Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Sudenje-na-Palco-za-Vanja-Pance

За двојното убиство на Вања и Панче, се очекува да сведочи и Гоце Трајковски

Во скопскиот Кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за двојното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.Се очекува да сведочи Гоце Трајковски, кој заедно со таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој е исто онвинет. помагал во потрагата по неа, прибавувајќи видео снимки.Трајковски е последен сведок на предлог на Обвинителството. Тој требаше да сведочи на почетокот од постапката, кога беа сослушани и другите сведоци, меѓутоа, поради здравствени причини, како што кажа мајка му Кираца Трајковска, тоа не се случи, а потоа не беше достапен на органите на прогон поради друго кривично дело. На 23 јануари 2025 година се предаде на полицијата и оттогаш е во притвор.

Македонија | пред 1 година

frosina-4512513245

Сестрата на Фросина: За да нѐ дефокусираат од реалните трагедии, ботови на корупцијата праќаат лажни дојави за бомби-срамно!

Росица Кулакова, сестра на смртоносно прегазената Фросина Кулакова, се сомнева дека лажните дојави за бомби се со цел да се направи дефокус. Таа во статус на социјалните мрежи рече дека станува збор за срамен чин, а истовремено, изрази сочувство за Игор Југ, осуденк за 27 април кој почина.„Сочувство до семејството на Игор Југ, уште една жртва на корумпираното судство. За да нѐ дефокусираат од реалните трагедии, ботови на корупцијата праќаат лажни дојави за бомби во училиштата. Нели ни е веќе видено ова сценарио? Со ефтини закани пробувате дополнително да ги исплашите веќе преплашените деца и родители. Срамно!“, напиша Кулакова.

Коментари | пред 1 година

Screenshot-2025-02-07-at-19.44.43

Револт, гнев и тага: Пријателите се простуваат од Игор Југ, згрозени се што не дочека слобода и правда

Осудените за „27 април“ со кои ја делеше судницата, адвокати, пријатели се простуваат од Игор Југ, кој почина на 52 години. Тој и неговиот правен тим подготвуваа барање за повторување на постапката. Почина како осуденик, покрај тврдењата дека не сторил ниту тероризам, ниту терористичко загрозување на уставниот поредок.Горан Ангелов-Ќосето, со кого делеа затворска ќелија во прилепскиот затвор напиша: „Почивај во мир Игор ...Не дочека синот да го видиш ,не дочека слобода ...не изедоа по затвори!“[caption id="attachment_321315" align="alignnone" width="1526"] Screenshot[/caption]Митко Чавков, исто така осуден за „27 април“, напиша: „Почивај во мир Игор. Чесен и исклучителен патриот, едноставен, директен и правдољубив, таков те запознав во мојот живот и таков ќе останеш засекогаш. Како што повеќе пати сум пишал, речиси сите се запознавме во судската сала во КУЌАТА на НЕПРАВДАТА. СУДБИНАТА наша и на нашите семејства ни ја определија безобзирни КРИМИНАЛЦИ кои во нас гледаа само СРЕДСТВА за постигнување криминално-политички цели! Длабоко го разбирав твојот јад, гнев од неправда, гнев заради чувството на отфрленост, само пред неколку дена зборевме и се охрабрувававме да издржиме со надеж да дочекаме правда. Игор, за мене во моментот кога ја чув веста, СМИСЛАТА за молење за правда, престана. Најди го мирот во царството небесно“.[caption id="attachment_321316" align="alignnone" width="1544"] Screenshot[/caption]И Зорица Чавкова, адвокатка и ќерка на Митко Чавков, се прости од Југ.„Од денес… ништо нема смисла. Почина Игор Југ… Носете го на душа сите прозвани во неговите статуси! Душата му страдаше заради неправдата, страдаше од предавници, кодоши, јуди, лицемери, ѓубриња, измамници, преваранти, болесници….ги презираше, срце му пукна.Сега почивај мирно легендо! Оставаш ќеркичка, бебенце уште неродено… нема да бидат сами“, напиша Чавкова.[caption id="attachment_321315" align="alignnone" width="1526"] Screenshot[/caption][caption id="attachment_321317" align="alignnone" width="1524"] Screenshot[/caption]Драган Пешевски, адвокатот кој го бранеше Југ изминатите години во случајот „27 април“, ја карактеризираше државата како убиец на Југ.„Игор Југ не дочека да го види светлото на денот, а да не е преку решетки. Неправилно осуден, фамилијарен човек, сопруг татко, мој другар. За нешто што не направил (ова одговорно го тврдам) коските му скапаа по зандани а неговиот цврст карактер и неговата пркос не му дозволија да се помири со неправдата. Државата и политиката го затворија и убија а неговото семејство го оставија на милост и немилост!!! За жал не издржа и неговото срце застана утрово... Нека му е лесна земјата и светол патот. Поздрав Игор!!!“, напиша Пешевски.Никола Димитриевски, осуден за обидот за убиство на Зијадин Села на 27 април исто така се прости од Југ.Ако некој беше најреален тоа беше ти,ако некој беше најборбен тоа беше ти,ако некој ја кажуваше вистината во лице тоа беше ти!!!! Летај во височините Бате мој и Херој на Македонија!!! Бог да те прости и Вечна ти слава Игор Југ“, напиша Димитриевски.[caption id="attachment_321319" align="alignnone" width="1532"] Screenshot[/caption]Адвокатот Јанаки Митревски, напиша дека на душа ќе го носат тие што го искористија и оставија во затвор.„Игор Југ починал утрово од срцев удар. Не доживеа да види слобода. Бог да го прости и на душа нека го носат оние кои прво го искористија па го оставија да изгние во зандана!!! А и оние кои го затворија сто години за “носење на пиштол” кој никој не го видел!“, напиша Митревски.Од Југ се прости и Вилијам Михајловски, друг осуден за „27 април“.„Вечна ти слава Брат мој. Реферати нема да пишувам, само ќе кажам дека чест ми беше што те познавам. Сочувство до семејството“, напиша тој.[caption id="attachment_321322" align="alignnone" width="1534"] Screenshot[/caption]

Македонија | пред 1 година

policija-skolo-bombi

Проверките покажуваат дека станува збор за лажни пријави за бомби, велат од МВР

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека по мноштвото пристигнати пријави за наводно подметнати експлозивни направи во повеќе основни и средни училишта на речиси цела територија на државата, надлежните служби на министерството преземаат сеопфатни плански мерки и активности согласно внатрешните процедури за постапување во случај на терористичко загрозување.Напоредно со ова се врши и проценка на степенот на загрозувањето во меѓусебна координација на безбедносно-разузнавачките служби, преку формиран оперативен штаб во рамки на Министерството.Согласно досегашните активности, проверките покажуваат дека станува збор за лажни пријави.Воедно, Министерството за внатрешни работи повикува и апелира за смиреност во јавноста и воздржување од ширење на дезинформации околу ваквите настани што инаку вчера беа евидентирани и во други земји во регионот.

Македонија | пред 1 година

komisija

Обвинение за четири лица инволвирани во изведбата на проектот за фасада и илуминација на зградата на Владата

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице и Обвинителен предлог против четири лица.Обвинителниот акт се темели на докази од кои произлегува дека обвинетиот – управител на друштво за градежништво, трговија и услуги сторил кривично дело со дејствијата што ги преземал во период од февруари до април 2013 година, свесно ги повредувајќи ги прописите за постапката за доделување на договор за јавна набавка сторил кривично дело Злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство. Имено тој, склучил договори за заеднички настап со три правни лица со цел да бидат искористени ресурсите на членовите на групата при оценување на економско финансиската состојба на понудувачот, иако немал намера истите да ги ангажира при реализацијата на договорот и изведба на градежни и градежно-занаетчиски работи за реконструкција на фасадата и илуминација на објектот на Владата на Република Македонија. Воедно, во понудата, и покрај тоа што бил должен согласно Законот за јавни набавки, доставил два подизведувачки договори со други две правни лица, но не и за останатите подизведувачи на кои имал намера да им отстапи дел од договорот за јавна набавка. По склучување на договорот за јавна набавка, обвинетиот не постапил по договорите за заеднички настап, според кои правните лица како членови на група економски оператори ставајќи ги на располагање своите техничко-технолошка опрема, кадар и финасиско-економски ресурси, требало да изведуваат дел од работите доколку бидат доделени на правното лице чиј управител е обвинетиот. Со преземените дејствија обвинетиот за друштвото со кое управувал остварил имотна корист од поголеми размери во износ од 470.018.103,00 денари.Заедно со обвинителниот акт е доставен и обвинителен предлог со кој освен погореобвинетиот се опфатени уште три лица кои сториле по едно продолжено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување. Во периодот од месец мај 2013 до крајот на октомври 2016 година, обвинетите – директор на владина служба, управител на правно лице задолжено за стручен надзор над работењето на фасадата и илуминација на објектот на ВРМ и главен надзорен инженер, со умисла поттикнати од првообвинетиот – управител на друштво за градежништво, трговија и услуги – изведувач на проектот, со намера нанеле значителна имотна штета на средствата на Буџетот на Република Македонија во износ од 184.015.304,00 денари.Така, подизведувачот за изведување на градежни и градежно занаетчиски работи за изведба на декоративни и фасадни елемети и изведба на каменорезачки работи за објектот на Владата, иако не поседувал лиценца за изведувач на градби од прва категорија, бил ангажиран и притоа не ги испочитувал одредбите од подизведувачкиот договор, па извршил монтажа на декоративни фасадни елементи изработени од материјал што не соодветствувал на материјалот предвиден во основниот проект. Второобвинетиот, со умисла поттикнат од првообвинетиот, не ја извршил својата службена должност и при реализацијата на договорот не ставал забелешки во поглед на начинот на изведба на работите и употребениот материјал и покрај тоа што сертификатите и целокупната преписка помеѓу изведувачот на работите и носителите на стручниот надзор во поглед на материјалите и изведбата на декоративните фасадни елементи била доставувана до него, со тоа дозволил декоративните фасадни елементи од материјал што ги нема потребните карактеристики да бидат вградени. Трето и четврто обвинетите како одговорни лица за реализација на договорот, со умисла поттикнати од првоосомничениот, не ги извршувале своите посебни овластувања и должности, не вршеле проверка на квалитетот на вградените материјали во градбата и не ставале забелешки во градежните дневници во однос на материјалот од кој биле изработени фасадните елементи со што му овозможиле на друштвото – изведувач преку ангажираниот подизведувач да изведе и да вгради елементи изработени од материјал што не ги поседувал потребните карактеристики и не бил еквивалентен на материјалот предвиден во основниот проект.

Македонија | пред 1 година

policija-1313

Дојави за експлозивни направи во 3 училишта во Општина Центар, се вршат антитерористички проверки

Утринава во ООУ „Киро Глигоров“ , ООУ „Димитар Миладинов“ и ООУ „ Гоце Делчев“ во Општина Центар беа добиени дојави за поставени експлозивни направи, велат од општина Центар.„Веднаш по приемот на пријавите, полицијата излезе на терен и презеде мерки за безбедно евакуирање на учениците и вработените.Во ООУ „Димитар Миладинов“ беа извршени детални антитерористички проверки, при што е утврдено дека станува збор за лажни дојави, па наставата продолжи редовно. Во ООУ „Киро Глигоров“, учениците беа навремено евакуирани, а наставата е прекината до завршување на целосниот увид. Во ООУ ,, Гоце Делчев “ каде денеска се прославува патронат и децата се ослободени од настава, во тек е полициска проверка.Безбедноста на децата и вработените е наш врвен приоритет. Во координација со МВР ќе продолжиме да ги спроведуваме сите неопходни мерки за заштита“, соопштија од општина Центар.

Скопје | пред 1 година

igor-jug

Почина Игор Југ, осуденик за 27 април кој бараше повторно судење и слобода

Почина Игор Југ, осуденик за „27 април“ кој издржуваше 12-годишна затворска казна. Тој беше на прекин од издржување на казната поради влошената здравствена состојба. Југ почина на 54 години од кои осум ги помина зад решетки.Во изминатиот период, Југ бараше слобода и повторување на постапката за „27 април“, со тврдење дека никој од осудените не е терорист ниту сторил терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.Неговото последно јавно излагање беше во поткастот „Претрес со Ландов“, каде отворено зборуваше за тортурата низ која поминал, затворските денови, неговата иделогија..

Македонија | пред 1 година

IMG_6897

Дојави за бомби во скопски училишта

Дојави за бомби имало во неколку скопски училишта, јавуваат загрижени родители на ученици до „Скопје1“.Според првичните информации, евакуација имало во основното училиште „Петар Здравковски“ во Бутел. Исто така, децата биле евакуирани од ОУ Киро Глигоров, од каде неофицијално учениците биле вратени дома. Дојава, имало и во средното училиште „Јосип Броз Тито“. Дојави имало во околу шест училишта, јавуваат извори од МВР за „Скопје1“Засега овие информации не успеавме да ги потврдиме од официјалните органи. Детали побаравме од МВР, од каде очекуваме одговор.

Скопје | пред 1 година

policija-pance-2

(Видео) Тошкоски: МВР почнува силни сообраќајни контроли, сите како општество да креираме побезбеден сообраќај

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски синоќа ги посети полициските службеници кои учествуваат во обемната акција која МВР ја започна од вчера на силни сообраќајни акциски контроли низ главниот град.„Седумнаесет главни булевари и улици ќе се покриваат интензивно од страна на МВР во делот на сторени сообраќани прекршоци од сите учесници во сообраќајот. Фокусирано сме булеварите бидејќи тие се црните точки каде најчести се случуваат сообраќајните несреќи и одземаат човечки животи.Упатувам апел до сите учесници во сообраќајот, особено до возачите, да бидат внимателни, да ги почитуваат доследно сообраќајните правила, да не управуваат возила надвор од дозволената брзина, да не поминуваат на црвено, да не забрзуваат на жолто, да не управуваат возила под дејство на алкохол, бидејќи највредното нешто што го имаме во државата се луѓето и човечкиот живот“, истакна министерот и притоа упати пораки до сите учесници во сообраќајот.Министерот Тошковски потенцираше дека МВР ќе преземе голем број дејствија во рамки на своите надлежности и ќе делува максимално активно и превентивно во дејствијата со цел намалување на жртвите во сообраќајот.„Минатата година има 142 жртви во сообраќајни несреќи. Тоа се страшни бројки. Сите како општество мора да се фокусираме тие бројки да се намалат.Имаме начин како да се намалат овие бројки. Интензивно работиме на имплементација на проектор „Безбеден град“ кој ќе прерасне во „Безбедна држава“. Овој проект апсолутно ќе помогне во зачувување на човечките животи и во зголемувањето и имплементирање на сообраќајна култура која ни е потребна.Сигурен сум дека во иднина со макотрпна работа, реализација на планираните проекти и усогласување на законската регулатива во иднина ќе имаме значително помали бројки на жртви од сообраќајни незгоди.“, на крај истакна министерот Тошковски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-02-06-at-03.33.24

Се бара притвор за ексдиректорот на СОЗР, Пеце Мирчевски - познати сите детали од истрагата

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица – едно осомничено за продолжени кривични дела – Примање поткуп од член 357 став 1 и Проневера во службата од член 354 став 3 во врска со став 1, додека другото е осомничено за продолжено Давање поткуп од член 358 став од Кривичниот законик.Првоосомничениот, во периодот од 09.06.2021 година до 13.06.2024 година, во својство на службено лице – директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Северна Македонија, во повеќе наврати искористувајќи исти прилики, примил друга корист за себе и за својата сопруга за да изврши службено дејствие што не би смеело да го изврши.Тој не го пријавил постоењето на судир на интереси, односно потпишувал изјави за непостоење на судир на интерес и не се изземал во постапките за вкупно 5 јавни набавки на кои била избрана фирмата сопственост на второпријавениот, иако во текот на целиот тој период остварувал директна материјална корист за себе и за својата сопруга. Така тој за лични потреби и цели без надомест користел патничко моторно возило “Фолксваген пасат” сопственост на фирмата, а неговата сопруга дополнително користела услуги за превоз со возила и возачи.Осомничениот и откако бил разрешен од функцијата директор на Службата за општи и заенички работи на Владата на Република Северна Македонија, од фирмата сопственост на второпријавениот продолжил да остварува директна материјална корист за себе и за својата сопруга, па за лични потреби и цели, без надомест, продолжил да го користи патничкото моторно возило “Фолксваген пасат”, како и уште едно возило марка “Ауди Q8”, за што му е поведена скратена постапка и согласно ставот 3 на кривичното дело – Примање поткуп.Второосомничениот, во својство на сопственик и управител на правното лице, во повеќе наврати во период од три години, на службеното лице му давал друга корист за него и за друг за да изврши службено дејствие што не би смеело да го изврши, односно да не се изземе од постапките и да ги потпише договорите за јавни набавки.Во периодот од 01.01.2022 до 13.06.2024 година, во повеќе наврати, со намера да прибави за себе или за друг противправна имотна корист, осомничениот директор присвоил и пари во значителен износ од 1.792.859 денари. Имено, тој потпишувал барања за резервација на хотелско сместување, барања за резервација на авио билети, решенија за упатување на службен пат во странство и налози за службен пат во странство, во кои прикажувал невистинити податоци дека се работи за службени патувања и за службени потреби и цели и со тоа овозможил за себе и за други лица вработени во Службата да се стекнат со имотна корист и го оштетил Буџетот на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Северна Македонија за наведениот износ, со што е осомничен дека извршил проневера во службата.Исто така, за првиот осомничен, поведена е скратена постапка и за кривично дело – Несовесно работење во службата од член 353-в став 3 во врска со ставовите 2 и 1 од Кривичниот законик. Во периодот од 27.10.2023 заклучно со 14.06.2024 година, во својство на директор и одговорен менаџер на Авио службата при Службата за општи и заеднички работи, тој несовесно постапил во вршењето на своите овластувања и должности и со тоа нанел штета на Буџетот на Република Северна Македонија во износ од 3.444.615 денари. Иако знаел дека пилотот вработен во Службата за општи и заедничи работи не ги исполнува условите за капетан – водач на воздухоплов, му овозможил на лицето да му биде исплаќан месечен надоместок по основ на плата за тоа работно место.Поради опасност од бегство и можност за влијание врз сведоците во постапката, пред се вработени во Службата за општи и заеднички работи кои допрва треба да бидат испитани, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за првиот осомничен.За второосомничениот обвинителството предлага мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето; обврска да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државна граница или забрана за нејзино издавање, како и забрана да остварува каков било контакт со другиот обвинет во текот на постапката.

Македонија | пред 1 година

frosina-jovanov

Судскиот совет оформи Комисија за пресудата за возачот што ја усмрти Фросина

Судскиот совет на денешната седница формира Комисија од тројца кои ќе ја испитуваат пресудата на судијката Даниела Алексова Стојановска од Кривичниот суд, за возачот Васил Јованов за делото трговија со дрога.Јавноста реагираше на судиската одлука, полнолетниот Јованов, за продажба на марихуана и таблети наместо во затвор, да се испрати во поправен дом.Поради жалбената постапка, пресудата сега се наоѓа во второстепениот суд и осудениот никогаш не заминал на воспитување во Тетово.,,Комисијата на Судскиот совет ќе треба да направи увид во предметот за возачот што ја усмрти Фросина Кулакова”, изјави претседателот на Судскиот Совет, Александар Камбовски.Ќе се ,, чешла” пресудата на судијката Даниела Алескова Стојановска.,,Треба внимателно да постапува комисијата, да не створи притисок врз апелационите судови бидејќи тие нормално треба да одлучат по таа првостепена пресуда. Ако е добра ќе ја потврдат. Ако сметаат дека не е во ред, дека постојат одредени повреди на постапката, ќе ја укинат или можеби ќе ја преиначат. Затоа треба комисијата внимателно да изврши увид и откако ќе заврши со увидот, ќе направи свој извештај. Ќе се постапува паралелно. Меѓутоа, убаво би било да внимаваме бидејќи не сакаме да почувствува Апелациониот суд некаков притисок од наша страна. Доволен е притисокот што веќе го има од јавноста врз тој суд”, истакна Камбовски, по седницата на Судскиот совет.

Македонија | пред 1 година

operacija-2

На товар на Фондот ќе бидат операциите за кратење на желудникот за екстремна дебелина

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, најави дека оваа година државата ќе покрива повеќе нови методи во државното здравство. Па така, за првпат за пациентите, бесплатна ќе биде и операцијата за намалување на желудникот при зголемена дебелина.Клековски најави дека ќе има пари и за трансплантациите на црн дроб од жив донор, а Фондот ќе го покрива и стентирањето на периферни крвни садови.Клековски најави и дека ќе се зголеми опфатот на пациенти со цистична фиброза кои ќе бидат вклучени на оваа животоспасувачка терапија.,,На Детската клиника сме во преговори возрасната граница на пациенти што добиваат „Трикафта“ да ја спуштиме од 12 на 6 години, односно се прават преговори со единствениот производител „Вертекс“ да се обезбедат попусти и така што поголем број пациенти да добијат Трикафта”, изјави Клековски.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-02-2300PM

Идеата за нов Клинички на пауза, 8 Септември ќе стане регионален центар

Сашо Клековски, директорот на Фондот за здравствено осигурување најави пауза во плановите за нов Клинички центар.Потребно е да се анализираат потребите на населението а демографските промени и бројот на пациенти ќе влијаат на понатамошните одлуки.Според него, болницата „8 Септември“ има најдобри капацитети за понатамошна модернизација, бидејќи располага со доволно простор и инфраструктура.Планираме, рече, Градската општа болница ,,8 Септември“ во Скопје да стане регионален центар за лекување на пациенти од Скопје, Куманово и Велес.Презентирајќи го буџетотот на Фондот за 2025, Клековски рече дека реорганизацијата на „8 Септември“ е дел од здравствената стратегија, владина и партиска.„ 8 Септември” има 150 квадратни метри болнички кревети наспроти Стара Градска каде што се 30 и нешто квадрати. Поради тој капацитет и инфраструктурата околу Болницата, очекувано е дека таму ќе се инвестира за да се види колку може да се растовари Клиничкиот центар во однос на секундарно здравство. Морам да кажам дека во ,,8 Септември” се изведуваат методи кои не се изведуваат на Клинички.Тука гледаме најмногу потенцијал, со најмало вложување да добиеме најдобар одговор. Освен Онкологијата, мислам дека ќе бидат најавени нови проекти, како на пример Нефрологија“, рече Клековски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-02-06-at-03.33.24

Пеце Мирчевски, ексдиректор на СОЗР при Влада оди во притвор

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основно јавно обвинителство за определување мерки за обезбедување против едно лица поврзано со истрагата за Службата за општи и заеднички работи при Влада на РСМ, по произнесување на осомничениот во присуство на негов бранител и Јавниот обвинител, донесе решение со кое:Се прифаќа предлогот на Јавниот обвинител и на осомничениот П.М. му определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од чл. 165 ст.1 т. 1 и 2 односно Опасност од бегство и Можност да ја попречи истрагата со влијание врз сведоците.Воедно прифатен и предлогот за определување мерки за претпазливост против Г.П. согласно чл. 146 ст. т1,2,3 и 6 односно Одземање на патната исправа и забрана за издавање нова, Забрана за напуштање на живеалиште односно престојувалиште, Обврска да се јавува во судот, Забрана за воспоставување комуникација со други лица поврзани со кривичното дело.Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.

Македонија | пред 1 година

filipce34

Филипче: Консензус а не нова партизација и окупација со смена на Судскиот совет од власта

Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, на ФБ излезе со реакција по најавата на премиерот Христијан Мицкоски дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието ќе достават иницијатива за разрешување на членовите на Судскиот совет кои се избрани од Парламентот.,,Потребни се темелни реформи на правосудството и тоа го очекуваат граѓаните. Но, реформи кои ќе значат независно и ефикасно судство кое ќе обезбеди правда. Не смееме да дозволиме правдата која ја бараат граѓаните да се претвори во нова партизација и окупација преку смена на Судскиот совет од страна на власта.СДСМ бара следните чекори и реформи во правосудството да се прават со консензус на сите партии во Собранието. Потребен е национален, натпартиски пристап кој ќе обезбеди реформи согласно европските препораки. За тоа е потребно формирање на заедничка работна група во Собранието кое ќе ги дефинира, контролира и заеднички спроведува реформите во овој чувствителен сегмент. Доколку ВМРО-ДПМНЕ има искрена намера, ова ќе го прифати. Во спротивно ќе значи дека имаат сосема различни намери“, напиша Филипче.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-02-06-at-21.57.09

Во Судски совет изненадени од иницијативата за нивно разрешување

Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, од медиумите слушнал дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат иницијатива за разрешување на членовите на ова судско тело.„Првпат од вас чув. Повеќе пати имам дадено изјави. Единствено место каде тоа може да се случи е во Судскиот совет. Имам и претходно кажано, работиме сите согласно закон и Устав. Немам причина да се сомневам дека Собранието и Владата работат според тие принципи. Иницијативи до Собранието можат да се поднесуваат, секој има право“, рече Камбовски.Тој рече дека не сака да шпекулира на темата „што доколку ги разрешат“ членовите на Судскиот совет избрани од Собранието.

Македонија | пред 1 година

26122024-Mickoski

„Цениме дека треба да се удри во чело“ - иницијатива за разрешување на членовите од Судски совет поднесуваат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ

Иницијатива за разрешување на Судскиот совет, односно членовите поднесуваат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ до Собранието. Ова го објави премиерот Христијан Мицкоски, според кого, телото е главно упориште на корупцијата. Ова доаѓа откако граѓаните излегоа на улиците бунтувајќи се против системот, а по прегазувањето на Фросина Кулакова на пешачки премин од страна на Васил Јованов.„На државата и граѓаните им е потребна правда, а правда може да се добие со длабоки реформи и сериозни промени наспроти досегашните пракси на злоупотреби кои имаат пуштено длабоки корени во системот. Македониjа мора да се бори против своето корумпирано мочуриште кое jа држи заробена и заложник и е причина за неjзино пропаѓање и разочарување кај многу од граѓаните. Затоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат иницијатива за разрешување на членовите на Судскиот совет, кој според мое длабоко убедување е дел од системот кој останува главното упориште на корупцијата, неправдите и разочарувањата. Македониjа мора да победи!“, напиша Мицкоски.„Во изминативе месеци се запознавав детално со начинот на функционриање, избор и институционалната мерија и сето тоа што е поврзано со судско-обвинителскиот систем во државата. Кога не знам, се трудам да учам. Заедно со министерот, со сите луѓе кои работат во Министерството за правда, пратениците, анализираме. И споделуваме искуства, бараме решенија. Не е тајна ако кажам дека граѓаните не се задовлни како функционира судско-обвинителскиот систем кај нас. Ние не можеме да направиме целосно распуштање или ниту можеме за кратко време да ги најдеме аномалиите. Но можеме да избереме судски совет кој ќе биде своевиден монитор како судиите се однесуваат, какви одлуки носат и зошто носат такви одлуки. Цениме дека треба да се удри во чело, а не да правиме импланти. Тоа подразбира дека се што е под ингеренции на Парламентот, таму каде се бираат, таму да се изгласа интерпелација. Тие можат да останат во Судскиот совет. Но ако ти водиш инает а ти изгласале интерпелација - не е добро. Тогаш имаме други алатки“, додаде Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

ambulanta

Загина пешак во Струмица, прегазен од камион

На 05.02.2025 во 15.35 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на бул.„Гоце Делчев“ во Струмица, товарно возило - влекач „ман“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Т.С.(56) од Богданци, удрило во пешакот Д.Т.(46) од село Ангелци, струмичко.Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицински центар Струмица за укажување на лекарска помош, каде подоцна починал. За настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, по чии насоки телото на починатиот било дадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.

Македонија | пред 1 година

Izmamnik.00_43_21_21.Still003

(Видео) Тренерот од Прилеп осуден за педофилија првпат пред камерите: Не се чувствувам како педофил

Џудо тренерот од Прилеп, Рубин Пеески, кој за обљуба на деца кои тренирале во неговиот клуб доби 20 години затвор, зборуваше во „Претрес“. Не се чувствува како педофил, тврди дека нема жртви односно оштетени малолетнички од него. На прашањето зошто тогаш се нашол зад решетки - рече дека и пречел на „хибридната власт“, без да објасни кому точно и од која причина.Гушкање, бакнување, допири, мешање во приватниот живот - ова се дел од дејствијата кој тој е осуден. Свесен е дека е осуден за педофилство, проба да ги објасни неговите постапки, но документите врз основа на кои е осуден - не го потврдуваа тоа што го зборува.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Трамп сака да ја претвори Газа во „блискоисточна ривиера“; Армија: Подготвени сме на се

Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет денеска изјави дека Пентагон е подготвен да ги разгледа сите опции кога станува збор за Газа, еден ден откако претседателот Доналд Трамп рече дека би сакал САД да ја преземат контролата и да го обноват Појасот Газа.„Само би рекол, за прашањето за Газа, дефиницијата за лудост се обидува да го прави истото одново и одново“, рече Хегсет пред почетокот на состанокот со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Пентагон.„Претседателот е подготвен да размислува надвор од рамката, да бара нови и уникатни, динамични начини за решавање на проблемите што изгледаа нерешливи... Ние сме подготвени да ги разгледаме сите опции“, додаде Хегсет.Трамп повика на трајно раселување на Палестинците од Појасот Газа на заедничката прес-конференција со Нетанјаху во вторникот за САД да можат економски да ја развијат областа и да ја претворат во „ривиера на Блискиот Исток“, предизвикувајќи глобална осуда.Портпаролката на Белата куќа и државен секретар Марко Рубио подоцна изјави дека Трамп сака Палестинците кои живеат во Газа да бидат „привремено преместени“ за да може енклавата повторно да се изгради.Што рече Трамп?„САД ќе го преземат Појасот Газа, а ние исто така ќе ја завршиме работата. Ние ќе го поседуваме и ќе бидеме одговорни за отстранување на сите опасни неексплодирани бомби и друго оружје на тоа место“, им рече Трамп на новинарите на прес-конференција со Нетанјаху.„Ако е потребно, ќе го направиме тоа, ќе го земеме тој дел, ќе го развиеме, ќе создадеме илјадници и илјадници работни места и тоа ќе биде нешто со што целиот Блиски Исток може да биде многу горд“, додаде Трамп. „Гледам долгорочна сопственост и гледам дека тоа ќе донесе голема стабилност на тој дел од Блискиот Исток“, рече тој.Тој додаде дека разговарал со регионалните лидери и дека тие ја поддржуваат идејата. На прашањето кој ќе живее таму, Трамп рече дека тоа може да стане дом за „луѓето од светот“.Официјалниот претставник на Хамас, Сами Абу Зухри, изјавите на Доналд Трамп за преземање на Појасот Газа ги опиша како „смешни“ и „апсурдни“. Хамас додаде дека планот на Трамп за Газа е рецепт за хаос.Саудиска Арабија ја потврди својата позиција дека нема да воспостави врски со Израел без создавање на палестинска држава. Лидерите на Египет и Јордан цврсто ја отфрлија идејата за присилно преселување на Палестинците во нивните земји.Предлогот на Трамп за Газа уследи по френетичните први две недели на функцијата, во кои тој зборуваше за преземање на Гренланд од страна на САД, предупреди за можно преземање на Панамскиот канал и изјави дека Канада треба да биде 51-та американска држава.На оваа тема Индекс разговараше со надворешнополитичките аналитичари Влатко Цвртил и Денис Авдагиќ.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-01-21-at-17.56.02

Прекрасна победа на Доналд Трамп во надворешната политика: По 46 години, стапи на сила голема промена во Панамскиот канал

Американскиот Стејт департмент во средата објави дека бродовите на американската влада сега можат да минуваат низ Панамскиот канал без надомест.„Владата на Панама се согласи повеќе да не наплаќа такси од бродовите на американската влада за транзит низ Панамскиот канал“, се вели во објавата на Стејт департментот на X.Се вели дека договорот и заштедува на американската влада милиони долари секоја година.Управата на Панамскиот канал не одговори веднаш на барањето за коментар.Американскиот државен секретар Марко Рубио се состана со панамскиот претседател Хозе Раул Мулино во неделата за време на патувањето во Централна Америка.Американскиот претседател Доналд Трамп ја обвини централноамериканската земја дека наплаќа превисоки цени за користење на нејзиниот премин.„Ако не се почитуваат принципите, морални и правни, на овој великодушен гест на цесија, тогаш ќе бараме Панамскиот канал да ни биде вратен во целост и без прашање“, рече Трамп минатиот месец.Мулино ја отфрли заканата на Трамп дека САД повторно ќе ја преземат контролата врз каналот, кој во голема мера го изградија. Областа под управа на САД го опкружуваше преминот со децении.Но, САД и Панама потпишаа неколку договори во 1977 година кои го отворија патот за каналот да се врати под целосна панамска контрола. САД го предадоа во 1999 година по период на заедничка администрација. Американските бродови почнаа да плаќаат такса за минување низ Панамскиот канал на 1 октомври 1979 година, кога стапи на сила Договорот Торијос-Картер.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-02-03-at-22.31.48

„Не се откажуваме додека не те најдеме, премногу боли!“ - седум дека се трага по Миле, сечија помош е добредојдена!

Седум ден трае потрагата по неготинчанецот Миле Тодоров, од кого нема ниту трага ниту глас. Семејството, роднините и пријателите очајно бараат помош од секој што може да се приклучи на потрагата или има било каква информација. Тодоров е спортист, кој откако дал отказ на работа, мистериозно исчезнува. Најден е неговиот телефонски апарат, но и покрај целата потрага, него го нема.Полицијата, екипи на Противпожарната бригада во Неготино, пријатели и роднини, сите го бараат. Неговата сестра Марија Атанасиевиќ јавно кажа дека нема да се откажат од него се додека не го најдат.„Некогаш Господ нѐ става во тешки искушенија да види колку ќе издржиме. Ние, не се откажуваме. Ќе се бориме за тебе, се додека не те најдеме. Премногу фалиш и боли бидејќи и овој ден не си со нас. Ќе бидеме храбри и истрајни додека не те видиме“, напиша таа.Последен пат, Миле беше виден минатиот четврток, во 10:30 минути кај местото Марена, облечен во работничко одело, бело палто и црн елек. Доколку го забележите, пријавете во најблиската полициска станица.

Македонија | пред 1 година

danela1414141

Осум дена молк како бојкотирач на македонски маркети и чкртач на ликот на Сиљановска стана директор на Комунална хигиена

Осум дена молк од Град Скопје предводен од градоначалничката Данела Арсовска за именувањето на новиот в.д. директор на Комунална хигиена, кој чкрта македонски кандидати за претседатели, ги поддржува УЧК и ДУИ, бојкотира „Кам“ и „Стокомак“. Нема негова биографија, ниту критериум за избор, ниту пак информација за тоа, зошто по петти пат, Арсовска менува директор.На веб-страницата на „Комунална хигиена“ нема посебно соопштение за именување на нов вршител на дејноста директор. Таму само е направена една промена во делот „за нас“ односно во делот „директор“. Впишано е името на Рустеми. Детали за неговото образование, претходно работно искуство, како и вештини – нема.На 29 јануари, токму вакви прашања поставивме до Град Скопје, но досега, како и вообичаено. не добивме одговор. Па така, зошто е направена смената, што згреил претходниот в.д. директор Јетон Незири, но и дали е точно дека новиот в.д. директор е ангажиран преку агенција во август минатата година – останува „тајна“.На профилот на социјалната мрежа „Фејсбук“, Сабахудин Рустеми има само две информации за неговата едукација и работа. Тој ставил дека завршил факултет на ФОН. Втората информација е дека е директор на Комунална хигиена, но датумот е згрешен – па така, стои дека на функцијата бил назначен во 2018 година.Претходно исто така објавивме дека Рустеми доаѓа од Сарај. Куп од споделените објави му се за поддршка за Блерим Беџети, а бил и во кампот на ДУИ пред Уставниот суд, каде беа поставени шатори. Најмногу внимание привлекуваат неговите објави со пречкртаните лица на Стево Пендаровски и сегашната претседателка Гордана Сиљановска-Давкова, но и повикот за бојкот на двата маркети „Стокомак“ и „Кам“ од 2017 година.

Скопје | пред 1 година

boban-aleksov

(Видео) Еве како се заработуваат стотици илјади евра од „Идризово“ со измами: шема со вмешани полицајци, директори, командири

Преку организирана шема, затвореници од затворот „Идризово“ нашле како да заработуваат пари преку измами. Зад нив стоела цела логистика која функционирала надвор од установата. Па така, фирми останале без стотици илјади евра. Јавноста го памети лицето кое се преставуваше како Дејан по фирми и ги правеше измамите. Вистинското име на Дејан е Бобан Алексов, кој за првпат застана пред камерите на „Претрес“. Во шемата тврди дека се вмешани затворски полицајци, командири, директори. Посочи и имиња.Тој објасни дека пробувал да пријави и покажа разговори кои ги водел со началници во МВР, обвинители, политичари - но залудно. Пред камерите на „Претрес“ ја објасни целата шема, како функционирала, кој која улога ја имал.Деталите ексклузивно погледнете ги во поткастот:https://youtube.com/live/VfFR2Zm0ayM

Македонија | пред 1 година

apasiev-ustaven

Ќе треба да враќаме долг од 50 милиони евра и камати, по одлуката на Уставен суд; Апасиев: Слуги на олигархијата!

Од денес државата е должна нови 50 милиони евра кои вкупно 156 компании ги уплатија во Буџетот на име на Законот за солидарен данок кој Устаен суд го поништи. Уставниот суд донесе одлука за поништување на Законот за солидарен данок. По гласањето на судиите, претседателот на Уставен, Дарко Костадиновски, на прес-конференција појасни дека компаниите сега ќе можат во рок од пет години, доколку сметаат дека им биле повредени правата, да бараат да им бидат вратени парите.„Вакво ретроактивно дејство на закон е апсолутно недозволено. Правната сигурност на субјектите. Тие мора да имаат фундаментални принципи на владеењето на правото се правната предвидливо и правната сигурност. Субјектите во правото мора да знаат што ги чека. Не може во сред игра да им ги менуваш правилата за игра. Кога владее правото ти знаеш што те очекува. Дека оваа година на толку остварен профит толку данок ќе платам. Во услови на немилосрдна борба за привлекување на странски инвестиции каква порака се праќа до економските субјекти дека државата може по потреба и кога ќе и текне да воведе данок. Овој пат за солидарност, утре за нешто друго. Таа тежина на повредата и ретроактивното дејство беше клучно за одлуката да биде поништувачката“, објасни Костадиновски.Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, денеска остро го критикуваше Уставниот суд.„Уставниот суд, на веќе пресудена работа, спротивно на темелните вредности на Уставот, го укина единствениот добар закон донесен од минатата власт, а тоа е ДАНОКОТ НА СОЛИДАРНОСТ (со кој се даночеа екстрапрофитите на најбогатите компании кои не испокрадоа за време на Ковид кризата)! Со тоа, Уставниот суд (кој, патем речено, пресуди дека е уставно работниците да работат 72, наместо 40 часа неделно) по којзнае кој пат докажа дека нема никаква правна експертиза и е обичен СЛУГА НА ОЛИГАРХИЈАТА и на богатите, а против концептот на “социјална држава”, пишува Апасиев во коментарот.Стопанската комора ја поздрави денешната одлука на Уставниот суд да се поништи Законот за солидарен данок. Од Стопанската комора велат дека ќе разговараат со фирмите, од кои поголемиот дел се нивни членки, дали ќе бараат и камата на парите, на што имаат право.Законот за солидарен данок Собранието го донесе во септември 2023-та година, по скратена постапка, со европско знаменце. Стопанската Комора по еден месец од донесување на законот поднесе иницијатива за разгледување на неговата уставност.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања