Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-libraryj7aepf2s8g3s2apFxpV

Ненад Савески предложен за нов државен јавен обвинител, следи гласање во Собрание

На денешната владина седница, беше изгласан предлогот за нов државен јавен обвинител – Ненад Савески, дознава Скопје1.Следниот чекор е негово финално изгласување во Собранието на Република Северна Македонија, каде што за избор се потребни најмалку 61 глас.Ненад Савески ќе дојде на местото на Љупчо Коцевски, кој поднесе оставка во декември минатата година.Претходно за оваа позиција се пријавија пет кандидати, а Советот на јавни обвинители даде позитивно мислење за четворица од нив: Анита Тополова

Македонија | пред 8 месеци

media-librarypotefaq7esmn6CNlEAa

Коста: Досега има само еден победник во оваа војна – Русија

Единствениот победник досега во војната на Блискиот Исток е Русија, бидејќи конфликтот ги зголемува цените на нафтата и го одвлекува вниманието од нејзината агресија во Украина, изјави претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, објави „Ројтерс“.Досега има само еден победник во оваа војна – Русија“, рече Коста во говорот пред амбасадорите на ЕУ во Брисел.Русија добива нови средства за финансирање на својата војна против Украина, бидејќи цените на енергијата растат. Таа, исто така, има кори

Свет | пред 8 месеци

media-libraryl5r8ekvdotj1cSZCEQ4

150 патници евакуирани од Дубаи, меѓу нив 125 македонски државјани, утре нов лет од Ријад

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека со денешниот лет од Дубаи се евакуирани вкупно 150 патници, од кои 125 македонски државјани, 7 државјани на Србија, 11 државјани на Косово, 2 државјани на Босна и Херцеговина, 2 државјани на Албанија, 1 државјанин на Германија, 1 државјанин на Ерменија и 1 државјанин на Црна Гора.Во моментов во Обединетите Арапски Емирати остануваат околу 200 македонски државјани кои првично се пријавиле за евакуација, но според нивните изј

Македонија | пред 8 месеци

media-libraryo8c6sjcb2bi95vSZtEc

Собранието во четврток ќе одржи комеморативна седница за годишнината од трагедијата во Кочани

Собранието на Република Северна Македонија за 12 март 2026 година ја закажа својата 93. седница, која ќе има комеморативен карактер.Оваа пленарна седница, што ќе се одржи во салата „Македонија“, е посветена на одбележувањето на една година од трагичниот настан во Кочани.Како единствена точка на дневниот ред, комеморацијата претставува официјален чин на оддавање почит кон жртвите и сеќавање на настанот што ја потресе јавноста, со што законодавниот дом директно се вклучува во одбележувањето на ова

Македонија | пред 8 месеци

media-libraryk4n5bo3osioc7IKbkE6

Ќе се гради нова водоводна мрежа и ќе се реконструира улицата „Лисец“ во Горно Лисиче

Започнаа градежните активности за изградба на нова водоводна мрежа и реконструкција на улицата „Лисец“ во населбата Горно Лисиче, во општина Аеродром.„Со овој проект ќе се изгради целосно нова водоводна инфраструктура, ќе се постави тампонски слој и нов асфалт, со што трајно ќе се подобри водоснабдувањето и сообраќајната инфраструктура за жителите од овој дел на градот.Проектот е реализиран во соработка со општина Аеродром и ЈП „Водовод и канализација“, а неговата цел е решавање на долгогодишнит

Скопје | пред 8 месеци

media-library9ush5ii8evlk6x54Yk2

Царинската управа и Управниот суд воспоставуваат електронска размена на документи

Царинската управа и Управниот суд денес потпишаа Меморандум за соработка со кој се воспоставува дигитално поврзување меѓу двете институции и електронска размена на документи во рамки на управните спорови.Со потпишувањето на Меморандумот се овозможува поврзување на институциите преку софтверската платформа ЕПУС, преку која ќе се врши електронска достава и размена на судски акти и документи за управните спорови во кои Царинската управа се јавува како странка во постапка пред Управниот суд.Царинска

Македонија | пред 8 месеци

media-libraryt9nc6grbrcp43HhzNkx

Владата денеска избира нов државен јавен обвинител

Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека на денешната владина седница ќе биде утврдено името на новиот државен јавен обвинител. Предлогот потоа ќе биде доставен до Собранието на финално изгласување.„Денес ќе имаме владина седница и на таа владина седница ќе се дознае името на идниот јавен обвинител или обвинителка и ќе биде доставено до Парламентот“, изјави претседателот на Владата Христијан Мицкоски.Иако првично се пријавија петмина, Советот на јавни обвинители даде „зелено светло“ за четвориц

Македонија | пред 8 месеци

ohridsko-ezero

Од 17 март нов директен лет меѓу Охрид и Братислава

 Од 17 март Македонија и Словачка ќе се поврзат со нов директен лет меѓу Охрид и Братислава.Отворањето на директната авио-линија е уште еден чекор напред кон зајакнување на контактите меѓу нашите две држави, пред се во туризмот и во бизнисот. Веруваме дека тоа ќе придонесе за натамошно јакнење на соработката и пријателските односи меѓу Словачка и Северна Македонија, се наведува во објавата на Фексбук на Амбасадата на Словачка во земјава.Од Амбасадата посочуваат дека директната авио-линија отвора

Македонија | пред 8 месеци

semejno-nasilstvo

Двајца мажи од Охрид ја тепале снаата

Вчера во СВР Охрид е пријавено дека И.А. и Ј.А. во семејниот дом во Охрид агресивно се однесувале кон нивната снаа и физички ја напаѓале.Во соработка со Центарот за социјални работи од Охрид, по целосно документирање на настанот, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 8 месеци

media-library9pkshdkkqt4i5Rhg0VY

„Очекувам земјите членки да го осудат ваквото однесување на нашиот источен сосед“, Мицкоски со реакција за црниот печат на адвокатот Менкиноски

Адвокатот Тони Менкиноски, кој доби црн печат од граничната полиција за влез во Бугарија до 2036 година, го информирал Парламентот, Владата и Министерството за надворешни работи за да преземат соодветните чекори согласно нивниот мандат и овластување, бидејќи, како што рече, да се стави црн печат на адвокат не се случило ниту во Нинбершките процеси.На денешната прес-конференција, премиерот Хирстијан Мицкоски изјави дека е запознает со она што се случува и дека телефонски разговарал со Менкиноски.

Македонија | пред 8 месеци

media-library6iiu9u8kds4bbmdcfwh

Инфлацијата во февруари е 2,9% и е најниска во регионот, политиките даваат резултати, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека во моментот владата не гледа потреба од прогласување на кризна состојба. Тој додаде дека ги следи состојбите со инфлацијата и дека истата е под 3%.Во текот на вчерашниот ден Државниот завод за статистика ги објави трошоците за живот во февруари 2026. Инфлацијата се спушти под 3%, односно е 2,9% и е повторно најниска во регионот, ако се има предвид дека Грција е 3%, Бугарија е 3,5%, Косово во јануари, 5,8%, Хрватска 3,8, Словачка е 4%. Сите овие по

Македонија | пред 8 месеци

media-libraryjmnbmball8q5buFKWu1

Кузеска: Мицкоски лаже, многу, многу лаже!

Христијан Мицкоски лаже, многу лаже. Со лага дојде на власт. Со лаги владее. Ветуваше дека ќе го врати името, дека ќе го поништи Преспанскиот договор, дека никогаш нема изговори Северна.  Излажа. Мицкоски ги измами граѓаните, додека интензивно водеше црна кампања против СДСМ и против сите нас дека сме предавници, вели Боданка Кузеска – портпаролка на СДСМ„Не им кажа на граѓаните дека поништување на Преспанскиот договор ќе значи враќање на ПЈРМ и ФИРОМ, губење на членството во НАТО и загрозување

Македонија | пред 8 месеци

FFM

ФФМ до Шкендија: Барањето алиби за загубените бодови е веќе прочитано сценарио, слободно обратете се во УЕФА

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) експресно одговори на денешното соопштение на ФК Шкендија, нарекувајќи ги нивните обвинувања за судењето „добро познат метод за барање алиби“ по секој неуспех на теренот.ФК Шкендија денеска се јави со добро познатото соопштение, кога ќе се загубат бодови, виновни се судиите, федерацијата или тревата на теренот.Интересно е што токму оваа сезона во Прва МФЛ клубот од Тетово е статистички еден од најзаштитените, без практично ниту една сериозна судиска гре

Спорт | пред 8 месеци

benziska-guzva-goriva1

ДУИ бара активирање на резервите и намалување на давачките за нафтените деривати

Состојбата со снабдувањето и цените на нафтените деривати уште еднаш го покажа целосниот неуспех на владата да управува и да ги ублажи последиците од една криза која беше најавувана со недели. Ова не е изолиран случај. Ова е дел од низа неуспеси во начинот на кој оваа влада се справува со секоја кризна ситуација: многу пропаганда, многу прес-конференции за обвинување на други, а речиси никакви конкретни мерки за заштита на граѓаните, велат од ДУИ.„Од полноќ синоќа цената на дериватите е зголемен

Македонија | пред 8 месеци

dokumenti

Сопругот со кој се разведувала се обидел да подигне кредит без нејзина согласност

На 09.03.2026 во 17:30 часот во ОВР Гостивар, 31-годишна жена од Гостивар пријавила дека нејзиниот сопруг Ф.Л., со кого се во бракоразводна постапка, се обидел да подигне кредит одфинансиско друштво без нејзина согласност.Според пријавеното, таа била контактирана од финансиското друштво за да ја известат дека е одобрено барањето за кредит и дека нејзиниот сопруг бил во нивната експозитура.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 8 месеци

media-libraryccu8ujngcvjpbPTx5m8

Семејна драма во Гостивар: Агресивен татко кршел предмети и се заканувал на семејството

На 09.03.2026 во 19:57 часот во СВР Тетово, 21-годишник од гостиварко пријавил дека во семејниот дом, неговиот татко Г.А. агресивно се однесувал, кршел предмети и од членовите на семејството барал пари и им упатувал закани.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 8 месеци

ovci

Кражба на овци во Тетово, полицијата ги пронајде и ги врати на сопственикот

На 09.03.2026 во 10:00 часот во СВР Тетово, Џ.М.(35) од с.Горно Палчиште, тетовско, пријавил дека од неговото бачило противправно со товарно возило му биле одземени повеќе овци.По преземени мерки, полициски службеници ги пронашле одземените овци кои биле вратени на сопственикот.По целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 8 месеци

media-library3b651hlbrs9u6sf7rRv

44-годишна жена натепана од братот поради недоразбирање

На 10.03.2026 во 04:00 часот ОВР Гостивар, 44-годишна жена од гостиварко пријавила дека, поради претходно меѓусебно недоразбирање, нејзиниот брат физички ја нападнал.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 8 месеци

noz-ubistvo-napad

23-годишна жена го пријавила сопругот дека ја тепал и ја нападнал со нож

На 10.03.2026 во 00:55 часот во гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода А.Р.(21) од селото, постапувајќи по претходна пријава од неговата невенчана 23-годишна сопруга дека агресивно се однесувал и физички ја нападнал, при што употребил и остар предмет.По целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 8 месеци

media-libraryh2ad4tnfqttidy79UxG

Мицкоски: Македонија има најниска цена на дизел во регионот, очекуваме притисок, но имаме доволно количини

Премиерот Христијан Мицкоски, денес изјави дека македонските граѓани и економијата се обезбедени со доволно количини на нафта и нафтени деривати, и покрај притисокот од поскапувањето на горивата во соседните земји. Тој посочи дека цената на дизелот и бензинот во земјава останува меѓу најниските во регионот„ДПИ е континуиран на терен, нема прекини во снабдувањето. Но ако се има предвид, ако е кај нас, после нивелирањето на цената вчера од страна на регулаторна комисија за енергетика, дизел гориво

Македонија | пред 8 месеци

media-library475gvsp5fc55cwy12Sq

Лефков: Наместо извинување, СДС и Филипче и натаму лажат за темата мигранти во јавноста

Наместо извинување од страна на СДС и Филипче за невистините кои ги изнесоа во јавноста за наводни мигранти во Македонија, тие и понатаму продолжуваат да лажат, вели Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.„ПР-от на СДС и Филипче кој очигледно е дека не им оди од полза, треба под итно да го променат затоа што бродот на СДС тоне се повеќе и повеќе.Откако добија демант од британскиот амбасадор за наводни мигранти и мигрантски кампови во Македонија, СДС и натаму продолжува тврдоглаво со главата во ѕид,

Македонија | пред 8 месеци

skolo-4

Училиште во Кочани евакуирано по пријава за лажна бомба

Утринава во основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Кочани е примена закана за поставена експлозивна направа, која по извршените проверки од страна на полицијата е утврдено дека е лажна.Веднаш по добивањето на информацијата, учениците и вработените биле евакуирани од објектот според утврдените безбедносни протоколи.Заканата била испратена преку електронска пошта до Центарот за управување со кризи (ЦУК) во Штип.Службени лица на МВР веднаш излегле на терен и извршиле детален антитерористички п

Македонија | пред 8 месеци

media-libraryce0gohncb6qv4JBNWiQ

Македонските граѓани во Бахреин, Кувајт и Саудиска Арабија ќе се вратат во земјава со специјален лет на 11 март

Министерството за надворешни работи на Република Македонија информира дека на 11 март 2026 година е организиран специјален лет за македонските граѓани во Бахреин, Кувајт и Саудиска Арабија.Граѓаните од Бахреин ќе бидат транспортирани со автобус на Flynas од Манама до аеродромот King Khaled International Airport во Ријад, од каде ќе се вратат во Македонија.За македонските граѓани во Кувајт, превозот со автобус на Flynas од Кувајт ќе започне ноќта помеѓу 10 и 11 март, до аеродромот во Ријад, каде

Македонија | пред 8 месеци

media-librarymk4mf8eu8658605xhXM

Втора судска одлука за куќен притвор со електронска алка: повозрасно осудено лице ќе ја издржува казната дома

Управата за извршување на санкциите започна со примена на системот за електронски надзор, откако беше донесена втора судска одлука со која осудено лице ќе ја издржува казната во куќен притвор со електронска алка.Станува збор за лице кое веќе издржувало казна затвор во казнено-поправна установа, но со одлука на Основниот суд во Струга, преостанатиот дел од казната во траење од 11 месеци и 28 дена е заменет со куќен затвор со електронски надзор.На лицето му е поставена електронска алка на глуждот,

Македонија | пред 8 месеци

media-libraryv3k2v0a0ten67RqgUsz

Шукова бара оставка од Тошковски: Пропустите на МВР и центрите за социјална работа доведоа до трагедија

Претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Каја Шукова, во гостувањето во емисијата „24 анализа“ посочи дека институциите мора да понесат одговорност за пропустите во случаите на семејно и родово базирано насилство. Шукова истакна дека статистиките се загрижувачки и дека само во 2025 година се регистрирани повеќе од пет илјади пријави за насилство, без разлика дали станува збор за физичко или психичко насилство. Таа нагласи дека проблемот е долгогодишен и дека во најновиот трагичен случај, во к

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања