ја отвора темата за бегалците од правдата и меѓународната соработка во борбата против криминалот.

Македонија | пред 11 месец

0964BAC4-1A3C-40D7-9AAE-CF47671F6FE0_1_105_c

Трамп со жесток напад врз Путин – Кремљ не остана должен

Кремаљ рече дека тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп дека Владимир Путин „потполно полудел“ може да биде резултат на емоционално преоптоварување, но му се заблагодари на американскиот лидер за помошта во започнувањето мировни преговори за Украина.Трамп рече дека Путин „потполно полудел“ со започнувањето на најголемиот воздушен напад во војната врз Украина, додавајќи дека размислува за нови санкции врз Москва, иако го критикуваше и украинскиот претседател Володимир Зеленски.„Секако, почетокот на преговарачкиот процес, за кој американската страна вложи многу труд, е многу значајно достигнување и искрено сме благодарни на Американците, а особено на претседателот Трамп, за нивната помош во организирањето и започнувањето на овој процес. Ова е навистина важно достигнување. Во исто време, ова е многу чувствителен, клучен момент, кој е поврзан со емоционалниот товар на сите вклучени и емоционалните реакции. Внимателно ги следиме сите реакции. Сепак, претседателот Путин ги носи оние одлуки што се неопходни за безбедноста на нашата земја. Сите бевме сведоци како режимот во Киев им се закануваше на странските лидери пред нивното пристигнување во Москва за да го прослават Денот на победата. Сите ги слушнаа овие закани. И многу лидери кои беа тука беа сведоци на обидите на режимот во Киев да нападне руска територија со беспилотни летала - големи градови, па дури и главниот град - во пресрет на толку важен ден. Овие обиди продолжуваат. Принудени сме да преземеме мерки, а претседателот Путин прави што е потребно за да ја обезбеди безбедноста на Русија“, рече Песков.Украинските воздухопловни сили соопштија дека Русија лансирала 355 дронови и девет крстосувачки ракети кон Украина во текот на ноќта, во она што портпаролот на воздухопловните сили го нарече најголемиот руски напад со дронови досега во војната.

Свет | пред 11 месец

Screenshot-2025-05-25-at-20.50.34

Се огласи Ракометната федерација: Сметаме дека неизлегувањето на терен од страна на РК АЕК претставува директно прекршување на спортскиот кодекс

Ракометната Федерација на Македонија со жалење ја информира јавноста за инцидентот што се случи на вчерашниот натпревар од финалето на ЕХФ Европскиот Куп, на кој македонскиот претставник РК Алкалоид требаше да се соочи со грчкиот тим РК АЕК пред домашна публика во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.„Натпреварот не се одигра откако тимот на РК АЕК одби да излезе на теренот. Според информации со кои располага федерацијата, причината за оваа одлука на гостинскиот тим е поврзана со бројот на навивачи од Грција кои допатуваа во Скопје, и покрај тоа што за гостинскиот тим беа одобрени 200 влезници, значителен број навивачи бараа пристап на трибините без обезбедени билети. По повеќе од 30 минути неизвесност и чекање, организаторите беа принудени да го одложат натпреварот, поради отсуството на едниот тим на теренот. Со ова, спортскиот дух и фер-плеј беа сериозно нарушени, а публиката и македонскиот ракомет беа лишени од едно финале на кое долго се чекаше“, велат од Ракометната Федерација на Македонија.Тие додаваат: „Ракометната Федерација на Македонија остро го осудува ваквото однесување, кое е спротивно на правилата и регулативите на Европската ракометна федерација (ЕХФ). Сметаме дека неизлегувањето на терен од страна на РК АЕК претставува директно прекршување на спортскиот кодекс и обврските кои произлегуваат од учеството во натпреварувањето организирано под капата на ЕХФ. Во таа насока, Ракометната Федерација на Македонија ќе достави официјално известување до ЕХФ, со барање за соодветна постапка и санкционирање согласно постојните прописи. Очекуваме ЕХФ да донесе праведна одлука која ќе го заштити интегритетот на натпреварувањето и фер односот кон клубовите кои ги почитуваат правилата. Истовремено, изразуваме целосна поддршка на РК Алкалоид, кој покажа максимална спортска подготвеност и професионален пристап. Убедени сме дека нашите клубови, навивачи и сите засегнати страни заслужуваат фер и транспарентен третман“.

Спорт | пред 11 месец

Screenshot-2025-05-26-at-12.52.12

Последен поклон за актерката Соња Каранџуловска, лик што ќе живее низ сите улоги

Со голема болка и жалење ве известуваме дека почина актерката Соња Каранџуловска (1948 - 2025). Каранџуловска дипломира на Факултетот за драмски уметности во Скопје во 1971 година, во првата генерација на дипломирани актери, во класата на проф. Илија Милчин. Во МНТ работи од 1974 до 2014 година.„На сцената на МНТ, игра уште пред вработувањето. Прва улога и е Авдотја во претставата „Децата на сонцето“ (1973), во режија на Илија Милчин. Следуваат, меѓу останатите, Ангелина во „Потоп“ (1974), Лиза Дроздова во „Бесови“ (1978), Малтескињата Лезли во „Кенгурски скок“ (1979), Валерија во „Лов на диви пајки“ (1979), Паулина во „Череп“ (1980), Рената во „Војна и мир во Груда“ (1981), Нора во „Габи“ (1982), Анка во „Госпоѓа министерка“ (1983), Доли, пудлата, во „Воена тајна“ (1984), Мараја во „Слободни врски“ (1984), Клара во „Големиот брилјантен валцер“ (1986), Марија Луиса Балванера во „Еригон“ (1999), Болничарка во „Мара/Сад“ (2008), а последна и е улогата во „Троил и Кресида“ (2010).Особено значајна и карактеристична и е монодрамата „Клитемнестра“, во продукција на Македонски народен театар, Скопје, а чија премиера е на 9 октомври 2002 година,. Истата година со оваа претстава настапува на Фестивал на монодрама во Битола, фестивалот на монодрама во Земун и на „Барско лето“, Бар, во 2003 година. „Клитемнестра“ е разултат на она што ја карактеризираше Каранџуловска – желбата да се биде на сцена, огромната амбиција кон големите дела и беспрекорната работливост што ја красеше.Покрај во театар, игра и на филм: „Новогодишен карусел“ (ТВ филм, 1979), „Томе од бензиската пумпа“ (ТВ филм, 1979), „Време води“ (1980), „Хај-фај“ ТВ филм, 1987), „Пикасо“ (ТВ филм, 1987), „Марија лета со авион“ (ТВ филм, 1988), „Денес, утре“ (ТВ филм, 1998) и „Година на мајмунот“ (2018). Игра и во сериите: „Македонски народни приказни“ (од 1994 до 2017), „На наш начин“, „Легенди и преданија“, „Трето доба“, „Погрешно време“, „Обични луѓе“, „Од денес за утре“, „Турни ме да кинисам“, „Приказни од животот“ и „Преспав“. Македонскиот народен театар сочувствува со болката на семејството, пријателите и колегите. Вечна и слава!“, велат од Македонски народен театар.

Македонија | пред 11 месец

filipce-sobranie3

Филипче: Не чувствувам вина за „Онкологија“

Претседателот на СДСМ и ексминистер за здравство, Венко Филипче, рече дека не чувствува вина за случувањата во „Онкологија“, за кои двајцата поранешни директори Нино Васев и Нехат Нухи добија обвиненија. Одговорот доаѓа по прес-конференциите на ВМРО-ДПМНЕ, кои го обвинија Обвинителството за селективност при постапувањето, бидејќи Филипче не е на листата со лица кои се обвинети.„Вина не чувствувам апсолутно. Добро е да ја знаеме вистината. Да видиме што ќе покаже судскиот процес. Излезе на виделина лажната кампања која ВМРО-ДПМНЕ ја водеше преку анкетната комисија. Сите ингеренции на Министерството, се извршувани, дури и во најтешките ковид времиња. Сметам дека апсолутно секој, ако го прекршил законот, треба да одговара“, рече Филипче.Поднесени се две обвиненија за случајот „Онкологија“. Деталите прочитајте ги тука:

Македонија | пред 11 месец

gaza1

Ужас во Газа: Израелците нападнаа училиште, убивајќи најмалку 20 луѓе, вклучувајќи децa

Најмалку 20 лица беа убиени, а десетици повредени по израелскиот напад врз училиште во кое се сместени раселени лица во Газа, изјавија локалните здравствени власти за Ројтерс рано денеска.Лекарите рекоа дека меѓу десетици жртви во нападот врз училиштето, во населбата Дараџ во градот Газа, имало жени и деца.Израелската војска не даде коментар.

Свет | пред 11 месец

Screenshot-2025-05-08-at-19.47.27

Руски извори: Кремљ не го гледа Ватикан како сериозна сила способна за решавање на конфликти

Русија не го гледа Ватикан како веројатно место за мировни преговори со Украина, бидејќи Светата столица е седиште на католицизмот и е опкружена со Италија, изјавија три руски извори за Ројтерс, членка на НАТО и Европската унија. Изворите, исто така, укажуваат на фактот дека многу руски претставници не можат да патуваат таму поради западните ограничувања.Ватикан досега молчеше јавно за идејата, која ја изнесе американскиот претседател Доналд Трамп по телефонскиот разговор со неговиот руски колега Владимир Путин, дека папата Лав XIV би можел да биде домаќин на разговори со цел да се стави крај на најсмртоносниот конфликт во Европа од Втората светска војна.Италијанската премиерка Џорџија Мелони минатата недела изјави дека Лав XIV, првиот папа роден во САД, ја потврдил својата подготвеност да биде домаќин на разговорите во телефонскиот разговор со неа.„Русија дефинитивно не го гледа Ватикан како сериозна сила способна да реши толку сложен конфликт“, рече висок руски извор запознаен со размислувањето на Кремљ, зборувајќи под услов на анонимност поради чувствителноста на прашањето за „Ројтерс“.Една од причините што ги наведуваат трите извори е дека и Русија и Украина се претежно православни земји и дека Ватикан е опкружен со Италија, членка на НАТО која ја поддржува Украина и постојано воведува санкции врз Русија. Ватикан и Кремљ не одговорија на барањата за коментар.Кога беа прашани за идејата за одржување на разговорите во Ватикан минатата недела, Кремљ рече дека не е донесена никаква одлука. Руските извори, исто така, нагласија дека ќе биде многу тешко за повеќето високи руски функционери да стигнат до Ватикан од Москва бидејќи директните летови беа откажани на почетокот на војната на 24 февруари 2022 година, а има и голем број санкции од Европската Унија воведени врз руски функционери.Тие додадоа дека ги гледаат Турција, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија, Катар и Оман како потенцијални места за разговорите. Путин постојано ги пофалуваше земјите од Заливот и Турција за нивните напори да посредуваат во прекинувањето на конфликтот.

Свет | пред 11 месец

eZy-Watermark_01-10-2023_05-25-29-7940PM

Денеска не било закажано судење за таткото на Васил Јованов

„Во однос на текстот со наслов „Пропадна стартот на судењето за таткото на Васил Јованов, кој му го дал автомобилот со кој ја усмрти Фросина“ објавен или преземен од неколку портали, ја информираме јавноста дека се работи за неточни информации кои во целост ги демантираме“, велат од Кривичен суд и додаваат:„Имено, порталот преку наведениот текст известува дека денска било закажано судење за предметот против З.Ј. кој го суди судијата Љубинка Башевска, а кое судење било одложено бидејќи не биле исполнети условите за да се одржи. Но, согласно проверките на судот, денска воопшто не било насрочено такво судење, ниту пак посочената судија постапува по предмет во кој е обвинет З.Ј“.

пред 11 месец

alkaloid-grcija

Грчките медиуми за грчката драма во Скопје

Одлуката на ракометниот клуб АЕК да не се појави на реванш натпреварот против Алкалоид во финалето на ЕХФ Европскиот Куп во Скопје предизвика лавина реакции во грчката јавност и медиуми. Потегот на АЕК, кој го правда со третманот на нивните навивачи, се слави како „одбрана на честа“, но во Македонија се доживува како класичен бојкот со политичка и навивачка позадина.„Браво претседателе!“, „Честитки Папастаматис!“, „Вака се брани честа“ – со вакви пораки грчката јавност го поздрави потегот на АЕК, кој одби да се појави на реваншот од финалето во ЕХФ Европскиот куп против Алкалоид во Скопје.АЕК тврди дека нивните навивачи биле условени: или ќе влезат сите што тргнале со автобуси од Атина, или никој. Тие инсистираат на спортското правило според кое 10% од капацитетот на салата треба да биде резервирано за гостинска публика – што за „Борис Трајковски“ значи околу 650 луѓе.Македонската полиција, по безбедносна проценка, одлучи дека е невозможно да се обезбеди влез за толку голем број навивачи.Навивачката група „Оригинал 21“ од Атина излезе со соопштение: „Ова беше голем момент за клубот. Играчите се откажаа од европски трофеј за да нè поддржат. За нас, тие веќе се победници. Нашето правило ‘сите или никој’ не е каприц – тоа е животен став.“Грчките медиуми пренесуваат дека на АЕК му биле доделени само 190 билети, наспроти очекуваните 1.000. Дел од автобусите со навивачи биле вратени на Евзони, по што клубот ја информирал ЕХФ дека нема да излезе на терен.Алкалоид одговори со соопштение: „Натпреварот не се одигра бидејќи противникот одлучи да не игра“.Натпреварот останува „во воздух“, а исходот зависи од одлуките на ЕХФ.

Спорт | пред 11 месец

224994218_4577315625652604_6519891985805782571_n

Мицкоски за проблемот со градежната прашина: Треба да се зголеми дисциплината на оние кои што ја создаваат

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната надзорна расправа во Собранието за аерозагадувањето, одговарајќи на прашање за тоа како Владата планира да се справи со инертната и градежната прашина истакна дека за решавање на овој проблем единствен начин е да се зголеми дисциплината на оние коишто ја создаваат, а од друга страна граѓаните да пријавуваат доколку забележат вакво девијантно однесување со цел Градежниот инспекторат да излезе на лице место и да го констатира истото.„Тука единствен начин е да се зголеми дисциплината на тие коишто ја создаваат таа прашина. Тоа се најчесто компаниите коишто вршат градежни активности и мислам дека дисциплината не е на високо ниво.“, истакна Мицкоски.Тој исто така ги охрабри граѓаните да пријауваат доколку забележат девијантно однесување од ваква природа со цел овој проблем да биде надминат.„Јас ги охрабрувам и граѓаните ако има такви случаи на девијантно однесување да ги пријавуваат и Градежниот инспекторат да излегува на лице место и тоа да го констатира и се разбира, на таков начин да може да се спречи таквата појава. Но од друга страна со зазеленување на тие површини, така што ова се двата начини со коишто можеме ние да се бориме. Не постои трет начин, а ниту во праксата е познат трет начин. Така што се надевам дека многу скоро оваа дисциплина ќе биде подобрена.“, заклучи Мицкоски.

Македонија | пред 11 месец

mickoski-3

Мицкоски: За да се реши проблемот со загадувањето на воздухот потребно е да се изградат когенеративните гасни централи

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски на денешната надзорна расправа за аерозагадувањето рече дека оваа тема секоја зима е актуелна, посочувајќи дека не е само воздухот проблем во квалитетот на животот на граѓаните, туку и околината и животната средина.„Што се однесува како Влада можам да се согласам со најголемиот дел од тезите кои што ги кажавте и можам да се согласам со тоа дека изминатите децении многу малку или речиси ништо не е направено во делот на борбата за почист воздух. Но, исто така и во делот на средување на животната средина во која што живеат граѓаните, тука пред се мислам на организирано одлагање на отпад. Но, не само тоа, тука мислам на прочистување на отпадните води, тука мислам на обезбедување на питка вода за пиење за населението, организирани системи за одведување на отпадни води и кога целосно би се организирала државата тогаш можеме да заклучиме дека станува збор за навистина акутен проблем кој што е децении стар и преку ноќ не може да се реши.“Премиерот Мицкоски посочи дека како Влада се преземаат драстични мерки за почиста животна средина.„Како Влада преземаме драстични мерки во таа насока, посебно тука би сакал да го споменам проектот кој се однесува на финансирање и реалокација на средства од централниот буџет кон општините за финансирање на проекти кои што би значеле токму ваков начин на обезбедување на поздрава животна средина, меѓу кои и обезбедување на вода за пиење преку водоснабдителни системи, посебно од руралните населени места, ретко каде имаме обезбедена вода за пиење, а речиси и никаде немаме организиран систем за одведување на отпадните води, а да не зборам за нивен третман.“, вели тој и додаде:„Така што тоа претставува исто така акутен проблем кога станува збор за обезбедување на поквалитетна животна средина. Исто така и организирани системи за одлагање на смет, тие се многу важни и многу значајни, бидејќи во државата би рекол имаме стотици или илјадници диви депонии кои за жал на несовесен начин се одлага сметот, наместо да имаме еден организиран или неколку организирани системи кои што ќе ги користиме за да го одлагаме тој смет.“Во однос на загадениот воздух Мицкоски истакна дека најголем причинител за таквата состојба е системот на затоплување на домаќинствата, јавните и индустриски објекти.„Кога станува збор за воздухот и квалитетот на воздухот, најголем причинител е јас би се согласил со вас, е токму тоа што вие го кажавте, системот на затоплување на домови. Но, и на индустриски објекти, јавни објекти. Имаме многу јавни објекти кои што се уште користат фосилни горива за затоплување на самите тие објекти.“, истакна Мицкоски.За решавање на овој проблем премиерот Мицкоски смета дека е потребно да се изградат таканаречени когенеративни гасни централи кои што можат да служат и за производство на електрична енергија и за производство на топлина.„Така што кога сето ова би се сумирало, можам да кажам дека ова е еден од главните приоритети и ќе продолжиме во таа насока да се бориме, посебно во делот на обезбедување на централизиран систем за затоплување на домовите, јавните објекти и дел од индустриските капацитети. И како тоа ќе го правиме најчесто тоа може да се реши со изведба на таканаречени когенеративни гасни централи кои што можат да служат и за производство на електрична енергија и за производство на топлина. Но, за сето тоа да се случи потребна е и подземна инсталација за да може таа топла вода да дојде до домаќинствата, до јавните објекти и до индустриските објекти.“, дециден е Мицкоски.

Македонија | пред 11 месец

vasil-tatko

На 24 јуни ќе му се суди на Зоран Јованов, таткото на Васил Јованов

Првото судење за Зоран Јованов, таткото на Васил Јованов, кого Обвинителството го гони за предизвикување општа опасност, бидејќи му дал автомобил на синот, со кој беше усмртена младата Фросина Кулакова, ќе се одржи на 24 јуни. Предметот го суди судијката Снежана Марковска, истата која претходно досуди 12 години затвор за Васил.Зоран Јованов е обвинет дека две години му овозможувал на Васил, да го вози автомобилот „Пежо 207“, иако знаел дека тој немал возачка дозвола. Поради тоа, Обвинителството го гони дека со општоопасно дејствие предизвикал опасност за животот и телото на луѓето, свесен дека поради неговите сторувања можат да настапат штетни последици, а сепак лекомислено сметал дека тие нема да настапат.„Тој на својот син му давал да управува патничко моторно возило „Пежо 207“, иако знаел дека синот не смее да управува со автомобил бидејќи нема возачка дозвола и е повеќекратен сторител на сообраќајни деликти, и тоа: едно кривично дело – сообраќајна несреќа со полесни последици во ноември 2022 година, 11 сообраќајни прекршоци (возење без возачка дозвола, возење под дејство на алкохол, непочитување на семафор и на пешачки премин) во текот на 2023 и 2024 година, како и кривично дело – сообраќајна несреќа со смртни последици на 29.01.2025 година“, стои во обвинението.Исправка: За денеска не било закажано рочиште, ниту одржано - забуна е направена поради грешен број на предмет по кој нашата редакција се водеше, а кој не се однесува на Зоран Јованов.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-02-21-114426-780x439-1

Смена на врвот: Судскиот совет не ја избра Адеми, Фидани поставен за шеф на Врховниот суд

Со 8 гласа „за“ и 5 „против“, Судскиот совет денеска го избра судијата Африм Фидани за нов претседател на Врховниот суд. Неговата противкандидатка, судијката Беса Адеми, која ја вршеше функцијата до февруари годинава, доби само 2 гласа „за“ и 11 „против“, што не беше доволно за повторен мандат.На истата седница, Советот треба да избере и 10 нови судии за Апелациониот суд Скопје.Африм Фидани има долгогодишна кариера во правосудниот и јавниот сектор:1990–1996: работел во просветата на правно-административни позиции.1996–2005: бил републички инспектор за труд во Државниот инспекторат за труд, со фокус на работните односи.2005–2007: ја извршувал функцијата секретар на Општина Врапчиште.2007–2011: работел како адвокат со канцеларија во Гостивар.2011: е избран за судија во Апелациониот суд Скопје, каде работи во кривичниот оддел.Подоцна, со одлука на Судскиот совет, е избран за судија во Врховниот суд на Република Македонија.Сега, со мнозинство гласови, Фидани го презема највисокото место во судскиот систем.Претходно, Беса Адеми, поранешна претседателка на Врховниот суд, беше во центарот на контроверзии поради иницијативата за нејзино разрешување, поднесена од членот на Судскиот совет, Миљазим Мустафа. Мустафа ја обвини Адеми за непочитување на обврските како член по функција во Судскиот совет, наведувајќи дека таа не присуствувала на 21 седница од мај до октомври 2023 година без соодветни оправдувања. Дополнително, интервјуто на Адеми за порталот СДК.мк, во кое зборуваше за политички притисоци врз судството, беше исто така предмет на критика. Адеми и нејзината одбрана ги отфрлија обвинувањата, истакнувајќи дека нејзиното отсуство било оправдано и дека интервјуто претставува израз на слободата на говор. Таа нагласи дека постапката против неа е обид за политички притисок врз судството. Судскиот совет, по разгледување на извештајот од Комисијата, одлучи да ја запре постапката за утврдување на одговорност на Адеми, дозволувајќи ѝ да ја продолжи функцијата како претседателка на Врховниот суд.

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања