Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Скопје1.мк

Grubi-1-1536x864-1-585x329-1

Каде е Груби: Тошковски го поздрави потегот на ДУИ

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски не сака да шпекулира околу информациите каде се наоѓа во моментов екс-вицепремиерот Артан Груби кој веќе една недела е во бегство. Според него, битно е дека е распишана меѓународна потерница по него.„Не би сакал да шпекулирам“, гласи одговорот на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.На прашањето од каде му се сознанијата на вицепремиерот Изет Меџити дека Груби се наоѓа во Албанија, првиот полицаец во државата синоќа во ТВ Сител изјави: „Во мојата надлежност, битно е дека кај (полицискиот) службеник кој што работи во граничната контрола и кој што сторил кардинална грешка при постапувањето и не постапил согласно стандардно-оперативни процедури е спроведена истрага и е констатирано дека нема постапено согласно закон. Суспендирано е лицето и поднесена е соодветна кривична пријава за несовесно работење во службата“.Министерот исто така додаде дека е добро што „ДУИ се огради од еден бегалец од правдата и тоа е поздравување“.Идентичен одговор како Тошковски вчера даде и премиерот Христијан Мицкоски дека има „различни се информации“ и дека не сака да шпекулира во врска со тврдењата на еден од неговите заменици во Владата.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-23-at-08.19.27

Сопругата на Асад побара развод: не сака да живее во Москва

Британската сопруга на соборениот сириски претседател Башар ал Асад, Асма ал Асад, поднесе барање за развод откако во Москва изрази незадоволство од својот живот, објавија вчера турските и арапските медиуми, додавајќи дека наводно сака да се пресели во Лондон.Асма се обрати до рускиот суд и побара посебна дозвола да ја напушти Москва. Нејзината апликација моментално ја оценуваат руските власти.Асма е двојна британско-сириска државјанка која е родена и израсната во Лондон, објави Би-Би-Си. Асма се преселила во Сирија во 2000 година и се омажила за Асад истата година, на 25-годишна возраст.Иако неговото барање за азил во Москва беше прифатено, Башар ал Асад, наводно, се уште е под строги ограничувања. Нему не му е дозволено да ја напушти Москва или да се занимава со какви било политички активности.Руските власти го замрзнаа и неговиот имот и пари. Неговиот имот вклучува 270 килограми злато, 2 милијарди долари и 18 станови во Москва.Братот на Башар ал Асад, Махер ал Асад, не добил азил во Русија и неговото барање сè уште се разгледува, јавуваат саудиските и турските медиуми. Махер и неговото семејство се во домашен притвор во Русија.Асад беше соборен на почетокот на декември за време на офанзивата на бунтовничките сили предводени од групата Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС). Иако ХТС е регистрирана како терористичка организација од страна на Соединетите држави, САД одлучија да ја укинат наградата од 10 милиони долари за главата на водачот на ХТС Абу Мохамад ал-Џолани.Семејството на Асад е на власт повеќе од 50 години во Сирија.

Свет | пред 1 година

f_35939773_1280

(Видео) Погледнете ја оваа култна фотографија од протестот во Белград: се огласи МВР на Србија

Неколку десетици илјади луѓе се собраа во Белград на голем протест против српскиот претседател Александар Вучиќ и неговата влада, чие цврсто владеење беше оспорено од неколкунеделните протести предводени од студентите, објави Асошиетед прес.Митингот на белградскиот плоштад Славија, еден од најголемите во последните години, го свикаа студентите и синдикатите на земјоделците. Ова е дел од поширокото социјално движење кое бара одговорност за уривањето на настрешница на железничката станица на северот од земјата на 1 ноември, во која загинаа 15 лица, објави АП, додавајќи дека помали протести се одржале и во Ниш и Крагуевац. Демонстрантите бараат Вучиќ и одговорните да бидат изведени пред лицето на правдата, додаде АП.https://x.com/miodrag_bebic/status/1870849242904035393?ref_src=twsrc%5Etfw#dmid=cbb77a21-e3c3-474c-b6c7-cd9dfa993be7На протестот се приклучија и популарните српски театарски и филмски актери, а актерот Бане Трифуновиќ денешниот собир го опиша како „фестивал на слободата“, пишуваат странските медиуми.Во својот извештај за протестите, француската агенција АФП пренесува дека српската влада е под притисок повеќе од седум недели поради протестите по трагедијата во Нови Сад.https://x.com/biljanicaaa/status/1870875384843219165?ref_src=twsrc%5Etfw#dmid=cbb77a21-e3c3-474c-b6c7-cd9dfa993be7Митингот во Белград, кој го организираа студенти, започна со 15-минутно молчење во чест на 15-те загинати, а меѓу присутните имаше земјоделци, актери и други граѓани од цела Србија.Демонстрантите ја окупираа Трг Славија и го блокираа речиси целиот центар на градот. Тие побараа оставка од премиерот Милош Вучевиќ и градоначалникот на Нови Сад поради несреќата, како и кривично гонење на одговорните.Српскиот претседател Александар Вучиќ во саботата изјави дека нема да попушти пред демонстрантите.Да потсетиме на ова, врз основа на достапните снимки и фотографии, Архивата на јавните собири утврди дека на протестот организиран од студентите во Славија се собрале меѓу 100.000 и 102.000 луѓе.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2024-12-21-at-08.51.52

Нови закани во Германија за злосторства на божиќен пазар

Полицијата во германскиот пристанишен град Бремерхавен синоќа уапси маж кој се заканувал на TikTok дека ќе изврши тешки злосторства на божиќниот пазар во градот.Веста доаѓа откако 50-годишен маж од Саудиска Арабија во петокот влетал со својот автомобил во толпата на божиќниот пазар во источниот германски град Магдебург, при што уби пет, меѓу кои и едно 9-годишно дете, а ранил 200.Криминалистите често предупредуваат на можноста за имитирање на вакво насилство по тешки кривични дела. Полицијата успеала „многу брзо“ да го идентификува осомничениот по објавувањето на видеото и привремено го приведе, велат тие.Властите не дадоа дополнителни детали за уапсениот или сериозноста на заканите, но рекоа дека нема опасност за јавноста.

Свет | пред 1 година

1734937524-ceb86c53-6e8e-45c6-b52a-3f25edb574d7-750x564-1

Авион се урна во шума во Мексико, најмалку седум загинати

Најмалку седум лица загинаа во падот на мал авион синоќа во шумска област во западната мексиканска држава Халиско.„Авион Цесна 207, кој леташе од Ла Парота, во соседната држава Мичоакан, имаше несреќа и падна во тешко пристапна област во источниот дел на Халиско“, напиша Цивилната заштита на платформата Х, објавувајќи фотографии од местото на несреќата.https://x.com/PCJalisco/status/1870986424436330893Несреќата се случила недалеку од Мазамитла, регионална туристичка дестинација, пишува France Presse, пренесува Index.hr.

Свет | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-42-7590PM

Пет уапсени во Штип: фатени се на лице место

На 21.12.2024 околу 15 часот полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода Љ.Д.(45), И.Д.(25), А.Д.(24), Т.Д.(22) и К.Д.(25), сите од Штип, затоа што нападнале полициски службеници при вршење на службени дејства.Претходно, полициските службеници се упатиле кон манастирот „Воскресение Христово“ во атар на Штип, каде била пријавена кражба и по преземените мерки и активности во врска со тој настан, се упатиле кон Штип. При тоа, кај местото викано „Елките“, забележале запрежно возило натоварено со бесправно исечени огревни дрва.При преземањето мерки и активности за расчистување на настанот, полициските службеници биле нападнати од Љ.Д.(45), И.Д.(25), А.Д.(24), Т.Д.(22) и К.Д.(25), кои употребиле и тврди и остри предмети. Еден полициски службеник испукал и предупредувачки истрел во воздух, по што лицата се лишени од слобода и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава. Двајца полициски службеници се здобиле со повреди.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-04-at-13.00.44

СДС наместо да продуцира со лаги за Тошковски, нека направи анализа зошто на анкетите губи 5 спрема 1, порача ВМРО-ДПМНЕ

„СДС наместо да се занимава со измислени теми за Панче Тошковски нека направи анализа зошто губи 5 спрема 1 на анкетите и зошто огромното мнозинство сметаат дека партијата нема никаков капацитет на промени“, порача ВМРО-ДПМНЕ и додава:Одговорот лежи во Венко Филипче, Зоран Заев, Димитар Ковачевски. Додека СДС ја занимава јавноста со измислени теми, тие не сфаќаат дека станаа гума за спасување на Артан Груби, Ахмети и ДУИ.Толку да се секираше за себе колку што се секира за ДУИ и Груби, можеби ќе одговореа зошто не се оградуваат од криминалот на Ковачевски во истиот случај за кој се сомничи и Артан Груби. Односно како може Груби да бил лопов според СДС, ама неговиот шеф во таа влада Ковачевски да е крив.Таквата лицемерна политика СДС ги носи на дното на сите анкети кои мерат рејтинг.

Македонија | пред 1 година

47d5c932-7279-45c3-aef4-8a9fdd962a25

Масар Омерагиќ избран за нов претседател на ФФМ

Масар Омерагиќ избран за нов претседател на ФФМ, одлучија делегатите. Тој е избран со акламација од сите делегати и доаѓа на местото од Муамед Сејдини кој се повлече од функцијата.Омерагиќ е поранешен фудбалер на Слога Југомагнат, Балкан, Вардар… освојувач на шампионски трофеи од домашното првенство, а долгогодишен стопанственик и фудбалски работник.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-21-at-11.42.42

Водата во Скопје е исправна за пиење по санирањето на дефектот, велат од Водовод

Секторот Санитарна контрола на ЈП Водовод и канализација Скопје на ден 22.12.2024 година изврши вонреден мониторинг на водоснабдителниот систем на градот Скопје кој беше во прекин со водоснабдување на 21.12.2024 година поради изведување на активности за санација, реконструкција и модернизација на градската водоводна мрежа.“Мониторингот опфати 9 (девет) клучни места и тоа во Автокоманда, Сингелиќ, Маџари, Ново Лисиче, Центар, Драчево, Пржино, Ѓорче Петров и Карпош од каде беа земени примероци од водата за пиење врз кои беше изведено физичко-хемиско и микробиолошко лабораториско тестирање.Покрај теренските мерења на рутинските параметри, тестирање беше изведено со стандардни методи и јонска хроматографија за физичко-хемиската анализа, како и со полимераза верижна реакција метода за микробиолошката анализа.Сакаме да ја информираме јавноста дека од добиените резултати сите примероци физичко-хемиски и микробиолошки ОДГОВАРААТ на Правилникот за барање за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ бр.183/18), со што констатиравме дека водата од водоснабдителниот систем на град Скопје е санитарно исправна и истата може од страна на граѓаните непречено да се користи”, велат од Водовод и канализација.

Скопје | пред 1 година

sdsm-novo-rakovodsvo

СДСМ: Груби да се соочи со законот, Тошковски со одговорноста

„Јалови се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да се оправда за бегството на Артан Груби кое е сработено по истото сценарио како и она летото на Блерим Рамадани. Повеќе од јасно е дека границата со Косово не е под контрола на МВР и Тошковски“, вели СДСМ и додава:Уште почудно е што токму полицајци поставени од Тошковски решиле да го пуштат Груби непречено да си оди. ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски сами си ги креираат сценаријата за сомнеж дека тие го пропуштиле Груби да си оди од државата наместо да се соочи со одговорност. Груби мора да биде итно спроведен пред лицето на правдата.Но, денес е нејасно како Тошковски може да биде толку неинформиран и МВР толку слаба институција под негово водство, кога Изет Меџити коалицискиот партнер на Мицкоски знае дека Груби е во Албанија, а Тошковски не? Го праша ли Тошковски Меџити од каде му се информациите? Тошковски веќе одамна е зрел за оставка, премногу скандали се случија без никаква политичка одговорност.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-22-at-10.39.48

Шест месеци голгота: Уште ја нема Злата, семејството во исчекување, разочарани од полицијата

Поминаа шест месеци од исчезнувањето на Злата Јанкова, која последен пат е видена во селото Орел, Свети Николе. Семејството посочува дека нема никакво сознание за правецот во кој се движи истрагата. Член на фамилијата посочува дека немаат ниту помош од полицијата. Тие посочуваат дека Злата немала кавги со семејството, живееле во слога и разбирање, а немала ниту здравствен проблем.„Оставени сами да се молиме на Господ да ни помогне да е жива и здрава да се појави од некаде или пак некој добро намерен човек да ни помогне. Шест долги месеци тага и болка исчекување да се случи нешто позитивно, до толку тешко што животот е бесмислен! Наспроти нас имаме изгубено член и столб на семејството , и секако полицијата која до петиот месеци си ги помина многу убаво сите продолжени викенди, државни празници и летни одмори“, пишува Дарко Јанков, член на семејството.Според него, првпат потрага по Злата се направија по пријава во Внатрешна контрола.„Добро се наспаа цели пет месеци за да се појави внатрешна контрола по моја иницијатива и на нивно барање на пет месеци за првпат организираа претрага на исчезнато лице, жално, болно, но вистинито“, додава тој.Целото негово сведоштво:[caption id="attachment_317849" align="alignnone" width="702"] Screenshot[/caption]

Македонија | пред 1 година

grubi-ahmeti-1

Ниедна лажна анкета нема да го покрие срамот на Владата и Тошковски со бегството на Груби, велат од СДСМ

„Ниту една лажна анкета нема да го покрие срамот на Владата на Мицкоски и Панче Тошковски со бегството на Груби“ вели СДСМ и додава:Косовската граница е решето, отворена за бегање на криминалци и терористи. Тошковски појма нема каде се наоѓа Груби и после сите скандали треба да се поднесе оставка.На Владата на Мицкоски навистина не ѝ оди добро, она што го ветуваше пред изборите не го испорача, скандали има секојдневно, институциите не функционираат, граѓаните осиромашуваат, цените растат, државата е заглавена и уназадува.Граѓаните тоа го гледаат секој ден и нарачаните анкети не може да им помогнат на Мицкоски и компанија.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-21-at-08.51.11

Ова е борецот против исламот кој со својот автомобил прегази луѓе во Германија

Бројот на загинати во нападот на божиќниот пазар во Магдебург се искачи на пет, а повеќе од 200 луѓе се повредени, од кои многу потешко, изјави во саботата во Магдебург премиерот на покраината Саксонија-Анхалт, Рајнер Хаселоф.Во петокот вечерта пристигна вест дека некој со автомобил влетал во луѓето на божиќниот пазар во тој град.Набрзо веста на агенцијата имаше неочекуван трагичен исход, бидејќи беше потврдено дека возачот во моќен црн теренец не застанал цели 400 метри.Германија е во шок, а Европа изразува сочувство.[caption id="attachment_317842" align="alignnone" width="514"] Screenshot[/caption]Нападот потсетува на 2016 година, кога возач влета со камион на божиќен пазар во Берлин, при што загинаа 13 лица, а повеќе од 50 беа повредени.Тоа беа различни времиња, период во кој заканата од терористичката група Исламска држава, која сè уште не беше победена, надвисна над Европа. Пет месеци претходно, напаѓачот со камион прегази толпа што го славеше францускиот национален ден во Ница - 86 лица загинаа, 434 луѓе беа ранети.Осомничениот, кој е во притвор, е лекар кој живее и работи во Бернбург, град јужно од Магдебург, рече премиерот Хаселоф. Тамара Зиешанг, министерка за внатрешни работи на Саксонија-Анхалт, вели дека осомничениот е по потекло од Саудиска Арабија, дека е во Германија од 2006 година и има постојан престој. Весникот „Билд“ објави дека напаѓачот најверојатно бил под дејство на дрога.„Ова е катастрофа за градот Магдебург, за сојузната држава и за Германија воопшто“, рече премиерот Хаселоф.Германскиот канцелар Олаф Шолц во саботата пристигна во Магдебург и рече дека Германија ќе мора да реагира на овој напад.„Прво треба да видиме што всушност се случило таму и кои мотиви довеле до тоа, а потоа ќе реагираме“, рече Шолц, додавајќи дека земјата сега мора „да остане заедно“ и дека омразата не смее да надвладее.[caption id="attachment_317843" align="alignnone" width="1112"] Screenshot[/caption]„Нема да ги толерираме оние кои сеат омраза, но ќе им се спротивставиме со сите расположливи средства за владеење на правото“, рече германската канцеларка.Ова страшно злосторство по сите свои надворешни карактеристики се вклопува во моделот на терористички напади, но досега познатите околности укажуваат дека сторителот не бил радикал, туку токму спротивното - тој бил активист кој предупредувал на криминалната политика на Саудиска Арабија.Германските медиуми јавуваат, повикувајќи се на истражните органи, дека се работи за психијатар кој се залагал за бегалците кои барале заштита во Германија од прогонот на режимот во Саудиска Арабија и дека бил познат како критичар на исламот.Медиумите пишуваат дека тој изразил сочувство за радикалната десничарска партија Алтернатива за Германија (АфД), позната по негативниот однос кон мигрантите. Алис Вајдел, кандидатката на АфД за канцелар, се запраша на Х: „Кога ќе престане ова лудило?“.https://x.com/CultureWar2020/status/1870211054774423940Насилникот ја обвини актуелната германска влада дека го толерира исламизмот. На социјалните мрежи тој се претставува како активист за човекови права и дел од движењето на отпорот против режимот во Саудиска Арабија. На платформата Х напиша дека „полицијата користи валкани тактики за да го уништи нашиот антиисламски активизам“.„Германија сака да ја исламизира Европа“, напиша тој еднаш.Во мај 2024 година, тој на англиски напиша на X: "Сериозно очекувам да умрам оваа година. Причината - ќе ја осигурам правдата - по секоја цена. А германските власти ги блокираат сите мирни патишта кои водат до правдата".Потоа спомна и „спроведување на операцијата“ на арапски.

Свет | пред 1 година

grubi-523

СДС наместо секој ден да прави аматерски сценарија и приказни за Груби да го повикаат да се соочи со правдата, бара ВМРО-ДПМНЕ

„СДС да и соопштат на јавноста со што толку многу се задолжија кај ДУИ и Груби што и покрај сите факти и докази се уште жестоко го бранат Груби“ бара ВМРО-ДПМНЕ и додава:.Врската помеѓу СДС и Груби не е ништо повеќе од класична шема на системски криминал во кој СДС и ДУИ ги искористиле државните институции и ги претвориле во механизам за заштита на соптвените криминали.И Дуи и СДС и сите знаат дека Лотарија била перална на пари, а Груби правел милионски криминал но молчеле за да не падне владата, молчеле за да опстане коалицијата и да продолжат со криминалот, корупцијата и тендерите во четири очи.СДС наместо како аматерски сценаристи секојдневно да смислуваат сценарија и приказни за Груби во кој не веруваат ниту малите деца да го повикаат на одговорност.Зоран Заев, Венко Филипче, и Димитар Ковачевски знаеле за криминалот на Груби но го толерирале и не го гонеле, за да купат ден повеќе, и да продолжат со криминалот на штета на граѓаните.После 7 години, позади плаштот на реториката која ја проектираа СДС-ДУИ како „гарант за реформи, прогрес и институционална правичност“ на површина излезе грубата вистина за СДС како свесни соучесници со ДУИ во најбруталниот грабеж на Македонија.Институционалниот хаос кој произлезе од СДС-ДУИ ја доведе Македонија до крајна точка на економска, правна и морална деградација.СДС поради политички конформизам не само што го амнестирале Груби туку и овозможиле континуитет на грабежот.СДС и ДУИ се партнери во криминалот.Груби како десна рака на Ахмети и втор човек во владата на СДС-ДУИ е симбол на аморален субјект толериран од СДС заради личен профит.Бегството на Груби е очајнички обид и признавање на вина за случувањата во Лотарија.Одговорност за целосниот колапс на системот мора да има.Време е за одговорност, работа и посветеност.Време е да се врати интегритетот на институциите, да се унапреди демократијата и завладее правото и правдата.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-59-1880PM

Студено време и покрај сонцето

Денешното неделно утро во Македонија донесе многу студено време, па така речиси насекаде температурите се спуштија под нулата, но времето засега насекаде е ведро и сончево, но полека од запад надоаѓа поголема облачност, која е знак на големата промена на времето која ја најавив и доаѓа веќе од утре (понеделник) уште од утринските часови.Најстудено утринава до 7 часот беше на Попова Шапка со измерена минимална температура од -8 степени. Од градовите пак најстудено во исто време беше во Крушево со измерени -6 степени, а највисока минимална температура утринава е измерена во Гевгелија, и тоа 3 степени.Во продолжение на табелата можете да ги погледнете и останатите минимални температури измерени утринава до 7 часот по градови и места во Македонија, и тоа на мерните станици на УХМР.Инаку снежната покривка утринава до 7 часот изнесуваше 32 сантиметри на Попова Шапка, 29 сантиметри во Маврово, и 5 сантиметри на Ѓуриште.

Македонија | пред 1 година

papa

Израел го обвинува папата за двојни стандарди по коментарите за бомбардирањето на децата во Газа

Израелското Министерство за надворешни работи го обвини папата Франциско за „двојни стандарди“ во саботата, откако тој ја осуди „суровоста“ на израелскиот напад врз Појасот Газа за кој палестински извори рекоа дека уби седум деца.„Коментарите на папата се особено разочарувачки бидејќи се одвоени од реалниот и фактичкиот контекст на израелската борба против џихадистичкиот тероризам“, се вели во соопштението на Министерството, додавајќи дека е неопходно „да се стави крај на двојните стандарди“ во однос на Израел.Папата Франциско во саботата повторно ги осуди израелските воздушни напади врз Газа.Френсис го отвори своето годишно божиќно обраќање до католичките кардинали кои ги водат одделенијата во Ватикан, осврнувајќи се на израелските воздушни напади во петокот во кои загинаа најмалку 25 Палестинци во Газа.„Вчера беа бомбардирани деца, Тоа е суровост. Тоа не е војна. Сакав да го кажам тоа затоа што допира до срцето“, рече Фрањо.Водачот на 1,4 милијарди католици обично е внимателен да зазема страна во конфликтите, но неодамна тој стана погласен во критиките за воената кампања на Израел против палестинската милитантна група Хамас.

Свет | пред 1 година

kucinja-kuce

Нема вина кај сопствениците чие куче усмрти дете во Пинтија, утврди истрагата

Затворена е постапката за сопствениците на кучето кое во април минатата година усмрти осум годишно дете. Обвинитествлтвото преземало низа дејствија за да утврди вина кај газдите, но, било утврдено дека тие не сториле никаква грешка при грижа за миленикот. Сега починатото дете, само се прекачило преку оградата и било нападнато.„Во однос на предметниот настан, кој беше грозоморен чин, се преземаа многу дејствија, инстантно. Беше извршена обдукција од што се утврдија причините за смртта на детето. Беа испитани вешти лица. Меѓутоа, од целовкупниот собран доказен матеирјал, се утвди дека најрпсосто кажано се рбаоти за несреќан настан, поради што.Беше донесена резолуција да се заврши постапката. Конкретното место на настанот беше обезбедено, куќата беше оградена, сопственикот ги имал преземено сите законски и подзаконски мерки – до знак за забранет влез. Детето кое загина ја има прескокнато оградата без надзор, иако имал укажување да не го прави тоа од претходно“, рече обвинителот кој го водел предметот.Детето беше однесено во безживотна состојба во болница, а обидите за реанимација беа неуспешни. Во моментот кога било примено немало срцева акција и не дишело.

пред 1 година

britanski-brod-crno-more

Драма над Црвеното Море: Американците по грешка соборија сопствен борбен авион, двајцата пилоти се катапултираа

Американската војска соопшти дека по грешка соборила еден од сопствените борбени авиони над Црвеното Море рано во неделата, принудувајќи ги двајцата пилоти да се катапултираат.Двајцата беа спасени, еден со полесни повреди, откако се истражува „очигледен пријателски инцидент со оган“, се вели во соопштението на американската Централна команда.Ловецот бил Ф/А-18 Хорнет кој летал од носачот на авиони Хари С. Труман. Еден од придружните бродови, крстосувачот со наведувана ракета Гетисбург, „испукал и го погодил“ леталото по грешка, се вели во соопштението.Црвеното Море веќе некое време е жариште на воени активности, додека американските сили се борат против милициите Хути поддржани од Иран во Јемен, кои извршија напади врз бродови во регионот.Американската војска објави дека во саботата пукала кон беспилотни летала и проектили на Хутите над Црвеното Море и дека ги нападнала командните и контролните пунктови и ракетните складишта во Сана.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2024-12-22-at-08.53.03

Шумски пожари беснеат во австралиската држава Викторија, властите наредија евакуација на неколку градови

Неконтролиран шумски пожар кој беснее во австралиската држава Викторија, кој предизвика евакуација на неколку стотици жители, ќе гори неколку дена, соопштија официјални лица.Наредбата за итна евакуација остана на сила поради пожарот во и околу националниот парк Грампианс, на околу 241 километар западно од главниот град Мелбурн, соопшти државната служба за итни случаи на Викторија на својата веб-страница.https://x.com/RenderNature/status/1870073313646784648„Има уште многу неизгорени материјали во Грампианс, така што тоа е вистински предизвик за деновите што следат“, изјави заменик-шефот на Државната противпожарна служба Гари Кук за австралиската радиодифузна корпорација, мислејќи на пожарот, кој сега зафати 34.000 хектари вегетација.Пожарот, кој беше предизвикан од гром во вторникот, ги натера властите во саботата да ги повикаат жителите во неколку рурални градови како што е Холс Гап да се евакуираат.Стотици пожарникари се бореа со шумскиот пожар, користејќи повеќе од 100 танкери и 25 авиони, објави ABC во саботата.Властите предупредија на ризична сезона на шумски пожари ова австралиско лето по неколку тивки сезони. Пожари на „Црното лето“ 2019-2020 година. уништија област со големина на Турција и убија 33 лица.

Свет | пред 1 година

Tramp

Трамп, лут на Панама поради високите цени за користење на Панамскиот канал, се заканува дека ќе ја одземе територијата

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ја обвини Панама дека наплатува високи цени за користење на Панамскиот канал и рече дека доколку Панама не управува со каналот на прифатлив начин, тој ќе бара американскиот сојузник да го предаде.Во вечерниот пост на Truth Social, Трамп исто така предупреди дека нема да дозволи каналот да падне во „погрешни раце“ и се чини дека предупредува на потенцијалното кинеско влијание врз преминот, пишувајќи дека каналот не треба да го управува Кина.Објавата беше исклучително редок пример на американски лидер кој рече дека може да принуди суверена земја да ја предаде територијата. Тоа, исто така, го нагласува очекуваниот пресврт во американската дипломатија за време на Трамп, кој историски не бегаше од заканите кон сојузниците и користењето воинствена реторика во односите со колегите.Соединетите држави во голема мера го изградија каналот и управуваа со територијата што го опкружува преминот со децении. Но, американската влада ја предаде целосната контрола на Панамскиот канал во 1999 година, по период на заедничка администрација.„Таксите што ги наплаќа Панама се смешни, особено знаејќи ја извонредната великодушност што САД и ја дадоа на Панама“, напиша Трамп во објавата на Truth Social.„Тоа не е дадено во корист на другите, туку само како знак на соработка со нас и со Панама. ни се врати во целост и без прашање“.Амбасадата на Панама во Вашингтон не одговори веднаш на барањето за коментар.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2024-12-21-at-09.36.32

Објавено е за што се товари напаѓачот кој со својот автомобил прегази луѓе во Магдебург, откриено е како се „пробил“ на божиќниот пазар

Германските власти го обвинија осомничениот за смртоносниот напад на божиќниот базар во градот Магдебург, во кој загинаа пет лица, а 200 беа повредени, за повеќекратни точки за убиство и обид за убиство, меѓу другите обвиненија, соопшти полицијата.Осомничениот, идентификуван само како Талеб А. според германските закони за приватност, се соочува со пет точки од обвинението за убиство, повеќекратни точки за обид за убиство и повеќе точки од обвинението за тешки телесни повреди и останува во притвор, соопшти полицијата.Мажот беше изведен пред судија во саботата вечерта.Се вели дека осомничениот ги користел лентите за итни случаи за да забрза низ божиќниот пазар во петокот, прегазувајќи луѓе со голема брзина.Убиени се четири жени на возраст од 45, 52, 67 и 75 години, како и едно деветгодишно момче.Нападот предизвика шок и тага не само во Германија, туку и во целиот свет.Инспекторите велат дека осомничениот делувал сам, бидејќи според нивните сознанија нема индиции дека има друг сторител.Магдебург е град со околу 237.000 жители во провинцијата Саксонија-Анхалт, на околу 150 километри западно од Берлин.Талеб А. е 50-годишен лекар од Саудиска Арабија, познат како исламски критичар.Се чини дека тој изрази антиисламски ставови и поддршка за екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (AfD) на социјалните мрежи, тврдејќи дека германските власти не прават доволно за да се борат против исламизмот.Откако претходно се залагаше за жените од Саудиска Арабија да избегаат од нивната земја, тој подоцна ги советуваше да не бараат азил во Германија, пишувајќи на својата веб-страница на англиски и арапски: „Мој совет: не барајте азил во Германија“.Мотивот сè уште не е доволно јасен за да се направи конечна проценка, но и покрај природата на нападот, нема индикации дека бил исламистички мотивиран, изјави висок претставник на органите на редот.Безбедносни извори од Саудиска Арабија рекоа дека ја предупредиле Германија за осомничениот напаѓач и побарале негова екстрадиција, но Германија не одговорила.

Свет | пред 1 година

grubi-kovacevski

Слободата на Груби е колективен договор на политичките елити спроведен од државниот апарат, вели Левица

„Зад завесите на театарот за бегството на Груби се крие колективен договор на политичките елити. Случајот станува заташкан помеѓу меѓусебните обвинувања на некогашните коалициски партнери на ДУИ, но оградувањето од одговорност, нема да ја врати довербата во институциите, туку напротив - таа рудиментира“, вели Левица и додава:Неисправни камери, заслабена гранична контрола, пропуст на контролниот полициски пункт, не се изговори на надлежните, туку алатки преку кои власта овозможила бегството да се реализира. Следејќи го развојот на настаните, сè поизвесно е како случајот се затвора на ниво на политички обвинувања каде со цел замачкување очи на јавноста, партиските послушници од последен ешалон, ги чека соочување со дисциплински мерки или симболична казна.Државните институции уште еднаш се покажаа како лојален соработник на криминалците од политичката елита. На случајот му предничеше најава од извршната власт. Дипломатската логистика служела како транспорт, полицијата била нем посматрач, граничниот премин функционирал со врзани очи, а потерница е распишана неколку дена по реализацијата на „бегството“. Наместо гонење, државните институции стимулираат организиран криминал.Левица бара одговорност за целиот случај, не само за граничарите и полициската контрола, туку и за политичката врхушка, којашто го организирала целиот случај!Дополнително, покрај распишаната потерница, инсистираме да се побара екстрадација за Груби до Косово, бидејќи тие не се земја - членка на Интерпол и за нив меѓународната потерница не е обврзувачка.Останувањето на уште еден криминалец на слобода, ќе значи дека законот важи само за обичниот човек, но не и за политичката елита.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-21-at-17.39.17

(Видео) Една смрт во Радишани и куп случајности?

Родители кои трагаат по вистината за починатиот син. Раде и Кети Лешко, родители на починатиот Љупчо Лешко трагаат по вистината. Го бараат виновникот. Синот им починал од струен удар, но обвинет нема. Тој пуштал музика на приватна забава каде се славеле два родендени. Се станало симптоматично штом почнале да бараат одговори...Дел од коментарите е и следниов: “Овие се процениле да го заташкаат случајот, само татково не го процениле”.Поткаст кој носи куп сомнежи и недоверба. Цел е достапен на јутуб:?t=480

Македонија | пред 1 година

309124235_645245063631682_7155430666224498010_n

Со што ги држи Груби СДС, зошто се заробеници на сопствената глупост?, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„И кога ќе сфатат дека сите ќе одговараат сакале тие или не“, прашува ВМРО-ДПМНЕ и додава:Зошто СДС се заробеници на сопствената глупост, корупција и зависност од ДУИ и не ја поздравуваат акцијата против Груби и бандите од подземјето, и со што толку ги држат и уценуваат истите, за да мора вака антидржавно да се однесуваат?И кога ќе се опoравите и ќе сфатите дека нема како до сега и сите ќе одговараат, критикувале и ги бранеле вие или не?

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-21-at-10.04.38

Мајка на ученик од Пречко: Ја видела својата другарка облеана во крв, сакаме обезбедување во училиштата

Мирела Бузов е мајка на девојче од петто одделение од основното училиште во Пречко, кое во ходникот ја видела својата другарка облеана во крв. Бара чувари во училиштата."Јас сум родител на дете од петто одделение. Таа случајно излегла во ходникот да си ја земе јакната и немала поим што се случува. Ја здогледала својата другарка на подот облеана во крв, мислела дека е црвена боја.кл но кога дојдоа двајца готвачи и ја зедоа таа сфати дека ситуацијата е сериозна на почетокот не им придаваше никаква важност на врисоците, бидејќи децата често викаат по ходниците, но набрзо сфати дека сите викаат за помош и дека нешто се случува таа веднаш истрча назад кон соблекувалната, каде што биле другите деца, каде потоа влегла чистачката и го известила тренерот, кој ги извел надвор.Малку подоцна, моето дете ми се јави. Таа ми кажа дека насилникот ја задавил нејзината наставничка Маријана, која четири години му била класен раководител. Имам само пофални зборови за тој учител. Јас и мојот сопруг плачевме цел ден. За никој од нас не е лесно. Ние сме тука за овие родители и целосно покрај нив.Синоќа и цел ден ги поминавме во шок. Моето дете го виде својот пријател облеан во крв. Тоа е хорор. Господине Томашевиќ, господине Милановиќ, министри, државо, ставете чувари во училиштата! Нашите деца нема да одат на училиште додека вие не ги ставите“, рече Бузов.

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања