Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Screenshot-2025-05-11-at-13.22.33

(Видео) Дечкото што влечеше куче во Крива Паланка: Го скокна седиштето, се скина ланчето, рипна од прозорецот

23-годишникот кој го влечеше кучето со автомобил во Крива Паланка, за здружението „Happy Paws“ објаснува дека немал намера да го повреди ниту мачи, туку кучето скокнало од прозорец. Тој објасни дека го транспортирале кучето во викендица, а било вдомено пред еден месец.„Кучето беше ставено во бажаникот на колата. Го скокна седиштето и се скина ланчето на него. И рипна од прозорот, бев на кривината, не смеев да застанам. И затоа ја намалив брзината, за да ме видат и заобиколат сите, излегов на пошироко за прегледност, го земав кучето го подигнав и застанав на страна“, вели тој.На прашањето кој дел е скинат, кога кучето се влече за врвката, тој вели: „Имаше такво едно, поводник, тој го скина тоа“.Тој се извини јавно и посочи дека не сакал тоа да се случи и се расплаче.„На секој може да му се случи, куче како куче“, додаде тој.

Македонија | пред 1 година

04112024_Taravari

Таравари излегува од Владата, пред да го испие кафето со Мицкоски

Крилото на Алијанса на Албанците, предводени од Арбен Таравари ја напушта Владата.Таравари пред да го испие кафето за збогување во Мицкоски почна со критики упатени на адреса на Владата.Од Врапчиште синоќа порача дека дека не сакале да бидат марионети во Владата.„Владата некако го изгуби патот кон ЕУ. Гледате, ситуацијата во државната администрација, има извонредна маргинализација и тенденција Албанците да бидат маргинализирани. Алијансата за Албанците ќе одлучи утре или задутре да ја напушти Владата. Кога сите трчаат да влезат во Владата, ние сме подготвени да ја напуштаме.Ја напуштаме Владата за да се вратиме посилни, особено во локалната самоуправа, а потоа и во централната власт“, рече Таравари.Во наредните два дена Тараври ќе ја официјализира одлуката, која се очекува да биде потврдена уште вечерва на состанок на партиските тела.ВРЕДИ атакува да седне министерската фотелја во здравство.Она што е непознато е како ќе дејстуваат и петте пратеници на Алијансата, но без нив виси бадентеровото мнозинство за гласање.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-05-12-at-14.43.13

(Видео) Дел од полицијата на улица, бараат повисоки плати и праведна судска пракса: Не сме од втор ред

Дел од полицајците членови на Независниот синдикат на полицијата денеска протестираа на скопските улици. Тие се незадоволни се поради ниските плати и, како што велат, неправедната судска пракса. Порачуваат дека вработените во полицијата не се службеници од втор ред. Според претседателот на НСП, Мартин Ефремов, мора да се почитува Законот за минимална плата.„Во моментов имаме илјадници предмети кои полициските службеници ги водат против Министерството за внатрешни работи во кој бараат да се досуди разлика до минималната плата. Полициската плата е составена од основна плата, плус зголемување, минат труд, додатоци, а по Законот за минимална плата основната плата не може да биде под минималната плата“, рече Ефремов во изјава за медиумите за време на протестот.Според претседателот на НСП, Ефремов, полицискиот протест пред судовите исто така е упатен и за изеднување на судската пракса на целата територија на државата. Во моментов има илјадници предмети кои полициски припадници ги водат против МВР во кои што бараат да се досуди разлика до минималната плата.„Во различни градови, судовите кажуваат дека на едни полицајци треба да се исплати повеќе плата, а во Скопје велат дека ни е доволна оваа плата што ја земаме. Со пресуди, одредени полицајци имаат наплатено и е докажано. За жал, скопските судови велат дека тоа не следува. Тука доаѓа до огромен револт и неизедначување на платите. Платите е многу едноставно да ги пресметате – треба да го помножите бодот со бројот на бодови што ги имаме. Полициски службеник има од 550 бодови па нагоре, а бодот во МВР е 35,47 денари. Со години, полициската плата е многу под минималната. Доколку не се одважат на нашите барања, ќе ги известиме сите наши братски синдикати, амбасади и европски институции и ќе продолжиме со протестите. Нема да се откажеме од тоа што ни следува и од законот“, додаде Ефремов.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-05-12-at-12.26.21

(Видео) Се одлучувало за животите на повредените од „Пулс“: Мицкоски вели тоа била најтешката одлука во неговиот живот

Премиерот Христијан Мицкоски, рече дека на негова одговорност, биле транспортирани повредените, бидејќи дел од медицинарите му укажале дека во таква состојба тие не можат да бидат пренесени во болниците во соседството. Посочува дека ако не биле пренесени, ќе имало повеќе жртви.„Јас имам 47 години, но кога би анализирам кој бил најтежок ден во мојот живот, тоа беше тој ден. Беше 3:30 наутро, кога човек тропаше на вратата од мојот дом. Тоа беше човек од обезбедувањето на министерот за внатрешни работи, бидејќи не го гледав телефонот. Нормално, спиете тогаш. Веднаш се совземав и ги повикав луѓето од мојот тим да одиме веднаш во Кочани. Во 05 часот стигнавме таму“, рече Мицкоски.Тој рече дека најтешки биле одлуките кога доаѓала понуда за помош од секаде, а особено од регионот, а ние немаме брилијантни односи со некои од соседите.„И тогаш кога треба да носите одлука мора да водите сметка за сите последици. А од друга страна дел од медицинските лица ви велат дека пациенти во таква тешка состојба не се за транспоритрање. Кога прашав кога е опцијата - тие рекоа ние да ги негуваме, а веројатно ќе имаме повеќе жртви од сега. И тогаш размислив неколку секунди. Им реков да ги спремат пациентите и веднаш да се транспортираат. Еден од нив рече дека е на моја одговорност, а јас реков: да, на моја одговорност“, додаде Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

WhatsApp-Image-2023-12-13-at-17.04.38

Велосипедист со тешки повреди, лицето со кое се судриле во Аеродром - избегало

На 11.05.2025 во 09 часот во СВР Скопје било пријавено на велосипедска патека на бул.„Јане Сандански“, во близина на крстосница со ул.„Васко Карангелески“ во Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу велосипед и електричен мотор, управуван од К.Л.(71) од Скопје, по што лицето со велосипедот го напуштило местото на настанот.„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил К.Л., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза““, велат од МВР.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 година

IMG_6897

Скопјанец ја тепал сопругата, па и се заканувал со остар предмет

„Денеска (12.05.2025) во 00.05 часот на подрачјето на општина Петровец, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.К.(46) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 44-годишна сопруга и ѝ се заканувал со остар предмет“, велат од МВР.По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 1 година

brza-pomos-nokje-3

Осум повредени: тешка сообраќајка на патот Скопје-Тетово

На 11.05.2025 во 19 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Тетово, во атар на с.Арнакија, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(29) од Скопје и патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(53) од Скопје.„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „сеат“, З.И.(54) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и нивните сопатници Ф.И.(31), Х.Д.(54) и тројца малолетници, сите од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски““, велат од МВР.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Македонија | пред 1 година

policija

Вчера 968 сообраќајни казни, 636 за брзо возење - но има казни и за возила без видливи регистрации

Во рамки на вчерашните (11.05.2025) активности на полициските службеници од сите осум сектори за внатрешни работи при БЈБ на МВР, во врска со засилените сообраќајни контроли за почитување на сообраќајните правила и прописи на патиштата низ државава, беа издадени 968 платни налози.„Од нив, поради непочитување на пропишаната брзина на движење беа изречени 636 платни налози, а за неправилно паркирање 57. Санкционирани се и 29 прекршоци заради некористење сигурносен појас, а 11 за користење мобилен телефон. Вчера се откриени и санкционирани и 81 лице поради непоседување возачка дозвола, а 27 возачи управувале возило под дејство на алкохол. Согласно пак одредбите од Законот за возила – четири возила се исклучени од сообраќај заради техничка неисправност, а 21 возило затоа тоа што не биле со валидна регистрација“, велат од МВР.Тие додаваат: „Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните сите да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“.

Македонија | пред 1 година

teodora

Сестрата на загинатата Теодора со емотивен статус потсетува дека чека правда: Треба да знаете кое унишување сум го доживеала

Ева Ристовска, сестра на загинатата Теодора од Тетово која беше прегазена на пешачки премин, во емотивен статус посочува како четири месеци по трагедијата го видела возачот повторно во автомобил, со насмевка. Таа посочува дека се виделе очи во очи.„Мислам дека ова треба да го знаете кое уништување сум го видела и дожевеала јас,а сум немала можност да кажам и да да зборувам пред судот бидејќи не се водам како оштетена страна.... После загубата на мојата сестра ни 4 месеца после таа голема трагедија за нас јас го гледам човекот како излегува од супермакет и се качува во својот автомобил и повторно вози. По четири месеци. Движење во близина на нашите работни места и покажување на блага насмевка од негова страна и гледање во очи,Болката,трепет стрес и плач, во мене. После една година во кафанаа слави со јадење и пиење насмеан!“, напиша Ристовска.Потоа сведочи за судската постапка.„Започнување на судската процедура де не дошол тој, де не дошла адвокатката, па не била доволно запознаена со случајот - одложување, непризнавање на вина, не ја видов, Алах сакал тука да и заврши животот - зборовите на Менсур. На пешачки ми ја усмрти сестра ми бе! Одложување повторно рочиште сакале супервештачење - одложуваме, кај нас беше повикан вештакот кој беше на лице место на самиот настан,залудно одлагање “господинот” ќе признаел (пазар бе)“, додава таа.Остатокот од статусот прочитајте го тука:

Коментари | пред 1 година

alkatraz

Никој никогаш не избегал од Алкатраз, вели Трамп; Еве ја приказната за оние кои избегале

И покрај репутацијата на неосвоива тврдина, од Алкатраз сепак е можно бегство. Сè што било потребно е храброст, досетливост и околу 50 мантили, објави CNN.Беше 11 јуни 1962 година. Тројца затвореници - Френк Морис и браќата Кларенс и Џон Англин, сите во триесеттите години - поминаа месеци тајно правејќи дупки во ѕидовите на своите ќелии. Таа ноќ, се протнаа низ нив, низ вентилационо вратило, се искачија на покривот и исчезнаа од островот на сплав што го направија. Побегнаа директно во ледените, брановидни води на заливот Сан Франциско.Повеќе од 60 години подоцна, претседателот Доналд Трамп предлага повторно отворање на затворот. Тој е убеден дека Алкатраз бил и останува неосвоив.„Никој никогаш не избегал од Алкатраз“, рече Трамп од Овалната соба. Но, вистината е малку покомплицирана. Иако тројцата никогаш не беа пронајдени, многумина веруваат дека преживеале и допливале до брегот, вклучувајќи ги и нивните роднини.„Тој случај никогаш не исчезнува“, рече Арт Родерик, поранешен американски маршал кој помина речиси 40 години истражувајќи го бегството.Френк Морис и браќата Англин завршија во најозлогласениот затвор во Соединетите Држави од едноставна причина - тие се обидоа да избегаат од секој претходен. Нивните досиеја на ФБИ се полни со белешки за бегствата и упорноста.„Навистина не им се допаѓаше да бидат во затвор“, рече Дејвид Виднер, внук на браќата Англин и автор на книга за нивното бегство.Ние не ја сакаа ниту сиромаштијата. Тие пораснаа во рурална Џорџија со околу десетина други браќа и сестри, а повеќето од нивните злосторства беа поврзани со кражби и провали.„Тие сакаа убави работи, а не знаеја како да ги добијат освен со кражба“, вели Виднер.Последното злосторство што ги одведе во затвор беше ограбувањето на мала банка во Алабама. Тие беа уапсени неколку дена подоцна во Охајо, заедно со нивниот постар брат Алфред, и осудени на 15 години затвор.Тие беа префрлени во Алкатраз по обид за бегство од федерален затвор во Канзас. Таму, Кларенс, со помош на својот брат, се обидел да избега криејќи се во две големи метални кутии за леб. Не стигнал подалеку од затворската пекара, но нивното семејство не било премногу изненадено.Кога биле сместени во соседни ќелии со Френк Морис - уште еден затвореник познат по своите бегства - било јасно дека ќе се обидат повторно. Само било прашање кога.Врз основа на она што го собрале од доказите и сведочењето на затвореникот Ален Вест - кој учествувал во планирањето, но на крајот останал во својата ќелија - американското ФБИ реконструирало неверојатно бегство кое се подготвувало шест месеци:Затворениците украле гумени мантили и составиле сплав со димензии 6 x 14 стапки, кој го зајакнале со цевки за пареа. Претвориле мотор од правосмукалка во електрична дупчалка, а обични лажици во шрафцигери. Направиле хармоника - инструмент сличен на хармоника, единствениот што легално го купиле со затворски средства - во мев за надувување на сплавот. Според истражителите, мозокот на операцијата бил Френк Морис, за кој се вели дека имал коефициент на интелигенција од 133.Најгенијалниот дел од планот биле лажните глави направени од парчиња цемент, памук, прамени коса од затворската берберница, лепак и боја. Грубо и малку морничаво, но доволно убедливо за да ги измами ноќните чувари и да остави впечаток дека затворениците спијат.„Мајка ми и семејството секогаш велеа дека се како Мекгајвер - досетливи и паметни. Можеа да направат нешто од ништо“, рече братучедот на бегалците, Кен Виднер.Истражителите на ФБИ се согласија. „Работата што ја направија во подготовката на бегството е зачудувачка“, напиша Френк Л. Прајс, тогашен шеф на канцеларијата на ФБИ во Сан Франциско.Дотогаш, Алкатраз беше на работ на затворање - беше премногу скапо за одржување, а персоналот беше при крај. Затворскиот управник Олин Блеквел им рече на новинарите дека реновирањето ќе чини 5 милиони долари, повеќе од 50 милиони долари денес.„Затворот беше во лоша состојба, ништо не се поправаше, а луѓето повеќе не доаѓаа да надгледуваат“, се сеќава еден пензиониран американски маршал.Затворениците поминаа недели дупчејќи дупки во ѕидовите на своите ќелии со електрични алатки скриени во импровизирана дупчалка, покривајќи ги дупките со картон обоен за да одговара на ѕидовите преку ден. Потоа се искачија на покривот низ сервисен тунел, се симнаа по оџак и скокнаа преку ограда.Тие го дизајнираа сплавот користејќи илустрации од списанието „Спортс илустрејтид“, а потоа отпловија во студените, темни води на заливот Сан Франциско во ноќта на 11 јуни 1962 година.Потоа се појавија интригантни траги - но ниедна не доведе до јасен заклучок.„Никогаш во мојата кариера не сум имал случај со толку многу ќорсокаци“, рече поранешниот истражител Родерик.Во рок од неколку часа од бегството, започна масовна потера. Вклучени беа полицијата, крајбрежната стража, војската, хеликоптери и бродови. Дури беше наредено и ново пребарување на самиот Алкатраз - за секој случај бегалците воопшто да не го напуштиле островот.Повеќе од сто војници го пребараа островот Ангел, за кој Ален Вест тврдеше дека е дестинација на бегалците. Но, таму не беше пронајдена никаква трага. Во меѓувреме, случајот стана медиумска сензација.„Немаше вести од кабелската телевизија, но целиот свет гледаше што се случува“, подоцна изјави поранешниот агент на ФБИ, Џон Аренд.И потоа се случи бизарен пресврт - разгледница, адресирана до „Управникот на Алкатраз“, на која пишуваше: „ХА ХА, УСПЕАВМЕ“.Тие се потпишаа како „Френк, Џим, Кларенс“, секој со различен ракопис. ФБИ направи графолошка анализа - беше заклучено дека потписот на „Кларенс“ најверојатно бил фалсификуван, додека немало доволно примероци за другите двајца.

Свет | пред 1 година

filipce-414213

СДСМ одговори дали Филипче има инвестиции во Дубаи

„ВМРО-ДПМНЕ во целосна безидејност продолжува да лаже иако претседателот на СДСМ, Венко Филипче јасно кажа дека не поседува никакви инвестиции ниту имот во Обединетите Арапски Емирати. Филипче поседува виза која не е добиена на основ на никакви инвестиции или сопственост на имот. ВМРО-ДПМНЕ наместо да лаже во континуитет и да се обидува да дефокусира, треба да почне да реализира нешто за граѓаните кои од оваа власт осврн неспособност, лаги и напади на опозицијата ништо друго не виде веќе цела година“, велат од СДСМ.Претходно, ВМРО-ДПМНЕ праша „Филипче да каже со која болница преговарал за да добие виза?“.“Филипче да каже со која болница преговарал за да добие виза? Филипче молчи за потеклото на златната виза за Дубаи, која може да се добие само преку инвестиции. Филипче 3 месеци ја лаже македонската јавност. Прво велеше дека нема виза, па потоа призна дека има. Овие менувања на ставови на Филипче, не се нови. Лаги и менување на ставови на дневна основа, правеше неговиот ментор, Зоран Заев. Филипче како чирак и ученик на Заев, продолжува по неговите стапки. Ем лаже, ем манипулира, ем златна виза за Дубаи. Македонската јавност заслужува одговори. Филипче мора да одговори на тоа од каде му е нему златна виза и како дошол до неа? Дали има приватен бизнис кој го крие од јавноста? Дали можеби Филипче има удел во бизнисот на Заев за градење 50 катница во Дубаи? Филипче и Заев треба да се минато во македонската политика и да одговараат за нивните предавства и криминал. Филипче, Заев и СДС се синоним за неспособност, криминал и предавство“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 година

ukraina1

Русите лансираа 108 дронови во Украина

Русија лансираше 108 дронови низ Украина преку ноќ и погоди цивилен товарен воз, повредувајќи го машиновозачот, соопштија украинските власти, откако европските лидери му се придружија на претседателот Володимир Зеленски во повикот за 30-дневен прекин на огнот од понеделник.Украинската воздушна одбрана уништи 55 дронови лансирани од Русија од 23 часот во неделата, соопштија украинските воздухопловни сили на апликацијата за пораки Телеграм. Нападот вклучуваше и 30 дронови кои беа изгубени на пат, не погодувајќи ништо. Дроновите беа соборени во источна, северна, јужна и централна Украина, соопштија воздухопловните сили.Машиновозач на цивилен товарен воз е повреден во напад со беспилотно летало врз железничката инфраструктура во источниот регион Донецк, соопштија украинските железници.„Предлозите за прекин на огнот се игнорираат, непријателските напади врз железничката инфраструктура... продолжуваат“, соопштија украинските железници, Укрзализниција, во објава на Телеграм.Рускиот претседател Владимир Путин ги нарече барањата за прекин на огнот „ултиматуми“ и за возврат предложи директни разговори со Украина со цел да се стави крај на војната во четврток, иницијатива прифатена од американскиот претседател Доналд Трамп.

Свет | пред 1 година

internet-terorizam

Во Европа се раѓа нова генерација терористи: тие се помлади и на властите им е тешко да ги откријат

Во последните месеци, десетици малолетници, некои на возраст од само 14 години, беа уапсени низ цела Европа под сомнение за планирање напади врз музички места, трговски центри и верски објекти. 14-годишно девојче од Црна Гора беше уапсено во Австрија во мај минатата година под сомнение за планирање напад врз „неверници“. Полицијата пронајде секира, нож и пропагандни материјали на Исламска држава во нејзиниот дом. Друго 14-годишно девојче беше уапсено во февруари под обвинение за планирање напад врз железничка станица, соопштија австриските власти.Три концерти на Тејлор Свифт во Виена минатата година беа откажани откако тројца млади мажи на возраст од 17 до 19 години беа уапсени под сомнение за планирање напад за кој американската ЦИА рече дека бил „добро испланиран“ и можел да резултира со стотици жртви.Младите луѓе сè повеќе се приклучуваат на онлајн заедниците кои шират екстремистички ставови, теории на заговор и насилство. Додека Соединетите Држави долго време се справуваат со пукања во училиштата, заканата што ја претставуваат малолетниците во Европа главно доаѓа од исламистички кругови, објавува Волстрит џурнал.Зад бранот на тинејџерска радикализација стои комбинација од фактори: невиденото ширење на екстремистичката пропаганда, делумно поттикната од вештачката интелигенција; моќното влијание на платформите на социјалните медиуми како TikTok, кои сè повеќе можат да го привлечат вниманието на младите; и настани како војната во Газа, која стана дефинирачки, но болен момент за генерацијата политичка зрелост.Тинејџерите сочинуваа две третини од 60-те исламистички екстремисти уапсени за терористички акти низ Европа во првите осум месеци по почетокот на војната во Газа во октомври 2023 година, според Питер Нојман, професор по безбедносни студии на Кингс колеџ во Лондон, кој го истражуваше периодот за книгата.Младите членови на крајната десница, исто така, сè повеќе претставуваат закана. Во јануари, белгиската полиција уапси 14-годишно момче со неонацистички ставови, осомничено за планирање напад врз џамија. Во Белгија, една третина од сите случаи на тероризам вклучуваа малолетници од 2022 до 2024 година. Во Велика Британија, речиси еден од пет осомничени за тероризам е дете. За време на пандемијата, бројот на апсења за тероризам се намали кај сите возрасни групи, освен кај децата.„Ново е бројот на млади луѓе кои се директно вклучени во планирањето насилни напади, вклучително и многу млади лица“, рече Томас Ренард, директор на Меѓународниот центар за борба против тероризмот во Хаг.Според експертите, речиси сите млади екстремисти се радикализирани преку Интернет, што ги прави многу потешки за откривање. Во последните пет години, дури 93% од смртоносните терористички напади на Западот биле извршени од поединци кои дејствувале сами, според Институтот за економија и мир. Интернетот го забрзал процесот на радикализација - додека во 2002 година биле потребни просечно 16 месеци, во 2015 година тоа време било скратено за 40%. Денес, само неколку недели се доволни.На Интернет, идеолошките граници често се нејасни, а екстремистичките погледи на светот кои делат слични ставови, како што се мизогинијата и тоталитаризмот, често се испреплетени. Младите супремацисти ја имитираат идеологијата на Исламската држава, додека младите џихадисти го користат јазикот и естетиката на екстремната десница. Наместо да издаваат наредби, терористичките групи ги преплавуваат социјалните медиуми со пропаганда која им обезбедува на младите луѓе идеолошка рамка и поттик за насилство, велат експертите.Пример за видот екстремист од кој се плашат европските власти моментално е на суд во Белгија. Абдул Керим Гадаев, 19-годишен чеченски бегалец, сè уште чувствува гнев откако неговиот татко беше депортиран од Франција во Русија пред четири години. Тој се отуѓи од училиштето и почна да ја изразува својата желба преку интернет да го повтори нападот од 2015 година врз Батаклан во Париз, во кој загинаа 90 лица. Белгиските обвинители минатиот месец тврдеа дека тој планирал „Батаклан 2.0“.Белгиската полиција го уапси Гадаев и уште тројца осомничени, на возраст од 15 до 17 години, минатата година. Во неговиот телефон беа пронајдени докази дека ги истражувал нападите врз Батаклан и списанието „Шарли Ебдо“, како и случајот со Абдулах Анзоров, 18-годишен Чеченец кој обезглави наставник во средно училиште во Франција во 2020 година. Исто така, беше пронајдена и фотографија од отсечената глава на наставникот.На неговото судење минатиот месец, Гадаев изгледаше вознемирен додека беше испрашуван за неговите објави со говор на омраза на социјалните медиуми. Имаше ретка брада и без мустаќи, нервозно се чешаше по зглобот и ги влечеше ракавите преку рацете.„Не мислев дека правам нешто погрешно“, рече тој.Радикализацијата на малолетници придонесува за растечката терористичка закана за Западот. Според податоците на Европол, бројот на извршени, неуспешни и спречени напади во Европската Унија се зголемил четири пати од 2022 до 2023 година, на вкупно 120.Иако беа спречени многу напади, бројот на смртни случаи поврзани со тероризам на Западот се зголеми за 61% од 2023 до 2024 година, додека бројот на успешни напади се дуплираше на 67, според Глобалниот индекс на тероризам. Американските власти не објавуваат податоци за возраста на осомничените за тероризам, но експертите тврдат дека трендовите во радикализацијата на крајнодесничарската во САД се слични.„Додека Сирија, Ирак и Авганистан до неодамна беа главни извозници на џихадистичка идеологија, САД денес се еден од главните извозници на крајнодесничарска идеологија“, рече Ренард. „Онлајн опкружувањето нуди бројни можности за терористите да се поврзат со млади луѓе преку навидум безопасни апликации и платформи за видео игри“, изјави портпаролот на ФБИ.Со површно разбирање на идеологијата, повеќето млади екстремисти првично се привлечени од насилни наративи кои реагираат на нивните сопствени фрустрации - психолошки проблеми, осаменост, чувство на исклученост. Тие наоѓаат заедница преку интернет околу колективните трауми и глобалните кризи, како што се стравот од миграција или војната во Газа, што ја поврзуваат со сопствените проблеми.„Луѓето се идентификуваат со страдањето на другите. И сакаат да направат нешто во врска со тоа“, рече Кевин Волон, портпарол на Белгиската единица за анализа на закани, владин центар кој анализира екстремистички закани. Групите млади радикали најчесто се организираат преку интернет, без водач или религиозен авторитет. „Екстремистичкиот пејзаж денес е многу децентрализиран“, вели Волон.Во Шодфонтен, малата белгиска општина каде што Гадаев се населил со својата маќеа откако неговиот татко бил депортиран, тој се борел во училиште. Тој пронашол заедница преку интернет околу спортот и религијата, особено на TikTok, и неговите интереси постепено станале политизирани.„Постојано бев на телефон“, рече тој.Во февруари минатата година, тој се приклучи на „оперативен“ канал на апликацијата Signal, каде што членовите - некои на возраст од само 13 години - почнаа да планираат напад. Тие разговараа за набавка на оружје и споделија фотографии од целта: концертната сала Botanique во центарот на Брисел. Гадаев рече дека е спремен да учествува ако планот биде добро извршен.Во март 2024 година, белгиската федерална полиција го уапси Гадаев и уште тројца малолетници на различни локации низ земјата. Француската полиција, исто така, притвори уште тројца малолетници во поврзан случај. Шесте малолетни осомничени беа процесирани во малолетнички системи во обете земји, подалеку од очите на јавноста. Белгиските обвинители бараат седум години затвор за Гадаев.Адвокатите на Гадаев тврдат дека неговите објави на социјалните мрежи биле „извршни по природа“. Тврдењето го илустрира предизвикот со кој се соочуваат западните безбедносни служби: како да се разликува говорот на омраза од вистинската намера за дејствување.„Веќе некое време предупредуваме дека сложеноста на нашите истраги е неспоредлива во претходните случаи - ширината и длабочината на она што го следиме денес е едноставно неверојатна“, рече Вики Еванс, главен координатор на британската полиција за борба против тероризмот. Таа ги повика технолошките компании да преземат поголема одговорност.Алгоритмите на социјалните медиуми ги хранат младите луѓе со сè поекстремна содржина и ги влечат во дигитални „бездни јами“. Вештачката интелигенција го влошува проблемот, вели Џулија Ебнер, експерт за онлајн радикализација на Институтот за стратешки дијалог и Универзитетот во Оксфорд.„Видеата и сликите генерирани од вештачка интелигенција длабоко навлегуваат во емоциите и човечката психа“, вели таа. „Вештачката интелигенција и алгоритмите го прават она што некогаш го правеа харизматичните регрутери - само сто пати поефикасно“.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-01-21-at-17.56.02

САД и Кина постигнаа договор

САД и Кина се согласија значително да ги намалат тарифите за стоките на другиот крај за период од 90 дена, по преговорите одржани минатиот викенд.Зборувајќи во Женева, американскиот министер за финансии Скот Бесент рече дека „двете страни ќе ги намалат своите тарифи за 115%“ откако се согласија на 90-дневна пауза.Тоа е значително деескалирање на трговската војна што ескалираше минатиот месец. Пред денешниот договор, САД ги зголемија тарифите за кинеските стоки на 145% (вклучувајќи дополнителни 20% наметнати за ограничување на увозот на фентанил во САД), додека Пекинг возврати со тарифи од 125% за американскиот увоз.Бесент им рече на новинарите дека „двете страни покажаа големо почитување“ за време на разговорите и дека „двете страни сакаат избалансирана трговија“.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-05-12-at-08.34.16

Независниот полициски синдикат на протест, бараат да се почитува Законот за минимална плата

Независниот синдикат на полицијата денеска напладне ќе излезе на протест на кој ќе бараат да се почитува Законот за минимална плата и судските постапки да се спроведуваат во законски предвидените рокови.Протестот е закажан да се одржи пред судовите во Скопје, на крстосницата кај „Мавровка“.„Утре е денот кој го поздравија и поддржаа речиси сите балкански полициски синдикати, освен нашите таканаречени, кои не собраа храброст ниту да го споделат повикот за протест. Утре е денот кога синдикалци од Црна гора и Србија ќе патуваат по неколку часа да застанат рамо до рамо со нашите колеги и да дадат поддршка, а нашите синдикалци ќе се кријат по канцелариите од колегите на кои од утре ќе треба да им објаснат зошто постојат и зошто не се одзваа на поканата“, стои во повикот за протест објавен на фејсбук страната на независниот полициски синдикат.„Полициската плата е составена од основна плата и зголемување од 30%. Основната плата на полицијата не може да биде под минималната плата во државата. Бараме воедначување на судската пракса на апелациониот суд Скопје со Апелационите судови од Битола и Гостивар кој го потврдуваат нашето барање. Протестот ќе започне пред судовите, ќе се одржат кратки говори и ќе се упатиме пеш кон судскиот совет“, велат од Независниот синдикат на полицијата.

Македонија | пред 1 година

Rama1

Рама на прагот на четврти мандат

Социјалистичката партија на актуелниот премиер Еди Рама, по вчерашните избори е на пат да освои повеќе од 50 отсто од гласовите.Според Централната изборна комисија во Албанија, до утринските часови пребројани се 1083 гласачки кутии од вкупно 5225. Од досега обработениот материјал, Социјалистичката партија на Еди Рама е во убедливо водство со 53,26% од гласовите.Социјалистите досега освоија 82 мандати, со најдобри резултати во Тирана, Фиер, Драч и Елбасан.А коалицијата предводена од Демократската партија има 50 мандати.Лидерот на Демократската партија Сали Бериша, на прес конференцијата синоќа не беше јасен дали ќе ги признае изборните резултати и само нагласи дека силеџиите од Драч имаат намера да ги фалсификуваат.И Излезните анкети покажуваат триумф на Еди Рама.„Социјалистите освоија 51,8 проценти од гласовите на денешните парламентарни избори во земјата, покажуваат податоците од излезните анкети објавени од Албениан пост”, објави Топ чанел.

Свет | пред 1 година

premiera-fb

(🔴Видео - премиера) Да не се заборави Кочани: сведоштва за болката, трагедијата, солидарноста и надежта за правда

Ова не е само потсетник на еден црн ден — ова е повик за солидарност, за помош и за одговорност. Да не дозволиме трагедијата да избледи во тишина. Кочани не смее да биде заборавен. „Претрес“ се сретна со семејството на загинатиот Андреј Стојанов, во нивниот дом. Нема утеха за неговите мајка и татко. Очекуваат одговорност, за ова да не се повтори. Не знаат како ќе продолжат понатаму.https://youtube.com/live/bK4eLaervFU?feature=shareАна Вучева, посетителка на „Пулс“ и дел од „Support Kocani“, раскажа за критичните моменти кобната ноќ. Обидите за спасување, реакциите, сѐ што следувало по пожарот. Заклучи дека „Кочани е херој во целина“, мислејќи на семејствата на загинатите, повредените, граѓаните.Љубомир Игнатов, кој има само 18 години и е посетител на „Пулс“ и е дел од „Support Kocani“, по 40 дена се врати на работа. Свежи му се сеќавањата. Раскажа како за момент се откажал од животот кога избувнал пожарот, па вели: „Среќен бев само што нема да горам“, по што го спасиле и извлекле надвор. Бил заглавен во стампедото.Мартин Розин-Сопков кој исто бил во „Пулс“, а е дел од „Support Kocani“, посочува дека навреме излегол, но без зборови останал кога полицијата одбила да однесе повредено лице во болница. Посочува дека до ранитеу утрински часови се обидувал да помогне со сите сили.Кобната вечер во „Пулс“ бил и Дарио Трифунов, исто така волонтер во „Support Kocani“. Откако излегол од дискотеката, со другар, тргнал да носат повредено лице во болница. Тоа што таму го затекнал на почетокот биле 2-3 пациенти. Но потоа почнал хоророт. Сведочи дека недостасувале медицински средства, а немало ниту ножички кои ги барале за да му исечат маица на повреден.Мајките на загинатите деца, на протестот, просведочија како корумпирани поединци во институциите, се уште се на работните места, наместо да се под дисциплински постапки. Велат дека корупцијата им ги убила децата.

Македонија | пред 1 година

zelenski-51234

„Путин, те чекам во Турција, лично!“, му одговори Зеленски на Трамп и донесе историска одлука

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, зборуваше за мировните преговори со Русија и му се обрати на лидерот на таа земја, Владимир Путин, со порака дека ќе го чека во Турција во четврток бидејќи, како што додаде, „веќе нема смисла да се продолжува со убиства“.„Чекаме целосно и трајно примирје, почнувајќи од утре, со цел да се обезбеди потребната основа за дипломатија. Нема смисла да се продолжуваат убиствата. И ќе го чекам Путин во Турција во четврток. Лично. Се надевам дека Русите овој пат нема да бараат изговори“, напиша Володимир Зеленски на мрежата „Х“.Да потсетиме дека американскиот претседател Доналд Трамп претходно објави примирје и го повика Зеленски да го прифати предлогот на Путин.„Рускиот претседател Путин не сака да склучи договор за прекин на огнот со Украина, но сака да се сретне во Турција во четврток за да преговара за евентуален крај на крвопролевањето. Украина треба да се согласи со ова сега. Барем тој ќе може да утврди дали е можен договор, а ако не, европските лидери и САД ќе знаат каде стојат и ќе можат да дејствуваат соодветно! Почнувам да се сомневам дека Украина ќе постигне договор со Путин, кој е премногу зафатен со прославување на Денот на победата во Втората светска војна - војна која немаше да биде добиена (дури ни приближно!) без Соединетите Американски Држави. ОДРЖЕТЕ ГО ТОЈ СОСТАНОК, СЕГА!!!“, напиша Трамп.Патем, Путин предложи одржување директни разговори со Украина, со цел постигнување траен мир и завршување на војната. Иницијативата беше поздравена од украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој рече дека Киев е подготвен за разговори, но дека Москва прво мора да се согласи на итен прекин на огнот.Советникот за надворешна политика на Кремљ, Јуриј Ушаков, им рече на новинарите по забелешките на Путин дека предложените разговори на Путин ќе го земат предвид и нацрт-договорот отфрлен во 2022 година и моменталната ситуација на терен.Неколку дена по руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, Русија и Украина започнаа преговори во Белорусија. Овие преговори подоцна продолжија во Истанбул. Нацртот договорен таму, кој ја постави рамката за можно решение на конфликтот, е познат како „Истанбулски договор“.

Свет | пред 1 година

496510455_10161671992933720_8032107300759074868_n

Саботирана струјата во штипската модуларна болница, постоело опасност да избие пожар, вели директорот Захариев

Директорот на Клиничка болница-Штип, Владко Захариев, објави дека во модуларниот објект, намерно се оштетува струјата во неколку наврати. Тој посочува дека случајот е загрижувачки и станува збор за сериозна закана.„Загрижувачки случаи на вандализам во модуларната болница во Штип! Во изминатиот период, модуларната болница во Штип неколкупати е мета на намерни оштетувања. Непознати сторители саботираат делови од електричната инсталација, со сериозен ризик да предизвикаат краток спој и пожар. Со тоа директно се загрозува здравствениот персонал и безбедноста на објектот, посакувајќи намерен пожар. Дополнително, овие вандалски акти ја успоруваат и одложуваат планираната реконструкција и унапредување на модуларната болница, која треба да обезбеди подобри услови за згрижување на пациенти и работа на медицинскиот кадар. Станува збор за сериозна закана која бара итна и решителна реакција“, вели Захариев.Тој посочува дека има камери и обезбедување. Засега не е познато дали случајот е пријавен во МВР.„Не е муабетот каде е обезбедувањето, туку до каде оди човечката психа. Да споиш фаза и нула за да предизвикаш пожар не можам да си го објаснам“, додава Захариев коментирајќи на социјалните мрежи.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-05-10-at-10.16.45

Ги обвинија родителите дека протестот е политички, мајка одговори: Засрамете се, останавме без деца, ни ставате нови нервози!

Стојка Иванова-Антова, која во јавност е позната како единствена жена пожарникар во Кочани, а е мајка на загинатата Ивона Антова во „Пулс“ одговори на коментар на социјалните мрежи дека протестот на мајките е политички. Откако извесна Лидија напишала „Жално за децата, очигледно одбивањето да се сретнат со премиерот, протестот е во политички правец“, Антова напиша:„Да не си во наша кожа, па терај ја нашата политика, срамота, и вие сте жени, мајки, немате ли малку срце и друга работа, освен да коментирате. Нашите деца кои ги убија кои се закопани, сѐ од Македонија и од сите политики, и не ги прашаа од која партија се па да ги убијат. Засрамете се и вие нѐ замарате и ни ставате дополнителни стресови и нервози. Останавме без деца еј, без деца сме, сега нашите деца ќе бидат, утре вашите“, напиша Антова како одговор на коментарот.Мита Тасева, мајката на загинатиот диџеј Стефан Тасевски, пак ги праша: „Дали овде пишува политика или смрт“, објавувајќи фотографија од гробот на своето дете.

Македонија | пред 1 година

mickoski-ahmeti

Мицкоски со остра порака до Ахмети: Ако се идентификува со криминалците, тогаш треба да чека да му тропнат на врата и нему

Премиерот Христијан Мицкоски, упати порака до лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Тој му рече дека гонење на криминалци не е задирање во правата на Албанците. Потоа му кажа дека ако се идентификува со овие лица, тогаш, треба да чека и нему да му тропнат на врата.„Ако мисли дека со тоа што дел од раководството на ДУИ, кое што во минатото е осомничено дека сторило кривични дела е задирање во правата на Албанците, не, тоа е борба со криминалците. Се надевам дека не се идентификува со нив. Ако се идентификува со нив,тогаш и тој треба да чека, еден ден, тие кои се борат против овие криминалци, да му тропнат на врата и нему. Јас би го советувал да не се идентификува со луѓе за кои постои основано сомневање дека сториле криминал. Истите обвинители и судии кои беа бирани од мнозинството на СДСМ и ДУИ, покренуваат обвиненија против лица од ДУИ. Знам дека има многумина кои се заштитени од истите овие обвинители, тоа ми е јасно“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

mickoski

(Видео) Мицкоски ќе оди во Кочани да разговара со семејствата на загинатите, откако тие ја одбија поканата за средба во Влада

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека е подготвен да оди во Кочани да се сретне со родителите кои ги загубија своите чеда во трагедијата. Тој рече дека ја почитува нивната одлука да ја одбијат поканата средбата да биде во Владата. Посочи дека тој досега не добил покана за средба со нив, па додаде дека неколку пати бил таму.„Жалам што е таква одлуката, немам проблем да заминам во Кочани. Ќе сторам сѐ за да им помогнам колку што можам. Лага е дека сум имал покана. Но еве ако ова е покана, ќе појдам, ќе разговарам, ќе се организираме. Стојам на располагање, јас во Кочани неколку пати бев. И дента кога се случи тој хорор, бев кога посетвував некои од семејствата. Овој случај не треба да добие статус на естрада, а некои политички глодари и некрофили се обидоа тоа да го прават. Ја прифаќам поканата, немам проблем да појдам и да помогнам во било што што можам да помогнам, за да пробам таа болка, колку толку да ја намалам“, вели Мицкоски.Претходно, семејствата на трагично загинатите млади во пожарот што се случи на 16 март во дискотеката „Пулс“ во Кочани ја одбија поканата од кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски за средба закажана на 13 мај во Скопје.

Македонија | пред 1 година

Samoubistvo-kaj-Momir-02

Ужас во кичевско: со секира ги нападнал родителите, го убил татко му, мајката е во неконтактибилна состојба

Денеска (11.05.2025) во 07:10 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Е.А.(48) од селото Србјани, кичевско, поради сторено кривично дело „убиство“.„Околу 07 часот во ПС Кичево од Итната медицинска помош Кичево, било пријавено дека кај нив се јавил Е.А. и кажал дека во семејната куќа во с. Србјани со секира ги нападнал неговите родители. Со возило на Итна медицинска помош двете лица се пренесени во Медицинскиот центар Кичево, каде У.А.(74), татко на сторителот, им подлегнал на повредите, а Ф.А.(67), мајка на сторителот, е во неконтактибилна состојба. Е.А. е лишен од слобода и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава“, велат од МВР.Од Обвинителството велат дека лицето е задржано.„Во врска со настанот во кичевско каде маж со секира ги нападна родителите, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кичево изврши увид на лице место во семејната куќа во селото Србјани, прибрани се траги кои ќе бидат предмет на вештачење. Лицето е задржано и текот на денот ќе следи постапка“, велат оттаму.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-05-11-at-13.49.04

(Видео) Мицкоски го испрати Таравари во опозиција: Најмалку што очекував е да се врати во прегратките на Ахмети

Премиерот Христијан Мицкоски, рече дека идната недела ќе го викне на средба министерот за здравство, Арбен Таравари, како завршна средба пред тој да замине од Владата. Мицкоски рече дека најмалку што очекувал е Таравари да се врати кај ДУИ.„Јас забележав, ги слушнав тие изјави. Мислам дека Таравари неколкумина околу него се одлучени да се вратат кај ДУИ и Али Ахмети. Се надевам дека ќе имаме следната недела завршна средба за да сумираме што имаме направено. И да му посакам добро здравје. Најмалку што очекував е да се врати во прегратките на Ахмети и малкумина околу него. Повеќе од сигурно е дека тој се враќа во прегратката на тие што ја опустошија Македонија изминатите две децении, повеќе од 20 години. Нивен избор е“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-05-11-at-13.22.33

(Видео) Кривична за лицето кое влечеше куче во Крива Паланка

ОВР Куманово до ОЈО Крива Паланка ќе поднесе кривична пријава против А.А. (23) од Крива Паланка поради сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“ по чл. 233 од КЗ.„На 10.05.2025 во 23.30 часот во ОВР Крива Паланка било пријавено дека на социјална мрежа е објавена видео снимка, на која се гледа како во Крива Паланка, куче било врзано за патничко моторно возило во движење и кучето било принудено да трча. Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициските службеници од ОВР Крива Паланка и било утврдено дека сопственик на возилото и кучето е А.А. (23) од Крива Паланка“, велат од МВР.Со него е извршен службен разговор и против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања